IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести > Избори
  Активни теми Активни теми RSS - Изборно гласање од дијаспората
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Изборно гласање од дијаспората

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4748495051 54>
Прашање: Дали дијаспората треба да гласа на македонски избори?
Одговор Гласови Статистика
28 [30,11%]
8 [8,60%]
56 [60,22%]
1 [1,08%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
TheNagual Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 22.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 156
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TheNagual Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2015 во 15:43
Едно категорично НЕ за гласање од дијаспората. Јурисдикцијата на нашата држава е врзана за територија, а не за луѓе. Неможе луѓе кои не стапнале тука со децении да одлучуваат кој ќе ни го менаџира општествениот живот. Еден од најважните елементи на демократијата е фидбекот од политичките одлуки кој во овој случај целосно недостасува. Значи дијаспората може континуирано да носи штетни одлуки за Македонија и притоа да не трпи никакви последици врз своја кожа.
Друго. Една опасна хипотетичка ситуација. Што правиме ако два милиони Грци одеднаш почнат да се деклариаат како Македонци? Ќе им дадеме да гласаат на референдум за да ни го свирнат прописно за името? Или да ни изберат грчка влада?
Извесни ликови на форумов дури и пројавуваат желба на нас во државава да ни одземат право на глас, за да може дијаспората непречено да ни диктира како ќе живееме. Се надевам дека ова е само изолиран случај, но е доволен мотив уште повеќе да се спротивставиме на идејава.
За сега, резултативе од анкетава се одлични. Keep it up   
Never underestimate the power of stupid people in large groups
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2015 во 19:01
Тоа што јас не можам да ја разберам патолошката желба на некои...
да влијаат на туѓите животи со одлуки кои нема да имаат последици на нивните животи, е веројатно мој проблем...
па во контекст на тоа, сакам да ги прашам...
што ќе добијат они ако се исполнат нивните желби за тоа како ние овде треба да живееме...
и ако биде така, дали тогаш, почитуваната господа од дијаспората која избегала од овде, сигурно не затоа што убаво живееле, туку затоа што имале мака...

ќе се вратат да живеат тука...
и заедно со нас ќе живеат во светот за кој они со се срце се борат и, недај боже, ќе се изборат...
тоа сакам да прашам...

П.С.  No 1. молам да не ми одговараат партиски дронови - важи за двете страни - ...
платеници...
ликови кои со својот ум живеат во 18 век, за оние кои живеат пред наша ера, несакам ни да помислам...
и барем не оние кои живеат таму некаде, а во Македонија, чуваат станови во кои не биле последниве 10 години, па и они самите незнаат зошто ги чуваат, а некако им се врти во глава идејата дека еден ден ќе се вратат овде, иако нивните деца не ни знаат да зборуваат македонски, не па да знаат каде е Македонија...
и на крај не оние кои ме убедуваат дека ми мислат добро со тоа што ќе одлучат наместо мене како јас треба да живеам...
им благодарам од се срце...

П.С. No 2. би сакал и јас да можам да одлучувам за тоа како они ќе живеат таму некаде...
и би гласал ДДВ -то да им биде 73 %...
така они ќе имаат развојна компонента во нивната држава...
и бруто националниот доход ќе им се качи по глава на жител најмалку дупло...
башка, ќе бидат среќни што практикуваат демократија...







Изменето од којсумјас - 10.Август.2015 во 19:10
Кон врв
Феникс Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46

Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Феникс Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2015 во 19:22
еве и јас да  кажам...не.... за гласањето на дијаспората......како може некој кој не живее тука да знае.....и некој кој одлучил да си замине да одлучува за тој што останал...кога јас се решив да стапам во брак мојот татко   ми рече вака .... ти ќе  си заминеш од тука..... ќе градиш и живееш  свој живот со твојот сопруг  .....секогаш ќе останеш наша ќерка но право на глас за  одлуките на куќата ќе ги имаме јас ,мајка ти  брат ти и неговата сопруга....можеби старинско сфаќање но ете така беше.....слично е и со  дијаспората.....тие што заминале......заминале..
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2015 во 19:46
Темава е отворена за лични мислења и тоа е потполно во ред. Обично не реплицирам на нив доколку коментарот не се повикува на некои државни закони, прописи и правила.

Ќе ми дозволите да бидам извинет и да се вклучам со реплика бидејќи некои нешта не се презентирани во востинска светлина.
   
Originally posted by falangamk falangamk напиша:

Дијаспоеата во никој случај не треба да одлучува за нашата иднина.Луге кои заборавиле каде на карта се наога Македонија и не плаќат никакви давачки на ова држава не смеат да одлучуват за мојата судбина и за судбината на моите деца.

Да се говори за македонците кои живеат на привремена работа или се на привремен престој во странство како за некои кои се одселиле од Македонија уште од турско време не е во ред.

Македонската емиграција е во континуитет и трае и ден денес. Затоа да се тврди дека македонcките државјани кои во моментов се наоѓаат надвор од Р.Македонија заборавиле каде на картата се наоѓа Македонија не само што не е вистина, туку е голема навреда доколку не ја сметаме за игноратна изјава.

Исто така, законодавецот во татковината го предвидел евентуалниот недостаток од личен интерес на иселениците во врска со татковината, па затоа во законот, правилата и прописите за гласање на емиграцијата ставил уште еден додатен услов, коj не постои за македонските државјани со стален престој во Македонија, а тоа е дека тие мораат да имаат своја адреса на живеење во татковината доколку сакат да гласаат. Тоа значи дека македонските граѓани со моментален престој во странство поседуваат стамбена површина во Македонија за која ги плаќаат сите државни давачки како и секој друг македонец (поточно, ги плаќаат за разлика од многумина други кои немаат свои станови и куќи, а за кои не постои овој дополнителен закон како услов за гласање) и со тоа ја докажуваат својата лична заинтересираност за добробита на државата. Истите луѓе инвестираат, помагаат и соработуваат на различни начини и директно се поврзани со животот на македонците во татковината. Доколку не сте знаеле, според официјалните податоци на државната банка уште од времето кога гувернер беше Петар Гошев, беше официјално изјавено од него дека од дијаспорaта годишно се влеваат близу една милојарда евра (тоа се средства кои како депозити и трансакции се официјално регистрирани од банката). Вкупната сума е поголема бидејќи во форма на готови пари се влеваат уште барем четвртина од изнесената бројка. Кога ќе се разбере дека минатата година од странските инвестиции беа остварени околу 350-400 милиони евра станува јасно дека македонците од дијаспората имаат три пати поголем економски придонес отколку сите странски инвестиции заедно. Иако за мене овој факт не игра никаква улога во уставното право за гласанање на секој македонски државјанин (никаде во никоја држава такво нешто не се става како услов за практицирање на тоа право), го посочувам како аргумент за оние кои загарaтираното уставно право, неомеѓанo со никакви монетарни услови, го оспоруваат токму со такви.


Originally posted by <span style=font-family: Arial, Helvetica, sans-serif; font-size: 15px; line-height: 21px; : rgb251, 251, 253;>TheNagual</span> TheNagual напиша:

 
Јурисдикцијата на нашата држава е врзана за територија, а не за луѓе. Неможе луѓе кои не стапнале тука со децении да одлучуваат кој ќе ни го менаџира општествениот живот. Еден од најважните елементи на демократијата е фидбекот од политичките одлуки кој во овој случај целосно недостасува. Значи дијаспората може континуирано да носи штетни одлуки за Македонија и притоа да не трпи никакви последици врз своја кожа.

Напишаново е мешање на различни нешта… јурисдикцијата (делување и извршување на правото) е врзана за територијата (не може македонски закон да се егзекутира во Германија), но законите (права и обврски) за македонските државјани важат подеднаво за сите македонци било каде во светот. Како илустрација еден екстремен пример, кој евентуално може некогаш да биде употребен, е повикување на војна обврска - секој македонски државјанин, без обзир каде живее во моментот на повикот, е обврзан да се јави и да ја изврши својата должност. Друг посекојдневен пример, секој македонски државјанин може да побара асистенција од било која македонска амбасада или конзулат во светот, без обзир во која држава живее.

Со други зборови, сето оноа со што законот го обврзува или му овозможува на македонецот во Македонија го обврзува и овозможува надвор од републиката. Под Законот сите македонски државјани се рамноправни.

Македонец родум од административната територија на Р.Македонија, кој по некоја причина не сака да ги ужива правата и обврските кои ги дава државата, не зема македонско државјанство или се откажува од истото доколку го имал претходно.

Тоа е законот.

Originally posted by <span style=font-family: Arial, Helvetica, sans-serif; font-size: 15px; line-height: 21px; : rgb251, 251, 253;>TheNagual</span> TheNagual напиша:

 
Што правиме ако два милиони Грци одеднаш почнат да се деклариаат како Македонци? Ќе им дадеме да гласаат на референдум за да ни го свирнат прописно за името? Или да ни изберат грчка влада?

Оваа хипотетична ситуација останува само во сферите на уличните или кафанските муабети. Законот не работи така. Секој може да си се декларира за што сака, но тоа не значи дека државата истото ќе го санкционира. Добивањето на државјанство е процес со точно одредени услови и не се добива само со лично декларирање. голема насмевка Поточно, тоа е толку комплицирано и тешко што голем број македонци од дијаспората не го добиваат.

Originally posted by <span style=font-family: Arial, Helvetica, sans-serif; font-size: 15px; line-height: 21px; : rgb251, 251, 253;>TheNagual</span> TheNagual напиша:

Извесни ликови на форумов дури и пројавуваат желба на нас во државава да ни одземат право на глас, за да може дијаспората непречено да ни диктира како ќе живееме. Се надевам дека ова е само изолиран случај, но е доволен мотив уште повеќе да се спротивставиме на идејава.

Потполно се сложувам со тебе. Тоа се само лични мислења кои според целосното мое искуство, воопшто не се подржани од дијаспората. Никому до сега не му паднало на ум да му оспорува на ниту еден македонец право на гласање, а најмалу на тие наши браќа и сестри кои живеат во Р.Македонија. 

И токму поради таквите изјави, вклучувајќи ги и оние од другата страна, кои си земаат за право да се јавуваат како самоповикани гласници на сиот народ, претходно прокоментирав дека не треба сериозно да се земат во предвид. Секој од нас го презентира само своето лично мислење а истото евентуално може да го поткрепи со Уставот и Законот на Р. Македонија или со официјално објавени декларации на признаени македонски организации.










Изменето од Messenger - 10.Август.2015 во 20:17
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
TheNagual Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 22.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 156
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TheNagual Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2015 во 20:31
Не би сакал да воопштувам. Познавам многу луѓе од дијаспората кои имаат трезвени политички ставови во однос на Македонија. Ама дијаспората генерално си има историја на подржување на радикални националистички опции кои често биле закана за уставниот поредок на државава. Секогаш кога тука победува некоја политичка опција воглавном поддржана од дијаспората се случуваат безбедносни дестабилизации и политички кризи кои се закануваат да ја уништат државата.
Never underestimate the power of stupid people in large groups
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2015 во 20:35
Originally posted by TheNagual TheNagual напиша:

Не би сакал да воопштувам. Познавам многу луѓе од дијаспората кои имаат трезвени политички ставови во однос на Македонија. Ама дијаспората генерално си има историја на подржување на радикални националистички опции кои често биле закана за уставниот поредок на државава. Секогаш кога тука победува некоја политичка опција воглавном поддржана од дијаспората се случуваат безбедносни дестабилизации и политички кризи кои се закануваат да ја уништат државата.

Иако не би сакал да воопштуваш, сепак воопштуваш. голема насмевка

Напишаното е нешто потполно непознато за мене во врска со нашата независна држава Р.Македонија. 

Можеш да наведеш некој конкретен пример?

П.С. Мошне добро сум информиран уште од првите денови на објавувањето на независноста на Р.Македонија што правеаше дијаспората во најкритичните времиња кога Македонија буквално немаше скршен денар, а требаа огромни средства за лобирања по светот, финансирање патувања на државни претставници, договарања средби на најразлични новоа, плаќања сметки за државните потреби и т.н. и т.н… и за начините на кои се собираа сите тие средства. Исто така многу добро знам за сите доаѓања на македоските претседатели, премиери, министри и други официјални личности од секоја влада, без обзир на која партија припаѓаа.  Можам најодговорно да потврдам дека дијаспората, без обзир на некои поединци (кои впрочем ги има и во Македонија) секогаш единствено стоеше зад онаа влада која беше одбрана од страна на народот во Р.Македонија.  Со потполно иста почит и соработка се примени и Црвековски и Груевски, а со иста ќе биде примен и секој друг премиер, претседател или министер од идните влади.






Изменето од Messenger - 10.Август.2015 во 20:49
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2015 во 20:46
Еве ви една будала што сте ја избрале на изборите..
Се плашам да помислам како би поминал ако беше во Австралија. Ќе завршеше во затвор сигурно. За напад на службено лице..
Ама тука ќе помине како ништо да не било..
Секоја чест за изборот!!!


Пратеникот Васко Наумовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше избран во изборната единица Австралија, денеска во Центарот за социјални работи во Битола истепал социјална работничка, јавува телевизија Телма. Таа по инцидентот била пренесена во битолската болница, каде се уште се наоѓа. Освен неа, пратеникот Наумовски нападнал и тројца нејзини колеги.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2015 во 20:47
Тврдо НЕ за гласање на дијаспората, од едноставни причини: покрај тоа што не би сакал
некој од Милвоки да одлучува за мојата судбина овде, тежината на тие 3 пратенички
места е мнооогу помала од оние 120 во РМ, затоа што излезноста во дијаспората не верувам дека е
поголема од 2%, а во РМ е околу 55-60%. Еве нека се дозволи доколку излезат најмалку 30% од иселениците.
Да не испадне дека за едно пратеничко место гласале 50 души.
Кон врв
TheNagual Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 22.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 156
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TheNagual Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2015 во 21:07
Меси, не е сосема точно дека правата и обрските важат за сите Македонци без разлика кај се. Еве на пример обврската да се плаќа данок важи само на нашата територија. И сите други закони. Бидејќи немаме воен рок примеров и не е баш употреблив, но и доколку го земеме како валиден тој не значи практично ништо од проста причина што мак. држава нема ингеренции да регрутира во странски држави. Точно е дека амбасадите можат да понудат извесна асистенција за македонски државјани при евентуален судир со локалните закони, но тоа не е доволно да се каже дека мак. закони важат подеднакво и за нив.
Државите се пред се територијални. Правата и обврските на граѓаните може да важат на хартија, но во пракса тоа е многу тешко остварливо. Е сега, мислам дека не е во ред дијаспората да има право да гласа без да биде подредена на обврските кои произлегуваат од тоа. Гарантирам дека доколку со правото да се гласа би доаѓала и обврска да се плаќаат даноци тука, ниеден од дијаспората нема да се регистрира за гласање.
Се согласувам дека примеров со Грците ми беше малку претеран. Малку поќе де

Инаку постојат теоретски концепти за транс-територијални држави со јурисдикции врзани со луѓе, а не со територии. За жал засега се само теории, но би можеле да станат реалност во иднина бидејќи светот станува се повеќе глобален.
Never underestimate the power of stupid people in large groups
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2015 во 22:11
TheNagual, законот е многу конкретна работа.

Државјанството не значи само повластици, туку и обврски за сите оние кои го поседуваат.  

Во врска со примерот на регрутација, точно е дека македонската држава не може физички да дојде и регрутира македонски државјани во странска држава (како што не може ниту друга странска држава тоа да го прави за нејзини државјани во други држави), но затоа ќе прати покана како и за секој македонец во татковината. Македонскиот државјанин е обврзан да одговори на поканата и во спротивно оној кој е во странство подеднакво кривично одговара како и оној во Македонија. Таквиот државјанин при првото доаѓање во Македонија ќе биде уапсен, а за неговото приведување Македонија може да поднесе барање до државата во која престојува.

Доколку македонецот не е државјанин нема да добие таква покана и нема да биде кривично гонет.

Во врска со примерот на амбасадите и конзулатите, не мислев само на меѓународни судири, туку и на секојдневни потреби на македонските државјани било каде во светот. Овие државни претставништва се должни да излезат во пресрет на секој македонски државјанин. 

Во Р.Македонија законот е подеднаков за сите македоснки државјани затоа што пред него сите се рамноправни.

За другите работи не би сакал да се вртиме постојано во кругови. Уставот и Законот се децидни, сите македонски државјани се рамноправни и сите имаат исти права и обврски според правните одредби дефинирани од нив.

Инаку од дискусииве имам неодбегливо чувство дека луѓето од републиката мислат оти сите етнички македонци кои се во дијаспората имаат право да глaсаат. Тоа апсолутно не е точно. Според некои податоци, вкупниот број на македонци и нивни наследници кои по било кои причини емигрирале од татковината уште од турско време брои околу 6 милиони луѓе. Јас те уверувам дека 90% од нив немаат право или немаат интерес и намера да гласаат по разни основи. Најголемиот брoј се веќе одродени од татковината, голем број немаат држaвјанство и бидеjќи се родени на територии кои денес припаѓаат на други соседни држави никогаш не можат да добијат документи какви што им бара МВР и на крајот има луѓе кои eдноставно не ги интересира гласањето како што не ги интересира и многумина кои живеат во Р. Македонија.

Бидејќи законодавецот го разбира сентиментот и логиката на многумина македонци кои живеат во татковината во врска со гласачкото право на македонците од дијаспората и истиот го зема во предвид при одредувањето на правилата и прописите за гласање, одредил дека дури и не секој македонец со потполно валидно државјансyтво има право да гласа, па додал уште еден услов кој вели дека сите оние кои сакаат да гласаат мора да се врзани со стамбена површина во Р.Македонија. Дури и да се инвеститори во Македонија нема да имаат право на глас. Со други зборови, дури и плаќањето државни даноци (за што тука толку често се говори) преку вложувањето инвестиции (отварањето бизниси и работни места на македонци…),  на македонскиот државјанин од странство не му дава право да гласа. Тоа право го добива само ако покрај државјанството има и стамбена површина во своја сопственост за која, нормално, мора редовно да ги плаќа сите државни општински и локални давачки.

Така е дефинирано во законот и според тоа се работи.

Лично не сметам дека тоа е во ред од повеќе причини (од аспекет на државничките права на секој граѓанин и практициртање на потполната демократија јас повеќе го подржувам американскиот закон за оваа работа), но никогаш не сум го пропагирал тоа мое мислење и секогаш сум го почитувал оноа што е запишано во македонскиот Устав и Закон, без обир кој е на влaст или кој ќе биде во иднина. 

Демократијата и човековите права не се нешто што може да ги вкучиме или искучиме по потреба, во зависност од тоа какви ни се моменталните лични интерeси. 






Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2015 во 22:21
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

TheNagual, законот е многу конкретна работа.

Државјанството не значи само повластици, туку и обврски за сите оние кои го поседуваат.  

Во врска со примерот на регрутација, точно е дека македонската држава не може физички да дојде и регрутира македонски државјани во странска држава (како што не може ниту друга странска држава тоа да го прави за нејзини државјани во други држави), но затоа ќе прати покана како и за секој македонец во татковината. Македонскиот државјанин е обврзан да одговори на поканата и во спротивно оној кој е во странство подеднакво кривично одговара како и оној во Македонија. Таквиот државјанин при првото доаѓање во Македонија ќе биде уапсен, а за неговото приведување Македонија може да поднесе барање до државата во која престојува.

Доколку македонецот не е државјанин нема да добие таква покана и нема да биде кривично гонет.



Ова не го разбирам..
Зошто е обврзан да одговори на поканата кога задолжителниот воен рок одамна е укинат?
А за да повикаат во резервниот состав треба да бидеш активен резервистзбунетост
Никаде не можам да го најдам ова во законот за служба во АРМ, особено делот дека кривично одговара кога не е обврзан на ништо..



Изменето од evangeline - 10.Август.2015 во 22:21
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2015 во 22:28
Тоа беше ставено само како екстремен арбитрарен пример (кој евентуално, доколку се донесе таков закон би бил важечки) за полесно и појасно да разјасниме што значи одговорност наспроти повластици од имање нечие државјанство, а не како нешто конкретно за кое би дискутирале на оваа тема. Мислев дека тоа се подразбираше, но ако е разбрано подруго тогаш го кажувам сега.







Изменето од Messenger - 10.Август.2015 во 22:33
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2015 во 22:32
Епа не беше нагласено, а и целиот текст не изгледа како еден голем пример.

А тоа што би значело?
Ако утре избие војна, нема да дојдете да ја браните Мајка Македонија затоа што не е предвидено со закон?голема насмевка

Е затоа после 80% од луѓето велат дека мнозинството се патриоти на тастатура. Не се лути, не сум го кажала јас тоа, туку пренесувам само..исто како што пренесуваш ти за мислењето од тамошнитеголема насмевка
И без навреда. Не е упатено на никого кажаното, општ муабет е.
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2015 во 22:35
Originally posted by evangeline evangeline напиша:

Епа не беше нагласено

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Како илустрација еден екстремен пример, кој евентуално може некогаш да биде употребен, е повикување на војна обврска - секој македонски државјанин, без обзир каде живее во моментот на повикот, е обврзан да се јави и да ја изврши својата должност. 



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4748495051 54>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.