IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 134135136137138 157>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2015 во 16:15

ДВА ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ КОИ НИКОГАШ НЕ ЛАЖАТ

12

Астролозите тврдат дека овие два знаци се секогаш најискрени  без разлика колку и да е вистината болна.

Овен

Припадниците на овој знак се многу искрени, а најголема причина за тоа е што немаат волја да лажат, ниту пак сакаат својата енергија да ја трошат на оправдувања и работи кои подоцна ќе им се удрат од глава.

Дури и по цена да повредат некој близок со својата искреност, попрво ќе го изберат тоа отколку да лажат за било што.

Тие и сакаат да го кажуваат она што го мислат и да им го дадат тоа до знаење на другите, а истото се очекува и од другата страна. Често умеат да ги повредат другите со своето отворено мислење, па потоа да им биде жал, но и после некое време повторно би постапиле исто.

Стрелец

За Стрелците слободно може да се каже дека се најискрениот знак во хороскопот. Понекогаш умеат да претераат со прераскажувањето на приказни од својот живот или животот на пријателите, но тоа е во главно поради забавувањето на друштвото и сето тоа е само вистина.

Меѓутоа, не ги сакаат лагите во никој случај, тоа ќе го избегнуваат дури и кога самите гледаат дека е за нечие добро.

И во најлош случај како и Овенот, секогаш ќе ја кажат вистината, бидејќи сметаат дека така е најдобро.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2015 во 15:24

ЗНАЕТЕ ЛИ КОИ СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈМОЌНИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ?

36

Јарец

Јарците се супериорни, а нивната супериорност доаѓа од големата самоконтрола и од челичната истрајност. Често прерано созреваат и размислуваат најдобро од сите знаци. Темпераментни се, и тоа ги води до остварување на целите, што дополнително им ја подига самодовербата која и без тоа ја имаат премногу.

Овен

Овните се преполни со енергија и постојано се во движење и акција. Тие се токму како оган, никогаш не запираат, и ако им е здодевно едноставно ве избегнуваат. Овенот никогаш не се потпира целосно на другите луѓе, туку ги презема работите во свои раце, упорен е и го остварува тоа што го зацртал.

Водолија

Моќта на Водолијата најмногу доаѓа од нивната ладнокрвност, односно способност да ги држи чувствата под контрола или целосно да ги игнорира. Водолиите се исто така љубопитни и се интересираат за многу работи, а се и многу интелигентни. Тие се претерано самоуверени и тврдоглави, веруваат во себе и својот став секогаш го бранат најдобро.

Шкорпија

Шкорпиите се лојални, но и предавници во исто време. Лојални се на оние кои го заслужуваат тоа, додека ако некој ги повреди, знаат да бидат вистинска напаст и стануваат емоционално агресивни. Шкорпиите имаат развиена интуиција и чувствуваат многу работи за кои вие не сте свесни, но ги кријат информациите за да се послужат со нив кога има најмногу потреба за тоа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2015 во 15:25

КОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК Е НАЈСЕКСАПИЛЕН, КОЈ Е НАЈМОЌЕН, КОЈ Е НАЈОПАСЕН! И КОЈ Е ТОЈ ШТО НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ЗАБОРАВИШ!

9

Најмоќниот хороскопски знак

Можеби ќе се изненадите, но тоа е хороскопскиот знак Риби. Да, овие романтичари со нежни души всушност имаат најсилен карактер, бидејќи собрале многу мудрост под велот на емоциите. Бидејќи што и да се случува, тие знаат како да се извлечат, без да се скршат.

Најсексапилниот знак

Тоа е Овенот. Овните се енергични, решителни, но најважно е тоа што од нив извира магнетизам, за кој нема објаснување. Дури кога конкретниот субјект не се одликува со голема убавина, сепак околу него има рој додворувачи. Тоа се должи на таа мистична, моќна сексуална енергија.

Најпосветениот знак

Тоа е Девицата. Таа ќе ви биде верна до гроб, таа ќе ве заштитува и ќе се грижи за вас. Може да негодува и да критикува, и да ве дразни со безбројните претенции, но вие знаете дека длабоко во нејзиното срце има место за вас. Штом ќе успеете да и го освоите срцето на Девицата, таа нема да ве изневери и ќе се грижи да ги задовили вашите потреби. А ако некој ја повреди, ќе го натера да жали до крајот на животот.

Најопасниот знак

Ова веројатно нема да ве изненади – тоа е Шкорпијата. Ако реши да се одмазди, ќе оди до крај и нема да ја пропушти и најмалата шанса да ве заболи. Во исто време ако Шкорпијата кова лукави планови, вие никогаш нема да дознаете, се додека не ве удри како гром од ведро небо. Затоа, што и да правите, не создавајте непријател Шкорпија.

Најубавиот знак

Што се однесува на убавиот надворешен изглед, природата била најдарежлива кон Стрелецот. Претставниците на овој знак се навистина убави, и лице и тело, но токму затоа се многу суетни и се грижат секогаш да изгледаат совршено. Што уште повеќе ја зголемува нивната привлечност.

Најсреќниот знак

Најсреќните се Близнаците. Тие по природа се оптимисти и има зошто. Ако близнакот почне да станува мрачен и негативен, само ќе страда во животот. Близнакот знае секогаш да биде на вистинското место во вистинското време. Неговата судбина е такава – што и да се случува, на крајот тој секогаш печали.

Најсемејниот знак

Дефинитивно тоа е Ракот. За претставниците на овој знак семејството е се! И тешко дека некој друг хороскопски знак би можел да им се фати на малиот прст во тој поглед, како и за воспитување деца, создавање топол дом, грижа и посветување на блиските. Не случајно е многу важно Ракот да си најде партнер со висок морал кој ќе знае да ја прочита неговата добра душа.

Најкомуникативниот знак

Штом стане збор за убедување, разбирање, дискусија, заштита или само слатки приказни, Вагите се неприкосновени. Тие умеат да го разгледаат прашањето од секој агол и да анализираат најразлични возможни сценарија за реализација. Но најважно е што умеат да најдат заеднички јазик со сите останати знаци. Ќе импресионираат и претседател и клошар.

Најмистериозниот знак

Тоа е Јарецот. И не знаеме дали мистериозен или потаен е вистинскиот опис. Или и двете заедно. Не само што не ги споделува мислите и чувствата, туку секогаш успева да биде ладнокрвен и не можеш да претпоставиш што точно се случува во неговата глава. Колку и да си добар психолог, додека Јарецот не посака да се отвори, никогаш ништо нема да дознаеш.

Најпретставителниот знак

Е Бикот. Со своите совршени манири, ретко се изразува без тактика и умее веднаш да ги поправи работите, ако тоа се случи. Не сака конфликти и секогаш ќе помогне ако го замолите. Тој е толку префинет знак, благороден и умен, што во негово присуство те прави да изгледаш како селски глупак дојден да бара совет од некој мудрец.

Знакот кој никогаш нема да го заборавите

Секао, тоа е Лавот. Човек едноставно не може да одолее ни пак да го заборави тој кралски став кој секогаш се издвојува од толпата. Кога на тоа ќе го додадеме чувството на хумор, високиот интелект, префинетите манири и боемското присуство, овој знак навистина ќе те натера да се вљубиш за секунда. А после тоа ќе ти требаат месеци, или години, за да го избришеш Бикот од мислите. Ако воопшто некогаш успееш…

Најекстравагантниот знак

Екстравагантни, оргинални, модерни, со стил, како ѕвезди од големите екрани се Водолиите. Буквално од две парталчиња ќе направат комбинација како од високата мода. Неверојатен осет за стил дури и кога изгледаат нестандардно. И не само тоа. Самата нивна внатрешна енергија дава на знаење дека се нешто повеќе од другите. Дека ќе биде вистинска чест ако ти обрнат внимание.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2015 во 16:39
По по шо убаво...Вака ни баба ми не ме фали.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2015 во 20:04
ГРИЖЛИВИ, НЕЖНИ И ЛОЈАЛНИ: ТИЕ СЕ НАЈДОБРИТЕ СОПРУГИ СПОРЕД ХОРОСКОПОТ


За среќен и успешен брак потребно е да се совпаднат многу коцки, но многумина не го земаат и астролошкиот аспект во предвид. Кога би "ѕирнале" во Зодијакот, и токму таму би ја побарале совршената сопруга, што мислите, под кои знаци се крие таа?

Тоа се токму овие три знаци од Зодијакот.

Рак

Раковите се познати како чувствителни и нежни суштества, а токму тоа е она што чини да бидат добри сопруги. Способноста да сакаат на вистински начин чини сопругите во овој знак од Зодијакот да бидат подготвени буквално на сè за својот партнер. 

Жените во знакот на ракот секогаш ќе се трудат сите околу нив да се чувствуваат добро, а освен тоа тие се и одлични домаќинки и мајки.

Она што би можело да претставува проблем во оснос со жената која што му припаѓа на овој хороскопски знак е тоа што жените ракови се подложни кон драматизирање на нештата, но никој не е совршен, зарем не? Тоа е едноставно таа, а оној кој што ќе ја прифати како таква може да очекува и добар брак, а она што таа пак го очекува од својот маж е почит, искреност и поддршка.


Лав
Исто како и жените ракови, и лавиците знаат навистина искрено да сакаат. Нивниот начин е можеби и поинаков, но кога вистински сакаат, со нив може да се чувствувате безбедно.

Таа е храбра, бестрашна и неверојатно способна, а кога се работи за децата, таа е и исклучително пожртвувана. Како вистинска лавица, таа е токму онаа која што го чува своето семејство, а од партнерот очекува тој да биде потпора и поддршка. 

Од лавиците може да очекувате буквално да ве опсипуваат со нежност и внимание.

Јарец

Жените јарци се тешко достапни, на прв поглед ладнокрвни, но токму под таа маска се кријат исклучително емотивни личности. Тие се одговорни, пожртвувани и посветени кога се работи за работните обврски, а истото може да го очекувате и во бракот со нив.

