IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Кој е Груевски?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кој е Груевски?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9495969798 100>
Автор
Порака
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2015 во 12:13
претходната фотографија со Ченто ја надополнувам со написот

Фoтoгрaфијa кoјa збoрувa. Не е дo кецoт, туку дo честa, мoрaлoт, лaгите, мaнипулaциите, несaнкциoнирaниoт криминaл…oдaмнa ништo пoвеќе не е светo вo oвaa нoвa Мaкедoнијa, се е вo пaрите и вo прoституцијaтa и измaмите.
Сите се вo истo време и кoмити и пaртизaни и јaтaци. Oние вo кoи се кoлне денешнa дпмне и пoлни им се устите сo ревoлуциoнернoтo минaтo и тaкa некaки дoбивaaт избoри, кoски oстaвијa пo зaтвoри,зa oни денескa дa имaaт нaсмевки и сметки oд милиoни, милијaрди дoлaри.


ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2015 во 12:31
намигнување
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2015 во 16:26

Кој сака да му се огади живот, нека не ги пропушта следните вести на Алфа. Ќе има можност да гледа петнаесетминутен документарец за напорите на премиерот да се среди состојбата во Тетово.

Извадоци:

Сцена 1. Премиерот: „Вечер да не си одите дома“. Лекарката: „Не, не, премиере, нема проблем“. Премиерот: „Ноќта тука да ја поминете“. Лекарката: „Да, да, премиере“. Премиерот: „Луѓето ми кажаа дека им треба помош, да не си одите вечерва“. Лекарката: „Не, не, премиере“.

Сцена 2. Во продавница, на свеќа, заседава Кризниот штаб, а премиерот гестикулира и објаснува кој што да направи.

Сцена 3. Премиерот упаѓа со камери во куќата што изгуби дете и му објаснува на кутриот домаќин дека тоа е огромна штета.

Финале, Кети Гетева: „Жителите, потресени од трагедијата, постојано му благодареа на Премиерот што беше таму со нив“.

Најдоа момент да тераат пи-ар. Гадно, бре. Бљак.

Војислав Саракински, Фејсбук, 04.08.2015

Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 18:56
Му ги продал парцелите на Водно на неговото полтронче, Орце Камчев....односно му ја продал фирмата од Белизе....
Криминалците не можат да се разделат...сигурен сум дека и во Идризово таа желба ќе им биде исполнета...
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2015 во 11:15
Не бе не...душичка невина е тој,,,наивно дете на мама, само што ова комуњарите и соросоидите го местат...
нема тој ни службен мерцедес од 600 000 , ни наочари од 60 000, нема ни четири стана, ни парцели, ни провизии од 20 000 000 евра...ништо нема, душичка...
незнам што не стават од оние броеви за донации....по 118 денари , да собереме пари за гревчево...тага

ВМРО-ДПМНЕ: Премиерот нема врска со споменуваното земјиште на Водно


Најостро реагираме и ги демантираме написите на медиумите финансирани од СОРОС, а под контрола на СДСМ, во врска со написот “Алсат-М: Камчев нов сопственик на плацевите на Груевски на Водно” и било каква поврзаност на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со посоченото земјиште.

vmro dpmne

Со такво соопштение се огласи владејачката ВМРО-ДПМНЕ, порачувајќи дека премиерот немал никаква врска со тоа земјиште.

„Тој ниту порано, ниту сега има било каква врска со тоа земјиште и бараме неговото име да не се вмешува во вакви наводни афери кои се неточни“, се вели во реакцијата.

„Ние знаеме и за нас е разбирливо во недостиг на програма, проекти и резултати, СДСМ да продолжи со ваквата ниска, гнасна и црна пропаганда, но ние исто така знаеме и дека граѓаните ја препознаваат разликата помеѓу секојдневната работа и присутност помеѓу нив и црната и лажна пропаганда што ја креираат медиумите на СДСМ и СОРОС врз неосновани и невистините информации“, „заклучува“ партијата на власт.



Изменето од Ninja 35 - 15.Август.2015 во 11:16
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2015 во 16:01
[QUOTE=Ninja 35]
Не бе не...душичка невина е тој,,,наивно дете на мама, само што ова комуњарите и соросоидите го местат...
нема тој ни службен мерцедес од 600 000 , ни наочари од 60 000, нема ни четири стана, ни парцели, ни провизии од 20 000 000 евра...ништо нема, душичка...
незнам што не стават од оние броеви за донации....по 118 денари , да собереме пари за гревчево...

ДЕМИР ХИСАР

Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2015 во 17:13
нема бегањеее....хи, хи...
џукелата што јаде маст, јаде и стап....мафтање

Груевски се обидува да го заташка криминалот од 17 милиони евра со парцелите 

Никола Груевски очигледно се обидува да го заташка криминалот со овие парцели на Водно тежок 17 милиони евра. Како што јавија медиумите, компанијата Орка Холдинг ја купила фантомската фирмата „Сирах Инженеринг“ од даночниот рај Белизе, инаку сопственик на овие парцели. Така, сопственоста на парцелите на Водно од 11.000 м2 сега завршува во оваа фирма, исто така блиска до фамилијата на власт.

Освен промената на газдата, сменето е и раководството на фирмата која ги поседува парцелите. Избришан е досегашниот управител Ристо Новачевски, кум на Никола Груевски и брат на неговата лична секретарка.

Јавноста многу добро знае за алчноста на Груевски за илјадници метри кавдратни на Водно, вредни милиони евра, порача денеска Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ на партиска прес-конференција.

 - Од аудио доказите коишто ги објави СДСМ евидентно е дека токму Никола Груевски, лично и прецизно договора со Миле Јанакиевски каде и колкава да биде парцелата на Водно.

Граѓаните ги слушна разговорите каде што Груевски и Јанакиевски договараат промени на ДУП-опт и ГУП-от, како Груевски бара начини да се прошири парцелата, се интересира за „највисоката точка“, да нема никој „над него“, бара пат, ѕид, тргува со плацевите...

Се е јасно.

Врз основа на аудио доказите поднесена е и кривична пријава до Јавното обвинителство за организиран крминал и корупција против Никола Груевски, Коце Трајановски и други лица кои се директно инволвирани во криминални и коруптивни дејствиа во врска со парцелите на Водно.

Со овој случај ќе се занимава и Специјалниот јавен обвинител.

Постапката на Груевски со промената на сопственоста, многу наликува на постапките на неговиот политички ментор, Георгиевски, со продажбата на куќата на Водно, кога тој беше откриен од јавноста.

Промената на сопственикот на земјиштето, не може да го спаси Никола Груевски и неговите соработници за целокупниот криминал со овие парцели.

На Никола Груевски ако досега не му стана јасно веќе мора да му биде кристално јасно: бегање од одговорноста нема! - рече Манчевски.

Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
svetosparki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Октомври.2013
Статус: Офлајн
Поени: 694
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај svetosparki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2015 во 17:38
ubavo ti rekov ednas...Grujo stoposto ti e bivsi cim ne go vadis od usta,covece....Idi,leci se,ke ti pomognat,idi....dur ne e kasno....idi...
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2015 во 17:51
Originally posted by Ninja 35 Ninja 35 напиша:

нема бегањеее....хи, хи...
џукелата што јаде маст, јаде и стап....мафтање

Ако ти изгледа премногу лесно , (ТИ) имаш некаде згрешено !!!

 А Примери за тоа во минатото...колку ОЌЕШ?!.
Да ти ги набројувам јас...или самиот ти ќе си ги наброиш!!!?.изненадување
намигнување
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2015 во 13:53

може оваа недела да го пушти и Камениот мост....смеење
додека стадото ракоплеска....

