IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 138139140141142 157>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2015 во 09:22

ХОРОСКОП: ДОЗНАЈТЕ ШТО ВЕ ОЧЕКУВА ОВАА ЗИМА

11

Некои оваа зима ги очекува голема љубов која ќе ги излуди, некои пак, посакуваат малку одмор, а другите се подготвени за нови предизвици и успеси како на личен, така и на професионален план.

Дознајте што ве очекува оваа зима:

Овен

Пред нас е уште една зима во која Овните ќе се учат на трпение. Можеби понекогаш тоа ќе ви оди тешко и бргу ќе избувнувате, но и од лошите работи се учи. Многу ќе ви значат признанијата и комплиментите од другите, бидејќи тие ви се најважното огледало во животот. Негативните коментари можат да ве исфрлат од колосек, но ѕвездите ќе ви шепнат да не се предавате и откажувате. Навремената подготовка може да ви донесе нови победи уште во првите денови од зимата. Интуицијата ќе ви биде изразена повеќе од вообичаено, и вашата животна филозофија ќе ја ставите на испит, бидејќи ве очекуваат големи животни промени.


Бик

Уште самиот почеток на зимата ќе му започне работно на овој земјен знак, но подоцна ќе се посвети на дружењето и забавата. На полето на љубовта кое е доста изразено кај Биковите, зимата може да донесе нова голема љубовна приказна. Може да се случи толку силно да се заљубат што ќе ја изгубат главата, бидејќи ќе ја сретнат личноста која е фатална за нив. Тука само Сатурн може да ја доведе ситуацијата во баланс и да не се претераат со нешто што и не е така силно. Дружењето е доста важно за сите Бикови оваа зима.


Близнаци

Зимата ќе биде малку лош период за вас. Сите оние шеги и приказни повеќе нема да им бидат привлечни на луѓето од вашето опкружување. Потребно ви е големо друштво, но некако сè ви се чини како да нема ништо ново. Сепак ќе знаете дека не сте сосема сами и дека можете да очекувате поддршка од партнерот. Нема да ви држи место и ќе морате да си најдете некое ново хоби сè додека не видите до каде води тоа. Можеби ќе ви помогне да откриете нешто ново за себеси. Насмевнете се и ве очекуваат позитивни работи во животот.


Рак

Ќе имате впечаток дека негативните вибрации ви доаѓаат од партнерот и дека тоа се рефлектира на вашето професионално поле. Морате да научите да се носите со предизвиците и да сфатите дека не треба да се преиспитувате, туку со некои работи едноставно да се помирите. Имате одлични идеи како можете да го искористите зимскиот период. Внимавајте на млада машка личност која може да направи лоша атмосфера во вашиот дом со своите постапки. Внимавајте и на здравјето на вашите родители.


Лав

Ве очекува период на силни љубовни врски. Прво ќе се заљубите, а потоа ќе започнете да работите со полна пареа на професионален план. Секако, ќе имате прилика убаво да си поминете за време на новогодишните празници и тоа на величествен начин, онака како што умеете. Самиот почеток на годината ќе ви донесе повеќе пари. Морате да се чувате од изливи на бес од една машка личност. Можно е ненадејно патување. Така е најдобро, бидејќи плановите не ви носат ништо посебно.


Девица

Ќе бидете доста среќни на полето на финансиите. Добивката на тоа поле е неминовна. Ќе имате брилијантни идеи и вашиот остар ум може да ве доведе до голем успех на професионален план, посебно ако имате приватен бизнис. Ќе имате доста изненадувања од страна на партнерот. Ваша одлична особина ќе е тоа што страствено ги завршувате работите без некој да ви спомнува било какви рокови. Тоа е вашата тајна која другите се обидуваат да ја копираат.

Вага

Во текот на зимскиот период ќе ве мачи „гладот“ на повеќе начини, не само што ќе сакате повеќе да уживате во храната, туку и ќе имате пориви да заработувате повеќе. Ова второво поле ќе биде нагласено и понатаму. Добар совет е да се откажете од првото поле, бидејќи можете да накачите некој килограм повеќе. Свеста ви е насочена кон претприемништвото и добро е да ги искористите сите можности кои ќе бидат поволни за вас. Постојат работи кои долго време сте ги очекувале, па сега ќе дојдете до одлични идеи како да ги остварите вашите желби.


Скорпија

Вашиот знак го очекуваат доста предизвици. Ќе имате енергија повеќе од вообичаено, па добро е да пробате некој зимски спорт. Ќе бидете неодоливи на спротивниот пол. Можно е да имате тајна љубовна врска. Ќе ве опседнат мисли во врска со некоја личност од соседството или некоја ваша блиска личност. Ве очекуваат и мали проблеми со финансиите, бидејќи Сатурн ќе ви дава таква енергија на полето на парите. Сè ќе помине и ќе научите како да се носите со оваа енергија. Ќе поминувате повеќе време со блиските, бидејќи сте заштитнички настроени и се грижите сè да биде во ред.


Стрелец

Ќе се послужите со вашата интуиција за да заработите повеќе пари. Понекогаш ви се чини како да не поминувате низ добар период, но веднаш потоа ви се враќа оптимистичкиот дух како на ниту еден друг знак од Зодијакот. Ѕвездите посочуваат на можни тајни непријатели кои го сакаат вашиот дел од колачот. Љубоморните противници ќе се обидат да се надмудруваат со вас, но сфатете ги само како уште еден предизвик.


