|
Изборно гласање од дијаспората |
Внеси реплика | страница <1 4950515253 54> |
Автор | |||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Brakja i takvi prikazni iskreno kaj mene ne minuvaat.
Vo vreme koga roden brat ne te ferma, bratot makedonec ke te gleda? Nope.. Toa shto tuka se manifestira ne e ljubomora vo nikoj sluchaj. Zarem ne se razlikuva frustracija od ljubomora? Znachi jas ne ti ljubomoram shto ti si go sredil zivotot, samo mi e maka shto mi kazuvash kako da go sredam svojot, koga i ti samiot ne si bil sposoben da go sredish vo tukashnite uslovi i si fatil magla Me razbirash? Mislam, mene dali me razbirash shto ti zboram, ne mi e gajle drugite dali gi razbirash.. Zatoa shto bash ok chovek mi deluvash, se soglasuvame na dosta temi, zatoa i sakam da ti pokazam kako jas se chuvstvuvam (veruvam i ostanatite, ama sega konkretno za sebe zboram kako i 95% od sluchaite).. Изменето од evangeline - 12.Август.2015 во 02:27 |
|||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|||
Mazak
Сениор Регистриран: 24.Мај.2015 Локација: YesImSupercool Статус: Офлајн Поени: 629 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Se nadevam deka ke imame prilika da razgovarame nekogash na ovaa tema...i ke mi bide osobeno zadovolstvo da ti prenesam del od mojata pozitivna bratska ljubov kon site Makedonci...i veruvam deka ke uspejam vo toa zatoa shto sum mnogu vo pravo a i sum sugestivna lichnost. Neznam zoshto bi vi smetalo da glasaat site Makedonci ramnopravno bez razlika kade i da se naogjaat momentalno? Nekoi ke glasaat za VMRO nekoi za SDSM a nekoi i mozhebi ke predlozhat svoja politichka opcija-nova-svezha krv vo politikata. No bidete sigurni deka nema da glasame za toa shto sega go ima Makedonecot vo Makedonija. Svesni sme deka e nezasluzheno i podcenuvachki i deka trae premnogu dolgo. Toa nema da go dozvolime zatoa shto znaeme dobro shto znachi da se ima ogranichen izbor i shto znachi da se ima shansa za podobar izbor vo politikata kako i vo zhivotot. Изменето од Mazak - 12.Август.2015 во 02:59 |
|||
“Be content with what you have. You have enough to live a happy life.”
|
|||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
E ajde de, nacrtaj se vo MK da te nosam vo restoranite shto gi predloziv
I pak filozofski gi izbegna prashanjata, ama aj tie kje gi diskutirame so poln stomak A za ljubov druze, nemam takvi "ljubovni" chuvstva. Ljubov kon roditelite, decata, partnerot i najbliskite prijateli shto moze da recham deka mi se semejstvo... Ne si ja razdavaj dzabe ljubovta |
|||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|||
Mazak
Сениор Регистриран: 24.Мај.2015 Локација: YesImSupercool Статус: Офлајн Поени: 629 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ljubovta ima poveke iminja... Megju drugite taa mozhe da bide kon rodninite, prijatelite no i kon tatkovinata. |
|||
“Be content with what you have. You have enough to live a happy life.”
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Темата е Изборно гласање од дијаспората. Сите сте замолени да се вратите на нејзиниот топик, а љубовните јадови и изјави да ги пренесете на соодветен подфорум. Исто така замолени сте да не поставувате наредби и ултиматуми кон своите соговорници бидејќи така сите ќе се чувствуваме попријатно во заедничкото дружење. Индијанците кај мене велат - полесно ќе ги уловиш пчелите со мед отколку со стап. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Кои бе тоа вие нема тоа и што да дозволите...? ти бе, ало... ти и таквите самобендисани, па уште и сугестивни, пази ова, сугестивни... ќе дозволеле или немало да дозволеле нешто... ќе го бранел он домородното население од самите себе... па ќе гласале они а ние треба да бидеме среќни и да не гласаме... ти или си луд или си имал несреќно детињство бе... домородци се Абориџините во Австралија... доселеници се колонијалистите... сите заедно се Австралијанци затоа што живеат таму... ти, што си...? потекнуваш од домородците , колонијалист си...? која дрскост и ароганција ни продаваш тука, па уште модераторите и админот те толерираат... а бе ако имаш бизнис тука, тогаш Ок, ти треба да гласш и да си ги браниш своите бизнис интереси и капитал... а тоа најверојатно на многумина им е единствениот интерес за да бранат нешто што не се брани... прави го тоа без да не правиш мутави... а бе Mute не исто со и мутав... ја чудим, ама како што реков претходно за еден виц... дојди овде да живееш... па тогаш оба двоје има да се чудиме, бе, аааааа.... и овој пост гарант ќе отиде на Pending Approval... знам... благодарам... Изменето од којсумјас - 12.Август.2015 во 06:16 |
|||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Nishto, kje pochekas nekoj den za da ti odgovori
A ja pa taman si pochnav muabet so nego... Toa shto zakonot na iselenicite im dava pravo na glas im dava, no nivniot glas ne igra taka bitna uloga vo sevkupniot rezultat, taka da so toa ne dobivaat 7ka na loto, toa im e isto kako da se gragjani od vtor red i ne znam shto tolku skokaat za toa pravo na glas, koga 40% od niv ni na kraj pamet ne im ide da go iskoristat
|
|||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Истото важи и за граѓаните во Македонија… законот им дава право на глас, но на некои ни на крај памет не им иде да го искористат. Тоа не значи дека оние кои го користат не треба да се повикуваат на него и "да скокаат" за тоа право, ниту истото да им биде ускратено поради оние кои решиле да не го практицираат.
