IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Психопатско нарушување
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Психопатско нарушување

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Психопатско нарушување
    Испратена: 21.Март.2016 во 20:10
Скриени зад многу маски,психопатите демнат зад секој агол.
Лесно може да Ви се вгнездат во Вашиот живот,без да сте свесни за потенцијалните опасности!

5-те најизразени карактеристики на психопатите од реалниот живот


    Верувале или не, веројатноста дека веќе сте запознале психопат во својот живот е огромна. Иако во филмовите сите се претставени како сериски убијци, во реалниот живот не е така. Но, сите оние останати карактеристики се тука. Тие се фини, љубезни и прават да се чувствувате убаво и сигурно. И тоа што не го гледате е дека сè е манипулација на неверојатно високо ниво.

(3)-5-najizrazeni-krakteristiki-na-psihopatite-od-realniot-zhivot-kafepauza

Истражувања покажуваат дека 1% од светската популација се психопати или потенцијални психопати и тоа поголемиот дел од нив се мажи. Иако звучи како болест, сепак станува збор за антисоцијално нарушување на личноста предизвикано од различни фактори. Неверојатно е тешко да забележите дека си имате работа со психопат, но можеби следниве 5 изразени показатели ќе ви помогнат во тоа.

1. Тие лесно шармираат

Никој нема да направи да се чувствувате добро и убаво како што тоа може да го направи психопатот. Тој ќе ве шармира и придобие, ќе ве насмее и ќе биде добар и фин. Сето ова прави да е скоро невозможно да забележите дали е некој психопат или не. Без разлика на фактот што немаат никакви чувства, способни се да ја стават на себе маската на харизмата и да ја придобијат секоја личност во собата.

2. Тие не се каат за ништо

Не само што нема да се покаат за ништо, туку веројатноста е дека после тоа што го направиле некому да следи и коментар од типот на „го заслужи тоа”. Тие се способни да навредат, повредат, манипулираат, излажат и намамат секого, притоа не чувствувајќи ни трошка вина или жал. Ова е еден од највпечатливите показатели дека си имате работа со психопат, иако ништо друго не укажува на тоа.

(1)-5-najizrazeni-krakteristiki-na-psihopatite-od-realniot-zhivot-kafepauza.mk

3. Тие се арогантни

Психопатите имаат зголемено чувство на важност. Исто како и нарцистите, тие сметаат дека вообичаените правила не важат и за нив. Тие исто така имаат и огромни идеи за нивниот потенцијал. Едноставно веруваат дека заслужуваат да имаат повисоки работни позиции од останатите или пак, убедени се дека најдобри во сè што прават.

4. Ги привлекуваат ризични ситуации

Што е повозбудливо и попривлечно за психопат од премногу ризична ситуација? Одговорот е ништо. Преземањето ризици им дава чувство на живост, а кога притоа навлекуваат со себе уште некој кого вешто ќе го манипулираат, тогаш возбудата им е уште поголема. Психопатите не се грижат ни за својата, ниту за туѓата безбедност. Тие се хранат од другите луѓе, лажејќи, манипулирајќи, крадејќи. Фактот дека се премногу интелигентни им овозможува доста добро да ги испланираат своите постапки, но притоа воопшто не грижејќи за останатите луѓе околу нив.

5. Тие се природни манипулатори

Дефинитивно најсилната, но истовремено и најскриената карактеристика на психопатите е тоа што тие се способни да манипулираат со вас без вие воопшто да сте свесни за тоа. Тие самите немаат типични чувства, но токму затоа се неверојатно способни да ги прочитаат останатите во само неколку минути и истовремено да го приспособат своето однесување на нивното, притоа целосно играјќи само за своја корист. Она што вас ви делува како грижлива личност е всушност некој кој само си поигрува со вас.




Изменето од Valerija - 21.Март.2016 во 20:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2016 во 21:03

Знаци кои упатуваат дека сте во врска со психопат


Жените често не знаат да разграничат дали се со опсесивен љубовник или со нормално момче. Кога сте во врска со психопат, тоа не е измачување само за вас туку и за оние околу вас. Еве некои знаци на кои треба да обрнете внимание…

2-znaci-koi-upatuvaat-deka-ste-vo-vrska-so-psihopat-kafepauza.mk

Недостаток на емпатија

Ако вашето момче упорно не покажува никакви емоции освен опсесивност, бидете внимателни. Недостатокот на тоа основно чувство на емпатија е еден од знаците дека сте во врска со психопат.

Нема совест

Личност без совест може да предизвика силно чувство на непријатност. Дали прави погрешни работи поради кои не чувствува никаква вина? Секој од нас би требало да чувствува грижа на совест кога ќе погреши, а ако тоа не е случај со личноста со која се гледате, време е уште во истава секунда да излезете од таа врска.

Тој е баш како вас

Психопатот ќе се обиде да ве увери дека сте сродни души. Тој сака сè што вие сакате и има исти интереси како вашите. Ако сте имале тешко детство, тој тоа ќе го разбере. Ако постои некоја книга која ја обожавате, тој ќе се погрижи и самиот да ја засака. Тоа што тој го прави се нарекува пресликување. Тој нема идентитет, па се угледува на вас и се однесува идентично како вас.

Болести и повреди

Психопатите апсолутно сакаат да ги сожалувате, па обрнете внимание на неговите болести и повреди. Дали чудесно се изборил со ракот кој може да се врати во секој момент? Дали ја истегнал ногата, па мора да остане дома вечерта? Дали ја изгубил својата прва жена во сообраќајна несреќа? Најдобро проверете ги неговите приказни.

1-znaci-koi-upatuvaat-deka-ste-vo-vrska-so-psihopat-kafepauza.mk

Пукнатини во маската

Психопатите понекогаш ќе кажат нешто чудно за себе. На пример, правите вечера, а тој наеднаш ви вели: „Знаеш, јас сум луд. Или: „Ја те изневерувам.“ Потоа ќе негира дека го кажал тоа или ќе тврди дека се шегувал. Тој сака да ве исфрли од рамнотежа, но така несвесно ја трга и својата маска.

Упорно лаже

Познато е дека за да функционира врската неопходно е да бидете искрени еден кон друг. Но, кога вашиот партнер ќе почне да ве лаже скоро секој ден, мора да подразмислите и да видите што е проблемот. Психопатите се познати по тоа што лажат без трошка грижа на совест и често живеат двоен живот.

Казнување со тишина

Откако ве бомбардирал со љубов и идеализирања, и вие успешно сте се закачиле за него, почнуваат да стивнуваат работите. Првиот знак е обично молчењето. Психопатите се познати по тоа што исчезнуваат на неколку дена. Вам ќе ве излуди неговото исчезнување и молчење. Меѓутоа во реалноста, тој само се занимава со својата нова мета.

Садистичка смисла за хумор

На ова задолжително мора да обрнете внимание. Дали му е задоволство или смешно во ситуациите во кои инаку други луѓе би биле згрозени? Ако на вашето момче му е смешно да тепа животни или му се смешни луѓе кои се повредени, тогаш сигурно сте во врска со психопат.

3-znaci-koi-upatuvaat-deka-ste-vo-vrska-so-psihopat-kafepauza.mk

Одличен секс

Секој сака добар секс, но оние кои биле со психопати често велат дека тоа било најдобрата работа која некогаш ја доживеале. Психопатот сака да ви угоди. Тоа е само уште една тактика за да ве закачи за себе. Откако ќе ве добие, ќе го молите за секс, бидејќи тој наеднаш нема веќе да сака да го прави тоа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2016 во 21:05

ДВА ЧЕКОРИ КАКО ДА ЗАБЕЛЕЖИТЕ ПСИХОПАТ

 

психопат1

 

Повеќето луѓе сметаат дека психопатите (социопатите) може тешко да се распознаат. Дури и психолозите веќе подолго време водат долга расправа за тоа кои и какви луѓе се тие.


Некои од нив сметаат дека социопатите и психопатите имаат две заеднички карактеристики: едната страна на психопатијата се врти околу бестрашната доминација, додека другата страна е егоцентричноста и импулсивноста.

Кога една личност ги поседува овие две карактеристики, тогаш може да се нарече психопат.

1. Бестрашна доминација

Бестрашната доминација е „покорисната“ половина на психопатот.

Со тоа што има бестрашна доминација, психопатот не чувствува вознемиреност и не се плаши од никого и од ништо.

Психопатите понекогаш знаат да бидат шармантни и храбри и не се грижат што другите луѓе мислат за нив, освен ако треба да манипулираат со тие перцепции.

Луѓето кои имаат бестрашна доминација не се „луди“: тие имаат тенденција да се навистина дружељубиви и воопшто да не се невротични.

Кај нив постои дури и херојски елемент. Некои докази покажуваат дека оние кои имаат висока бестрашна доминација се склони кон „поставување на мир“.

Може како последица на тоа, ваквите психопати може да имаат доминантна професија како што е претседател.

2. Егоцентрична импулсивност

Потемната страна на психопатот е тоа што тие тешко можат да ја контролираат сопствената импулсивност.

