IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 136137138139140 157>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2015 во 08:09

Какви се хороскопските знаци во бракот? Близнаците не сакаат ограничувања, Рибите се идеални партнери


Некои се посветени на својата кариера, а други пак на семејството, некои забораваат на романтиката во бракот, а други пак се неверни.

kakvi-se-horoskopskite-znaci-vo-brakot-01.jpg

Какви се хороскопските знаци во бракот?

Овен

Мажот Овен лесно се одлучува за брак, не бега од одговорностите и сака да доминира. Покрај себе сака убава и паметна сопруга, која ќе му даде доволно слобода. Често се случува да бара дополнително задоволство надвор од домот.

Жената Овен секогаш ќе ги подржува амбициите на партнерот, бидејќи покрај себе сака успешен сопруг. Ќе ги исполнува сите брачни обврски, но нема да сака да се откаже од своите интереси. Активна е и секогаш добро организирана. Склона е на љубоморни испади.


Бик

Мажот Бик е многу посветен на сопругата и децата. Секогаш се труди на семејството да му обезбеди сè најдобро во животот. По природа е мирен и добродушен. Мажот Бик е еден од најстраствените мажи во хороскопот.

Жената Бик истото така е посветена на брачната заедница и подготвена е да жртвува сè само за да ја сочува хармонијата. Ја подржува изреката дека љубовта доаѓа од стомакот, па затоа таа е одлична домаќинка. Од сопругот очекува да биде успешен и да и овозможи сигурност.


Близнаци

Мажот Близнак не е најидеален партнер за брак. Животот со нив може да ви биде убав, интересен и опуштен, но покрај себе сакаат да имаат сопруга која нема да ги ограничува. Од друга страна пак, Близнаците и на својата сопруга и даваат потполна слобода. Шармантен е и сака да флертува.

Жената Близнак по малку е несигурна, но подготвена е да се менува во име на бракот. Често многу е приврзана за својот сопруг. На жената во овој хороскопски знак и одговараат мажи кои можат интелектуално да ја предизвикуваат. Не е тип на сопруга која ќе даде сè за семејството.


Рак

Мажот Рак е традиционален и силно се приврзува за семејството, но за семејството од кое потекнува. Иако важи за идеален партнер, не е лесно да се живее со него. Најмногу време сака да поминува дома и знае да биде вистински домаќин.

Жената Рак е чувствителна и верна на својот сопруг. Таа пред сè е мајка која е полна со љубов и разбирање. Семејството ѝ е најважно. Бара сопруг кој во секој момент ќе и биде потпора и ќе ја заштитува. Лесно стапува во брак и уште полесно се препушта на иницијативата на партнерот.


Лав

Мажот Лав сака да биде центар на светот на својата сопруга. Смета дека сите во семејството треба да му бидат подредени. Како родител воопшто не е строг, бидејќи самиот е едно големо дете. Неговата сопруга мора да биде убава, негувана и секогаш дотерана.

Жената Лав е организирана и секогаш наоѓа време за сè, па домашните обврски никогаш не ги запоставува. За амбициозните мажи таа е идеална прилика. Нејзината појава ги воодушевува сите, па со гордост ќе можете да ја покажете на семејството и пријателите. Лојална е и страствена.


Девица

Мажот Девица во бракот сигурно ќе биде највредниот маж кој некогаш сте го запознале и некој кој на прв поглед сите би го посакале. Не е посесивен, но не е ни посебно страствен. Често е конзервативен со сфаќањата и не е многу романтичен.

Жената Девица е аналитична и доколку не се одлучи за брак од интерес, тогаш во брачната заедница таа е чувствителна сопруга и мајка. Способна е сè да држи под контрола. Од мажот очекува да биде одговорен. Често делува како ладна личност и физичкото задоволство не и е примарно.

kakvi-se-horoskopskite-znaci-vo-brakot-1.jpg

Вага

Мажот Вага е вистински уметник во љубовта, но не е некој на кого му одговара брачниот живот. Тешко се прилагодува. Го привлекуваат жени кои се грижат за сопствениот изглед и кои умеат да се спротивстават кога е потребно. Страсни се, но и неверни.

Жената Вага привлечна и софистицирана жена која секогаш е опкружена со додворувачи. Таа е идеал за кој сонуваат сите мажи. Во бракот тежнее кон хармонија. Жената Вага е вистинска дама која не преферира да ги извршува домашните работи. Сопругот треба да ја и обезбеди луксузен живот.


Скорпија

Мажот Скорпија е посесивен и љубоморен сопруг. Со него тешко може да се достигне среќа во бракот. Непријатните ситуации можат да се избегнат доколку сопругата постојано му ја покажува својата голема љубов. Не сака ладни и доминантни жени, бидејќи смета дека е „глава“ на семејството.

Жената Скорпија сериозно му пристапува на бракот. Партнерот го одбира со срцето, а не разумот. Подготвена е да направи сè за да ги усреќи сопругот и децата. Од друга страна, очекува да биде сакана и бескрајно почитувана.


Стрелец

Мажот Стрелец е роден авантурист како во животот, така и во љубовта. Не тежнее кон брак по секоја цена. Неговата сопруга мора да биде елоквентна, забавна и способна да функционира и без него. На љубовта гледа потполно различно од другите, а љубомората воопшто не ја толерира.

Жената Стрелец пред се е мудра и пријателски настроена како сопруга. Во состојба е да го следи секаде својот партнер. Во бракот не поднесува монотонија и сè ќе направи заедничкиот живот да не ѝ биде досаден. Потребен ѝ е некој кој знае како да се забавува.


Јарец

Мажот Јарец најчесто е посветен на својата кариера, па доста доцна стапува во брак. Сопругата покрај него секогаш ќе чувствува сигурност, но ќе биде лишена од емотивни изливи на нежности. Несвесно секогаш одбира жена која сака да доминира, но очекува и неговите правила да ги почитува.

Жената Јарец е како создадена за мажот кој сака мирен семеен живот без возбудувања. Мажот може да биде целосно сигурен во нејзината верност. Сепак, како сопруга, таа е ладна и воздржана. Не умее да ги покаже своите емоции, дури и тогаш кога е заљубена.


Водолија

Мажот Водолија е непредвидлив и не е идеален за брак. Неговата избраничка не треба да ги отвори сите карти, ако сака да го задржи неговото внимание, бидејќи тој лесно може да се насочи кон некоја личност која е позабавна, поспособна и интересна.

Жената Водолија е едноставна, необична и секогаш пријателски настроена кон својот сопруг. Од бракот бега сè додека не се појави оној Вистинскиот. Во кујната не се снаоѓа најдобро, но затоа ништо не крие и не се срами да ги покаже своите емоции. Склона е кон авантури, ако чувствува дека нејзиниот живот станал рутина.


Риби

Мажот Риби е еден од најдобрите кандидати за брак. Подготвен е да ги исполнува сите желби на својата сопруга, ако има можност за тоа. Најголемиот дел од времето сака да го поминува со своето семејство. Тешко се одлучува да го ризикува брачниот живот за љубовница.

Жената Риби е толку страствена што сите други жени ги фрла во сенка. Често нема доволно сила и волја своите фантастични идеи да ги спроведе во реалноста, па потребен и е маж кој ќе ја води низ животот. Од бракот не се откажува дури и кога чувствува дека повеќе среќа би нашла на некое друго место.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2015 во 14:27

Дали си одговарате според хороскопскиот елемент?


12 знаци од Зодијакот се поделени во 4 групи, во зависност од тоа на кој елемент му припаѓаат.

Астрологијата посветува големо внимание на елементите, бидејќи тие играат клучна улога во нашиот однос со другите луѓе.

Според припадноста на одреден елемент, хороскопските знаци се поделени на 4 групи:

Елемент Земја: Бик, Девица, Јарец

Елемент Оган: Овен, Лав, Стрелец

Елемент Вода: Рак, Шкорпија, Риби

Елемент Воздух: Близнаци, Вага, Водолија

Дали си одговарате според хороскопскиот елемент?

Оган и Оган

Ова е многу интересна комбинација, кога врските се во прашање. Врската меѓу две личности кои припаѓаат во знакот Оган знае да биде доста интензивна, со чести промени во расположението. Понекогаш таа врска е многу страсна, но има денови и кога е напната, проследена со чести караници и судири на егото на двата партнери.

Сепак, оваа комбинација има и добра страна. Не постои злоба, ни замерки, а на огнените знаци никогаш не им е здодевно кога се заедно.

 Оган и Земја

Ваквата комбинација може да прерасне во доста стабилна врска, но сепак не е најдобар избор, бидејќи тензијата ќе биде неизоставен дел од врската. Огнените знаци не сакаат рутини и секогаш се расположени за промени. Земјените знаци пак воопшто не сакаат промени. Добрата страна на оваа комбинација е креативноста која би можела да произлезе од врската меѓу воден и земјен знак.

 Оган и Воздух

Ова е можеби најлошата љубовна комбинација. Огнените и воздушните знаци не можат да најдат заеднички јазик, па често ќе страдаат во врската.

 Оган и Вода

Уште една чудна комбинација, која зависи и од други фактори освен влијанието на елементите. Ако другите фактори влијаат поволно, партнерите би можеле да создадат добра врска. Во спротивно, огнените и водените знаци тешко ќе можат да ги надминат разликите.

 Земја и Воздух

Земјените и воздушните знаци може да создадат добра врска, доколку знаат да функционираат како тим и да создадат продуктивна врска.

Лошата страна на оваа комбинација е природата на воздушните знаци кои честопати знаат да критикуваат, па земјениот знак ќе биде несреќен и потчинет.

 Земја и Земја

Во суштина добра комбинација, партнерите добро се разбираат, секој од нив ги знае потребите на другиот, се надополнуваат… Ваквата комбинација  може да им донесе внатрешен мир и стабилност.

Негативната страна на оваа комбинација е песимизмот карактеристичен за земјените знаци. Ако едниот од партнерите е песимист, може негативно да влијае на другиот, а ако и двата се песимисти, можете да претпоставите каква ќе биде врската.

 Земја и Вода

Енергиите на земјените и водените знаци одлично се согласуваат, па ова е супер комбинација. Врската меѓу личности родени во знакот на земјата и водата може да биде многу стабилна и продуктивна.

 Вода и Вода

Шансите за успешна врска на два водени знаци се поделени. Или врската ќе успее и ќе биде прекрасна, или воопшто нема да успее. Водата ги претставува емоциите, па ова ќе биде доста емотивна врска, но од двата партнери ќе зависи дали ќе напредуваат или ќе западнат во лоша врска.

 Вода и Воздух

Водените знаци сакаат нештата да се одвиваат според нивното темпо и потреби, а воздушните имаат потреба од поголема активност и забрзување на нештата, а како резултат на тоа врската ќе има чести емоционални кризи.

 Воздух и Воздух

Оваа комбинација на енергии води кон врска во која партнерите може да разговараат со денови, а ништо да не си кажат, едноставно да не се разбираат меѓусебно, колку и да се трудат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2015 во 21:54
БЕГАЈТЕ ОД НИВ: ОВА Е УБЕДЛИВО НАЈПОВРШНИОТ ЗНАК ВО ХОРОСКОПОТ!

Кој кажа дволични? Ова е само благ израз за овие бескарактерни личности, кои што мислат едно, друго и трето, а потоа прават нешто десето.

Овојпат се работи токму за Близнаците. За нив се вели дека се површни, при што тие се во состојба да се воодушевуваат на едно нешто со часови, за потоа буквално да мислат нешто сосема спротивно во врска со истото нешто.

Тие се обидуваат да изигруваат манипулатори, додека вистинската вистина е дека толку многу се заплеткуваат и самите во своите манипулации и лаги што потоа повеќе не знаат ниту што сакале, ниту кон каде се упатиле.

Многу сакаат, многу започнуваат, а на крајот ништо не завршуваат – ете токму ова е вистинската вистина за сите личности кои што иритираат до максимум со своето постојано зборување и озборување каде и да стигнат.


Ако токму некој во овој знак од хороскопот ви ветил нешто со сигурност, тоа значи и дека залудно се надевате, бидејќи тие немаат никакво чувство за одговорност.

Но, Близнаците не го прават ова поради некаква страст, туку затоа што едноставно им е достадно, па токму затоа, одвреме-навреме нешто мора да направат за да се случи некаква промена. 

Ако сакате да ги оттурнете колку што е можно подалеку од себе, кажете им дека сакате брак, деца и мирен семеен живот и тие ќе исчезнат за миг.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2015 во 17:11

ЗОШТО ЛУЃЕТО ВЕ САКААТ: КОИ СЕ НАЈДОБРИТЕ СТРАНИ НА ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ?

10

Секој хороскопски знак има одредени карактеристики со кои ги освојува луѓето. Откријте кои се вашите и зошто луѓето обожаваат да бидат во ваше присуство…

Овен – детски поглед кон светот

Припадниците на овој знак се истакнуваат по искреното, детско и помалку наивно гледиште кон светот. Поради тоа тие се радуваат и на некои ситници како да се најголемото нешто кое постои. Нивниот пристап е спонтан и директен, предизвикувајќи да изгледаат како никогаш во животот да не се разочарале.

Бик – суптилно великодушен

Припадниците на овој знак имаат голема шармантност и секогаш се подготвени да прават убави работи за другите, без притоа да бараат ништо за возврат. Тие можат да бидат многу великодушни, а тоа можете да го забележите уште на првата средба со нив. Вие веднаш ќе сфатите дека тие не прават ништо од корист, туку поради својата добра природа.

