IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Најдобрите скијачки центри во светот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најдобрите скијачки центри во светот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2011 во 20:45
Најголеми европски скијалишта
Топ листата на десетте најголеми скијачки подрачја во Европа покажува дека најдобри се швајцарските и француските скијалишта.

Се ближи сезоната на скијање. Најдобрите скијалишта нудат комплетна забава, од одличните писти и жичари до забави на снег. Иако бројни фактори влијаат на севкупниот квалитет, на вистинските љубители на скијањето најважни им се само пистите, а најголеми писти имаат следните скијачки подрачја:

Les Portes du Soleil

Се наоѓа покрај француско-швајцарската граница и со 650 километри писта создава најголемо европско но и светско скијачко подрачје. На скијачите им нуди вкупно 280 патеки (26 црни, 105 црвени, 112 сини и 37 зелени), 201 жичара, 9 забавни паркови и 89 ресторани.

Les Trois Vallées

Опфаќа три долини во Франција (Vallée des Belleville, Vallée de Méribel и Vallée de Courchevel) кои се одлично меѓусебно поврзани и зедно имаат 600 километарска писта и 180 жичари. Подрачјето е посебно популарно меѓу младите - една недела пред Божиќ се одржува традиционалниот „Boarderweek“.

Évasion Mont-Blanc

Со 450 километарската писта се наоѓа на третото место уште едно француско скијачко подрачје и тоа во сенка на 4810 метри високиот Mont-Blanc. На местото Megève скијачкиот туризам постои од дамнешната 1913 година, а подрачјето, помеѓу останатото, е популарно поради бројните патеки со длабок снег. Поради поволните локации, снегот во текот на зимските месеци не се намалува.

Davos Klosters

Се работи за најголемото скијачко подрачје кое во целост се наоѓа во Швајцарија (првото место Les Portes du Soleila го поделија со Французите). Davos е атрактивен град на највисока надморска височина во западна Европа, а скијалиштето има вкупно 427 километарска писта и 61 жичара. Местото се смета и за „помал брат на St. Mortiz“ бидејќи меѓу скијачите често се сретнуваат и познати личности.

Les Quatre Vallées

Четири долини во Швајцарија имаат патеки со вкупна должина од 410 километри и 92 жичари меѓу кои и најдобрата швајцарска жичара. Подрачјето често се наоѓа и на пописот на најдобри скијалишта на светот и тоа поради големината, количината на снегот и добрата вмреженост.

Останати...

Меѓу првите десет се наоѓаат и Engadin-St. Moritz, Matterhorn, Lenzerheide, L'Espace Killy te SkiWelt Wilder Kaiser - Brixental.



Изменето од ФорумскаБаба - 04.Мај.2011 во 20:47
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2011 во 21:31
Tignes - Francija
Tignes moze da vi gi ponudi edni od najubavite skijachki momenti pominati bilo koga, garantirajki sneg vo tekot na celata sezona.
Tignes e isto taka del od skijachkata oblast Espace Killy. Kako eden od najvisokite skijachki centri vo Evropa, Tignes moze da se pofali so snezna sezona se do April. Espace Killy skijachkata oblast nudi pristap do nad 300 kilometri skijachki pateki.
 
 
 
 
 
 
 
 
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2011 во 22:11
Европските зимски центри се сон за мене, голема желба имам да посетам некој од познатите центри во Европа.

Иначе со семејството зимно време претежно се забавувам на   

Монт Тремблант

или Лејк Плесид, релативно блиску ми се до местото на живеење.

Како што можам да видам по сајтовите цените по европските ски центри се баш онака солени за разлика од цените во просечните центри во Сев. Америка.
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2011 во 16:10
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

Европските зимски центри се сон за мене, голема желба имам да посетам некој од познатите центри во Европа.

Иначе со семејството зимно време претежно се забавувам на   

Монт Тремблант

или Лејк Плесид, релативно блиску ми се до местото на живеење.

Како што можам да видам по сајтовите цените по европските ски центри се баш онака солени за разлика од цените во просечните центри во Сев. Америка.


Zeksi71 vo Kanada zivees? Ili USA?
Lake Placid go imam poseteno vo prolet i se nadevam deka kje imam moznost da go posetam i vo zima. Mi se dopadna mestoto.

Imam zelba da go posetam i Whistler Blackcomb vo Kanada.

A vo Evropa ti gi preporachuvam Kitzbuhel vo Avstrija i Zermatt vo Shvajcarija.
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2011 во 08:32
во канада сум, а за европските центри, дај боже, ма било кај да отидам не е битно, само да е европа.


