IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 130131132133134 157>
Автор
Порака
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2015 во 22:53
На очи ти е,слика имам од него.
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2015 во 22:58
ами на боговите се им е пред очите
едно е - не се две
Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2015 во 23:09
Стрелец - секси

Спонтани и запалени фрикови во кревет. Ретко се наоѓаат. Супер во долги врски. Незаборавни во кревет. Се што сакаат - добиваат. Си имаат свои начини. Кажавме дека се одлични во кревет? НАЈДОБРИ.


бре,бре,бре...абре-дебре...држ-недај
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
д4 б3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1206
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај д4  б3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2015 во 23:21
си попуштил и "скромни" бе
old d4b3
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2015 во 16:11

ХОРОСКОП: КОЈА Е ВАШАТА БЕЗОБРАЗНА СТРАНА?

11

Во само неколку зборчиња ќе успееме да откриеме која е вашата безобрана страна. Кој е лажго, кој им повеќе љубовници, а кој обожава да доминира?

Овен – лажгo/a

Сака да излегува. Мил е и спонтан. Само не се закачајте со него. Еротичен. Смешен. Кога сте во кревет ќе ве однесе на седмо небо. Се бакнува фантастично. Сака долги врски. Гласен е. Предизвикува зависност.


Бик – евтин/a и лесен/а

Агресивен. Настран во кревет. Ретко се пронаоѓа. Сака да биде во долги врски. Жестоко се бори за она што го сака. Духовит. Најсексапилен партнер. Пружа бакнежи кои се паметат.


Близнаци – тројката им е средно име

Љубовници кои ако им стапнете на нерв ќе ве онесвестат. Одлични во кревет. Вечно среќни. Гласни. Комуникативни. Сакаат излегувања. Простуваат. Неодоливи се.

Рак – сладок

Сексапилни до болка. Чиста петка во кревет. Романтични и грижливи. Креативни. Целосно непредвидливи и горди на тоа. Спонтани. Луѓе кои вреди да ги имате покрај себе.


Лав – богови на љубовта

Бакнежи, кревет и страст – со нив ќе потрошите многу презервативи и ќе заборавите дека постои храна и вода. Опуштени. Знаат да се забавуваат. Непредвидливи и полни со љубов. Привлечни. Сакаат кога нивното е последно. Тешки за да ги задржите.


Девица – доминантна

Секогаш доминира. Тотално луда во кревет, но грижлива. Интелигентна. Верна. Тешка за заборавање. Верува во љубов на прв поглед. Се што некогаш сте посакувале.

Вага – досадни љубовници

Убави и романтични. Откачени, забавни и привлечни. Имаат уникатен сексапил. Неодоливи, но мрзеливи во кревет. Ако вие немате идеја, тешко дека Вагата ќе ви ја даде.


Скорпија – зависник од секс

Понекогаш злобни. Полни со енергија. Еротиката зрачи од нив. По првата доза, секогаш се враќаат по уште една. Ставот им е „пријателе, се е лесно и возможно“. Она што ќе го добиете од нив, не можете ни да го замислите.


Стрелец – секси

Спонтани и запалени фрикови во кревет. Ретко се наоѓаат. Супер во долги врски. Незаборавни во кревет. Се што сакаат – добиваат. Си имаат свои начини. Кажавме дека се одлични во кревет? НАЈДОБРИ.

Јарец – страствени

Сакаат да се фалат. Често пати дрски. Интелигентни. Неодоливи. Секогаш го добиваат тоа што го сакаат. Сакаат да се шегуваат. Сакаат да се први во се, посебно во сексот. Паметни.


Водолија – сака во вода

Може да им се верува. Секси и одлично се бакнуваат. Сакаат долги врски. Ги надминуваат и најпозитивните очекувања. Ако влезете во вода со нив – ќе зовриете и ќе излезете воодушевени.


Риби – претерано згодни

Грижливи и фини. Во центар на вниманието. Забави. Неисцрпен извор на сексуална енергија. Феноменална смисла за хумор. Партнери за цел живот. Популарни благодарение на доброто тело.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2015 во 12:32

ЧЕТИРИТЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ОД КОИ МОЖЕТЕ ДА ОЧЕКУВАТЕ ДОЛГА ВРСКА

24

1.Бик – Еден од знаците кои се карактеристични пред се со својата упорност, тврдоглавост, но и амбиција. Бикот во врската е многу стабилен и внимателен.Ужива во долги врски, не сака флерт и забава со други партнери. Тој е целосно оддаден на врската, посветува внимание и време за својот сакан, сакана. Тој обично има само 2, 3 врски во животот, не сака авантури и сплетки, сака само стабилна и цврста врска.

2.Лав – најстабилниот знак во хороскопот, секогаш одговорен и лојален кон сите, а особено кон партнерот. Сака долга љубовна врска, сака внимание и да даде во врската и да му биде возвратено. Не сака чести авантури и флертови со спротивниот пол. Овој знак, обично има една или две врски во животот, следната веќе е крунисана со брак. Ако сеуште барате партнер, побарајте го овој знак.

3.Близнаци – внимателен знак, романтичен дури и премногу. Тој ужива во долгата врска со партнерот. Кога ќе засака еден човек со него се приврзува до самиот крај. Знае да сака вистински и длабоко, се дава себе си во врската. Секој би сакал да има до себе ваков партнер, внимателен и стабилен.

4.Девица – секогаш перфекционист во се што работи во животот, па и во љубовта. Сите ја обожуваат девицата, таа знае како да ја сподели љубовта со останатите на вистински начин. Сака сериозна врска, секогаш го почитува партнерот, го осипува со внимание и нежности. Имаат долги врски, дури и по цели десет години, верувале или не.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2015 во 13:25

КОЈ Е КЛУЧОТ ЗА СРЕЌА НА СЕКОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК?

1

Квалитетот на животот може во голема мера да се подобри со практикување на одредени совети соодветни за секој хороскопски знак.

ОВЕН

– Секое утро одвојте 20 минути за себе – за кафе, туширање или слушање добра музика.

– Без разлика што ќе ви кажат другите, ако навистина нешто сакате, работете на тоа, затоа што нема да се откажете додека не успеете или паднете.

– Распоредете ги своите приоритети и повеќе време посветете на луѓето кои тоа го заслужуваат. Воопшто не се трудете околу нешто што не е вредно за внимание.

– Секој ден прошетајте, возете точак или слично – потребно ви е движење, бидејќи во спротивно ќе бидете уморни.

– Не се срамете од своите „бубачки“, прифатете ги и ќе бидете помалку нервозни.

БИК

– Бидете сигурни во себе и во своите ставови, дури и кога сте разочарани. Сомнежот во себе вас ве води кон депресија.

– Не ги пропуштајте приликите да си угодите себеси, строго одредете си го времето за уживање и времето за работа.

– Вежбајте емпатија и почесто ставете ги во позиција другите, како би ги сфатиле подобро.

– Сфатете дека преголемата гордост може да биде ваш непријател, особено ако ве оддалечи од луѓето кои ги сакате.

– Бидете добар пријател, тие односи се меѓу највредните во вашиот живот.

БЛИЗНАЦИ

– Учете и читајте, тоа го чува мозокот и вашата љубопитност. Немојте да станете мрзеливи кога се во прашање овие работи.

– Држете се до своето хоби, дури и кога имате малку време, бидејќи без забава ќе паднете во депресија.

– Немојте да се венчате, а претходно да не живеете заедно барем една година.

– Барајте стабилен пријател кој ќе знае како да ве посоветува.

– Не се задоволувајте со работи кои не ве интересираат. Дополнително образувајте се и пробајте да најдете нешто што ви се допаѓа.

РАК

– Помалку озборувајте и не се движете во друштво кое не ви одговара, бидејќи така упивате негативни емоции како сунгер.

– Не ја пропуштајте приликата за дружење со семејството и пријателите – таа енергија ве храни.

– Во работата поставете приоритети и немојте да си дозволите себеси да работите по цел ден, а други да одмараат – вам ви треба рутина.

– Вежбајте доверба кон другите луѓе, дајте им шанса да станат подобри.

– Гответе и уживајте во добрата храна.

ЛАВ

– Не се извинувајте затоа што сакате внимание, љубов или убаво однесување – најдете луѓе кои знаат тоа да ви го дадат.

– Не ги прикривајте своите фрустрации, бидејќи така тие ќе излезат десет пати посилни, а вие ќе испаднете незрели. Секогаш треба да бидете директни и искрени.

– Не го заземајте последното место на работа, бидејќи нема да бидете среќни ако не сте одговорни за нешто.

– Ослободете ја својата страст и енергија – без разлика дали тоа ќе биде низ спорт, уметност, танцување, музика.

– Почесто дружете се и пробајте да водите активен друштвен живот со различни луѓе.

ДЕВИЦА

– Помагајте им на луѓето околу сѐ – со тоа важбате емпатија и подобро ќе се чувствувате.

– Прифатете се себеси такви какви што сте и немојте да се правдате пред другите, дружете се со оние кои ги делат вашите ставови во животот.

– На работното место не ги земајте работите на срце, стекнете искуство и барајте нешто ново ако сте незадоволни.

– Не се плашете поради прекинување на лошите односи, посилни сте отколку што мислите. – Најдете домашно милениче, тие за вас се голема утеха.

ВАГА

– Уредете го својот дом, работата и автомобилот, бидејќи околината има големо влијание на вашето расположение. – Научете да кажете „не“ и одбивајте ги луѓето кои тоа го заслужиле. Тоаа воопшто нека не ви биде непријатно.

– Не се затворајте во четири ѕида, потребни ви се луѓе како што на растенијата им треба сонце.

– Намалете ги посесивноста и љубомората, бидејќи тие ве прават огорчени.

– Занимавајте се со она што го сакате – со тоа од далеку ќе стигнете.

СКОРПИЈА

– Бидете посветени на себе и своите желби. Не се водете од другите, преголемите прилагодувања кај вас можат да разбудат бес, прекинување на односите и депресија.

– Отворете се кон другите наместо само да слушате, споделувајте ги своите мисли.

– Верувајте во својата интуиција, многу често таа е точна, без оглед на околностите во кои се наоѓате.

– Не се плашете од негативните емоции, бидејќи тие служат како издувен вентил.

– Јадете здраво и избегнувајте ги пороците – тие ви се слаба точка.

СТРЕЛЕЦ

– Зборувајте отворено, искрено и слободно – луѓето ве ценат поради тоа.

– Имајте верба во себе и секогаш пробувајте нови работи, вашите желби се менуваат во зависност од животната фаза.

– Задолжително воведете си некоја редовна физичка активност во животот, движењето ви е неопходно.

– Помалку внимание посветувајте на материјалното и немојте да се оптоварувате со работи кои воопшто не ви се потребни.

– Не се согласувајте на помалку во љубовта – подобро бидете сами, бидејќи љубовта ќе ви дојди кога најмалку ќе очекувате.

ЈАРЕЦ

– Во секоја работа и задача давајте сѐ од себе, ќе постигнете сѐ што ве прави вистински задоволни.

– Градете го својот карактер и искушувајте го – откажете се од цигарите, нездравата храна и почнете да вежбате.

– Немојте да се плашите да бидете сами и практикувајте да поминувате квалитетно време сами со себе.

– Вежбајте спонтаност без планирање, допуштете си го себеси она што срцето ви го сака.

– Помагајте им на другите без размислување, тоа ве прави подобар човек и се враќа.

ВОДОЛИЈА

– Водете повеќе сметка за своите финансии, направете план кон кој ќе се држите и обидете се да штедите – така ќе се чувствувате поодговорни.

– Не ги менувајте пријателите пречесто и ценете ги луѓето кои ве сакаат, возбудата од новите пријателства чество ви ја заматува перспективата.

– Потребна ви е поголема физичка активност – како трчање или нешто што целосно ќе ве исцрпи. – Не бегајте од проблемите – тоа е ваша најголема маана.

– Чувајте се од пороци и луѓе кои ве поттикнуваат на нездрав живот.

РИБИ

– Бидете отворени за нови искуства, без разлика дали станува збор за патувања, врски и работни понуди.

– Слушајте ги другите и дајте им совети, поради тоа многу ќе ве ценат.

– Не се обидувајте премногу да им угодувате на другите, посебно на љубовниот партнер, со тоа можете да го изгубите чувството за сопственото „јас“.

– Вежбајте одговорност и задајте си задачи кои ќе мора да ги исполните.

– Во стресни ситуации не бегајте, туку соочувајте се со проблемите

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2015 во 23:10


Кој хороскопски знак е најсреќен, кој е подготвен да оди докрај, а кој игра на сигурно од хороскопските знаци!?

kar.jpg500

Овен – играта е за вас голем предизвик, сè ќе ставите на коцка само да победите, па за вас важи поговорката: Кој ризикува, тој добива. Ако „намирисате“ борба, ќе се борите до последната капка крв. Најмногу ги сакатe спортските кладилници во кои умеете да оставете многу пари. Во покер може да бидете успешни ако му се препуштее на инстинктот, а на на хиподром треба секогаш да се кладете на најдобриот коњ. Одлично ви оди во стратешки игри, како што е „монопол“.

Бик - Среќата ви е наклонета било да се работи за добиток во казино или на карти. Рулетот е игра која ве мотивира, но не можете да му одолеете ни на „монополот“. И помала количина на пари за вас е доволна причина да се загреете за игра, но штом осетите дека хазардерсвото ги пoмине границите, сe повлекувате затоа што сте претпазливи. Добро ви одат индивидуалните игри, како и обложувањето со коњи.

Близнаци – Поседувате голема фантазија за измислување игри, особено оние кои до израз доаѓаат вашата интелигенција, способност , снаодливост и рационален дух. Иако коцката во јамбот ја вртите со голема брзина, немате трпение за коцкарски игри. Сепак, ве привлекуваат слот-машините на кои бргу може да заработите големи суми пари со мали влогови. Нсјдоброто од себе го давате во игрите на интелигенција и квизови.

Рак - Среќата знае да ви се насмее тогаш кога најмалку се надевате. Ви се случува само да помислите на одредени броеви и во сон ги гледате как се појавуваат, поради што касиното е идеално за вас. Меѓутоа, поради вашата опуштена и лежерна природа не ви се препорачуваат игри на отворено или оние кои бараат посебна ментална активност. Слободно прогнозирајте ги спортските натпревари и оставате да ве води интуицијата.

Лав- За вас не важи Кубертеновата изрека: Доволно е да се учествува, затоа што вие по секоја цена сакате да победите. Благодарение на силата на волјата тоа често ви оди од рака и тогаш доминирате во играта. Сепак, повеќе среќа имате во игрите за двајца, а пинг-понгот е како создаден за вас. Исто така може да имате успех во хазардни игри, особено ако го збуните непријателот.

Девица – Компјутерските игри, сложувалки, крстозбори и игри кои бараат посебна конценрација се како создадени за вас. И шахот е игра од која често излегувате како победник, пред сè затоа што можете да го предвидете следниот чекор на противникот. Кога ментално ќе се „задлабочите“ во некоја игра, по неколку часа може да заборавите на службените маки. Сјајни сте и во игрите кои бараат добра меморија. А што се однесува до парите храбри сте и умеете да инвестирате.

Вага - Во светот на играта внесувате вродена смисла за убаво, многу такт и лежерност која ја негувате во односот со другите. Ве привлекуваат друштвени игри, особено оние организирани во текот на некоја прослава. Во недостаток на омилени монденски случувања, ќе се задоволите со семејна томбола, но пред сè сакате јавни места. Среќа ве следи и на натреварите за убавина. Дури и продажбата на уметнички дела го доживува како своевидна игра.

Шкорпија – Со таква сериознот и страст влегувате во игра и во наједноставниот момент не се опуштите во потполност. Иако не сте директно привлечени со материјална добивка, сепак парите за вас се додатен мотив. Сонот кој го сонувавте предходниот ден може да ви донесе добитна комбинација во лото игрите. Поради вашите моќи и парапсихолошки моќи можете да предвидите потезите на противникот, особено во игрите со карти.

Стрелец – Иако имате среќна рака и често добивате отколку губите, најголема мана ви е нетпеливоста. Добро ви одат игрите кои се однесуваат на спорт или туризам, иако и во квизовите можете да покажете завидно знаење. Исто така, имате предиспозиции за добиток на коњски трки, па би било добро почесто да посетувате хиподром. Коцката како да ве слуша, затоа немојте да го пропуштате ни тој вид на игра, а додека во „монопол“ често имате главна улога.

Јарец - Ефикасност и смисол за практичност ве прават способни за организирање на било кој вид активност, па така и играта во која намногу ве интересира методологијата и организацискиот аспект. Поради таквиот став често не можете да се опуштите. Сепак, постојат игри кои потполно ве стимулираат поради конкретната содржина. Интересот за антиквитети ве прави успешен во натпреварувањата кои имаат врска со колекционерство, а добри ви се шансите и во лото-игрите.

Водолија - Секоја игра бргу ви здосадува, иако често излегувате како победник. Среќата ви се насмевнува секој пат кога владетелот Уран ве натера да ризикувате се менувајќи го стилот на игра и правејќи непредвидливи потези. Тогаш до израз доаѓа вашата бунтовна природа со која умеете да го поразите противникот. Ве привлекуваат компјутерски игри, особено оние кои се во основа брзи,а  уживате и во маѓионичарски триковии, било да ги покажувате вие или само сте набљудувач.

Риби - Интуитивни сте, склони кон пороци и секогаш знаете некој таен „трик“ како да дојдете до пари. Ве привлекуваат различни ризици, а најмногу ви одговара ат игрите со карти и натпревари поврзани со ликови од митологијата и легендите. Од сите игри кои се случуваат околу вода и во неа, како што се, на пример, ватерполо или одбојка во вода, често излегувате како победник. А благодарение на добриот слух и чувстото за ритам, имате шанси и во музичките игри и сложувалки.



Изменето од Valerija - 15.Јули.2015 во 23:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2015 во 14:34
ова за лавовите..

фрли клучот за среќата!

Ти си среќата!

Изменето од outlook123 - 16.Јули.2015 во 14:35
едно е - не се две
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2015 во 08:17

Кога тие проаѓаат сите се вртат по нив: Најфатални заводнички според хороскопот


Ако се прашувате дали и вие спаѓате во жените на кои никој не им одолеал, хороскопот го има одговорот...

koga-tie-proagaat-site-se-vrtat-po-niv-najfatalni-zavodnicki-spored-horoskopot-01.jpg

Овен

Жените Овни се спортски градени, делуваат силно и имаат изразени црти на лицето, кои тешко се забораваат. Често може да запознаете убавици со потемен тен и светли очи, совршена фигура и насмевка. Нивниот изглед е во склад со силната и енергична личност карактеристична за овој знак, а нивната свиленкаста кожа прави секој допир да ви остане врежан во сеќавањето.


Лав

Силни, грациозни, Лавиците пленат без компромис. Нема да потрошите многу време барајќи Лавица со извајани нозе чиј изглед и држење оставаат без текст. Тие се секогаш атрактивни, дотерани, а природната убавина и шарм им се главни карактеристики. Ако мислите дека станува збор за просечна убавина – се лажете. Тие се двојат од толпата речиси секогаш!


Скорпија

Дури и кога се слаби, Скорпиите се силно градени. Широки раменици, впечатливо лице, сензуални усни и продорни очи. Припадниците на овој знак најчесто имаат кафена и густа коса. Нивната убавина е надпросечна, а покрај мажи, тие сакаат и деца. Оној кој искрено ќе се заљуби во Скорпија, гарантирано ќе ужива во добар секс.


Стрелец

Девојктие во знакот на Стрелец се најчесто најзгодните и највпечатливите во друштво. Просечна висина, спортска градба – како да имаат природен талент за да се истакнат пред другите. Сакаат да се облекуваат спортски и едноставно, но знаат и да воодушеват кога од нив се очекува да блеснат во полн сјај. Секогаш оригинални, знаат како да привлечат внимание. Нивниот шарм е незаменлив.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2015 во 09:12

ПОМЕЃУ КОИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ПОСТОИ МАГИЧНА ПРИВЛЕЧНОСТ ОД ПРВ ПОГЛЕД?

15
.

Како што се привлекуваат плусот и минусот кај батериите, така и помеѓу знаците кои се наоѓаат на спротивните страни на хороскопското тркало, се создаваат искри кои можат да прераснат во страсна љубовна врска. Но, поминувањето многу време со некој кој има целосно различен поглед кон животот од вашиот, може да биде многу измачувачки, па после некое време батеријата во вашата врска ќе мора да биде променета. Дознајте како вие и вашиот спротивен знак во хороскопот можете да ја вратите искрата во вашата врска која ве споила на почетокот.

 

 

  • Овен и Вага

Кога овен и вага се запознаваат, помеѓу нив инстантно почнува да се разгорува една страсна искра, благодарение на енергичноста и нескротливиот сексапил на овенот и нежниот шарм и суптилноста на вагата. Но, со тек на време, искрата може да се разгори во нетрпеливост помеѓу нив, бидејќи на овенот може да му досади од префинетите манири на вагата, а таа пак може да почне да се моли овенот некогаш да научи да се однесува поцивилизирано. Доколку сакате во вашата врска да продолжат да пулсираат искри на страст, наместо искри на гнев, престанете да војувате еден со друг и заедничката енергија употребете ја за да створите нешто реално – започнете бизнис, изградете куќа или едноставно заеднички згответе вечера. Кога вашите комплементарни вештини ќе ги ставите во игра, ќе се потсетите дека вие сте еден одличен пар.

 

 

  • Бик и Шкорпија

Оваа љубовна комбинација е „жешка“ уште на самиот почеток на врската. Кога лекомислениот, сензуален бик ќе се судри со неодоливата страст на скорпијата, кај овие партнери еруптира нескротлива сексуална желба. Но, со тек на време на бикот може да му досади од напнатоста на скорпијата, а таа пак може да смета дека бикот е честопати опуштен повеќе отколку што треба. Можеби ќе звучи иронично, но за да ја одржите искрата во вашата врска, вие треба да излезете од спалната соба и да поминете попладне дружејќи се со пријателите или да отидете на концерт, на журка или на кое било место каде ќе бидете опкружени со многу луѓе. Социјализирањето ќе ви помогне да внесете свежина во вашата врска и ќе ви создаде чувство на сексуална жед еден за друг, во ситуација во која ќе можете само да се гледате.

 

  • Близнаци и Стрелец

Во моментот кога интелектуалниот, ведар близнак ќе се запознае со мудриот, филозофски настроен стрелец, помеѓу нив веднаш се создава магична привлечност и меѓусебна почит. Но, вашите тотално спротивни погледи кон животот, можат да ве одведат до фрустрирачки чувства. Близнакот ќе почне да се нервира од ставот на стрелецот „Јас знам сè“, а него пак може да почне да го иритира постојаното брборење и желбата за озборување на близнакот. За да не се случуваат вакви напнати ситуации, обидете се да ја пренасочите вашата тензија во романтични прошетки во царството на природата и имагинацијата. Отидете заедно на пливање, на егзотичен остров, на планинарење или едноставно поминете попладне заеднички уживајќи во добра музика, гледајќи интересен филм или разгледувајќи уметнички дела на некоја изложба. Ослободувањето на вашите мисли од секојдневните обврски, може да ја врати страста во вашата врска и да ви даде нови, возбудливи теми на муабет.

 

 

  • Рак и Јарец

Кога емотивниот рак, на кој му е потребен стабилен љубовен живот, ќе се запознае со сериозниот, силен и тивок јарец, инстантно се создава обострана привлечност. Оваа е од оние класични љубовни врски, во која ракот е нежниот партнер, кој секогаш дава поддршка и утеха, а јарецот е посилниот партнер, кој го носи лебот во куќата. Но, со тек на време ракот може да се почувствува игнорирано од страна на јарецот, а тој од своја страна, може да смета дека ракот понекогаш е премногу наметлив. За да спречите да се оладат односите во вашата врска, вие двајца треба да запомните дека не сте само партнери, туку и љубовници. Следете го примерот на љубовните парови во старите филмови и излезете од куќата (ако имате деца оставете ги кај бабата и дедото) и почестете се со еден вистински старомоден љубовен состанок. Отидете во ексклузивен ресторан, напијте се шампањско, разменете си романтични подароци, а кога ќе се вратите дома, облечете ја најпровокативната долна облека што ја имате и лизнете се под чаршавите.

 

 

  • Лав и Водолија

Помеѓу овие двајца партнери експлодира сексуална привлечност, во истиот момент кога самоуверениот лав, кој се однесува како крал/кралица ќе се запознае со непристојната водолија. Фактот што водолијата одбива да се „поклонува“ пред лавот, него го возбудува и фасцинира. Таа пак, му се восхитува на способноста на лавот, да ја „маѓепса“ секоја просторија во која ќе влезе со неговиот неодолив шарм и харизма. Како и да е, со тек на време, на водолијата може да ù здодее од непоправливата потреба на лавот за внимание, а тој може да се мурти доколку водолијата не го почитува вообичаеното социјално однесување. Кога ќе решите да ја закопате секирата во мед, одвлечете се еден со друг до спалната соба. Заеднички поминатото време, подалеку од гужви и уживањето во физичката страна на вашата врска е најсигурниот начин да го најдете вашиот заеднички јазик и да ја вратите сексуалната енергија.

 

  • Девица и Риби

Девицата е пред сè организирана и практична личност, а рибата го живее животот вешто одбегнувајќи ги секојдневните рутини кои и ја ограничуваат слободата. Кога претставници на овие два знака стапуваат во љубовна врска, тие се возбудени и стимулирани од можноста меѓусебно да си помогнат да станат подобри личности. Така, дисциплинираната девица може да и помогне на рибата организирано да си ги завршува обврските, а таа пак може да и покаже на девицата како да се релаксира и да почне повеќе да го живее животот. Со тек на време, девицата може да почне да ја иритира непостојаноста на рибата, а на неа може да почне да и пречи тенденцијата на девицата кон преголемо критикување и контролирање.
Клучот за повторно враќање на страста во вашата врска, е во редовното менување на амбиентот во вашата врска. Тоа ќе го постигнете доколку практикувате патување во некоја земја која ја немате посетено, заедно се запишете на К*рс по странски јазик или доколку едноставно отидете во некој нов ресторан надвор од градот. На девицата добро ќе и дојде било каква промена во рутинското секојдневие, а рибата ќе ја цени способноста на девицата одлично да го испланира патувањето, да се сети да резервира маса во ресторанот или да „впие“ голем број нови зборови на К*рсот по странски јазик.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2015 во 15:47
aiii me ima vo fatalnite hahaha

ok E!

Изменето од outlook123 - 20.Јули.2015 во 15:47
едно е - не се две
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2015 во 18:03
Ахаааааа,кај да барам ја девица во Мариово ли
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2015 во 08:41

Ладнокрвност или верност? Која е вашата маска според хороскопскиот знак?

Уште нешто интересно што хороскопот ќе ви го открие за вашиот карактер е типот на маска која што ја носите секој ден, пред останатите личности од различни причини.

ladnokrvnost-ili-vernost-koja-e-vasata-maska-spored-horoskopskiot-znak-1

Дознајте што се крие под вашата маска и која е таа:

Овен

Овенот ја има маската на сожалување, бидејќи сака да го сожалуваат. И тоа секогаш му успева. Во суштина е ладнокрвна личност која иако сака да манипулира со останатите, знае и да ги сака со цело срце. Си ги знае своите граници и свесен е за својата маска на која веќе навикнал, бидејќи ја носи постојано.


Бик

Бикот ја носи маската на пријателството, бидејќи се плаши да остане сам. Никогаш нема да ве избегнува доколку не му се допаѓате, но со време ќе ви се предаде, бидејќи доколку доволно долго глумите нешто, ќе започнете и да верувате во истото.


Близнаци

Близнаците се дволични, но добродушни со маска на ладнокрвност. Понекогаш ја вадат кога знаат дека се во опасност и ја ставаат маската на Овенот, а тоа е маската на сожалувањето.


Рак

Ракот иако сите го сметаат за најчувствителен знак во хороскопот, тој ја носи маската на љубовта. Често останува во врски кои знае дека не му одговараат доволно долго за да не ја извадат маската под која се крие личност која сака да ја пронајде вистинската личност.


Лав

Лавот ја носи маската на гордоста, бидејќи се плаши од своите недостатоци и сака да биде недопирлив и бесчувствителен. Иако остава таков впечаток тој е кревка душа која знае да сака, но секогаш прави погрешен избор во љубовта.


Девица

Девицата ја носи маската на педантноста, бидејќи сака да прикрие колку е всушност една неорганизирана личност која не се грижи за никој освен за самата себеси. Иако се смета за една од најладните знаци во хороскопот, кога ќе ја пронајде вистинската личност се препушта целосно и без резерва.

Вага

Вагата ја носи маската на одлучноста, бидејќи е неодлучна и не сака останатите да дознаат за тоа. Секогаш знае како да ви одговори дипломатски и погрешно на прашање поврзано со некоја одлука која треба да ја донесе, но е добар пријател кој знае да даде совет кога тоа е потребно.


Скорпија

Скорпијата ја носи маската на искреноста, бидејќи лаже постојано, па понекогаш дури и верува во сопствените лаги. Знае да биде сентиментална кога ќе се заљуби, бидејќи се плаши да не биде излажена верувајќи во карма и бумеранг.


Стрелец

Стрелецот е познат по својата прецизност и одлучност што е маска на неговата несигурност во себе. Знае да критикува, но не сака да го критикуваат и често се лути без причина.


Јарец

Јарецот носи нарцистичка маска, бидејќи нема самодоверба и знае дека не е најдобар од сите како што остава впечаток. Нема капацитет за учење и често е љубоморен на тие што се подобри од него, но никогаш нема да го признае тоа.


Водолија

Водолијата ја има маската на добрината, но длабоко во себе знае дека сака да ги повредува луѓето околу себе. Знае да цени и да простува, но кога еднаш ќе ја повредите, заборавете на неа.


Риби

Рибите ја носат маската на верноста, бидејќи сакаат да изневеруваат, но без да бидат фатени на дело. Обожаваат отворени врски без обврски и го сакаат сексот повеќе од сите знаци во хороскопот. Брзо забораваат и често лажат.


Која е вашата маска?

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 130131132133134 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.