|
Болести на тироидата |
Внеси реплика | страница <123> |
Автор | ||||
zaneta2009
Нов член Регистриран: 14.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 11 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Zdravo konecno da najdam nesto i na makedonski forum vo vrska so stitnata zlezda.Jas ziveam momentalno vo germanija i pred sedum meseci imav operacija na stitna zlezda t.e imav cvorcinja koi trebase da se odstranat i poradi toa mi izvadija pola stitna zlezda.E od togas pijam tabletki L-thyrox 75mg i 100mg i tabletki za srce beta blokator za smiruvanje na tahikardija Bisoprolol5mg.Imav tolku poteskotii ovie sedum meseci kako vo horor film i nikoj ovde nisto ne mi objasnuvase tuku se sama nauciv za ovie bolesti na tiroidata.Primer kako da se zima lekot i koga, sto ne smee covek da jade koga ima hipo funkcija itn. I den denes mi se slucuva od cista mira da mi se slosi da mi lupa srce i pravev milion ispituvanja i sekoj pat pokazuva deka se e vo red so mene a ja sepak ne se custvuvam bas najdobro pa mi rekoa deka e na psihicka baza.Pa ja samata se prasuvam ako e na psihicka baza ke bide sekoj den a ne dve nedeli dobro pa naednas mi se losi.Bi sakala da zatrudnam no mi e strav da ne mi se desi nesto vo tekot na trudnokata sepak e toa period od devet meseci pa bi zamolila ako nekoj imal slicno iskustvo ili problem da raskaze kako go prebrodil problemot.Dali se mozni nekoi komplikacii ili ne vo trudnoka so hipo funkcija?
|
||||
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Гуша ( струма ) е зголемување на штитната жлезда поради нејзина хиперплазија во која учествуваат жлезденотот ткиво, сврзното ткиво и крвните жили. Зголемувањето е постепено и може да достигне огромни димензии. Ако е целосно тогаш е дифузна струма а ако е во вид на јазли ( нодули )тогаш е нодузна струма. Зголемувањето е поради недостиг на тироксинот што го лачи тироидната жлезда а е под влијание на хипофизата. Најчесто намаленото количество на тироксин е поради недоволното количество на јод во исхраната.
Лекувањето е оперативно освен во пубертетот кога струмата постепено се повлекува подоцна. |
||||
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
||||
scream4help
Група Регистриран: 27.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 66 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Od kako ima hipotiroizam kilazata mi e vo nagona linija postojano,namesto dobro utro prvo sto pravam sabajle ko ke stanam e tabletka eurotiroks od 75mg,Nikogas nemav stomak a sega i toj mi se pojavi kilaza plus kolku sakas .Edinstveni tableti koi pomagnale vo simnuvanje na kilogamite se Reductil ,i taka po preporaka na doktorkata gi nabaviv od Grcija ,zatoa stuka kaj nas gi nema.Upatstvoto za tabletite e na grcki i poradi toa ja odma pobarav pomos od internet ,vo taa potraga naletav na mnogu forumi i da navistina se simnuvale kilogramite no osven toa tabletite imaat i mnogu negativni nuspojavi megu koi i visok krven pritusok i vo retki slucai smrt..eee koga go procitav toa ,iako za ednomesecen tretaman so tie tabletki plativ 150 evra voopsto ne gi upotrebiv. |
||||
makvuk
Нов член Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 9 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Veke 2god imam problem so tireoideata.Vsusnost toa ne e problem ama treba da odam na redovni kontroli.Prvo imav dijagnoza STRUMA SIMPLEX(mislam deka tocno ja napisav)a toa znaci hormoni vo red,samo nodus na levata strana so golemina od 5mm.Narednata kontrola pak isto, samo sto napisaa dijagnoza "struma diffuza euterotika".Vo avgust2008 pak hormoni vo red i nodus ne promenet a dijagnoza STRUMA NODOZA.Dali ima nekoj so slicno iskustvo ili i vo toa sum edinstvena.(inaku me sledat veke 2god. za lupus i postojano imam nekoi granicni vrednosti,odnosno nedovolno visoki za da vospostavat dijagnoza SLE.)Dali toa sto cuvstvuvam malaksanost,tremor,zamor pri najlesna rabota ima vrska so jazolot na levata strana ili ne?Mislite li deka treba da odam na kontrola ili ne.Ne sum bila od avgust.Inaku odam na patofiza vo klinicki.
|
||||
makvuk
Нов член Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 9 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
aman be luge cekam veke 2 nedeli i nikoj nikade.kako nikj da nema so vakvo nesto.daj boze i da nema ama barem dali ste slusnale od nekoj drug vakvo nesto.
|
||||
lane62
Сениор Регистриран: 08.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 7583 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
odi na kontrola...samo kade ne znam....haos e so tie rezultati za tiroidata...bitola edni...skopje drugi...
|
||||
Daj više odmora jeziku nego rukama!
|
||||
scream4help
Група Регистриран: 27.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 66 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
OBAVEZNO NA KOTROLA ...!!!!!!!!!!!! OD AVGUST NE SI BILA ????PA ZOSTO TOLKU SI CEKALA DA ODIS NA KOTROLA? JAS ODAM KAJ DR.SHUBESKA NA ENDOKRINOLOGIJA ...POSETI JA ,DOKTORKATA ..MNOGU E LJUBEZNA I KE TI OBJASNI SE I SITE KONTRLOI KE TI GI NAPRAVI..POZDRAV PS:PRVO ZAKAZI PREGLED |
||||
makvuk
Нов член Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 9 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
napraviv analiza na TSH-0.98 iT4-1.1,pa bidejki se e ok,a mene nozete mi se oteceni kako na bumbar,maticnata me praka na endokrinologija,a ne na patofiza.
|
||||
vesnica 65
Нов член Регистриран: 06.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
scream4help ,
aj kazi za doktorkata povece nesto. A be jas se otepav piejci eutiroks 100(ne se debelam) cesto mi se losi, malaksanost, depresivna sum i anksiozna....ej puknav Jas odam kaj edna ,,druga ,,dr. ama ic gajle si nema.Ke pise dozata i me mavnuva.Za cas-dva dvaeset ne mavnuva od pred vrata. |
||||
Radmila Rada
Нов член Регистриран: 12.Декември.2013 Статус: Офлајн Поени: 38 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Може ли некој да ми кажи од искуство за бременост, т.е. забременување и пиење Еутирокс 50?
Јас тоа пијам секој ден а повеќе време се трудам да забременам...??? |
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Симптоми за лоша работа на штитната жлездаНајмалку 30 милиони Американци имаат пореметување на штитната жлезда. Штитната жлезда може да има драматично влијание врз бројните телесни функции. Ако сте жена над 35 години, можностите за пореметување на штитната жлезда, според некои проценки, се повисоки од 30 отсто. Според проценката на Американското здружение на клинички ендокринолози, најмалку 30 милиони Американци имаат пореметување на штитната жлезда, додека кај половина заболени состојбата не е дијагностицирана. Жените се за десет пати посклони кон проблеми со штитната жлезда. Хормоните што ги произведува оваа жлезда сместена под гркланот ги регулираат, помеѓу останатото, телесната температура, метаболизмот и работата на срцето. Работите можат да се влошат кога штитната жлезда работи премалку или премногу. Причини за лошата работа на штитната жлезда можат да бидат генетиката, бременоста, стресот, недостаток на хранливи материи, токсини во околината, но стручњаците се уште не се во потполност сигурни. Еве неколку симптоми кои упатуваат на тоа дека би требало да ја проверите работата на штитната жлезда: Чувството на исцрпеност може да биде поврзано со бројни состојби, но постои голема поврзаност со хипотиреозата, пореметување кое е резултат на создавањето на премалку хормони на штитната жлезда. Ако сте уморни веднаш штом се разбудите, дури и ако цела ноќ сте имале квалитетно спиење, тоа би можело да значи дека штитната жлезда не ви работи доволно добро. Чувството на тага и безволност може да бидат поврзани со симптомот на хипотиреоза. Хормонот на штитната жлезда може да има влијание врз нивото на „хормонот на среќата“, серотининот, во мозокот. Овие чувства можат да бидат поврзани со хипертиреозата, кога штитната жлезда произведува премногу хормони. Преплавен со хормони вашиот организам може да биде во петта брзина. Зголемениот апетит може да биде знак на хипертиреоза, затоа што заради премногу хормони можете постојано да имате чувство на глад. Од друга страна, забавената работа на штитната жлезда може да ви го смени впечатокот за вкусовите и мирисите на храната. Тоа може да биде причина од ненаспаност или стареење, но когнитивните функции можат да бидат на удар на лошата работа на штитната жлезда. Кога станува збор за премногу хормони, можете да имате потешкотии со концентрацијата, а кога станува збор за премалку хормони, можете да станете заборавни и да ви се јават „дупки“ во помнењето. Жените тоа честопати погрешно и го припишуват на менопаузата. Малку или ниту малку интерес за сексуален живот може да биде последица од пореметувањето на работата на штитната жлезда. Премалку хормони може да влијаат врз ниското либидо, но кумулативното влијание на другите симптоми на хипотиреозата – дебелеење, недостиг од енергија, болка во телото – исто така