Како што главно важат за личности кои што ја сакаат традицијата, семејството им е исклучително важно.

Тие добро знаат каков човек имаат покрај себе и колку е тој човек вреден, па токму затоа подготвени се да дадат буквално сè од себе за од него да го извлечат она најдоброто.


Како мајка, жената Јарец е строга, но праведна. Сè што бара од својот партнер е да покаже карактер и истрајност, карактеристики кои што и самата таа ги покажува.

Љубовта со жената која што му припаѓа на овој знак од Зодијакот не е огномет, но е жар кој што ќе гори и кога сите останати огништа ќе изгорат.



Изменето од Valerija - 20.Септември.2015 во 20:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
atan Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај atan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2015 во 14:51
натална карта ваши прашања и одговори http://asvedic.com/natalna-karta-prashanja-i-odgovori-od-vedski-astrolog

Изменето од atan - 21.Септември.2015 во 14:56
Кон врв
atan Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај atan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2015 во 15:24
еве еден дел од прашања и одговори.....

6.Дали може да добијат одговор на конкретно прашање-на пример Кога ќе стапам во брак?

Да можете да добиете.Но дали ќе добиете квалитетен и директен одговор, зависи од вашата натална карта.Кај некои одговор е поедноставен и поребна е помала анализа на наталната карта, а кај некои ова прашање треба многу посериозно да се погледне.Доколку таа дозволува во овој живот вие да влезете во брачна

заедница.Постојат хороскопи на лица кои се под карма на потешкотии за влегување во брак,некои имаат тежнение за духовен живот па доброволно се

откажуваат,други влегуваат многу млади во брак итн.Кога Вашата натална карта е јасна по тоа прашање одговорот го добивате веднаш кога ќе стапите во брак.Доколку има потешкотии и одложување на ова прашање ,Ви се кажува како и кога позитивно може да се реши.Доколку настапува потежок период за брак после средината на животот соодветно се советува,порано да влезете во брак во дадени години.Моето искуство околу ова прашање е некојпат само минута астро анализа и брзо точно да заклучам кога би влегле во брак,но кај некои натални карти потребни се часови работа само за ова прашање и пак не може да се даде прецизен

одговор.Тоа зависи од Вашата кармичка условеност,Вашето верерување на непроменлива судбина,пред се кармата преку родители, правци во просторот во кој живеете (посебно Вашата спална соба) итн.Се даваат прогнози за успешни години почеток на љубовна врска и можност за брак,се советува кој знак ви одговара и како да го препознаете кога ќе се појави во вашиот живот.Но најважно како да ги надминете блокадите во Вашиот дом и пред се Вашите верувања,кои произлегуваат од Вашата натална карта.

7.Што е подзнак и како влијае на мене?

Подзнак или асцендент е точката која се крева на исток кога сте вие родени гледано од вашето место.Постојат разни видови подзнаци ,но за вас доволно е да го знаете основниот т.н. Асцендент или лагна во ведската астрологија.Во ведската астрологија треба да го знаете и вашиот месечев знак т.н. Чандра лагна.Подзнакот ви го претставува вашето тело и како другите ве гледаат ,на физички план дава одредени силни и слаби црти и ви покажува на што да внимавате за да немате проблеми во животот- со умот(манас) или телото.Некојпат само преку подзнакот може да се дадат прецизни предвидувања за вашата иднина љубов,здравје,работа,кариера,родители,брак и сл.Има метода која само со подзнакот се предвидува кога ќе стапите во брак!Но да повторам.За разлика од западната астрологија која се потпира на интуицијата,а помалку на математиката кај ведската астрологија е обратно.Некои

предвидувања не е доволно да бидат видени само преку подзнакот,туки преку повеќе подзнаци во сите карти 16 хороскопски карти приготвени за Вас од Д1 до Д60.Се разбира дека се користат неколку десетици прогностички методи (од стотици кои постојат), а се во зависност од потребите за детална анализа.Подзнакот е важен фактор во наталната карта ,а поврзан со долговечноста и на тој начин е основа за успехот во животот.Подзнак кој е ослабен од неповолни планетни влијанија , неповолно влијае на повеќе сектори во вашиот живот.На пример може да влијае во љубовта,партнерските односи и кариерата,бидејќи нагласува здравствени проблеми во одредени години од животот.

8. Какво е влијание на планетите во мојата карта? На едно место прочитав дека мојата венера е лошо поставена во наталот , па стравувам за мојот љубовен живот.

одговор:

Венера иако е поврзана на основно ниво со сексуалноста и допадливоста(привлечноста),играта и забавата таа може да влијае поволно и неповолно во зависност од толку многу фактори , што би ги збунило учениците на астрологијата кои ја студираат, а не Вие доколку немате познавања за влијанието на планетните фрекфенции врз луѓето.Венера ја викаат Шукра (слатката) или Шукер,Шекер е најблизу до македонскиот превод ,па доколку се најде во некој знак кој е горчлив или опор по вкус (јарец,девица,скорпија,овен) може на основно ниво да направи потешкотии.
Наводно ваквата неповолна венера е застапена ,кај многу познати лица кои имале богат љубовен живот - па каков заклучок да се донесе-дали е поволна или не?
Доколку не сте студент по астрологија, не треба да се исцрпувате откривајќи го влијанието на Венера, од проста причина што понекојпат само малкумина астролози можат со сигурност да потврдат дека заради венера Вашиот љубовен живот е лош! Само на момент претпоставете дека за еден љубовен склад потребни се 12 системи на склад(не хороскопски знаци туку посебни 12 системи по 12 хороскопски знаци или помножено по 27 основни среќни ѕвезди.
     Вашата венера иако поставена во неповолен зодијачки знак , може да биде под среќна ѕвезда, да има добра позиција во аглите на небото,да е во добро друштво со друга планета, да има т.н. паривартана јога кога таа се јавува како исклучително силна и поволна , кога делува поволно кога местото каде живеете (државата) е во криза додека во мирно време е неповолна .....
Многу текст е потребен да се заврши овој прилог за влијание на планетата венера.
Затоа не треба да се нервирате за Вашата венера,бидејќи таа може да ви донесе посебна љубовна вибрација иако е сместена во лош знак.

Премногу фактори одлучуваат за и најмалото влијание.Да прашате неколку астролози кој е виновен за лошиот љубовен живот ќе добиете различни одговори.Зашто е така?Замислете дека вие ја гледате венера на основно ниво и се што ќе ви кажат или прочитате Вие безрезервно верувате.Кај почетниците астролози(барем 4 години студирање), венера ја анализираат на повисоко ниво од вас, но немаат искуство или време да проверат нејзиното влијание во разни ситеми на периоди,во сите 16 хороскопски карти,да направат анализа на просторот кај се живее да се види дали влијанието на венера е негативно,да се погледне венериниот брег на левата дланка кај женски пол или на десната кај машкиот,да го видат влијанието на среќната ѕвезда итн.Во зависност од нивната анализа тие ќе го кажат нивното мислење на одредено ниво,па доколку друг астролог ги зел во предвид повеќето фактори тој може да изрази спротивставено мислење.Ведски астролог кој ги зел скоро сите фактори може да се нарече мудрец и неговото знаење и предвидување е непогрешливо.

9.Како да се препознае денес астролог?

На ова прашање на повеќе наврати е даден одговор , но еве повторно можете да прочитате , што се треба да поседува еден добар астролог

10.Кој е мојот хороскопски знак?

Кус одговор во ведската астрологија најважна е позицијата на месечината,а не на сончевиот знак како во тропскиот т.н. сајана зодијак.За да ја најдете Вашата позиција на месечевиот знак , потребна е пообемна табела и покомплексна математичка пресметка , во случај месечината кога сте родени да била позиционирана помеѓу два знак или т.н сандхи точки.Сончевиот знак најчесто го преставува вашето лажно јас и затоа не е релевантно да опише каде е насоката на Вашата среќа. Тоа се поврзува со Егото и најчесто создава илузија на потреби во животот ,кои во одредени години се распрснуваат како меур од сапуница. Месечевиот знак или т.н. Чандра Раши е најважниот показател за Вашата среќа во животот ,бидејќи ја преставува Вашата најдлабока природа.Треба да се спомне дека во западниот зодијак месечината може да биде во различна позиција како хороскопски знак , за разлика вво реалната астрономска позиција во индискиот сидерален зодијак.На тој начин и описот за Вашиот хороскопски знак е различен.

На ова прашање е одговорено пошироко во објавениот текст за зодијак и дадени се табели ,како лесно да го најдете Вашиот сончев знак.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2015 во 17:27

Овие три хороскопски знаци бараат само авантура


Некогаш ви се допаѓа некоја личност и подготвени сте да бидете со неа, па и на една вечер, само за да ви се исполни сонот.


Не заборавајте да ја прашате што е вохороскоп и ќе знаете како да се поставите во таа ситуација.

Понекогаш кај некои луѓе може да се случи авантурата за една вечер да се претвори во среќна и долгогодишна врска, но тоа се мошне ретки случаи. Ова се трите хороскопски знаци што бараат само авантура.

Овен

Кога се работи за додворување, овните секогаш се директни и агресивни. Немојте да го прашувате за дозвола да го бакнете, само бакнете го секогаш кога ќе најдете згоден миг за тоа. Колку посилно ќе му пристапите, толку подобро.

Овните се подложни и на комплименти, тие сакаат кога слушаат дека се најпривлечните луѓе на целата планета.

Сепак, слободно можете и да им се спротивставите. За нив расправиите се како афродизијак. На тој начин лесно ќе стасате до неговото срце.

Лав

Ако сакате да го освоите лавот, тоа ќе биде тешка борба. Затоа веднаш ќе ви порачаме да се откажете. Таа личност веќе одамна има заборавено дека спиела со вас, а пораките што им ги праќате за да продолжите да се дружите, нема ниту да ги отвори.

