IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 132133134135136 157>
Автор
Порака
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2015 во 21:02
Ај и така не сме скржави...За едно простување проблем ли е.
А и шегата никогаш не може да има лоша намера.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2015 во 13:50

ДРЗОК ХОРОСКОП: БЛИЗНАЦИТЕ ЛАЖАТ ВО ОЧИ, ДЕВИЦИТЕ СИГУРНО ЌЕ ВИ ЗАБОДАТ НОЖ ВО ГРБ…

13

Колку и да звучи грубо, недостатоците е најдобро да се посочат директно и без заобиколувања. Во овој текст го правиме токму тоа. Не станува збор за шовинизам туку за опис на припадничките на понежниот пол од аспект на зодијакот. Од вас зависи дали ќе му верувате на овој хороскоп…

Овен: Невидени тапи

На жените кој го носат овој хороскопски знак не може да се гледа како на припаднички на понежниот пол, бидејќи тие сепак се овни а не овци. Од ова произлегува дека станува збор за мажи заробени во женско тело и токму затоа женските овни не поседуваат ниту една карактеристика која мажите ја бараат. Немаат нежност, премногу се себични и нападни, не размислуваат логично, не поседуваат емоционална интелигенција, не му се препуштаат целосно на својот партнер (реално, сите овие се машки особини). Водат непредвидлив живот, бидејќи нивниот избор на партнери е површен а после тоа се чудат откако ќе бидат измамени и напуштени. Резимирано, потребно им е многу време да сфатат што се случува околу нив а во некои случаи таквото „просветлување“ целосно ги заобиколува. Не е јасно кои критериуми ги применуваат при изборот на партнер, но ова нека биде предупредување за останатите бидејќи ја знаете поговорката „Со кого си, таков си“. Во отсуство да се каже нешто посуштинско за овој знак, одиме на наредниот…

Бик: Белосветски напори

Кравите се вбројуваат меѓу ретките суштества кои не можат ни да ја замислат состојбата на замор која ја создаваат кај соговорникот. Нивната фасцинација со теми поврзани со телесните функции и проблеми (кога добиле, кога не, што ги советувал гинекологот, каква боја имала бубулицата што им се појавила минатиот четврток) кои отворено им ги пренесуваат на лица што ги гледаат прв пат во животот навистина знае да „извади од кожа“. Но тоа не ги спречува кравите да продолжат со своите постапки со широко затворени очи, најчесто на сила, со глава во ѕид. Кај припадничките на овој хороскопски знак, она што го гледате, тоа и го добивате. Само не се надевајте дека во текот на животот ќе се променат.

Близнаци: Лажат во очи

Близнаците лажат, тоа е општо познато. Но да повториме уште еднаш, близнаците лажат! Ако се суди според нивните романтични и волшебни зборови, ќе заклучите дека љубовта на Ромео и Јулија не е ништо во споредба со вашата. Но, ако се гледаат делата тогаш ќе видите дека во нејзината листа на приоритети котирате многу ниско, да речеме дека поприоритетни сте само од чистењето на шпоретот. Секогаш ќе мора да направи нешто и да се види со некого пред да биде со тебе. Едноставно, нејзините приказни никогаш не држат вода. Вистината е дека те изневерува, најверојатно со повеќе мажи во ист период. Добрата страна е што и нив ги третира исто како тебе. Си имаш работа со некој кој не може да испорача квалитет, па затоа оди на квантитет.

Рак: „Лудачи“

Ниту една од жените во тој знак не е нормална. Го знаете оној вид на манијачки, кои слатко ви се смешкаат а зад грбот држат нож, додека стоите на врвот на зграда полна со лешеви и обвиена во пламен а специјалците мора да користат снајпери за да ја елиминираат? Тоа е жената рак. Имате работа се неурамнотежена личност која го менува своето расположение и по неколку пати во денот. Во еден момент е садист и ваш најголем непријател а во друг е старата, нормална личност која на некој чуден начин има амнезија за настаните што се случувале во претходните неколку часа. Посебна причина за ваквите нагли промени на расположението не мора да постои, едноставно доволни се гласовите во нивната глава.

Лав: Наметливи и непредвидливи

Лавиците веруваат дека се посебни. Дека нивниот влез во просторијата е проследен со театрална музика и дека секогаш околу нив има барем по една личност којa ги обожува. Најчесто навистина има, тоа се тие самите. За да бидете со лавица мора да научите да се сложувате со се’ што таа ќе каже и да ја почитувате без некоја поголема причина. Повремено може да ја водите во планетариум за да согледа дека планетите се вртат околу сонцето а не околу неа. Но мали се шансите дека некогаш навистина ќе го разбере тоа.

Девица: Нож во грбот

За девиците едно нешто е сигурно: порано или подоцна ќе ви забодат нож во грб. Тоа ќе биде смислено и анализирано како најдобра опција (за неа). Глуми толку добро што нема ни да се посомневате дека веќе со денови или месеци се откажала од вас и дека крои план како да ве елиминира. И кога се чувствувате најбезбедно, стига предавството. Но запомнете, најсуровите убијци се всушност кукавици. Лично усовршување во комбинација со заложба за квалитет, како што тие го нарекуваат тоа убаво. Нивната алатка е умот и логиката а не емоциите. Нема страст, прегратки, нежност и топлина. Солзите ги користат за да се оплакуваат себеси. Поради тоа, најчесто остануваат сами.

Вага: Манипулатори до срж

Што и да направите е снимено и анализирано во разговорите со нејзините пријателки, може да ве рекламира, но и да ве управува и манипулира. Искусни се во тоа, не сте ни прв ни последен кој потпаднал во „канџите“ на оваа богомолка. Всушност таа е себична и егоцентрична, но целосно неспособна да стори нешто повеќе во врска со својата неодлучност. Делата не се нејзината јака страна. Зборовите се. Кога ќе се опише како комуникативна, тоа значи дека зборува премногу. Смислата на своето постоење го гледа во можноста да фати некој “моќен” (барем во нејзините очи) човек кој ќе ги донесува главните одлуки место неа. Доколку имате вага за партнерка, пазете се од венерични заболувања.

Скорпија: Емотивно незрели

Еве нешто што нема да го прочитате во друг хороскоп: скорпиите се емотивно незрели, груби, грди и расипани карактери кои не почитуваат ништо. Како кога на мало дете ќе му ја земете омилената играчка. Таа се лути, плаче, гризе и во моменти кога постои некаков поголем неспоразум ве мрази од дното на душата. Да е поголема и посилна, би скокнала врз вас и би ви го одгризала гркланот. Овие импулси скорпиите ги носат со себе во текот на целиот живот, само како минуваат годините стануваат поконтролирани и помалку очигледни. Секогаш имајте предвид дека скорпиите никогаш не забораваат. Ако треба би влегле и во оган, само за да ја остварат зацртаната цел. Без оглед на причината, за нив тоа е најважното нешто во светот.

Стрелец: Знаат добро да одат по нерви

Животот на стрелците е тажен. Тврдоглаво одбиваат да ја согледаат реалноста и да се соочат со фактот дека нивниот систем на вредности е несоодветен, поради што постојано го извлекуваат „подебелиот крај“. Човек да се запраша која е нивната цел што ги води низ животот? Сигурно тоа не е разумот. Стрелците немаат издржливост и дисциплина. За своето тело и сексуалност знаат онолку колку што научиле во основно. Најлоши се во управувањето со пари. Немаат чувство за материјална вредност (најчесто се премногу сиромашни). Зошто целиот тој оптимизам и насмевки кога живеат во дупка? Најверојатно бидејќи уживаат во улогата на дворски шут кој ги засмева и расположува другите.

Јарец: Доминантни садисти

За разлика од митот на издржливост, амбиција, моќ и доминација, практиката за овој хороскопски знак говори нешто сосема друго. Тие се енормно големи кукавици. Бегаат како мува без глава кога ќе се зголеми ризикот. Ги оставаат другите на цедило, тоа е активност што ја практикуваат во текот на целиот свој живот. Доколку успеете да ги фатите, нема да имате многу задоволство во одмаздата. Бидејќи има уште една клучна работа за нив: тие се фригидни. Емотивно неписмени. Не можат да ги покажат своите емоции. Премногу се бавни и мрачни за да почувствуваат радост и задоволство во животот. Ќе сфатите дека ве доминира некој кој не вреди и не може да ви пружи ништо особено. Но, постои исклучок. Ако најдете „коза“ чија прегратка е топла и силна, која пролева солзи од тага и радост, задржете ја бидејќи таквите единки се чисто злато и вистинска реткост.

Водолија: Себични и непредвидливи

Не може да ги погодите ниту во добра ниту во лоша смисла. Крајната констатација е дека не се грижат за вас а ниту за она што го зборувате за неа. Причината поради која е со тебе е затоа што си чудак а тоа е доволно за да се добие висок рејтинг во нивните очи, бидејќи тие се сметаат за несфатени и посебни. Во суштина, се очајни осаменици со лош „филм“ во главата. Немаат што да понудат освен вредносен систем во кој нема да најдете светла иднина за себе.

Риби: Корпа за отпадоци

Ја имате Пандорината кутија во раце. Ова не значи дека ве очекува нужно зло, во неа може да се крие и богатство но бидете претпазливи. Рибите апсорбираат се’. Складираат. Претежно лоши работи. Но тоа најмногу зависи од луѓето кои ги опкружуваат. Рибите се прилагодуваат и црпат од средината во која се наоѓаат. Дознајте за нејзиното минато бидејќи има тенденција да ги повторува своите постапки. Ќе ви го направи она што и’ го направиле други. Можеби си имате работа со психопат, можеби со фина девојка. Играте руски рулет за големи пари. Добивката може да биде огромна, загубата уште поголема. За секс или се совршени или најлоши, средина нема. Доколку наидете на лошиот тип на риба не очекувајте морални вредности. Како и да е, никогаш нема да ги откриете до крај. Секогаш ќе има нешто ново во врска со нив.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Феникс Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46

Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Феникс Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2015 во 20:11
Риби......''Можеби си имате работа со психопат, можеби со фина девојка''смеење
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2015 во 20:44
Значи после ова се осеќам го гребка со можност за добивка од милион евра.
Само Ивонче да не разбере со се кодот ќе ме изгребе.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2015 во 08:33

Какви се хороскопските знаци во врска? Биковите се романтични, а Водолиите импулсивни


Овните се верни, а Рибите таинствени, Бикот често успева да освои со изгледот, но дали успеваат да ги задржат партнерите?

kakvi-se-horoskopskite-znaci-vo-vrskata-bikovite-se-romanticni-a-vodoliite-impulsivni-01.jpg

Откријте кој хороскопски знак каков е во љубовта и како да го освоите.


Овен

Овните обично се верни партнери. Тие сами ја преземаат иницијативата и не се срамат да го направат првиот чекор. Точно знаат што сакаат, посебно во кревет. Најчесто преферираат да играат љубовни игри. Не сакаат личности кои лесно им се предаваат и не сакаат премногу романтични настроени партнери. Ја сакаат слободата и можат многу лесно да се одлучат за прекин на врската.


Бик

Биковите се романтични, но сакаат и страсни врски и авантури, па кој ќе се одлучи на врска со нив мора да има и трпение. За сериозни врски се одлучуваат по долго размислување, а кога ќе се одлучат подготвени се максимално да му се посветат на партнерот и да направат сè што е потребно за врската да успее. По природа се љубоморни, но таквите чувства никогаш не ги покажуваат пред партнерот. Кога еднаш ќе се одлучат за прекин на врската, ништо не може да ги предомисли.


Близнаци

По природа се љубопитни, па такви се и во љубовта. Врските ги гледаат како предизвик и подготвени се да се надмудруваат со партнерот и да си играат со него. Ќе ги задржите само ако постојано им нудите нешто ново. Склони се на изневерување и флертувања, а се извлекуваат на шармот. Кога еднаш ќе се одлучат за врска, ќе направат се за својата љубов. Добро се согласуваат со Стрелците.

kakvi-se-horoskopskite-znaci-vo-vrskata-bikovite-se-romanticni-a-vodoliite-impulsivni-1.jpg

Рак

Емотивни и чувствителни, Раковите се подготвени на најголеми жртвувања за да ја задржат саканата личност покрај себе, дури и кога таа не се однесува добро со нив и ги исцрпува. Подготвени се на компромиси и големи жртви. Од друга страна пак, сакаат авантури и кратки врски пред да се одлучат за вистинската личност. Најмногу си одговараат со емотивните Риби. Ретко зборуваат за своите врски, а и кога споделуваат нешто тоа е секогаш во позитивна смисла.


Лав

Лавовите обожаваат да освојуваат, но и да бидат освоени. Потребна им е личност која ќе ги тера да се „мачат“, но не сакаат претерувања. Се согласуваат со слободоумните Стрелци и другите Лавови. Она што не дозволуваат во врската е да им биде повредено егото. Тогаш се подготвени за брз прекин на врската, без можност за враќање. Нема да попуштат тоа да го направат драматично и со низа сцени, бидејќи сакаат да бидат во центарот на вниманието.


Девица

Во љубовта девиците се искрени. Често остануваат со скршено срце одошто самите да преземат одлучувачка улога во врската. Девиците бараат верни партнери кои ќе бидат оптимистички настроени и ќе бидат полни со самодоверба иако и самите не се толку самоуверени околу личните способности. Потребна им е интелектуална личност и подготвени се во разумна мера да му простат на партнерот.

Вага

Вагите не сакаат да им се поставуваат ограничувања и не трпат нетолерантност, бидејќи самите се полни со разбирање за партнерот. Кога доаѓа до прекин на врската тие се прилично цивилизирани и тактични иако често ги обвинуваат за неискреност. Подготвени се да му дадат уште една шанса на партнерот, но не сакаат никој да игра со нивното трпение. Поради високите очекувања тие тешко го пронаоѓаат вистинскиот партнер.

kakvi-se-horoskopskite-znaci-vo-vrskata-bikovite-se-romanticni-a-vodoliite-impulsivni-2.jpg

Скорпија

Кога еднаш ќе бидат љубовно инспирирани, нив ништо не може да ги спречи се додека не „уништат“ се пред себе. Кога се заљубени тие се прилично хаотични и доживуваат низа емоции истовремено: сомнежи, љубомора, страст, несигурност... Очекуваат потполно верен и посветен партнер, а ако ги изневери подготвени се на одмазда. Физичкиот контакт им е најважен, но можете да ги освоите и со подароци, ласкања и гестови. Им одговараат Раковите и Рибите.


Стрелец

Стрелците подеднакво трагаат по голема љубов, но и по врски исполнети со авантура. Важно им е нешто да се случува. Ретко се заљубуваат, а ако се случи тоа, подготвени се да направат се за партнерот, па и да се жртвуваат на своја штета. Исто толку огнени се и при прекинот на врската. Ако еднаш се одлучат за прекин, ништо не може да ги сопре. Ако партнерот повеќе не им е доволно интригантен и не ги стимулира, многу лесно може да продолжат понатаму. Импулсивно реагираат, ги собираат своите работи и си заминуваат без објаснување.


Јарец

На припадниците на овој хороскопски знак најмногу им прилегаат стабилни врски. Во младоста се незаситни, излегуваат, запознаваат нови луѓе, а кога се подготвени да се смират подготвени да бараат партнер за цел живот. Често наидуваат на Девици и Бикови. Подготвени се целосно да го отворат срцето пред партнерот, но бараат и слобода, бидејќи често сакаат да бидат сами.

kakvi-se-horoskopskite-znaci-vo-vrskata-bikovite-se-romanticni-a-vodoliite-impulsivni-3.jpg

Водолија

Водолиите се прилично импулсивни. Лесно влегуваат во врска, а уште полесно знаат и да излезат од неа без било какво објаснување. Не сакаат конфликти, па и кога ја прекинуваат врската се трудат тоа да го направат на најбезболен можен начин. Ако сакате да ги освоите и задржите, потрудете се да им приредувате изненадувања. Потребна им е слобода во врската, а тоа можат да го постигнат со Близнаците и Вагите.


Риби

Рибите се романтични, но и таинствени, па тешко можете да одредите дали се заљубени или не. Сакаат стабилна врска, но се многу пребирливи при изборот на партнерот. Бараат зрели партнери. Во се влегуваат со отворено срце, па не е изненадувачки што прекинот на врската го доживуваат прилично емотивно. За прекин на врска се одлучуваат ако постои нетолеранција кон нивната склоност на сонување и фантазирање, бидејќи нејќат да се спуштат на земја по ниту една цена.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2015 во 14:05

НАЈИСКРЕН ХОРОСКОП: БИКОТ Е ДОСАДЕН, А ОВЕНОТ БОЛНО ПОСЕСИВЕН

1
Ова е најискрениот хороскоп кој сте го прочитале-без задршки, без дотерување, без милост. Ако не можете да ја поднесете вистината за себе, немојте да го читате. Особено не ако се Риба во хороскоп, би можеле потоа со денови да плачете…

Horoskop-mandala500

Овен

Само вие продолжете да живеете во убедување дека сте безгрешни… Мислите дека секогаш сте во право, а всушност сте болно посесивни и лицемерни. На другите им ја ограничувате слободата, а својата себично ја браните. Во вас нема ни трунка нежност.

Бик

Вие сте досадни до граница на неподносливост, а и понатаму. Кога имате некаква цел, вашата упорност ги убива луѓето во поим. Кога сте лути, тотално полудувате и во состојба сте со своите рогови да пробиете и челик. Тие налети на бес треба да се стретираат со стручен надзор-во лудница.

Близнаци

Најобични предавници и озборувачи. Вашиот живот не би имал смисла без интриги и сплетки. Површни сте и само барате некого што ќе се грижи за вас бидејќи не сте способни самостојно да живеете.

Рак

Ах, осветољубиви гадови. Живеете според принципот „кој чека, ќе дочека“, а кога еднаш ќе дочекате можност за освета, се претворате во монструм и садист.. Мошне добро знаете да ги наплатите пролиените солзи.

Лав

Арогантни, нарцисоидни, полни со себе – да, тоа сте вие. Посакувате внимание, како болните што го посакуваат сонцето, а всушност сте искомплексирани и кутри.

Девица

Потполно сте опседнати со чистотија и уредност- но, не во позитивна смисла. Ги полудувате сите околу себе и луѓето не сакаат да ви доаѓаат на гости. Кај вас и љубовта е пресметана, студени сте и бесчувствителни.

Вага

Вие сте мрзеливи до таа мера што ви е тешко да одите и до тоалет. лажете и ги избегнувате обврските, а при тоа сте и иритантно неодлучни.

Шкорпија

Вие живеете за освета. Ужасно сте деструктивни. Кога нешто не ви оди како што сте замислиле, подготвени сте се да уништите, а кога тонете, себично повлекувате се со себе.

Стрелец

Лицемер. Преполни сте со пороци, но сеедно глумите морална вертикала и на сите околу себе им држите проповеди. Емоционално сте мошне нестабилни и никогаш не знаете што сакате.

Јарец

Терач на робови. Потполно безчувствителни и себични. Дури и вашите најблиски понекогаш се прашуваат имате ли вие чувства. За успех и кариера и родената мајка би ја продале, а емоционално сте потполно неписмени.

Водолија

Себични до крајни граници. Мислите само на себе и никогаш не се откажувате од вплеткување во туѓите животи. За се ги обвинувате другите, бидејќи вие, се разбира, сте совршени.

Риби

Толку кукате и се жалите што веќе помалку им се гадите на луѓето. Сфатете дека самосожалувањето нема да ви помогне. Не сте способни за самостоен живот бидејќи вие само кукате наместо да преземете нешто. Ох, а кога треба да се соочите со проблемот, едноставно бегате. Вие сте најобична кукавица.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2015 во 14:09

ЉУБОВНИ ВРСКИ: КОИ ЗНАЦИ СЕ ВЕРНИ, КОИ БРЗО ОСТАВААТ И КОИ НАЈБРЗО СЕ ВЉУБУВААТ...

8
Близнаците, Вагата и Водолијата се склони на менување на партнери, а Ракот, Шкорпијата и Рибите се најпосветени. Огнените знаци Овен, Лав и Стрелец се склони на длабоки емоции, но не на долги патеки.

Овен
Брзо и интензивно се вљубува, пребрзо се врзува, а потоа се одалечува. Обично постои период на проценка и преиспитување на чувствата, но типичниот Овен после тоа заминува.
Бик
Родените во знакот на Бикот се верни и посветени. Кога ќе го запознаат избраникот или избраничката се врзуваат за цел живот. Ако сексуалниот живот во врската почне да го губи сјајот – ќе се запраша дали сето тоа има смисла. Најверојатно во тој случај ќе ве изневери, но нема да признае ни да го напушти парнерот поради тоа.
Близнаци
Близнаците се обидуваат да бидат крајно посветени и никогаш да не ги остават партнерите, но ќе ги тестираат вашите нерви до крајни граници. Близнаците ќе ги фасцинирате така што ќе ги правите љубоморни.
Рак
Ова е знак кој сака да се врзе со само една личност. Не сака игри во врската. Знаат да бидат љубоморни, напорни и несигурни. Кога ќе ја озаконат врската и ќе стапат во брак, Раковите се тука засекогаш.
Лав
Лавовите се обично внимателни. Кога ќе се вљубат се страсни и посветени, но само година до две.
Девица
Овој тврдоглав, практичен знак сака кратко додворување со малку секс. Додека чувствуваат дека во бракот и врската постои материјално богатство и сигурност и доза почит, врската со Девицата ќе трае.
Вага
Вагите се мошне посветени. Склони се на долги врски бидејќи со партнерот се пријатели. Сепак, мошне лесно го менуваат мислењето, еднаш се страсни, потоа студени. Врската со Вагата ќе трае се додека е заинтересирана со настаните во кревет и додека сте подготвени да и посветите големо внимание.
Шкорпија
Шкорпијата е најприврзаниот знак на Зодијакот. Нивните партнери често се приморани да се соочуваат со конК*ренција. Тоа создава несигурност и врската може да се распадне после година дена.
Стрелец
Ова е нестабилен знак кој има проблеми со врзување со еден партнер. Ако сакате врската со Стрелецот да ви трае со години, мора да ги подржувате во се што ќе наумат, и да им дадете доволно слобода.
Јарец
Јарецот е традиционален знак кој очекува традиционална врска. Ова е знак кој очекува апсолутна верност и кој ќе остане долго со партнерот. И сексуалните односи и децата се она што ќе го врзе дополнително Јарецот. Неверството ќе биде причина за разделба.
Водолија
Ова е немирен знак, на кој му е тешко да биде долго време со некого. Разнообразието е составен дел од нивниот живот. Личноста може многу брзо да ги фасцинира, но брзо губат интерес. Најдобра шанса да ја задржите Водолијата е да го интригирате неговиот/нејзиниот интелект.
Риби
Ова е еден од најверните знаци на Зодијакот. Кога бараат партнер, бараат за цел живот. Меѓутоа, Рибите знаат и да го изневерат партнерот, но тоа никогаш нема да го признаат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2015 во 21:07

КОИ 3 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ГО ОСТАВААТ СПРОТИВНИОТ ПОЛ БЕЗ ЗДИВ?

17

Некои хороскопски знаци едноставно имаат магнетска привлечност и го освојуваат спротивниот пол без да кажат ниту еден збор. Мислите дека и вие спаѓате во оваа група? Проверете.

Еве кои 3 знаци имаат невиден талент за флерт и сè им оди од рака во љубовта:

Бик

Бикот спаѓа во врвните заводници, иако често пати е несвесен за својата сензуалност. Клучен адут му е спонтаноста, а во креветот ја знае целата Камасутра иако никогаш не ја прочитал. Знае како да го натера партнерот да се чувствува посебно. Биковите имаат природна топлина и понекогаш несвесно привлекуваат луѓе кои не ни ги гледаат како партнери. Нивните усни просто ги мамат сите погледи.


Близнаци

Близнаците се кралеви на шармот. На нив не може да им се одолее. Уживаат во играта на заведување и комуницирање. Обично се надарени со добар изглед, а нивниот адут е немирниот дух. Освојуваат со интелект и комуникација. Позитивниот став кон животот привлекува позитивни луѓе и со нив времето е секогаш пријатно исполнето. Сите ги сакаат за до крајот на животот.


Скорпија

Скорпиите се тешки за игнорирање. Нивниот заводнички поглед и манирите едноставно ве повикуваат. Ова е знак со силна интуиција и во секој момент ги знае вашите потреби. Со оглед на тоа што Скорпиите емотивно целосно се предаваат, подготвени се да ве задоволат до максимум. Водењето љубов со нив е незаборавно и делува како вид на зависност.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2015 во 21:41

КОИ СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈМОЌНИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ?

11

Ова се четирите најмоќни хороскопски знаци (од секоја група по еден лидер), иако и тие имаат свои слабости.

Овен
Како и оганот, Овните пуштаат искри полни енергија. Постојано сакаат акција, да бидат забавувани, а кога им е здодевно едноставно ве избегнуваат. Понекогаш знаат да бидат алчни, секогаш си ја чуваат својата територија, упорни се и секогаш го остваруваат она што го зацртале. Овенот никогаш не остава ништо во туѓи раце.

Водолија
Тие не се замараат со емоции, нивните чувства се под контрола или ги игнорираат комплетно. Љубопитни се и се борат за се’ што ќе им привлече и најмало внимание. Ако тие велат дека небото е црвено, никој не може да им го докаже спротивното. Веруваат во себе и имаат голем степен на самодоверба.

Скорпија
Астролозите често дискутираат дали Скорпијата е најмоќниот знак од сите 12 или се природно лојални предавници. Скорпиите ја покажуваат својата прекрасна лојална страна само на оние кои го заслужуваат тоа. Ако ги предадете, тие стануваат емоционално агресивни. Исто како и водата, тие можат или да ве релаксираат или да се разбрануваат и да ве вовлечат длабоко на нивна страна. Секогаш знаат многу повеќе отколку што вие мислите, но најчесто ги кријат и чуваат информациите додека немаат потреба да ги искористат.

Јарец
Тие знаат во што се супериорни. Обично се однесуваат најзрело од сите знаци во Зодијакот од причина што први стекнуваат самодоверба и созреваат порано. Темпераментни, но знаат како се одвиваат работите во животот. Имаат неверојатна моќ за дисциплина, ги знаат границите во се и секогаш се умерени. Нивната цел не е завршување на работите, туку остварување на целите.

Се пронајдовте?

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2015 во 12:46

Три лоши карактеристики на хороскопските знаци


Секој хороскопски знак има добри и лоши страни, впрочем никој не може да биде совршен.

Досега најверојатно можете да наброите барем 10 карактеристики поради кои мислите дека вашиот хороскопски знак е еден од најдобрите во Зодијакот.

Но, дали сте доволно искрени да ги наброите и негативните? 

Овен 

-нагли и нестрпливи 
-ако не е нивна идејата не се грижат многу околу нејзиното исполнување
-мошне се незрели 

Бик

-посесивни материјалисти кои не знаат да делат
-тврдоглави 
-мрзеливи  хедонисти 

Близнаци 

-уживаат да го слушаат својот глас, па неретко им влегуваат во реченица на другите луѓе
-не се посветени на ништо конкретно 
-лицемерни

Рак

-постојано менуваат мислење
-премногу се внимателни и плашливи 
- лесно се навредуваат од ситници 

Лав 

-премногу се сакаат себе си 
-ги добиваат работите по секоја цена
-имаат потреба постојано да бидат во центарот на вниманието 

Девица

-имаат предрасуди за многу нешта
-им префрлаат на луѓето за ситници 
-не ретко се крајно песимистички настроени и го рефлектираат своето негативно расположение насекаде околу себе

Вага

-нивната неодлучност може да се претвори во вистински пекол кога треба да договорите нешто 
-ги фрлаат во вода своите принципи само за да направат некого среќен 
-трошат премногу време и пари на надворешниот изглед

Скорпија

- се одмаздуваат на оние што ги повредиле
-манипулаторските способности може сериозно да им го нарушат менталното здравје
-лошите чувства кои ги манифестираат никогаш не се предизвикани од нешто површно туку од бес што тлее

Стрелец

-болно искрени индивидуи кои не внимаваат на тоа што го зборуваат 
-се преправаат дека знаат сè
-лесно им здодеваат луѓето и нештата

Јарец

-опседнати се со контрола и не знаат како да се опуштат
-ги искористуваат другите без проблем
-се хранат со негативна енергија

Водолија

-за себе имаат мислење дека се објективни и рационални, дури и тогаш кога грешат
-може да се однесуваат ладно 
-нудат совети, но не слушаат што им зборува другата страна

Риби

-често ја губат контролата врз сопствениот живот
-премногу се наивни
-забораваат на тоа дека и другите луѓе имаат

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2015 во 09:36

ФАТАЛНИ ХОРОСКОПСКИ КОМБИНАЦИИ

9

Астрологијата потврдува дека спротивностите се привлекуваат и тие врски обично ги следи силна хемија, но доаѓа и до конфликт на карактерите.