"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13921
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2011 во 19:03
-garmish/D
 
 shamoni/f
 
 /andora
 
provereno ., nema promash ., koj   mozhe neka ne propushta prilikaда


Изменето од pajser - 29.Декември.2011 во 19:05
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Macedonian85 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Август.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Macedonian85 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2012 во 04:12
Originally posted by BellaGrandma BellaGrandma напиша:



St. Moritz, Switzerland



[IMG]http://blog.hotelclub.com/wp-content/uploads/2009/01/st-moritz-switzerland_1.jpg">

[IMG]http://www.bestholidaydestinations.net/wp-content/uploads/2010/03/st-moritz-switzerland_21.jpg">


Еве уште за Сент Мориц, стварно преубаво место.
St.Moritz Switzerland
Кон врв
Macedonian85 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Август.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Macedonian85 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2012 во 04:16
Innsbruck , Austria Едно од подобрите австриски туристички места.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2013 во 19:51

Доломити или така наречените Доломитски Алпи се наоѓаат во североисточниот дел на Италија и се познати по одличните ски терени, исто како што се совршени за долги прошетки и планинарење.

fotografii-od-skijanje-na-dolomiti-italija-001

Ова место во Италија се смета за рај кога станува збор за скијачите – и за почетници и за професионалци. Тука се наоѓаат неколку од најпознатите европски скијачки центри.

Центарот за скијање во Доломити се состои од 12 посебни област, сите споени со најдолгиот ски лифт во светот.

Предноста е тоа што самите можете да одберете кога ќе го посетите. Во текот на зимата Доломитите се одлично место за снежните спортови заради пространите ски патеки, а кога ќе дојдат потоплите месеци ова место во Италија е создадено за искачување по карпите.

Вака изгледа овој снежен рај во текот на зимската сезона.

fotografii-od-skijanje-na-dolomiti-italija-01

fotografii-od-skijanje-na-dolomiti-italija-02

fotografii-od-skijanje-na-dolomiti-italija-03

fotografii-od-skijanje-na-dolomiti-italija-04

fotografii-od-skijanje-na-dolomiti-italija-05

fotografii-od-skijanje-na-dolomiti-italija-06

fotografii-od-skijanje-na-dolomiti-italija-07

fotografii-od-skijanje-na-dolomiti-italija-08

fotografii-od-skijanje-na-dolomiti-italija-09

fotografii-od-skijanje-na-dolomiti-italija-10

fotografii-od-skijanje-na-dolomiti-italija-11

fotografii-od-skijanje-na-dolomiti-italija-12

fotografii-od-skijanje-na-dolomiti-italija-13

fotografii-od-skijanje-na-dolomiti-italija-14

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2013 во 08:42

На помалку од 2 часа од Минхен, сместен е најдобриот ски ресорт во Австрија, а воедно и меѓу првите 10 во светот – Kitzbühel.

na-skijanje-vo-kitzbuehel-avstrija-1

Самиот град датира од пред речиси 800 години и скијањето овде е традиција со векови. Тиролскиот шарм, бројните ресторани, барови и ски терени се совршени за љубителите на зимските спортови.

Градот е окружен со 3 главни ски области: Jochberg Pass Turn, Kitzbüheler Horn и Hahnenkamm – последната е предизвик за професионалните скијачи и авантуристите.

Препознаена како област каде може да експериментирате со своите скијачки вештини или да бордате, овде може да најдете бројни туристи од целиот свет.

Ова е и популарна викенд дестинација заради близината до Минхен, Инсбрук и Салзбург. Резервација е задолжителна за сезонскиот период особено во месец Февруари.

Популарни ресторани: Најчесто сместени во самите хотели - Schloss Lebenberg и Hotel Restaurant Zur Tenne.

Ако сакате да испробате нешто слатко или да се напиете кафе - Café Praxmair.

Ако сте расположени за шопинг, можете да си дозволите скапи брендови како Lacoste, Prada, Gucci, Louis Vuitton и Dolce & Gabbana, но може и да ги ѕирнете некои од традиционалните Австриски брендови како Jochbergerstrasse и Sportalm.

За оние кои не скијаат: можност за лизгање на мраз, качување, калинг и уживање во некој од спа центрите.

na-skijanje-vo-kitzbuehel-avstrija-2

na-skijanje-vo-kitzbuehel-avstrija-3

na-skijanje-vo-kitzbuehel-avstrija-4

na-skijanje-vo-kitzbuehel-avstrija-5

na-skijanje-vo-kitzbuehel-avstrija-6



Изменето од Valerija - 30.Декември.2015 во 15:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2013 во 08:23

При изборот на зимските аранжмани, приоритетите се различни. Страсните скијачи одбираат ски центри со најбрзи и најдолги патеки.

top-10-skijacki-centri-vo-evropa-1-del-01

Скијачите кои патуваат со деца се одлучуваат за центри кои имаат содржини за најмладите. Ви ги претставуваме топ 10 ски центрите кои имаат за секого по нешто.

Оние кои не скијаат толку добро, а сакаат да бидат видени, одбираат монденски места.

1. Насфелд – Австрија

top-10-skijacki-centri-vo-evropa-1-del-1

Едно од најдобрите австриски ски центри е опремено со топови за вештачки снег поради малата надморска висина понекогаш недостасува природен снег.

Жичница: 30

Патека: 110

Надморска висина: 600-2002 м

Сончеви денови во сезона: 850

Висинска разлика на жичницата: 1200 м

Ноќна патека: 2,2 км

Ски центарот Насфелд не е само најголемо и најмодерно во Корушка, туку е и едно од десетте најдобри во Австрија. Жичниците се многу модерни, понудата за сместувачки капацитет е многу богата, а патеките се одлично уредени. Главната, модерна жичница Милениум Експрес е една од најмодерните во Европа.

Најдобра е црвено – црната патека која се спушта од врвот Трогоехеа, а посебно доживување е патеката Карина која со 1882 метри се спушта во должина од 7,6 км до долината.

Забава и гастрономија

Освен скијањето, тука има и разновидна забава. Постојат два забавни парка за сноуборд, патеки за скијачко трчање, осветлено ноќно скијање и санкање, лизгалиште и одлична гастрономска понуда.


2. Алта Бадиа – Италија

top-10-skijacki-centri-vo-evropa-1-del-2

Скијањето овде е посебно доживување. Нема гужва бидејќи нема големи хотели ниту дневни скијачи. Патеките се одлично подготвени, а жичниците се многу модерни и удобни.

Жичници: 53

Патеки: 130 км

Капацитет на жичниците: 78.000 на час

Надморска висина: 1500 м

Алта Бадиа е сместена во самото срце на Доломитите. Местата Ла Вила, Корвара, Колфоско, Педрацес, и Сент Касиан се поврзани со жичници и се сметаат како дел од големиот систем Села Ронда. Алта Бадиа е поврзана со ски центрите Араба, Канези, Фаса и Вал Гардена , што ја прави еден од најголемите и најубавите скијачки центри во светот. Скијачките карти може да се купат само за Алта Бадиа или како Супер Доломити кои важат за целиот регион на Доломитите. Многу околни врвови се на 3000 м надморска висина, а највисок е Мармолад, единственото глечерско скијачко место во овој дел на Италија. Понудата на ресторанот е одлична.

Сместување

Понудата за сместување во Алта Бадиа е разновидна, од хотелска до апартманска. Малку пооддалечените обично имаат комбе кое ги превезува своите гости до жичницата и доаѓа по нив во договорено време.


3. Бед Клеинкирхем – Австрија

top-10-skijacki-centri-vo-evropa-1-del-3

Мотото на овој ски центар е : „Од патека во спа“! Богато е со термални води, но и убави патеки со голем простор за уметничко скијање.

Жичници: 26

Патеки: 103 км

Надморска висина: 1100 – 2055 м

Највисок врв на жичницата: 2270 км

Патеки за санкање: 4 км

Термални води: 36 степени

Топови за снег: 470

Ова скијалиште се протега на две планини. До Каисербург, највисокиот врв, може да се возите на жичницата во двата правци. Најголемата жичница поминува покрај базенот Роемербад, а покрај неа до местото се спуштаат патеки од двете страни. Десната патека е позната како патека за спуст. Освен таа и уште две пострмни патеки, останатите се приспособени за „средни“ скијачи и главно се црвени и сини.

Пробајте ги домашните специјалитети

Гастрономската понуда е многу богата. За гостите кои не се на хотелскиот полупансион имаат повеќе можности за излегување на вечера во некој од рустичните ресторани во кои главно се нудат домашни специјалитети.


4. Кицбихел – Австрија

top-10-skijacki-centri-vo-evropa-1-del-4

Најпопуларниот австриски ски центар , освен километарските патеки, посетителите ги привлекува и одличниот шопинг, неброените кафулиња и интересната архитектура.

Жичници: 52

Скијачки патеки: 168 км

Надморска висина: 800 м – 2000 м

Број на патеки: 60

Најдолга патека: 6 км

Патеки за скијачко трчање: 120 км

Најпознатото скијалиште во Австрија, разновидно и интересно со зачудувачки зачувана тиролска архитектура, стара и до 300 години. Шопингот овде е меѓу најдобрите во Австрија. Над Кицбинел се наоѓа брдото Ханенкам и Пангелштеин, а на другата страна е Кицбинел Хорн, рај за сноубордерите. На Ханенкам (1668 м) вози жичница од центарот кон Пангелштеин (1938 м). Помеѓу нив е Штеинберкогел од кои има неколку добри црни патеки. Штреиф е најпопуларна патека за спуст на Светскиот куп на Ханенкам се смета за еден од најтешките во светот.

Скапа забава

Кицбиел не е евтин. Сместувањето не е многу поскапо од останатите скијачки центри во тој регион, но забавата може да ве чини и повеќе од самото сместување.


5. Кронплац – Италија

top-10-skijacki-centri-vo-evropa-1-del-5


Во овој дел на Алпите има најдобри уредени патеки и најдобрите жичници.

Жичници: 31

Скијачки патеки: 105 км

Број на патеки за спуст: 6

Патеки за скијачко трчање: 200 км

Надморска висина: 2275 м

Број на планински куќи: 40

Школи за скијање: 5

Овој скијачки центар се издигнува во средината на долината Пустерал и позната е скијачката дестинација од која живеат дури 13 гратчиња и села. Модерни и брзи жичници водат кон врвот од три насоки: Вал д` Аора, Рисконе и Санта Виљоа. Патеките на Кронплац се скоро 100 проценти покриени со снежни топови. Најголемиот избор хотели и апартмани ќе пронајдете во Рисконе.

Центар на долината е Брунико.

Пешачката зона во центарот со своите бутици, кафулиња и ресторани се задолжително место за шетање на туристите од целиот регион. Денес Брунко не живее само од туризмот. Овде главно се зборува германски.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2014 во 16:57

НЕЗАБОРАВНА ЗИМСКА ДЕСТИНАЦИЈА: ФРАНЦУСКИТЕ АЛПИ


Огромен број на популарни француски места за скијање се дел од омилените дестинации за туристите во текот на зимскиот период и истите се состојат од ресорти и хотели од секаков вид.

Имено, голем дел од француските ски центри се ексклузивни одморалишта кои што на гостите им нудат опција за купување на специјализирани влезници, се со цел тие да можат да ја истражат околината во целост, односно да уживаат во скијањето на посебни патеки за скијање и сноубординг, патеки наменети исклучиво за најстрасните љубители на недопрената природа и адреналинот.

Во продолжение погледнете дел од главните француски локации за забава на снег, па со оглед на тоа што зимата и големите новогодишни празници се се поблиску, можеби токму помеѓу овие места ќе ја најдете дестинацијата за вашето овогодишно зимување и прославата на најлудата вечер во годината.

Paradiski

Станува збор за ски центар кој се состои од три прекрасни скијачки “станици”: Peisey-Vallandry, La Plagne и Les Arcs, а може да се пофали и голема должина на скијачките патеки одделно, од 1.200 до 3.250 метри.



Инаку, повеќе од 70% од оваа локација се наоѓа на надморска височина поголема од 2.000 метри, што претставува и гаранција за квалитетната снежна покривка.

Со погледот кон импресивниот Монблан, огромниот спектар на скијачки патеки со вкупна должина од 435 километри, овој ресорт има се што е потребно да се задоволат апетитите дури и на оние скијачи кои се “најжедни” за адреналин и уживање.

Гостите може да одбираат каде ќе престојуваат, па така, тие може да се сместат во мирното селце, односно прекрасниот амбиент во Peisey-Vallandry, ресорт кој се состои од пет автентични селца.


Посетителите можат да ја проценат и репутацијата на Les Arcs, место познато по специфичните понуди околу зимските спортови,а тука се и шесте ресорти во склопот на La Plagne, поврзани со скијачки патеки, писти и жичари.

 


Les 3 Vallées

Станува збор за најголемиот скијачки центар, составен од ресортите Courchevel, La Tania, Meribel, Brides-les-Bains, Les Menuires-Saint Martin, Val Thorens и Orelle. Се со цел да се овозможи максимална удобност и комфор за сите посетители кои што сакаат да го истражуваат просторот околу себе, сите горенаведени ресорти се поврзани со 600 километри долги скијачки патеки и околу 180 жичари.




Во рамките на зимскиот центар се сместени и бројни снежни паркови, наменети на семејствата со деца, односно на сите оние кои сакаат да играат во безгрижната игра на снегот.

Но, во ова одморалиште се добредојдени сите, и професионалните скијачи, и оние кои што сакаат само да се опуштат, па дури и оние кои “се санкаат на кеси”.


