Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Април.2015 во 14:38 |
Замок во Франција, како извлечен од приказните Се наоѓа на околу половина километар од францускиот северозападен брег, замокот „Ле Монт Сент Мишел“ порано беше изграден за да послужи како црква, по барање на владиката Авраншез, на 16 октомври 709 година. Во текот на 11, 12 и 13 век манастирската зграда е доградена врз постојната капела. Со војните во 14 век станува заштитник на војската, претворајќи се во воен објект. За време на Француската револуција, пак, станува затвор. Конечната реставрација во замок се случува на крајот на 19 век.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Април.2015 во 14:38 |
Рока дела гуаита Составен од три кули, овој прекрасен замок наречен Рока дела Гуаита гледа на италијанскиот град Сан Марино. И покрај тоа што претрпе низа трансформации во текот на историјата, делови на овој замок датираат од 11 век. Во склопот на замокот е и старата камбанарија, капелата Света Барбара, и тврдината, која некогаш служела како затвор.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Април.2015 во 14:38 |
Шато Вансен„Шато дела Вансен“ се наоѓа во градот Вансен во Франција, во близина на Париз. Тврдината била изградена помеѓу 1340 и 1410 за Луј Седми и требало да служи како место за собирање на ловџиите. Поголем дел од оригиналниот замок бил уништен, но другото е реконструирано и вратено во оригиналната форма. Откако е напуштен од страна на кралското семејство, подоцна станал место за една фабрика за производство на порцелан. Карактеристичен е по трите огромни капии.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Април.2015 во 14:39 |
Замокот Пертерхоф многумина го нарекуваат и „руски Версај“. Палатата е една од најпознатите и најпопуларни атракции на Санкт Петербург. Се смета дека Петар Велики, кој нарачал да се гради овој замок, бил инспириран од архитектурата на Версај. Преводот на насловот на палатата има буквално значење „Судот на Петар“. Палатата изобилува со многубројни градини, базени, фонтани и помали кралски објекти
Изменето од Valerija - 27.Април.2015 во 14:40
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Април.2015 во 14:40 |
Замокот во Бојница Бојничкиот замок првпат се спомнува во 1113 година, се наоѓа во Словачка, во Бојница. Прогласен е за национален културен споменик во 1970 година. Оригиналниот замок бил изграден од дрво, но во текот на 13 век е реизграден од камен. Многупати послужил за снимање филмови, меѓу кои и италијанскиот „Фантагиро“. И многу детски приказни се инспирирани токму од овој замок.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Април.2015 во 14:49 |
Разновидноста на замоците во Вестерос, претставува врв на фасцинација, како за читателитe, така и за измислените жители на кралството создадено од Џорџ Р. Р. Мартин. Тие носат горди имиња, постојат цели векови, а имаат и славни истории, преполни со крвави битки и големи херои. Но, сигурно ве интересира зошто се изградени баш такви и која е нивната улога во Седумте Кралства.
The Red Keep е домот на Кралот на Андалите и Првите Луѓе (King of the Andals and the First Men), неговата фамилија и кралскиот суд. Се наоѓа во главниот град Кингс Лендинг, поточно на ридот на Ејгон, во југоисточниот дел од градот, излегувајќи на заливот Црна Вода и Тесното Море. Во моментов, е седиште на кралот Томен Баратион, а негови претходници се кралотЏофри Баратеон, Роберт Баратеон и кралевите од куќата Таргариен. Како дом на најмоќниот човек во Седумте Кралства, замокот мора да поседува одредени стандарди. Големата сала може да нагости цела кралска свадба со лесностија. Дворот е доволно голем за да биде домаќин на турнир, а има и доволно гостински соби за сите господари кои редовно го посетуваат. Во случај на напад, негова главна функција не е да служи како воена база, туку да го заштити кралското семејство.
Winterfell е голем замок кој припаѓа на предците на куќата Старк и се смета за главен град на Северот. Се наоѓа во центарот на северната провинција на Седумте Кралства, во чија близина минува и Кралскиот Пат (Kingsroad), кој ја поврзува јужната престолнината со Ѕидот на северот. Под замокот се наоѓаат термални минерални извори, кои ги чуваат топли дебелите камени ѕидови, дури и во најлошите зими. Бидејќи претставува најголемиот постоечки замок во кралството, а со тоа и на северот, негова главна и основна цел е да биде прибежиште на луѓето кои живеат во селото пред него, за време на долгите и тешки зими. Грандиозен по големина и должина, обвиткан со мистична историја, го претставува срцето на северот и е негов витален ресурс.
Casterly Rock е бастион во близина на пристанишниот град Ланиспорт, кој е единствениот град на западниот брег – еден од четирите големи населени центри во Вестерос и седиште на куќата Ланистер. Тврдината е издлабена во голем камен рид и всушност, неговата природна одбрана дополнително е зајакната со ѕидови и други одбрамбени структури. Првично припаѓал на куќата Кастерли. За овој малку познат замок, карактеристична е способноста, за време на опсада, да се снабдува со потребности по морски пат. Искомбинирајте го ова со богатсвтвото на Ланистерови и ќе добите ноќна мора за секој кој би се обидел да го нападне.
The Twins, познато и како Преминот, е твдина со речни премини која се наоѓа во Риверлендс. Се сосотои од два идентични замоци, секој од нив укотвен на бреговите на Грин Форк на реката Тридент (Green Fork of the Trident). Нив ги спојува камен мост во облик на лак. Мостот е заштитен со средишна кула, позната како Водена Кула. Ова е единствениот премин од Грин Форк, за стотици километри во било која насока – од север до западните делови на Риверлендс.
Moat Cailin, била некогашна тврдина, сега урнатина, изградена од Првите Луѓе пред 10,000 години. Се наоѓа на врвот одВратот (The Neck) и важи за една од најбитните тврдини на северот и покрај тоа што од дваесетте кули, останале само три. Поставена е на географски стратешка точка и никогаш не била освоена од југот.
Harrenhal е огромен замок, најголемиот изграден во Седумте Кралства, пред почетокот на војната. Но, змејовите наТаргеријенците го запалиле и денес стои половина разрушен.
The Eyrie е древното седиште на куќата Арин, една од најстарите линии на андалско благородништво. Се наоѓа на Месечевите Планини, неколку илјади метри над долината. Претставува еден од најстарите и фантастични замоци во целото кралство. Овa e всушност замок составен од пет посебни замоци. Првиот е на земјата, пред Месечевата Порта, кој го штити влезот. Камене првиот попатен замок. По него следат Снег и Небо, а во најголемите височини, лежи вистинскиот главен замок.
Highgarden е древното седиште на куќата Тајрел и срцето на витештвото во Седумте Kралства. За него имаме малку информации, но од собраните забелешките можеме со сигурност да заклучиме дека се работи повеќе за палата одошто за неосвоива тврдина или замок. Со своите лежерни градини и богата култура, Highgarden има главно политичка цел. Недостигот на воена функција, е силен потсетник на воената моќ на овој регион (The Reach).
Dragonstone е островско упориште на Таргеријанците и повеќе од јасно, изграден со помош на некој вид магија. Додека кај другите големи замоци тоа се само приказни, за овој се карактеристични статуите во облик на змеј на воените кули, каде јасно се гледа дека поголема сила имала свој удел во декорацијата. За него знаеме дека е изграден како статусен симбол на Таргеријанците, но и како одбрамбена структура. Негова намена е да биде засолниште на смејството, а не прибежиште на населението.
Pyke е најголемиот замок на Железните Oстрови. За него е тешко да се зборува како за еден замок, бидејќи се наоѓа на неколку камени столбови кои се издигаат од морето. Затоа е повеќе како колекција на кули меѓусебно поврзани со мостови. Тој е тешко и непријатно место. Постојано влажен, со бури околу него. Треба да си доволно храбар за да преминеш од една до друга кула, бидејќи мостовите се мали и скромно заштитени од надворешните елементи.
Riverrun е скромен замок во споредба со стандардните на Вестерос, а тоа може да се препише на историјата на куќата Таликоја не е мошне стара. Во поголемиот дел од нивната историја, среќаваме вазали на кралевите на Риверлендс. Во склоп на замокот се наоѓа септа посветена на новите богови, света шума, куќи, штали и се она што еден голем замок би требало да поседува. Но, за разлика од другите замоци, овој изграден е најглавно за одбрана. Неговата локација е една од најдобрите одбрамбени позиции во околината – се наоѓа меѓу две реки, а опремен е и со пловен ров, кој може да го претвори замокот во остров.
Storm’s End е вториот замок кој му се препишува на Брендон Градителот, а со тоа претставува еден од најстарите во Вестерос. Секако не е еден од најубавите, но овде гледаме победа на функцијата над формата. Со само еден масивен ѕид и подеднакво масивна кула, замокот се издига над стрмните карпи на источниот брег на Вестерос.
Sunspear е древно упориште на куќата Мартел и главен град на областа Дорн. Овој замок, навистина архитектонски чуден, но затоа пак одлично ја претставува културата на регионот. Главниот дел од градбата е во облик на брод, очигледен омаж на десетте илјади бродови на Нимерија, а тенките високи кули наликуваат на традиционалното дорнско оружје – копјето. Функцијата на замокот е главно политичка, а неговиот дизајн гарантира дека ќе служи за потсетник на посетителите, дека оние кои живеат во него не се нормални луѓе, туку кралеви. Неговата позиција му дава контрола над целиот град.
The Dreadfort е домот на куќата Болтон, во северниот дел на кралството. Претставува силна тврдина, со високи дебели ѕидови, триаголни запци кои потсетуваат на остри камени заби и масивни кули. Големата сала на замокот е мрачна и маглива, со голем ред фаќели кои осветлуваат исушени човечки раце испакнати од ѕидовите.
Castle Black е примарното седиште на чуварите од Ноќната Стража. Замокот се наоѓа на северниот крај на кралскиот пат, веднаш до Ѕидот - темен и застрашувачки дом на оние кои го штитат. Оваа тврдина претставува една од трите сегашни (а некогаш деветнаесет) сеуште во функција долж ѕидот, заедно со Eastwatch by the sea и The Shadow Tower. Во рамките на замокот постои септа, но не и шума на боговите. Оние кои се поклонуваат на старите богови, мора да патуваат 2 километри кон север од ѕидот, до Прогонетата Шума, за да ја кажат заклетвата на братството пред свето дрво.
Повеќето од овие фантастични ремек дела, се апсурдно големи во споредба со европскките стандарди. Но, во свет кој ја дефинира својата граница со неосвоената дивина со ѕид висок повеќе од 200 метри а широк 30 метри, овие замоци се чувствуваат сосема природно.
Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 10:00
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Април.2015 во 15:33 |
Chateau de Fontainbleau
Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 09:56
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Април.2015 во 15:34 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Април.2015 во 15:35 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Април.2015 во 15:43 |
Лорето e мал приватен остров во езерото Исео во северниот дел на Италија. На крајот на 5тиот век таму бил изграден манастир, кој постои веќе неколку векови, а е напуштен во 16 век. По менувањето на неколку сопственици во почетокот на 20 век на островот Кралската морнарица на чело со капетан Винченцо Ричери, изградил на ова островче нео-готски замок. Овој остров стана познат поради тоа што Џорџ Клуни посака да го купи.
Изменето од Valerija - 27.Април.2015 во 15:45
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Јули.2015 во 09:25 |
Мошна -Полска
Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 09:57
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Август.2015 во 21:33 |
Посетете го Нојшвајнштајн – Вистинскиот замок на Заспаната убавица |
Нојшванштајн без сомнение е најпознатиот германски дворец, но повеќето луѓе ширум светот го поврзуваат со замокот на Заспаната убавица кој го осмислил Волт Дизни. Токму тој баварски замок бил инспирација за оној кој се наоѓа на почетокот на најавната шпица за сите филмови на Дизни, како и сите тематски паркови. Него го осмислил баварскиот монарх кралот Лудвиг II, кој имал бујна фантазија, па така сите кои ќе го посетат Нојшвајнштајн се наоѓаат во светот на бајките. Дел од магијата која ја поседува Нојшвајнштајн е и локацијата, бидејќи се наоѓа на рид кој гледа кон селото Хохеншвангау и Алпите, а тој поглед го одзема здивот. Меѓутоа, не е само тоа магијата на познатиот замок кој е изграден во 19 век, туку приказната е многу поинтересна. За кралот Лудвиг II може да се каже дека бил креативен, можеби дури и ексцентричен, а многумина би рекле дури и луд. Според легендата, на својата гувернанта во една прилика и рекол: „Сакам да останам вечна мистерија за самиот себе, но и за другите“. Како дете имал бујна фантазија, а кога малку пораснал, станал голем љубител на германскиот композитор Рихард Вагнер, па измислил свој фестивал на опера. Тој сакал да живее навечер, па облечен во разни костими одел на јавање по ридовите и се претставувал како Парсифал, витезот кој го пронашол Светиот грал. Измислил свој свет на фантазија, а дворецот Нојшвајнштајн го претставувал токму тоа. Замокот претставува мешавина на римски, готски и византиски стил, кои се соединети во едно, што Нојшванштајн го прави уникатен. Меѓутоа, вкусот кој го имал кралот не бил воопшто евтин, па до 1885 година само 15 од 200 соби биле комплетирани, а долгот на Лудвиг тогаш изнесувал 14 милиони германски марки, што е околу осум милиони долари сега. Една година подоцна, Владата го прогласила за непресметлив и го симнала од тронот, бидејќи не бил способен да владее. Еден ден откако бил прогласен за непресметлив, Лудвиг II починал под мистериозни околности, откако се удавил во плиткото во езерото Штарнберг, иако се знаело дека е одличен и искусен пливач. Психијатарот кој ја дал дијагнозата поради која бил симнат од власта, исто така недолго после тоа бил убиен. Првобитната замислана кралот Лудвиг била Нојшвајнштајн да биде место каде ќе побегне кога ќе му треба мир. Меѓутоа, речиси еден и пол век подоцна, годишно го посетуваат 1.3 милиони луѓе. Интересно е тоа што за да добиете најдобар поглед на замокот, мора да го напуштите, и не само него, туку целиот рид на кој се наоѓа. Најдобра позиција за поглед кон Нојшвајнштајн можете да најдете на Маријебрик – мостот кој ги поврзува двата рида спроти дворецот, кој се наоѓа над поток. До мостот може да се дојде само пешки, а прошетката трае околу 30 минути. Во самиот замок можете да влезете само во рамките на група со водич, а обиколката трае 30 минути. Картата чини 12 евра, а важно е да знаете дека фотографирање во внатрешноста на замокот не е дозволено, ни со професионални апарати, ни со телефони. За крај, доколку одлучите да го посетите овој замок, ќе добиете совршена прилика да се чувствувате како во бајка, а тоа ќе признаете дека не се случува секој ден. |
Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 09:58
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Декември.2015 во 10:09 |
Cinderella Castle in Tokio
Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 10:02
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Декември.2015 во 19:39 |
Сместен на ридот над истоимениот град во денешната покраина Баден-Виртемберг, воздигнувајќи се над убавиот, син Дунав, замокот Зигмаринген дефинитивно плени со својата убавина и ни покажува колку е германскиот народ всушност вмешан во изборот на совршено место за подигнување на своите градби. Зигмаринген е замок којшто се наоѓа во истоимениот град, во јужниот дел на швајцарските Алпи, во покраината Баден-Виртемберг, и гордо се издигнува над Дунав. Во текот на поголемиот дел од своето постоење тој претставувал дом на династијата Hohenzollern-Sigmaringen, младите гранки од династијата којашто владеела во Пруското кралство, а потоа и во Германското царство, а којашто на Романија и ги даде нејзините кралеви. Првобитната градба се појавила во раниот среден век, некаде во 11-от век, со оглед на тоа дека за прв пат во пишаните документи се споменува во 1077-та година, кога била во сопственост на грофовите Sigmaringen-Spitzenberg. Замокот потоа преоѓа во рацете на династијата Helfenstein и бил реновиран околу 1200-та година. А потоа тие им го продале на Хабсбурзите во 13-от век, кои пак потоа повторно го продаваат на Württemberg, коипак потоа во 1399-та година ќе им ја предадат на Werdenberg, во чијашто сопственост ќе остане до 1534-та година. Тогаш светиот римски цар Фердинанд Први, откако последниот машки член од Werdenberg ќе почине без потомство, ќе ја предаде во сопственост на Sigmaringen, каде Карло Втори ќе ја втемели династијата Hohenzollern-Sigmaringen. Во следниоте бурни векови, во коишто грофовите Hohenzollern-Sigmaringen се издигнуваат на ранг на кнежевство, минуваат низ шведската опсада во 1632-та година во текот на 30-годишната војна и бројни други случувања, при што замокот доживеал бројни реновирања после повеќето пожари, како и безброј поправки и надградби. Во 1736-та година замокот бил модернизиран и била изграден витешки замок којшто во 1876-та година бил обновен. Во текот на 19-от век династијата Hohenzollern-Sigmaringen им дала големи права на своите поданици, градела болници и училишта. Нивниот замок прераснал во место за средби на богатите и моќни луѓе коишто се сливале од цела Европа, додека градбата постојано била унапредувана. Меѓутоа, во големиот пожар од 1893-та година, источното крило речиси во потполност изгорело, па две години подоцна започнала и неговата повторна изградба, а кон почетокот на 20-от век во еклектичен стил биле обновени и сите останати делови од замокот. На крајот на Втората светска војна, нацистите законските станари на овој замок едноставно ги исфрлиле од нивниот дом за тука да ја доведат француската влада на чело со маршалот Петен, којшто бил всушност принудно доведен бидејќи тој не сакал да ја напушти Франција, па тука практично бил во заробеништво. Случувањата во Зигмаринген од крајот на 1944-та и почетокот на 1945-та година ги опишал големиот француски писател Луј-Фердинанд Селин, којшто бил контроверзен поради својот антисемитизам, во романот "Од замок до замок", со оглед на фактот дека и тој престојувал во него во тој период. Според него во 2006-та година е снимен и германскиот филм Темнината (Die Finsternis). Членовите на династијата Hohenzollern-Sigmaringen повеќе не живеат во овој замок, некои се повлекле во селските имоти, а некои на други места. Денес во него е сместен музеј и менаџментот на претпријатието коешто е во сопствеништво на семејството. |
Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 09:59
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|