Oвен-Вага

Веќе при првата средба ови два знака можат да почувствуваат силна искра. Хемијата ќе ја зголеми сировата енергија и сексуалноста на Овенот и суптилниот шарм и префинетост на Вагата. Односот ќе претставува предизвик на кој тешко ќе може да се оддолее, но проблемите се јавуваат затоа што пристојното однесување и животот по правила го нервираат Овенот, додека Вагата ќе очајува за да го цивилизира. За да успее врската, потребни се заеднички проекти или активности, затоа што таму нивните особини кои се надополнуваат ќе ги потсетат дека би можеле да функционираат.

Бик-Шкорпија

Ова е многу врела комбинација од самиот почеток. Штом сензуалниот и опуштен Бик ќе се отвори пред Шкорпијата и ќе ја види неговата страст за животот, доаѓа до голема сексуална желба. Ако се спојат, нема да можат да се заситат еден од друг, а конфликтите стануваат неизбежни. На Бикот ќе му здосади да го следи темпото на Шкорпијата смета дека Бикот е премногу опуштен и пасивен. Работите можат да се поправат ако својата страст ја изнесете од спалната соба и да се насочите во заеднички дружења со пријателите.

Близнаци-Стрелец

Нивната привлечност не е само физичка, оваа комбинација се привлекува и на ментално ниво. Љубопитните Близнаци и филозофско настроените Стрелци лесно се фасцинираат, па се во состојба да поминуваат часови и часови во меѓусебни разговори и духовити провокации. Сепак, проблемите настануваат кога на Близнаците почне да им оди на нерви ставот на Стрелецот дека се најдобро знае, додека на Стрелците ќе им пречи што Близнаците површно зборуваат и што сакаат да озборуваат. Повторно ги спојуваат меѓусебните авантури- излет во природа, патувања..

Рак-Јарец

После тоа што чувствителниот Рак кој е насочен на чувство на сигурност го запознае силниот и доминантен Јарец, се создава класична привлечна врска помеѓу овие два знака. Сепак, тој привлечен однос може брзо да го изгуби својот шарм затоа што Ракот чувствува дека Јарецот го игнорира, додека на Јарецот ќе му пречи самостојноста и чувствителноста на Ракот. За да опстане врската, тие треба да се присетат дека не се само партнери туку и љубовници.  Со разбудувањето на еротскиот дух таа комбинација повторно ќе има смисла.

Лав-Водолија

Привлечноста скоро експлодира кога кралот на својат вселена-Лавот, ќе ја запозне единствената Водолија која не се покорува на ниту еден авторитет. Таа бунтовност го фасцинира Лавот, додека Водолијата се восхитува на неговата способност да ги освои сите луѓе околу себе со харизма. Сепак, Водолијата ќе почне да ја нервира потребата на Лавот за внимание, додека Лавот ќе го нервира тоа што Водолијата се противи на друштвените конвенции. Врската ќе опстане ако и двајцата бидат заинтересирани за страствени помирувања во креветот и повремено заедничко повлекување од друштвото.

Девица-Риби

Практичните Девици кои сакаат се во животот да има свој ред и распоред и Рибите кои пливаат низ животот така да се противат на грозната рутина, прават прилично фатален спој. Нивниот љубовен однос го доживуваат како можност за преуредување на својот живот- Девицата да помогне на Рибите во организацијата, а Рибите да им покажат како да се опуштат. Со текот на времето Девицата замерува на несигурноста на партнерот, а Рибите на тенденцијата на Девицата да контролира и критикува. Односот може да се опушти со голема и секојдневна прилагодливост и чести разговори.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2015 во 11:52

Додека Јупитер е во знакот на Девица: Што треба да направи секој хороскопски знак?


Планетата на проширувањето и растот на знаењето патува низ знаците на зодијакот и останува во посета по 12 месеци. Оваа година, Јупитер е во знакот Девица, а во оваа позиција спротивставените енергии на овие две планети се спротивставени и во совршен баланс.

dodeka-jupiter-e-vo-znakot-na-devica-shto-treba-da-napravi-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Девицата е перфекционистот меѓу знаците и една од нејзините сили е да анализира детално, за ништо да не пропушти. Јупитер повеќе е фокусиран на поголемата слика и резултатот, па деталите може да ги изостави.

Најдобар начин да функционирате со енергијата на Јупитер е да си поставите цели и да ги испраќате своите мисли во универзумот, важно е да се фокусирате на она што го сакате во животот.


Овен

Вашата работа сега може да се забрза, а се што ви треба е организираност со посебна посветеност. Вашиот ум е пренатрупан со идеи како да напредувате на професионален план, меѓутоа за успех, морате да се фокусирате само на една работа. Сите цели поделете ги на помали потточки и така сè ќе можете да постигнете.


Бик

Можете да го контролирате вашиот живот и да го направите она што сте посакувале да го направите. Ова е креативно време кога можете да се насочите на остварување на вашите соништа. Сте биле фокусирани на семејството, а сега време е да ја фокусирате енергијата на вас и да направите нешто добро за себе. Тешкотиите можете да ги оставите во минатото и да уживате.


Близнаци

На вашиот радар повеќе се изразени домот и семејството, па важно е да се поврзете со луѓето околу вас и да ги вметнете во вашиот потесен круг на блиски. Фокусирајте се на својот приватен живот и престанете да живеете за работата. Јупитеровата енергија во комбинација со Девицата ќе ви помогне да размислувате логички, а не емоционално.


Рак

Јупитер е во вашата трета куќа и ви помага да се фокусирате на учењето и усовршувањето на знаењата во областите кои ве интересираат и кои директно влијаат на вашата кариера. Девицата ќе го прави вашиот ум остар и лесно ќе можете да се фокусирате. Очекувајте повеќе патувања и бидете во интеракција со нови и интересни луѓе.


Лав

Стекнувањето на богатство е доста важна работа за Лавовите, а Јупитер кој е во вашата втора куќа е позициониран токму за исполнување на оваа желба. Постојат само неколку работи кои треба да ги земете предвид. Потребно е да ги согледате вашите вредности и да се насочите на целите за да ги остварите можностите кои доаѓаат со животните предизвици.


Девица

Со Јупитер во вашиот знак, вашата среќа сè повеќе се зголемува. Можете да очекувате патувања, а и работењето во странство е сосема можно. Препуштете се на авантурите кои ќе ви го променат животот од корен. Вашите граници ќе се придвижат и вашиот спиритуален дел ќе ви покаже за што сè сте способни. Ќе имате многу успеси.

Вага

Сега можете да дојдете до нови сознанија за себеси. Јупитер ќе ви даде капацитет да се носите со тешкотиите, а Девицата ќе ви помогне да ги решите мистериите во вашиот живот кои не сте можеле да ги разберете. Луѓето со кои ќе се сретнувате ќе ви го променат животот и ќе ви помогнат да си ја усовршите интуицијата. Време е да пораснете.


Скорпија

Подгответе се за проширување на вашите социјални мрежи, бидејќи ова не е време за самотија. Позитивната енергија ќе си ја градите додека соработувате со другите луѓе околу вас, а тие може да ви помогнат и да ви бидат главна поддршка на многу животни полиња. Јупитер ќе ве постави на право место и во право време за да ги запознаете вистинските луѓе.


Стрелец

Вашата кариера полека но сигурно оди во нагорна линија и во добра позиција за да се вратите во реалноста. Јупитер е ваша планета и може да ви помогне да имате среќа, па на тој начин полесно да си го контролирате животот. Енергијата на Јупитер во Девица ќе ви помогне да си ги остварите работните цели. Можете да станете и јавна личност, ако професијата ве носи во таа насока.


Јарец

За Јарците Јупитер се наоѓа во 9-та куќа, а тоа значи дека имате голем број на предности. Ќе се зголемат вашите интереси на полето на филозофијата, религијата и спиритуалното издигнување. Можете да очекувате патувања и да се запознаете со сосема нови и различни култури, па ќе собирате знаење на едно подлабоко ниво. Ќе постигнете целосен баланс во животот.


Водолија

Ќе се поврзувате со луѓе кои се експерти на професионален план и кои знаат да раководат со парите и кои ќе ве научат како да донесувате сигурни и паметни финансиски одлуки. Партнерите и колегите на работа ви се сигурен пат до среќата и добрите работи во животот. Тој ќе стане побогат и полесно ќе го разбирате.


Риби

Рибите најмногу ќе се фокусираат на врските и односите со нивните најблиски луѓе. Партнерството од сите видови е добро за вас – од она на работа, па се до она на љубовен план. Критериумите ќе ви бидат високи, но Девицата ќе успее малку да ве спушти на земја. Сега најмногу ќе работите на вашите емоции и на односите со луѓето околу вас.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2015 во 11:57

ХОРОСКОП ЗА НЕМАЖЕНИ: ЕВЕ КОИ ЖЕНИ НАЈДОБРО ЌЕ СЕ ОМАЖАТ!

7

Многу жени се загрижени за тоа кога ќе се омажат, но верувале или не, и мажите размислуваат на оваа тема. Долго ја проучуваат секоја жена пред да одлучат да стапат со неа во брак.

Еве кои жени најдобро ќе се омажат!

Овен 

Покрај неа еден просечен маж се чувствува како жена, затоа што таа се може да направи дупло подобро од него. Таа никогаш нема да ви забележи поради тоа – секогаш ќе работи, ќе создава, ќе се надева и ќе ве охрабрува, дури и тогаш кога другите ќе ви кажуваат дека сте мрзелив. Отворена е и искрена и никогаш нема да направи будала од вас. Покрај неа нема потреба да се грижите за непријателите, затоа што тие ќе избегаат од вас кога ќе видат каква личност ве „чува“. Вие сте нејзино богатство. Децата никогаш нема да ги размази и од мали ќе ги учи како треба да се борат за сопствените цели. Се што ќе побара од вас е да верувате во себе. Само покрај неа и никој друг ќе сфатите што значи да се биде вистински маж.

Бик

Се што прави, прави дупло по темелно од вас. Со неа не постојат пропусти и непредвидени разочарувања. Препуштете и ги сите пари и бидете сигурни исто како да сте ги урочиле во банка, која двоструко ќе ги зголеми. Уморни сте и ве боли главата? Препуштете се на нејзините раце кои ќе ви ги покажат тајните на опуштувачката масажа. И никогаш, никогаш немојте да се сомневате дека ќе ве напушти кога ќе ви биде тешко. Таа е жена која километри би ве носела ранет низ пустина. Се што ќе побара од вас се поклони, а тоа е ситница, така? Со оглед на тоа дека таа сепак се прави најдобро. Децата и се емотивно и ментално стабилни, полни со ведрина. А како и не би биле со таква мајка?

Близнаци

Се што мисли, мисли два пати подобро од вас. Со неа за некои работи и не морате да размислувате, едноставно препуштете и се на неа и ќе откриете нови светови. Со неа секој нов ден е како нов живот. Не сте знаеле дека во вас се крие разиграно дете? Епа сега знаете, кога освежени и вечно млади, се прашувате со што сте заслужиле толкава среќа. За неа не постојат баналности и полна е со изненадувања. Децата од мали ги носи паралелно во две училишта и имаат богати интереси.

Рак

Се што чувствува, чувствува два пати поинтензивно од вас. Со неа ќе дознаете што значи да имате права жена покрај вас. Со неа ќе имате и комедии, и хорори и драми. Ќе живеете во оазата од илјада и една ноќ, опкружени со најубави јадења. Децата и се нешто свето и најважната работа во животот.

Лав

Се што е она, е она што вие не можете ни да се надевате дека ќе бидете. Со неа не сте обичен човек, туку супермен. Ќе ја обожавате, затоа што никогаш не нема да мора да направи нешто посебно за да ја сакате и секогаш ќе се прашувате во што се крие нејзината тајна. Се што прави за вас, го прави со целото срце. Кога се лути се лути најслатко на свет. Кога нешто бара, секоја нејзина желба е ваша заповед. Децата секогаш ќе и бидат најдобри во се, всушност како нивната мајка.

Девица

Се што таа знае, знае дупло подобро од вас. И вас ќе ве научи што значи да се знае. Животот ќе ви биде ослободен од илузии и нема да постои ништо повеќе што би можело да ви застане на патот кон успехот. Со неа ќе имате голема кариера. Таа е жена која ќе ве остави да се занимавате со значајни работи, без инсистирање на преголема сентименталност. За нејзе љубовта е во делата, а не во зборовите. Болни сте? Нема да ви биде потребен лекар, тука е таа и нејзиното длабоко чувство за одговорност. Се што ќе бара од вас е да бидете искрени и вредни, а таа е тоа два пати повеќе од вас. Децата и се добро организирани и обично се најдобри… паметни на мама.

Вага

Таа знае што е склад и хармонија и тоа го знае два пати подобро од вас. Цврста е како челик кога треба да ги отстрани препреките од вашиот пат и мека како кашмир кога ви треба опуштање. Вие знаете дека таа диши и за вас, и дека без неа сте пола човек. Обично е убава и грациозна, а умее се околу неа да доведе во складност и убавина. Децата и се омилени во друштвото и големи естетичари. Ги учи дека таткото е – Бог.

Шкорпија

Таа не е жена, туку волшебничка, која ве занела уште од првиот момент. Бидете сигурни дека однапред ве познава, понекогаш и подобро од вас самите. Таа би го дала животот за вас, ако и докажете дека сте вредни за тоа. Појдете храбро со неа кон сите искушенија и никогаш немојде да ја предадете. Ќе научите што е посветеност и страст, и ќе стаствено ќе го сакате нејзиното срце, тело и дух. Децата од мали ќе ги учи дека се предодредени за големи дела.

Стрелец

Можеби вие мислите дека имате среќа, но таа има три пати повеќе од вас. Не морате веќе да играте игри на среќа, бидејќи со неа животот нагло ќе почне да ве опсипува со дарови. Покрај нејзе другите жени ќе ви изгледаат како префригани мачки. Со неа не добивате само жена, туку и најдобар пријател на светот. Децата и се искрени, полни со оптимизам и верба… баш како мама.

Јарец

Знаете ли пред кого стоите? Бидете сигурни дека наскоро ќе сфатите за каква дама станува збор. Она што на секој просечен маж ќе му го свитка рбетот, оваа дама ќе го изнесе ненаметливо и достоинствено. Се што сака е да покажете карактер и истрајност, а таа ќе ви биде пример за тоа. Како мајка е строга, но праведна. Нејзините деца еден ден ќе владеат со себе и светот околу нив.

Водолија

Кога ќе ја запознаете неа, ќе се чувствувате како затвореник кој штотуку излегол на слобода. Немојте да се грижите за ништо. Не ви е потребна научна фантастика – ја имате неа. Сепак таа не ви припаѓа само вас, туку на сите, а сепак на никој. Ако сте растеле како единец, ќе ви стане незаменлива, како брат или сестра. Децата ја обожаваат. Еден ден некои од нив ќе станат вистински генијалци.

Риби

Таа е жена која е се, а сепак ништо. Се што сакате да имате, но никогаш нема вистински да ја имате. Само најхрабрите ќе можат потполно да ја освојат. Нејзината сестраност и бујна фантазија ќе прават од вас секој ден нов човек. Помогнете и да ги научи децата што е дисциплина и тие од неа ќе наследат многу уметнички дарови.



Изменето од Valerija - 04.Септември.2015 во 08:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2015 во 18:08

ОВА СЕ ТРИТЕ НАЈНАИВНИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ

07

На секој му се случува да наседне на бела лага, добар маркетинг трик или изневерување на довербата, но овие 3 хороскопски знаци се толку наивни што во една лага може да поверуваат над 100 пати.

Вага

Верувале или не, знакот кој најмногу ги проучува ситуациите и луѓето, сепак најчесто паѓа на лагите. Причината е малку необична – тие луѓе едноставно предоцна палат и ги составуваат коцките.

Со која приказна и да им тропнете на врата, тие ќе ја проголтаат,  само треба да бидете добро подготвени и да не им оставате многу простор за распрашување. Девиците ќе откријат дека се излажани дури откако ќе биде доцна. Нивните способности за откривање не им носат ништо позитивно, туку само поголеми нервози.

Склони се да ветуваат во празни ветувања и секаков тип на вести кои се појавуваат и шират од уста на уста, а додека да соберат доволно информации, штетата најчесто е веќе направена.


Риби

Рибите поголем дел од животот го поминуваат во некоја паралелна реалност, во свој свет каде важат сосема поинакви закони, па затоа и се често ранети од суровата реалност. Најнаивни се кога се работи за лесна заработка и стекнување богатство преку ноќ, затоа што богатството е она за што постојано сонуваат.

Пирамидалните лаги и работата преку интернет за нив е најголема мамка на која ниту едно дете нема да наседне, но затоа Рибите се први.

Тажното е што им требаат неколку месеци да го разберат и откријат трикот, а до тогаш веројатно сите пријатели ги оставиле затоа што разбрале дека имаат проблем со парите и лесната доверба.


Бик

Затоа што се посебно тешки за меѓучовечки односи и социјализација, осаменоста најчесто е причина заради која Бикот наседнува на лагата и измамата. Многу се внимателни кога се работи за пари, но затоа кога некој пријател или партнер ќе им побара услуга не се двоумат и не прашуваат колку тоа ќе чини.

Ако ви требаат 1000 евра, веројатно само Бикот ќе ви ги овозможи, но за возврат треба да дадете многу искрени емоции и зборови. Откако пријателот или партнерот ќе исчезне, дури тогаш ќе разбере дека е прелажан.

Сепак, Биковите добро учат од искуството, па нема да ја направат истата грешка 2 пати. Или барем така мислат одредено време. За да наседнат на иста измама, потребно е само да е различно спакувана.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 132133134135136 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.