IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Дубаи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дубаи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 91011
Автор
Порака
la fille Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 42032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај la fille Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2014 во 00:32
Отидов јас да пакувам куферот, ти најди ги тие за одмотување плазење
Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2014 во 00:35
Dishdash се викало тоа чудото, едвај го прочитавух
И уште 100 пропратни имиња хаха


трепкање


Изменето од evangeline - 29.Ноември.2014 во 00:36
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
la fille Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 42032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај la fille Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2014 во 00:36
Ааа, тамам, тамам...
Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2015 во 20:49
Бајковито: Погледнете како изгледа Дубаи под густа магла

Погледнете ги прекрасните фотографии од Дубаи направени од птичија перспектива кои ќе ви го прикажат овој модерен град како изгледа целосно обвиен од магла, буквално како сцена од некоја бајка!

Високите солитери кои изгледаат како да се пробиваат низ маглата создаваат бајковит поглед кој ќе ве остави без коментар. Оваа интересна појава во Дубаи се случува само два пати годишно, и тоа исклучиво во раните утрински часови поради брзото загревање на воздухот и големата влажност.

Токму овие фотографии ќе ви покажат како овој феномен токму арапската метропола ја претвора во град на облаците:















Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2015 во 23:47

СТЕ ГО ВИДЕЛЕ ДУБАИ МОЛ? ЕВЕ ВИ ШАНСА

6

“Dubai Mall” е најголемиот и најпосетениот трговски центар во светот – вистински рај за сите оние кои ги следат светските трендови.

Сместен е во внатрешноста на Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот, а за да го прошетате ќе ви бидат потребни дури неколку дена.

“Dubai Mall” е главната атракција во Дубаи. Отворен е во 2008 година, во рамките на комплексот вреден 20 милијарди долари, чии делови се и Бурџ Калифа и фонтаната Дубаи.

Она што го издвојува од другите не се продавниците со луксузни брендови, туку тој изобилува со најразлични содржини.

На површина од 1.124.000 квадратни метри, покрај 1.200 бутици, се наоѓаат и тематски забавни паркови, 22 кино сали,  хотел со 250 соби, реплика на славната Лондонска улица Реџент, лизгалиште, скијалиште, аквариум, водопад, фонтани…

Благодарение на разновидната содржина, “Dubai Mall” стана најпосетен трговски центар во светот. Годишно го посетуваат повеќе од 65 милиони луѓе, а интересен податок е тоа што во него се одвива повеќе пешачки сообраќај од Ајфеловата кула, водопадите во Нијагара и Дизниленд заедно.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2015 во 22:42

Зошто Дубаи е еден од најексцентричните градови на светот!


Дубаи е град кој има најмногу жители во Обединетите Арапски Емирати и е еден од најбогатите градови на светот. Токму поради тоа богатство, може да се каже дека Дубаи е еден од најексцентричните градови на планетата.

Овој модерен град е интересен спој на традицијата и екстраваганцијата.

На многу туристи од западната цивилизација Дубаи им претставува вистински културолошки шок. Еве што се можете да видите во овој интересен град:

Не е чудно да ги видите богаташите како шетаат домашни миленичиња од типот на гепарди на ланче.

На хелиодромот од хотелот „Бурџ ел Араб“ можете да се венчате, одиграте партија тенис или да возите мотор.

Во Дубаи се одржуваат трки со камили како и поло мечеви, но наместо коњи се користат овие симпатични животни.

Полицијата во Дубаи ги вози најскапите автомобили на светот. Во возниот парк имаат Ламборџини, Бугати, Ферари, Бентли...

Гужвите во овој милионски град се чести, а не би требало вас да ве изненади доколку во соседниот автомобил видите тигар како се досадува.

Богаташите во Дубаи сакаат да бидат единствени и екстравагантни. Интернетот е преплавен со фотографии од овој двоен џип кој може да се види само во ОАЕ.

Ако сте пак во брзање, во Дубаи можете да си подигнете златни плочки на банкомат.

Освен гепарди, граѓаните на Дубаи сакаат за куќни миленичиња да имаат и птици, на пр. сокол, па ваквите сцени од овој трговски центар не би требало да ве чудат.

Исто така не би требало да ве чуди ако кај комшиите во дворот наместо куче видите некоја голема мачка.

Овој џип е прекриен со златници, а со тоа уште еднаш се покажуваат екстравагантните и уникатни автомобили на Дубаи.

Во овој град се наоѓа и најинтересниот Старбакс на светот.

Еве што се појавува кога некој сајт во Дубаи е недостапен.

Тука се наоѓа и највисоката зграда на светот од каде можете да го видите фасцинантниот поглед на градот. 

А ако ви здосади топлината која во Дубаи не паѓа ниту во зимските месеци, секогаш можете да отидете до трговскиот центар на скијање.

Сепак, во Дубаи никогаш не е досадно, што докажува и оваа фотографија од еден двор која беше поставена на друштвените мрежи.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2015 во 03:15
Вчера еден пријател што работи во Абу Даби ми рече дека имало песочна бура, па ми текна на темава за Дубаи.
Сите го покажуваат убавото лице на Дубаи, а на никого не му текнува да покаже каков е вистинскизбунетост
Епа јас ќе покажам, ќе закачам некоја атрактивна слика од Дубаи во најубавите деновиплазење
Инаку ваквите работи не се невообичаени во Дубаи, почести се од дождот кај нас и траат со денови.
И не само што траат со денови, туку и носат значителни материјални штети со себе, сообраќајни незгоди и ред други последици.
А да не бидам парти брејкер, ветувам утре ќе напишам како го доживеав Дубаи, што посетивме и како си поминавме.
















Изменето од evangeline - 03.Април.2015 во 03:18
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2015 во 17:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2015 во 20:45

Во Дубаи наскоро ќе има цела населба под вода (фото)


Луксузниот и ексклузивен Дубаи, кој во светот на иновациите и идеите секогаш е 10 чекори напред од останатиот свет, наскоро ќе стане дом на првото предградие под вода некогаш направено во светот, кое ќе се состои од  лебдечки домови, делумно сместени под водата.

vo-dubai-naskoro-ke-ima-cela-naselba-pod-voda-01.jpg

Познати како Floating Seahorse, ќе бидат поставени вкупно 45 вакви лебдечки домови, од кои 35 веќе се и продадени.

Проектот е поткренат и дизајниран од страна на водечките европски архитекти, во склоп со познатиот островски проект “The Heart of Europe”, кој го спојува најдоброто од европскиот дизајн, наследството и забавата.

Секој “лебдечки дом” ќе има три нивоа на животен простор - еден под вода, еден на нивото на морето и една горна палуба. Се планира спалната соба и бањата да биде во потполност под површината на водата, со што ќе се овозможи единствен прекрасен поглед кон морскиот живот.

Целата структура ќе биде уредена со најмодерни елементи, а ќе биде изграден и вештачки корален гребен за заштита на загрозениот вид на морски животни, без притоа да биде нарушена подводната идила и поглед кон морската бајка.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2015 во 09:17
Овие неколку интересни работи докажуваат дека Дубаи е најелитното место на светот

Не е непознато дека многумина Дубаи го нарекуваат „златниот град“, но постојат работи кои докажуваат дека Дубаи е најелитното место на светот.

Полицијата се вози во супер-автомобили кои чинат 1.79 милиони долари

Полицијата на располагање има автомобили за кои повеќето луѓе во светот можат само да сонуваат: Aston Martin One-77 кој чини 1.79 милиони долари, Ferrari FF кој чини половина милион долари и Lamborghini Aventador чија вредност е околу 400 илјади долари.


Дубаи е дом на најлуксузните хотели на светот

Бурџ Ал Араб има 202 бесмислено луксузни соби, разни „играчки“ за гостите како iPad од 24-каратно злато, приватни батлери, хелиодроми и превоз од аеродром до хотелот во Ролс Ројс или со хеликоптер. 


Една ноќ во хотел чини повеќе отколку што повеќето луѓе даваат за годишна станарина

Ноќевање во луксузни соби од хотелите Бурџ Ал Араб или Атлантис чини измеѓу 23 и 35 илјади долари за ноќ. Најевтината варијанта е онаа од околу 2.000 долари, зависно од сезоната. 

Хотелскиот појадок го послужува батлер со безброј шишиња екстра скап шампањ. 

Многу хотели во Дубаи, и покрај тоа што станува збор за муслиманска држава, покрај појадокот послужуваат шампањ, и тоа не било кој туку Моет, Болингер или Лоран Периер. Еден од „најлудите“ е појадокот во Империум кој чини 680 долари по личност.


Градот е полн со највисоките згради на светот

Бурџ Калифа е висока 830 метри. Емпајр Стејт, на пример, е дупло пониска. Бурџ Калифа има 160 ката и држи неколку рекорди, меѓу кои и – највисока зграда на светот и највисок ресторан на светот.


Го градат најголемиот аеродром на светот

Аеродромот во Дубаи, Ал Мактоум моментално се проширува, а вредноста на работата изнесува 32 милијарди долари. Кога работата ќе се заврши, тоа ќе биде најголемиот аеродром на светот, односно првиот мал град кој годишно ќе прима 120 милиони патници.

Дубаи има најголеми шопинг центри

Со вкупна површина од 502 илјади квадратни метри, Дубаи Мол е најголемиот шопинг центар на светот. Има повеќе од 1.200 продавници, кино комплекс со 22 сали и 2.800 седишта, лизгалиште во олимписка големина и гигантски аквариум. Тој е најпосетениот шопинг центар на светот кој во 2014 година го посетиле 80 милиони луѓе. Моментално градат уште поголем шопинг центар, кој ќе биде речиси двојно поголем од Дубаи Мол.


Среде пустина изградиле зимска бајка и ски-центар

Дубаи уште еднаш успеа да го направи невозможното – среде пустина е направен ски-центар со пет патеки. Но, тоа не им било доволно, па направиле и зимски парк во кој има пингвини, скулптури од мраз и разни други зимски радости.

Планираат луди проекти под море

Во Дубаи одлучиле да се надминат самите себе, па после чудесиите направени на земја, сега слични работи планираат и под вода. Веќе имаат хотелски соби кои се под морето, но под морската површина планираат да изградат цел хотел.

Имаат место каде што една топка сладолед чини 817 долари


Скупи Кафе има еден вид на сладолед кој се вика Црниот дијамант. Направен е од италијански тартуфи, ирански шафран и 23-каратно злато. Цената на топката е - 817 долари.

Имаат место каде што мафин чини илјада долари

Muffin Bloomsbury Golden Phoenix е едно од најскапите колачи на светот. Мафинот е направен од италијанска чоколада, зрна ванила од Уганда и јагода потопена во злато. Еден мафин чини 1.000 долари.


Имаат и коктели од неколку илјади долари

Во барот на кровот од Бурџ Ал Араба можете да испиете еднакво лудо скапи коктели како што се лудо скапи и нивните соби. "Diamonds are forever" коктелот чини 1.347 долари, додека најскапиот коктел "Birth of an Icon" чини неверојатни 4.083 долари.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2016 во 21:23

Дубаи навечер е како филм од иднината (фото)


dubai-navecer-e-kako-film-od-idninata-foto-01.jpg

Дубаи е многу футуристички град кој изгледа како да излегол од филм за научна фантастика. Некои од луѓето велат дека ги потсетува на Blade Runner.

Во вечерните часови, комбинацијата на светла и патеките од автомобилите овозможуваат да се направат фотографии кои изгледаат како да се надвор од овој свет.



Изменето од Valerija - 23.Јануари.2016 во 21:24
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2016 во 08:13

ПРЕСТОЛНИНА НА ЛУКСУЗОТ ИЛИ ГРАД НА ИДНИНАТА - ДУБАИ

14

Некогашното мало градче кое живеело од риболов и лов на школки, низ годините се разви како најатрактивна туристичка дестинација. Денес, луксузот и раскошот можат да се почувствуваат од самото пристигнување во градот, преку безбројните раскошни хотели, големите шопинг центри кои го оставаат човека без здив, осветлените улици, луксузните авотмобили, куќи и вили како од бајките.

Како и останатите светски градови, по примерот на Њујорк, Лондон, Дубаи е мултикултурен, со луѓе од целиот свет што живеат таму. Модата, гастрономијата, вработувањето и се останато функционира во рутината на типичниот метрополитски лајфстајл. Службен јазик е арапскиот, но на англиски се зборува и пишува секаде.

Слободно може да се каже во однос на архитектурата овој град е футуристички. Самите облакодери се доказ за восхитувачката иновативност – од модерниот дизајн, преку имитацијата на старата архитектура, па се до раскошниот ентериер во разните локали што се доказ дека Дубаи е навистина понапреден од западниот свет во многу елементи.

Особено импресионирачки се познатите острови со палми – вештачки изградените острови на приферијата од Персискиот залив, каде што се наоѓаат некои од најексклузивните хотели и вили во светот. Целиот концепт на оваа вештачка креација е навистина фасцинантен.

Во останатите многубројни атракции се издвојува и Бурџ Халифа, највисоката зграда на светот со величествен поглед на градскиот хоризонт од 124от кат. Пред зградата се наоѓа фантастичната фонтана, чиј водопад го прати ритамот од класична до современа арапска и светска музика.

Со својот изглед восхитува и марината на Дубаи, урбана, модерна и елегантна со прекрасни шеталишта и поглед на укотвени бродови и јахти, опкружена со модерни облакодери.

Дубаи претставува гурмански рај, тоа е место каде што може да се проба се. Во секој ланец за брза храна кој се наоѓа и во САД, тука може да се најдат сие светски кујни. Една од работите која задолжително треба да се најде на вашата листа е и петочкиот brunch. Секој ресторан во Дубаи во петок нуди branch, кој полнува некаде околу ручек и завршува во 4 попладне, каде за пристојна цена ќе најдете обилна храна која сигурно претходно не сте ја консумирале.

Во Дубаи, забавата некогаш не недостасува, од ноќни или дневни забави на базени до забави во шопинг центрите каде што може да се сретне се што ќе се посака. Таму може да пазарите додека не паднете од умор, бидејќи ќе ги најдете сите врвни светски брендови и бутици на познати дизајнери. Меѓу најпознатите центри се вбројува Dubai Mall, каде што може да се види прекрасниот аквариум и огромното лизгалиште.

Покрај Бројните плажи, вредни да се посетат се и плажите во Дубаи кои се распостранети долж патот Џумеира. Всушност тоа е една долга плажа поделена со хотели и приватни клубови проширена со по некоја јавна плажа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 91011
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.