Доколку тие сакаат нешто, тие одат напред и прават сè за да го добија; не постои страв или вознемиреност која би ги држела назад.

Психопатите постојано преземаат ризици, без оглед на последиците. Тие исто така се многу манипулативни и голема е веројатноста да имаат промискуитетни сексуални односи и да извршат злосторства.

Тие се бунтовни егоисти и автоматски ги обвинуваат другите за сопствените грешки, што значи дека ретко учат од тие грешки.

Истражувањата покажуваат дека егоцентричната импулсивност е највисока во адолесенцијата, а потоа се намалува со созревањето.

Оваа страна на психопатијата со себе носи огромен ризик од депресија и самоубиство.

Како да забележите психопат

Психопатијата не е „да“ или „не“ одлука; таа постои како и другите особини на личноста. Меѓутоа некои комбинации на овие елементи, како што е бестрашната доминација и егоцентричната импулсивност го прават еден човек психопат.

Изменето од Valerija - 21.Март.2016 во 21:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2016 во 21:07

Со едно прашање проверете дали имате ум на психопат


Сакате ли на едноставен начин да дознаете дали имате ум на криминалец, поточно на психопат? Одговорете на едно прашање и ќе ја дознаете вистината!

Иако психопатите најчесто се замислуваат како убијци, канадските психолози тврдат дека тие можат да бидат помеѓу вашите пријатели и колеги.



Криминалистичкиот психолог и професор од канадскиот Универзитет Британска Колумбија, Роберт Д. Хејрс, напоменува дека психопатите се луѓе на кои им недостасува каење и емпатија. Тоа значи дека на нив им е сеедно дали сте живи или сте мртви.

Томку од тие причини, американските психолози направиле тест кој може да утврди дали едно лице има менталитет на сериски убиец, а бројните убијци точно одговориле на прашањето кое ние ќе ви го поставиме во продолжение.

Би се осмелиле ли?

Прочитајте ја случката и одговорете искрено.

На погребот на нејзината мајка, една млада жена меѓу присутните видела маж кој никогаш го немала видено претходно. Првото нешто што и’ паднало на памет било дека тој изгледа фантастично, баш како да излегол од нејзините соништа. Почувствувала дека тој бил човекот на нејзиниот живот и за миг се заљубила во него, но не успеала да му пријде и да го земе неговиот број. За него не можела да дознае ништо. Неколку дена подоцна, истата жена ја убила нејзината сестра.

Каков мотив имала оваа жена за да ја убие нејзината сестра?



ОдговорЗаљубената жена се надевала дека истиот човек повторно ќе се појави на погребот.

Доколку вака одговоривте на ова прашање, вие размислувате слично како психопат. Сепак, тоа не треба воопшто да ве загрижува бидејќи за таквата тешко нарушена душевна состојба потребно е да се исполнуваат многу повеќе критериуми.

Веројартно само имате способност за логика со која можете да навлезете во нивниот начин на размислување, што не е недостаток, туку предност. Важно е како се чувствувате за постапката на имагинативната жена, која секако треба да ви биде крајно неприфатлива.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2016 во 21:09

Дали сте во врска со психопат?

Сте сретнале маж кој е премногу добар: шармантен е, полн со самодоверба и имате многу заедничко, и едноставно мислите дека сонувате...Но, набрзо заклучувате дека „не е злато се што свети“.

 

Симптомите на психопатологијата во одредена личност многу долго се кријат. Во суштина, таквите личности се многу себични. Животот за нив е игра и единствено им е важно во секоја ситуација тие да бидат победници.

Иако психопатите обично ги поврзуваме со криминал, тие воопшто не мора да бидат од другата страна на законот.

Всушност, 1 до 3 отсто од популацијата барем еднаш во животот покажува симптоми на психопатологија. Значи, ако имате 100 пријатели на Фејсбук, големи се шансите еден од нив да е психопат.

Меѓутоа, ако сте со еден од таквите во врска, можете да имате многу проблеми. Љубовта е слепа и вие долго нема да можете да проникнете под нивната внимателно направена маска на совршен партнер.

Од перспектива на психопатите, партнерот претставува одреден вид на регуларен соработник – му пружи секс и друштво ако некогаш му е потребно и врши одредени работи наместо него.

Психопатот може да ви изјави љубов во еден, а да ви се заканува со раскинување веќе во наредниот момент, и тоа се додека вашата самодоверба не биде на толку ниско ниво, што повеќе нема да се трудите да го оставите.

Ќе го нема по неколку денови, ќе ви ги краде парите од паричникот, ќе ве изневерува, но секогаш ќе ви вели дека претерувате ако му укажете на тоа. Дури ќе ја префрли вината на вас, за вие него да му се извините.

Има ли излез од врската со таков човек?

Морате да прифатите дека психопатот не можете да го промените и дека тој никогаш нема да биде во состојба да ве сака. Ако одлучите да го оставите, опкружете се со пријатели и водете сметка со него да не стапувате во никаков контакт.

Во моментот на прекинувањето на врската, бидете смирени и говорете со пријатен, низок тоналитет. Не дозволувајте психопатот да ви го вметне во главата своето видување на настаните, ниту да ве наговори да останете заедно, а сигурно тоа ќе се обиде.

Доколку не можете да заминете веднаш, погрижете се да имате одделна банкарска сметка и побарајте правна помош.

Практикувајте ја самодовербата. Ако сфати дека не сте слаби, вашиот партнер ќе ви направи услуга и ќе ве остави. Тие не сакаат силни личности над кои не можат да воспостават контрола.

Доколку вие не го оставите, подоцна ќе ве остави тој вас, но со многу помалку љубезност и со многу поголеми проблеми.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2016 во 16:53

Знаци кои укажуваат на тоа дека работите со психопат


Како што најверојатно ви е познато, психопати има повеќе отколку што можеби мислите, а повеќето од нив тешко може да се забележат од првите неколку средби. 

Сепак, сите тие споделуваат некои одредени заеднички однесувања, тврди експертот Лилиан Глес, која долги низа години соработувала со ФБИ, помагајќи им во откривањето на лажговците и сигналите кои упатуваат на измама.

Неодамна ја напиша книгата „Говорот на телото на лажливецот“. Бизнис инсајдер издвои дел од начините на кои ќе го препознаете психопатот колега, соработник или шеф.

Секогаш во говорот користат минато време

Истражувачите откриле дека психопатите многу почесто користат минато време од сегашно, што е јасен показател дека не се присутни во сегашноста, тврди Глес.

Изјавите често им содржат причина и последица

Со оглед на тоа дека психопатите сметаат дека сè на светот, вклучувајќи ги и другите луѓе, се нешто што им припаѓа ним, истражувачите на Јуниверзити Бритиш Колумбиа откриле дека тие многу почесто од обичните луѓе ги употребуваат фразите „затоа што“, „така што“. Така ги рационализираат своите постапки со сопствената логика.

Често зборуваат за своите потреби

Бидејќи ретко некој друг ги преокупира, многу зборуваат за сопствените основни потреби, како што се храната, живеалиштето, облеката. А кога зборуваат за тие работи најчесто употребуваат двојно повеќе зборови отколку вообичаено или соговорникот го затрупуваат со голема количина информации.

Не преземаат одговорност или вина

Психопатите најчесто мислат дека тие се жртвите, што доаѓа од тоа што имаат чувство дека тие имаат право на сè и во сè.

- Психопатите за себе зборуваат со фалење и ги обвинуваат другите, непревземајќи ја одговорноста за своите дела, пишува Глес.

Често се противречни

Контрадикцијата може да се случи дури и во рамките на една единствена реченица.

- Психопатот ќе лаже или ќе ја одбегнува информацијата кога ќе ги прашате нешто, но би можело да ви ја каже вистината ако малку го преформулирате прашањето. Истражувачите откриле дека тоа има врска со посебниот начин на кој нивниот мозок е вмрежен, тврди Глес.

Многу лошо им оди плачењето

Кога психопатите плачат, многу често ќе ги бришат солзите под едното па под другото око, во правилни интервали. Глес пишува: - Кога луѓето искрено плачат, плачат наеднаш од двете очи. И затоа ги бришат паралелно.



Говорот на телото не им е во сооднос со она што го зборуваат

Глес тврди дека психопатите често зборуваат едно, додека нивниот говор на телото укажува на спротивното. На пример, додека го изговара зборот „не“, психопатот потврдно ќе кимнува со главата или обратно

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2016 во 16:56

Психопати демнат на социјалните мрежи: убиството на 13-годишната Никол Ловел било планирано три недели

Детективите кои ја истражуваат смртта на ученичката Никол Ловел веруваат дека нејзиното убиство можеби било планирано три недели однапред. Тринаесетгодишното девојче исчезнало на 27. јануари, и според полицијата, истиот тој ден била избодена со нож и починала. Отпрвин бил обвинет Дејвид Ајзенхауер, студент на Вирџиниа Тек, но потоа биле покренати обвиненија и против негов колега од Вирџинија Тек, кој живеел во студентска населба во близина кадешто се случило злсторството. Како соучесничка во делото се наведува и извесна Натали Киперс, којашто помогнала да се отстрани телото.

Nicole Lovell

Никол исчезнала откако ја блокирала врата од својата соба и избегала преку прозорецот на семејната куќа во Блексбург, САД. Пребарувајќи ја нејзината активност на интернет, детективите дознале дека тие се запознале со Ајзенхауер преку социјалната мрежа Кик, особено популарна меѓу тинејџерите, и токму поради тоа особено популарна помеѓу манијаците.

kk03 kk04

Досега се забележани повеќе случаи на злоставување, киднапирање и убиства при што жртвите се запознале со насилниците токму преку оваа мрежа. Наивните адолесценти најчесто се осамени деца на возраст од 12-15 години, кои се лесен плен повозрасните предатори.

kk06 kk07

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2016 во 20:24

Видови психопатија

Нормалниот човек е способен со својот разум и волја да диригира со своите нагони, да ги усмерува кон одредени цели почитувајќи ги прописите и нормите кои се наметнати. Душевно болен човек не е во состојба да ја сфати важноста на постоечките норми, ниту пак, може да ја согледа штетноста во своите или туѓи постапки. Психопатската личност, пак, често ги крши овие прописи и не се труди своите потреби да ги усогласи со интересите на својата заедница.

Видови психопатија

Погледнете ги видовите на психопатија кои можат да се појават:

Шизоидна психопатија – оваа група ги опфаќа сите особености во структурата на личноста кои се јавуваат и кај шизофрената психоза. Основните одлики на оваа структура на личност се: емоционална тапост, неосетливост или претерана сензитивност, недоверливост, склоност кон параноидна интерпретација, затвореност, слаба комуникација со средината, непотребна внимателност, себичност и слично.

Циклоидна психопатија – по своите доминантни симптоми оваа група е слична на манично-депресивната психоза, со тоа што нејзините симптоми се значајно поинтензивни. Исто како што манично-депресивната психоза може да се јави во разновидни фаза, манична или депресивна, кои можат да се менуваат, така и циклоидните психопати можат да покажуваат варијации во своето расположение, почнувајќи од хипоманија, па се до благо депресивна фаза, или пак, можат целиот свој живот да покажуваат симптоми на една од овие две фази.

Епилептоидна психопатија – карактеристиките на оваа група се гледаат во експлозивноста, непромисленоста, жестокоста, брзите празнења на емоциите, раздразливоста, лепливоста во говорот, опширноста, наглото менување на расположението, сугестибилност и слично.

Хистероидна психопатија – нејзините својства се гледаат во хистеричниот карактер: емоционална незрелост, афективна лабилност, егоцентричност, нагласена емоционалност, желба за лична доминација во секоја ситуација, нестабилност, колебливост, склоност кон фантазирање, наметливост, љубопитност, подлост…

Сексуална психопатија – карактеристични својства за личноста со сексуална психопатија се појави на различни настраности во задоволството на сексуалниот нагон, разновидни перверзии и слично.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2016 во 20:25

Разлики помеѓу социопатија и психопатија

Иако постојат сличности во овие две пореметувања и на луѓето им е тешко да ги разликуваат едно од друго, фактите говорат дека разлики сепак постојат.

разлики помеѓу социопатија и психопатија

Хередитет (наследни фактори) наспроти околински фактори

Антисоцијалното однесување како сличност може да се најде и кај социопатите и кај психопатите. Како и да е, развојот на социопатија или психопатија кај личноста води потекло од факторот кој ги диференцира една од друга. Додека генетиката и хередитетот се причинители за личноста да стане психопат, околинските фактори се одговорни за личноста да стане социопат.

Карактерни разлики

Социопатот нема потешкотија во разбирање на тоа како да се однесува во социјално опкружување и главно не е темпераментен по природа. Неговиот проблем е резултат на „лошо друштво“, запоставеност од родителите, хипер интелигенција и сиромаштија. Наспроти социопатите, психопатите вообичаено се неспособни да ги разберат и да излезат на крај со нормите кои ги поставува општеството, поради нивната импулсивна и безстрашна природа која ги предизвикува на непотребен ризик. Повеќето психопати немаат контрола над својот проблематичен темперамент бидејќи тие се родени со него.

Насилни тенденции

Психопатите не се во можност да ги планираат нивните акти на насилство. Поради нивната импулсивна природа, повеќето од нивните криминални дела се извршени во избрзување. Социопатите се забележливо различни од психопатите кога доаѓа до извршување на криминални или насилни дела. Тие не се импулсивни по природа и како резултат на тоа тие ги планираат нивните криминални дела многу педантно.