Изменето од Messenger - 12.Август.2015 во 17:50 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
TheNagual
Сениор Регистриран: 22.Август.2013 Статус: Офлајн Поени: 156 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Целта на правото на глас е да се изберат решенија за заедничките проблеми кои се од јавен интерес во дадената држава. Ние во матичната држава гласаме за сопствените патишта, школи, болници, стандард на живот, безбедност, дипломатија и така натаму. Реално немаме никакви конкретни заеднички и јавни интереси што ги делиме со иселениците. Освен, се разбира некои проблеми од глобален карактер.
Евангелине многу фино елаборираше дека љубовта кон нацијата е прилично апстрактен концепт во споредба со конкретната љубов и заеднички интереси што ги делиме со блиските. И како таква не е доволна за на иселениците да им се даде правото да одлучуваат за нашите проблеми. Плус, ако таа љубов постои и е обострана зошто на нас домородците да не ни се даде право да одлучуваме за проблемите на иселениците? Едно е што ние не го бараме тоа право. Друго е што e неизводливо од политичко-правен аспект. |
|||
Never underestimate the power of stupid people in large groups
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Тоа е точно, но иселениците, а особено oние кои имаат свои стамбени простори во Mакедонија и минуваат дел од својот живот во татковината, ги споделуваат со македонците од Макeдонија токму истите тие заеднички и јавни интереси. Оноа што можеби граѓаните во Макeдонија ги буни во разбирањето на заедничките интереси на сите македонски државјани е токму тоа што го велиш ти - штом нас не не интересира за работите кај нив тогаш не ги интересира и нив за нашите тука. Ама не е така. Овде не важи таквата пропорционална споредба. Македонците во републиката не споделуваат ништо со македонците во дијаспората, но тие во дијаспората споделуваат со своите браќа и сестри во татковината. Мислам дека тоа е повеќе од очебијно, нели? Изменето од Messenger - 12.Август.2015 во 19:38 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
TheNagual
Сениор Регистриран: 22.Август.2013 Статус: Офлајн Поени: 156 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ги споделуваат проблемите ама никако во тој обем колку што ние ги споделуваме меѓу себе тука. И сега имаш една обратна "логика" во која испаѓа дека што помалку сте засегнати од проблемите тоа повеќе гласот ви вреди (1 спрема 10 во корист на дијаспората) Ете ако веќе мора да се гласа, гласот на иселениците треба да биде во најмала рака еднаков на тој на жителите на државата.