Portes de Soleil

Станува збор за комплекс од ресорти, односно вкупно 12 одморалишта сместени на швајцарско-француската граница. Portes de Soleil на гостите им нуди уживање во скијањето низ планинските шуми и снежните долини.

 



Гостите може да одбираат помеѓу понудените локации, во зависност од тоа што преферираат, но важно е тоа што сите опции се отворени за секого. Вкупно, ски центарот поседува 283 скијачки патеки, 197 жичари, 650 километри врвно уредени патеки, 10 паркови полни со снег и дури 90 луксузни ресторани.


Едноставно, станува збор за места во кои што зимувањето и прославата на најлудата ноќ во годината ќе бидат навистина спектакуларно искуство. Величествените Алпи дополнително разубавени со блескавиот снег, во комбинација со француската елеганција и престижните луксузни хотели, ќе направат зимувањето за гостите да биде нешто што тие ќе го паметат цел живот.

 


Со оглед на тоа што Франција е позната и како земја на љубовта и романтиката, најчесто на туристите им се препорачува оваа дестинација да ја “освојуваат” со саканата личност и во прекрасната атмосфера да ги поминат последните моменти од годината што полека изминува.

 



Изменето од evangeline - 28.Ноември.2014 во 16:58
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2015 во 15:54

ТОП 5 СКИЈАЧКИ ЦЕНТРИ ВО ФРАНЦИЈА И ШВАЈЦАРИЈА

14

Многу скијачи се заситени од скијачките центри во регионот каде стазите ги знаат на памет, а попладневната и вечерната забава им е досадна и веќе многу пати видена.

Да добиете награда дека сте најдобар скијачки центар подразбира средена инфраструктура, одлични пристапни патишта и паркинзи за автомобили, добри скијачки стази, доволен број на брзи жичари, добра проодност на жичарите, одлично сместување за сите класи на скијачи, одлична снабденост на дуќани и продавници, врвно одржување на стази, убава природа и ред други работи. Услов за најдобар скијачки центар во Европа подразбира уживање на стаза а не сместување во супер луксузен хотел. Ви ги претставуваме најдобрите скијачки центри во Швајцарија и Франција.

 

1.Валдизер Франција

Преубаво место кое се наоѓа на Алпите во јужноисточниот дел на Франција на само 5 км од граница со Италија и на околу 1800 метри надморска височина.

2.Корчевел Франција

Корчевел ски центарот се наоѓа на Француските Алпи и е најдобро вмрежен ски центар во Европа каде со жичари и ски лифтови лесно и брзо се префрлате од една стаза на друга. На располагање ви стојат 150 км стази за скијање кои ги опслужуваат 58 лифтови. Доколку сте почетник може да скијате на 19 зелени и 35 плави стази, а доколку веќе сте добар скијач ве чекаат 34 црвени и 8 црни патеки.

3.Давос Швајцарија

Давос е највисок населен град во Европа,како што е Крушево за Македонија. Рекордер и по должина на патеки, со вкупна должина од 320 км. Претставува еден од најмонденските ски центри во Швајцарија.

4. Цермат Швајцарија

На југот на Швајцарија се наоѓа Скијачкиот Центар Цермат кој претставува рај за алпско скијање. На 360 км долгите стази , може да се искачите на врвот Матерхорн на 3833 метри надморска височина од каде имате преубав поглед на Алпите.

5.Ст.Мориц Швајцарија

Сент Мориц е лоциртан во источниот дел на Швајцарија и центарот е сместен на 1820 метри надморска височина а највисоката жичара ве носи до 3305 метри надморска височина. Познат е и по тоа што бил два пати домаќин на Зимските Олимписки игри во 1928 и 1948 година



Изменето од Valerija - 30.Декември.2015 во 15:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2016 во 16:43

НАЈДОБРИТЕ EВРОПСКИ СКИЈАЧКИ ЦЕНТРИ

8

Доколку немате идеја за каде да патувате оваа зима, а сте љубители на зимските спортови еве неколку предлози кои може да ве инспирираат. Овие скијачки центри се најдобри во Eвропа и ќе ги задоволат сите ваши барања за совршено зимување.

Chamonix – Франција

LA Grave – Франција

St. Anton – Австрија

Kitzbuhel – Австрија

Verbier – Швајцарија

Murren – Швајцарија

Andermatt – Швајцарија

Zermat – Швајцарија

Alagna – Италија

Bansko – Бугарија

Kopaonik – Србија

Mavrovo – Македонија

Popova Shapka – Македонија

Cerkno – Словенија

Golte – Словенија

Stari Vrh – Словенија

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.