Грижа на совест

Психопатите немаат морален код на етика и поради тоа тие не се способни да чувствуваат емпатија или каење за нивните блиски личности. Тие се стремат да манипулираат со другите и се подготвени да лажат за да ги постигнат своите цели. Во нивниот животен стил тие продолжуваат да ги кршат нормите на општеството во текот на нивните животи.

Социопатите се различни од психопатите и чувствуваат вина за нивните дела. Како и да е, нивната емоционална поврзаност е лимитирана на одредена група луѓе, исклучиво со оние каде можат да воспостават интеракција и да градат односи. Надвор од групата, однесувањето на социопатот е слично на тоа со психопатот, и тој ги отфрла општествените норми како него. Како и да е, социопатот, нема тенденции да ги лаже луѓето и да манипулира со нив, особено ако се дел од неговото семејство или група на пријатели, наместо тоа, тој има искрени чувства за нив и ќе чувствува каење доколку ги повреди на било каков начин.

Општествени односи

Психопатите се неспособни да оформат нови односи и дури не можат да ги одржат односите кои ги имаат со членовите на нивното семејство. Социопатите пак, немаат потешкотии во одржување односи, повеќето од нивните односи се паразитски каде што тие зависат од другите.

Кариера

Социопатите се доста способни за успех во кариерата која ја избрале и се обидуваат да се претстават себеси како пријатни, за другите луѓе полесно да комуницираат со нив. За разлика од социопатите, психопатите не можат да останат на едно работно место како резултат на тоа што се неспособни да изградат кариера.

Здодевност

Двајцата, социопатот и психопатот не се во можност да ја задржат нивната досада. Социопатите обично ја ослободуваат својата досада препуштајќи се на драматични дела и создавајќи конфликт помеѓу луѓето во нивната група. Тие бараат внимание од луѓето и се способни да отидат многу далеку за да го добијат. Психопатите пак, бараат нешто конструктивно за да стават крај на нивната досада. Ова е причината за високото ниво на креативност и интелигенција кај нив.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2016 во 17:54
Ja zabelezhav temava i e dosta interesna...
Imeno citajki gi statiive dojdov do zakluchok deka skoro nekoi mozhebi 80% od lugjeto shto gi znam imaat karakteristiki na psihopati ...
Dali e mozhno toa ?? Spored mene ne e mozhno, se druzhish so nekoj i ne si svesen celo vreme deka ne e ok neso so nego ili nejze i op odednash toj taa psihopat.
Bev so zhena 8 god. koja gi ima povekjeto od simptomive pa pak nemozam da kazam deka e psihopat ,kako 8 godini ne sum primetil??.... Vrti suchi chitajki gi karakteristikive se naogjaat karakteristiki koi gi opisuvaat skoro site tipovi na lugje vo najmalku edna od niv.

Dali psihopatijata e genetska ili se steknuva so tek na vreme poradi sekojdeniveto koe sekoj den e poteshko ,modernata kultura i modernite vreminja nosat so sebe svoi odliki...
Problemi od aspekt : rabota (ili ja nema ili skoro vo sekoja firma stana stresno), prijatelstvoto (se pomalku se naogjaat pravi prijateli ,sve e nekako od koristoljubie ), ljubovta (nemoralot dostigna premnogu visok nivo- koj kaj stigne se renda bez cuvstvo na sram,bez gram dostoinstvo) alkoholizam , droga.kriminal ..i sto uste ne ..sigurno struchnite lica imaat odgovor.
Nejse ...

Vo prodolzheni ke participiram na temava so nekolku simptomi na psihopatite ....Sekako so napomena za da ne napravime nekoj psihopat od nasheto opkruzhuvanje samo poradi nashiot neprijatelski nagon kon nego/nejzeсреќа

"Листа за проверување на психопати:
*Напомена - присуството на некои од особините кај човекот што се наведени во листава, не значи дека автоматски самиот човек пати од ова ментално пореметување. Докторите користат бодување, во смисла на присуството и степенот на изразување на особините, па крајниот резултат индицира дали некој боледува од психопатија или не.


1. Слаткоречивост и површински шарм
- Кај овие луѓе постои тенденција постојано да бидат милозвучни и префинети, привлечни и шармантни со мазен и течен говор. Никогаш не им застанува "кнедла во грло". Но шарм психопатите во ниеден случај не чувствуваат траги од срам, самосвест и не покажуваат страв од ништо. Тие се ослободени од социјални правила на однесување, како на пример во говорот, односно земање зборови, кога на друг ќе му дојде ред.

2. Огромно самољубие
- Претерано надуен поглед на своите способности со претерана самодоверба, силна тврдоглавост, самоувереност и фалење. Психопатите се арогатни луѓе кои веруваат дека се супериорни во однос на останатите.

3. Потреба за стимулација и склоност кон досада
- Претерана потреба за нови, необични и возбудливи искуства, стимуланси кои се полни со возбуда - сакаат да ризикуваат и затоа се склони на впуштање во ризични работи. Психопатите имаат лоша само-дисциплина во извршувањето на задачите во целост, затоа што брзо им станува здодевно. На пример не се подготвени за една работа да ја вршат долго време, или да ги вршат задачите кои ги сметаат за глупави или рутина.

4. Патолошко лажење
- Може да биде умерено или претерано. Ако е во умерена форма тие ќе бидат лукави, итри, подли, мистериозни и бистри. Во екстремна форма тие се измамници, лажговци, агресивни, бескруполозни, манипулативни и нечесни.

5. Измама и манипулација
- Се служат со измами, склони се на секаков вид измама и злоупотреба на другите, се со цел да добијат лична корист. За разлика од точка 4, степенот тука на злоупотреба е многу поголем, во однос на суровоста, експлоатацијата, бесчуствителноста и немилосрдноста. Овие психопати имаат недостиг на почитување на чувствата и страдањата на своите жртви.

6. Недостаток на каење или чувство на вина
- Немање чувства без разлика за каква загуба се работи или за болката и страдањата на другите. Тие се рамнодушни, непристрасни, ладнокрвни и имаат целосен недостаток на било каква емпатија. Најчесто во таквите ситуации изразуваат надменост, презир или омаловажување на жртвите.

7. Плитки чувства
- Емоционална сиромаштија, ограничена длабочина на чувства, изразување на ладност ( која другите најчесто ја толкуваат како резервираност) иако во дадена ситуација има силно изразени знаци на друштвеност од останатите.

8. Паразитски стил на живеење
- Намерна манипулативна, себична и експлоататорска финансиска зависност од другите. Таа зависност ја одразува нивната мотивираност, ниска само-дисциплина и неспособност да ги започнат и исполнат своите обврски.

9. Лошо контрола врз сопственото однесување
- Изразување на постојана досада, нетрпеливост, закани, навреди, вербална агресија на други лица, несоодветна контрола на гневот и темпераментот.

10. Промискуитетно сексуално однесување
- Серија од кратки површни, многубројни сексуални афери и случаен избор на партнери. Одржување на неколку "љубовни" врски истовремено, постојано барање на нови партнери за сексуални активности. Зборуваат со огромна гордост за своите освојувачки успеси и сексуални авантури.

11. Неодговорност
- Не се во состојба да ги исполнат и испочитуваат своите обврски, како што е плаќањето на сметките и враќањето на долгови. Обично се непедатни на работното место и често отсуствуваат од работа.

Останатите сметам дека не треба целосно да ги објаснувам, мислам дека на повеќето им е јасно за што станува збор, затоа ќе ги набројам само. Останатите симптоми се: импулсивност, недостаток на реални долгорочни цели, неспособност за превземање на одговорност за своите постапки, малолетничка деликвенција, склоност кон криминал."

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2016 во 17:59
ТЕСТ: Дали сте психопат?

Некои од цртите на луѓето со ова ментално растројство може да доведат до перфекција. Без сомнение ова често се случува, но по која цена? Психопатите само ретко се загрижени кога, условно кажано, “минуваат низ трупови”, за да успеат.

И иако не е особен повод за гордост, да провериме со овој тест каде се квалификувате на скалата на психопатијата. Збирниот евалуација е составена од коавторот на книгата – психологот Кевин Датн.

Правила

Одговарајте што е можно почесно. За секое тврдење поставувајте: 0 поени (Никако не се согласувам), 1 поен (Не се согласувам), 2 поени (Се согласувам) или 3 поени (целосно се согласувам)

Тестот

1. Ретко планирам за иднината – сакам да донесувам одлуки на моментот.

2. Немам проблем да го изневеруваат на партнерот во љубовта, под услов да не ме фатат.

3. Ако се појави нешто подобро, нема проблем да се замени поранепниот партнер.

4. Гледката на повреди или страдања на животно ни најмалку не ме загрижува.

5. Возењето на брзи автомобили, скокањето со банџи и со падобран многу ми се допаѓаат.

6. Не е важно, ако треба да се прегази врз други луѓе, за да го добијам она што сакам.

7. Многу сум убедлив / а. Поседувам талент “да ги возам” другите да го прават она што го сакам.

8. Би се справил / а добро со опасна работа, бидејќи умеам брзо да донесувам одлуки.

9. Лесно ми е да останам мирен / на во ситуации во кои другите попуштат под притисок.

10. Ако успеете да измамите некого, тоа е негов проблем. Штом го дозволил, значи го заслужил.

11. Правилата постојат за да бидат погазени.

Резултатите:

0-11 поени

Вие сте топол и полн со емпатијата човек кој јасно е свесен за социјалната одговорност и има будна совест. Сакате внимателно да ги гледате добрите и лошите страни во секоја ситуација, пред да направите нешто, и воопшто не сакате да ризикувате. Социјални сте и не ви се допаѓаат конфликтите. Мотото е “постапувај со другите онака како што сакаш да постапат со тебе”. Иако избегнувате да ги ранувате луѓето сепак, треба да се запамети дека оние кои се повисоко на скалата на психопатите, не се толку совесни и да се грижат како вас . Затоа бидете будни, за да не ви предизвикаат непотребна болка.

12-23 поени

Иако совеста ви е на местото кај вас има и прагматична состојби. Генерално не се плашите сами да правите валканата работа! Не сте срамежлива љубичица, но не сте и несовесна. Генерално не се посрамотувате да ги гледате работите од гледната точка на другиот, но во исто време умеете да ги наметнете своите позиции. “Се со мерка – вклучувајќи и самата мерка” резимира приодот кон животот.

24-33 поени

Да, вие сте човек кој умее да игра грубо. Знаете што сакате и не се плашите да го побарате – дури и ако тоа значи да ги кршите правилата и да окрвавите неколку срца во ваш начин. Ништо не ве загрижува. Решителни и самоуверени сте и сте подготвени на сè за малку адреналин. За вас “Целта ги оправдува средствата”. Не мислите што е правилно, а што – погрешно, а што ќе ви го донесе посакуваниот резултат. Запомнете дека, сепак, не сте сами на овој свет и ќе треба да научите како да ги смирувате егоистичните аспирации. Порано или подоцна сепак некој ќе ви се спротивстави.


Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2016 во 22:36

Црна точка во мозокот – Го најдоа центарот за зло, сите психопати ја имаат


Германскиот невролог Жерард Рот, еден од водечките светски експерти за мозок, тврди дека го открил подрачјето на мозокот во кое може да се пронајде злото кое се сокрива во убијците, силувачите и крадците.

mozok zlo1

Неговото откритие кое го спроведувал врз насилните претставници траело долги години, а било извршено во склоп на истражувањата на германската влда.

„На таквите луѓе им покажувавме кратки филмови и им ги меревме мозочните бранови“, изјавил Рот.

„Кога и да се појавеа брутални и насилни сцени, испитаниците не покажувале никакви емоции. Во деловите на мозокот каде настануваат сочувството и тагата, не се случуваше ништо“, додава тој.

Подрачјето кое кај психопатите се прикажува како темна маса на врвот на фронталниот мозок, се појавува во сите скенирања на луѓето кои имаат досие на криминално насилство.

„Како и да ги погледнете скеновите на мозокот на криминалците, скоро секогаш се видливи послаби активни подрачја во предниот дел на мозокот. Постојат случаи во кои некој станува криминалец поради тумор или повреда на тој дел на мозокот и после операција за отстранување на туморот, таа личност повторно станува нормална. Дефинитвно тоа е подрачје на мозокот во кое се обликува и сокрива злото“, вели тој.

mozok zlo

Според него сите криминалци се различни, но тој ги издвојува во три општи групи во склоп на неговата потрага по „колевката на злото“.

Првата група се „психолошки здрави“ луѓе, кои едноставно пораснале во околината во која е прифатливо да се користи насилството, да се краде и да се убива. Втората група се психички пореметени криминалци кои во сè гледаат закана. „Еден погрешен поглед, еден погрешен потег, тој може да експлодира и да стане убиец“ Третата група се „чисти психопати“, група во која се наоѓаат диктатори како Хитлер и Сталин.

Рот истакнува дека не е вистина дека сите се раѓаат како чудовишта бидејќи на голем број од нив состојбата им се влошува кога се изложени на насилно опкружување.

„Експертите може да го забележат слабеењето на тој дел од мозокот уште додека детето е во градинка. Задачата на општеството е да му даде поддршка на детето и неговите родители пред тоа да стане криминалец“, завршува Рот.



Изменето од Kastro - 01.Април.2016 во 22:36
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.