Близнаци – предизвикуваат да се чувствувате посебно

Припадниците на овој знак се шармантни за многу нешта, но она што дефинитивно зрачи од нивниот карактер е лојалноста. Луѓето кои им се блиски можат секогаш да се потпрат на нив, знаејќи дека тие секогаш ќе ја имаат нивната поддршка.

Рак – шармира со нежност и внимание

Припадниците на овој знак можат да бидат многу непријатни и незаинтересирани кон оние кои не им се допаѓаат на прв впечаток, но тие повеќе од кој било друг знак знаат кога и како да ја изразат својата нежност, внимание и љубов. Токму таа нивна топла страна е она што луѓето го сметаат за најшармантно кај нив.

Лав – заразна позитивна енергија

Во добро расположение, припадниците на овој знак се најпосакуваното друштво кое човекот може да го има. Тие освојуваат со насмевки, шеги, но најмногу со позитивниот став, како и со надежта да отфрлат каков било песимизам.

Девица – вистинска грижа за другите

Припадниците на овој знак се оние типови луѓе кои навистина ги интересира што другите мислат, како нешто доживуваат или како се чувствуваат. Токму затоа и во разговорот лесно стануваат интимни со соговорникот, правејќи другите да го ценат нивниот интерес.

Вага – чувство на стабилност

Припадниците на овој знак се често основата во меѓучовечките односи, а со тоа овозможуваат и огромна поддршка на другите. Без разлика колку е хаотична ситуацијата во нивниот живот, тие секогаш делуваат стабилно, мирно и самоуверено.

Скорпија – освојува со проникливост

Припадниците на овој знак можат да бидат шармантни на различни начини, но повеќето луѓе ќе се сложат дека ги издвојува начинот на кој ја искажуваат нивната одлична интуиција. Тие се исклучително проникливи, делуваат мудро и искусно.

Стрелец – борец за правда

Припадниците на овој знак се одликуваат со лојалност и неизмерна поддршка на оние кои ги сакаат или кои им се блиски. Дури и ако вчера сте запознале Стрелец, тој денес без сомнение ќе стои на ваша страна и ќе ве брани од оние кои вам ви нанеле неправда.

Јарец – освојува со грижа

Наспроти нивниот озбилен изглед, припадниците на овој знак уште во првите реченици ќе ви откријат колку тие навистина се грижат за вас.

Водолија – забавува со хумор

Припадниците на овој знак се вистински шармери. Не е возможно да не ја забележите нивната способност дури и во најлошите ситуации да се пошегуваат и да ги насмеат сите околу нив. Главниот темел на нивниот шарм е малку изобличената смисла за хумор.

Риби – шармираат со суптилност

Повеќе од кој било друг зрак во Зодијакот, Рибите се одликуваат со суптилност и спонтаност, па токму затоа и сите се чувствуваат пријатно во нивно друштво. Основата на нивниот шарм се состои од опуштената атмосфера која ја создаваат со својата присутност, смирени изјави и лежерен став.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2015 во 18:24

ПО ОВИЕ ЗНАЦИ ВО ЗОДИЈАКОТ СЕ ВРТАТ БУКВАЛНО СИТЕ: ДАЛИ ПОГОДУВАТЕ КОИ СЕ ТРИТЕ НАЈУБАВИ ЗНАЦИ ВО ХОРОСКОПОТ?

Не велиме дека оваа поделба е исклучива, но според хороскопот, ова се трите најубави знаци.

Вага

Тие се буквално како извајани. Без разлика дали се работи за машки или женски припадници на овој знак, Вагата претставува синоним за убавина. Ова е убедливо најубавиот знак во зодијакот. Како и кај Бикот, планетата Венера токму тука се чини дека несебично успеала да го спакува совршенството без маана во едно суштество, со тоа што била несебична кога се работи и за убавите манири и префинетото држење. Вагите се кокетни и харизматични, и речиси секогаш емитуваат некакви заводливи пораки. Најубавите познати Ваги се Моника Белучи и Мет Дејмон.

Скорпија

Кажано накусо – Скорпиите се богови на харизмата. Тие поседуваат магнетна привлечност и едноставно кажано се неодоливи. Нивната конституција е ситна и мускулеста. Очите им претставуваат најсилно оружје во за нив омилената функција на заведување. Нивниот поглед делува двосмислено и мистериозно, а кога поради нешто се лути, тогаш тие едноставно "стрелаат" со својот поглед. Нивниот став е провокативен. Познати Скорпии се Деми Мур и Леонардо Ди Каприо.


Јарец

Коскестата градба и потенцираните јаболчици на Јарците им даваат одлична предиспозиција за да се занимаваат со манекенство. Ова е најфотогеничниот знак од зодијакот и е вистинска штета што тие едноставно не уживаат пред објективите. Овој знак речиси и да не располага со гестикулација, па со тоа изразите од нивното лице тешко ќе успеете да ги прочитате. Припадниците на овој знак често имаат речиси провидно сини очи и светла коса. Нивното движење е одлучно и сигурно. Тие имаат апсолутно правилно држење на телото. Како најпознат Јарец би ја издвоиле Кејт Мос.


Изменето од Valerija - 02.Ноември.2015 во 18:24
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2015 во 08:54

Кои хороскопски знаци се најдобри за сериозна врска?


Проблемот со долгите врски најчесто настанува во моментот кога страста почнува да избледува. Па, како што постојат луѓе кои остануваат и се борат за таа повторно „да живне“, така има луѓе кои се откажуваат и си заминуваат.

koi-horoskopski-znaci-se-najdobri-za-seriozna-vrska-01.jpg

Во која група спаѓате вие – во првите, кои се идеални за долги врски или од оние вторите, со кои е невозможно да се посигне долгорочна љубов?

Хороскопот може да ви открие:

Овен

Склони се кон нагло одлучување со кој и кога сакаат да се врзат, односно импулсивно се впуштаат во емотивни односи. Проблемите настануваат кога страста ќе почне да се гаси. Ако не успеат да ја вратат, многу лесно можат да ја прекинат врската. На Овните им е важно да чувствуваат силни импулси, желба и динамика во односот, затоа што единствено така може да трае.


Бик

Биковите обожаваат долги и сериозни врски од проста причина – ја сакаат стабилноста и секогаш сакаат да знаат на што се. На нив им е важно партнерот да им биде верен и врската да биде сериозна, па дури и по цена да е здодевна понекогаш. Дури и ако се изгубат страстите тешко ја прекинуваат врската затоа што не сакаат промени.


Близнаци

Близнаците по природа се променливи, сакаат да фантазираат, па многу лесно ги менуваат емоциите и мислењата. Тие често сакаат да предизвикаат љубомора кај партнерот флертувајќи со други, но само за да си поиграат. Важно им е да им биде постојано забавно, но и да имаат добра комуникација со партнерот. Ако нешто од тоа недостасува, лесно го менуваат стариот партнер за нов.


Рак

Раковите се едни од најемотивните знаци, но исто така знаат да бидат и пресметливи кога нив им одговара. Тие се идеални кандидати за сериозна врска затоа што сакаат емотивна стабилност. Меѓутоа, исто така долго знаат да патат и да трпат во лошите врски, затоа што не знаат како да ги прекинат.


Лав

Лавовите имаат силно и емотивно срце, заради кое се во состојба да сакаат до срж. Меѓутоа, пред да ја пронајдат вистинската личност може да експериментираат со повеќе кратки врски, па дури и да бидат промискуитетни. Но, за среќа кога Лавот сака нешто сериозно, јасно го покажува.


Девица

Девиците се уште еден променлив знак. Сакаат емотивна стабилност и сакаат да имаат сериозна врска, но ако случајно направат грешка во процената на личноста, лесно ја менуваат. Иако сакаат да им угодуваат на другите, сепак овој знак секогаш на прво место се става себеси и своите потреби. Се задржуваат во долги врски само кога нив така им одговара.

koi-horoskopski-znaci-se-najdobri-za-seriozna-vrska-02.jpg

Вага

Вагите сакаат постојано да имаат партнер до себе затоа што не ја сакаат самотијата. Лесно влегуваат во нови врски. Важно им е да добиваат комплименти и сакаат партнери кои го хранат нивното его. Одлични кандидати се сериозни врски, но пред да се врзат сакаат да играат топло-ладно.


Скорпија

Скорпиите се целосно предадени кога искрено сакаат, го даваат максимумот и секоја емоција ја вложуваат во врската. Се трудат да бидат верни и во тоа успеваат само ако се заљубени. Ако откријат лага или неверство, не простуваат и се одмаздуваат. Не е лесно да се биде во врска со Скорпија која сака се да има под контрола, вклучувајќи го и самиот партнер.


Стрелец

Ова е знакот со кој најтешко може да остварите сериозна врска. Тие сакаат и сметаат дека можат, но само во теорија. Во пракса се нервозни кога ќе помислат дека мораат да бидат со само еден човек. Не сакаат монотонија. Со нив може да имате сериозна врска само ако сте подготвени на разбирање за нивните хирови.


Јарец

Уште еден одличен кандидат за сериозна врска е Јарецот. Кај него се е по правила, па кога ќе вложат емоции очекуваат истите да ги добијат од партнерот. Одлични се за брак, затоа што се посветени и семејството им е на врвот на приоритети.


Водолија

Водолијата малку потешко ќе ја убедите да влезе во сериозна врска. Меѓутоа, ако успеете во тоа, имајте на ум дека нив пријателството им е на прво место. Ако сакате да остварите сериозна врска со Водолија, сметајте дека мора да бидете пријатели, па потоа љубовници. Покрај тоа, мора да ја трпите нивната егоцентрична природа од која не се откажуваат до крајот на животот.


Риби

Рибите може лесно и непромислено да се впуштат во љубовна врска, ако чувствуваат пеперутки во стомакот. Тие се романтичари кои имаат потреба од секојдневно внимание. Ако чувствуваат дека ги игнорирате нивните емотивни потреби и им ја крадете слободата, од рај, врската може да ви се претвори во пекол.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2015 во 17:15

ФАКТИ КОИ СИГУРНО НЕ ГИ ЗНАЕВТЕ ЗА ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ

17

Иако сите мислиме дека знаеме баш сè за карактеристиките на хороскопските знаци, на некои постапки сигурно не можеме да сметаме, ниту пак можеме да ги предвидиме. Затоа денес ви откриваме некои факти кои сигурно не сте ги знаеле за хороскопските знаци, за во иднина да не бидете изненадени од некои нивни постапки.

1-fakti-koi-sigurno-ne-gi-znaevte-za-horoskopskite-znaci-www.kafepauza.mk_

Овен

Не можете да претпоставите дека Овните ќе застанат на ваша страна само поради тоа што ве сакаат, сè додека не останете осамени поради различното мислење кое го имаат луѓето околу вас.

Бик

Не можете да замислите колку грижливи и посветени можат да бидат тие, сè додека не ве прегрнат и не ви помогнат целиот товар да ви падне од рамената…

Близнаци

Не можете да претпоставите колку пати во животот луѓето им давале причина да заплачат, а тие само го завртувале другиот образ и продолжувале понатаму.

Рак

Не можете да замислите колку пати тие прифатиле да бидат главните виновници, само за да не бидете вие обвинети.

2-fakti-koi-sigurno-ne-gi-znaevte-za-horoskopskite-znaci-www.kafepauza.mk_

Лав

Не можете да претпоставите колку Лавовите се спремни да се борат за вас, сè додека не им ја убиете и последната надеж за конечно да дигнат раце од понатамошната борба.

Девица

Не можете да претпоставите колку пати Девиците го премолчиле и го сокриле нивното мислење за вас, само да не ве повредат.

Вага

Не можете да замилите колку пати досега Вагите предвиделе нешто само затоа што сте им биле во мислите.

Скорпија

Не можете да поверувате дека Скорпиите се луѓе кои, макар и тајно, ќе водат сметка за сите, дури и кога нема никој да води сметка за нив.

3-fakti-koi-sigurno-ne-gi-znaevte-za-horoskopskite-znaci-www.kafepauza.mk_

Стрелец

Не можете да замислите колку многу Стрелците се борат да бидат самостојни, и тоа континуирано и без одмор.

Јарец

Не можете да претпоставите колку пати досега Јарците застанале зад својот тим и се залагале за него, а тогаш биле напуштени и разочарани.

Водолија

Не можете да претпоставите колку сте ѝ посебни на Водолијата кога ќе си дозволи постојано да мисли на вас, сè додека потполно не ве исфрли од својот живот.

Риби

Не можете да замислите колку им се тенки ѕидовите кои ги имаат изградено околу себе и колку малку им е потребно за да ве пуштат во нивниот живот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2015 во 17:17

КОИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ СЕ ИДЕАЛНИ ЗА ДОЛГИ ВРСКИ?

21

Проблемот со долгите врски најчесто настанува во моментот кога страста почнува да избледува. Па, како што постојат луѓе кои остануваат и се борат за таа повторно „да живне“, така има луѓе кои се откажуваат и си заминуваат.

Во која група спаѓате вие – во првите, кои се идеални за долги врски или од оние вторите, со кои е невозможно да се посигне долгорочна љубов?

Хороскопот може да ви открие:

Овен

Склони се кон нагло одлучување со кој и кога сакаат да се врзат, односно импулсивно се впуштаат во емотивни односи. Проблемите настануваат кога страста ќе почне да се гаси. Ако не успеат да ја вратат, многу лесно можат да ја прекинат врската. На Овните им е важно да чувствуваат силни импулси, желба и динамика во односот, затоа што единствено така може да трае.


Бик

Биковите обожаваат долги и сериозни врски од проста причина – ја сакаат стабилноста и секогаш сакаат да знаат на што се. На нив им е важно партнерот да им биде верен и врската да биде сериозна, па дури и по цена да е здодевна понекогаш. Дури и ако се изгубат страстите тешко ја прекинуваат врската затоа што не сакаат промени.


Близнаци

Близнаците по природа се променливи, сакаат да фантазираат, па многу лесно ги менуваат емоциите и мислењата. Тие често сакаат да предизвикаат љубомора кај партнерот флертувајќи со други, но само за да си поиграат. Важно им е да им биде постојано забавно, но и да имаат добра комуникација со партнерот. Ако нешто од тоа недостасува, лесно го менуваат стариот партнер за нов.


Рак

Раковите се едни од најемотивните знаци, но исто така знаат да бидат и пресметливи кога нив им одговара. Тие се идеални кандидати за сериозна врска затоа што сакаат емотивна стабилност. Меѓутоа, исто така долго знаат да патат и да трпат во лошите врски, затоа што не знаат како да ги прекинат.


Лав

Лавовите имаат силно и емотивно срце, заради кое се во состојба да сакаат до срж. Меѓутоа, пред да ја пронајдат вистинската личност може да експериментираат со повеќе кратки врски, па дури и да бидат промискуитетни. Но, за среќа кога Лавот сака нешто сериозно, јасно го покажува.


Девица

Девиците се уште еден променлив знак. Сакаат емотивна стабилност и сакаат да имаат сериозна врска, но ако случајно направат грешка во процената на личноста, лесно ја менуваат. Иако сакаат да им угодуваат на другите, сепак овој знак секогаш на прво место се става себеси и своите потреби. Се задржуваат во долги врски само кога нив така им одговара.

Вага

Вагите сакаат постојано да имаат партнер до себе затоа што не ја сакаат самотијата. Лесно влегуваат во нови врски. Важно им е да добиваат комплименти и сакаат партнери кои го хранат нивното его. Одлични кандидати се сериозни врски, но пред да се врзат сакаат да играат топло-ладно.


Скорпија

Скорпиите се целосно предадени кога искрено сакаат, го даваат максимумот и секоја емоција ја вложуваат во врската. Се трудат да бидат верни и во тоа успеваат само ако се заљубени. Ако откријат лага или неверство, не простуваат и се одмаздуваат. Не е лесно да се биде во врска со Скорпија која сака се да има под контрола, вклучувајќи го и самиот партнер.


Стрелец

Ова е знакот со кој најтешко може да остварите сериозна врска. Тие сакаат и сметаат дека можат, но само во теорија. Во пракса се нервозни кога ќе помислат дека мораат да бидат со само еден човек. Не сакаат монотонија. Со нив може да имате сериозна врска само ако сте подготвени на разбирање за нивните хирови.


Јарец

Уште еден одличен кандидат за сериозна врска е Јарецот. Кај него се е по правила, па кога ќе вложат емоции очекуваат истите да ги добијат од партнерот. Одлични се за брак, затоа што се посветени и семејството им е на врвот на приоритети.


Водолија

Водолијата малку потешко ќе ја убедите да влезе во сериозна врска. Меѓутоа, ако успеете во тоа, имајте на ум дека нив пријателството им е на прво место. Ако сакате да остварите сериозна врска со Водолија, сметајте дека мора да бидете пријатели, па потоа љубовници. Покрај тоа, мора да ја трпите нивната егоцентрична природа од која не се откажуваат до крајот на животот.


Риби

Рибите може лесно и непромислено да се впуштат во љубовна врска, ако чувствуваат пеперутки во стомакот. Тие се романтичари кои имаат потреба од секојдневно внимание. Ако чувствуваат дека ги игнорирате нивните емотивни потреби и им ја крадете слободата, од рај, врската може да ви се претвори во пекол.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2015 во 06:56

Како е да бидеш во врска со секој хороскопски знак?


Никогаш не можете со сигурност да знаете како некоја врска ќе се одвива, но сепак хороскопскиот знак може да открие што да очекувате од партнерот.

kako-da-bides-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Дали ќе ви биде забавно или сериозно, дали ќе останете дома или ќе се журкате и патувате...?

Ова се основните 5 работи кои можете да ги очекувате од врската со секој хороскопски знак:

kako-da-bides-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-02.jpg

kako-da-bides-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-03.jpg

kako-da-bides-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-04.jpg

kako-da-bides-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-05.jpg

kako-da-bides-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-06.jpg

kako-da-bides-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-07.jpg


kako-da-bides-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-08.jpg

kako-da-bides-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-09.jpg

kako-da-bides-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-10.jpg

kako-da-bides-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-11.jpg

kako-da-bides-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-12.jpg

kako-da-bides-vo-vrska-so-sekoj-horoskopski-znak-13.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2015 во 17:06

КАКО ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ ГО ПРЕЖИВУВААТ РАСКИНУВАЊЕТО?

16
Раскинувањата никогаш не се лесни и едноставни за преболување, но некои полесно го прифаќаат тоа, а други не можат да се помират со тоа дека дошол крајот на врската.

Овен

Овенот болно ги преживува раскинувањата меѓутоа се труди да остави впечаток на неодолив срцекршач. Овој огнен знак се чувствува како полиен со ладна вода кога доаѓа до прекин на врската. Верува дека во љубовта и војната сè е дозволено, па на секој можен начин ќе се обиде да ја придобие личноста. Ако тоа не му појде од рака, се одлучува за излегувања со пријателите и колегите.


Бик

Иако делува релаксирано кога нема никакви проблеми, Бикот тешко се соочува со раскинувањето дури и ако тоа се случи за краток период. Ако прекинот на врската е засекогаш, емотивниот Бик ќе остане во својот дом и ќе страда во тишина. Евентуално може да разговара со својот најдобар пријател, но тешко дека ќе излезе од дома. Ако излезе, утеха се обидува да најде во стиховите од песните кои го потсетуваат на партнерот.


Близнаци

Можеби делуваат како личности кои сè успеваат да преживеат и преболат спортски, на Близнаците воопшто не им е лесно. Навикнати се дека сите ги сакаат и ги молат да останат уште малку, па не им е јасно зошто некој би можел да ги остави. Ако тоа се случи, на саканата личност долго време ќе и испраќа пораки, ќе и ѕвони на телефонот и ќе и спушта слушалка.


Рак

Раковите тешко ги преживуваат раскинувањата, дури и кога станува збор за привремени разделувања од саканата личност. Се одаваат на храна и пијалаци, излегуваат и често без никаква контрола се предаваат на личност која е под нивно ниво. Тоа воопшто не им пречи, па и она што пријателите и блиските им го кажуваат. Единствено нешто што ги интересира е кога повторно ќе ја сретнат љубовта на својот живот.


Лав

Гордиот Лав страда драматично, отворено и сите околу него мораат да знаат дека е емотивно повреден. Сите мораат да страдаат заедно со него. Кога тешко му паѓаат раскинувањата, не може да сфати дали е тоа резултат на повредената суета или скршеното срце. Лавот одново и одново се обидува да сфати како партнерот со кој до вчера го освојувал светот, сега му задава толкава болка.


Девица

Пребирливата и трпелива Девица тешко бива оставена, но сепак ако дојде до прекин на врската, ќе направи сè за да открие која е вистинската причина за раскинувањето. Ќе ја грицка својата омилена чоколада и ќе размислува какви пораки да и прати на саканата личност. Ако случајно посака да го напушти партнерот, ќе направи сè за да изгледа како таа да е оставена.

Вага

Воздржаната и суетна Вага, како родена актерка, нема никому па и на саканата личност да и го овозможи тоа задоволство да ја гледа како страда и тагува. Ќе се смешка пред другите и ќе се прави како она да го оставила партнерот, а не обратно. Дома ќе ги проба сите слатки десерти, ќе плаче и ќе ја мириса перницата која сè уште мириса на партнерот.


Скорпија

Скорпијата пати како ниту еден друг знак кога е заљубена и оставена, посебно кога личноста искрено ја сака. Тогаш чувствува и физичка болка кога ќе дојде до прекин на врската. Не знае на кого попрво да се јави, не знае на кого да му каже колку е тажна, бидејќи за неа најтешки се љубовните маки. За жал, ниту еден пријател и ниту една кафеана не можат да и помогнат.


Стрелец

Хедонистички настроениот Стрелец не може да го преболи раскинувањето, туку едноставно бега од суровата реалност. Токму затоа, патувањето е секогаш прва опција, но ако не е во можност, тогаш со сигурност ќе се одлучи за забава во диско или ресторан. Тешко им е поради раскинувањето, но секогаш се одлучуваат за некоја нова љубовна авантура.


Јарец

На практичниот, но чувствителен Јарец не му е јасно како некој може да е толку луд и да го остави кога нема што не би направил за таа личност. Ако партнерот му раскине, тогаш си го враќа филмот назад и се обидува да сфати што не е во ред со него за да открие што му пречело на партнерот. Во мислите си ги враќа старите љубовни искуства и емоции и мечтае да се вратат назад.


Водолија

Како што живее, така и страда – оставената Водолија ќе трча од кафуле во кафуле, од пријател до пријател обидувајќи се да открие зошто дошло до прекин на врската. Сè она што требало или посакувала да и го објасни на саканата личност, Водолијата ќе го објаснува и раскажува на најдобриот пријател. Сепак, и понатаму ќе се обидува да ја разубеди саканата личност да и се врати во прегратки.


Риби

Рибите се родени за страдање, а болките ги поднесуваат така филмски како да се родиле со нив. Тагата за нив е поголема од сите зборови кои постојат на светот, страдањето не престанува, а солзите остануваат неисплакани. Во таквите ситуации, кога се преплавени со сопственото самосожалување и одбивање од партнерот, секогаш се враќаат на сите стари врски кои некогаш ги имале.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2015 во 10:01

ОВА СЕ 3ТЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ КОИ НАЈЧЕСТО ОСТАНУВААТ САМИ

2

Иако сите посакуваат да ја најдат личноста совршена за себе и со неа да оформат сопствено семејство, сепак во реалноста многумина живеат различно. Кај нив не постои „ние“, туку само „јас“.

И како што поминува времето, изгледа оваа ситуација станува сè потрајна.

Некогаш зависи од самите животни околности, но некогаш и хороскопскиот знак може да игра улога. Откријте што велат ѕвездите за 3-те знаци кои имаат најголеми шанси да останат сами.

Близнаци

За припадниците на овој воздушен знак карактеристична е љубопитноста и детската природа. Токму нивната огромна љубопитност ги тера да го истражуваат светот и да се запознаваат со најразлични луѓе.

За ова однесување многу им помага нивната комуникативност и фактот што секогаш се пријателски настроени. Тие ретко кога имаат какви било предрасуди, па токму таа карактеристика и често ги води кон емотивни проблеми.

За Близнаците карактеристично е да одбираат емоционално недостапни партнери или личности кои веќе се во врска или брак.
Ако станува збор за првиот случај, тогаш тие се во состојба енормно да патат, но да не се откажат од идејата дека другата страна ќе се промени.
Најголемиот проблем на Близнаците е тоа што главата им е често во облаци, па не ја гледаат добро реалноста. Токму затоа и постојано се заљубуваат во личност која е недостапна за нив.

Тие сметаат дека со доволно трпение и внимание ќе можат сè да свртат во нивна корист.

Бидејќи тоа најчесто не се случува, тие губат многу време во исчекување на она кое го посакуваат за на крај повторно да бидат скршени.

Најлошо од сè е што тие навистина сакаат брак и деца, но во поголемиот број случаи не ја одбираат соодветната личност за реализација на овие планови.

Лав

Лавот е вистински претставник на огнените знаци – енергичен, забавен и динамичен. Тој освојува сè пред себе.

Припадниците на овој знак се многу зборливи, па лесно го привлекуваат вниманието на спротивниот пол. Токму тоа и им овозможува да ја остварат својата најголема желба – да бидат обожувани и да им се восхитуваат.

Врските во кои влегуваат се често од сексуална природа, иако другата страна неретко очекува и нешто повеќе од тоа.

Лавовите лесно кршат срца и не водат сметка дали некого повредуваат со своето однесување, дури и кога станува збор за личност која има деца.

Но, по правило, дури и за нив секогаш се наоѓа личност која е фатална.

Во тој момент тие се подготвени да му/ѝ го подарат цел свет и ја искажуваат својата љубов на необични начини. Без разлика колку е интензивна оваа врска, сепак Лавот останува сам бидејќи другата страна не може да ја поднесе неговата импулсивност.

Всушност, најголемиот проблем на Лавот е што тој би сакал личност која е секогаш тука за него, но сепак смета дека најдобро функционира доколку ништо не го сопира.

Без разлика на врските кои следат по таа фатална љубов, тој најчесто староста ја поминува сам, размислувајќи за тоа колку неговиот живот би му бил различен доколку остареле заедно со оваа личност.

Водолија

Припадниците на овој воздушен знак се исклучително интелигентни и елоквентни, па во комбинација со нивниот силен шарм стануваат скоро неодоливи.

Но, сепак овие карактеристики најчесто не им помагаат да бидат среќни и емотивно исполнети.

Без разлика колку добро знаат да ги советуваат другите за љубовните проблеми, тие самите се водат кон пропаст. Секогаш го слушаат срцето и често се впуштаат во врски со несоодветен партнер за нив.

Иако за Водолијата тоа е јасно уште од самиот почеток, нејзината природа ја тера да остане во таа врска со цел да види што ќе се случи на крајот.

Тие воопшто не умеат да тактизираат, а на партнерот му се предаваат 200%. Дури и да започнат добра врска, на нивниот партнер ќе му пречи слободниот ум и различниот поглед на светот кој ги издвојува од останатите.

Кога ќе почувствуваат дека другата страна ги забавува или заробува, тие ќе се обидат да се прилагодат, но најчесто бегаат пред да биде доцна.

Тоа може да се случи дури и по формирањето свое семејство, бидејќи за нив идиличната семејна слика пред светот е помалку важна од сопствената состојба.

Тие не сакаат да играат по туѓи правила, туку да живеат според своите верувања, па затоа и со самотија плаќаат за да го остварат тоа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2015 во 14:21


Најдобрите кандидатки што мажите би ги посакале за во брак, се обично родени во следниве три знаци:

 

РАК

Емоциите на жените родени во знакот на Рак се многу силни и интензивни – тие сакаат вистински. Со таквата жена никогаш ништо нема да ви недостасува бидејќи е спремна да направи сé за својот партнер. Таа сака сите околу неа да се среќни и секогаш ќе се труди да им го исполни денот со убави нешта. Проблем е што е склона кон тоа да ги драматизира нештата, но тоа е само ситница во однос на она што е спремна да го понуди. На крајот, никој не е совршен, но сепак, жената Рак е речиси перфектна домаќинка и мајка, успевајќи секогаш сé да постигне. Сé што очекува за возврат од мажот е почит, искреност и да биде крај неа.
ЛАВ

Лавицата е храбра, неустрашива и неверојатно способна. Крај себе сака партнер со истите доблести, кој ќе и биде потпора и поддршка. Таа умее да сака и тоа на свој начин од кој секој би бил маѓепсан, дури и кога се лути е симпатична. Нејзините емоции се искрени, крај неа се чувствувате сигурно. Голем борец е, особено кога се работи за своите деца. Од партнерот очекува да ја обожува и опсипува со внимание, но крај неа, вие тоа би го правеле и на своја рака, со оглед на тоа дека Лавицата е таа што ќе ви пружи и створи ваше љубовно царство.
ЈАРЕЦ

Она што секој маж би го скршило, жената во знакот на Јарец знае да го соопшти така ненаметливо и достоинствено, што ќе се запрашате дали сте воопшто достојни. Ако одговорот е „Да“, тогаш бидете сигурни дека вашата љубов ќе гори долго и топло. Одржувањето на пламенот е она на што таа е посветена и го смета за нејзина одговорност и должност. Таа ретко живее во фантазија, стои цврсто приземјена и добро знае кога и што може да очекува. Ако сте имале среќа да привлечете ваква жена, а не ви е јасно како, имајте во предвид дека таа можеби и ве гледа подобро отколку вие себе си. Таа знае каков човек сте и колку вредите. Ќе даде сé од себе да го извлече најдоброто од вас. Во улогата на мајка е строга, но праведна. Сé што бара од вас е да покажете карактер и истрајност, а во тоа ќе ви олесни служејќи ви како пример.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2015 во 19:21

ЛУЃЕТО ВО ОВОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ, СЕ НАЈМОЌНИ ЛИЧНОСТИ НА ПЛАНЕТАВА

05

Кој е најмоќен, а кој најкомуникативен хороскопски знак?

Најмоќниот хороскопски знак

Најмоќниот хороскопски знак е Риби. Да, овие романтичари со нежни души всушност имаат најсилен карактер, бидејќи собрале многу мудрост под велот на емоциите. Бидејќи што и да се случува, тие знаат како да се извлечат, без да се скршат.

Најкомуникативниот знак

Штом стане збор за убедување, разбирање, дискусија, заштита или само слатки приказни тука се Вагите. Тие умеат да го разгледаат прашањето од секој агол и да анализираат најразлични возможни сценарија за реализација. Но најважно е што умеат да најдат заеднички јазик со сите останати знаци. Ќе импресионираат и претседател и клошар.

Најмистериозниот знак

Тоа е Јарецот. И не знаеме дали мистериозен или потаен е вистинскиот опис. Или и двете заедно. Не само што не ги споделува мислите и чувствата, туку секогаш успева да биде ладнокрвен и не можеш да претпоставиш што точно се случува во неговата глава. Колку и да си добар психолог, додека Јарецот не посака да се отвори, никогаш ништо нема да дознаеш.

Најпретставителниот знак

Тоа е Бикот. Со своите совршени манири, ретко се изразува без тактика и умее веднаш да ги поправи работите, ако тоа се случи. Не сака конфликти и секогаш ќе помогне ако го замолите. Тој е толку префинет знак, благороден и умен, што во негово присуство те прави да изгледаш како селски глупак дојден да бара совет од некој мудрец.

Најсексапилниот знак

Тоа е Овенот. Овните се енергични, решителни, но најважно е тоа што од нив извира магнетизам, за кој нема објаснување. Дури кога конкретниот субјект не се одликува со голема убавина, сепак околу него има многу додворувачи. Тоа се должи на таа мистична, моќна сексуална енергија.

Најпосветениот знак

Ова е Девицата. Таа ќе ви биде верна до гроб, таа ќе ве заштитува и ќе се грижи за вас. Може да негодува и да критикува, и да ве дразни со безбројните претенции, но вие знаете дека длабоко во нејзиното срце има место за вас. Штом ќе успеете да и го освоите срцето на Девицата, таа нема да ве изневери и ќе се грижи да ги задовили вашите потреби. А ако некој ја повреди, ќе го натера да жали до крајот на животот.

Најопасниот знак

Сосема очекувано тоа е Скорпијата. Ако реши да се одмазди, ќе оди до крај и нема да ја пропушти и најмалата шанса да ве заболи. Во исто време ако Скорпијата прави мудри планови, вие никогаш нема да дознаете, се додека не ве удри како гром од ведро небо. Затоа, што и да правите, не создавајте непријател Шкорпија.

Најубавиот знак

Што се однесува на убавиот надворешен изглед, природата била најдарежлива кон Стрелецот. Претставниците на овој знак се навистина убави, и лице и тело, но токму затоа се многу суетни и се грижат секогаш да изгледаат совршено. Што уште повеќе ја зголемува нивната привлечност.

Најсреќниот знак

Најсреќните се Близнаците. Тие по природа се оптимисти и има зошто. Ако близнакот почне да станува мрачен и негативен, само ќе страда во животот. Близнакот знае секогаш да биде на вистинското место во вистинското време. Неговата судбина е таква – што и да се случува, на крајот тој секогаш печали.

Најсемејниот знак

Дефинитивно тоа е Ракот. За претставниците на овој знак семејството е се! И тешко дека некој друг хороскопски знак би можел да им се фати на малиот прст во тој поглед, како и за воспитување деца, создавање топол дом, грижа и посветување на блиските. Не случајно е многу важно Ракот да си најде партнер со висок морал кој ќе знае да ја прочита неговата добра душа.

Знакот кој никогаш нема да го заборавите

Секако, тоа е Лавот. Човек едноставно не може да му одолее ниту пак да го заборави тој кралски став кој секогаш се издвојува од толпата. Кога на тоа ќе го додадеме чувството на хумор, високиот интелект, префинетите манири и боемското присуство, овој знак навистина ќе те натера да се вљубиш за секунда. А после тоа ќе ти требаат месеци, или години, за да го избришеш Лавот од мислите. Ако воопшто некогаш успееш…

Најекстравагантниот знак

Екстравагантни, оргинални, модерни, со стил, како ѕвезди од големите екрани се Водолиите. Буквално од две парталчиња ќе направат комбинација како од високата мода. Имаат неверојатно чувство за стил дури и кога изгледаат нестандардно. И не само тоа. Самата нивна внатрешна енергија дава на знаење дека се нешто повеќе од другите. Дека ќе биде вистинска чест ако ти обрнат внимание.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2015 во 19:22

ХОРОСКОП ЗА ВО КАФЕАНА - ПРОЧИТАЈТЕ ВЕДНАШ!

2

Какви се луѓето според хороскопските знаци во кафеана.

Овен
Иако е Овен, во кафеана се снаоѓа како риба во вода, без оглед на поводот. Кога ќе се напие малку повеќе, а тоа често се случува, почнува многу директно да се однесува кон преставничките на поубавиот пол. Иако е фокусиран на својот “плен” од женски род и понатаму го забавува целото друштво раскажувајќи шеги.
Жената Овен е главна во кафеана, нарачува пијачки за целото друштво, игра и си ги порачува омилените песни.

Бик
Сонува да има своја кафеана, што и не е реткост, но ако нема тогаш има омилено место каде што сите го знаат, од келнери до готвачи. Ги собира музичарите околу својата маса и не ги пушта да си одат, но им дава голем бакшиш, нарачува песни и ѝ угодува на својата поубава половина или на жената која му се допаѓа.
Жената Бик исто така ужива во кафеански амбиент, сака да запее, па караоке во некој ресторан е совршено за неа.

Близнаци
Со Близнаците можете да си поминете најубаво во кафеана без оглед дали таму одите како заљубена двојка или како пријатели. Мажот роден во овој знак знае да биде неодолив, бидејќи тој го знае она што другите не го знаат, имитира, пее, танцува и го забавува друштвото.
Жената Близнак секогаш е во друштво на помлади од неа, не го држи партнерот на око, затоа што обично не е љубоморна и се забавува како дете, или подобро кажано како големо дете.

Рак
Иако тој ги сака домот и семејството, обично за Ракот втор дом е неговата омилена кафеана. Никаде не може така да се опушти како со чашка добар пијалак и разговор со пријателите, тој ќе запее, ќе заигра и така до доцните вечерни или раните утрински часови.
Жената Рак знае да се фати на оро, но и да заигра танго. Таа сака да се опушти кога е со пријателите, но кога е со партнерот гледа само во него како да не постои никој друг околу нив.

Лав
Кралот на забавата, игрите и сите видови на прослави, Лавот умее сѐ да организира во својата омилена кафеана, каде музиката го поздравува со почит, а келнерите трчаат да му ја отворат вратата веднаш штом ќе го видат.
Лавицата, атрактивна и провокативна, прво “ја снима” ситуацијата и го набљудува друштвото во кое се наоѓа, а потоа стапува на сцена. Тогаш сите очи се вперени во неа, кога таа е на нејзиниот “трон” – подиумот за танцување, знае дека е неодолива.

Девица
Знак роден за мерак и релаксација, а кој би рекол, кога мажот Девица секогаш е дотеран, пристоен и воздржан? Штом малку ќе се напие и атмосферата почнува да се загрева, тој е оној кој во кафеаната нарачува тури, им сипа пијачки на сите и го подигнува расположението до точка на вриење.
Женската Девица ќе се преправа дека нејзината сестра-близначка лудувала минатата ноќ, а не таа.

Вага
Боем, џентлмен, хедонист – мажот Вага не може без да ужива со друштвото во кафеана, без разлика дали станува збор за најотмен ресторан или “биртија”. Тој инсистира да ја плати сметката, се грижи за тоа дали чашите се полни, не дозволува музичарите да се оддалечуваат од неговата маса, но им даваа и богат бaкшиш.
Жената Вага избира отмени ресторани за трач партија со пријателките, но кога ќе се одлучи да оди во “биртија” – таму останува до зори. Зад нејзината воздржана појава се крие желбата за забава, па таа никогаш не гледа на часовникот.

Скорпија
Елегантна и бучна, магнетно привлечна за спротивниот пол, Скорпијата ужива во кафеанската атмосфера, правејќи се дека не ja забележaла личноста која ја “голта” со очите. Не дозволува да ја напуштите забавата кога вие сакате, туку кога таа ќе ви дозволи.
Жената Скорпија секогаш го бира ресторанот, или знае “машки” да се напие или е тотален антиалкохоличар. Сепак, тоа не ја спречува да ужива во флертувањето со мажите со “подлабок џеб”, затоа што нејзин додворувач не може да биде било кој.

Стрелец
Ги обожава кафеаните, но само оние кои се на “добар глас” и каде што доаѓаат познати личности, вклучувајќи го и него затоа што мажот Стрелец секаде е омилен гостин. Знае да започне разговор на некоја “жешка” тема, но умее и да се контролира. Кога ќе се напие повеќе, не прави скандали.
Жената Стрелец наизглед успешно се вклопува во било кое друштво и во било која кафеана, но сепак сака да ги менува рестораните и да испробува нови, бидејќи има авантуристички дух.

Јарец
Жената Јарец, за разлика од вообичаеното мислење дека само работи, работи и работи, дека е стегната и воздржана, знае многу добро да се опушти во вистински кафеански амбиент, со црвено вино и добра музика, тогаш може дури и да заигра.
Мажот Јарец, наизглед срамежлив и расеан, во кафеана останува да лудува до раните утрински часови и не им дозволува на другите да си одат порано. Некои од неговите пријатели едноставно не можат да го препознаат, особено колегите од работа.

Водолија
Водолијата ги обожава кафеаните бидејќи таму го има она што најмногу го сака – пијалак, пријатели и флерт. Мажот Водолија е голем боем, ужива во добрата чашка додека музичарите му свират на увце.
Жената Водолија знае да ја дочека зората во омилената кафеана во друштво на пријателките, додека нејзиниот партнер дома си игра на компјутер.

Риби
Мажот Риби се чувствува одлично кога е во кафеана, особено кога е во машко друштво бидејќи веќе се знае кој што сака да пие и колку може да испие, а и каква музика слуша. На кого му е грижа колку е часот, кога него му е толку убаво, како во некој свет од неговата фантазија.
Жената Риби сака дискретни места, по можност во близина на река или езеро, со врвно послужување и џентлмени кои скокнуваат да ја услужат на секое нејзино движење. Од неа треба да се учи уметноста на боемските манири.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 136137138139140 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.