Риби

Рибите сакаат да заведуваат и никогаш во тоа не ги вклучуваат емоциите. Можеби многу подоцна, но и тогаш тоа е под знак прашалник.

Тие имаат галантен став, така што секоја девојка за една вечер ќе се чуствува како да е единствена. Тоа е само нивната тактика, со која имаат за цел да ги опуштат партнерките.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2015 во 08:14

Кога хороскопските знаци би биле луѓе, ќе изгледаа вака (фото)


По повеќе од една година и сликајќи на над 60 модели, еден уметник конечно прикажа како би изгледале хороскопските знаци низ неколку човечки тела.

koga-horoskopskite-znaci-bi-bile-luge-ke-izgledaa-vaka-foto-001.jpg

За еден хороскопски знак биле потребни околу 9 часа сликање со водени бои и уште неколку минути додека се пронајде совршениот агол за фотографирање.

Ќе ги воочите сите тела кои ги крие вашиот знак?

Овен

koga-horoskopskite-znaci-bi-bile-luge-ke-izgledaa-vaka-foto-1.jpg


Бик

koga-horoskopskite-znaci-bi-bile-luge-ke-izgledaa-vaka-foto-2.jpg


Близнаци

koga-horoskopskite-znaci-bi-bile-luge-ke-izgledaa-vaka-foto-3.jpg


Рак

koga-horoskopskite-znaci-bi-bile-luge-ke-izgledaa-vaka-foto-4.jpg


Лав

koga-horoskopskite-znaci-bi-bile-luge-ke-izgledaa-vaka-foto-5.jpg


Девица

koga-horoskopskite-znaci-bi-bile-luge-ke-izgledaa-vaka-foto-6.jpg


Вага

koga-horoskopskite-znaci-bi-bile-luge-ke-izgledaa-vaka-foto-7.jpg


Скорпија

koga-horoskopskite-znaci-bi-bile-luge-ke-izgledaa-vaka-foto-8.jpg


Стрелец

koga-horoskopskite-znaci-bi-bile-luge-ke-izgledaa-vaka-foto-9.jpg


Јарец

koga-horoskopskite-znaci-bi-bile-luge-ke-izgledaa-vaka-foto-10.jpg


Водолија

koga-horoskopskite-znaci-bi-bile-luge-ke-izgledaa-vaka-foto-11.jpg


Риби

koga-horoskopskite-znaci-bi-bile-luge-ke-izgledaa-vaka-foto-12.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2015 во 14:05

МИНАТОТО ЌЕ ВИ ТРОПНЕ НА ВРАТА: 3 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ЧИЈА БИВША ЉУБОВ ЌЕ ИМ СЕ ВРАТИ ВО ЖИВОТОТ

3

Доколку сте помислиле дека сте избегале од минатото, подгответе се за спротивното бидејќи неколку непланирани средби можат да ве навратат на стари спомени. Токму тоа целосно ќе ги смени вашите планови, па затоа ќе имате и само 2 избора – да стапите во брак или целосно да се заборавите еден со друг. Само 3 хороскопски знаци до крајот на оваа година ќе имаат конфузни љубовни ситуации, па откријте дали и вие сте едни од нив…

1. Овен

Минатото се подготвува да ве потсети. Во овој случај нема да важи онаа реченица: „Минато, те молам опрости ми“, бидејќи како што досега сите врапчиња на гранките научиле – кармата секогаш доаѓа. Некоја ваша бивша љубов ќе воспостави контакт со вас така што ќе ви се јави со зборовите: „Те барам како пријател, да видам како си и што правиш…“ Токму во тој момент играта може да започне. Има големи шанси околу ноември да се смирите и да започнете сериозна врска, па можеби дури и брак. Па, нека ви е со среќа, време беше да се смирите!

2. Близнаци

Близнаците ќе вкусат дел од „колачот“ кои судбината и кармата им го подготвуваат. Припадниците на овој знак најчесто лесно се провлекуваат низ големи и застрашувачки настани, но изгледа дека овој пат нема да можат да побегнат од духовите од минатото. Оние кои се осамени веќе подолго време, дури сега успеваат да остварат силно и стабилно партнерство, додека пак, оние кои се во емотивни односи ќе налетаат на преиспитување на цврстината на својата врска. Нешто во вас ќе ве натера да контактирате со некој кој одамна не сте го чуле, а за кој сè уште ве врзува нешто длабоко од внатре.

3. Рак

На Раковите не им е сè мед и млеко. Ситуацијата изгледа вака: Вие во секое поле од животот чувствувате притисок, вклучувајќи го домот, партнерството, бракот, па дури и работата. Проблемите на емотивниот план ќе успеете да ги решите со мир, трпение, истрајност и решителност.  Но, и вам ве следува борба со духовите од минатото. Вие нема да можете да одолеете да одговорите на еден повик од онаа личност која сè уште го чува вашето срце, па ќе отрчате по уште една доза пред да продолжите понатаму со вашиот живот. За оние Ракови на кои љубовта во текот на целата година им бегала, ќе имате шанса за нова во декември, па обидете се да не ја пропуштите таа можност.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2015 во 14:43

ТАЈНИТЕ ЖЕЛБИ НА ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ: ЛАВОТ САКА ЖИВОТ НА ВИСОКА НОГА, ЈАРЕЦОТ УСПЕХ ПО СЕКОЈ ЦЕНА, ШКОРПИЈАТА ДА КОНТРОЛИРА...

2
Прочитајте ги скриените желби на вашиот партнер врз основа на неговиот хороскопски знак…

Овен – Сака да биде прв секогаш во се, да победува и да биде лидер, секогаш еден чекор пред другите!

Бик – Сака да биде материјално обезбеден, да поседува луксузни и убави нешта и да се ослободи од сите стравови!

Близнаци – Тие сакаат да го имаат вистинскиот одговор на секое прашање и сакаат да остават убава впечаток и да се допаднат на сите.

Рак – Сака да ја открие љубовта на својот живот, да дава и да прима љубов! Ништо друго не е толку важно!

Лав – Сака да владее со светот, да го обожаваат и да живее живот на висока нога!

Девица – Сака да биде херој и да ги покори сите со своето знаење и интелект!

Вага – Сака да љуби, но и да и се врати со иста мера, сака да живее во постојана хармонија без скандали!

Шкорпија – Сака да има целосна контрола над сите и над се!

Стрелец – Сака да успее и на тој начин да се реализира како личност. Успехот пред се!

Јарец – Сака да успее по секоја цена, независно како тоа ќе влијае на односот со другите!

Водолија – Сака да љуби, да биде љубена искрено, топло и верно!

Риба – Сака само да го добие она што го заслужува и ништо повеќе!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2015 во 15:44

ЗНАЦИТЕ НА ЗОДИЈАКОТ И НИВНИТЕ ЛАГИ, ИЗМАМИ, НЕИСКРЕНОСТ...

27

ОВЕН

Овните лесно се лутат и стануваат агресивни ,а тоа е затоа што се многу плашливи особи. Овој знак е секогаш спремен за акција a е плашливец што го објаснува и неговиот темперамент кој му служи како оружје и заштита.Никогаш нема да ви признае но секој Овен е свесен дека многу ќе си помогне ако го контролира бесот. Ако се впуштите во романса со овие вжарени глави бидете сигурни дека ќе знаете да ги штитите своите интереси. Освен тоа мора да се потрудите да им бидете интересни бидејки досадата ја лечат со кавга.

БИК

Никогаш нема да ви кажат но секој бик сака некој да се грижи за него.Потајно сакаат сигурност.Големи хедонисти се.Чуството за несигурност ги прави да трупаат пари и матeријални добра па така можат во тешки моменти да станат и спонзори од најтежок тип.Многу се чуствителни па можат да сватат дека сигурноста произлегува од нивното верување во себе а не во матреијалните добра.Не треба да се чудите ако под душекот најдете пари кои ке ги сокријат од вас.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците се прикриени шизофреничари. Имаат подвоена личност, и никогаш нема да бидете сигурни со кого го поминувате времето, дали ве привлекла неговата резервираност и страмежливост или дивјак кој урла и така ја исфрла вишокот на енергија.Тие и самите себе некогаш не можат да се препознаат. Секоја пресвртница во животот и нив самите ги збунува.

РАК

Раковите се големи плачковци, па така секогаш кај вас имајте марамче. Овој знак секогаш се бави со исполнување на своите емоционални потреби, што е и причина на нивната несигурност. Освен што се плачковцизнаат знаат да се однесуваат како пијавици према партнерот. Досаѓаат, бараат постојано да им се искажува љубов и да им се кажува дека тие вредат многу. Затоа и телефонот ќе ви звони повеке отколку што треба. За да го избегнете тоа пуштете ги тие да се грижат за вас, или купите им маче или куче.

ЛАВ

Ако некој може да ги разубави лошите вести тогаш тоа е лавот.Нивните лаги се безазлени а приказните што ги кажуваат треба да ги прифатите со доза на резерва, тој сака да ги прави работите поголеми и оубави отколку што се, сака да ги прави работите гламурознии возбудливи. Освен тоа сакаат и да се фалат, а тоа е особина над која немаат контрола. Со нив никогаш не ви е досадно.

ДЕВИЦА

Проблем со девиците е што никогаш не се задоволни. Уверени се дека никогаш и ништо не е доволно добро. Големи перфекцонисти се и болно педантни. Освен тоа мана им е што анализираат се па и најмала ситница, затоа нивните критики не ги земајте здраво за готово. Доколку сте со нив навикнете се на тоа дека некој ви ја кажува вистината ма каква и да е.

ВАГА

Вагата секогаш изгледа како да едвај да чека да ви стане љубовник, причината е таа што сакаат да се во врска но имаат проблем со врзување едноставно не сакаат да се врзуваат со една особа. Никогаш нема да бидете сигурни дали нешто не е во ред затоа што се големи дипломати се смеат дури и кога одвнатре кипат. Вагите се пасивни агресивци кои пленат со шарм и убавина. Ако сакате вага потрудете се да направите рамнотежа и пазете да не се залепите за неа.

ШКОРПИЈА

Тајната на Шкорпијата е таа што имаат многу тајни кои никогаш нема да ги откријат. Ја чуваат својата приватност,но доколку им се отворите и им пристапите искрено тие ќе почнат да ви се отвараат. Доколку сами сакате да откриете кои им се плановите нема да ви успее. Немој да заборавате дека се многу љубоморни, не простуваат и не забораваат,а после флертот на партнерот ја раскинуваат врската.

СТРЕЛЕЦ

Стрелците не кријат ништо за себе.Тие се отворена кнга и се многу искрени.Понекогаш заради тие нивни карактеристики се чини дека се без такт. Кога нешто не им се допаѓа често ја забиваат главата во песок, и така се штитат од непријатности. Овој знак има проблем со дисциплината и внимание, така да проблеми не им одговараат. Често се однесуваат како себични и неодговорни особи. Склони се кон изневерување, кое од партнерот вешто го кријат но на пријателките со задоволство им го кажуваат,и се фалат со љубовните успеси.

ЈАРЕЦ

Јарците понекогаш ги доживуваме како особи со ледено срце, но нив потајно ги интересира што мислиме за нив. Да би ги оствариле нивните цели напорно работат и никогаш нема да дозволат да дознаете како успеале да го остварат тоа што си го зацртале да го направат. Ретко кога се откачуваат, сепак тие се озбилни особи. Знаат да бидат озбилен љубовен партнер,а кога така ќе одлучат знаат и да ги возвратат чуствата.

ВОДОЛИЈА

Не ги сакаат лугето. Помалку се снобови,но тоа го кријат,се однесуваат така како што тие замислиле дека треба.Од навика вика не, нема да бидат среќни ако ги заробите. Ако сте во врска со Водолија запамтете дека тие функционират само према своите правила.

РИБА

Често се случува да Рибите не успеваат да постигнат хармонија помеѓу духовното и физичкото.Рибите се склони кон зависност на храна, книги,телевизија, дрога, секс.Многу се осетливи склони кон уметност.Верност према партнерот им паѓа тешко а тие сакаат партнерот да им е верен. Своите грешки лесно си ги опростуваат, но туѓите не.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2015 во 08:23

Хороскопот открива: Кој е вашиот непријател?


Астрологијата може да ви открие многу работи според тоа кој е вашиот хороскопски знак, а меѓу другото може да открие и кои луѓе едноставно не можат да ве трпат и многу лесно можат да ви станат непријатели.

horoskopot-otkriva-koj-e-vashiot-neprijatel-01

Еве што вели астрологијата:


Овен

Главни непријатели: Нерасположени, мрачни луѓе

Со оглед на тоа што вие сте енергични, секогаш расположени за акција и во добро расположение, едноставно не можете да трпите луѓе кои ве уништуваат со своето лошо расположение. Летаргијата едноставно ве излудува.


Бик

Главни непријатели: Зависници од работа

Биковите се одговорни личности и на нив секогаш можете да се потпрете, но исто така чувствуваат и потреба за поврзување со некои спиритуално настроени луѓе. Токму затоа, се трудат да не бидат сериозни и не им одговараат луѓе кои себеси се претставуваат како важни и сериозни личности.


Близнаци

Главни непријатели: Уметници

Близнаците се склони на често менување на расположението, па токму затоа не сакаат да бидат опкружени со луѓе кои се најчесто нерасположени и во депресивни состојби. Близнаците се борат со сопствените промени на расположението и затоа не сакаат да бидат опкружени со луѓе кои ги носат во друг правец.


Рак

Главни непријатели: Мистериозни луѓе

Емотивните Ракови не се согласуваат со мистериозни, мрачни и таинствени луѓе. Преферираат да останат во удобноста на сопствениот дом и да бидат сигурни, па токму затоа не сакаат луѓе кои си играат топло-ладно и со кои не знаат на што се.


Лав

Главни непријатели: Луѓе кои сакаат внимание

Лавите се полни со самодоверба и секогаш сакаат да бидат центар на вниманието. Како такви, органски не ги поднесуваат другите луѓе кои се полни самодоверба и желни за внимание. Постои само еден рефлектор, а тој треба да биде насочен само на нив.


Девица

Главни непријатели: Невротичари

Како организирани и перфекциозни личности, Девиците можат да трпат многу, но не и уште една организирана личност. Некој кој е подеднакво невротичен како нив ги потсетува на тоа како и самите се однесуваат, па и затоа не сакаат да бидат покрај такви личности.

horoskopot-otkriva-koj-e-vashiot-neprijatel-1


Вага

Главни непријатели: „Шефови“

Вагите секогаш се во потрага по смиреност, рамнотежа и „зен“ мир. Токму затоа, не трпат луѓе кои сакаат да им наредуваат и секогаш да бидат главни во секоја група на пријатетли и секогаш да го имаат последниот збор. Тие исто така, не сакаат луѓе кои не можат да признаат дека не се во право.


Скорпија

Главни непријатели: Фантазери

Скорпиите се комплексни, малку драматични и мистични личности и ги нервираат луѓе кои по цел ден фантазираат за нереални работи. На овие луѓе, гледаат како на плитки „будали“ со кои не би сакале да го делат воздухот.


Стрелец

Главни непријатели: Луѓе кои ја сакаат својата земја

Стрелците се енергични луѓе кои се секогаш расположени за нови искуства, запознавање на нови земји, луѓе и патувања. Како такви, тие не можат да ги разберат луѓето кои се сосема задоволни со она  што го имаат и немаат желба да искусат нешто ново. Стрелците сакаат да одат секаде и да видат се.


Јарец

Главни непријатели: Неодлучни луѓе

Јарците се прилично едноставни луѓе и овој свет го набљудуваат од една гледна точка, па не размислуваат за промени. Одговорни се и сериозно ги сфаќаат сите работи кои ги работат, па затоа не им се јасни неодговорните личности и оние кои преку ноќ ги менуваат ставовите и мислењата.


Водолија

Главни непријатели: Традиционални луѓе

Иновативните и неконвенционални Водолии, не сакаат било какви калапи, ограничувања и правила. Токму затоа, нив посебно ги иритираат луѓе кои се држат до традицијата и застарените правила. Водолиите не би сакале сами да ги создадат правилата, туку да ги укинат.


Риби

Главни непријатели: Гласни луѓе

Рибите се чувствителни, интровертни и не се многу зборливи, па посебно ги нервираат комуникативните, гласни „кловнови“ кои на секое собирање мораат да бидат главни.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2015 во 08:11

КАКВА Е ВАШАТА ЦЕЛ ВО ЖИВОТОТ СПОРЕД ХОРОСКОПСКИОТ ЗНАК?

13

Сигурно сте слушнале дека секој си има своја цел на овој свет. Ѕвездите исто така го делат тоа мислење. Дури се смета дека ако акциите ви се насочени кон други работи, а не кон вашата мисија, никогаш нема да се чуваствувате здоволни и исполнети. Значи, драги дами, ако сакате хармонија и среќа, погледнете кон што треба да се стремите според вашиот хороскопски знак. На накои од вас можеби овие улоги нема да им се допаднат, други ќе одречат дека се однесуваат на нив. Но астрологијата е категорична!

Овен

Жените Овен се тука да се борат за своите каузи и каузите на блиските. Тие не треба да се пренесуваат и не треба да дозволуваат некој да ги манипулира и скрши. Или со други зборови, тоа се жените борци.

Бик

Овие дами имаат мисија во турбулентните мориња да создаваат прекрасни и спокојни острови. Односно, тие треба да се стремат кон семејниот комфорт, распоредот на убав дом, балансот помеѓу семејството и кариерата. Вкупната цел им е да покажат дека жената може да биде и нежна и успешна насекаде.

Близнаци

Вие сте тука за да комуницирате и да ги поврзувате луѓето. Да дејствувате брзо и да имате решение за секоја ситуација. Ќе биде добро од време на време да земате некој под крило и да го обучувате на се што можете и знаете.

Рак

Жените со овој знак се пазителите на моралот, семејството и традицијата. Тие се посветени мајки и верни сопруги. Треба многу сериозно да ја прифатат и да ја исполнат својата судбоносна цел, бидејќи стабилноста на општеството во голема мера зависи од нив.

Лав

Лавиците имаат за цел само да бидат кралици! Тие треба да ги насочуваат останатите кон похумани каузи и духовен развој.

Девица

Тоа се деловните жени. Квалитеот на нивнта работа е основа за материјалната стабилност на нивните блиски. Тие треба да бидат пример со својата перфекција и уредност на мисли и акции.

Вага

Жените со овој знак треба да бидат муза. Тие имаат талент за естетика, можат да разговараат со секој и тешко лицемерничат.

Шкорпија

Шкорпиите се солта на животот. Фатални, примамливи, неразбирливи жени. Нивната цел е да покажат дека имагинацијата ти работи и дека секое слатко и грешно нешто си има своја цена. И треба да си апсолутно сигурен дека можеш да ја платиш.

Стрелец

Тоа се жените идеалисти. Нивната цел е постојано да укажуваат дека животот навистина може да биде прекрасен.

Јарец

Улогата на овие жени е да бидат директори. Буквално! Тие секогаш треба да се стремат кон раководните позиции, бидејќи тие знаат како да движат една организација.

Водолија

Дамите со овој знак треба да бидат…анархисти! односно никогаш да не дозволуваат некој да ги става во рамка. И постојано да им укажуваат на останатите дека правилата можат и да се прекршуваат и не треба да живеат како роботи.

Риби

Целта на Рибите е најтешка. Тие треба да бидат пример за идеална жена – мила, романтична, добра домаќинка, добар партнер, успешна во работата, грижлива мајка, нежна љубовница….Но пак во нив има доволно мудрост и ум, за да најдат начин да се справат со тоа.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 134135136137138 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.