IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 144145146147148 157>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2016 во 08:58

Како секој од хороскопските знаци реагира на критика?



Сте забележале ли некогаш дека различни луѓе, сосема различно реагираат на критиките? Некои од нив едноставно ги прифаќаат како конструктивни и учат нешто од нив, додека пак други се навредуваат или бегаат. Според астрологијата, секој од хороскопските знаци ја прифаќа критиката на свој начин, па добро е да го знаете тоа доколку во иднина решите да се соочите со некој од нив.

(1) Како секој од хороскопските знаци реагира на критика?

Овен

Како еден од најтемпераментните знаци, ако на Овенот не му се допаѓа тоа што го чул, тој ќе реагира многу бурно. Подобро немојте да го изнервирате со директна критика, бидејќи тој ќе се налути и драматично ќе ја напушти просторијата во која сте.

Бик

Иако важат за многу тврдоглави личности, Биковите ќе се обидат непријатните ситуации да ги решат на дипломатски начин. Имено, Бикот најверојатно ќе глуми дека не ја чул критиката или несоодветната забелешка, па ќе продолжи да говори за времето.

Близнаци

Како еден од знаците кои најмногу зборуваат, Близнаците изгледа едвај чекаат да чујат нешто што не им по ќеиф со цел да започнат дебата на таа тема. И секако, потоа ќе направат сè што е во нивна моќ за да докажат дека тие се во право.

Рак

Емотивниот и чувствителен Рак не е секогаш расположен за слушање груби зборови. Доколку тој се почувствува навредено или на кој било начин загрозено од страна на соговорникот, тогаш едноставно ќе се повлече. Понекогаш се случува и да пушти неколку солзи.

(5) Како секој од хороскопските знаци реагира на критика?

Лав

Ако земеме во предвид дека тој обожава да е во центарот на вниманието, Лавот може дури и да биде импресиониран од критиката. Всушност, тој ќе успее непријатната ситуација да ја претвори во своја корист така што ќе започне расправија во која ќе зборува само за себе.

Девица

Прагматичната Девица уште во старт ќе ве осуди дека имате предрасуди, па ќе почне да ви објаснува дека тоа е не убаво и дека треба да го промените вашето мислење. На крај, можеби дури и самата да се критикува.

Вага

Секоја ситуација, дури и онаа која е најнепријатна, Вагата може да ја сврти на нешто радосно. Таа со својот шарм ќе се обиде дури и од најлошите ситуации да го извлече најдоброто, па токму затоа и критиките не ги гледаат како најстрашното нешто што може да им се случи.

Скорпија

Никој не сака да си игра со Скорпијата бидејќи таа може да ве „прободи“ директно во срцето и да ве остави да патите со денови. Таа е една од оние знаци кои едноставно не можат да прифатат критика и најчесто се бранат со директен напад.

(3) Како секој од хороскопските знаци реагира на критика?

Стрелец

Непредвидлив и шеговит, Стрелецот има способност дури и непријатниот разговор да го прекине така што ќе ви каже дека му е жал и дека воопшто не сте требале ни да почнете да разговарате на оваа тема.

Јарец

Доколку тврдоглавиот и таинствен Јарец се најде во непријатна ситуација, тој учтиво се повлекува и во иднина се обидува да ги избегне сите оние кои биле дел од тој настан. Тој можеби нема бурна реакција, но никогаш не ги заборава ниту пак, опростува добиените критики.

Водолија

Непријатно? Што е непријатно? За неа едноставно сè е нормално бидејќи таа знае дека сите ние сме луѓе, или вонземјани, зависи со каков вид Водолија зборувате и токму поради тоа со тек на време ќе направиме грешка. Случајно или намерно.

Риби

Иако критиката нема да им биде по волја, Рибите нема да се трудат да избегаат од непријатната ситуација, туку едноставно ќе се обидат да ја разберат, да научат нешто од неа и потоа да ја надминат.

(2) Како секој од хороскопските знаци реагира на критика?

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Февруари.2016 во 21:14

ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ И ЉУБОМОРАТА: НА ШТО ВИ ЉУБОМОРАТ ЛУЃЕТО ВРЗ ОСНОВА НА ЗОДИЈАКОТ?

19

Љубомората е сосема нормална емоција која скоро сите поразвиени суштества ја чувствуваат. Кучињата се љубоморни, мачките се љубоморни и секако луѓето. Што мислите каква е поврзаноста меѓу хороскопските знаци и љубомората?

На што ви љубоморат луѓето врз основа на зодијакот?

Овен

„Netflix and chill“ е нешто што никогаш нема да го искусите со енергичниот Овен. Тие се забавни, авантуристичкиот дух им ги полни градите и секогаш се подготвени да испробаат нешто ново. Тие ја имаат енергијата која многу од нас ја посакуваат и шарм кој им помага да ги освојат луѓето – особено оние новите лица.


Бик

Биковите не се заморуваат со ничие мислење. Многу од луѓето го велат ова, но ретко кој го мисли. Останатите најмногу им завидуваат на Биковите поради нивниот личен идентитет и поради тоа што го прават токму она што сакаат без да чекаат одобрение од општеството.


Близнаци

Вие имате енергетски шарм кој ги тера луѓето да ви веруваат. Вие сте весели и креативни и за разлика од другите типови на креативни луѓе, вие знаете како да ги продадете вашите идеи за да можете да преживеете.


Рак

Најголема причина за љубомора кон Раковите е нивниот капацитет за љубов. Никој нема да ве сака толку длабоко и толку целосно како што може Ракот. Од нив најмногу се плашат бившите партнери кои потајно знаат дека нивниот бивш/а е посреќен/а и поздрав/а со партнер во знакот Рак.


Лав

Успешноста на Лавот и неговите признанија постојат само затоа што тој ги бара. На нивни многу суптилен начин тие јасно кажуваат дека никој не смее ни да се обиде да ги згази, нити пак нивната напорна работа и труд да помине незабележана.


Девица

Девиците се експерти во решавање проблеми – никој не може да се снајде како што можат тие, а тоа е нешто што секој го сака. Токму поради оваа причина тие се барани како пријатели, вработени и дури романтични партнери.

