Сите ние имаме светла и темна страна, прочитајте кои се вашите мрачни карактеристики..
Кај првиот хороскопски знак гордоста и арогантноста наоѓаат плоден терен. Овните се полни со себе, па за нив да се учестува во нешто секогаш значи да се биде прв – прв на целта, прва класа, прва лига… Скромноста е непознат збор за Овните. Покрај ова, тие се прилично посесивни, но на некој начин и дарежливи. Подготвени се да направат се за да бидат во центарот на вниманието. Но во една работа сепак се држат подобро од другите знаци, им завидуваат само на најмоќните. Бидејќи се водат од нагоните многу се осветољубиви, а за да го избегнат чувството на губиток често се дружат со луѓе кои не претставуваат закана за нивната позиција.
Водени од Марс, богот на војната лесно можат да се разбеснат. Имаат агресивен карактер, но за среќа бесот не ги држи долго. Мрлезивоста за нив е непозната, бидејќи речиси секогаш имаат вишок на енергија.
Биковите не ги красат само горделивоста и надуеноста. Тие се многу амбициозни и не сакаат да се споредуваат со кого било. Сакаат да се фалат со своите материјални добра и со успесите на своите деца. За нив не може да се каже дека се скржави, но кога се работи за подарување на други луѓе се претпазливи, а кон семејството и сопствените потреби се прилично великодушни.
Под влијание на Венера безрезервно учествуваат во сите видови на животни задоволства, почнувајќи од сексот. Нивните чувства лесно можат да се разбудат, тие се страствени и романтични лица, но истовремено и љубоморни и нетолерантни. Им завидуваат на лицата кои располагаат со многу добра, а тоа ги поттикнува да работат повеќе со цел да не го изгубат контактот со лукзусниот живот. Ги сакаат задоволствата кои им ги пружа богатата трпеза, а од време на време со храна ги компензираат внатрешните и другите задоволства.
Што се однесува до гневот, поседуваат голема толеранција и долго можат да молчат, но кога ќе екслодираат подобро да не бидете во нивна близина. Љубители се на удобноста и тишината, па лесно можат да станат мрзеливи како вистински пример за пасивна издржливост.
Близнаците се мајстори за „маскирање“, па пред другите се претставуваат онака како што им одговара во одредена ситуација. Уживаат во трошење пари, луксузни и екстравагантни патувања. За нив не може да се каже дека се скржави, освен кога се работи за нивните чувства, бидејќи се плашат од врзување. Непознатото е вистински предизвик за нив. Копнежот и страста не ги познаваат добро, па сметаат дека е во ред да го освојуваат и восхитуваат својот плен само како дел од една голема игра. Не се завидливи, но во моменти на конфликт им завидуваат на оние кои се посреќни од нив. Сакаат да играат игри, сејат неслога меѓу колегите, се забавуваат озборувајќи, а им завидуваат само на оние кои знаат да чуваат тајни.
Знаат да бидат прилично нервозни и раздразливи. Резулатот од сево ова е бес и бескорисно губење на енергија. Не сакаат многу обврски, често се инаетат и стануваат мрзеливи кога некој ги тера да направат нешто против нивна волја.
Ракот е најчувствителниот знак во зодијакот. Иако не се полни со себе, сепак понекогаш оддаваат таков впечаток за да не ја покажат својата ранливост. Внимаваат како ги трошат парите, иако не се скржави. Раковите не можете да ги наговорите на неразумно трошење и многу се разумни во купувањето. Под нивната романтична фасада се крие возвишена сексуалност. Бидејќи се срамежливи не го покажуваат своето вистинско лице барем до моментот кога ќе се почувствуваат потполно сигурни во партнерот. Тогаш полека стануваат страствени.
Често им завидуваат на безчувствителни лица бидејќи мислат дека тие помалку страдаат. Всушност им завидуваат на сите кои се упорни и се борат за својата иднина. Како и на оние кои имаат добро семејство, кои максимално ги заштитувало.
Кога се чувствуваат разочарани, запоставени, несакани и несфатени лесно се разлутуваат и нагло го менуваат расположенито, па стануваат агресивни и бесни. Повеќе од се ги лути кога некој го омаловажува нивното семејство или потекло. Иако имаат потенцијал за социјален успех, порадо би останале во сенка и сонувале со отворени очи, бидејќи се по малку мрзеливи и страшливи за борба во првите борбени редови.
Себељубството често знае да ги заслепи. Бидејќи веруваат дека се најдобри очекуваат другите да им се поклонуваат. Непотребно е да се нагласи дека во тоа се прилично успешни. Суетата и вообразеноста се нивните најистакнати особени.
Лавовите не знаат да штедат и купуваат се што ќе посакаат. Им завидуваат на лицата кои се опкружени со скапоцени предмети.
И во постелата мислат дека се најдобри. Лавицата сака да и се доворуваат, а лавот сака харем кој ќе ги задоволи неговите потреби. Лавовите се неверојатно лакоми. Љубоморни се единствено на предметите и материјалните добра кои другите ги поседуваат.
Кога некој им се спротиставува стануваат немоќни и нетолерантни. Всушност тие се тирани кои имаат потреба од жртви, па бесот не им е непознат. Кај нив мрзеливоста е присутна, но минлива. Долго време можат да бидат неподвижни и усмерени единствено кон своите потреби.
Девиците се исклучително несигурни. Но за да ги залажат другите знаат да покажат арогантност. Патат од комплекс на помала вредноста и често се плашат дека не се дораснати на одредена ситуација. Внимателни се во трошењето, а кога ќе кажат дека ќе купат нешто прво обиколуваат многу продавници и ги анализираат сите опции, а дури потоа купуваат. Кон другите се скржави, а кон себе се малку попустливи.
Страста не им е најсилна страна. Информирани се за сите техники на блуд и радо експериментираат пред да стапат во некоја љубовна акција. Завидни се на храброста, убавината и богатството на другите.
Девиците се многу педантни, внимаваат на хигиената и општиот впечаток кој го оставаат. Благодарејќи на долго вежбаната самоконтрола ретко ја губат смиреноста. Кога ќе се вознемират не викаат, туку користат иронија знаејќи дека зборовите повредуваат повеќе од гестовите. Така го искажуваат својот бес. Поседуваат завидно ниво на одговорност, хиперактивни се и секогаш се плашат дека нешто не направиле доволно добро. Кога се чувствуваат осамено и напуштено стануваат ментлано мрзеливи.
Вагите се арогантни и препотентни, но со стил. Нивната личност има различни нивоа, па полни со себе стануваат само во моментите кога им судат на „обвинетите“. Со задоволство трошат големи суми на пари за да се опкружат со убави нешта. Бидејќи се суетни купуваат само префинети нешта, какви што сакаат да бидат и тие самите. Штедат само кога се плашат од губење на балансот.
Во еротиката се многу префинети и големи естети. Аристократи се во креветот, а по додворувањето се препуштаат на фантазиите и не се штедат кога станува збор за игри на задоволство.
Вагите не им завидуваат на другите кои успеале да ја пронајдат стабилноста и кои живеат во хармонија со себе. Ако се среќни не чувствуваат љубомора кон другите среќници, а ако се сами тогаш стануваат љубоморни.
Бесни се кога ќе забележат неправда врз себе и другите. Ги иритира неможноста да се оствари некоја нивна желба. Ако дознаат дека се измамени во љубовта губат контрола. Нејтешко им е да донесат одлука, бидејќи тоа значи дека треба да исклучат некого или нешто, па затоа долго размислуваат.
Горделиви се до неверојатни размери, способни долго да молчат, а веќе во следниот момент да покажат непримерна агресивност. Не се предаваат, арогантни се, полни со себе и способни во целост да го уништат противникот. Не спаѓаат помеѓу најширокоградите астролошки знаци, бидејќи даваат за да добијат за возврат, иако не се скржави. Кога станува збор за страста, спаѓаат во најнезаситните, најљубоморните и најпосесивните знаци. Ги познаваат сите тајни на ерос и се препуштаат на страста без граници. Завидни се кога некој друг има моќ и кога некој е незаслужено богат.
Раздразливи се и во состојба се да им приредат сцена на оние кои им се спротиставиле. Кога се лути стануваат агресивни и склони на физички пресметки. Спијат малку и поседуваат внатрешна сила за совладување на тешките проблеми. Работохоличари се кои не губат време.
Нивна главна карактеристика е самодовербата, а некои тоа го доживуваат како себељубство. Повеќе сакаат да даваат наредби отколку да слушаат. Јупитер им дава одлики на широкогради алтруисти, па затоа не се штедливи, но ако останат без пари стануваат несреќни.
Освојувањето го сакаат повеќе од блудот. Обожаваат да ја фасцинираат жртвата, нагли се и не познаваат префинетост во еротиката, туку анималистична глад.
Премногу се широкогради и полни со себе за да бидат завидни. Единствено чувствуваат завист кога некој ги победува во спортот или животот, бидејќи не знаат да губат.
Нивниот бес е краткотраен, но интензивен. Непоправливи идеалисти се и патат кога некој од нивните пријатели ќе ја искористи нивната искреност.
Вообразени се, амбициозни, сакаат да даваат наредби, а од гордост не прифаќаат компромиси. Сепак, вешто знаат да го скријат својот тирански карактер бидејќи добро се контролираат самите себеси. Многу се внимателни во трошењето и доволно скржави за да им дадат нешто на другите, бидејќи ги гледаат како противници. Бидејќи се ладни и создржани, можат да бидат настрани љубовници. Влегуваат точно во центарот на блудноста.
Марс, богот на војната, во Јарец го дал својот максимум. Иако знаат да се контролираат понекогаш знаат да бидат експлозивни и да покажат незапирлив бес. Нивната суровост не познава граници. Поради големите амбиции и зафатеноста на професионален план неспособни се за легачење, иако понекогаш изгледаат мрзеливи. Како на пример кога треба да покажат емоции, но кога станува збор за секс можат да издржат со саати.
Секоја Водолија има некоја област во животот во која мисли дека е посебна и најдобра. Тоа може да биде и нешто банално, но нив им е многу битно. Кога ги бранат своите идеи стануваат сосема поинакви личности. Всушност Водолиите се интелектуални снобови и често се полни со себе. Мудри се и вниматели во трошењето, но и великодушни кон пријателите на кои секогаш се подготвени да им се најдат. Сакаат да трошат многу и не се скржави.
Склони се кон гревови во разни еротски варијатни, мачејќи ги другите со своите фантазии кои ним им се незамисливи. Лакомоста и ненаситноста се атрактивен поим за нив, како во креветот така и на софрата. Не се имуни на мрзеливост, иако успеваат да ја победат кога станува збор за големи активности.
Рибите се пречувствителни и потонати во својот свет од соништата, се стремат кон духовни квалитети, а полни се себе затоа што мислат дека успеваат да се издигнат над материјалниот свет. Нивната чувствителност ги наведува да стават арогантна маска. Не се скржави, а кон себе се и повеќе од расипници. Нивната блудност е нагласена бидејќи кај нив Венера е особено нагласена. Страствени се, имагинативни и со малку мазохизам во моментите на екстаза.
Кога станува збор за зависта, им завидуваат на оние кои не губат време во трката да го постигнат она што го сакаат во животот. Не се освојувачи и не ја познаваат агресивноста, ниту пак храброста во напаѓачка смисла. Но се бранат со речиси хистеричен бес. Мрзеливи се и пасивни како никој друг на Земјата. Настојуваат обврските да ги префрлат на друг и бескрајно уживаат во слободното време.