IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Филозофија и психологиjа
  Активни теми Активни теми RSS - Што мислите за денешната младина?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што мислите за денешната младина?

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Angel-Miranda Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Март.2015
Статус: Офлајн
Поени: 143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Angel-Miranda Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Што мислите за денешната младина?
    Испратена: 09.Февруари.2016 во 20:39
Не видов ваква тема, а ако има избришете ја слободно. Што мислите за младината денес? По сѐ што видов, решив да ја отворам темата. Девојчињата се прават жени со сила, а имам приметено дека и машките прават женски потези. Исто можам да кажам дека е многу невоспитана и разгалена. Порано дружењето беше многу забавно, а сега од компјутерите, телефоните, таблетите и уште не знам што подалеку не знаат да се тргнат. Затоа не знаат два реда муабет да направат. Порано речиси секој знаеше да се изразува, а сега најфраер е тој што пцуе, кажува погрдни зборови. Кај кого е најголемата вина за такво однесување според вас?
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2016 во 14:33

Го мислам сигурно она што мајка ми го мислела за мојата генерација. голема насмевка Или нејзината мајка за генерацијата на мајка ми.... и така со ред наназад...

Во многу нешта се согласувам со тебе, но не знам дали треба и кај кого да бараме вина.
Едноставно општеството и времето си го носат своето.
И ги моделираат генерациите во некои нови “калапи“, кои се поразлични од нашите и затоа ни се чудни и несфатливи.... не знам


Кон врв
Суада Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Април.2015
Статус: Офлајн
Поени: 311
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Суада Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2016 во 14:58
Технологијава го направила човека да биде ѕвер.
Неприметно, све влијае врз нас, модеризираното време, од година до година стануваме нешто што не сме, се променуваме исто како времето.

Еве имам 23 години, не користам освен лаптопов ништо, ни мобилен.
Ми стои мобилниот у фиока, батериите ми се расипуваат.
Тоа на мојата генерација им е чудно, ме прашуваат кога и да излеземе еве пример на кафе, како функционирам без тие работи. Па имам домашен, мајку му стара.
Како во добата на татко ми функционирале, кога бил на мои години, а еве немало мобилни телефони.

Родителите се тие што го расипуваат детето.

Што од го сака своето чедо, кога ќе го роди одма у рака му става таблет и најскуп мобилен за со нив да си игра, за да кога ќе има 5 години, да носи наочари.

Родителот е тој што треба најмногу да разговара со своите деца.
Ама што можеме ние, кога и тие се исти, технологијава и нив ги спобудале?

Тачно тука влијае и околината, ама зошто пример врз мене не влијаела?
Како и да е, нема да кажам дека ми е совршено сега во оваа доба, бидејќи сум воспитана на еден сасвим поинаков начин, со поинакви работи, сега не ми е лесно. Да бев воспитана како и сите други девојки од мојата возраст, сега ќе ми беше супер. Не функционирам нормално, бидејќи не знам како во овој свет, се губам. Јас знаев еден друг. Имав среќно да речам така детство, додека сите мои другарки имале дечковци, се јебеја со нив, јас одев по паркови, седнував на лулашките и се љуљав... Си играв таму со помалите деца, а јас толкава магарица!
Интересно ми беше.
Денешнава младина е КАТАСТРОФА, најгрубо пишано.

Се натпреваруваат во тоа кој повеќе некого ќе навреди, омаловажи, испцуе и сл.
Што очекуваме од лица што се запишуваат на факултет општа медицина, а измеѓу кога имаат по два часа паузи одат по кафичи, пушат и пијат ракија, одат по паркови, пушат марихуана, а кога е сабота и недела одат по дискотеките да се опуштат и зимаат екстази. Тоа за нив преставува опуштање. Ова го имам видено со свои очи. Дали родителите на тие деца, знаат каде се, што прават и со кого се?
Едноставно не ги интересира, зошто е тоа така? Затоа што и тие си се швалеруваат и се убедуваат дека мора да биде така и нивните деца се најдобри и најфини и најпримерни, напротив, мене ќе ме напраат луда и ментална, за во бардовци. Не ги осудувам, времето е такво

Вината е сепак до тие лица што стануваат родители. Корегирајте ме,ако не е така.

Секако, ќе ми речете дека не е, крајно вие се жртвувате, бла, бла, бла...
Ама не доволно, детето сака МНОГУ, МНОГУ РАЗГОВОР, да бидете другар со него...
Имав искушенија премногу во животов, сум седела со другарка во клупа у парк, она пуши марихуана, ме нуди, ја нејќам. Зошто?
Затоа што мене ме учеле да не паѓам на пороци и не ми е кажано пример тоа еднашка... Дека убавите работи не се во Марихуана, опуштањето пример не е тоа да голтнеш екстаза, туку иди во природа, гледај ги дрвјата, убавините на природата, слушај ја тишината, кога не ти е добро... Збори си со природата, невозможно делува на човека.
Толку од мене на темава!

А,да... Забораив да пишам, сакав да кажам уште нешто.
Некаде прочитав за нашите пекамбери и му вели, едниот на другиот...

- „детето е воспитано уште пред 25 години, пред оно самиот да се роди“...

Све е јасно!

Изменето од Суада - 17.Февруари.2016 во 15:09
Доаѓам тука-себеси се брукам...
Ми идИ во глава да си пукам
Хехе
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2016 во 14:04
Побрзо да си купат виртуелна опрема и никако да не излегуваат од дома, зашо ке научат нешто и можи глава да ги боли ,или во најлош случај ако си фатат дечко/девојка, ке им останат профилите не отворени .....
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2016 во 17:34
На зидовите по куќите на Помпеи (за сpеќа сочувани од вулканската прашина) се среќaваат истите графити - како младината е забегана, младината е расипана, светот ќе пропадне со такви млади луѓе, колку се некултурни младите, колку се безобразни…
 
А јас би додал, како постарите генерации секогаш велеле дека токму нивното време било најдобро, тие биле најпаметни, тие деновите ги минувале најкреативно, тие знаеле да се дружат на убав начин, тие знаеле што е културно однесување…

… cамо забораваат да ги прегледаат забелешките, нa тогаш постарите генерации, кои биле правени на нивна сметка. голема насмевка


НИШТО НОВО ПОД ОВА ВЕЧНО НЕБО ма ајде













Изменето од Messenger - 02.Март.2016 во 20:26
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2016 во 20:02
на денешната младина (зборам за луѓе околу мојата возраст) можам да и замерам само една работа, што не е амбициозна и што не се труди да го смени светов, или барем а си го исполни животот бркајќи некој сопствен сон по пат... наместо тоа ја продолжува традицијата на безрбетници и менталитетот „снајди се па живеј“ учејќи од постарите

кратко кажано, премногу се жали, а премалку прави
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2016 во 21:11


Originally posted by zabegan zabegan напиша:


кратко кажано, премногу се жали, а премалку прави

Потполно се сложувам со кажаново. 

Ова го забележувам како генерално прифатено однесување на младите низ светов (барем каде што сум живеел и патувал)… некаде повеќе, некаде помалу, но воглавно е сегдеприсутно.

Мислам дека со време премногу се социјализираа (welfare) некои работи во опшетствата, истите се допушти премногу да се злоупотребуваат и на крајот стана сосем прифатливо за неактивноста, немотивираноста, безидејноста и мрзливоста да се наоѓа некој трет виновник - ЛИЧНАТА ОДГОВОРНОСТ стана филозофски поим без практична вредност.

Тоа ќе го донесе модерново општество пред големи проблеми… кога негувате генерации со ваков ментален склоп тогаш не може да очекувате просперитетна иднина преку ноќ.

Ја знаете приказната за Мојсие кој ги водел евреите 40 години низ пустина, нели?
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Суада Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Април.2015
Статус: Офлајн
Поени: 311
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Суада Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2016 во 00:08
Не ја знаеме. Раскажи ни ја.

Јас де не ја знам, да не зборувам во името на сите.
Кој бил тој Мојсеј, од каде идел-до каде и шо напраиле тие



Изменето од Суада - 03.Март.2016 во 00:10
Доаѓам тука-себеси се брукам...
Ми идИ во глава да си пукам
Хехе
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2016 во 05:26
Originally posted by Суада Суада напиша:

Не ја знаеме. Раскажи ни ја.

Јас де не ја знам, да не зборувам во името на сите.
Кој бил тој Мојсеј, од каде идел-до каде и шо напраиле тие


Мојсие = Mûsâ ibn Amram, Mūsa.

Приказната за Мојсие, кога ги носел евреите кон ветената земја, сум ја кажал повеќе пати, па затоа не сакав да се повторувам.

Имено, Мојсие ги водеше евреите преку пустина неверојатни 40 години или преведено на конкретна далечина - околу 10 километри на година

Што било поентата на таквиот ексодус?

Па работата во суштина е многу едноставна. Тој не можел да изгради ново општетсво, кое морало да се базира на нова свест, свест на слободни луѓе (родени и одгледани во слобода) доколку првин не умрат оние кои се родиле и живееле во ропство. Најмалото потребно време за тоа cе две генерации, а две генерации се 40 години.

Префрлено на нашата состојба во Mакедонија - ние сме независна држава која сега опстојува во капиталистички демократски односи само 25 години. Во неа с'е уште владеат витални сили создадени и негувани во минатото cо менталитет, начин на живеење и очекување од општеството оноа што веќе не постои и мора да биде одминато. С'е додека тоа не се случи не може да се гради новото општество во новите услови и со новите очекувања и барања.

Кажувајќи го ова, јас немам никакви илузии дека нештата во менталитетoт драстично ќе се променaт и после 25 години (како што спомнав во претходниот коментар таквиот менталитет, повеќе или помалу, постои насекеде низ светот), но верувам дека тој ќе биде сепак подруг од овој сега. 


















Изменето од Messenger - 03.Март.2016 во 05:28
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2016 во 09:13

Приказната за Мојсеј е точно доловена но фабулизирана врз принцип на пацифизам...
За разлика од Мојсеј во не така далечно минато ,Германија беше земја која претрпи огромни загуби.Ја изгуби војната,плакаше огромни оштети,криминал од колосални размери,банкарскиот сектор во рацете на мала група луге кој преку манипулации го држеа народот и стопанството во јарем за да се борат за гола егзистенција...но !
Се пајавува Националсоцијалистичката германска работничка партија,а потоа фигурите Вагнер,Хитлер....Гебелс и др. преку милитаризам и филозофија на цврст дух во прекраток рок го сменаа целосно опшеството   и сервилниот ментален склоп во народот ,а резултат на тоа е и денес јаката Германија.
Не е потребна 40 годишна сага, потребна е визија и силен дух за нештото да се оствари.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2016 во 19:40


Свеста на сервилниот германски народ, потчинет од безбројните принцови и барони почна да се менува со француската револуција, а тоа е во 18 век.

На почетокот дури германците станаа Наполеонови подржувачи надевајќи се дека препородот ќе стигне и кај нив. Тие го гледаа индиферентно анексирањето на левиот брег од Рајна, губењето на војната од страна на Австрија и Прусија, распаѓањето на Светата Империја и раѓањето на Рајнската Конфедерација.

Тие кренаа раце од навивањето и почнаа да ги мразат французите кога се изморија и исцрпија од долготрајните војни.

Од пред сто години германците, од послушни селани предодредени да им плаќаат даноци на земјопоседниците, се преточија во слободни луѓе кои беа предводени од Schiller и GoetheHerder и Kant, Mozart и Beethoven, а нивниот лајтмотив беше слобода.

Значи во последниве 200 години германската историја се дели на два динстиктивни тренда. Првиот, кој трае околу еден век, е усмерен кон слободата, човечките права и самоопределувањето. Овој индивидуализам резултираше со пропаѓање на автократското владеење, етаблирање на демократијата, еволуција на капитализмот и незапомнетото растење на стандардот на живеење.

Вториот век беше период кога индивидуализмот почна да се повлекува на сметка на државната сила. Луѓето почнаа с'е повеќе да се одрекнуваат од своите слободи стекнати во претходното време и истите да ги инвестираат во с'е поголем и посилен државен апарат - нешто што последователно донесе до државен тоталитаризам во кој сите човечки вредности и збиднувања беа менаџирани и контролирани од страна на државата. Германскиот Freizeitgestaltung стана официјална државна идолотарија, слично како што сакаше Ленин да конструира за сиот свет преку комунистичката револуција во Русија. 

Нацистите кои се појавија после Првата Светcка Војна, како реакција на драконските мерки од страна на победничките врз Германија и големата економска криза, a немаа за цел да сменат ништо од дотогашниот пат на Deutsches Reich. Тие само уште посилно го фаворизираа државниот тоталитаризам, сега силно потпрен со национал-социјализмoт

Така што, тврдењето дека сето тоа се случи само во периодот меѓу двете светски војни не е точно. Можеби само така излгеда на прв поглед, но историјата покажува дека е многу подолг од само две генерациисреќа



П.С. Кога сме веќе кај генерациите, ајде да го кажеме и ова. Двете генерации од Библијата се симбол кој мора да се земе како некаква парабола дека потребни се повеќе генерации за да се променат нештата, а не конкретно само две генерации.

Историјата безброј пати докажала дека во суштина потребни се три генерации нешто да се појави и изгуби. Првата генерација создава, втората одржува (таа само стекнала, а не се изборила за добиеното и нема порив да продолжи како првата), а третата сето тоа го искористува и уништува ( таа не знае како се стекнува, нема интерес да одржува и само сака да го искористи подареното).



Само овој муабет, колку и да е интeресен,  не оддалечи од темата.















Изменето од Messenger - 04.Март.2016 во 07:42
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2016 во 19:50
Младината секогаш била и ќе остане уништувач на старите и градител на нови норми во општеството.

Така било отсекогаш и така ќе остане. 





Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Angel-Miranda Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Март.2015
Статус: Офлајн
Поени: 143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Angel-Miranda Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2016 во 15:26

Еве го доказот за денешната младина.На оваа што зборува ми доаѓа да ја треснам од земја,многу убаво си го научила детето.

http://www.youtube.com/watch?v=0GBfuCTuAqY

Изменето од Angel-Miranda - 29.Март.2016 во 15:28
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.