Јарец

Од јануари ќе посакате да ги завршите старите и недовршени работи во вашиот живот. Ќе имате позитивна енергија и повеќе елан и оптимизам од вообичаено. Искористете го тоа на продуктивен начин и лесно ќе ги намалите тензиите во вашето опкружување. Тема кои најмногу ќе ве интересира се парите од кои можете да добиете големо задоволство. Внимавајте на вашето здравје. Сите одлуки кои ќе ги донесете овој период зависат исклучиво од вас.


Водолија

Она што е актуелно кај вас е можноста да стекнете пари преку пријателските врски и честото дружење. Можете да имате поддршка од вашите надредени и да бидете успешни на професионален план. Колегите ќе ви пренесат вештини кои ќе ви помогнат да ја добиете позицијата која ја посакувате. Потрудете се и тоа да го постигнете, бидејќи секоја одлука не зависи од некој друг, туку исклучиво од вас самите. Љубовта малку подоцна доаѓа на ред во вашиот живот.


Риби

Знакот на најголеми тајни ќе мора да почека за важните работи, а моментално може малку да се одмори за да дојде до големи победи. Можно е да дојдете до пари кои ќе ги заработите од странство. Нема да имате недостаток од нив, но важно ви е да направите добар план и да дојдете до конкретен успех.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2015 во 08:18

Хороскоп за 2 секунди: Што да очекувате од 2016-та?


2016-та година полека, но сигурно се наближува, па со себе носи и нови работи со кои ќе треба да се соочите, ситуации и искуства кои ќе треба да ги прифатите и да научите нешто ново од нив.

horoskop-za-2-sekundi-shto-da-ocekuvate-od-2016-ta-01.jpg

Откријте што го очекува вашиот хороскопски знак во 2016-та:

Овен

Држете се до: Рутината – секојдневното повторување на работите ќе ви се испалти

Избегнувајте: Вршење на повеќе работи истовремено, без да им посветувате доволно внимание


Бик

Држете се до: Изразување на вашата внатрешна сила

Избегнувајте: Задоволување на сексуалната зависност


Близнаци

Држете се до: Сигурноста и посветеноста на врските во вашиот живот

Избегнувајте: Несигурен и нестабилен живот – време е да пуштите корени некаде


Рак

Држете се до: Дисциплинирано вежбање и консумирање на здрава храна

Избегнувајте: Несигурни и негативни луѓе кои е прават анксиозни


Лав

Држете се до: Финансиска дисциплина – време е да научите да штедите пари

Избегнувајте: Површни сексуални страсти - потребна ви е стабилна врска


Девица

Држете се до: Слободата, независноста, индивидуалноста и себе-изразувањето

Избегнувајте: Префекционизам и контролирање на луѓето околу вас

Вага

Држете се до: Остварување на целите и соништата

Избегнувајте: Сентиментално врзување за работи кои веќе одамна сте ги надминале


Скорпија

Држете се до: Моќта која ја има рутината

Избегнувајте: Снобизам – ќе остварувате различни познанства и пријателства


Стрелец

Држете се до: Долгорочните бавни цели кои ќе ви донесат стабилен развој

Избегнувајте: Тврдоглавост и барање на слобода по секоја цена


Јарец

Држете се до: Страста за патување – оваа година одберете своја авантура

Избегнувајте: Контрола – време е да се препуштите на неизвесноста


Водолија

Држете се до: Отвореност и себе-откривање

Избегнувајте: Ја потребата за популарност – одберете квалитет над квантитет


Риби

Држете се до: Моќта на силните и стабилни врски

Избегнувајте: Рутинска, досадна работа – препуштете се на новите искуства

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2015 во 10:06
да се разбереме..

лавовите - не штедат!

а околу страстите и стабилноста, во некоја друга прилика
едно е - не се две
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2015 во 08:51

Избегнувајте: Задоволување на сексуалната зависност изненадувањеизненадување



Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2015 во 09:08

ЕГИПЕТСКИ ХОРОСКОП - ОТКРИЈТЕ КОЈ БОГ ВЛАДЕЕ СО ВАШИОТ ЗНАК

222

Египетскиот хороскоп е поделен на дванаесет знаци и со секој од нив владее едно божество. Дендеровиот зодијак всушност е создаден за време на династијата Птоломеј под влијание на грчката култура. Единствениот оригинален Дендеров зодијак е пронајден од страна на француските војници во близина на храмот Хатор. Во египетскиот хороскоп постојат 12 соѕвездија, и секое од нив е поделено на три периоди од 10 дена. Секој период од 10 дена претставува една голема ѕвезда.

Врз основа на датумот на раѓање лесно ќе откриете кое божество ве заштитува вас:

Нил: 1.1. – 7.1., 19.6. – 28.6., 1.9. – 7.9., 18.11. – 26.11

Амон Ра oд 8.1. дo 21.1., oд 1.2. дo 11.2.

Мут oд 22.1. дo 31.1., oд 8.9. дo 22.9.

Геб oд 12.2. дo 29.2., oд 20.8. дo 31.8.

Озирис oд 1.3. дo 10.3., oд 27.11. дo 18.12.

Изида oд 11.3. дo 31.3., oд 18.10 дo 29.10., oд 19.12. дo 31.12.

Тот oд 1.4. дo 19.4., oд 8.11. дo 17.11.

Хорус oд 20.4. дo 7.5., oд 12.8. дo 19.8.

Анубис oд 8.5. дo 27.5., oд 29.6. дo 13.7.

Сет oд 28.5. дo 18.6., oд 28.9. дo 2.10.

Бастет oд 14.7. дo 28.7., oд 23.9. дo 27.9., oд 3.10. дo 17.10.

Секмет oд 29.7. дo 11.8., oд 30.10. дo 7.11.

Нил

Oва е единствениот знак кој не е бог во традиционалниот египетски хороскоп. Родените во овој знак се мирољубиви, префинети, страствени, импулсивни и харизматични. Овие луѓе создаваат, а не набљудуваат. Чувствителни се во поглед на богатствата кои и ги носат на својата околина. Воедно се склони кон промени на расположението во текот на денот, и општо во животот.

Клучни квалитети: хуманост, префинетост, систематичност, љубов кон науката, толерантност, смисла за хумор, емоционалност, креативност

Свето животно: антилопа

Боја: бела

Амон Ра

Ра е главен бог во Египет. Неговиот соларен култ дава светлина на целата египетска земја, тој е божеството кое се одвојува од првобитното и создава потполно нов живот. Ра претставува симбол за сила и луксуз. Според египетските верувања Ра поседува моќ да го оплоди кое било земјиште. За лицата родени во знакот на Ра, се верува дека имаат големо срце, зрачат со енергија и лесно ќе ја го пронајдат патот кој води до големите можности. Ра на човекот му дава говор, а на детето во мајчината утроба живот. Родените во знакот на Ра никогаш нема да имаат оскуден живот, нивниот дух е желен за истражување и талкање. Сепак, може да ве разочара што овие лица не се многу емоционално поврзани со околината.

Клучни квалитети: креативност, сила, рамнотежа, мудрост, лидерство, авторитет, доверба

Свето животно: овен (како и лав и бик)

Боја: црвена (како и нијанси на зелена и сина)

Мут

Мут е едно од најстарите египетски божества. Во присуство на оваа божица човек се раѓа со чувство дека неговиот живот мора да биде без вина, во смисла на мистичните паралели помеѓу животот и смртта. Лицата родени во знакот на Мут се таинствени и склони кон меланхолија. Знаат да бидат полни со иронија, фрустрирани поради својата срамежливост, но сепак имаат огромно внатрешно богатство и знаат како да стигнат до целта со помош на своите контакти. Строги се, одлучни и многу ретко романтични. Поседуваат очигледна мудрост, а нивната надеж на другите им изгледа инспиративно. Тоа што го бараат од другите е добра волја.

Клучни квалитети: посветеност, внатрешно богатство, заштита, смиреност, самоувереност, способност да се поврзат со другите.

Свето животно: крава, мачка

Боја: бела

Геб

Геб е симбол за земјата и сè што земјата ни дава. Геб е роден во влажните и дождливи денови. Како чувар на животот, Геб има позитивни квалитети, како и способност да поднесе тешки животни удари. Како симбол на меморијата, за поголем дел од лицата родени во овој знак, се предвидува кариера во правецот на администрацијата, психологијата, или пак работата како советник или писател. Овие лица се атрактивни и ги забележуваат впечатливите нешта. Скромноста и способноста да сочувствуваат понекогаш може да им биде и мана, но нивната сила е во тоа што имаат способност да ги поднесат и најтешките удари кои ќе им ги приреди животот. Родените во знакот на Геб се чувствителни, но лесно застануваат на нозе поради големата самодоверба која ја имаат.

Клучни квалитети: рамнотежа, смиреност, гордост, самодоверба

Свето животно: гуска

Боја: зелена и кафеава

Озирис

Со помош на Изида, неговата жена и сестра, Озирис на луѓето им дава упаства за обработување на земјата. Како симбол на континуитетот, овој бог е жртва на постојаната љубомора кон својот брат Сет. Озирис го убива својот брат Сет, а потоа ја воскреснува својата жена Изида. Тој оди во подземниот свет и се враќа. Озирис е симбол за подмладувањето и новите почетоци. Лицата родени во овој знак се великодушни и посветени на саканите, а нивната кариера се стреми кон говорник или организатор. Овие лица поседуваат и изразена интуиција. Воедно се жестоки, но и ранливи во случај на конфликт, а кога се соочуваат со дилема секогаш се прашуваат дали го одбрале вистинскиот момент за акција.

Клучни квалитети: сила, стабилност, обновување, праведност, милост, мудрост, љубов кон законите, љубов кон науката и уметноста

Свето животно: бик, птица

Боја: црна, зелена, бела

Изида

Изида е главна божица во древната египетска религија. Изида е божица на мајчинството, љубовта, магијата и медицината. Во животот на лицата родени во овој знак владее исклучиво љубовта. Овие луѓе се среќни, амбициозни, и енергични. Никогаш не остануваат на едно место и секогаш се во потрага по нешто подобро и ново. Често знаат да бидат горди на самите себе, а добиваат и голема поддршка од мајката, браќата и сестрите. Иако ја сакаат солидарноста и единството, и уживаат во помагање на семејството и пријателите. понекогаш одат до таму што би си го загрозиле сопствениот живот за да им помогнат на другите. Отворени се кон другите, но често знаат да се најдат во ситуација во која се разочаруваат и повредуваат од другите.