Во однос на имотите кои дијаспората ги има тука исто така не е доволен аргумент за гласање. Ниту тоа што повремено можеби доаѓаат на гости на тука. И да дојдат тука, ако ситуацијата згусти тие едноставно ќе си прелетаат преку барата во сигурноста на нивните држави, а ние треба да седиме и да ги трпиме последиците. Па ние во државава дури имаме и проблем да ги истрпиме последиците од погрешните одлики на нашите сограѓани кои немаат чувство за колективна одговорност. Оттаму ми се чини дека е ужасно лоша идеја во одлучувањето да се додадат уште гласачи со уште помали мотиви за колективна одговорност. |
|||
Never underestimate the power of stupid people in large groups
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
TheNagual, како што велиш, може утре да падне астероид во Mакедонија и сите макeдонци да загинат додека оние од дијапсората нема да бидат гибнати. Тие нема да ги трпат последиците и затоа не треба да им се даде право на гласање. Претходно реков дека живеењето co претпоставки не е здрава пропозиција, па тука ќе се повторам уште еднаш… Ако ги читаше моите претходни коментари и реплики ќе се запознаеше со неколку клучни работи, а најглавната е дека уставните и законските права не зависат од тоа дали ќe ги практицираш, колку ќе ги практицираш и дали воопшто сакаш да ги имаш. Правото е демократски дадено со Уставот и одредено со Законот и тоа не зависи од личната желба на тој што ги добил, ниту од тој што е против нив. За излезноста на гласачите (бројот на гласовите) од дијаспорaта важи едно нешто - тој воопшто не е услов за одземање на правото на глас на секој македонски државјанин, како што бројот на излезноста не е услов за одземање на правото на гласање во било која општина во Македонија. Такво нешто законодавецот не предвидел затоа што во основа се коси со демократските принципи. И тука застанува секоја понатамошна дускусија по таа основа. Е сега, за атер на муабетењето по улицитe и во кафанитe, можеме да заклучиме дека за рамноправна дискусија за бројот на гласовите ќе треба да се задоволи еден основен услов - рамноправна застапеност на гласачките места во дијаспората како што е и во Р. Македонија. Нека се постават само две гласачки места во Макeдонија и тогаш ќе ја споредиме разликата на гласовите со оние во САД или Австралија. Па тогаш ќе може да се прави издржана дискусија за излезноста на гласачите. Вака, правиме дупка во вода, говориме во ветер и освен магла во воздухот не фаќаме ништо друго повредно. Во однос на имотите на македонците од дијаспорсата и нивното покусо или подолго живеење во татковината… тоа немало никаква врска со нивната заинтересираност како се одвиваат нештата во Р. Македонија ? Како прво, заинтересираноста и правото да гласаат нема ништо со имотот, но така законодавецот одредил. А што мислиш, дали навистина на македонецот со имоти и внесени пари во татковината му е сеедно како одат работие во неа? Патем, истите тие луѓе имаат блиски и подалечни роднини, како и пријатели во Македонија, имаат татковици и мајки, браќа и сестри, a некои синови и ќерки… и на сите ним им е сеедно што се случува во Македонија ??? И требало да не ги интересира бидејќи по некоја причина привремено излегле надвор од нејзините грaници? По некаков магичен начин штом се прегазува границата одеднаш престануваат интересите и чувствата ? Убава тема за кафански муабет, но ништо повеќе од неполодно губење време. Последната реченица ми открива нешто што претпоставувам дека те тера да размислуваш на овој начин. Таа покажува дека сметаш оти луѓето од сегашната власт немаат чувство за колективна одговорност и дека идејата за гласање на дијаспората е ужасна идеја оти претпоставуваш дека таа ќе гласа за сегашнава позиција. Тоа значи бил проблемот, моменталниот опозицијски интерес, а не вистинските демократски вредности на државата. Па демократијата не лежи на копче, па да се вклучи и исклучи по потреба, ниту било кој може да гарантира каде ќе натежни гласот на дијаспората, особено сега кога опозицијата вели дека 300.000 жители се отселиле последните десетина години. А тоа се токму оние гласачи кои во потполност ги задоволуваат условите за гласање и по основ на државјанство и по основ на македонска адреса на живеење. На крајот, ако навистина се декларираме како демократска држава (барем сите тука лично го тврдиме тоа и сите партии во Македонија се гордеат дека токму тие се најдемократски, а другите се диктаторски), не треба воопшто да го поставуваме прашањето дали треба или не треба еден македонски државјанин да има право да гласа на избори. Тоа е основно демократско право и како такво не смее да биде погазено. P.S. Законот на САД, државата на која се повикуваш кога дискутираш за пример на демократија во конверзациите за легализирање на марихуаната, вели дека секој кој има американско државјанство има право на глас без никакви услови или пречки: не мора да биде роден во САД, не морал да живеел ниту еден ден во САД, не морал никогаш во животот да стапнал во САД (ниту како турист), не мора да има никакви вложувања во САД, не мора да има стамбена површина или било каков посед во САД и не мора да има желба било кога да влезе во САД. Дијаспората на САД не е дискриминирана по никаква основа без обзир која партија е на власт. Уште повеќе, никоj не смее ниту пијан во кафански муабет да го оспори нејзиното право како државјани на Америка да гласаaт доколку имаaт желба за тоа. Изменето од Messenger - 13.Август.2015 во 03:28 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ОМД Бела Книга: ЗА ИНСТИТУЦИЈАЛНИТЕ НЕЕДНАКВОСТИ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СТРАНСТВО, 17 Август, 2015 UMD White Paper: Addressing Institutional Inadequacies for Macedonians Abroad
August 17, 2015
|
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
МЕТОДИЈА КОЛОСКИ: ДИЈАСПОРАТА ДА НЕ ГЛАСА ВО АПРИЛ Е НЕУСТАВНО |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Внеси реплика | страница <1 4950515253 54> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |