|
Што мислите за денешната младина? |
Внеси реплика |
Автор | |
Angel-Miranda
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 24.Март.2015 Статус: Офлајн Поени: 143 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 09.Февруари.2016 во 20:39 |
Не видов ваква тема, а ако има избришете ја слободно. Што мислите за младината денес? По сѐ што видов, решив да ја отворам темата. Девојчињата се прават жени со сила, а имам приметено дека и машките прават женски потези. Исто можам да кажам дека е многу невоспитана и разгалена. Порано дружењето беше многу забавно, а сега од компјутерите, телефоните, таблетите и уште не знам што подалеку не знаат да се тргнат. Затоа не знаат два реда муабет да направат. Порано речиси секој знаеше да се изразува, а сега најфраер е тој што пцуе, кажува погрдни зборови. Кај кого е најголемата вина за такво однесување според вас?
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Го мислам сигурно она што мајка ми го мислела за мојата генерација. Или нејзината мајка за генерацијата на мајка ми.... и така со ред наназад... Во многу нешта се согласувам со тебе, но не знам дали треба и кај кого да бараме вина. Едноставно општеството и времето си го носат своето. И ги моделираат генерациите во некои нови “калапи“, кои се поразлични од нашите и затоа ни се чудни и несфатливи.... |
|
Суада
Сениор Регистриран: 25.Април.2015 Статус: Офлајн Поени: 311 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Технологијава го направила човека да биде ѕвер.
Неприметно, све влијае врз нас, модеризираното време, од година до година стануваме нешто што не сме, се променуваме исто како времето. Еве имам 23 години, не користам освен лаптопов ништо, ни мобилен. Ми стои мобилниот у фиока, батериите ми се расипуваат. Тоа на мојата генерација им е чудно, ме прашуваат кога и да излеземе еве пример на кафе, како функционирам без тие работи. Па имам домашен, мајку му стара. Како во добата на татко ми функционирале, кога бил на мои години, а еве немало мобилни телефони. Родителите се тие што го расипуваат детето. Што од го сака своето чедо, кога ќе го роди одма у рака му става таблет и најскуп мобилен за со нив да си игра, за да кога ќе има 5 години, да носи наочари. Родителот е тој што треба најмногу да разговара со своите деца. Ама што можеме ние, кога и тие се исти, технологијава и нив ги спобудале? Тачно тука влијае и околината, ама зошто пример врз мене не влијаела? Како и да е, нема да кажам дека ми е совршено сега во оваа доба, бидејќи сум воспитана на еден сасвим поинаков начин, со поинакви работи, сега не ми е лесно. Да бев воспитана како и сите други девојки од мојата возраст, сега ќе ми беше супер. Не функционирам нормално, бидејќи не знам како во овој свет, се губам. Јас знаев еден друг. Имав среќно да речам така детство, додека сите мои другарки имале дечковци, се јебеја со нив, јас одев по паркови, седнував на лулашките и се љуљав... Си играв таму со помалите деца, а јас толкава магарица! Интересно ми беше. Денешнава младина е КАТАСТРОФА, најгрубо пишано. Се натпреваруваат во тоа кој повеќе некого ќе навреди, омаловажи, испцуе и сл. Што очекуваме од лица што се запишуваат на факултет општа медицина, а измеѓу кога имаат по два часа паузи одат по кафичи, пушат и пијат ракија, одат по паркови, пушат марихуана, а кога е сабота и недела одат по дискотеките да се опуштат и зимаат екстази. Тоа за нив преставува опуштање. Ова го имам видено со свои очи. Дали родителите на тие деца, знаат каде се, што прават и со кого се? Едноставно не ги интересира, зошто е тоа така? Затоа што и тие си се швалеруваат и се убедуваат дека мора да биде така и нивните деца се најдобри и најфини и најпримерни, напротив, мене ќе ме напраат луда и ментална, за во бардовци. Не ги осудувам, времето е такво Вината е сепак до тие лица што стануваат родители. Корегирајте ме,ако не е така. Секако, ќе ми речете дека не е, крајно вие се жртвувате, бла, бла, бла... Ама не доволно, детето сака МНОГУ, МНОГУ РАЗГОВОР, да бидете другар со него... Имав искушенија премногу во животов, сум седела со другарка во клупа у парк, она пуши марихуана, ме нуди, ја нејќам. Зошто? Затоа што мене ме учеле да не паѓам на пороци и не ми е кажано пример тоа еднашка... Дека убавите работи не се во Марихуана, опуштањето пример не е тоа да голтнеш екстаза, туку иди во природа, гледај ги дрвјата, убавините на природата, слушај ја тишината, кога не ти е добро... Збори си со природата, невозможно делува на човека. Толку од мене на темава! А,да... Забораив да пишам, сакав да кажам уште нешто. Некаде прочитав за нашите пекамбери и му вели, едниот на другиот... - „детето е воспитано уште пред 25 години, пред оно самиот да се роди“... Све е јасно! Изменето од Суада - 17.Февруари.2016 во 15:09 |
|
Доаѓам тука-себеси се брукам...
Ми идИ во глава да си пукам Хехе |
|
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Побрзо да си купат виртуелна опрема и никако да не излегуваат од дома, зашо ке научат нешто и можи глава да ги боли ,или во најлош случај ако си фатат дечко/девојка, ке им останат профилите не отворени .....
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На зидовите по куќите на Помпеи (за сpеќа сочувани од вулканската прашина) се среќaваат истите графити - како младината е забегана, младината е расипана, светот ќе пропадне со такви млади луѓе, колку се некултурни младите, колку се безобразни… А јас би додал, како постарите генерации секогаш велеле дека токму нивното време било најдобро, тие биле најпаметни, тие деновите ги минувале најкреативно, тие знаеле да се дружат на убав начин, тие знаеле што е културно однесување… … cамо забораваат да ги прегледаат забелешките, нa тогаш постарите генерации, кои биле правени на нивна сметка. НИШТО НОВО ПОД ОВА ВЕЧНО НЕБО Изменето од Messenger - 02.Март.2016 во 20:26 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
на денешната младина (зборам за луѓе околу мојата возраст) можам да и замерам само една работа, што не е амбициозна и што не се труди да го смени светов, или барем а си го исполни животот бркајќи некој сопствен сон по пат... наместо тоа ја продолжува традицијата на безрбетници и менталитетот „снајди се па живеј“ учејќи од постарите
кратко кажано, премногу се жали, а премалку прави
|
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Потполно се сложувам со кажаново. Ова го забележувам како генерално прифатено однесување на младите низ светов (барем каде што сум живеел и патувал)… некаде повеќе, некаде помалу, но воглавно е сегдеприсутно. Мислам дека со време премногу се социјализираа (welfare) некои работи во опшетствата, истите се допушти премногу да се злоупотребуваат и на крајот стана сосем прифатливо за неактивноста, немотивираноста, безидејноста и мрзливоста да се наоѓа некој трет виновник - ЛИЧНАТА ОДГОВОРНОСТ стана филозофски поим без практична вредност. Тоа ќе го донесе модерново општество пред големи проблеми… кога негувате генерации со ваков ментален склоп тогаш не може да очекувате просперитетна иднина преку ноќ. Ја знаете приказната за Мојсие кој ги водел евреите 40 години низ пустина, нели? |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Суада
Сениор Регистриран: 25.Април.2015 Статус: Офлајн Поени: 311 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не ја знаеме. Раскажи ни ја.
Јас де не ја знам, да не зборувам во името на сите. Кој бил тој Мојсеј, од каде идел-до каде и шо напраиле тие Изменето од Суада - 03.Март.2016 во 00:10 |
|
Доаѓам тука-себеси се брукам...
Ми идИ во глава да си пукам Хехе |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мојсие = Mûsâ ibn Amram, Mūsa. Приказната за Мојсие, кога ги носел евреите кон ветената земја, сум ја кажал повеќе пати, па затоа не сакав да се повторувам. Имено, Мојсие ги водеше евреите преку пустина неверојатни 40 години или преведено на конкретна далечина - околу 10 километри на година! Што било поентата на таквиот ексодус? Па работата во суштина е многу едноставна. Тој не можел да изгради ново општетсво, кое морало да се базира на нова свест, свест на слободни луѓе (родени и одгледани во слобода) доколку првин не умрат оние кои се родиле и живееле во ропство. Најмалото потребно време за тоа cе две генерации, а две генерации се 40 години. Префрлено на нашата состојба во Mакедонија - ние сме независна држава која сега опстојува во капиталистички демократски односи само 25 години. Во неа с'е уште владеат витални сили создадени и негувани во минатото cо менталитет, начин на живеење и очекување од општеството оноа што веќе не постои и мора да биде одминато. С'е додека тоа не се случи не може да се гради новото општество во новите услови и со новите очекувања и барања. Кажувајќи го ова, јас немам никакви илузии дека нештата во менталитетoт драстично ќе се променaт и после 25 години (како што спомнав во претходниот коментар таквиот менталитет, повеќе или помалу, постои насекеде низ светот), но верувам дека тој ќе биде сепак подруг од овој сега. Изменето од Messenger - 03.Март.2016 во 05:28 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Приказната за Мојсеј е точно доловена но фабулизирана врз принцип на пацифизам... За разлика од Мојсеј во не така далечно минато ,Германија беше земја која претрпи огромни загуби.Ја изгуби војната,плакаше огромни оштети,криминал од колосални размери,банкарскиот сектор во рацете на мала група луге кој преку манипулации го држеа народот и стопанството во јарем за да се борат за гола егзистенција...но ! Се пајавува Националсоцијалистичката германска работничка партија,а потоа фигурите Вагнер,Хитлер....Гебелс и др. преку милитаризам и филозофија на цврст дух во прекраток рок го сменаа целосно опшеството и сервилниот ментален склоп во народот ,а резултат на тоа е и денес јаката Германија. Не е потребна 40 годишна сага, потребна е визија и силен дух за нештото да се оствари. |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свеста на сервилниот германски народ, потчинет од безбројните принцови и барони почна да се менува со француската револуција, а тоа е во 18 век. На почетокот дури германците станаа Наполеонови подржувачи надевајќи се дека препородот ќе стигне и кај нив. Тие го гледаа индиферентно анексирањето на левиот брег од Рајна, губењето на војната од страна на Австрија и Прусија, распаѓањето на Светата Империја и раѓањето на Рајнската Конфедерација. Тие кренаа раце од навивањето и почнаа да ги мразат французите кога се изморија и исцрпија од долготрајните војни. Од пред сто години германците, од послушни селани предодредени да им плаќаат даноци на земјопоседниците, се преточија во слободни луѓе кои беа предводени од Schiller и Goethe, Herder и Kant, Mozart и Beethoven, а нивниот лајтмотив беше слобода. Значи во последниве 200 години германската историја се дели на два динстиктивни тренда. Првиот, кој трае околу еден век, е усмерен кон слободата, човечките права и самоопределувањето. Овој индивидуализам резултираше со пропаѓање на автократското владеење, етаблирање на демократијата, еволуција на капитализмот и незапомнетото растење на стандардот на живеење. Вториот век беше период кога индивидуализмот почна да се повлекува на сметка на државната сила. Луѓето почнаа с'е повеќе да се одрекнуваат од своите слободи стекнати во претходното време и истите да ги инвестираат во с'е поголем и посилен државен апарат - нешто што последователно донесе до државен тоталитаризам во кој сите човечки вредности и збиднувања беа менаџирани и контролирани од страна на државата. Германскиот Freizeitgestaltung стана официјална државна идолотарија, слично како што сакаше Ленин да конструира за сиот свет преку комунистичката револуција во Русија. Нацистите кои се појавија после Првата Светcка Војна, како реакција на драконските мерки од страна на победничките врз Германија и големата економска криза, a немаа за цел да сменат ништо од дотогашниот пат на Deutsches Reich. Тие само уште посилно го фаворизираа државниот тоталитаризам, сега силно потпрен со национал-социјализмoт. Така што, тврдењето дека сето тоа се случи само во периодот меѓу двете светски војни не е точно. Можеби само така излгеда на прв поглед, но историјата покажува дека е многу подолг од само две генерации. П.С. Кога сме веќе кај генерациите, ајде да го кажеме и ова. Двете генерации од Библијата се симбол кој мора да се земе како некаква парабола дека потребни се повеќе генерации за да се променат нештата, а не конкретно само две генерации. Историјата безброј пати докажала дека во суштина потребни се три генерации нешто да се појави и изгуби. Првата генерација создава, втората одржува (таа само стекнала, а не се изборила за добиеното и нема порив да продолжи како првата), а третата сето тоа го искористува и уништува ( таа не знае како се стекнува, нема интерес да одржува и само сака да го искористи подареното). Само овој муабет, колку и да е интeресен, не оддалечи од темата. Изменето од Messenger - 04.Март.2016 во 07:42 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Младината секогаш била и ќе остане уништувач на старите и градител на нови норми во општеството. Така било отсекогаш и така ќе остане. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Angel-Miranda
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 24.Март.2015 Статус: Офлајн Поени: 143 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве го доказот за денешната младина.На оваа што зборува ми доаѓа да ја треснам од земја,многу убаво си го научила детето. http://www.youtube.com/watch?v=0GBfuCTuAqY Изменето од Angel-Miranda - 29.Март.2016 во 15:28 |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |