IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 141142143144145 157>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2016 во 16:14

НАЈДУХОВИТИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК

14

Иако многумина овој воздушен знак го нарекуваат дволичен, сепак поради своите добри особини е незаменлив во друштво.

Ако досега не препознавте за кој хороскопски знак станува збор, ќе ви откриеме дека тоа е Близнакот.

Близнакот сака добра забава и друштво. Овој знак е сестран, љубопитен, способен и интелигентен па затоа ретко кога може да остане на едно место.

Близнаците имаат две личности, замислена и здодевна како и онаа духовитата.

Токму таа втората страна го прави забавен и пожелен зодијачки знак.

Но, тој во основа не сака да ги покажува чувствата, па дури и кога ќе наиде на личност која ќе му го “украде“ срцето. Поради тоа, знае како да заведува и флертува со сите, а со неверојатниот шарм не е лесно да му се одолее на овој хороскопски знак.

Близнакот во основа е голем оптимист, па и во најемотивните ситуации може се да сврти на хумор и забава, па така ќе ги расположи другите но и себе си.

Инаку станува збор за личност која не дава празни ветувања и скоро никогаш не ветува нешто ако не е 100% сигурна дека тоа и ќе го исполни.Се што прави, прави педантно и темелно и секогаш ги завршува обврските до крај.разни ветувања и скоро никогаш не ветува нешто ако не е 100% сигурна дека тоа и ќе го исполни.Се што прави, прави педантно и темелно и секогаш ги завршува обврските до крај.



Изменето од Valerija - 15.Јануари.2016 во 16:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2016 во 16:16

КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ЛАЖГОВЦИ ВО ЗОДИЈАКОТ

7
Доколку не сте сигурни, колку можете да им верувате на своите пријатели, партнер и колеги, проверете дали се наоѓаат меѓу овие три знаци – бидејќи тие се најголемите лажговци во зодијакот.

ЛАВ

На лавот му е неопходно да биде секогаш во центарот на вниманието. За да го постигне тоа често ги преминува границите на добриот вкус. Поради тоа е способен да лаже, да измислува и да добива аплауз. Но, ако го фатите во лага никогаш нема да признае. Ќе ве убеди дека црното е бело и на крајот ќе излезете човек кој во се наоѓа маани и сака да се расправа.

РИБИ

На Рибите ни најмалку не им е тешко да лажат, за да ги зачуваат своето има и слава. Овој знак е познат по својата посесивност, љубомора и самосожалување и по тоа што сака и кај другите да предизвика завист. Бидејќи веќе живеат во светот на фантазијата, на рибите воопшто не им е тешко да измислуваат приказни. Така добро умеат да им замачкаат очи на слушателите, бидејќи тие не зборуваат чисти лаги, туку онакви што во нив има некаква основа на вистина. Покрај тоа, во состојба се и самите да поверуваат во своите лаги, што технички гледано значи дека не лажат.

БЛИЗНАЦИ

Чувајте се од нив. Тие толку лесно лажат, што тоа им е најприродна работа на светот. Што се однесува до работното место, со својот шарм ќе изградат поголема доверба и ќе ве издадат. Тие толку често лажат, што повеќе не знаат што и кому кажале. Тука веќе сме во дилема, дали близнаците се најголеми лажливци, или пак најмногу фаќани во лагите. Исто така, не знаат да зачуваат тајна, а кога ќе ја откријат на трета личност, секогаш и додаваат малку зачин.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2016 во 16:18

НАЈДОБРИТЕ МАЖИ СПОРЕД ХОРОСКОПСКИОТ ЗНАК

15

Храбри мажествени и подготвени на се. Не се плашат од ништо кога треба да ја заштитат својата сакана…

ОВЕН

Со овните владее Марс, планета на акција и храброст, па поради тоа Овните не знаат што е страв. Секој ризик претставува предизвик додека во опасните ситуации само им се зголемува самодовербата.

ЛАВ

Лавот е еден од најхрабрите знаци со кои владее Сонцето кое е симбол на успехот. Подготвени се да го превртат светот за да ја постигнат својата цел.

ШКОРПИЈА

Плутон и Марс, планетите на моќ и храброст, владеат со храбрите припадници на овој знак. Шкорпиите обожаваат предизвици и ризици.

СТРЕЛЕЦ

Иако понекогаш Стрелецот ризикува премногу, брзо се оправува и подготвен е да се соочи со нови работи. Стрелецот не се плаши од промена, се што е ново е предизвик за него.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2016 во 16:19

СО ПОМОШ НА ХОРОСКОПСКИОТ ЗНАК “ДОЗНАЈТЕ“ ДАЛИ ВЕ САКА

10

На почетокот на врската повеќе дами ги интересира дали нивниот партнер е вљубен во нив.

Секој своите емоции ги покажува на свој начин, некои луѓе се директни додека на други им е потребно време да ги откријат своите чувства.

Со помош на поединечни особини кои ги имаме на основа на својот хороскопски знак, а можат да бидат поврзани со однесувањето, обидете се да откриете нешто повеќе за неговите чувства спрема вас.

Без разлика дали верувате во тоа или не се надеваме дека ќе ви биде интересно да прочитате.

Овен– лесно избувнува и е нетрпелив, но кога е во ваше друштво оваа особина исчезнува. Тој во вас пронаоѓа утеха, па затоа кога му треба мир и спокојство ве бара вас.

Бик – среќен е кога поминува време со вас и тоа ви го покажува со дела. Веднаш ви одговара на секоја порака која ќе му ја испратите и со задоволство ќе ја помине најголемата гужва само да ве гушне.

Близнаци – во него се прекршуваат спротивности и често ја крие вистината од вас, но секогаш ќе се потруди да ве развесели и насмее, особено ако знае дека сте имале стресен ден и се чувствувате лошо.

Рак – тој е лојален и грижлив и секогаш покажува колку му значите па затоа не е тешко да почувствувате дали ве сака или не.

Лав – амбициозен е и има голема самодоверба, кај него нема да морате да барате знаци дека е вљубен бидејќи тој директно ќе ви го каже тоа.

Девица – доверлив аналитичар, не е директен како лавот, но секогаш знае не вистински начин да ја прикаже својата приврзаност и своите чувства.

Вага – иделистичен и оптимистичен, го сака својот спокој и ако види дека во светот не гледате светлина ќе се обиде во вашиот живот да внесе позитивна енергија.

Шкорпија – бескрајно страстен, сека кога ве гледа дека сте насмеана и среќна, ќе направи да заборавите на своите проблеми.

Стрелец – независен авантурист кој својата поврзаност ќе ја покаже преку материјални работи, оние кои ги купил или пак ги изработил додека мислел на вас.

Јарец – често недоверлив и сомничав, но во момент кога ќе стекне доверба во вас полека ќе ви се отвори и ќе ви ја покаже својата верност.

Водолија – природен шармер кој своите чувства секогаш ги искажува со зборови, а не дела. Кога ќе ве забележи веднаш ќе ви раскаже се за себе за да можете подобро да го запознаете.

Риби – чувствителен, верен и лојален. Неговите чувства не се лесни за дешифрирање, но кога ќе се вљуби станувате предмет на неговата страст и постојано мисли на вас.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2016 во 16:51

Кои 3 хороскопски знаци го оставаат спротивниот пол без здив?

Некои хороскопски знаци едноставно имаат магнетска привлечност и го освојуваат спротивниот пол без да кажат ниту еден збор. Мислите дека и вие спаѓате во оваа група? Проверете.

horoskop

Еве кои 3 знаци имаат невиден талент за флерт и сè им оди од рака во љубовта:

Бик

Бикот спаѓа во врвните заводници, иако често пати е несвесен за својата сензуалност. Клучен адут му е спонтаноста, а во креветот ја знае целата Камасутра иако никогаш не ја прочитал. Знае како да го натера партнерот да се чувствува посебно. Биковите имаат природна топлина и понекогаш несвесно привлекуваат луѓе кои не ни ги гледаат како партнери. Нивните усни просто ги мамат сите погледи.

Близнаци

Близнаците се кралеви на шармот. На нив не може да им се одолее. Уживаат во играта на заведување и комуницирање. Обично се надарени со добар изглед, а нивниот адут е немирниот дух. Освојуваат со интелект и комуникација. Позитивниот став кон животот привлекува позитивни луѓе и со нив времето е секогаш пријатно исполнето. Сите ги сакаат за до крајот на животот.

Скорпија

Скорпиите се тешки за игнорирање. Нивниот заводнички поглед и манирите едноставно ве повикуваат. Ова е знак со силна интуиција и во секој момент ги знае вашите потреби. Со оглед на тоа што Скорпиите емотивно целосно се предаваат, подготвени се да ве задоволат до максимум. Водењето љубов со нив е незаборавно и делува како вид на зависност.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2016 во 16:52

Овие хороскопски знаци не знаат да лажат

Проверете дали сте меѓу нив…

lazgovci

Стрелец

Стрелците се многу добри и искрени луѓе. Освен тоа, многу се великодушни. Единствена мана им е што знаат понекогаш да ги преувеличат своите авантури, но не од злоба, туку за да го забавуваат друштвото.

Она што на многумина не им се допаѓа е што стрелците ја кажуваат вистината дури и кога не е убава.

Овен

Тие секогаш го кажуваат тоа што го мислат, но пред сè затоа што се импулсивни. Многу се енергични, но таа енергија не ја трошат на лажење.

Понекогаш нивната искреност предизвикува болка кај другите луѓе, а понекогаш и самите овни жалат поради своите зборови. Сепак, искреноста е нивната најголема доблест.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2016 во 16:54

Еден хороскопски знак обожува весели и комуникативни девојки, погледнете кој

Убавина без харизма на нив ништо не им значи.


srekna devojka

Во прашање се Близнаците. Мажите во овој знак пред се сакаат комуникативни девојки. Доколку им се појави убавица со долги нокти и деколте од сништа но без харизма и смисла за хумор таа нема да има многу шанси кај овој маж.

Позитивна енергија и разговор на него му се апсолутно најважни, а тогаш доаѓа се друго. Близнаците не сакаат премногу нашминкани и вулгарно облечени девојки. Ако ви се допаѓа Близнак, бидете природни, насмеани и секогаш расположени за понекој виц и разговор со вашето момче. Само така ќе станете неодолива за него.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2016 во 16:55

Најискрениот хороскопски знак

Неверојатната искреност на Водолијата многумина ја сметаат за симпатична, додека има и такви на кои им е чудно како некој може да биде толку искрен.

Водолијата нема да се воздржува и ќе ви каже дека сте се здебелиле, или дека фармерките не ви стојат добро или било што што смета дека можете подобро да го направите.

Водолијата е отворена, сака да се забавува и дружи. Секогаш е подготвена да помогне, а нејзината интелигенција често ги надминува границите, но ретко кога ќе ја искористи во целост бидејќи по малку е мрзелива.

Водолијата не сака некој да ја ограничува и подготвена е отворено да ви каже “Тоа е мој живот и немој да ми се мешаш.“

Она што навистина ниту една Водолија не го трпи е кога и е здодевно и едноставно не може да се “скраси“ на едно место.

Личностите кои според хороскопскиот знак се Водолија, во основа се мислители и филозофи, па затоа сакаат да го имаат главниот збор, но тоа не значи дека не знаат да го слушаат и мислењето на другите.

Кога е во прашање љубовта, тие најчесто се вљубуваат во интелигенцијата на својот партнер, а на здодевните личности никогаш нема да им го отворат срцето. Иако често знаат да изгледаат како да сакаат да бидат осамени, тие всушност ја бараат сродната душа со која ќе можат да разговараат до доцна во ноќта.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2016 во 16:56

Чувајте се од овој хороскопски знак, тој е најсклон кон неверство

Не е Близнаци.

 
neverstvo

Прочитајте во продолжение.

Стрелец

Брачните партнери на Стрелецот сметаат дека најголема мана на нивните сопружници е склоноста кон неверство.

Доблестите кои кај нив најмногу се ценат се толеранцијата и подготвеноста за простување, а нивните партнери истакнуваат дека често во домот знаат да внесат ведрина и динамика. Статистичките податоци пак велат дека бракот меѓу Стрелец и Близнаци е комбинација која најчесто завршува на суд.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2016 во 16:58

Припадници на два хороскопски знаци се родени за да шефуваат

На нив им е предодредено да бидат шефови и предводници на својата екипа, а во врските секогаш главни. Тие се родени лидери и секогаш бараат многу од оние под нив, но станува збор за реални очекувања. Во нивните очи тие се најдобри и незаменливи.


sef

Овен

Овенот во себе носи најизразени црти на лидерство и авторитет. На патот до успехот за него не постојат препреки. Неговите најголеми врлини се креативноста и динамичноста, но најмногу го кочи тврдоглавоста и честите промени на расположението. За своите вработени тој е ноќна мора бидејќи секогаш го бара максимумот од нив, без никакви исклучоци. Но, од друга страна пак, овие барања секогаш се многу јасни и прецизни.

Јарец

Јарецот поради својата доминантна природа е роден да шефува. Тој сака добра организација, поточно ред, како и дисциплина за да може добро да работи. Тој е голем зависник од работата и способен е да го извлече најдоброто од другите, додека истовремено се труди и неговите вработени да имаат одлична заработка. Исто како и Овенот, така и тој е тврдоглав, но најголемиот негов проблем е што цврсто верува дека знае најдобро и дека е незаменлив.



Изменето од Valerija - 15.Јануари.2016 во 16:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2016 во 15:13

КОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК Е НАЈДОБАР ПРИЈАТЕЛ

16
Разбирањето е најдобриот збор со кој можеме да ги опишеме Рибите.

Рибите се воден знак и како такви се одликуваат со емпатија и изразен емоционален капацитет.

Како и Ракот и Шкорпијата, личностите родени во овој знак се емоционално длабоки и секогаш ги земаат предвид необјаснивите нешта кои животот ги носи со себе за да се чувствуваат среќно и исполнето.

Рибите можат да бидат најдобар пријател кој постои. Тие често ги ставаат потребите на своите пријатели пред своите.

Приврзани се, посветени, чувствителни и ниту еден проблем за нив не е преголем. Без разлика колку голем проблем ќе се појави тие секогаш ќе дадат се од себе за да го решат.

Рибите по природа се експресивни и не се воздржуваат на луѓето околу себе да им ги покажат своите чувства.

Очекуваат и другите да бидат отворени спрема нив и комуникацијата со саканите е најважното нешто за нив.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2016 во 08:54

ДВАТА НАЈДОМИНАТНИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ

2

Што мислите, кои се најдодоминантни хороскопски знаци?

ОВЕН

Дамите кои во хороскоп се Овен, имаат многу изразени лидерски вештини кои сите ги почитуваат.

За нив нема препреки, па макар и да го поминуваат најтешкиот пат.

Позитивните особини по кои се препознатливи овните се динамичноста и креативноста, но со нив се меша и тврдоглавоста и релативно честите промени на расположение.

Нивните барања се прецизни и јасни, а од секој кој работи со нив секогаш го бараат максимумот.

ЈАРЕЦ

Јарците имаат изразена доминантна природа, па со самото тоа се родени да бидат шефови.

Организацијата е нивното средно име, а се што сакаат и почитуваат се работа и дисциплина, секогаш и секаде.

Способни се да го извлечат најдоброто од сите и не им е тешко да го прават тоа.

Јарците, исто како и овните се тврдоглави, но тоа не е единствена нивна маана, тие сакаат да им се прават паметни на останатите, бидејќи мислат дека никој не знае повеќе и подобро од нив.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2016 во 13:39

НАЈГОЛЕМИТЕ ЗАВОДНИЧКИ ВО ХОРОСКОПОТ

1

Скоро на сите им е забавен симпатичниот флерт, но сепак на некои од нас тоа баш им оди од рака. Астролозите велат дека освен карактерот на оваа умешност влијае и хороскопскиот знак.

Еве кои се четирите хороскопски знаци кои ги рушат рекордите во заведувањето…

ЛАВ

Лавиците заведуваат суптилно и со многу фантазија. На “жртвата“ и приоѓаат со самодоверба, неодолив шарм и насмевка која ќе ја осветли целата просторија.

Тие на оној кој го заведуваат му нудат кралски третман, а дополнителни поени собираат со своите манири.

Припадничките на овој хороскопски знак не сакаат да губат, па секогаш одат на победа. Заведувањето за нив е уметност, и затоа уживаат во секој чекор на освојувањето, па дури и кога треба да се помачат малку повеќе.

ШКОРПИЈА

Кога Шкорпијата ќе влезе во просторија едноставно не останува незабележана. Нејзиниот продорен поглед освојува без допир, а кога ќе ја избере “жртвата“, ја освојува за неколку часа.

На Шкорпиите особено од рака им оди невербалната комуникација и често ја користат додека го слушаат партнерот како зборува.

Во кревет се по малку диви и уживаат да водат љубов со часови, на себе секогаш имаат заводлива долна облека.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците имаат интересен пријателски пристап, кој скоро секогаш успева. Тие се духовити, шармантни и образовани.

Толку се забавни што партнерот може да помине часови со нив само во разговор.

Имаат неодолива харизма која ги привлекува луѓето околу себе, многу се позитивни и воспитани и затоа никој со нив не може да се чувствува непријатно.

РАК

Ракот е полн со сочувство, разбирање и љубов во секој момент. Има бескрајно големо срце во кое можат да се соберат сите стравови, падови, успеси и желби на партнерот.

Дамите кои се во хороскоп Рак, освен што се љубовници тие на својот партнер му се и најдобри пријателки. Впрочем така и најчесто се појавува љубовта, која од кафе разговор преминува во страсна љубов.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2016 во 10:26

Овој хороскопски знак е создаден да биде победник

Типична претставничка од групата на земјени хороскопски знаци која цврсто стои на земјата и не е склона на фантазирање туку живее во реалноста и зема од неа колку што може повеќе.

Претпоставувате дека станува збор за Јарец.

Неверојатно силна, дамата Јарец може да ги преброди сите животни препреки, а секој проблем го решава смирено.

Иако на момент може да делува ладно и резервирано, сепак под површината се крие дама со одлична смисла за хумор која чезнее по сигурност.

Своите амбиции е подготвена да ги жртвува само поради семејството.

По природа не се вљубува лесно на прв поглед, ниту сака да го губи своето време на бесмислен флерт. Љубовта за неа е сериозна работа и ако некој и се допаѓа нема се да препушти на судбината туку свесна за своите способности ќе ги земе работите во свои раце и ќе се погрижи да го добие мажот кој го посакува.

Сака да биде рамноправна со својот партнер, а на него секогаш ќе му биде поддршка, особено во тешките моменти.

Совршен партнер за неа е некој кој сака да успее во животот колку и самата таа.

Идеални партнери за неа се Бикот и Девицата бидејќи тие знаат да продрат до нејзиното срце, додека пак Ракот во целост ќе ги задоволи нејзините емоционални потреби.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 141142143144145 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,357 секунди.