играат голема улога. Тоа чувство кое го имате можеби е последица од забрзано чукање на срцето. Можете да имате чувство како срцето да ви прескокнува или да ви чука пребрзо или пресилно. Тоа го чувствувате во градите или кога ќе ги допрете пулсирачките точки во грлото или вратот. Чукањето на срцето може да биде знак на хипертиреоза. Сувата кожа која се лупи може да биде знак на хипотиреоза. Промените во текстурата на кожата и изгледот поврзани се со забавен метаболизам, што може да го намали потењето. Кожата со недоволна влажност брзо станува сува, а ноктите стануваат кршливи и нерамни. Луѓето со хипотиреоза понекогаш се жалат на констипација. Од друга страна, претераното производство на хормони на штитната жлезда може да предизвика пролив или почеста столица. Подолги менструации со посилни болки можат да бидат знак на хипотиреоза. Скратен е периодот меѓу две менструации. Со хипертиреоза, крварењето е поблаго и трае пократко, а растојанието помеѓу две менструации е поголемо. Ако одненадеж имате чувство на трпнење или болки во рацете, нозете, стапалата или дланките, тоа би можело да биде знак на хипотиреоза. Со текот на времето, премалку хормони на штитната жлезда можат да ги оштетат нервите кои од мозокот и р’бетниот мозок праќаат сигнали низ телото. Резултат на ова се необјасниви прободувања и трнци. Ова исто така може да биде знак на пореметување на работата на штитната жлезда. Истото важи и за хипотиреоза и за хипертиреоза. Чувството на ладно е поврзано со хипотиреоза, а од друга страна пак, кај оние со хипертиреоза е обратен случај – понекогаш им е претопло и претерано се потат. Промените во гласот или чувството на кнедла во грлото се поврзани со пореметувањето на штитната жлезда. Добро погледнете го вратот за да видите дали имате некакви знаци за отекување на штитната жлезда. Гледајте си го грлото додека пиете вода и обидете се да забележите дали постојат некакви испакнатини во подрачјето на жлездата која се наоѓа под гркланот. Постојано ви се спие? Би можело да биде хипотиреоза бидејќи мрзливата штитна жлезда ги забавува телесните функции. Не можете да спиете? Би можела да биде хипертиреоза. Претераната работа на штитната жлезда предизвикува тескоба и го забрзува пулсот, заради што тешко спиете. Сувата, кршлива коса може да биде знак на хипотиреоза. Премалку хормони го попречуваат циклусот на растење на влакната што може да предизвика губење на влакната по целото тело. Премногу активната жлезда исто така лоши влијае вез влакнетоста, но само на косата. Ако подолго време безуспешно се обидувате да добиете дете, за тоа би можела да биде причина претерано или премалку активната штитна жлезда. И двете состојби влијаат врз овулацијата. Високо ниво на лош холестерол кое не реагира на исхрана, вежбање или лекови, поврзано е со хипотиреоза. Нелекуваната хипотиреоза може да доведе до срцеви проблеми, вклучувајќи проширено срце и срцев удар. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
KaterinaAN
Нов член Регистриран: 04.Декември.2014 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Zdravo, nova sum ovde.imam prasanje za tiroida.svekrvami so odini ima problem so nea am neshto glumi i ne odi da se lechi.e denes ja ubediv konechno i beshe na doktor.ke go pisham rezultatot pa koj e struchen neka mi objasni.jas kolku shto svativ mislam deka treba operacija.Eve:izoehogena.na desen lobus se detektira 1 hipoehogen nodus 5mm.na leviot lobus 1 nehomogen jazol 20mm.1 nehomogen nodus 7mm i 1 hipoehogen nodus 9mm. Blagodaram
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Неправилна функција на тироидната жлезда Доколку штитната жлезда работи премногу, произведува премногу хормони кои можат да имаат сериозно дејство на организмот. Кога штитната жлезда не работи правилно, тоа предизвикува чести промени на расположението, но се јавуваат и други симптоми. За многу од овие промени, жените би помислиле дека се само знаци на настинка или замор, и потоа би продолжиле со домашните активности. Меѓутоа, овие знаци може да бидат предупредување дека боледувате од болест која ни малку не е безопасна. Штитната жлезда се наоѓа на предната страна на вратот и има облик на пеперутка. Доколку таа работи премногу, произведува премногу хормони кои можат да имаат сериозно дејство на организмот. Но, доколку работи премногу бавно, тоа исто така не е добро. Еве некои знаци кои може да укажат на неправилна работа на штитната жлезда: - Постојано сте лошо расположени
|
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Внеси реплика | страница <123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |