IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 131132133134135 157>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2015 во 14:59

Внимателно со нив: Овие 3 хороскопски знаци имаат „краток фитиљ“


vnimatelno-so-niv-ovie-3-horoskopski-znavi-imaat-kratok-fitilj.jpg

Некои знаци многу побрзо се палат и влегуваат во кавги за разлика од останатите, па затоа вреди да откриете на кој му е доволна и една ситница за да се разбесни.

Ако некогаш им се најдете во близина, внимавајте да не ги испровоцирате:

Овен

Овој огнен знак кој е препознатлив по својот темперамент. Она што за повеќето луѓе се неважни ситници, тој е во состојба да ги доживее како напад на неговото его. Заради влијанието на Марс е нетрпеливи и често пати знае да биде агресивен. Меѓутоа, добро е дека колку што брзо се лути, толку брзо и му поминува, па дури и кога се работи за големи проблеми. Неговите напади на без се бурни, но што ги заборави, станува мек и нежен.

Лав

Лавот е нешто поблага варијанта на Овенот. Знае да биде раздразлив за ситници, но барем лесно заборава. Праведен е и се труди секогаш рационално да ја согледа ситуацијата, па понекогаш дури и да попушти ако погрешил. Сепак, си има свои моменти кога сака да е по негово.

Скорпија

На Скорпиите не и треба многу за да избувнат. Ако се разбеснат, подготвени се да провоцираат, навредуваат, па дури и физички да се пресметаат со оној кој им го предизвикал бесот. Понекогаш и тоа не им е доста, затоа што имаат изразена желба за одмазда и го чекаат вистинскиот момент да ја спроведат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2015 во 21:39

Прочитајте со кои славни личности го делите хороскопскиот знак.

horoskopslavni

Овен

Овните се креативни, проникливи и прилагодливи на сите животни околности и ситуации. Знаат да бидат многу спонтани, па околината најчесто ги доживува како шегаџии, но знаат и многу брзо да избувнат поради ситници. Причината за тоа е што се премногу страсни, особено кога станува збор за нивната професија.

Познати во знакот Овен:

Сара Џесика Паркер, Рис Витерспун, Лејди Гага, Викторија Бекам, Кристен Стујард

Бик

За родените во овој знак карактеристично е што се полни со енергија, упорни и силни личности. Умеат да бидат критични, но знаат и да дадат поддршка, да бидат стрпливи и чувствителни. Тие се одлични ментори и сакаат да ги подучуваат другите и да им даваат инструкции. Немаат баш чувство за време, па често доцнат и делуваат неорганизирано.

Познати во знакот Бик:

Џесика Алба, Дејвид Бекам, Меган Фокс, Пенелопе Круз, Џорџ Клуни, Роберт Патисон, Кирстен Данст

Близнаци

Тврдоглавоста е особина која ги краси родените во овој знак. Тие се и импулсивни, но и нежни со мечттателски души. Се вели дека овие личности имаат две лица и дека често го менуваат расположението. Харизма, желба за успех и позитивност е она што прво се забележува кај овие луѓе.

Познати во знакот Близнаци:

Анџелина Џоли, Канје Вест, Натали Портман, Крис Еванс, Ешли Олсен, Шаја Лабаф

Рак

Раковите се нежни, благи и верни личности. Исто така можат да бидат тврд орев кој е тешко да го скршите затоа што се посветени на своите желби, тежнеења и цели. Знаат да бидат повлечени личности и волци-самотници и често имаат „моменти“ кога самите на себе си се доволни.

Познати во знакот Рак:

Жизел Бундшен, Даниел Реткилф, Џесика Симпсон, Селена Гомез, Софија Вергара, Вин Дизел, Аријана Гранде, Лук Брајан, Кристин Бел

Лав

Храброст, тврдоглавост и харизма се особините со кои се карактеризира овој хороскопски знак. Лавовите со својата огромна самодоверба прават другите луѓе да ги доживуваат како лидери и како личности од доверба. Имаат одлична смисла за хумор и другите ги сметаат за забавни личности кои секогаш се зафатени и најчесто се наоѓаат на раководна позиција.

Познати во знакот Лав:

Џенифер Лоренс, Бен Афлек, Џенифер Лопез, Мадона, Хали Бери, Мила Кунис, Барак Обама, Шерлиз Терон, Шон Пен

Девица

Девиците се аналитични, интуитивни и многу љубопитни. Не се плашат да ги искажат јасно своите размислувања, ставови и не поднесуваат авторитети. Тие се големи борци за правда и често на другите им служат за исповедување и советување. Паметат сè и ако некој ги повреди му враќаат трипати повеќе.

Познати во знакот Девица:

Бијонсе, Камерон Дијаз, Блејк Леви, Рајан Филипе, Џенифер Хадсон,Ник Џонас, Леа Мишел

Вага

Вагите се шармантни личности со стил и многу емотивни. Поверојатно е дека ќе избегнуваат кавги отколку да си ги бранат своите ставови и аргументи. Посветуваат големо внимание на изгледот. Сакаат убави, луксузни и скапоцени работи.

Познати во знакот Вага:

Ким Кардашијан, Ашер, Гвинет Палтру, Еминем, Хилари Даф, Кејт Винслет, Зак Ефрон, Гвен Стефани, Вил Смит

Скорпија

Скорпиите се полни со самодоверба, јаки и цврсти личности кои цврсто стојат на земја. Често не сфатени од околината затоа што никогаш не се под туѓо влијание, туку секогаш си ги бранат своите ставови. Не се срамежливи и сакаат предизвици. Посебно кога е љубовта во прашање.

Познати во знакот Скорпија:

Кети Пери, Рајан Рејнолдс, Рајан Гослинг, Скарлет Јохансон, Леонардо ДиКаприо, Ен Хатавеј, Ема Стоун

Стрелец

Стрелците се по природа авантуристи и оптимисти кои сакаат предизвици. Имаат големи соништа и проблем со трпеливоста. Сакаат сè одма и сега.

Познати во знакот Стрелец:

Бритни Спирс, Бред Пит, Ники Минаж, Тајлор Свифт, Мајли Сајрус, Џеј Зи, Тина Тарнер

Јарец

Јарците се практични личности, многу организирани и стрпливи. Сакаат да филозофираат, тие се верни пријатели и борци за правда. Себеси си поставуваат високи цели и нема да запрат додека не се искачат на самиот врв.

Познати во знакот Јарец:

Кејт Мидлтон, Бренди Купер, Џеред Лето, Кејт Мос, Сиена Милер, Мишел Обама, Орландо Блум, Нина Добрев, Ентони Хопкинс

Водолија

Водолиите се уметнички настроени личности, но се многу проникливи. Имаат добра комуникација со луѓето и се одлични советници. Луѓето често ги прашуваат за мислење и совет.

Познати во знакот Водолија:

Џастин Тимберлејк, Џенифер Анистон, Ештон Кучер, Парис Хилтон, Шакира, Кери Вашингтон, Хери Стајлс

Риби

Родените во овој знак ги краси искреност, несебичност и самодоверба. Многу се сензитивни и многу лесно може да ги повредите. Тие се во состојба да се расплачат од најмала критика, а не си ги простуваат ниту своите ниту туѓите грешки. Не се површни и размислуваат длабоко пред да почнат да делуваат.

Познати во знакот Риби:

Дру Баримур, Џастин Бибер, Ријана, Адам Левин, Џесика Бил, Даниел Крег, Оливија Вајлд

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2015 во 15:43
нешто ми збореше, дека имам нешто заедничко со џенифер
едно е - не се две
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2015 во 09:07

Кои 3 хороскопски знаци најмногу лажат?


oi-3-horoskopski-znaci-najmnogu-lazat.jpg

Дали некогаш добро сте се „изгореле“ затоа што сте се довериле на некој од пријателите, а потоа за ова дознал кој треба и кој не треба?

Проверете да не случајно сте си имале „работа“ со овие знаци, или можеби сте еден од нив.

Близнаци

Во еден момент се во состојба да ви ветуваат брда и долини. Ветувањето дека ќе ве заштитат и дека ќе ви помогнат во секое време – заборавете го веднаш. Нивните чувства се моментални и имаат краток рок на траење. Ако вашиот договор е врзан со временски рок, сметајте дека Близнакот нема да се појави. Мислите им се конфузни и често забораваат што се договориле и што ветиле. Ако им се доверите, немојте да очекувате дека тајната ќе ја „понесат во гроб“. Често прават работи зад грб и важат за личности кои не се верни на своите партнери.


Вага

Не затоа што е склона на лаги, Вагата ќе ве изневери затоа што нејзините одлуки се менуваат како што дува ветерот. Таа е во состојба да го промени мислењето со брзина каква што не можете да насетите. Ако нешто ви ветила, незината друга половина од мозокот во истиот момент го сменила мислењето. Кога ќе сфатите дека сте изиграни и Вагата ќе се почувствува загрижена, па ќе смисли еден куп изговори и оправданија.


Риби

Лажат – сушат! Тие живеат во своите илузии и почнуваат да веруваат дека се вистинити. Ако успеете да ги разбудите од сонот во кој живеат и им објасните дека се лажат и себе си и околината, слободно простете се од нив затоа што не сакаат никој да им соли памет. Соочувањето со вистината не им оди од рака. А „симнувањето на маската“ сериозно го загрозува нивниот идентитет.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2015 во 08:51

Хороскоп од претходниот живот: Кои биле вашите стравови и што сте научиле од нив?


Грешките од овој живот можеби не можете да ги исправите, но претходниот живот сигурно ви оставил по некоја мудрост.

vintage-clock-photography-wallpapers_background-images-8.jpg

Хороскопот од претходниот живот сега ги открива сите стравови, страсти и лекции кои ви се пренеле во овој.

Овен

Во претходниот живот сте биле емотивно неодлучни и зависни од другите, па сега е важно да преземете иницијатива на ова поле, да инсистирате врз своите желби и потреби, за да си го пронајдете изгубениот идентитет. Сепак, не одете во друга крајност, затоа што претераната самостојност лесно прераснува во егоизам. Упорноста и вербата во себе е она што ви е најпотребно.


Бик

Во минатиот живот сте минале низ големи стравови, патења, но и големи страсти. Сегашниот живот ви е даден како прилика да се стабилизирате и приземјите. Стабилноста, истрајноста и праксата се од клучно значење. Време е да му дозволите на духот да се покаже во пракса, затоа што само така ќе созреете и ќе ги заборавите непријатностите од минатото.


Близнаци

Во минатиот живот сте имале проблеми со лошата комуникација. Овој живот ви е прилика да видите колку е важно да го кажете она што го чувствувате. Исправете ги пропуштените прилики за да се остварите на емотивен план. Посесивноста, оддалечувањето од блиските и повлекувањето во свој свет  се најголемите проблеми кои ви се случуваат, а може да ги решите исклучиво со правилна комуникација.


Рак

Во овој живот учите како да бидете приврзани и постојани, за површината и немирниот дух од минатиот живот да ги претворите во силна поддршка. Без оглед на тоа како делувате однадвор, вашата внатрешна природа е мека. Во овој живот имате шанса да ги сфатите семејните односи, па затоа за вас најважни се родителите и децата. Но, не заборавајте и на себе.


Лав

Во минатиот живот сте сакале без многу пребирање, но сега мора да научите емотивната енергија да си ја насочите само кон одредени луѓе и области кои ви се значајни. Имате детска среќа и често сте во центар на вниманието. Но, немојте да бидете гневни кога нема да ви се покаже доволно внимание. Вашата лекција која треба да ја совладате во овој живот е самодовербата и самопочитувањето.


Девица

Овој сегашен живот ве учи да имате право на избор на работите кои ве задоволуваат, како и дека емоциите се градат постепено, чекор по чекор. Мора да научите да не се потпирате на другите, туку само на себе. Чувството на вина ве прати од минатиот живот. Ослободете се од него што поскоро.


Вага

Во минатиот живот сте имале проблем во однос на другите луѓе, како и со спротивниот пол, па во сегашниот може да ве плаши стравот од луѓе и нивните скриени намери. Имате одбивност кон тимската работа и довербата, токму од оваа причина. За да си ја поправите таа грешка, овој живот ви нуди многубројни љубовни партнери и голем круг на пријатели, за да си ја подобрите хармонијата.


Скорпија

Во себе носите нерационални стравови од минатото, вклучувајќи го стравот од болка, патење и губење на најблиските. Затоа во овој живот знаете да бидете посесивни кон луѓето кои ги сакате, па несвесно пробувате да ги задржите што поблиску до вас. Интуицијата исто така ви е патоказ за патот по кој би требало да одите и не треба да ја игнорирате.


Стрелец

Во сегашниот живот сте дојдени за да ги разбиете предрасудите и да научите да бидете пофлексибилни и да ја пронајдете својата слобода. Толеранцијата е клучот на среќата во овој живот, па затоа за вас најважни се патувањата, запознавањата на различни култури и модели на однесување и верувања.


Јарец

Искуствата од минатиот живот сега ве ставаат во конфликт со авторитетот, па се нервирате кога другите не контролираат или сакаат да ви ги искористат слабостите. Во сегашниот живот учите да си бидете сами на себе авторитет, како и да бидете поодговорни кон своите и туѓите емоции. Овој живот ви е даден за да научите дека одговорноста и дисциплината не секогаш значи студенило или дистанца.


Водолија

Во минатиот живот сте биле сведоци на љубомора и посесивност, па предизвик во овој живот ви е да ги одвоите лажните слики, посесивноста и љубомората од луѓето кои ги сакате. Морате да си пружате слобода на себе и на другите. Ваша задача која одлично ја извршувате во овој живот е воспоставувањето на пријателски односи, хуманост и толеранција.


Риби

Во минатиот живот недоволно сте ги ценеле емоциите и не сте имале време за да им се препуштите. Затоа сегашниот живот ви е даден да си ја поправите грешката. Тука сте да научите дека емотивното отворање на душата е почеток на сите убавини.



Изменето од Valerija - 05.Август.2015 во 08:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2015 во 22:02
Ова се трите најпаметни хороскопски знаци – Дали сте меѓу нив?

Да се биде паметен не е само прашање на интелегенција. И исклучително паметните луѓе се склони кон моменти на глупост, но повеќето време тие имаат тенденција да делуваат попаметно.

Близнаци

Уште од мали нозе сакаат да истражуваат и да испитуваат. Многу се љубопитни по природа, па ги интересираат многу работи од различни области, иако најчесто се наклонети кон уметноста. Тие се многу интелегентни па оттаму произлегува и нивната духовитост и проникливост.

Поради таа причина, секогаш се опкружени од луѓе со кои можат да водат когнитивни разговори, а исто така бараат и интелегентен партнер со кој ќе можат да разговараат за се`, затоа што различни приказни ги исполнуваат.


Шкорпија

Ниеден хороскопски знак не е толку прониклив и интуитивен како Шкорпијата. Речиси не постои работа во која нивниот продорен поглед и шесто сетило не можат да продрат. Тие секогаш тежнеат во се` да почувствуваат длабочина, да влезат под површината и да ја видат вистинската смисла. Со нив не се обидувајте да манипулирате затоа што тие се оние кои го прават тоа, а многу лесно ги сфаќаат намерите на другите луѓе.


Стрелец

Тие имаат турбулентната и љубопитна природа како Близнаците и секогаш имаат потреба да знаат повеќе и често делуваат делуваа прилично несериозно. Меѓутоа, тие се и тоа како проникливи и добро знаат да ја проценат ситуацијата. Многу се друштвени и знаат како да се однесуваат со луѓето.

Не им е проблем уште на прв поглед да придобијат симпатии кога ќе се најдат во ново друштво, а исто така можат да проценат кој е кој. Меѓу припадниците на овој знак има многу научници, а математиката и воопшто природните науки им се посилна страна. Сакаат да вложуваат во себе и во својот интелект во текот на целиот живот.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2015 во 15:05

Која ТВ серија ви ја препорачуваме според хороскопскиот знак?


Моментално сериите го доживуваат својот ек. Доколку и вас ве зафати оваа манија, ние можеме да ви понудиме краток избор на серии кои се базираат на вашиот хороскопски знак.

koja-tv-serija-vi-ja-preporachuvame-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Овен

Овните сакаат драми и мелодрами. За нив се препорачуваат шоу програми и серии кои ги прикажуваат луѓето во најдобро и во најлошо светло.

Препорачуваме:

„Inside Amy Schumer“, „Grey’s Anatomy“, „Empire“, „The 100“, „Bloodline“

koja-tv-serija-vi-ja-preporachuvame-spored-horoskopskiot-znak-02.jpg


Бик

Уживаат во серии кои траат по неколку сезони и серии каде се прикажува убавина во секоја смисла.

Препорачуваме:

„The Americans“, „Doctor Who“, „American Crime“, „The Big Bang Theory“, „Law & Order“

koja-tv-serija-vi-ja-preporachuvame-spored-horoskopskiot-znak-03.jpg


Близнаци

За нив се серии преполни со заплети, пресврти и драми.

Препорачуваме:

„Game of Thrones“, „Elementary“, „The Walking Dead“, „Girls“, „True Detective“

koja-tv-serija-vi-ja-preporachuvame-spored-horoskopskiot-znak-04.jpg


Рак

Тие ќе уживаат гледајќи серии каде се прикажани ликови со цврсти карактери.

Препорачуваме:

„Mad Men“, „Rectify“, „iZombie“, „Daredevil“, „The Good Wife“

koja-tv-serija-vi-ja-preporachuvame-spored-horoskopskiot-znak-05.jpg


Лав

Тие сакаат серии каде ќе можат да научат како да си подобрат своите лидерски способности.

Препорачуваме:

„Jane the Virgin“, „Unbreakable Kimmy Schmidt“, „Black-ish,Transparent“, „Girlfriends’ Guide to Divorce“.

koja-tv-serija-vi-ja-preporachuvame-spored-horoskopskiot-znak-06.jpg


Девица

Нив ги воодушевуваат забавни серии, каде лесно ќе сфатат каков е ликот и кои се неговите намери.

Препорачуваме:

„Broad City“, „Modern Family“, „Nashville“, „The Mindy Project“, „Nurse Jackie“

koja-tv-serija-vi-ja-preporachuvame-spored-horoskopskiot-znak-07.jpg


Вага

Романтични серии кои будат копнежи ќе биде изборот на мечтателската душа на вагата.

Препорачуваме:

„Orange Is the New Black“, „The Last Man on Earth“, „Reign“, „Better Call Saul“, „The Vampire Diaries“

koja-tv-serija-vi-ja-preporachuvame-spored-horoskopskiot-znak-08.jpg


Скорпија

Ќе уживаат во серии каде главниот лик е прикажан како цврста и решителна личност.

Препорачуваме:

„Scandal“, „Orphan Black“, „The Affair“, „The Royals“, „Bates Motel“

koja-tv-serija-vi-ja-preporachuvame-spored-horoskopskiot-znak-09.jpg


Стрелец

За нив се серии каде главниот лик има необичен пристап кон животот и со експлицитна и црна смисла за хумор.

Препорачуваме:

„Silicon Valley“, „Shameless“, „It’s Always Sunny in Philadelphia“, „Togetherness“, „Barely Famous“

koja-tv-serija-vi-ja-preporachuvame-spored-horoskopskiot-znak-10.jpg


Јарец

Идеални серии за овој знак се оние каде ликовите цврсто се борат за своите желби и цели и од кои никогаш не се откажуваат.

Препорачуваме:

„Vikings“, „Hannibal“, „Ray Donovan“, „The Returned (on Sundance)“, „Arrow“

koja-tv-serija-vi-ja-preporachuvame-spored-horoskopskiot-znak-11.jpg


Водолија

Треба да гледаат серии кои се преполни со мистерии и интриги.

Препорачуваме:

„Pretty Little Liars“, „Penny Dreadful“, „Brooklyn Nine-Nine“, „Supernatural“, „How to Get Away With Murder“

koja-tv-serija-vi-ja-preporachuvame-spored-horoskopskiot-znak-12.jpg


Риби

Ќе уживаат во серии кои се базирани на човекова емпатија и интуиција.

Препорачуваме:

„Portlandia“, „Downton Abbey“, „The Bachelorette“, „Outlander“, „The Fosters“

koja-tv-serija-vi-ja-preporachuvame-spored-horoskopskiot-znak-13.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2015 во 15:02

ОВА Е МРАЧНАТА СТРАНА НА ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ

21

Сите ние имаме светла и темна страна, прочитајте кои се вашите мрачни карактеристики..

ОВЕН

Кај првиот хороскопски знак гордоста и арогантноста наоѓаат плоден терен. Овните се полни со себе, па за нив да се учестува во нешто секогаш значи да се биде прв – прв на целта, прва класа, прва лига… Скромноста е непознат збор за Овните. Покрај ова, тие се прилично посесивни, но на некој начин и дарежливи. Подготвени се да направат се за да бидат во центарот на вниманието. Но во една работа сепак се држат подобро од другите знаци, им завидуваат само на најмоќните. Бидејќи се водат од нагоните многу се осветољубиви, а за да го избегнат чувството на губиток често се дружат со луѓе кои не претставуваат закана за нивната позиција.

Водени од Марс, богот на војната лесно можат да се разбеснат. Имаат агресивен карактер, но за среќа бесот не ги држи долго. Мрлезивоста за нив е непозната, бидејќи речиси секогаш имаат вишок на енергија.

 

БИК

Биковите не ги красат само горделивоста и надуеноста. Тие се многу амбициозни и не сакаат да се споредуваат со кого било. Сакаат да се фалат со своите материјални добра и со успесите на своите деца. За нив не може да се каже дека се скржави, но кога се работи за подарување на други луѓе се претпазливи, а кон семејството и сопствените потреби се прилично великодушни.

Под влијание на Венера безрезервно учествуваат во сите видови на животни задоволства, почнувајќи од сексот. Нивните чувства лесно можат да се разбудат, тие се страствени и романтични лица, но истовремено и љубоморни и нетолерантни. Им завидуваат на лицата кои располагаат со многу добра, а тоа ги поттикнува да работат повеќе со цел да не го изгубат контактот со лукзусниот живот. Ги сакаат задоволствата кои им ги пружа богатата трпеза, а од време на време со храна ги компензираат внатрешните и другите задоволства.

Што се однесува до гневот, поседуваат голема толеранција и долго можат да молчат, но кога ќе екслодираат подобро да не бидете во нивна близина. Љубители се на удобноста и тишината, па лесно можат да станат мрзеливи како вистински пример за пасивна издржливост.

 

БЛИЗНАЦИ

Близнаците се мајстори за „маскирање“, па пред другите се претставуваат онака како што им одговара во одредена ситуација. Уживаат во трошење пари, луксузни и екстравагантни патувања. За нив не може да се каже дека се скржави, освен кога се работи за нивните чувства, бидејќи се плашат од врзување. Непознатото е вистински предизвик за нив. Копнежот и страста не ги познаваат добро, па сметаат дека е во ред да го освојуваат и восхитуваат својот плен само како дел од една голема игра. Не се завидливи, но во моменти на конфликт им завидуваат на оние кои се посреќни од нив. Сакаат да играат игри, сејат неслога меѓу колегите, се забавуваат озборувајќи, а им завидуваат само на оние кои знаат да чуваат тајни.

Знаат да бидат прилично нервозни и раздразливи. Резулатот од сево ова е бес и бескорисно губење на енергија. Не сакаат многу обврски, често се инаетат и стануваат мрзеливи кога некој ги тера да направат нешто против нивна волја.

 

РАК

Ракот е најчувствителниот знак во зодијакот. Иако не се полни со себе, сепак понекогаш оддаваат таков впечаток за да не ја покажат својата ранливост. Внимаваат како ги трошат парите, иако не се скржави. Раковите не можете да ги наговорите на неразумно трошење и многу се разумни во купувањето. Под нивната романтична фасада се крие возвишена сексуалност. Бидејќи се срамежливи не го покажуваат своето вистинско лице барем до моментот кога ќе се почувствуваат потполно сигурни во партнерот. Тогаш полека стануваат страствени.

Често им завидуваат на безчувствителни лица бидејќи мислат дека тие помалку страдаат. Всушност им завидуваат на сите кои се упорни и се борат за својата иднина. Како и на оние кои имаат добро семејство, кои максимално ги заштитувало.

Кога се чувствуваат разочарани, запоставени, несакани и несфатени лесно се разлутуваат и нагло го менуваат расположенито, па стануваат агресивни и бесни. Повеќе од се ги лути кога некој го омаловажува нивното семејство или потекло. Иако имаат потенцијал за социјален успех, порадо би останале во сенка и сонувале со отворени очи, бидејќи се по малку мрзеливи и страшливи за борба во првите борбени редови.

 

ЛАВ

Себељубството често знае да ги заслепи. Бидејќи веруваат дека се најдобри очекуваат другите да им се поклонуваат. Непотребно е да се нагласи дека во тоа се прилично успешни. Суетата и вообразеноста се нивните најистакнати особени.

Лавовите не знаат да штедат и купуваат се што ќе посакаат. Им завидуваат на лицата кои се опкружени со скапоцени предмети.

И во постелата мислат дека се најдобри. Лавицата сака да и се доворуваат, а лавот сака харем кој ќе ги задоволи неговите потреби. Лавовите се неверојатно лакоми. Љубоморни се единствено на предметите и материјалните добра кои другите ги поседуваат.

Кога некој им се спротиставува стануваат немоќни и нетолерантни. Всушност тие се тирани кои имаат потреба од жртви, па бесот не им е непознат. Кај нив мрзеливоста е присутна, но минлива. Долго време можат да бидат неподвижни и усмерени единствено кон своите потреби.

 

ДЕВИЦА

Девиците се исклучително несигурни. Но за да ги залажат другите знаат да покажат арогантност. Патат од комплекс на помала вредноста и често се плашат дека не се дораснати на одредена ситуација. Внимателни се во трошењето, а кога ќе кажат дека ќе купат нешто прво обиколуваат многу продавници и ги анализираат сите опции, а дури потоа купуваат. Кон другите се скржави, а кон себе се малку попустливи.

Страста не им е најсилна страна. Информирани се за сите техники на блуд и радо експериментираат пред да стапат во некоја љубовна акција. Завидни се на храброста, убавината и богатството на другите.

Девиците се многу педантни, внимаваат на хигиената и општиот впечаток кој го оставаат. Благодарејќи на долго вежбаната самоконтрола ретко ја губат смиреноста. Кога ќе се вознемират не викаат, туку користат иронија знаејќи дека зборовите повредуваат повеќе од гестовите. Така го искажуваат својот бес. Поседуваат завидно ниво на одговорност, хиперактивни се и секогаш се плашат дека нешто не направиле доволно добро. Кога се чувствуваат осамено и напуштено стануваат ментлано мрзеливи.

 

ВАГА

Вагите се арогантни и препотентни, но со стил. Нивната личност има различни нивоа, па полни со себе стануваат само во моментите кога им судат на „обвинетите“. Со задоволство трошат големи суми на пари за да се опкружат со убави нешта. Бидејќи се суетни купуваат само префинети нешта, какви што сакаат да бидат и тие самите. Штедат само кога се плашат од губење на балансот.

Во еротиката се многу префинети и големи естети. Аристократи се во креветот, а по додворувањето се препуштаат на фантазиите и не се штедат кога станува збор за игри на задоволство.

Вагите не им завидуваат на другите кои успеале да ја пронајдат стабилноста и кои живеат во хармонија со себе. Ако се среќни не чувствуваат љубомора кон другите среќници, а ако се сами тогаш стануваат љубоморни.

Бесни се кога ќе забележат неправда врз себе и другите. Ги иритира неможноста да се оствари некоја нивна желба. Ако дознаат дека се измамени во љубовта губат контрола. Нејтешко им е да донесат одлука, бидејќи тоа значи дека треба да исклучат некого или нешто, па затоа долго размислуваат.

 

СКОРПИЈА

Горделиви се до неверојатни размери, способни долго да молчат, а веќе во следниот момент да покажат непримерна агресивност. Не се предаваат, арогантни се, полни со себе и способни во целост да го уништат противникот. Не спаѓаат помеѓу најширокоградите астролошки знаци, бидејќи даваат за да добијат за возврат, иако не се скржави. Кога станува збор за страста, спаѓаат во најнезаситните, најљубоморните и најпосесивните знаци. Ги познаваат сите тајни на ерос и се препуштаат на страста без граници. Завидни се кога некој друг има моќ и кога некој е незаслужено богат.

Раздразливи се и во состојба се да им приредат сцена на оние кои им се спротиставиле. Кога се лути стануваат агресивни и склони на физички пресметки. Спијат малку и поседуваат внатрешна сила за совладување на тешките проблеми. Работохоличари се кои не губат време.

 

СТРЕЛЕЦ

Нивна главна карактеристика е самодовербата, а некои тоа го доживуваат како себељубство. Повеќе сакаат да даваат наредби отколку да слушаат. Јупитер им дава одлики на широкогради алтруисти, па затоа не се штедливи, но ако останат без пари стануваат несреќни.

Освојувањето го сакаат повеќе од блудот. Обожаваат да ја фасцинираат жртвата, нагли се и не познаваат префинетост во еротиката, туку анималистична глад.

Премногу се широкогради и полни со себе за да бидат завидни. Единствено чувствуваат завист кога некој ги победува во спортот или животот, бидејќи не знаат да губат.

Нивниот бес е краткотраен, но интензивен. Непоправливи идеалисти се и патат кога некој од нивните пријатели ќе ја искористи нивната искреност.

 

ЈАРЕЦ

Вообразени се, амбициозни, сакаат да даваат наредби, а од гордост не прифаќаат компромиси. Сепак, вешто знаат да го скријат својот тирански карактер бидејќи добро се контролираат самите себеси. Многу се внимателни во трошењето и доволно скржави за да им дадат нешто на другите, бидејќи ги гледаат како противници. Бидејќи се ладни и создржани, можат да бидат настрани љубовници. Влегуваат точно во центарот на блудноста.

Марс, богот на војната, во Јарец го дал својот максимум. Иако знаат да се контролираат понекогаш знаат да бидат експлозивни и да покажат незапирлив бес. Нивната суровост не познава граници. Поради големите амбиции и зафатеноста на професионален план неспособни се за легачење, иако понекогаш изгледаат мрзеливи. Како на пример кога треба да покажат емоции, но кога станува збор за секс можат да издржат со саати.

 

ВОДОЛИЈА

Секоја Водолија има некоја област во животот во која мисли дека е посебна и најдобра. Тоа може да биде и нешто банално, но нив им е многу битно. Кога ги бранат своите идеи стануваат сосема поинакви личности. Всушност Водолиите се интелектуални снобови и често се полни со себе. Мудри се и вниматели во трошењето, но и великодушни кон пријателите на кои секогаш се подготвени да им се најдат. Сакаат да трошат многу и не се скржави.

Склони се кон гревови во разни еротски варијатни, мачејќи ги другите со своите фантазии кои ним им се незамисливи. Лакомоста и ненаситноста се атрактивен поим за нив, како во креветот така и на софрата. Не се имуни на мрзеливост, иако успеваат да ја победат кога станува збор за големи активности.

 

РИБИ

Рибите се пречувствителни и потонати во својот свет од соништата, се стремат кон духовни квалитети, а полни се себе затоа што мислат дека успеваат да се издигнат над материјалниот свет. Нивната чувствителност ги наведува да стават арогантна маска. Не се скржави, а кон себе се и повеќе од расипници. Нивната блудност е нагласена бидејќи кај нив Венера е особено нагласена. Страствени се, имагинативни и со малку мазохизам во моментите на екстаза.

Кога станува збор за зависта, им завидуваат на оние кои не губат време во трката да го постигнат она што го сакаат во животот. Не се освојувачи и не ја познаваат агресивноста, ниту пак храброста во напаѓачка смисла. Но се бранат со речиси хистеричен бес. Мрзеливи се и пасивни како никој друг на Земјата. Настојуваат обврските да ги префрлат на друг и бескрајно уживаат во слободното време.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2015 во 20:29
е доста не бираа...

време е да бираме..

пс. зш ме нема у паметните?   

Изменето од outlook123 - 11.Август.2015 во 20:31
едно е - не се две
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2015 во 20:47
Хммм...очекував многу помрачни откритија за Вагаголема насмевка
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2015 во 21:50
ribite se za otkritija..
едно е - не се две
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 09:02

Идеален веренички прстен според хороскопскиот знак


Дали верувате во моќта на ѕвездите? Дали сте енергични и оптимистични како Овните или независни и мудри како Водолиите? Токму вашите карактеристики одредени од хороскопскиот знак може да го одредат и вашиот идеален веренички прстен.

idealen-verenicki-prsten-spored-horoskopskiot-znak-0001.jpg

Кој дијамант или друг скапоцен камен одговара на вашата личност според хороскопскиот знак?


Овен

Овните се личности полни со самодоверба. Тие се големи авантуристи и уживаат да бидат во центарот на вниманието. Другите ги гледаат како возбудливи и дружељубиви личности.

Токму затоа, за нив идеален веренички прстен е маркиз дијамантот кој се препорачува на смели личности кои се полни со самодоверба. Овој прстен со сигурност нема да пројде незабележано на нивната рака.

idealen-verenicki-prsten-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg


Бик

За жените кои се родени во знакот на Бик се вели дека се тврдоглави, своеглави и истрајни, посебно во ситуации кои на другите им се чинат како безизлезни. Тие никогаш не се откажуваат дури и за оние работи за кои другите „креваат раце“. Сакаат рутина и едноставност и лесни се за соработка, но знаат да бидат и темпераментни.

Идеален прстен за нив е овалниот дијамат кој има уникатен облик.

idealen-verenicki-prsten-spored-horoskopskiot-znak-02.jpg


Близнаци

Близнаците се љубопитни и секогаш сакаат да бидат главни во ситуациите кои се случуваат околу нив. Тие се со ведар дух и лесно се прилагодуваат на сечиј карактер.

За нив најдобро е да се одбере нешто што сјае и светка, бидејќи тие се луѓе кои пленат со својата личност и сакаат да уживаат.

idealen-verenicki-prsten-spored-horoskopskiot-znak-03.jpg


Рак

Раковите често ги доживуваме како контрадикторни личности, но сè што посакуваат е комфор и сигурност. Понекогаш се склони кон авантури. Нивната мирна надворешност често крие силна личност. Тие се чувствителни личности кои тежнеат да сакаат некого до крајот на својот живот.

Согласно си нивната сензуалност најдобро е да одберете прстен со необичен дизајн кој совршено одговара на нивната природа.

idealen-verenicki-prsten-spored-horoskopskiot-znak-04.jpg


Лав

Жените Лавови се посесивни и би сакале да го поседуваат целиот свет. Тие се големи борци и на се гледаат како на битка, без разлика на тоа дали се работи за нивната кариера или љубовниот живот, Лавовите се шармантни и привлечни личности кои сакаат да бидат во центарот на вниманието.

Совршен избор за овие страствени личности е прстен од жолто злато.

idealen-verenicki-prsten-spored-horoskopskiot-znak-005.jpg


Девица

Девиците се личности кои постојано и логички размислуваат. Темелни се и речиси секоја ситуација детално ја анализираат пред да донесат одлука. Нивната воздржаност крие личност која постојано размислува и чија цел е постојано напредување.

За овие личности кои секогаш се беспрекорно организирани најдобар избор на прстен  е модерниот „Ашер“ дијамант кој е сличен на смарагдот.

idealen-verenicki-prsten-spored-horoskopskiot-znak-06.jpg


Вага

За жените кои се родени во овој знак важи правилото дека се едноставни и дипломатски настроени. Секогаш тежнеат да ја исправат секоја неправда, смирени се и праведни. Тие се креативни, интелигентни и сакаат промени.

Прстенот со крушкаст облик со неочекуван изглед е одличен избор кој совршено прилега на вагите.

idealen-verenicki-prsten-spored-horoskopskiot-znak-07.jpg


Скорпија

Скорпиите на прв поглед изгледаат како смирени личности, но под нивната површина се крие цврста личност која е полна со страст и емоции. Сакаат да го знаат одговорот на секое прашање и не се срамат да поставуваат секакви прашања. Скорпиите се посветени и лојални личности кои сакаат да доминираат.

Нема ништо подобро од дијамантот во облик на срце со кој ќе и ја покажете вечната љубов на оваа личност.

idealen-verenicki-prsten-spored-horoskopskiot-znak-08.jpg


Стрелец

Жените родени во овој знак се позитивни и срдечни. Често се чини дека се родени под среќна ѕвезда и дека среќата нив ги прати цел живот. Љубопитни се и целиот свој живот го поминуваат во сонување за прекрасна иднина. Фокусот им е на позитивната енергија и избегнуваат негативни луѓе.

Прстенот од чисто бело злато украсен со син сафир е идеален избор за дамите родени под овој знак.

idealen-verenicki-prsten-spored-horoskopskiot-znak-09.jpg


Јарец

Јарците се многу амбициозни и за нив важи правилото „трипати мери, еднаш сечи“. Не се впуштаат во ниту една ситуација без добро да размислат. За жените кои се родени во овој знак идеален партнер е оној кој ужива во предизвици, бидејќи не влегуваат лесно во врска.

За жената која е моќна и се стреми кон успех, идеален камен е смарагдот.

idealen-verenicki-prsten-spored-horoskopskiot-znak-10.jpg


Водолија

Жените родени во овој знак не неконвенционални и нив ги стимулира интелигенцијата. Работите ги согледуваат од сите агли и сакаат нови искуства. Овие личности често се на лидерски и менаџерски позиции поради своите вербални способности.

За овие моќни личности најдобро е да одберете прстен од бело злато на чиј врв се наоѓа дијамант во необичен облик.

idealen-verenicki-prsten-spored-horoskopskiot-znak-11.jpg


Риби

Рибите се интуитивни и мирни личности кои ги интересира спиритуалното, но пред се тие се личности кои се полни со разбирање за другите. Избегнуваат расправии во секоја смисла на зборот и често сакаат да фантазираат за да побегнат од реалноста.

За овие жени кои се секогаш среќни и убаво расположени изберете прстен од бело злато со необичен дизајн.

idealen-verenicki-prsten-spored-horoskopskiot-znak-12.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 09:51
Originally posted by outlook123 outlook123 напиша:

ribite se za otkritija..

Ова ме погоди...Дури ме навреди
Ама не замерувај тоа од пречуствителноста ќе да е.
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2015 во 19:36
zamerka

nie , mislam lavovite

nemame losha namera, ama ete ne svesno navreduvame.. i pogoduvame

a treba da ni se prostuva

zoshto, ete-

imame dobro srce

Изменето од outlook123 - 13.Август.2015 во 19:44
едно е - не се две
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 131132133134135 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.