Клучни квалитети: Активност, самоувереност, угледност, почит, едноставност, идеалисти, искреност

Свето животно: Овен

Боја: Црвено, портокалова, златна

Тот

Тот им дава на луѓето генијални идеи и инспирација. Лицата родени во овој знак се остроумни, лукави и нетрпеливи. Тие воедно се големи ентузијасти, кои никогаш не ја сакаат просечноста и пакоста. Тот по природа е шармантен, мудар, снаодлив и има исклучителна меморија. Родените во овој знак поседуваат храброст и сакаат да ризикуваат. За Тот се смета дека е незамисливо да го погази својот збор и да измами некого. Повеќе родени во овој знак имаат склоност кон книжевност, а често се занимаваат и со просветна дејност. Имаат тенденција да се дружат со лица кои ја поседуваат истата сила и волја, и кои имаат слични професии.

Клучни квалитети: мудрост, снаодливост, ентузијазам, храброст, острумност, скромност и желба да помагаат

Свето животно: Мајмун

Боја: небесно сина

Хорус

Правдата во светот на древните египјани се обликува со помош на Хорус. Овој осветољубив бог, син на Изида и Озирис, влегол во легендарда борба со Сет. Хорус е бог прица и поседува квалитети како просветителство и мир, а воедно е заштитник на небото и ѕвездите. Лицата родени во знакот на Хорус се движат низ животот со неверојатна сила и волја. Хорусовата интелегенција и желба за постојано учење ги води припадниците на овој знак на патот кон разбирање и разоткривање на важните нешта во животот. Тие поседуваат психичка рамнотежа, поради склопот на татковата мажественост и доприносот на мајката. Хорус, воедно им овозможува да се препуштаат на своите мисли и фантазии. Овие луѓе имаат бујна имагинација и ја сакаат природата.

Клучни квалитети: Храброст, харизматичност, интензивност, силна волја, интелигентност, разбирање, нетрпеливост, одмаздољубивост и влијателност

Свето животно: сокол, мечка, лав

Боја: црвена

Анубис

Анубис е бог на подземјето. За Анубис, богот со лице на пес, се смета дека ја пронашол и проширил техниката на балсамирање на мртвите. Овој бог ја симболизира смртта и талкањето на покојникот додека не го убеди Секмент да ја отвори вратата во долината на безсмртноста. Лицата родени во овој знак се паметни и полни со сочувство, но во себе имаат и темна страна. Нивните длабоки страдања понекогаш можат да изградат ѕид кој повремено ја ограничува нивната љубовна иницијатива. Овие лица зрачат со својата личност, свесно се противат на другите и секогаш се подготвени да најдат нови решенија во секој сегмент од животот. уживаат во црн хумор, ја сакаат самотијата, но истовремено се многу емотивни и чувствителни.

Клучни квалитети: заштита, сила, комфор, праведност, лукавост, ум, разбирање и истрајност.

Свето животно: шакал, пес

Боја: црна

Сет

Сет е бог на бурата, хаосот, војната и нередот. Луѓето родени во овој знак се амбициозни, иновативни, секогаш бараат промени и нови возбудливи нешта. Имаат потреба да доживеат многу авантури пред да ги задоволат своите внатрешни желби. Многу лесно и едноставно учат на своите грешки и поседуваат неверојатна упорност кога станува збор за предизвици, бидејќи сет е најупорниот знак во Египетскиот хороскоп. Суштината на Сет е метаморфоза, а родените во овој знак се во состојба да примат неограничено многу знаење. Овие лица се бунтовници кои не сакаат ограничувања.

Клучни квалитети: безстрашност, бунтовност, неконвенционалност, рамнотежа, недоразбирања и предизвици.

Свето животно: Орел

Боја: Боја на песок

Бастет

Бастет е божица со тело на жена и лице на мачка, во Египетската религија се појавува доцна, иако мачката е праисториски симбол во оваа религија. Бастет е воедно божица на љубовта и музиката. Бастет е фасцинација која произлегува од забранетото место. Лицата родени во овој знак ја бараат рамнотежата и хармонијата во односите со другите. Тие знаат како да ги заштитат и како да им се посветат на своите најмили, а при тоа повремено занемарувајќи ги своите интереси. Поседуваат внатрешна сила и двигателност која им помага да ги препознаат своите скриени непријатели и да триумфираат над нив. Родените во овој знак поседуваат шарм, харизма и се успешни.

Клучни квалитети: Мајчинство, заштита, сложност, тактика, внимателност, грациозност, двигателност, свесност, преданост, пријатност и суптилност.

Свето животно: мачка

Боја: Црвена, зелена и сина

Секмет

Секмет е поларна божица која ја преставува војната и насилството. Кај лицата родени во знакот на Секмет не може да се препознае сочувство или сомнеж. Овие лица се внимателни, интуитивни, авторитативни и ретко се задоволни со себе. Поседуваат чувство за морал и се склони кон критика и жалост, и покрај своите тајни желби и чувства. Бараат многу од луѓето околу себе, но и од самите себе. Имаат тенденција да бидат горделиви.

Клучни квалитети: моралност, внимателност, авторитативност, принципијалност, креативност, заштита, одмаздољубивост и сила

Свето животно: Лав

Боја: Црвена

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
toyo Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Декември.2015
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај toyo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2015 во 09:28
e sega nauciv deka ima i egipetski horoskop...
Кон врв
toyo Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Декември.2015
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај toyo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2015 во 09:30
samo sto ne se poklopuva nisto znakot so moite osobini ili jas ne se znam sebesi....
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2015 во 08:23

Хороскопот советува: Што треба да избегнувате за животот да ви биде поубав?


Секој хороскопски знак се однесува различно во дадена ситуација, но некои се склони на претерување. Во што знае да претера вашиот хороскопски знак?

horoskopot-sovetuva-sto-treba-da-izbegnuvate-za-zivotot-da-vi-bide-poubav-1.jpg

Затоа што крајностите не се од корист, астрологијата ве советува што да избегнувате за животот да ви биде поубав:

Овен

Не спаѓате во личностите кои знаат да забават. Напротив, склони сте кон избрзување и запаѓање во неизвесни ситуации. Кога нешто ќе ве разочара или изнервира, сакате да се извикате на првата личност која ќе ви се најде на патот. Би требало да го избегнете претерувањето во секоја активност и внимателно да ги дозирате зборовите. Што се однесува до исхраната, многу посреќни ќе бидете ако избегнувате алкохол, шеќер и месо, затоа што ве поттикнуваат на агресивно однесување.


Бик

Организирајте си го животот така што никаде нема да мора да брзате, затоа што Бикот кој брза е еден од најнеефикасните знаци. Вашиот телесен и емотивен метаболизам е бавен, па сите промени мора да ги правите постепено. Наглите промени ви ја уништуваат рамнотежата. Консумирајте повеќе овошје, риба и зеленчук, а избегнувајте слатки. Ако работата ви подразбира 8 часа седење, секое утро шетајте барем на кратко.


Близнаци

Слабата точка ви е дишењето, па задолжително избегнувајте екстремно високи и ниски температури, како и престој во простории со многу прашина и чад. Чувајте се од промаја и избегнувајте алкохол, тешки оброци и еднолична исхрана. Потребни ви се големи коичини на калциум за поздрав организам. Ви одговараат спортови кои од вас бара растегливост.


Рак

Би требало да се пазите од емотивно прејадување, затоа што сакате да барате утеха во нездравата храна. За да си го подобрите квалитетот на животот потребно ви е секојдневно движење и дружење со позитивни луѓе. По природа сте емотивец, па затоа треба внимателно да размислите пред да донесете било каква одлука базирана на чувствата. Обично ваквите одлуки ви носат само компликации. Повеќе вклучете ја главата.


Лав

Ништо не правите половично, па често пати непотребно трошите емоции и нерви на работи и личности кои воопшто не го заслужуваат вашето внимание. Исто така потрудете се да си обезбедите редовни масажи и вежби за правилно дишење. Во исхраната внесете намирници богати со магнезиум, минерал кој ви е неопходен за добро здравје.


Девица

Еден од ретките знаци кој сам на себе си наметнува доволно ограничувања. Ако сакате да сте посреќни, не би требало цел живот да го посветите на обврските. Подложни сте не нервози кои ви предизвикуваат болки во желудникот, па затоа избегнувајте тензични ситуации. Сокот од боровинки треба да ви стане секојдневна навика затоа што ви помага при проблемите со варење, кон кои сте склони. Почесто опуштајте се со медитација и среќни луѓе.

Вага

Избегнувајте храна која содржи премногу токсини, затоа што тоа е вашата слаба точка. Неопходни ви се големи количини на вода ако сакате да си го подмладите изгледот. Не би требало да јадете брзо и избегнувајте се што е студено. Сакате душевен мир по секоја цена, па склони сте на секакви дискусии за да дојдете до него. Не претерувајте со изнудувањето на комплименти.


Скорпија

Иако поседувате неверојатни интелектуални способности, не можете да ги контролирате своите инстинкти. Немате мера во речиси ништо. Кога нешто ќе си замислите мора тоа да го исполните. Ова е предност само ако не им наштетувате на другите. Склони сте кон инфкеции, па за поздрав живот често треба да правите детоксикација. Од вишокот енергија решете се мудро. Наместо да правите екцеси, најдете психо-физички предизвици.


Стрелец

Склони сте на претерување во речиси сè – јадење, пиење, секс, спорт, па и во работата, посебно кога ќе се запалите за нешто. Но, затоа кога ќе станете мрзеливи, ви нема рамен. Избегнувајте ја седечката положба и работата во затворени простории, потребен ви е воздух. Тргнете се настрана од високо калоричната храна, затоа што сте склони на дебелеење во колковите и бутовите.


Јарец

Не би требало се да сфаќате толку сериозно. Пробајте да се ослободите од песимизмот и вродената горчина, како и напливот на негативни мисли кои ви ја уништуваат волјата за работите кои до вчера ги сакавте. Научете да ги елиминирате лошите емоции. Потребен ви е подолг престој на свеж воздух и повеќе активности. Добрите пријатели ви се исто така неопходни за баланс и среќа.


Водолија

Избегнувајте спортови и активности кои ви ја црпат енергијата. Лесно сте подложни на стрес, па би било добро да најдете активности кои ве опуштаат. Избегнувајте носење и големи тежини затоа што секој напор може да ве доведе до лесна повреда. Поседувате добра смисла за драма која ако ја употребувате почесто, ќе си донесете само непријатели. Исто така внимавајте каде ја истакнувате својата самостојност.


Риби

Брзо се заморувате, па тоа е вашата слаба точка на која треба да внимавате. Повлеченоста обично само ви го комплицира животот, па затоа со време треба да пронајдете начин да ги канализирате емоциите и мислите. Подложни сте на вирусни инфекции и благи облици на труења, заради што мора да внимавате што јадете. Железото ви е неопходно, исто како протеините и белковините. Посветете поголемо внимание на душевната среќа ако сакате квалитетен живот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2015 во 21:35
ОВОЈ ЗОДИЈАК НЕМА "ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ": ТОЈ Е УБЕДЛИВО НАЈИСКРЕНИОТ ЗНАК ВО ХОРОСКОПОТ!

Тој нема време, ниту желби за измислени приказни ниту игри, туку тоа што навистина го мисли, и го кажува, а најчесто е и во право.

Далеку од тоа дека не умее да се оснесува пристојно и дека сака некого да навреди, но едноставно кажано, тој е непосреден и отворен. Можеби неговите ставови понекогаш ќе ви делуваа чудно, но тој ќе ве освои со својата оригиналност и несекојдневна личност. Тој е последен помеѓу воздушните знаци – секако, тоа е чудната и чудеснаВодолија.

Нивната искреност во овој свет се цени исклучително малку, некои можеби ги сметаат и за изроди, но на сите им е апсолутно симпатичен начинот на којшто тие ја изразуваат својата искреност. Водолиите нема да размислат два пати пред да ви кажат дека сте ставиле некој килограм повеќе, или пак дека палтото не ви стои добро, или дека можеби сте погрешиле во нешто.

Тие се отворени, ја сакаат забавата и дружењата. Секогаш се подготвени за да помогнат. Нивната интелигенција ги надминува границите, но често тие немаат волја за да ја искористат, бидејќи помалку се и мрзеливи. Не сакаат ограничувања и подготвени се да бидат сосема искрено – Јас имам свој живот, не мешај ми се!

Тие исто така не ја трпат и досадата, бидејќи едноставно не можат да се смират на едно место, а нивната љубопитност пак и интелигенција никогаш не им даваат мир. Водолиите се големи мислители и филозофи, па со оглед на тоа сакаат да го имаат главниот збор, но и да ги послушаат туѓите мислења.


Сакаат да бидат независни, да имаат слобода, па често се индивидуалисти и не се снаоѓаат во тимското работење. Водолиите немаат предрасуди кон другите, а често знаат и да се издигнат над ситуацијата и да посветат мало внимание на неважните нешта. За нив велат дека се големи сонувачи и дека главата буквално им лебди во облаците. Често знаат да се исклучат, како да не се присутни, иако им се обраќате токму ним. Тоа е затоа што сакаат да сонуваат, но понекогаш се мрзеливи за да тргнат во остварување на своите планови.

Водолиите се добри глумци, па често глумат и во животните ситуации, а поради тоа не им паѓа тешко за понекогаш да излажат како би се извлекле од непријатните околности. Како во крвта да им е всадена желбата за блефирање. Не мислете дека лесно ќе ги прејдете, бидејќи нивниот ум работи побрзо од било што друго. Можат да бидат исклучително мирни и срамежливи, но и енергични и ексцентрични. Исклучително многу се самоуверени и знаат дека тие едноставно го можат тоа. Никако не го сакаат моментот кога ќе се посрамотат пред другите.

Кога се работи за љубовта, тие најчесто се заљубуваат во нечија интелигенција, а досадните личности никогаш нема да го освојат нивното срце. Често делуваат како да сакаат да бидат осамени, но всушност тие се во постојана потрага по сродна душа со којашто ќе може да водат разговори до доцна во ноќта.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2015 во 21:42

ОВИЕ ТРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ СЕ НАЈГОЛЕМИ СПОНЗОРУШИ!

6

Девица

Личностите родени во знакот на Девица се се само не невини. Девојките Девици како да имаат вграден скенер за спонзори или спонзороловец. Без грешка ќе му пријдат на фраерот со најмногу пари па дури и кога тој е во друштво со слични типови, исто така со полни џебови. Омилени „жртви“ и се татини синови кои сакаат да се фалат, па така нејзиниот плен уште на стартот настрадал бидејќи ќе го смота како змија жаба. Како вистинска змија, девојките во знакот Девица се мошне отровни за машкиот род, а штом ги потрошат паричките, веќе имаат подготвено нова жртва.

Вага

Вага… Опасен знак кога се спонзорушите во прашање. Вагата долго ќе мери кој маж ќе и пружи повеќе бидејќи е неодлучна и секогаш и се чини дека другите девојки добиваат повеќе. Мошне е љубоморна иако не се вљубува во своето момче со џип, јахта или куќа на море. Неа никогаш не и е доволно и секогаш глуми жртва со надеж дека ќе добие скапи нешта. Ако на Вагата не и подарите скап накит барем еднаш месечно лесно паѓа во депресија и во тие моменти веднаш размислува за друг маж. Грубо, зарем не?

Водолија

Водолијата го сака морето и плажите, па така нејзиниот најдобар терен за лов на спонзори е токму летувањето. На море е неприкосновена, а на нејзиното вешто око еден фраер со скап кабриолет нема шанса да и побегне. Има соколово око за такви нешта иако на плажа често носи двоглед во случај да има некоја јахта од неколку милиончиња во близина. Не се воздржува од влегување во врска и со постари личности под услов тие да се полни како брод. Кога Водолијата еднаш ќе се качи на јахта, не слегува. Освен во случај кога преминува на некоја поскапа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2015 во 22:08

ТРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ КОИ ЌЕ ОСТАНАТ САМЦИ ДО КРАЈОТ НА ЖИВОТОТ

9

Тоа не значи дека овие три хороскопски знаци се предодредени да биде самци, туку само ќе мора да обрнат внимание на некои црти од својот карактер поради кои среќната врска им „бега“ многу полесно отколку на другите.

Близнаци

За Близнаците карактеристична е љубопитливата, речиси детската природа. Токму таа преголема љубопитливост ги тера во истражување на светот и запознавање на најразлични луѓе. Во тоа им помага нивната комуникативност и тоа што кон луѓето секогаш се пријателски настроени. Ретко кога имаат каков било вид на предрасуди па токму таа особина често ги вовлекува во емотивни невољи. Накратко, ова е најневерниот знак во Зодијакот. За Близнаците е карактеристично за партнер неретко да одберат недостапна личност – или некоја која е сосема незаинтересирана за нив, или некоја која е веќе во врска или во брак. Ако првиот случај е во прашање, во состојба се неутешно да страдаат, но не се откажуваат, бидејќи се убедени дека другата страна сепак ќе се промени. Голем проблем на Близнаците е тоа што главата често им е во облаците па не ја гледаат реално состојбата на работите. Оваа нивна маана доаѓа до израз и кога ќе се вљубат и отпочнат врска со зафатена личност. Сметаат дека е доволно да се биде внимателен и стрплив, па се ќе се преиначи во нивна корист. Бидејќи тоа најчесто не се случува, ќе изгубат многу време во исчекувањето на она што го посакуваат и на крајот ќе бидат сосема скршени. Најлошо од се е што тие навистина сакаат брак и деца, но во повеќето случаи не одбираат адекватна личност за реализација. Имајќи предвид дека се многу друштвени и се движат насекаде, запознаваат многу луѓе, а некои од нив им изгледаат интересни, но за нив се само краткротрајна врска. Дури и ако со некого отпочнат семеен живот, среќата е со краток век. Близнаците најмногу ги интригираат новитети и предизвици, но наместо да ги бараат секогаш и наново во некој друг, можеби би требало да бараат начин како да ја зачинат својата врска.
Лав

Вистински претставник на огнен знак – енергичен, забавен и динамичен, така што освојува каде што ќе се појави. Исклучително се зборлести па го привлекуваат вниманието на спротивниот пол, што им овозможува остварување на најголемите желби – да бидат обожавани и во центарот на вниманието. Врските во кои влегуваат често се исклучиво од сексуална природна, иако другата страна неретко очекува нешто повеќе од тоа. Лавовите се вистински срцекршачи и не водат многу сметка дали некого ќе повредат, дури и кога станува збор за личност со која имаат деца. Меѓутоа, како по правило, и за него секогаш ќе се најде некој кој е фатален. Тогаш е во состојба на таа личност да и го понуди целиот свет, да и приреди најлуди изненадувања и да ја искаже својата љубов на многу необични начини. Колку и да е таа врска интензивна и полна со страст, Лавот на крајот најчесто останува сосема уништен, бидејќи другата страна не може да ја поднесе импулсивноста, брзите одлуки и претераниот авантуризам на еден Лав. Всушност, голем проблем на Лавот е тоа што сака личноста која ја сака секогаш да биде тука за него, а за себе смета дека сепак најдобро функционира кога ништо не го попречува. Без оглед на врската и врскичките по таа фатална љубов, тој најчесто староста ја поминува осамен, размислувајќи за тоа како животот би му бил сосема поинаков доколку останале заедно.

Водолија

Водолиите се исклучително интелигентни и елоквентни, што во комбинација со нивниот шарм ги прави неодоливи. Меѓутоа, тоа во нивниот случај најчестоо не е предуслов за среќа и емотивна исполнетост. Знаат добро да ги советуваат другите за љубовни проблеми, но кога станува збор за нив, тие самите паѓаат во бездна. Секогаш го слушаат срцето и често се впуштаат во врски со оние кои не се добри за квалитетен емотивен однос. Иако на Водолијата тоа од почетокот и е јасно, хазардерската природа ги тера да останат во таа врска, бидејќи ги интересира што ќе биде на крајот. Воопшто не знаат да тактизираат, а на партнерот му се предаваат не 100 туку 200 отсто. Дури и кога ќе влезат во некоја макар приближно нормална врска, на нејзиниот партнер најчесто му пречи тоа што Водолијата не ја интересираат нормите и што на светот гледа со поинакви очи од повеќето луѓе. Кога ќе почувствува дека другата страна се обидува да ја зароби, извесно време можеби ќе се обидува да се адаптира, но најчесто бега како од ѓавол. Тоа ќе го направи дури и ако е во прашање семејство, бидејќи на Водолијата и е помалку важен привидот на идилично семејство од сопствената слобода. Водолијата не сака да игра по ничии правила, туку да живее според сопствените. Во повеќето случаи, за тоа плаќа со самотијата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2015 во 08:33

ОВА СЕ НАЈОПАСНИТЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ – БЕГАЈТЕ ОД ПОСЛЕДНИОТ!

7

Хороскопскиот знак на кој му припаѓате многу говори за вашиот карактер. Сега се откри кои се трите знаци од хороскопот кои немаат влакна на јазикот и со кои не треба да се задевате.

ДЕВИЦА

Опсесивно-компулсивни невротици, перфекционисти кои цепидлачат за се и сешто. Ни премногу некогаш не им е доволно. Мислат само на работата и не познаваат емоции. Само робот може да биде поладен од девицата. Кога ќе им згрешите знаат да премолчат и простат, но ако го повторите истото, бегајте од нив! Со месеци и месеци ќе спремаат план за одмазда, а вие нема да бидете свесни што ве снашло. Иако се кревки по природа, кога некој ќе ги налути после долго толерирање, бидејќи такви се по природа, стануваат прави ѓаволи.

Кај девицата нема страст и емоции.

ШКОРПИЈА

Самосожалувачи кои и вас ќе ве повлечат во бездна. Ако утре е крај на светот не би се шокирале, би го поминале со многу пиење и секс. Се она што е лошо и бизарно за обичните смртници, за нив е најнормална работа. Емотивно се незрели, подли, неодговорни, а се деца кои никогаш нема да пораснат.

Иако делуваат промислено, паметно и итро, под кората се крие незрело дете, без рзлика на возраста.

Тие веднаш напаѓаат ако некој им згреши. Сакаат да се одмаздуваат.

ЈАРЕЦ

Веруваат во судбина, а зборот прошка не постои во нивниот речник. Можете да бидете со нив од најрана возраст, да живеете со нив, да бидете во брак…но никогаш нема целосно да ги запознаете.

Не знаат да ги искажат емоциите со зборови. Бегањето и оставањето на цедило е нешто што овој знак прави цел живот.

Премногу се спори, мрачни и душевно сиромашни за да дадат било што некому и да се предадат некому.

Ова е дефинитивно најлошиот хороскопски знак. Гледа само за себе и ќе ве остави во најтешко.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2015 во 09:57
аииииии....
едно е - не се две
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2015 во 10:54

Што прави секој хороскопски знак за време на празниците и славите? Водолијата се налева со ракија, Девицата упорно ги чисти флеките


Сезоната на празнични собири и слави веќе на големо е почната, па ако сакате да погодите кој што е во хороскоп, доволно е да ги следите манирите.

sto-pravi-sekoj-horoskopski-znak-za-vreme-na-praznicite-i-slavite-vodolijata-se-naleva-so-rakija-devicata-uporno-gi-cisti-flekite-01.jpg

Како што во секој аспект од животот хороскопските знаци се разликуваат драстично, така е и кога се работи за славењето.

Некои сакаат постојано да чистат, други гласно да раскажуваат, трети да пијат додека има...

Овенот обично почнува со славење штом ја засили музиката и нетрпеливо ги очекува гостите. Кога конечно ќе стигнат, ги дочекува видно напиен и ги бакнува сите по ред.

Бикот на славата е во природен елемент. Веднаш се нуди да помогне околу поставувањето на храната и задолжително пробува од сè по малку, пред воопшто храната да стигне до масата.

Близнаците цело попладне не можеле да се одлучат што пијалак да донесат за домаќинот, па како по обичај доцнат и со себе носат цел бар пијалаци.

Ракот мераклиски седи во некоја удобна фотелја и го дегустира она што Близнаците го донеле. Понекогаш станува да отвори врата, додека Овенот држи говор.

Лавот е најгласен на масата, веднаш после Овенот. Го прескокнува мезето затоа што се чува за главното јадење и постојано пие вино, па затоа во секоја минута е сè повесел.

Девицата упорно се труди да ги отстрани мрсните флеки и дамките од виното или барем да ги сокрие да не се гледаат. Во меѓувреме мези и следи на гостите нешто да не им недостасува.

Вагата го објаснува потеклото на сите обичаи и на сите им влегува во збор, па сите ја бркаат во кујната „да помогне“ околу јадењето.

Скорпијата доаѓа веќе напиена и доведува уште неколку весели пријатели, па сите шетаат низ куќата барајќи столчиња и прашуваат - Што е ова луѓе? Слава или погреб? Дајте малку музика!

Стрелецот е гостинот кој сите го сакаат и на сите им е забавен. Неговите шеги се прераскажуваат и наредната година.

Јарецот седи мирно, јаде сè по ред, пие што му е ставено. Не се буни и ништо не бара. Но, кога ќе прозбори, сите паѓаат од смеење. На крајот задолжително останува да му помогне на домаќинот да расчисти.

Водолијата се налева со ракија без да престане. Цело време другите и кажуваат да касне нешто, да не пие на гладен стомак, но таа само си игра со храната.

На Рибите постојано им е топло и малку по малку се расоблекуваат. Конечно ќе им стане сè по мерка кога сите гости ќе се напијат, па атмосферата станува максимално опуштена.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 138139140141142 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.