IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести > Избори
  Активни теми Активни теми RSS - Изборно гласање од дијаспората
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Изборно гласање од дијаспората

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5051525354>
Прашање: Дали дијаспората треба да гласа на македонски избори?
Одговор Гласови Статистика
28 [30,11%]
8 [8,60%]
56 [60,22%]
1 [1,08%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2015 во 18:58

He ни треба нов „втор амандман“


Човековите, граѓанските и политичките права, одaт и чекор понатаму. Тука веќе не се ни поставуваат прашањата дали некој дава или зема пари, чувствува или не чувствува влијание од политиките на власта итн. Логиката е поставена многу едноставно: секој полнолетен и деловно способен државјанин на Република Македонија има уставно загарантирано право да гласа. Членот 22 од Уставот е јасен: секој граѓанин со наполнети 18 години живот стекнува избирачко право, кое е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и го немаат лицата на кои им е одземена деловната способност. Во послободното толкување на ова како принцип, не само како член во Уставот, државата има обврска не само теоретски да го признае правото на глас туку и активно да го поттикнува неговото остварување, поради што поголемо учество на граѓанитe во процесот на донесување одлуки, особено на најважната одлука, доделувањето мандат за водење на државата. Од аспект на дијаспората, овој принцип значи дека без разлика каде некој државјанин на Македонија живее и работи, треба да се стори сѐ што е можно за да му се овозможи да го оствари своето право на глас. 



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2015 во 22:41
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2015 во 21:29
не знам дали е попаметно да се измени изборниот законик и тие 1000 од дијаспората што гласаат, да ги гласаат сите 120 пратеника а ние 1 000 000 што гласаме во Македонија да ги бираме останатите тројца пратеника...
Кога би се прашувал овој криминалецот што ја предводи државата и тие тројца би и го дал на дијаспората...плазење
не го префрлив тука целиот текс, да не повратам читајќи го...болен
еееејјј....ако и тие 20 работат и не коштаат пропорционално колку и досегашниве тројца...аплауз
не бе, дефинитивно ќе мора да се воведе задолжителен психијатриски преглед за високите функционери и тоа на секои три месеци, за ваквите малоумни политичари да останат на безбедно место надвор од политиката...

Наместо тројца од редовите на дијаспората да се избираат дваесет пратеници во Парламентот и за нив да се гласа во една изборна единица, е предлагот на ВМРО-ДПМНЕ до останатите политички партии во преговарачката работна група за изборите, што го соопшти денеска премиерот Никола Груевски....


Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2015 во 21:51
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2015 во 00:36
Кога веќе се гаѓаме со бројот на пратениците од дијаспората, еве уште еден предлог: 

- Од дијаспората треба да се бираат толку пратеници колку што таа пропорционално придонесува во економијата на државата.

Ако таа денес официјално придонесува со 20% во македонската економија, тогаш треба да учествува со 20% од севкупниот број пратеници во собранието. 






Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2015 во 00:41
Искрено тоа џабе тука го кажувате...Лобирајте повеќе кај чичко Сем.
Оти секако он ги влече конците.А на нас ни остана на својата мака да си се смееме.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2015 во 00:45
Кога веќе сите си ги кажaвате желбите по било која основа, јас можам да предложам и тоа по многу конкретна - економска.

Демек, ако проблемот e трошењето пари, не се грижите, дијаcпората внесува во Македонија повеќе од доволно да се платат тие 20% пратеници.










Изменето од Messenger - 22.Септември.2015 во 00:46
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2015 во 01:08
Меси бебето ако не плаче,мајката нема да му даде да цица.
Меѓутоа тоа еден ден престанува да цица.
Многу долго оваа држава цица од Вашите средства,и си плаче.
Не мислиш оти друг е проблемот,а не парите сами по себе
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2015 во 02:50
Не ми поставај загатки, кажи кој е проблемот што некои се повикуваат на трошоци, жителство, сопственост… а  во суштина не било проблемот во сето тоа.

Да не претпоставувам каде лежи зајакот, кажи кој е проблемот.






Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2015 во 07:03
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Кога веќе сите си ги кажaвате желбите по било која основа, јас можам да предложам и тоа по многу конкретна - економска.

Демек, ако проблемот e трошењето пари, не се грижите, дијаcпората внесува во Македонија повеќе од доволно да се платат тие 20% пратеници.



дијаспората внесува повеќе од доволно кај своите роднини и семејства а не во државниот буџет преку кој се исплаќаат нивните пратеници
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2015 во 18:02
Originally posted by Ninja 35 Ninja 35 напиша:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Кога веќе сите си ги кажaвате желбите по било која основа, јас можам да предложам и тоа по многу конкретна - економска.

Демек, ако проблемот e трошењето пари, не се грижите, дијаcпората внесува во Македонија повеќе од доволно да се платат тие 20% пратеници.



дијаспората внесува повеќе од доволно кај своите роднини и семејства а не во државниот буџет преку кој се исплаќаат нивните пратеници

Процентот кој е наведен е официјалниот прилив на пари евидентиран преку Државната Банка како инвестиции, директни депозити и придонеси по разни основи.

Парите кои доаѓаат во готово како помош по роднини или за лични потреби не се засметани, а се претпоставува дека се барем уште толку.

Било како, дури и оноа што е дадено како средства за семејства, роднини и пријатели се пари кои инаку ќе морало по разни основи да бидат издвоени од државниот буџет и како такви претставуваат директна подршка за државата и стандардот на живеење на македонските ѓраѓани.

Што би рекол народот: не по врат, туку по шија.

Секое наведување на трошоците и бројот на излезноста е во суштина искривување и прикривање на вистинската состојба на гласачкото тело во дијаспората - таа има целосно право на гласање што е гарантирано со Уставот на Р.Македонија, а е крајно онеправдана со неадекватните можности и услови кои се одредуваат од државата.

За тоа дискутиравмe на долго и на широко во претходните коментари, пa не би сакал да се повторувам.


Оноа што станува с'е поочебијно е посебно негативниот став на опозицијата, која во скусувањето на правото на глас и практички елиминирањето на гласањето од дијаспората на разни начини, гледа свој бенефит плашејќи се дека дејаспората масовно ќе гласа за позицијата наместо за неа.

Но тоа не кажува ништо друго туку дека таа верува оти народот не би ја подржaл на изборите и не се стeснува ниту од флагрантно оневозможување на правата на македонските граѓани доколку гледа свој личен интерес во тоа.



















Изменето од Messenger - 22.Септември.2015 во 18:18
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2015 во 18:49
без да полемизирам, само ќе си кажам... јас по туѓи куќни совети во други згради не идам да гласам и да одлучувам за нивните проблеми, нити пак може во тие куќни совети да учествува некој што се иселил од таму...

гласањето е наменето само за оние за кои е наменета промената предизвикана од предметот на гласање... може живееме во општества, ама лично еден на друг во штипки не се мешаме... епа така и ова 

не мешајте конечни одлуки со консултации... ние може да се консултираме , да си помагаме едни со други, ама во одлуките не се мешаме...
дури и тукашното население и дијаспората да имаа идентични политички гледишта, било какво директно учество во одлуки на дијаспората е погрешно суштински

и ова го кажува човек што више никогаш нема да гласа и што му е сеедно... а што правиме со луѓе кои застапуваат свои ставови преку избори и кои веруваат во тоа што го гласаат? тек они колку се изреволтирани од вакви потези...

не намеравам да се објаснувам како било во други земји и каков е политичкиот начин на вршење на работите, и уште помалку сакам да се убедувам која како инвестирал и учествувал во земјава, ви кажувам што е човечки и несебично
... попрво би умрел од глад отколку да дозволам некој друг да го има гласот во мое име
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2015 во 18:55
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

без да полемизирам, само ќе си кажам... јас по туѓи куќни совети во други згради не идам да гласам и да одлучувам за нивните проблеми, нити пак може во тие куќни совети да учествува некој што се иселил од таму...

гласањето е наменето само за оние за кои е наменета промената предизвикана од предметот на гласање... може живееме во општества, ама лично еден на друг во штипки не се мешаме... епа така и ова 


Амин!

Поубаво не можев да срочам.

И "ние" како и "вие", не се мешаме во туѓите куќни совети, но заедно решаваме за едната заедничка татковина.










Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2015 во 20:02
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by zabegan zabegan напиша:

без да полемизирам, само ќе си кажам... јас по туѓи куќни совети во други згради не идам да гласам и да одлучувам за нивните проблеми, нити пак може во тие куќни совети да учествува некој што се иселил од таму...

гласањето е наменето само за оние за кои е наменета промената предизвикана од предметот на гласање... може живееме во општества, ама лично еден на друг во штипки не се мешаме... епа така и ова 


Амин!

Поубаво не можев да срочам.

И "ние" како и "вие", не се мешаме во туѓите куќни совети, но заедно решаваме за едната заедничка татковина.










татковинава може ни е заедничка бе меси, ама демократијата не, кога ќе го разбереш тоа?... ако доаѓаш на гости и ми позајмуваш пари, не значи цимери дека сме и дека треба да ти препишам половина стан на тебе... затоа ти го давам примерот со куќни совети... во нив си одлучуваат и гласаат тамошните станари... тој што се иселил од таму нема веќе право да учествува кога не живее таму
исто како што јас не можам како скопјанец да гласам за друга општина и никој не ме прашува како што се чувствувам... или како да ти доловам поинаку... можам да гласам за општина Аеродром, ама не и за Центар, можам да гласам за Скопје, ама не и за Охрид (а и Охриѓани и Скопјани се Македонци нели?), може да гласам за македонија, ама не за грција... или можда можам да гласам за заеднички европски проблеми, ама не и за Америчките... јасни ли ти се овие множества?
никогаш не е на прашање националност
не е тука прашање, како се чувствуваш, колку си патриот и каде мислиш дека припаѓаш, туку каде живееш и каде се твоите основни приходи за живот за кои ти треба да бираш свои претставници и директни промени преку референдуми...
...ти може да ја сакаш земјава, да инвестираш во нејзе, да ја посетуваш на регуларна база и да комуницираш со разни луѓе, ама ти никогаш нема да имаш македонска, плата, пензија, осигурување, нема да се лекуваш преку македонско здравство, нема да се образоваш во македонски школи и нема да се вработуваш и работиш во македонски услови, и затоа немаш право да гласаш во македонски избори... како да ти објаснам појасно, не знам, понатаму може да ми негираш само чисто од патриотски замаглен инает...
ако припаѓаме на иста националност и корени, не значи дека треба да ја делиме истата демократија и системи... држава и националност се скроз различи термини

затоа и ти кажувам дека не е проблемот во тоа какви политички гледишта имаме, ниту се плашам дали ќе донесеш некаков погрешен избор... едноставно не е прифатливо ја и ти да делиме исто право на глас затоа што светов функционира на скроз друг начин...
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5051525354>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.