Вага

Вагата е социјално суштество кое обожава да се дружи и е одличен пријател – а тоа е главната причина за љубомора.  Нивната социјална природа е совршена – доволно шармантна за да има голем број пријатели, но и доволно грациозна за секој од нив да се чувствува сакано.


Скорпија

Вие сте борбени и страсни и никој не може да ве опише како пасивни. Сите останати посакуваат да го имаат вашиот елан. Дури кога се грижат за нешто, тие ја немаат вашата огромна енергија и фокус.


Стрелец

Она на што најмногу им завидуваат на Стрелците е нивната смисла за хумор. Тие имаат можност да бидат непристојни, но сепак никој да не им замери. Сите им љубомориме на Стрелците поради нивната моќ да направат да нѐ боли стомакот од смеење.


Јарец

Јарците се стоици и се силни. Им љубомориме поради нивната способност да бидат гледани како идиоти или како ѓаволчиња. Ова звучи како негативна карактеристика, но тоа е дарба – Јарецот никогаш не си оди во кревет без да го добие тоа што го сака. Тие секогаш го имаат она што го посакуваат затоа што го бараат.


Водолија

Водолиите имаат големо срце кое го делат со сите, дури и со луѓето надвор од нивниот круг на пријатели. Тие гласаат, тие волонтираат, тие стануваат вегани, тие искрено премногу се грижат – многу повеќе него останатите луѓе, а тоа е за пофалба.


Риби

Рибите имаат креативен ум кој ќе се помни со генерации. Тие се вистински уметници и дури ако поради нивната тивка и повлечена природа не бидат веднаш забележани, порано или подоцна луѓето околу нив ќе бидат восхитени од тоа како им функционира мозокот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2016 во 15:41

ХОРОСКОП: ЅВЕЗДИТЕ ОДРЕДУВААТ КОЛКУ ПАРИ ЌЕ ЗАРАБОТИТЕ

3

Истражувањето што го направи веб страната CareerBuilder.com покажува на кои знаци ѕвездите им се навистина наклонети. Со анализирање на одговорите и платите што ги заработуваат припадниците на различните хороскопски знаци, дошле до интересни поклопувања.

Така се покажало дека биковите, скорпиите, лавовите и раковите во просек заработуваат повеќе од 100 илјади долари месечно, што е повеќе од било кое друго просечно примање.

Голем број астролози ги поврзуваат парите со втората и осмата астролошка куќа со која владеат биковите и скорпиите, така што не зачудува што овие два знака се најдоа на лицата на најбогатите.

Голем број бикови под влијание на Венера развиваат префинет вкус па затоа луксузниот живот за нив е потреба што ќе им создаде чувство на сигурност, стабилност и удобност. Но, вредните бикови имаат смисла и за управување со сопствените пари, па нема да дозволат непотребно растурање на пари.

Скорпијата исто така е во потрага по удобен живот, што најчесто им е овозможено поради вродените способности за инвестирање. Поради моќната енергија на една скорпија, дури и најскриените желби може да станат стварност.

Лавовите сакаат да бидат забележани и да ги почитуваат, па многу често тоа и го постигнуваат. Нивниот енергичен настап е нешто што сите ќе го запомнат и поради што просто ќе ги обожаваат. Ваквиот општествен углед често им овозможува многу пари затоа што лавовите ќе вложуваат големи суми за да ја финансираат својата облека, подароци и раскошни вечери за блиските лица.

Пожртвуваните ракови ги води желбата да го обезбедат сопственото семејство и грижливо да го уредат сопствениот дом. За да го постигнат тоа, тие ќе развијат работна етика и амбиција па оваа желба наскоро ќе им стане стварност. Вредните и успешни ракови најчесто ќе продолжат да го живеат животот скромно, уживајќи во благодетите и сигурностите што си ги обезбедиле.

На врвот на листата на хороскопск знаци на коишто ѕвездите не им се наклонети на ова поле се водолиите и јарците.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2016 во 21:30

ЖЕНСКИ ХОРОСКОП ЗА ПРОЛЕТ/ЛЕТО 2016 ГОДИНА

1

Што ти подготвиле ѕвездите за престојната топла сезона? Дали ќе се издигнете во професијата или пак ќе ја сретнете љубовта на вашиот живот? Проверете си:

Овен
Љубов, нов партнер и зголемување

До 11 август Јупитер ќе биде во Лав – петтиот твој дом кој е задолжен за романтиката, страста, креативноста и самоизразувањето. Имаш уште неколку месеци, во кои можеш да разбиеш барем неколку срца. Ако сакаш да свртиш нова страница, ќе имаш врати, на кои можеш да затропаш. Прашањето е дали си подготвена за промена, бидејќи петтиот дом  не само што носи романтика, но и плодност. За овни, кои копнеат за деца, ова е добра вест. Останатите треба да бидат внимателни и да користат заштитни средства. Освен во љубовта среќата ќе те придружува и во работата.

 

Бик
Бебе или миленичиња
Поволните промени со кои ти започна годината, во почетокот те исполни со ентузијазам. Тој малку по малку згаснува, па на преден план испливува заморот од дополнителните ангажмани. Во мај Ти претстои важна средба. Емоционалната интелигенција треба да ти е на втор план, за да не се повторуваат грешките од минатото. Јупитер е во четвртиот дом до 11 август, што отвора можност да купиш или да продадеш имот, да го зголемиш семејство (ова вклучува и евентуална бременост или нов миленик) или сериозна промена во начинот на живот.

 

Близнаци
Нови идеи, нова среќа
Пролет процвета и дојде време да излезеш од зимскиот сон. Насочи ја неисцрпната енергија во проекти за самообразование и најди начин да ги споделиш новите идеи со луѓе кои ќе ги ценат. Ова ќе се покаже плодност. Оваа година Сатурн поминува низ Стрелец – седмиот дом, одговорен за обврските и врските. Тоа значи дека главен акцент ќе има односот со другите. Како Близнак сакаш да избегаш од обврските, но во 2016 година ќе мораш да земеш некои важни одлуки како во личниот, така и во професионалниот живот.

 

Рак
Каде е богатство?
Излези од дупката, бидејќи околу тебе се вртат многу пари. Можно е оваа година да имате најголеми примања во вашиот живот. Клучот за успехот можеби се наоѓа во случајното решение кое ќе се случи во јуни. Сакаш спокојството на домот и животот без стрес и промена, но сега имаш ретка можност. Не ја испуштајте шансата поради стравот од нешто ново и непредвидливо. Грижете се за вашето здравје. Јадеш премногу нездрава храна, а твоето тело има потреба од прочистување. Започнете здрав режим на исхрана со повеќе салати и овошје.

 

Лав
Направи ново CV, ве очекуваат промени
Секој Лав сака да слушне: “Ова е ВАШАТА година!”. Па, добро, кога, ако не сега, ќе го слушнеш со добра причина: Лавови, ова е вашата година. Во животот секој има моменти во кои се отвараат не една, туку истовремено сите дупки кон идните успеси. Во наредните месеци можеби ќе ја почувствуваш среќата на промени. Време е сериозно да се зафатите со она што го правите најдобро. Побарај ново работно место и направи ново професионално CV – токму сега не е соодветно да се однесуваш со презир кон својот талент и да ги испуштиш сите  важни можности.

 

Девица
Крај! Стануваш забавна
Оваа година ќе се одморам. Ова е спротивно на амбициозната кон која се склонат твоите прецизни планови , но Јупитер е во Лав – 12-от твој дом, а тоа значи да не избрзуваш  со ништо. Единствениот правилен начин да ги контролираш нештата, е како се откажеш од контролата. Насочи го вниманието кон проштевање и помирување  со луѓете со кои сте раздвоени. Во 2016 година ќе заминеш на патување во твојата омилена дестинација – каде ќе имаш малку одмор за левата хемисфера на твјот мозок. Извади ја прашината од гитарата во плакарот, или велосипедот од гаража или земете ги четките и боите и дејствувај!

 

Вага
Нови пријатели
Колку и да е чудно за комуникативна  жена како тебе, сега е времето да ги зголемиш твоите пријателски кругови. Заедно со старите верни другари ќе запознаеш нови познанства кои ќе прераснат во прекрасни пријателства. Јупитер (планетата на патник) е во 11-от дом кај тебе – домот, кој е поврзан со социјалните врски и новите технологии. Почни да водиш нов блог или веб-сајт. 2016-та е годината на добротворноста. Секоја акција во таа насока ќе ти се исплати десеткратно – макар и во нематеријални аспект.

 

Шкорпија
Ќе блеснеш…
Во споредба со она што беше минатата година, 2016 година ќе биде среќна за тебе. Веќе поминаа неколку месеци, во кои да забележиш дека ѕвездите се малку благонаклонети. И тоа не е ништо! Од средината на мај допрва почнува да ти оди се од рака. Има само еден услов: да не дозволуваш ниската самодоверба да ти попречи да го направиш првиот чекор кон успехот. Не се стеснувај – овозможи да блеснеш. Овој совет се однесува не само за кариерата, туку и за твојот личен  живот. Што се однесува до љубовта, 2016-а за тебе ќе заврши триумфално со огномет.

 

Стрелец
Пролет е твоето задоволство
Сенката на Јупитер ќе расфрли по патот на твоите страдања, болки, грижи и горчина, но сето тоа ќе биде привремено. Оние потфати за кои мислиш дека се ризични има шанса да излезат успешни.  Хаотичните флертови исто така може да доведед до нешто добро. Доаѓа пролет, твоето задоволство, искористете ја. Топлите денови ќе бидат исполнети со авантури и немири. Авантурите  нма да се само пријатни, ќе бидат и корисни за иднината. Колку и да е чудно, влегувате во речиси благоразумна фаза.

 

Јарец
Летни авантури
Нема да го познаеш Јарецот во тебе ова лето. Уште отсега си се упатиле кон борба, духовноста и мистиката те повикуваат  на издржливост. Затоа, не треба многу да се изненадите на среќата. Во тебе се буди и уметничкиот почеток.  Со расцветувањето на овошните дрвца , ќе процвета и творечката природа на твојот хороскопски знак. Слободните ќе бидат активни и иако важат за ладни личности тие отворено ќе приоѓаат на спротивниот пол. Кој не ризикува – не може да профитира. Со оваа филозофија слободните Јарци ќе имаат успешни летни авантури.

 

Водолија
Сè што е љубов
Се што не е поврзано со љубовта, би било празни епови, кога го опишуваат она што доаѓа од Водолија. Како типична Водолија, ти си во фаза, поволна за романтичните и партнерските односи. Од 12 август за тебе започнува 13-месечен период (до септември 2016 година), во кој Јупитер влегува во Девица – во осмиот дом, кој е одговорен за интимните врски и за спојувањето. Значи на претставниците на овој знак им претстои едно убаво лето, што може да заврши со врзување. Од јули ќе имаш голема среќа со парите, но мора да внимаваш да не се плеткаш со нечесни луѓе.

 

Риби
Што и да допреш, станува злато
Никогаш толку несебични и посветени на спасувањето на сите твои потреби, во наредните месеци на Рибите им е дојден моментот да запловат гордо во своите води. Како типичен претставник на овој знак себечноста ќе биде забележана, а за креативните напори ќе бидеш наградена. Помошта секогаш треба да биде неповратна а ти ќе го разбереш тоа на најдобар пријатен начин – ќе добиеш финансиска награда. Од средината на оваа година започнува тригодишен период на твојот успех во твојата кариера. Единствениот услов е да се стегнеш и да земеме работите во свои раце.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2016 во 08:56

4 најопасни жени меѓу хороскопските знаци кои не се плашат од ништо


Тие се опасни, диви, богати со знаење и зборови, подготвени за нов скок, не се плашат од ништо и затоа се непобедливи.

4-najopasni-zeni-megu-horoskopskite-znaci-koi-ne-se-plasat-od-nisto-01.jpg

Дали и вие ги имате овие карактеристики?

Ако сте еден од овие 4 хороскопски знаци, со сигурност:

Овен

Жените родени во знакот на Овен се непобедливи затоа што обожаваат да победуваат. Само имаат една негативност - одат до крајност на деструктивност.


Лав

Тие се полни со самодоверба и секогаш подготвени за скок од висина. Каде и да се појават привлекуваат внимание, па ретко кој маж нема да се сврти по нив. Од Лавиците зрачи сексапил, а прочуени се по желбата за докажување.


Скорпија

Опасна, зафркната Скорпија која знае кога да биде безобразна, а кога фина и мила. Добро знаат да го проценат времето кога е соодветно да бидат една од двете спротивности. Тие ветуваат многу работи кои другите нема шанса да ги исполнат.


Рак

Жените ракови се непобедливи благодарение на една сосема поинаква тактика - полни се со лажно разбирање. Но, кога ќе дојде крајот на преправањето, внимавајте. Опасноста дури тогаш почнува.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2016 во 08:15

Какви жени бара секој машки хороскопски знак? Овенот сака слаби, Јарецот бара постари


Што очекува секој маж од својата партнерка? Кои се критериумите по кои ја избира совршената жена за него?

kakvi-zeni-bara-sekoj-maski-horoskopski-znak-ovenot-saka-slabi-jarecot-bara-postari-01.jpg

Колку и да сте сигурни дека е случајност, судбина, љубов на прв поглед или во што и да верувате, големи се шансите хороскопскиот знак да има „замешано прсти“ во изборот.

Овен

Него му е важно да не мора да прави големи компромиси, односно бара жена која ќе биде прилагодлива на него и на која секогаш тој ќе и биде на прво место. Мажот Овен својата машкост ја гледа во потребата секогаш да биде најубав, најзгоден и најпаметен, затоа попрво би одбрал жена со помало искуство, за тој да може да е прв во дел од работите. Потребна му е жена која е полна со разбирање на неговиот темперамент и покрај која тој ќе може да биде глава на куќата. Овенот сака слаби девојки, црвенокоси или русокоси.


Бик

На овој маж од големо значење му е неговата избраничка да биде добра во кревет, но и во кујна. Можно е кујната сепак да биде пресудна. Потребна му е жена покрај која има мир и може да се опушти. Не сака кога девојките многу зборуваат и се тензични околу секоја ситница. Тој ќе одбере некоја хедонистичка душа слична на себе. Но, ако се одлучите за Бик маж, бидете подготвени вечно да се прилагодувате на неговиот испланиран и организиран живот. Тие сакаат средени девојки кои добро мирисаат, се секогаш нашминкани и добро облечени. Дури и да имате некој килограм вишок, тоа нема да им пречи затоа што облините им се слабост.


Близнаци

Овој знак првенствено бара забавна жена со смисла за хумор. Него му е потребно да се чувствува лесно и помладо од своите години, па жената која ќе ја одбере мора да е подготвена за многу авантури и промени. Досадните приказни за финансии ни малку не го возбудуваат. Потребна му е насмеана жена полна со детска наивност. Близнаците сакаат ситни девојки и слаби, но со оглед на тоа дека сакаат се да пробаат, не се задржуваат до точни карактеристики.


Рак

Ракот е во потрага по жена која во секоја ситуација ќе му биде втора мајка. Потребна му е заштитнички настроена партнерка покрај која ќе биде сигурен, а тоа да не ја намали неговата машкост. Ако не се сложувате со неговата мајка или сестра, кажете и збогум на врската. Идеалната жена мора да биде во хармонија со семејството. За Раковите важно е жената да биде добра во кујната. Исто така преферираат жени со облини, а градите им се посебно важни. Неретко бираат партнерки со светла боја на коса и очи.


Лав

Жената која ќе се согласи на врска со Лав маж треба да биде подготвена да биде публика до крајот на животот. Неговата избраничка секогаш треба да му посветува доволно внимание и константно да му угодува на барањата. Сепак, Лавот знае да биде галантен и дарежлив, па има начини на кои ќе и се оддолжи за тоа. На него му е потребна топла и емотивна партнерка, затоа што не сака студени и незаинтересирани жени. Лавовите бираат атрактивни девојки со надградби од секаков тип (нокти, коса, силикони не им пречат). Важно е да привлекувате внимание во толпата за тој да ве гледа како трофеј.


Девица

Мажот Девица бара совршена жена без маана, па можеби затоа често остануваат сами. Тука спаѓа беспрекорно готвење, пеглање, средување на куќата, но и физички беспрекорен изглед. Важно му е да имате средени нокти, фризура, шминка, затоа што овој маж ужива во естетското совршенство. Девиците не ги привлекуваат наметливи партнерки. Попрво ќе одберат слатка и харизматична девојка која по малку се срами. Физички, сакаат складни и ситни женски тела.


kakvi-zeni-bara-sekoj-maski-horoskopski-znak-ovenot-saka-slabi-jarecot-bara-postari-02.jpg

Вага

На моменти мажот Вага делува пофеминизиран од девојката, но тоа никогаш не смее да му го кажете ако сакате да биде среќен. Потребно е неговата избраничка да му се воодушевува на стилот и убавината. Неговата колекција парфеми ќе ја засени онаа на партнерката. Мажот Вага бара добро воспитана, грациозна и женствена партнерка со култура и манири. На него му е поважно да имате добар стил, отколку да знаете да готвите. Не го привлекуваат девојки кои изгледаат евтино, туку оние кои имаат мера во се. Кај неговата девојка мора се да биде складно и со совршени пропорции. Не обожава облини.


Скорпија

За мажот Скорпија да биде задоволен, треба да најде партнерка со бујна фантазија, подготвена за авантури, простување, но и секогаш заинтересирана за секс. На него му е потребна жена која ќе ги задоволи сите физички потреби. На моменти е љубоморен и посесивен, па затоа партнерката ќе мора да знае да одржи баланс и да премолчи. Тој тешко простува. Му се допаѓаат страствени девојки кои зрачат со енергија и сексапил. Харизмата му е поважна од облините и физичкиот изглед.


Стрелец

Него му е потребна партнерка која во секој момент ќе има доволно толеранција и разбирање и покрај која ќе може да си дозволи слобода. Љубоморните жени може да заборават на овој маж. Неговата партнерка никогаш не смее да проба да го контролира, затоа што така мажот Стрелец најлесно се оддалечува. Во суштина, него му е потребна партнерка која ќе биде во близина кога му треба, но ќе го остави на мира кога сака да биде сам. Го привлекуваат високи девојки со долги нозе, виткана и руса или светла коса.


Јарец

Потребна му е неверојатно трпелива партнерка. Тој тешко се одлучува за врска, а уште потешко за брак. Ако сепак реши да се ожени, тоа ќе биде со жена која само ќе се вклопи во неговиот животен план, а нема да го измени. Важно му е да му ги поддржувате амбициите и да имате разбирање за работите кои му се приоритетни. Мажот Јарец го привлекуваат слаби девојки, често постари, со темна коса или очи. Лесно ги забележува оние со малку погруби црти на лицето.


Водолија

Пред да ја одбере својата партнерка, мажот Водолија мора да ја знае како пријателка. Ќе ја ожени онаа која ќе се прилагоди на неговиот авантуристички дух и начин на живот. Потребна му е жена која ќе ги почитува неговите идеали и ќе се сложува со неговите верувања. Ќе се смири само со партнерка која има широки и необични погледи на светот, а не некоја која ќе му пере и пегла. Водолијата нема некој одреден тип на девојка, него го привлекува насмевката и харизмата.


Риби

Потребна му е уметничка душа која ќе го разбере и со која секогаш ќе може да фантазира и да ги споделува идеите. Ако некоја девојка се обиде да го спушти на земја и да го врати во реалноста, автоматски отпаѓа од играта. Не сака песимисти и ладни личности. Потребна му е жена која ќе верува во него дури и кога сите останати ќе се сомневаат. Мажите Риби сакаат необични девојки кои носат нешто специфично и оригинално во себе. Колку и да звучи клише, душата му е поважна од телото.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2016 во 21:39

ХОРОСКОП: КОИ СЕ КРИТЕРИУМИТЕ ПО КОИ МАЖОТ ЈА ИЗБИРА СОВРШЕНАТА ЖЕНА ЗА НЕГО?

25

Колку и да сте сигурни дека е случајност, судбина, љубов на прв поглед или во што и да верувате, големи се шансите хороскопскиот знак да има „замешано прсти“ во изборот.

Овен

Него му е важно да не мора да прави големи компромиси, односно бара жена која ќе биде прилагодлива на него и на која секогаш тој ќе и биде на прво место. Мажот Овен својата машкост ја гледа во потребата секогаш да биде најубав, најзгоден и најпаметен, затоа попрво би одбрал жена со помало искуство, за тој да може да е прв во дел од работите. Потребна му е жена која е полна со разбирање на неговиот темперамент и покрај која тој ќе може да биде глава на куќата. Овенот сака слаби девојки, црвенокоси или русокоси.


Бик

На овој маж од големо значење му е неговата избраничка да биде добра во кревет, но и во кујна. Можно е кујната сепак да биде пресудна. Потребна му е жена покрај која има мир и може да се опушти. Не сака кога девојките многу зборуваат и се тензични околу секоја ситница. Тој ќе одбере некоја хедонистичка душа слична на себе. Но, ако се одлучите за Бик маж, бидете подготвени вечно да се прилагодувате на неговиот испланиран и организиран живот. Тие сакаат средени девојки кои добро мирисаат, се секогаш нашминкани и добро облечени. Дури и да имате некој килограм вишок, тоа нема да им пречи затоа што облините им се слабост.


Близнаци

Овој знак првенствено бара забавна жена со смисла за хумор. Него му е потребно да се чувствува лесно и помладо од своите години, па жената која ќе ја одбере мора да е подготвена за многу авантури и промени. Досадните приказни за финансии ни малку не го возбудуваат. Потребна му е насмеана жена полна со детска наивност. Близнаците сакаат ситни девојки и слаби, но со оглед на тоа дека сакаат се да пробаат, не се задржуваат до точни карактеристики.


Рак

Ракот е во потрага по жена која во секоја ситуација ќе му биде втора мајка. Потребна му е заштитнички настроена партнерка покрај која ќе биде сигурен, а тоа да не ја намали неговата машкост. Ако не се сложувате со неговата мајка или сестра, кажете и збогум на врската. Идеалната жена мора да биде во хармонија со семејството. За Раковите важно е жената да биде добра во кујната. Исто така преферираат жени со облини, а градите им се посебно важни. Неретко бираат партнерки со светла боја на коса и очи.


Лав

Жената која ќе се согласи на врска со Лав маж треба да биде подготвена да биде публика до крајот на животот. Неговата избраничка секогаш треба да му посветува доволно внимание и константно да му угодува на барањата. Сепак, Лавот знае да биде галантен и дарежлив, па има начини на кои ќе и се оддолжи за тоа. На него му е потребна топла и емотивна партнерка, затоа што не сака студени и незаинтересирани жени. Лавовите бираат атрактивни девојки со надградби од секаков тип (нокти, коса, силикони не им пречат). Важно е да привлекувате внимание во толпата за тој да ве гледа како трофеј.


Девица

Мажот Девица бара совршена жена без маана, па можеби затоа често остануваат сами. Тука спаѓа беспрекорно готвење, пеглање, средување на куќата, но и физички беспрекорен изглед. Важно му е да имате средени нокти, фризура, шминка, затоа што овој маж ужива во естетското совршенство. Девиците не ги привлекуваат наметливи партнерки. Попрво ќе одберат слатка и харизматична девојка која по малку се срами. Физички, сакаат складни и ситни женски тела.

Вага

На моменти мажот Вага делува пофеминизиран од девојката, но тоа никогаш не смее да му го кажете ако сакате да биде среќен. Потребно е неговата избраничка да му се воодушевува на стилот и убавината. Неговата колекција парфеми ќе ја засени онаа на партнерката. Мажот Вага бара добро воспитана, грациозна и женствена партнерка со култура и манири. На него му е поважно да имате добар стил, отколку да знаете да готвите. Не го привлекуваат девојки кои изгледаат евтино, туку оние кои имаат мера во се. Кај неговата девојка мора се да биде складно и со совршени пропорции. Не обожава облини.


Скорпија

За мажот Скорпија да биде задоволен, треба да најде партнерка со бујна фантазија, подготвена за авантури, простување, но и секогаш заинтересирана за секс. На него му е потребна жена која ќе ги задоволи сите физички потреби. На моменти е љубоморен и посесивен, па затоа партнерката ќе мора да знае да одржи баланс и да премолчи. Тој тешко простува. Му се допаѓаат страствени девојки кои зрачат со енергија и сексапил. Харизмата му е поважна од облините и физичкиот изглед.


Стрелец

Него му е потребна партнерка која во секој момент ќе има доволно толеранција и разбирање и покрај која ќе може да си дозволи слобода. Љубоморните жени може да заборават на овој маж. Неговата партнерка никогаш не смее да проба да го контролира, затоа што така мажот Стрелец најлесно се оддалечува. Во суштина, него му е потребна партнерка која ќе биде во близина кога му треба, но ќе го остави на мира кога сака да биде сам. Го привлекуваат високи девојки со долги нозе, виткана и руса или светла коса.


Јарец

Потребна му е неверојатно трпелива партнерка. Тој тешко се одлучува за врска, а уште потешко за брак. Ако сепак реши да се ожени, тоа ќе биде со жена која само ќе се вклопи во неговиот животен план, а нема да го измени. Важно му е да му ги поддржувате амбициите и да имате разбирање за работите кои му се приоритетни. Мажот Јарец го привлекуваат слаби девојки, често постари, со темна коса или очи. Лесно ги забележува оние со малку погруби црти на лицето.


Водолија

Пред да ја одбере својата партнерка, мажот Водолија мора да ја знае како пријателка. Ќе ја ожени онаа која ќе се прилагоди на неговиот авантуристички дух и начин на живот. Потребна му е жена која ќе ги почитува неговите идеали и ќе се сложува со неговите верувања. Ќе се смири само со партнерка која има широки и необични погледи на светот, а не некоја која ќе му пере и пегла. Водолијата нема некој одреден тип на девојка, него го привлекува насмевката и харизмата.


Риби

Потребна му е уметничка душа која ќе го разбере и со која секогаш ќе може да фантазира и да ги споделува идеите. Ако некоја девојка се обиде да го спушти на земја и да го врати во реалноста, автоматски отпаѓа од играта. Не сака песимисти и ладни личности. Потребна му е жена која ќе верува во него дури и кога сите останати ќе се сомневаат. Мажите Риби сакаат необични девојки кои носат нешто специфично и оригинално во себе. Колку и да звучи клише, душата му е поважна од телото.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2016 во 21:40

ХОРОСКОП: САМО ЕДНА ЖЕНА МОЖЕ ДА ГО ИМА СЕКОЈ МАЖ ШТО ЌЕ ГО ПОСАКА. ТАА Е ФАТАЛНА, ШАРМАНТНА И НЕВЕРОЈАТНО СЕКСАПИЛНА...

26

Која жена важи за најголемата заводничка меѓу хороскопските знаци? Само една жена може да го има секој маж што ќе го посака. Таа е фатална, шармантна и неверојатно сексапилна.

Станува збор за жената Близнаци.

Жената Близнаци е непредвидлива и својата пријателски настроена и љубезна маска многу бргу може да ја замени со оддалеченост и ароганција.

Од потенцијалниот партнер бара ментална компатибилност за да биде заинтересирана, бидејќи оваа дама не дозволува никој да си игра со нејзиното тело, ако не е способен интелектуално да ја предизвика.

Интелектуално љубопитна, комуникативна, духовита и брилијантна, жената Близнак е и многу модерна. Не постои отворање на изложба, премиера или некој друг значаен настан кој таа ќе го пропушти.

Близнаците постојано сакаат нови работи, па тоа може да ги натера да трошат многу пари и да изгледаат прилично ексцентрично.

Жената Близнак постојано ги прилагодува сопствените потреби, а истото се обидува да го направи и со својот партнер. Промената е важна за нејзиниот живот и психичкиот развој.

Подготвена е да ги употреби сите женски оружја, својот шарм и привлечност за да го добие тоа што го посакува.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2016 во 08:28

Кигаку хороскоп: Кои денови ќе ви бидат среќни во март?


Откријте кои денови се добри за остварување на плановите, а кои денови се поволни за љубов и пријателства?

kigaku-horoskop-koi-denovi-ke-vi-bidat-srekni-vo-mart-01.jpg

Дека секој ден не е ист, веруваат азиските народи, па затоа се трудат да прават сè во свое време.

Така настанал овој кигаку хороскоп кој може да ви предвиди кој ден за што е поволен, во текот на еден месец.

Конкретно, календарот со среќни и несреќни денови за март изгледа вака:

kigaku-horoskop-koi-denovi-ke-vi-bidat-srekni-vo-mart-02.jpg

Таиан - Среќен ден

Одличен за почеток на нови работи, отворање бизнис, градење дом, преселување или пат. Односно, за секаков почеток.


Шјаку - Среќно пладне

Овој ден имате среќа само помеѓу 12 и 14 часот на пладне. Утрото и попладнето не се добри за новитети и промени.


Томобики - Јави се на пријателите

Ова е ден за дружење со блиските, но и ден кога со активностите кои вие ги правите позитивно влијаете на околината.


Сакимаке - Среќно попладне

Ова е ден кога имате среќа само попладне. Наутро се препорачува да намалите со активностите.


Буцумецу - Лош ден

Овој дене е добар за нови почетоци, селење или пат. Одложете се што може и бидете пасивни.


Сакигаци - Среќно утро

Претпладнето ви е посреќен дел од денот, па затоа сите обврски завршете ги рано наутро. Попладнето и вечерта мирувајте.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2016 во 14:20

КОИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ГО ПРОСТУВААТ НЕВЕРСТВОТО

19

Некогаш љубовта не оди многу мазно и се појавуваат некои ситни проблеми но и изневерување од страна на едниот партнер.

Некои успеваат да поминат преку тоа, додека за други тоа значи крај на врската.

Во продолжени прочитајте кои хороскопски знаци имаат големо срце и пред се најголемо разбирање во овие критични ситуации.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците се познати по својата променливост. Тие на партнерот кој ги изневерил ќе му кажат дека му простуваат, но тој цело време ќе се прашува дали тоа е вистина. Но најверојатно Близнаците со тек на време ќе го простат тоа предавство бидејќи тие тешко се одвојуваат од саканата личност.

РАК

Раковите се емотивни личности кои брзо се врзуваат. Поради својата добрина ќе ја простат индискрецијата на својот сакан ако тој искрено се покае и покаже дека му е жал за тоа што се случило. Но она од што партнерот нема да се “спаси“ се долги разговори со многу објаснување зошто го сторил тоа.

ВАГА

Вагите го сакаат својот мир и ќе направат се за ситуацијата околу нив да е таква. Од таа причина лесно ја простуваат изневерата на партнерот.
Но, за Вагата да помине преку тоа потребно и е да сфати зошто партнерот го направил тоа. Дури потоа ќе продолжи да живее по својот тек.

ВОДОЛИЈА

Водолијата и Вагата спаѓаат во воздушни знаци кои сакаат мир. Па затоа Водолијата е полна со разбирање и знае дека луѓето грешат, а простувањето и е нормална постапка која смета дека секој треба да ја направи.
Водолијата ќе “го преџвака“ изневерувањето дури тогаш кога ќе добие објаснување кое ќе ја задоволи.

РИБИ

Рибите се емотивци на кои љубовта им е се. Ако не простат чувствуваат константен притисок, па тоа е една од причините поради која ќе му го простат овој чин на партнерот. Иако нема да им биде лесно сепак за нив простувањето е единствено добро решение.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2016 во 14:21

КАКВА ДАМА САКА НЕГОВИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК


За да знаете како да го освоите неговото срце, прво треба да знаете што тој посакува од својата партнерка.

ОВЕН

Овенот сака акција. Бидете секогаш чекор пред него со идеите и поведете го вие во незаборавен ноќен провод.

БИК

На Бикот пријателите му се многу важни, но тешко ги наоѓа во својата средина. Затоа, ако сакате да го импресионирате направете забава и повикајте ги најинтересните луѓе кои сте ги запознале.

БЛИЗНАЦИ

Тој е вљубен во технологијата но и во иновациите. Покажете му што се можете да направите со женската штикла, верувајте тој ќе биде импресиониран.

РАК

На ракот хронично му недостасува разбирање. Интимна вечер со пријатна музика и топол поглед е доволно за да бидете единствената личност која ќе ги дознае сите негови тешки моменти од животот.

ЛАВ

Лавот е храбар, но му недостасува партнер кој ќе го следи во неговата храброст. Затоа направете нешто што ќе го импресионира и секако не заборавајте да го претставите пред вашите пријатели.

ДЕВИЦА

Иако тој живее од денес до утре, дамата која ќе ја организира својата недела однапред му е многу привлечна. Дајте му до знаење дека сте многу букирана и тој ќе се бори да освои место во вашиот распоред.

ВАГА

Бидете му поддршка и дивите му се искрено. Тој со вас ќе се чувствува како крал на универзумот и ќе биде неизмерно задоволен.

ШКОРПИЈА

Тој ја сака моќта и интелигентните дами. Тоа за вас треба да биде вистински предизвик и да се послужите со манипулативни техники.
Како? Па кога ќе чека внимание вие бидете незаинтересирана, а кога ќе помисли дека тоа е тоа и дека не ве интересира изненадете го со жежок бакнеж.

СТРЕЛЕЦ

Тој е авантурист и секоја акција надвор од градот е полн погодок. Само погрижете се на таа мала авантура да отидете сами за да ја задржите интимноста.

ЈАРЕЦ

Јарецот се интересира за макровселената, еволуцијата, револуцијата, вечниот живот, теориите на заговор. Затоа постојано вадете факти кои ќе ја задоволат неговата потреба и така ќе сака постојано да ве гледа.

ВОДОЛИЈА

Здодевни му се луѓето кои во се се сложуваат со него. Затоа започнете тема во која ќе заземете целосно спротивен став и добро ќе се спречкате, за потоа да можете да ги смирите страстите во прегратка.

РИБИ

Него го интересираат тајни бидејќи е опседнат со вистината и се сето она што е во човековата фантазија.
Поминете вечер во раскажување на вашите фантазии, но и вистински сцени од вашиот живот на кои ќе ви завидува, а во исто време ќе станете негова опсесија.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2016 во 08:00

Со какво деколте може да се пофали секој хороскопски знак?


Како што секој хороскопски знак има физички карактеристики по кои се одвојува од останатите, женските хороскопски знаци може да ги препознаете и по деколтето.

so-kakvo-dekolte-moze-da-se-pofali-sekoj-horoskopski-znak-1.jpg

За некои знаци карактеристично е бујното деколте, додека други сакаат да создадат илузија со полни градници. Трети пак, уживаат во малите гради.

Овен

Интересно е што најголемиот дел од манекенките се родени во овој знак, што значи дека нивните гради се едвај видливи. Сепак, жените родени во знакот на Овен не трошат многу пари на скапи градници, туку уживаат во слободата на малите гради.


Бик

Прекрасното деколте е заштитен знак за Биковите, барем додека не ја преминат 30-та година. Потоа гравитацијата си го прави своето. Можеби затоа се најсклони кон пластични операции и спротивставување на природата.


Близнаци

Жените Близнаци се ситни, но заоблени и многу креативни кога треба да ги истакнат градите. Верувајте дека после провокативната маичка со врвки нема да ве интересира точно колкави се.


Рак

Овие жени се витки и симпатични, но по правило имаат мали гради. Сепак, најдобро е да не им го кажете тоа. Наместо да коментирате, уживајте во нивните останати атрибути, како на пример задникот кој е нивен заштитен знак.


Лав

Природата за Лавиците е прилично дарежлива. Тие ги имаат најголемите гради помеѓу женските хороскопски знаци и главно тоа е тоа по што спротивниот пол ги памети. Не се плашат да покажат со што располагаат.


Девица

Девиците не се горди на своето деколте, па често го кријат, иако не изгледа баш мало. Тие се перфекционисти кои не се задоволни од симетричноста на своите гради, па затоа секој комплимент им е добредојден.


so-kakvo-dekolte-moze-da-se-pofali-sekoj-horoskopski-znak-2.jpg

Вага

Имаат доволно за сите и главно затоа никој не ги гледа во очи. Можеби не сакаат толку многу да го разголуваат деколтето колку што сакаат да шетаат без градник.


Скорпија

Знае со што располага и сака да ги разголи квалитетите. Има пристојна големина на гради, но никогаш не се симетрични. Сепак, ако Скорпијата реши да не носи градник, бидете подготвени дека вниманието ќе ви биде на минимум.


Стрелец

Жените стрелци имаат мали гради, но обожаваат да ги покажуваат. Дури и ако носат А корпи, тоа ќе биде полн градник и деколте до папокот. Кога е потопло, може и намерно да го заборават градникот.


Јарец

Жените во овој знак ги имаат најчувствителните гради и само со нивна стимулација може да доживеат оргазам. Што се однесува до изгледот, може да се пофалат со симетрични гради на кои добро им прилега секој градник и блуза.


Водолија

Градите на Водолиите обично се совршени за мажите кои се привлечени од големината. После Лавовите, овие жени се вистински среќнички кога сакаат да се разголат. Единствен недостаток е што не може да не носат градник, затоа што гравитацијата и големината не одат заедно.


Риби

Еден збор - совршенство. Не носат често деколте, така што ќе ви треба време да откриете каков облик и големина имаат. Сразмерното деколте со прекрасно негувана кожа е квалитетот со кој Рибите може да се пофалат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2016 во 22:21


abe ova prirodata da ne si poigrala so mene..
едно е - не се две
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2016 во 15:54

ОВА СЕ ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ КОИ ЌЕ ОСТАНАТ СИНГЛ ЗАСЕКОГАШ!

1

Тоа не значи дека овие три хороскопски знаци се предодредени да биде самци, туку само ќе мора да обрнат внимание на некои црти од својот карактер поради кои среќната врска им „бега“ многу полесно отколку на другите.

Близнаци

За Близнаците карактеристична е љубопитната, речиси детската природа. Токму таа преголема љубопитност ги тера во истражување на светот и запознавање на најразлични луѓе. Во тоа им помага нивната комуникативност и тоа што кон луѓето секогаш се пријателски настроени. Ретко кога имаат каков било вид на предрасуди па токму таа особина често ги вовлекува во емотивни невољи. Накратко, ова е најневерниот знак во Зодијакот. За Близнаците е карактеристично за партнер неретко да одберат недостапна личност – или некоја која е сосема незаинтересирана за нив, или некоја која е веќе во врска или во брак. Ако првиот случај е во прашање, во состојба се неутешно да страдаат, но не се откажуваат, бидејќи се убедени дека другата страна сепак ќе се промени. Голем проблем на Близнаците е тоа што главата често им е во облаците па не ја гледаат реално состојбата на работите. Оваа нивна маана доаѓа до израз и кога ќе се вљубат и отпочнат врска со зафатена личност. Сметаат дека е доволно да се биде внимателен и стрплив, па се ќе се преиначи во нивна корист. Бидејќи тоа најчесто не се случува, ќе изгубат многу време во исчекувањето на она што го посакуваат и на крајот ќе бидат сосема скршени. Најлошо од се е што тие навистина сакаат брак и деца, но во повеќето случаи не одбираат адекватна личност за реализација. Имајќи предвид дека се многу друштвени и се движат насекаде, запознаваат многу луѓе, а некои од нив им изгледаат интересни, но за нив се само краткротрајна врска. Дури и ако со некого отпочнат семеен живот, среќата е со краток век. Близнаците најмногу ги интригираат новитети и предизвици, но наместо да ги бараат секогаш и наново во некој друг, можеби би требало да бараат начин како да ја зачинат својата врска.
Лав

Вистински претставник на огнен знак – енергичен, забавен и динамичен, така што освојува каде што ќе се појави. Исклучително се зборлести па го привлекуваат вниманието на спротивниот пол, што им овозможува остварување на најголемите желби – да бидат обожавани и во центарот на вниманието. Врските во кои влегуваат често се исклучиво од сексуална природна, иако другата страна неретко очекува нешто повеќе од тоа. Лавовите се вистински срцекршачи и не водат многу сметка дали некого ќе повредат, дури и кога станува збор за личност со која имаат деца. Меѓутоа, како по правило, и за него секогаш ќе се најде некој кој е фатален. Тогаш е во состојба на таа личност да и го понуди целиот свет, да и приреди најлуди изненадувања и да ја искаже својата љубов на многу необични начини. Колку и да е таа врска интензивна и полна со страст, Лавот на крајот најчесто останува сосема уништен, бидејќи другата страна не може да ја поднесе импулсивноста, брзите одлуки и претераниот авантуризам на еден Лав. Всушност, голем проблем на Лавот е тоа што сака личноста која ја сака секогаш да биде тука за него, а за себе смета дека сепак најдобро функционира кога ништо не го попречува. Без оглед на врската и врскичките по таа фатална љубов, тој најчесто староста ја поминува осамен, размислувајќи за тоа како животот би му бил сосема поинаков доколку останале заедно.

Водолија

Водолиите се исклучително интелигентни и елоквентни, што во комбинација со нивниот шарм ги прави неодоливи. Меѓутоа, тоа во нивниот случај најчестоо не е предуслов за среќа и емотивна исполнетост. Знаат добро да ги советуваат другите за љубовни проблеми, но кога станува збор за нив, тие самите паѓаат во бездна. Секогаш го слушаат срцето и често се впуштаат во врски со оние кои не се добри за квалитетен емотивен однос. Иако на Водолијата тоа од почетокот и е јасно, хазардерската природа ги тера да останат во таа врска, бидејќи ги интересира што ќе биде на крајот. Воопшто не знаат да тактизираат, а на партнерот му се предаваат не 100 туку 200 отсто. Дури и кога ќе влезат во некоја макар приближно нормална врска, на нејзиниот партнер најчесто му пречи тоа што Водолијата не ја интересираат нормите и што на светот гледа со поинакви очи од повеќето луѓе. Кога ќе почувствува дека другата страна се обидува да ја зароби, извесно време можеби ќе се обидува да се адаптира, но најчесто бега како од ѓавол. Тоа ќе го направи дури и ако е во прашање семејство, бидејќи на Водолијата и е помалку важен привидот на идилично семејство од сопствената слобода. Водолијата не сака да игра по ничии правила, туку да живее според сопствените. Во повеќето случаи, за тоа плаќа со самотијата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 144145146147148 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.