IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Министерство за внатрешни работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Министерство за внатрешни работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 16171819>
Автор
Порака
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2015 во 13:27
Му препорачуван на Спасовски да ја отвори пандорината кутија да и да ги пронајде терористите од Кумановските настани не штедејќи ниту еден од нив, било кој да е замешан во тоа.
Homo homini lupus est...
Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2015 во 13:44
Спасовски за ДВ: Нема веќе „ало Горде, ало Сашо“!
Одлучен сум да ја почнам демонтажата на узурпираниот систем во МВР и ме охрабрува тоа што има многу професионалци, кои едвај чекале да бидат ослободени за да работат по закон, вели министерот Спасовски за ДВ.

Прилично динамично започна мандатот на новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, предложен од СДСМ во преодната Влада. Негова прва одлука беше „престанок на сите овластувања дадени од претходните министри во МВР“. Два дена потоа, терористичките напади во Франција неговата министерска фотелја посредно ја направија уште „пожешка“, ставајќи го пред нов предизвик. Спасовски до доцна ноќеска присуствуваше на седницата на Советот за безбедност, свикана од претседателот Ѓорге Иванов, токму поради безбедносната состојба по терористичките напади во Париз, но и заради предизвиците што ги носи мигрантската криза. За Дојче веле министерот зборува на што предупредуваат настаните во Франција и каква е националната превенција од таков вид закани:
„Ужасните терористички напади во Франција се предупредување за светот дека злото на 21 век, тероризмот, не мирува и дека е потребно уште повнимателно и пообединето да се пристапи на ова прашање. Длабоко жалиме за бројните жртви и повредени во Париз, се солидаризираме со граѓаните на Франција бидејќи нападите таму се напади врз целото човештво, и се ставаме на располагање да помогнеме на пријателскиот народ во Франција според можностите. Секако дека е неопходна максимална координираност меѓу земјите за превенција и спротивставување на насилството од ваков вид, што е директен удар врз слободата на граѓаните, каде и да живеат.“
ДВ: Дали овластувањата што ги одземавте, може да се покажат како хедикеп во случај на евентуална опасност од вакви закани за Македонија?
Спасовски: Секако дека не, напротив. Како што веќе извести МВР, одржав колегиум со највисокото раководство на Министерството и од моја страна веќе се дадени конкретни, оперативни задолженија во насока на заштита на безбедноста на граѓаните на Република Македонија. На состанокот е констатирано дека во овој момент не постои конкретна закана по безбедноста на граѓаните во земјава. Сепак, токму во насока на вниманието за коешто говорам, дадов насоки за зајакнување на мерките и активностите при обезбедување јавни собири, контрола над мигрантите, обезбедување личности и витални објекти што ги обезбедува МВР, во функција на поголема ефикасност и мобилност на полицијата и другите надлежни служби. Моите чекори околу надлежностите што ги споменувате, се токму во насока на високо професионално работење на МВР и на полицијата и обезбедување нивна работа исклучиво според законските овластувања, а не според партиски или лични интереси. МВР веќе нема да биде МВРО и тоа е прв чекор кон поголема сигурност на граѓаните.
ДВ: Може ли точно да објасните, чии овластувања во моментов се спуспендирани, а чии не?
Секој кој е чесен и одговорен кон работата во МВР, кој ја сфаќа одговорноста што му е доверена со тоа што е дел од министерството, ја има шансата да работи во интерес на граѓаните на Република Македонија. Безбедноста и сигурноста на граѓаните на Македонија, нивната слобода и еднаквост пред законот се законска должност на секој вработен во МВР и претставник на полицијата. Никој во МВР нема право да работи за лични и партиски интереси. Ако тоа се нарекува суспендирање на овластувања, тогаш да, таквите МВРО-вски активности се строго забранети и казниви по закон.
ДВ: Ако по утрото денот се познава, каков мандат најавува Вашата прва одлука?
Враќање на нарушениот систем на работа на Министерството во нормала. Тоа го најавува оваа моја прва одлука. Воспоставување високо професионален, слободен систем на работа на Министерството за внатрешни работи, исклучиво според законските надлежности и според Уставот. Крај на времето, „ало Горде, ало Сашо“ за политички пресметки со неистомисленици или гнасни лични пресметки преку полицијата, какви што слушнавме во проектот „Вистината за Македонија“.
ДВ: Според ова, дали Вашата одлука за престанок на овластувањата дадени од претходните министри, е почеток на темелна демонтажа на партиски узурпираниот систем во МВР?
Да. Одлучен сум да го почнам процесот на демонтажа на узурпираниот систем во МВР. Свесен сум дека тоа не се прави преку ноќ, но ме охрабрува тоа што гледам дека во полицијата има луѓе и тоа многу луѓе професионалци, кои едвај чекале да бидат ослободени за да си ја работат работата по Устав и закон. Вистинската демонтажа на узурпираниот државен систем доаѓа на 24 април, кога ќе обезбедиме општество на еднакви граѓани и институции, што работат според европски вредности. Првичната релаксираност на граѓаните се чувствува, тоа е мотив повеќе за мене, заедно со моите чесни колеги во полицијата, да бидеме моторот што повлекува чекори кон долго посакуваната слобода во Македонија.
ДВ: Како конкретно ќе се реализира новата одлука - со именување други раководни лица во дел или во сите организациски единици на МВР, или ќе биде придружена и со други значајни одлуки и мерки?
Сите во Министерството имаат шанса да покажат дека нивен приоритет се граѓаните и нивната слободна волја, а не штитење лични и тесно партиски цели. МВР е премногу сериозна институција за да се зборува за кадровски решенија преку медиумите. Дајте шанса, и јавноста ќе види што значи професионална работа на полицијата.
ДВ: Од вашиот политички опонент стигнаа обвинувања дека сте започнале политизација на МВР според партиски насоки. Какви гаранции ѝ нудите на јавноста дека прочистувањето на МВР од партиски рецидиви, нема да заврши со смена на една партизација со друга?
Граѓаните на Македонија сакаат професионална полиција. Цврсто сум одлучен и јас како министер, и партијата од којашто доаѓам, СДСМ, да го исполниме ова очекување на граѓаните. Незадоволни од оваа определба можат да бидат само оние кои не сакаат професионална полиција, која го врти фукусот од политичките пресметки и личните одмазди кон борба против тероризмот, криминалот, корупцијата. Сите кои не се плеткани во вакви и слични сомнителни активности, убеден сум, многу скоро ќе ги поздрават чекорите што ги преземаме, наместо да се користат со лажни обвинувања, што кај граѓаните повеќе не поминуваат.
ДВ: Со кои мерки ќе бидат гарантирани безбедноста и јавниот ред и мир до завршувањето на процесот на ревидирање или на враќање на одземените овластувања?
Организациските единици при Министерството веќе имаат добиено задолженија како да работат. Тие насоки се строго професионални и токму во функција на гарантирање на безбедноста и јавниот ред и мир.
ДВ: Но, структурите кои го губат влијаниетото и контролата врз МВР, можеби ќе се обидат да инсценираат инциденти, со цел да Ве претстават како некомпетентен, па дури и штетен за безбедноста на земјата. Како ќе превенирате такви искри, кои во нашиве околности може да пламнат во поголем „пожар“?
И самите знаете од искуството што го имаме последниве години дека има злоупотреби на поединци, на групи, па и на институции во тесно партиски и лични цели. Можно е некој да сака да се обиде да го спречи процесот на декриминализација на институциите на системот. Јас сум подготвен да работам строго професионално. Да видиме кој е тој што ќе се дрзне да се испречи пред сложно МВР, кое ја има поддршката на граѓаните. Тој ќе настрада од пожарот што самиот се обидел да го запали.
ДВ: Вашата матична партија во програмските документи се повикува на транспарентност и отчетност. Зошто тој принцип не го испочитувавте, за јавно да ја соопштите и аргументирате вашата прва одлука?
Операционализирав одлука што транспарентно ја најавивме на јавноста. Нема повеќе МВРО во МВР. На секоја прес-конференција ја соопштувавме оваа определеност, што граѓаните на Македонија со месеци ја очекуваа откако стана јасно дека преодна Влада ќе има.
ДВ: Освен внатрешни, очекувате ли и „надворешни“ опструкции во работата, ако се има предвид дека една од „бомбите“ сведочеше за наводно постоење на параполициски структури, кои со песни и рафали славеа некаков настан, нејасен за граѓаните?
Ништо не е исклучено, ако се има предвид какви неодговорни луѓе раководеле со МВР. Ве уверувам, секој кој ќе обиде да се огреши пред законот ќе биде препознаен и ќе одговара.
Homo homini lupus est...
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2015 во 12:24
Originally posted by Ninja 35 Ninja 35 напиша:

Стаса првата депеша од Оливер Спасовски: Нема веќе ВМРО-МВРО! 



Да ставеа некој непартиски човек - експерт, наместо генералниот секретар на партијата, можеби ќе имаше надеж дека нешто ќе се смени на добро. Или ќе се направи поинаку отколку досега.
Вака ми личи само на обичен партиски реваншизам.
Или  К*рто сака да го смени Мурто, па наместо ВМРО-МВРО како што викаше Гордето, од сега ќе биде СДСМ-МВРМ.вртење со очи



Кон врв
Оптимист Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 13.Ноември.2015
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Оптимист Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2015 во 12:49
Originally posted by Buggyman Buggyman напиша:

Спасовски за ДВ: Нема веќе „ало Горде, ало Сашо“!
Одлучен сум да ја почнам демонтажата на узурпираниот систем во МВР и ме охрабрува тоа што има многу професионалци, кои едвај чекале да бидат ослободени за да работат по закон, вели министерот Спасовски за ДВ.

Прилично динамично започна мандатот на новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, предложен од СДСМ во преодната Влада. Негова прва одлука беше „престанок на сите овластувања дадени од претходните министри во МВР“. Два дена потоа, терористичките напади во Франција неговата министерска фотелја посредно ја направија уште „пожешка“, ставајќи го пред нов предизвик. Спасовски до доцна ноќеска присуствуваше на седницата на Советот за безбедност, свикана од претседателот Ѓорге Иванов, токму поради безбедносната состојба по терористичките напади во Париз, но и заради предизвиците што ги носи мигрантската криза. За Дојче веле министерот зборува на што предупредуваат настаните во Франција и каква е националната превенција од таков вид закани:
„Ужасните терористички напади во Франција се предупредување за светот дека злото на 21 век, тероризмот, не мирува и дека е потребно уште повнимателно и пообединето да се пристапи на ова прашање. Длабоко жалиме за бројните жртви и повредени во Париз, се солидаризираме со граѓаните на Франција бидејќи нападите таму се напади врз целото човештво, и се ставаме на располагање да помогнеме на пријателскиот народ во Франција според можностите. Секако дека е неопходна максимална координираност меѓу земјите за превенција и спротивставување на насилството од ваков вид, што е директен удар врз слободата на граѓаните, каде и да живеат.“
ДВ: Дали овластувањата што ги одземавте, може да се покажат како хедикеп во случај на евентуална опасност од вакви закани за Македонија?
Спасовски: Секако дека не, напротив. Како што веќе извести МВР, одржав колегиум со највисокото раководство на Министерството и од моја страна веќе се дадени конкретни, оперативни задолженија во насока на заштита на безбедноста на граѓаните на Република Македонија. На состанокот е констатирано дека во овој момент не постои конкретна закана по безбедноста на граѓаните во земјава. Сепак, токму во насока на вниманието за коешто говорам, дадов насоки за зајакнување на мерките и активностите при обезбедување јавни собири, контрола над мигрантите, обезбедување личности и витални објекти што ги обезбедува МВР, во функција на поголема ефикасност и мобилност на полицијата и другите надлежни служби. Моите чекори околу надлежностите што ги споменувате, се токму во насока на високо професионално работење на МВР и на полицијата и обезбедување нивна работа исклучиво според законските овластувања, а не според партиски или лични интереси. МВР веќе нема да биде МВРО и тоа е прв чекор кон поголема сигурност на граѓаните.
ДВ: Може ли точно да објасните, чии овластувања во моментов се спуспендирани, а чии не?
Секој кој е чесен и одговорен кон работата во МВР, кој ја сфаќа одговорноста што му е доверена со тоа што е дел од министерството, ја има шансата да работи во интерес на граѓаните на Република Македонија. Безбедноста и сигурноста на граѓаните на Македонија, нивната слобода и еднаквост пред законот се законска должност на секој вработен во МВР и претставник на полицијата. Никој во МВР нема право да работи за лични и партиски интереси. Ако тоа се нарекува суспендирање на овластувања, тогаш да, таквите МВРО-вски активности се строго забранети и казниви по закон.
ДВ: Ако по утрото денот се познава, каков мандат најавува Вашата прва одлука?
Враќање на нарушениот систем на работа на Министерството во нормала. Тоа го најавува оваа моја прва одлука. Воспоставување високо професионален, слободен систем на работа на Министерството за внатрешни работи, исклучиво според законските надлежности и според Уставот. Крај на времето, „ало Горде, ало Сашо“ за политички пресметки со неистомисленици или гнасни лични пресметки преку полицијата, какви што слушнавме во проектот „Вистината за Македонија“.
ДВ: Според ова, дали Вашата одлука за престанок на овластувањата дадени од претходните министри, е почеток на темелна демонтажа на партиски узурпираниот систем во МВР?
Да. Одлучен сум да го почнам процесот на демонтажа на узурпираниот систем во МВР. Свесен сум дека тоа не се прави преку ноќ, но ме охрабрува тоа што гледам дека во полицијата има луѓе и тоа многу луѓе професионалци, кои едвај чекале да бидат ослободени за да си ја работат работата по Устав и закон. Вистинската демонтажа на узурпираниот државен систем доаѓа на 24 април, кога ќе обезбедиме општество на еднакви граѓани и институции, што работат според европски вредности. Првичната релаксираност на граѓаните се чувствува, тоа е мотив повеќе за мене, заедно со моите чесни колеги во полицијата, да бидеме моторот што повлекува чекори кон долго посакуваната слобода во Македонија.
ДВ: Како конкретно ќе се реализира новата одлука - со именување други раководни лица во дел или во сите организациски единици на МВР, или ќе биде придружена и со други значајни одлуки и мерки?
Сите во Министерството имаат шанса да покажат дека нивен приоритет се граѓаните и нивната слободна волја, а не штитење лични и тесно партиски цели. МВР е премногу сериозна институција за да се зборува за кадровски решенија преку медиумите. Дајте шанса, и јавноста ќе види што значи професионална работа на полицијата.
ДВ: Од вашиот политички опонент стигнаа обвинувања дека сте започнале политизација на МВР според партиски насоки. Какви гаранции ѝ нудите на јавноста дека прочистувањето на МВР од партиски рецидиви, нема да заврши со смена на една партизација со друга?
Граѓаните на Македонија сакаат професионална полиција. Цврсто сум одлучен и јас како министер, и партијата од којашто доаѓам, СДСМ, да го исполниме ова очекување на граѓаните. Незадоволни од оваа определба можат да бидат само оние кои не сакаат професионална полиција, која го врти фукусот од политичките пресметки и личните одмазди кон борба против тероризмот, криминалот, корупцијата. Сите кои не се плеткани во вакви и слични сомнителни активности, убеден сум, многу скоро ќе ги поздрават чекорите што ги преземаме, наместо да се користат со лажни обвинувања, што кај граѓаните повеќе не поминуваат.
ДВ: Со кои мерки ќе бидат гарантирани безбедноста и јавниот ред и мир до завршувањето на процесот на ревидирање или на враќање на одземените овластувања?
Организациските единици при Министерството веќе имаат добиено задолженија како да работат. Тие насоки се строго професионални и токму во функција на гарантирање на безбедноста и јавниот ред и мир.
ДВ: Но, структурите кои го губат влијаниетото и контролата врз МВР, можеби ќе се обидат да инсценираат инциденти, со цел да Ве претстават како некомпетентен, па дури и штетен за безбедноста на земјата. Како ќе превенирате такви искри, кои во нашиве околности може да пламнат во поголем „пожар“?
И самите знаете од искуството што го имаме последниве години дека има злоупотреби на поединци, на групи, па и на институции во тесно партиски и лични цели. Можно е некој да сака да се обиде да го спречи процесот на декриминализација на институциите на системот. Јас сум подготвен да работам строго професионално. Да видиме кој е тој што ќе се дрзне да се испречи пред сложно МВР, кое ја има поддршката на граѓаните. Тој ќе настрада од пожарот што самиот се обидел да го запали.
ДВ: Вашата матична партија во програмските документи се повикува на транспарентност и отчетност. Зошто тој принцип не го испочитувавте, за јавно да ја соопштите и аргументирате вашата прва одлука?
Операционализирав одлука што транспарентно ја најавивме на јавноста. Нема повеќе МВРО во МВР. На секоја прес-конференција ја соопштувавме оваа определеност, што граѓаните на Македонија со месеци ја очекуваа откако стана јасно дека преодна Влада ќе има.
ДВ: Освен внатрешни, очекувате ли и „надворешни“ опструкции во работата, ако се има предвид дека една од „бомбите“ сведочеше за наводно постоење на параполициски структури, кои со песни и рафали славеа некаков настан, нејасен за граѓаните?
Ништо не е исклучено, ако се има предвид какви неодговорни луѓе раководеле со МВР. Ве уверувам, секој кој ќе обиде да се огреши пред законот ќе биде препознаен и ќе одговара.


Нема веќе ВМРО-МВРО, а затоа во Куманово од 1945 година до 2015 година се вработуваат исклучиво членови на СДСМ, т.е. бившо КПЈ. Зборуваат за партизација на администрацијата, а дали СДСМ вработува непартиски членови во Куманово, Струмица и Центар? Да не заборавиме дека до 2005 година на секоја можа позиција беа вработени кадри на СДСМ особено во судството.

Во Куманово сеуште плоштадот им се вика Нова Југославија. За таква партија некој ќе гласа да води национална политика и држава кога сеуште по убедување се Југословени и живеат во Југославија?

Во СДСМ се сконцентрирани најбогатите олигарси коишто цели 80 години акумулираа богатство, моќ, влијание врз превезот на социјалната правда и политика, лол! Партија која се залага за социјална правда, а целата врхушка се мулти милионери почнувајќи од Заев, Шеќеринска, Бранко Црвенковси, Штерјо Наков, Трифун Костовски, Владо Бучковски и така натаму. Комуњари на папир, а милионери во реалност.

Оливер Спасовски изгуби на избори во неговото родно место, лол!
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2015 во 19:14
До ОПТИМИСТ ,дали мислиш на овие членови на СДСМ кои ЈА ДРЖАТ власта

Никола Груевски – поранешен член на ДА основана од Васил Тупурковски, поранешен претседател на Сојузот на Социјалистичката Младина и член на Савезна Скупштина Југославије -КПЈ
2. Гордана Јанкуловска - поранешен член на ДА основана од Васил Тупурковски, поранешен претседател на Сојузот на Социјалистичката Младина и член на Савезна Скупштина Југославије -КПЈ
3. Зоран Ставревски - поранешен член на СДСМ
4. Сашо Мијалков - поранешен припадник на титова Гарда
5. Орце Камчев - поранешен кандидат за градоначалник на СДСМ
6. Минчо Јорданов – поранешен заменик на Влада на СДСМ
7. Ванчо Чифлиганец - поранешен член на СДСМ
8. Силјан Мицевски - поранешен член на СДСМ
9. Срѓан Керим – поранешен висок функицонер на Сојуз на Комунисти на Југославија и близок до СДСМ во 90тите
10. Ивица Боцевски - поранешен член на партиските одбори на СДСМ
11. Благој Ханџиски - поранешен член на СКМ
12. Владо Поповски - поранешен министер во Влада на СДСМ
13. Вељо Тантаров - поранешен член на СДСМ
14. Ѓорѓе Иванов - поранешен член на СКМ и член на Управниот одбор на СОРОС фондација
15. Јован Донев - поранешен член на СКМ и член на Управниот одбор на СОРОС фондација
16. Паско Кузман - поранешен член на СКМ и член на Управниот одбор на СОРОС фондација
17. Влатко Мијалков - поранешен член на СКМ и поранешен припадник на титова Гарда
18. Драги Наџински - поранешен Потпреседател на ОО на СДСМ Берово
19. Миле Јанакиевски - во студентските денови во Солун на својот ѕид има слика од Бранко Црвенковски
20. Михајло Маневски – поранешен член на СКМ и последен Комунистички министер за Правда
21. Мартин Протуѓер - по лобирање на СДСМ,се вработува кај Срѓан Керим
22. Љубисав Иванов Ѕинго - поранешен член на СКМ
23. Драган Павловиќ Латас - поранешен член на СКМ и секретар на ОО
24. Димитар Мирчев - поранешен член на СКМ
25. Ристо Никовски - поранешен член на СКМ
26. Мирка Велиновска - поранешен член на СКМ
27. Бранко Азевски -поранешен член на СКМ
28. Слободан Чашуле - поранешен член на СКМ
29. Панде Колемишевски - поранешен член на СКМ
30. Владимир Талески - поранешен член на СДСМ
31. Страшо Милкоски - поранешен член на ЦО на СДСМ и пратеник
32. Ивица Конески - поранешен член на СДСМ
33. Панде Лазаревски - најмлад делегат на последниот конгрес на СКЈ
34. Виктор Камиловски - поранешен член на СДСМ и СКМ пред тоа
36.Никола Бакрачески - поранешен член на СДСМ и СКМ до 2006 а од 2013 градоначалник на Охрид и член на ЦК на ДПМНЕ
Или пак на овие Струмичани ОЛИГАРСИ од ДРПМНЕ-ВАЉЕВО
НЕКА ИДЕ ЖИВОТ.... ДПМНЕ ВАЉЕВО!
- Зоран Пакетов – претседател на ОК на МВР ДПМНЕ 
- Сопругата Билјана Пакетова ваботена како инспекторка во Дирекцијата за храна; 
- Братот Александар Пакетов вработен во Музејот во Струмица; 
- Снаата Лидија Пакетова вработена во УЈП; 
- Првиот братучед Јосе Василев (претседател на месен комитет на МВР ДПМНЕ), вработен во Центарот за вработување; 
- Миро Топчев – советник во општина Струмица вработен во УЈП; 
- Веселинка Ристовска, актуелна советничка во Општина Струмица од редовите на МВР ДПМНЕ вработена во Центарот за вработување во Струмица; 
- Тинка Стојанова, актуелна советничка во Општина Струмица ја вработи својата ќерка Недица Иванова во Државниот архив во Струмица; 
- Костадин Шолев, актуелен советник се вработи во Министерството за труд и социјална политика;
СИЛВАНА БОНЕВА, пратеничка од МВР ДПМНЕ ги вработи: - Својот сопруг Александар Бонев во ЈП Паркови и зеленило во Скопје; 
- Деверот Горан Бонев во Министерството за земјоделство; 
- Поранешната пратеничка Соња Гелова Стојанова се вработила како директор во Агенцијата за ревизија, а сопругот Љупчо Стојанов го вработила раководител во УЈП; 
- Поранешниот пратеник Слободан Ќосев се вработил како директор во ЈП Паркови и зеленило во Скопје, а својата внука Елена Ќосева ја сместил во Заводот за рехабилитација во Бања Банско; 
- Неда Бјадова, портпаролка на ОК на МВР ДПМНЕ се вработила во Службата за имотно-правни односи, а нејзината мајка ја вработила на Универзитетот Гоце Делчев; 
- Павлина Георгиева е вработена како директор на Центарот за вработување во Струмица, синот Александар Георгиев во Медицински центар во Струмица, а сестрата Лимонка со завршен факултет за физичка култура ја вработила во УЈП;
МИТКО ЧАВКОВ си ги вработил: 
- Сопругата Чавкова Јасмина која претходно работела како дактилограф, а вонредно завршила на ФОН добила раководна функција во Секторот за гранични работи и миграција во МВР; - Снаата Данче Чавкова е вработена како раководител на отсекот за криптозаштита 
- Внуката од првиот братучед Зекирска Јасмина, полицаец со завршено вонредно тригодишно образование (вечерно!) во СВР Струмица е унапредена за инспектор за економски криминал, 
- Првата братучетка на Јасмина Чавкова, Бистра Глигорова е вработена како началник на Одделението за заеднички работи; - Првиот братучед на Јасминка Чавкова, Драганчо Трендафилов е вработен како раководител на Отсекот за крим техника; 
- Другарот на министерот Чавков, Трајан Николов е заменик началник во СВР Струмица, а неговиот син е вработен во СВР Струмица; 
- Синовите на другарот на Митко Чавков, Драги Стојменов Марјан и Дејан се вработени во СВР Струмица
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2015 во 02:02
Ovoj Oliver kje go dotepa MVR.
Ne vikam deka Gordeto ili zamenikov nejzin bea dobri..
Ama ovoj e beter.
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2015 во 08:53
прва акција СДСМ и на новиот министер наречена „ блокирај МВР“ - успешна.

втора акција на СДСМ закон за амнестија на криминалците, силувачите, убијците, педофилите... незнам дали ќе биде успешна...
 дали тоа треба да се поддржи?
 дали тоа некој спрема бунтови во РМ или никој негледа подалеку од носот и неможе да претпостави што може да се случи на терен...изненадување


Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Оптимист Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 13.Ноември.2015
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Оптимист Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2015 во 23:39
Originally posted by Gorazd777 Gorazd777 напиша:

До ОПТИМИСТ ,дали мислиш на овие членови на СДСМ кои ЈА ДРЖАТ власта

Никола Груевски – поранешен член на ДА основана од Васил Тупурковски, поранешен претседател на Сојузот на Социјалистичката Младина и член на Савезна Скупштина Југославије -КПЈ
2. Гордана Јанкуловска - поранешен член на ДА основана од Васил Тупурковски, поранешен претседател на Сојузот на Социјалистичката Младина и член на Савезна Скупштина Југославије -КПЈ
3. Зоран Ставревски - поранешен член на СДСМ
4. Сашо Мијалков - поранешен припадник на титова Гарда
5. Орце Камчев - поранешен кандидат за градоначалник на СДСМ
6. Минчо Јорданов – поранешен заменик на Влада на СДСМ
7. Ванчо Чифлиганец - поранешен член на СДСМ
8. Силјан Мицевски - поранешен член на СДСМ
9. Срѓан Керим – поранешен висок функицонер на Сојуз на Комунисти на Југославија и близок до СДСМ во 90тите
10. Ивица Боцевски - поранешен член на партиските одбори на СДСМ
11. Благој Ханџиски - поранешен член на СКМ
12. Владо Поповски - поранешен министер во Влада на СДСМ
13. Вељо Тантаров - поранешен член на СДСМ
14. Ѓорѓе Иванов - поранешен член на СКМ и член на Управниот одбор на СОРОС фондација
15. Јован Донев - поранешен член на СКМ и член на Управниот одбор на СОРОС фондација
16. Паско Кузман - поранешен член на СКМ и член на Управниот одбор на СОРОС фондација
17. Влатко Мијалков - поранешен член на СКМ и поранешен припадник на титова Гарда
18. Драги Наџински - поранешен Потпреседател на ОО на СДСМ Берово
19. Миле Јанакиевски - во студентските денови во Солун на својот ѕид има слика од Бранко Црвенковски
20. Михајло Маневски – поранешен член на СКМ и последен Комунистички министер за Правда
21. Мартин Протуѓер - по лобирање на СДСМ,се вработува кај Срѓан Керим
22. Љубисав Иванов Ѕинго - поранешен член на СКМ
23. Драган Павловиќ Латас - поранешен член на СКМ и секретар на ОО
24. Димитар Мирчев - поранешен член на СКМ
25. Ристо Никовски - поранешен член на СКМ
26. Мирка Велиновска - поранешен член на СКМ
27. Бранко Азевски -поранешен член на СКМ
28. Слободан Чашуле - поранешен член на СКМ
29. Панде Колемишевски - поранешен член на СКМ
30. Владимир Талески - поранешен член на СДСМ
31. Страшо Милкоски - поранешен член на ЦО на СДСМ и пратеник
32. Ивица Конески - поранешен член на СДСМ
33. Панде Лазаревски - најмлад делегат на последниот конгрес на СКЈ
34. Виктор Камиловски - поранешен член на СДСМ и СКМ пред тоа
36.Никола Бакрачески - поранешен член на СДСМ и СКМ до 2006 а од 2013 градоначалник на Охрид и член на ЦК на ДПМНЕ
Или пак на овие Струмичани ОЛИГАРСИ од ДРПМНЕ-ВАЉЕВО
НЕКА ИДЕ ЖИВОТ.... ДПМНЕ ВАЉЕВО!
- Зоран Пакетов – претседател на ОК на МВР ДПМНЕ 
- Сопругата Билјана Пакетова ваботена како инспекторка во Дирекцијата за храна; 
- Братот Александар Пакетов вработен во Музејот во Струмица; 
- Снаата Лидија Пакетова вработена во УЈП; 
- Првиот братучед Јосе Василев (претседател на месен комитет на МВР ДПМНЕ), вработен во Центарот за вработување; 
- Миро Топчев – советник во општина Струмица вработен во УЈП; 
- Веселинка Ристовска, актуелна советничка во Општина Струмица од редовите на МВР ДПМНЕ вработена во Центарот за вработување во Струмица; 
- Тинка Стојанова, актуелна советничка во Општина Струмица ја вработи својата ќерка Недица Иванова во Државниот архив во Струмица; 
- Костадин Шолев, актуелен советник се вработи во Министерството за труд и социјална политика;
СИЛВАНА БОНЕВА, пратеничка од МВР ДПМНЕ ги вработи: - Својот сопруг Александар Бонев во ЈП Паркови и зеленило во Скопје; 
- Деверот Горан Бонев во Министерството за земјоделство; 
- Поранешната пратеничка Соња Гелова Стојанова се вработила како директор во Агенцијата за ревизија, а сопругот Љупчо Стојанов го вработила раководител во УЈП; 
- Поранешниот пратеник Слободан Ќосев се вработил како директор во ЈП Паркови и зеленило во Скопје, а својата внука Елена Ќосева ја сместил во Заводот за рехабилитација во Бања Банско; 
- Неда Бјадова, портпаролка на ОК на МВР ДПМНЕ се вработила во Службата за имотно-правни односи, а нејзината мајка ја вработила на Универзитетот Гоце Делчев; 
- Павлина Георгиева е вработена како директор на Центарот за вработување во Струмица, синот Александар Георгиев во Медицински центар во Струмица, а сестрата Лимонка со завршен факултет за физичка култура ја вработила во УЈП;
МИТКО ЧАВКОВ си ги вработил: 
- Сопругата Чавкова Јасмина која претходно работела како дактилограф, а вонредно завршила на ФОН добила раководна функција во Секторот за гранични работи и миграција во МВР; - Снаата Данче Чавкова е вработена како раководител на отсекот за криптозаштита 
- Внуката од првиот братучед Зекирска Јасмина, полицаец со завршено вонредно тригодишно образование (вечерно!) во СВР Струмица е унапредена за инспектор за економски криминал, 
- Првата братучетка на Јасмина Чавкова, Бистра Глигорова е вработена како началник на Одделението за заеднички работи; - Првиот братучед на Јасминка Чавкова, Драганчо Трендафилов е вработен како раководител на Отсекот за крим техника; 
- Другарот на министерот Чавков, Трајан Николов е заменик началник во СВР Струмица, а неговиот син е вработен во СВР Струмица; 
- Синовите на другарот на Митко Чавков, Драги Стојменов Марјан и Дејан се вработени во СВР Струмица


Тоа е одлика на еден просечен комуњар. Прво комунисти, па социјалисти, па социјалдемократи, на крајот да станат вмровци. Каде дува парата таму се и тие.

Беа на времето најголеми противници на Западот “трулиот“ капитализам, а денес најголеми К*ропушачи на ЕУ и НАТО и дебели бизнисмени со пари на СОРОС.

Бараш место за идеологија каде што владее законот на моќ и финансии? Истите денес што се во ДПМНЕ утре ќе ги видиш во СДСМ. Таков народ сме.

Секој влегува во политика со цел да стане богат и корумпиран. Од прв до последен. Така да доста наивно и детски е да се размислува за некакви комунистички доктрини на чесни и некорумпирани политичари. Најчесни луѓе во општеството се сиромашните, затоа што немаат пари да подмитат.

Инаку, ВМРО како организација имала многу комунисти и левичари во своите редови. Немале никакви демохристијански принципи ( овие на власт што се едни демохристијани).

Мора да се напомене дека сите луѓе во Југославија морале да бидат дел од КПЈ ако би сакале да функционираат и живеат нормално.

За жал мора да се сложам со тебе дека Македончето е само вонбрачно дете на Србинот.

За да реформираш едно општество треба да почнеш од коренот, а како некој ќе го реформира општеството со стари изгниени србокомуњари коишто додека биле на власт ништо не реформирале, а сега ќе реформираат? Реформа се прави со комплетно нови луѓе, нови идеи, а не со кадри коишто на власт се цел живот.

Треба нова опција, нови луѓе, нови идеи, но факт е дека ние не сме голем народ и држава за да репродуцираме кадри. Тие сме тие соберени на два квадрати и не можеш да очекуваш некоја драстична разлика во менталитет и култура.

Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2015 во 20:11
Па секој сака промена но таа треба да ја направи самиот народ,но кај нас всушност народот е генератор на проблемите и затоа немал сопствена држава,а кога тоа му се овозможи одново ја губи...
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2015 во 13:11
Покрај срамежливото прикривање на случајот со наркоманчето од Вељановци...
Баш ме интересира колку ова транспарентно ќе го сработат.
На толку плачење да седнат во фотеља(сдсм),полека си докажуваат дека најповеќе им е мила фотељата.
Инаку К*рир и сител,иако увидот уште трае веќе имаат
полициски неофицијални информации за причината на настанатата смрт.

Изменето од Орка - 23.Ноември.2015 во 13:25
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2015 во 23:49
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
ansasho Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ansasho Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2015 во 09:24
На кого се дадени лажните лични карти
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2015 во 18:32
Министерството и новиот министер треба да се позанимаваат со работењето на љупчо радникот бидејки самите вработени во МВР го посочуваат како еден од најголемите криминалци во државата,а пак порталите имаат голема архива за криминалиите поврзани со типот...
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2019 во 19:43
За неколку саати успеа да извади
детски цртежи од некаква си акција
за терористи.
Првично ќе ми беше логично барем со зголемени
мерки на претпазливост да се одигра натпреварот
на Вардар.Од друга страна за медиумите сето тоа поткрепено
ќе беше на едно попрофесионално ниво,кога веќе имале претходни
информации.Но ко да јасно не ни е шо ова уствари е.
На крај краева ДУИ само си го смени чиракот.

Изменето од Орка - 16.Февруари.2019 во 19:43
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 16171819>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.