Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Септември.2013 во 22:27 |
Состојки- 700 гр. пилешки стек
- 1 килограм шампињони
- 1 китка свеж магданос
- 3-4 чешниња лук
- 1 павлака
- 1 лаж. брашно
Подготовка
1. Стекот го сецкам на покрупни парчиња и го посолувам,наросувам црн пипер и на загреано масло го пржам
2. Ги додавам печурките и тие малку да се пропржат
3. Налевам во тоа малку вода и оставам да се динста со поклопен капак
4. Ги мешам павлаката и брашното ги додавам во тавата убаво промешувам да се згусне внимавајки да не загори
5. На крај ги додавам иситнетиот лук и магданос промешувам и сосот го ставам во сад за фонду за да го држи топол
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Септември.2013 во 22:29 |
Состојки- 1 дл павлака,сол,црн -пипер,масло,магдонос
- 1 лажица брашно
- 1 гл кромид, лук
- 150 г шамињони
Подготовка
Шамињоните се мијат,се сечат на ливчиња и се додаваат во испржениот
кромид.Шамињоните се пржат заедно со кромидот уште малку,потоа се
додаваат брашното и исечканиот лук и магдонос . Јадењето се пржи уште
неколку минути ,се посолува ,се посипува со црн бибер и на крај се
додава павлаката
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Февруари.2014 во 21:29 |
Рецепт за најбрз сос од домати |
|
Тестенините и пицата се храна што не може да се замисли без добар сос од домати.
Еве еден брз и лесен начин како да го подготвите.
Потребно
● 800 г.конзервирани домати (пелати)
● 2 чешниња лук
● врзоп босилек
● сол, бибер
● масло за јадење
Подготовка
● Во тенџерето во кое ќе го правите
сосот ставете малку масло да се загрее, а потоа запржете го исечканото
лукче. Кога лукот ќе почне да ја менува бојата, додајте го босилекот и
процедениот домат.
● Како што ќе се загреваат доматите, мешајте ги со дрвена лажица и пасирајте ги. Кога смесата ќе зоврие, зачинете со сол и бибер.
● Тргнете го сосот од огнот, па
процедете ја смесата низ крупна метална цедалка, а притоа извадете ги
лукот и босилекот. Вратете го сосот во тенџерето и оставете кратко да се
вари уште 5 минути, за смесата да згусне уште малку.
● Сосот можете да го чувате во фрижидер околу недела дена, во добро затворена тегла.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Март.2014 во 09:16 |
Гвакамоле сос
Состојки: 1 авокадо
1/2 лимета или лимон 1/2 лажичка чили 2 чешни лук 1/2 главица кромид 200 гр павлака сол, коријандер Приготвување: 1. Авокадото се се сече на половина и се одвојува месото од лушпата па се гмечи со помош на вилушка. 2. Кромидот се сечка најситно што може и се меша со исечкан лук и павлака. 3. Се додаваат авокадото, сок од лимон и зачини по желба и убаво се меша додека не се добие компактна смеса.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Февруари.2015 во 09:48 |
КАРБОНАРА СОС– 1 лажица маслиново масло – 1 голем кромид, исецкан – 2 чешниња лук, исецкани – 175 гр сланина – 2 лажици путер – 175 гр печурки – 300 мл хопла, неутрална – 3 јајца – 100 гр пармезан – сол и бибер Подготовка: Исецкајте ја сланината на тенки листови. Изматете ги јајцата, како кога правите кајгана. И печурките исецкајте ги на тенки листови. Во меѓувреме ставете ја пастата да се вари. Во сад за пржење ставете го маслото за готвење на средна температура. Додајте ги кромидот и лукот и пржете ги 2-3 минути. Потоа додајте ја сланината и пржете додека не стане крцкава. Префрлете ја смесата во едена чинија. Во друга тава ставете го путерот да се растопи. Додајте ја сланината со кромидот и лукот. Во друг сад измешајте ја хоплата, јајцата и печурките и зачинете по ваш вкус. Ставете ги на оган и мешајте додека не се згусне смесата, па кога ќе биде густа ставете ја смесата со сланината. Кога ќе биде готово ставете го сост врз пастата и одозгора посолете со сецкан магдонос.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Август.2015 во 15:07 |
МЛЕЧЕН СОС СО КРАСТАВИЧКИ, ЛЕШНИЦИ И ФЕТА СИРЕЊЕВо емисијата на Опра Винфри, познатат готвачка Рејчел Реј приготви интересен сос кој е вистинско освежување и интересен предлог за менито на вашите коктел забави. Потребни состојки: - 500 гр. фета сирење
- 250 мл. Млеко
- 200 гр. печени лешници
- 1 лажичка оригано
- 1 печена црвена пиперка
- 2 краставици
- 100 гр. црни маслинки
- 100 гр. зелени маслинки
- Сол и црн пипер
- 2 ќесички чипс со вкус по желба или пак зеленчук по желба (краставица, пиперка, морков, праз)
Припрема: Ставете ги сирењето, млекото, ситно сецканите лешници, ориганото и ситно сецканите краставички во посебен сад и промешајте. Отстранете ги семките од маслинките и исецкајте ги на коцкички па додадете ги во садот. Исто така исецкајте ја пиперката и додадете ја во садот, па наросете сол и црн пипер. Смесата мешајте ја додека не се соедини, а можете да ја изматите и во блендер. Откако сосот ќе се соедини, ставете го во длабоки украсни чинии за сервирање, а околу чиниите наредете сецкан свеж зеленчук, како пиперки, краставица и морков, или пак чипс по желба. Добар апетит!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Октомври.2015 во 09:05 |
Сос од лукПотребни состојки: - 50 гр маргарин
- 5 чешниња лук
- 1 лажица брашно
- 200 мл млеко
- малку сол
- малку бибер
Подготовка: 1.Стопете го маргаринот и додадете брашно, добро соединете ги и додадете сецкан лук. Малку варете додека лукот омекнува. Додадете млеко и варете уште малку додека не почне да се згусне. Додадете сол и бибер и сецкан магдонос. 2.Ставете во чаша и гарнирајте со сецкан магдонос. Служат со мелено месо, пилешки стек , мисиркино месо, телешко месо…. Уживајте!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Октомври.2015 во 09:09 |
Кари сосПотребни состојки: - 50 гр стопен путер
- 1 лажица брашно
- 250 мл млеко
- 1/2 лажичка ким
- 1 лажичка кари во прав
- по вкус сол и бибер
- 1 мала лажичка сушен копар
Подготовка: Стопете го путерот и додадете го кимот, кратко пропржете и веднаш додадете брашно. Штом запршката стане бела, се прелива со топло млеко и мешајте за да се избегне создавање грутки. Зачинете со сол и црн пипер. Додадете кари и копар и нека се врие на тивок оган. Ако сосот е премногу густ, се разредува со малку млеко.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Ноември.2015 во 20:59 |
Сос за шпагети
Сос кој секоја млада невеста треба да го знае:) ПодготовкаИсечкајте 100 г сланина на коцки и пропржете ја во 1 дцл масло. Кога ќе порумени тргнете ја од огнот. Во маснотијата пропржете главица кромид и малку лута пиперка. Кога кромидот ќе биде испржен додајте 100 г сечкан и излупен домат. Гответе околу 5 минути со постојано мешање. На крајот додајте пржена сланина и со така подготвениот прелив прелијте ги, на пример, веќе сварените шпагети или макарони. Време на подготовка од: 15 Време на подготовка до: 30 Број на лица: 4 Kомплицираност: 3
Состав100 г сланина 1 дцл масло главица кромид лута пиперка 100 г домат
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Ноември.2015 во 21:00 |
Бел сос
ПодготовкаСе става прво шунката сецкана на мали коцкички да се пропржи во путерот , се додаваат печурките исто сецкани. Откако ке се пропржат убаво се додава сирењето. Од путерот сирењето ке се стопи и се додава павлаката кога ке се добие убава смеса се додаваат зачините меѓу кои е и лукчето убаво исецкано на најмали парченца(може толчено) и после зачинувањето сосот е готов.
Време на подготовка од: 20 Време на подготовка до: 45 Број на лица: 4 Kомплицираност: 3
Состав300 гр. шунка 300 гр. сирење 1 павлака 1 тегличе мало печурки путер околу 2 лажици 1 главица лукче сол и други зачини(оригано)
Изменето од Valerija - 11.Ноември.2015 во 21:00
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Ноември.2015 во 21:01 |
Тартар сос
ПодготовкаВо сад налејте го виното и додадете го мајонезот па промешајте. На смесата додадете ги сецканите краставици, магдоносот, сенфот, сокот од лимон, бибер и сол по вкус сe заедно повторно промешајте. Време на подготовка од: 20 Време на подготовка до: 40
Состав* 2 дл мајонез * 1 сецкана кисела краставица * 1 лажица сечкан магдонос * половина чаша бело вино * сок од половина лимон * 1 лажичка сенф * бибер, сол
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Ноември.2015 во 21:02 |
Бешамел сос
Подготовка1. се вари путерот, млекото и брашното околу 20 минути, потоа се додава киселата павлака и сок од лимон. Сосот се користи за прелив на печено масо. Време на подготовка од: 10 Време на подготовка до: 30 Број на лица: 4 Kомплицираност: 3
Состав- 30гр. путер - 20гр. брашно - 500мл. млеко - 200гр. кисела павлака
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Ноември.2015 во 14:08 |
Mанго Kари Cос 1 зрело манго, 350 грама.2 лажици масло од кикиритки1 1 / 2 лажички кари во прав2 лажици свеж листови од нане1 / 2 шолја пилешка супа2 1 / 2 лажици свеж лимонов сок, 1 Mангото се лупи, се сече , и се става во блендер.2 Cе затоплува масло на средна топлина.3 Cе додава кари во прав, мешајте додека не се помеша смесата и отстранете го од топлина.4.Cе додава кари мешавина нане и манго.5 Cо мешалка, налевајте во супата.6 Извадете на сад, додадете лимонов сок и сол по вкус и се промешајте.Bреме за подготовка 15-20 мин.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Ноември.2015 во 14:09 |
Прелив за месо и риба
200 мл. кисела павлака3 лаж. мајонез1 лаж. лимонов сок1 чешне луксол по вкус\Татар сос (за поховани јадења)
Рендани кисели краставички оригано или сушен магданосмелен црн биберсол 1 лаж. бело виномајонез
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|