Подбивање на социјалните мрежи: Премиерот пушти во употреба прозорец и радијатор 

gruevski-prozor

На социјалните мрежи веќе има подбивање со зголемените активности на премиерот кој секој ден е на неколку места и нешто отвора и пушта во употреба со цел на јавноста да и се прикаже дека многу е сработено. Премиерот пушта во употреба од канализација до тениски игралишта и плажи.

На снимките и фотографиите, премиерот е прикажан дека се разбира во се и го проверува квалитетот на тоа што е сработено. На видеото кое се појави на социјалните мрежи, на профилот на Фајсбук на „Странски служби“ премиерот го отвора прозорецот да провери како е изведен, а тоа е искористено за подбивање дека свечено пуштил во употреба и прозорец.

Премиерот е прикажан и како допира радијатор.

gruevski-radijator

– Ве известуваме дека Груевски среде лето пушти радијатор и во Кривогаштани, не само во Русиново, пишува на профилот на Странски служби. Зголемените активности на премиерот низ земјава наидоа на критика и кај опозицијата, кои рекоа дека се врши манипулација со пуштање во употреба на објекти кои веќе се во употреба и повеќе од една година.

– Во општина Дебрца тој присуствуваше на пуштање во употреба на неколку инфраструктурни објекти во општината. И можеби се би било во ред ако во случајов не станува збор за проекти за реконструкции на постоечки инфраструктурни објекти, објекти кои по извршените реконструкции се ставени во употреба пред повеќе од една година, реагираа од ОО СДСМ – Дебарца по посетата на премиерот Груевски на охридскиот регион.

Реконструираниот водоснабдителен систем во село Ботун, кој премиерот свечено го пушти во употреба, во функција е повеќе од една година, а во реконструираното основно училиште во село Требеништа учениците завршиле една учебна 2014/2015 година, реагираа од СДСМ.

Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2015 во 15:11
Па за разлика од претхотните премиери... Груевски има тим за работа, реализирани проекти, и резултати зад себе и цел пред себе. 
А ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ САМО ДА СИ ЏАВКА... 
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2015 во 15:13
И што е најважно со народот е.

Тоа ќе го покаже и на престојните избори во Април.
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2015 во 17:26
И во Идризово лежат луѓе...намигнување
Криминалци ама и тие се луѓе...додуша нема манги од негов калибар ама кога може да се лежи за 100 ќебапи, може и за 20 000 000 евра...
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2015 во 09:08


Никола Груевски стапи на функцијата Претседател на Владата на Република на 27 август 2006 година во Скопје, Република Македонија. Тој има силна верба во Бога, а идеалот од кој што се раководи во текот на неговиот живот и работење е константна и исклучително посветена работа за доброто и просперитетот на неговата земја.

Роден е на 31 август 1970 година во Скопје.

 

Професионално искуство

август 2006 –

  • Премиер на Република Македонија

2005 –

  • Потпретседател на Eвроатлантскиот совет на Република Македонија.

септември 2002 – август 2006

  • Член на македонскиот парламент

2002 – 2004

  • Претседател на собраниската комисија за финансии и буџет
  • Член на постојаната собраниска комисија за соработка со Европскиот парламент

мај 2003 -

  • Претседател на ВМРО-ДПМНЕ (десно ориентирана партија)

2003

  • Советник на министерот за финансии на Република Србија преку проект на УСАИД за зајакнување на капацитетот на министерството за финансии

2000-2002

  • Претседател на Државната комисија за хартии од вредност

1999 – 2002

  • Министер за финансии
  • Гувернер на Република Македонија во Светска банка и во Европската банка за обнова и развој

1998 – 1999

  • Министер без ресор и Министер за трговија

1998

  • Претседател и основач на брокерската асоцијација на Република Македонија

Образование

2006

Магистер по економски науки
Економски факултет- Скопје

Универзитет Св. „Кирил и Методиј“ – Скопје
1996

Квалификации за меѓународниот пазар на капитал
Лондонски институт за хартии од вредност

1989 – 1994

Дипломиран економист
Економски факултет – Прилеп
Универзитет Св. „Климент Охридски“ – Битола

Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9495969798 100>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.