|
А да ја прошетаме Македонија ? |
Внеси реплика | страница <1 678 |
Автор | |
anton867676
Нов член Регистриран: 21.Август.2014 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
makedonija ima tolku mnogu mesta, shto navistina treba da se posetat! abe ne mozam da im se iznacudam na nashincive... stranci navistina znaat povekje od nas za delovi od makedonija! onie reklami shto se vrtat po nashive tv.se ziva vistina. odi ekipata od 10 lugje vo galicnik,si pominuva najdobro shto moze i se vrakjaat so nitu edna informacija za mestoto,istorijat,slucka. pa dobro be pred da idesh otvori google ke ti kaze.ili u kraen slucaj od koga ke se vratish,procitaj za mestoto.najmalku edna informacija ke imash vo glava!
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Днска кд вана од туј Скопје рано посабајле,ојде дур там у Паланку на Јоаким да га виду.
И виде га... Видсемо што видемо,решисмо да идемо и куде Ѕингота у Кратово,не не е пречекаја ама кафе написмо си се.И платисмо си га. Оти чудно ни га је дојдело врна смо се до Гогота монта с'с крап подврна смо се и решисмо наѕд да си дојдемо,такој по пут ојдемо у Кокино да видемо ѕвезде што ќе кажев,ветер еден јк ништо не видесмо,а мош и оти сунце свети јако. Па ојде си на славу пиво напи си се и те ме те туј да ви кажу. А заборавив да нагласам... ГЛАВЕН СПОНЗОР:ВУЈЧЕ ОД КАНАДА Тики ај Богородица нека ни е на помош,на овој ден виљушкар над глава ми падна жив останав... Нека има здравје и благосостојба во сечиј дом,сакајте си ја Македонија какви такви таа не одраснала. И на овој или оној начин нејзината убаина ни го дава сиот мир и целата надеж за подобро утре... Забелешка од авторот:Иако понекогаш значи да имате и добар спонзор. Да е благословен вујче со неговата фамилија. |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најдов едно видео па прогуглав за подетални информации Од крајниот северен дел на пештерата, по силни дождови и топење на снегот избива силен вруток кој во сушните периоди од годината наполно пресушува. На влезниот дел на пештерата постои средновековна тврдина. Според мештаните, врутокот е реката Пешна понорница, која според извесни теории е Крапската река која формира неколку езерца и водопади во „најголемиот пештерски систем кај нас“, за кој се претпоставува дека е долг неверојатни десет километри. Остатоците од тврдината во пештерата се доведуваат во врска со месноста „Девини кули“ која се гледа од внатрешноста на пештерата. Според локалните легенди, на двете тврдини живееле сестрите на Крале Марко. Како што потврдуваат и промотерите на брендот на Крале Марко, „легендите велат дека на нејзиниот влез и навнатре била изградена тврдината на втората сестра на Крали Марко.“ Пешна е регистрирана како локалитет од доцноантичкиот период во Македонија. Во близина на селото Слатина, пред влезот на самата пештера е откриена гробница со свод од тули и страничен влез од западната страна. |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Соединетете се со природата: Места во Македонија кои треба да ги посетите„Планината те учи за својата вистинска природа“, вели Евгенија Крстевска од Прилеп, млада адвокатка, докторант на Институтот за глобални студии во Скопје, каде љубовта за планината ја има наследено од својот татко. Во својот живот Евгенија вели дека има две семејства. Едното е тоа од кое што потекнува, а другото е тоа што планината ѝ го подари. Како и секоја млада личност, сака да се дружи и патува. „Во минатите години откако активно планинарам научив дека луѓето со кои што заеднички ја делиме љубовта за планинарењето имаме слични карактеристики. Планината е само последниот елемент кој што не поврзал заедно. Интересен е начинот на кој што планинарите веднаш и едноставно се поврзуваат меѓусебе. Планинарите се храбри, едуцирани, едноставни и чесни луѓе кои знаат што сакаат во животот“, се изјаснува Евгенија, присетувајќи се на на сите денови без сон, поминатите километри, на дождовите и ветровите, на подадените раце кога за тоа имало потреба, на кампувањата, топлите заеднички зготвени оброци и на испиените пива пред коперациите после турите. Тоа се едноставни работи кои ја радуваат. „Многу млади луѓе не сакаат да го напуштат комфорот и комодитетот што го носи урбаното живеење и да почнат да се занимаваат со некоја активност. Кога велам вака, не мислам дека ние само планинариме и не се дружиме на поинаков начин. Планината бара жртва, упорност и истрајност, меѓутоа и планинарите многу добро знаат да се дружат и на нулта надморска висина“, раскажува Евгенија Крстевска и потенцира дека пролетта е вистинско време за да се започне со планинарење затоа што не е потребно големо вложување во опрема, а температурите се соодветни за да може да се ужива во природата. „Македонија е богата со прекрасни планини и места кои вредат да се посетат. Доколку сте авантуристи и сакате подобро да ја запознаете својата држава, тогаш ве советувам да се приклучите кон некој од многубројните планинарски друштва“, поканува младата адвокатка од Прилеп. „Јас потекнувам од Прилеп. На прилепчани, добро позната им е Селечка планина, како една од најпристапните планински места во околината на градот. Селечка е едно од местата кое често го посетувавме со татко ми и кое што можам сама да појдам кога сакам да уживам во убавините на планината затоа што е на непосредна оддалеченост од градот и едноставно може да се стигне. Тоа е место за фамилијарни седенки и излети“, споделува Евгенија Крстевска. „За Јабланица можам да пишувам и зборувам со часови. За неа можам да кажам дека ми има оставено најголем впечаток. Кога ја искачував, турата ја започнавме од Вевчани, потоа се упативме кон прекрасното село Белица кое што изобилува со многу убави планински куќички и викендици. Решивме кружно да ја изодиме планинарската патека до Црн Камен и Вевчанска локва (Вевчанско Езера), па да се спуштиме спрема Вевчаниските извори. Како што навлегувавме во планината имав чуство дека тука се собрале сите убавини од Кораб, Шара и Јакупица“, се присетува авантуристката. „Планинското село Маловиште во Општина Битола, на 20-ина километри од градот, на подножјето на Баба Планина е и единствената населба во границите на Националниот парк Пелистер. Кога ќе се прошетате низ ова село ќе помислите дека се наоѓате во Охрид или во Крушево. Црквата св. Спас е најпосетена за празникот Спасовден, кога доаѓаат многу луѓе од различни места. Слушнавме дека жителите на селото често се качуваат до црквата св. Спас за да затропаат три пати на камбанаријата која што е поставена на една карпа, а означува здравје и берикет. Потоа се упативме спрема врвот Вртешка 2010 мнв, кој беше наша цел за тој ден и спрема манастирскиот комплекс св. Ана. Кога почнавме да влегуваме во шумата, св. Ана од далеку ни изгледаше на некој стар француски замок, а не како некое свето место. Подоцна дознав дека на ова место доаѓаат брачните парови кои имаат проблеми со формирањето на семејство, и кои на 6-ти наспроти 7–ми август треба да преспијат во просториите на црквата Света Ана“, споделува уште едно патување девојката од Прилеп. „Шара има посебно место во моето срце поради тоа што мојот прадедо бил партизан и на враќање кон дома бил убиен таму, а преживеаните не успеале да го пренесат неговото тело во с. Бешиште - Мариово за да го погребаат. Се сеќавам како дедо ми со тага ми ја има раскажувано оваа случка, затоа секогаш кога и да имам можност да отидам на Шара, се сеќавам на него. Благопријатно изненадена, на врвот Караникола бев пречекана со снегче. Тој ден планирано беше да стигнеме до с. Вешала и од тука да се упатиме кон Караниколичко езеро и врвовите Караникола 2409 мнв и Скакало 2494 мнв. Попатно уживавме во погледот кон Титов врв кој веќе беше забелен со снег, стада овци и познатите шарпланинци. Прекрасни есенски бои, малку боровинки по пат, и шипинки со невообичаена големина собрани за чај за претстојната зима“, ни открива Евгенија. „Осоговијата ми беше останата во ум, при последната посета на Бугарија. Се сеќавам дека на одење беше обвиена во црвени, зелени и жолти бои. Селото Голема Црцорија се наоѓа севернo од градот Крива Паланка. Попатно успеавме да се изгубиме, па кога стигнавме во куќата каде што требаше да бидеме сместени, бевме повеќе од среќни. Останатиот дел не го споделувам затоа што треба да се доживее, а не може да се прераскаже. Изутрината бевме благопријатно изненадени од промената на времето. До тогаш не сум планинарела во услови кога имало нов наврнат снег. Цел ден паѓаа огромни снегулки, па поради тоа имаше големи наноси на снег. Турата ја започнавме од рудникот Тораница, каде што се најдовме со останатите планинари. Искачувањето водеше кон врвот Калин Камен и врвот Руен. На симнување од врвот бевме почестени со сонце, па тоа сметам дека ја направи цела тура волшебна“, завршува Евгенија со раскажување на своите авантури. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Od mestata vo Makedonija Galicica mi ostaveno najgolem vpecatok
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гари и Лазарополе - Алтернативен туризам во недопрена природа далеку од градската вреваДоколку сте уморни од гужвите и напнатоста на секојдневието, ве задушува испарувањето на врелиот асфалт и сè што сакате е само да си го одморите мозокот, но и телото, наша топла препорака се Гари и Лазарополе, два македонски бисери со предзнакот „алтернативен“ планински туризам. Гари е распослано во прегратките на Стогово. На патот кон Дебар ќе свртите кај месноста Бошков Мост и возите само право. На некои 10-тина километри ви се открива неверојатно раскошна зелена глетка. Толку зелено што ќе ви го помати погледот. Толку чисто, што веројатно ќе ги шокирате вашите бели дробови. Гарската Река уште долго ќе остане да ви татни во ушите додека гледате како се пени и белее пред вас. Слично е и со вкусот на гарското сирење и сè што ќе вкусите во Гари – природно, здраво и превкусно. Ќе заборавите на интернетот и нотификациите. Ќе сакате што повеќе да впиете од оваа чудесна убавина и да фотографирате сè до онаму каде што ви допира погледот. Кога ќе излезете од Гари по истиот пат по којшто дојдовте по неколку минутно возење, десно од патот ќе ја забележите таблата означена со Лазарополе. Ќе биде вистинска штета доколку не го искористите моментот и не посетите уште еден прекрасен природен бисер во Македонија. Но внимавајте, патот до Лазарополе е само за искусни возачи. Кривулест и по малку тесен, тие 8 km можеби ќе ви се чинат како една мала вечност. Но глетката додека се искачувате толку ќе ве преокупира, ќе ве восхити и остави без зборови. Планина, висина, а Лазарополе во рамнина. Одеднаш го сфаќате значењето на стиховите „Лазарополе, таму најгоре…“, бидејќи имате чувство дека ѕвездите ви се на дофат на дланката. Рамнина, одлична за релаксација и пешачење. Го фативме последниот цут на нарцисите. Природа која те занемува со убавината, зеленило и коњи кои мирно пасат на чисти површини кои се протегаат до недоглед. Таму некаде во далечината на планината се наѕираат остатоци од снегот, а до тебе разбујатило зеленило и цвеќиња… Додека вдишуваш сè околу себе, останува само да се запрашаш – има ли поубава природа од онаа во нашата Македонија? Изменето од Valerija - 15.Јуни.2018 во 09:01 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 678 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |