IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 129130131132133 157>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2015 во 08:35

Римски љубовен хороскоп: Кој знак е вашата сродна душа?


Римјаните верувале  дека во посебни услови гатањето може да ви помогне да си ја откриете иднината, па токму затоа во тоа време астрологијата била речиси официјално занимање.

rimski-ljuboven-horoskop-koj-znak-e-vasata-srodna-dusa-01.jpg

Еве што старите Римјани предвиделе за секој хороскопски знак на поле љубов:

Овен

Затоа што сте дрски и упорни, не се откажувате додека не го изморите противникот, односно оној кој ви го привлекол окото. Дамите може да се најдат на честа мета на Водолиите и Лавовите, додека на посилниот пол може да му се допадне некој недостижен Близнак или Стрелец кој не го држи место.

Големи се шансите сродната душа да ја запознаете на забава. Емоциите може да се јават за некој кој е поврзан со странство или е тотален странец кој сте го запознале за време на патувањата. Меѓутоа, оние кои веќе имаат некој исто така може да западнат во паралелна, забранета и тајна врска во која ќе доминираат страстите.


Бик

На вашиот шарм и упорност им нема рамен меѓу хороскопските знаци и тоа добро го користите. Секогаш се трудите да оставите силен прв впечаток на оној кој ви се допаѓа. На жената Рак ќе и се допадне заштитничкиот став, а на Девицата сигурноста со која зрачите. Ако сте дама, тешко ќе одолеете на некој упорен Јарец или еротски настроена Риба.

Големи се шансите дека сродната душа ќе ја запознаете во мај и ќе се водите по страстите и емоциите. Врската може да се развива многу побавно отколку што сакате и мали се шансите дека ќе ја задржите. Може да развиете емоции за некој кој живее во ваша близина и овие емоции ќе бидат доста изразени до крајот на годината.


Близнаци

Весели сте, забавни и во ваше друштво никогаш не е здодевно. Ова посебно може да и одговара на некоја шармантна Вага или таинствена Водолија, посебно ако сте жена. Машкото внимание без никаква најава може да го привлече некоја Лавица или жена родена во знакот на Овен.

Приликите за започнување нова врска ви доаѓаат сами, па нема да мора многу да се ангажирате. Се ќе се случува само од себе, но врските нема да ви бидат успешни ако не се трудите и вие лично. Ќе имате можност да започнете посериозна врска во која вие ги одредувате правилата. Најголемиот предизвик доаѓа од трпението кое ќе мора да го покажете.


Рак

Романтични сте и никогаш не ви е доста од нежности, што добро и го нагласувате и на личноста која ви се допаѓа. Ако сте жена Рак, вниманието ќе ви го привлече некоја Скорпија или сензуална Риба, додека машките Ракови би требало да им обрнат поголемо внимание на Биковите и Девиците кои веќе ги познаваат.

Без оглед на тоа дали сте сами или имате партнер, во животот може да ви дојдат и бивши партнери и со самото тоа да ви ја разбрануваат врската. Ако сте сами кога бившите ќе се појават, бидете подготвени да го решите се она што со години го криевте и простувавте.


Лав

Страствени сте и топли, често паѓате на надворешната убавина, но и покрај тоа знаете да препознаете вистински емоции. Посебно лесно ќе ги познаете ако доаѓаат од некој страствен Овен или романтична Вага. Ако сте маж, нема да одолеете на духовитоста на една жена родена во знакот на Близнаци или на спонтаната лежерност на Стрелците.

Секоја личност која ќе влезе во животот е таму со причина, имајте го тоа на ум. Бирајте личности кои ќе ви пружат сигурност и стабилност, наместо забава и моментални задоволства. Само тоа е рецептот со кој ќе стигнете до сродната душа.


Девица

На вашиот перфекционизам најмногу му одговара мало опуштање во друштво на весели личности како Бик или доминантен Јарец, посебно ако сте жена. Машките претставници на овој знак веројатно ќе бидат привлечени од жена Скорпија или Рак.

Сродната душа и совршениот партнер веројатно ќе го запознаете во близина каде што живеете или преку некој член од семејството, колку и да ви звучи старомодно. Затоа, не ги избегнувајте фамилијарните покани.


rimski-ljuboven-horoskop-koj-znak-e-vasata-srodna-dusa-02.jpg

Вага

Важите за еден од најшармантните знаци во Зодијакот заради што спротивниот пол буквално се лепи за вас. Ако сте жена, една недостижна Водолија или духовит Близнак ќе ви го привлече вниманието. Ако сте маж, лесно ќе се заинтересирате за некој Стрелец или Лав.

Самата суштина на постоење на Вагите е љубовта, па припадниците на овој знак сами треба да создаваат прилики како би ги активирале емоциите. Никогаш нема да погрешите ако вие го направите првиот чекор.


Скорпија

Заради вашата харизматичност и таинственост, никогаш не можете да останете незабележани. Вашиот сексапил просто ќе зрачи, па токму затоа лесно ќе влезете во врска со пречувствителен Рак или еротична Риба, ако сте маж. На дамите Скорпии може да им се допадне срамежлива Девица или воздржан Јарец.

Ќе имате многу можности пријателствата да ги претворите во љубов, но тоа може да биде непромислена одлука. Исто така, запознавањата преку пријатели повторно се во „мода,“ па ништо чудно токму некој познаник на вашиот пријател да ги исполни вашите љубовни очекувања.


Стрелец

Спонтани сте и природни, весели и опуштени, вистински магнет за некој прекрасен Лав или откачена Водолија, која ретко кога може да му одолее на вашиот шарм. Ако сте маж роден во знакот на Стрелец, може да ви се допадне некој страствен Овен или тактична Вага.

Ако сте сами, мали се шансите да влезете во врска во скоро време, а ако тоа сепак се случи разликата во годините ќе биде голема, исто како и културата и начинот на живот помеѓу вас и партнерот. Таквата врска од вас ќе бара многу жртвување, компромиси и прекини, па повторно впуштање во кратки авантури кои ќе ви го освежат секојдневието. Многу ретко ваквите партнерства може да прераснат во долгорочни, без да ве ограничуваат или уценуваат.


Јарец

Може да влезете во паралелна или тајна врска со жена Девица или Скорпија, затоа што сте маж кој не успева да одолее на забранетото. Ако сте дама, нема да останете рамнодушни на една мистична Риба или опуштен Бик.

Кај вас емоциите и врските не се менуваат многу често, па лесно ви е да се врзете со една личност. Потребно е само подобро да си ја контролирате љубомората и посесивноста, затоа што може да дојде до прекин и на најсовршената врска заради недоверба.


Водолија

Уживате да ја зачдувате околината, па зошто тогаш да правите исклучоци во љубовта? Ако сте маж многу лесно може да ве заинтересира некоја Вага со немирен дух или Близнаци на кои нема да им пречи што постојано ги менувате плановите. Жените Водолии ќе остварат љубовна врска со Стрелец или Овен.

Можно е да го помешате пријателството со љубовта, па бидете сигурни пред да ги покажете своите емоции. Бидете поискрени кон партнерот, затоа што тајните може да ја избркаат сродната душа подалеку од вас.


Риби

Вашата сензуалност и еротичност не можат да останат незабележани каде и да се појавите, посебно ако сте дама. Ќе проба да ве освои некоја таинствена Скорпија или упорен Рак, а ако сте маж големи сте шансите да завршите со Јарец или Бик.

Може да запознаете интересни личности преку интернет, но не откривајте премногу информации од себе затоа што ќе се разочарате. Избегнувајте ги партнерите кои имаат проблем со пороци и патолошките лажговци, затоа што може само да ве разочараат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2015 во 13:44

ШТО ВАШИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК КАЖУВА ЗА ВАШИОТ ЉУБОВЕН ЖИВОТ

10

Причинита зошто ретро фразата за додворување „Што си во хороскоп?“ некогаш се шепкала на увото на симпатијата можеби лежи во тоа што секој хоропски знак си носи одредени карактеристики кога станува збор за љубовните врски. Од тврдоглавите Бикови, до пребирливите Јарци, прочитајте збор два за вашите љубовни навики според вашиот знак. 

Овен

Кога станува збор за љубовта, Овните се ловци. Тие апсолутно сакаат да добиваат внимание, но и да глумат плен кој не може лесно да се освои. Тие се независни, агресивни и возбудливи, и секогаш се расположени да коцкаат во љубовните врски, па што биде биде.

 

Бик

Биковите се сензуални и привлечни, но исто така и неверојатно тврдоглави (речиси никогаш не признаваат дека не се во право) и упорни. Понекогаш се и премногу упорни, што може да направи да изгледаат наметливи и да го исплашат партнерот кој не се движи во врската со нивното темпо.

 

Близнаци

Главната карактеристика на Близнаците е дуалноста, што значи дека нивниот карактер се движи помеѓу желбата да го негуваат познатото и копнежот по нови искуства. Бонус: Тие можат да бидат одлични во кревет. Тие исто така се многу дружељубиви и расположени за флертување. Лошата страна? Можат да бидат истоштувачки од истите овие причини и постојано да обмислуваат се и сешто.

Рак

Ракот е мајчински настроен, чувствителен и апсолутно сака да ги негува другите. Сепак, тие имаат тенденција да ги сфаќаат работите при срце, поради што сексот за една вечер или фактот што не сте се јавиле кога сте рекле дека ќе го направите тоа, може да предизвика голем проблем во нивните глави.

Лав

Знакот на лавот секогаш бара да биде во центарот на вниманието во врската, и вообичаено го добива тоа. Тие се ентузијасти кои уживаат во ласкање, поради што често прават работи кои ќе ги истакнат од другите. Бидете внимателни, лавовите сакаат драма и немаат проблем со тоа да предизвикаат кавга. Всушност нивната нескротлива природа ужива во сценарија како од сапунска опера.

 

Девица

Девиците генерално се лежерни во своите врски, бидејќи во животот се среќни со едноставни нешта и не се грижат околу малите работи. Тие набљудувачки настроени и пресметливи, што може да биде добро кога треба да се гледаат работите логично. Нивната најголема пречка е тоа што често знаат да бидат срамежливи, па ако сакате да ги придвижите работите со Девиците вие треба да го направите првиот чекор.

 

Вага

Бидејќи се најизбалансираниот знак во хороскопот, Вагите ги гледаат и двете страни на секое сценарио, што може да биде и добро и лошо, затоа што понекогаш имаат тенденција да анализираат се па дури и најобична порака. Во врските нивната неодлучна природа често се прашува дали партнерот им е целосно посветен, а избегнувањето на директна комфирмација може да биде до пасивно-агресивна тензија.

 

Скорпија

Мистериозните и зајадливи Скорпии се еден од знаците на кои најтешко можете да им пријдете бидејќи тие не веруваат никому така лесно и можат да бидат претпазливи во врска со намерите на другите. Тие ја ценат искреноста кај партнерот, но ако нивната лојалност е изневерена знајте дека секогаш ќе држат лутина.

 

Стрелец

Опишувани како директни типови кои ја сакаат слободата, Стрелците нема да се двоумат да излезат преку врата ако се чувствваат несреќни во врската, што може да доведе до долга листа на скршени срца. Најчесто се страствени љубовници, кои сакаат да бидат сингл додека не најдат некој е исто толку авантуриста како тие.

 

Јарец

Селективни и внимателни, Јарците се луѓе кои не трпат глупости и одбиваат да го трошат своето време со кој било и подготвени се да чекаат додека не дојде вистинската личност. Тие се исто така стабилни и лојални, но не и толку храбри и импулсивни, исфрлајќи ги формите на експериментирање.

Водолија

Иако се имагинативни и спонтани по природата, тие никогаш не се подготвени целосно да го дадат срцето и не се вљубуваат лесно. Тие знаат и да бидат екстремно резервирани, иако не им е тоа намератa, што може да направи да изгледаат без емпатија и ладни. Добрата страна на нивната природата е во што се одлични во решавање на проблемите смирено и разумно.

Риби

Сензитивни, романтични и посветени, Рибите се скромни по природа, но исто така и не се поврзуваат така лесно и им треба време за да создадат сериозна врска. Тие исто така не се справуваат лесно со одбивање и се склони кон самосожалување, а ако некогаш се најдат во ситуација да имаат спротиставени ставови со партнерот не се расправаат, туку едноставно исчезнуваат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2015 во 07:56

Кои 3 хороскопски знаци први ќе стапат во брак ова лето?


Секој знак од Зодијакот различно реагира на врската и бракот. Во зависност од астролошките карактеристики постојат оние кои бракот го избегнуваат од далеку и сакаат да останат во соло улога до крајот на животот.

koi-3-horoskopski-znaci-prvi-ke-stapnat-na-ludiot-kamen-ova-leto-01

Другите пак, се водени од непобедливиот оптимизам и вербата во љубовта, ја бараат сродната душа и веднаш прифаќаат брак во кој остануваат до крајот на животот.

Овие 3 хороскопски знаци се како создадени за брак и први ќе стапнат на лудиот камен:

Бик

Припадниците на овој хороскопски знак обожаваат емотивен комфор и уживаат времето да го поминуваат со семејството. Биковите важат за многу стабилни, верни и лојални сопружници на кои семејството им е на прво место. Често имаат долги врски кои ги крунисуваат со брак. Многу Бикови ова лето би можеле да завршат со веридба или брак. Страстите дополнително се загреваат кон крајот на август, а припадниците на овој знак би можеле да ја пронајдат својата сродна душа меѓу Вагите или Девиците.

koi-3-horoskopski-znaci-prvi-ke-stapnat-na-ludiot-kamen-ova-leto-1.jpg

Девица

Сензитивниот карактер и силните емоции на Девиците прават лесно да се заљубуваат и да посакуваат брак. Припадниците на овој знак се познати како верни пријатели, но и сјајни љубовници, а кога еднаш ќе ја најдат личноста со која можат да се поврзат, остануваат со неа до крајот на животот.

Девиците би можеле таквата личност да ја пронајдат ова лето, а оние кои се во подолга романтична врска кон крајот на јули или август би можеле да почнат да прават сериозни планови во правец на брак.

koi-3-horoskopski-znaci-prvi-ke-stapnat-na-ludiot-kamen-ova-leto-2.jpg

Рак

Најверни меѓу сите астролошки знаци се Раковите. Доколку вашиот партнер со кој планирате брак и семејство е Рак, може да сметате дека сте добиле премија. Раковите обожаваат романтика, сигурност и семејство. Уживаат да се грижат за некого и да му угодуваат.

Иако на многу Ракови ова лето ќе им започне прилично монотоно, тоа би можело драстично да се промени кон средината на август, кога Марс влегува во знакот на Скорпија што на припадниците на овој знак ќе им донесе страст, љубов и неочекувани животни изненадувања.

koi-3-horoskopski-znaci-prvi-ke-stapnat-na-ludiot-kamen-ova-leto-3.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2015 во 17:40

СУРОВО РЕАЛЕН ХОРОСКОП КОЈ ЌЕ ВЕ ЗАМИСЛИ

8

Што велите за мал цинизам на туѓа, но и на своја сметка? Следи најлошото од секој знак во зодијакот – малку генерализирано и помпезно, но прилично забавно. За овој хороскоп забрането ви е да се налутите!

Овен

– Војник, секогаш прв, склон кон игри и сплетки, често избувлив и карактеристичен со нагли потези.

– Ги сака припадниците на спротивниот пол, сметајќи ги за сексуални објекти и после „извршената“ работа често и шутнува. Пример за тоа се Казанова и Марлон Брандо.

– Силен економист – повеќето овни се добро платени во работата.

– Недостатоци: гордост, брзоплетост и его.

– Може да биде садист (Хитлер, Хрушчов, Иван Грозни).

 

 

 

 

Бик

– Сака да јаде, да пие и да спие. Покрај тоа и да има секс.

– Темпераметен, дипломат, тврдоглав и често мрзелив (освен ако не се работи за добро платена работа).

– Материјалист, често успешен во политиката и воените детали, но и во економијата.

– Ја сака уметноста, а се вели дека поседува талент и да створи нешто сам.

– Недостатоци: непопустливост, склоност кон алкохол, љубомора.

– Познати Бикови: Сократ, Фројд, Тито, Макјавели.

 

 

Близнаци

– Половина-половина личности: колку добри страни имаат, толку имаат и лоши.

– Привлечни се, но ладни; интелигентни, но неемотивни; самокритични, но сакаат да ги критикуваат и останатите.

– Контрадикторен, дуален знак кој денес тврди едно, утре друго, а потоа плука по она што вчера го запишувал во ѕвездите.

– Често се бисексуални.

– Познати Бикови: Платон, Џек Лондон, Мерлин Монро, Анџелина Џоли.

 

 

 

Рак

– Воден знак со променливо расположение, кој се пронаоѓа речиси во секоја професија, но му треба време да се одлучи само за една.

– Доколку не се одлучи за насоката во професионалниот живот на време, може да стане и социјален случај. Од друга страна, може да стане Рокфелер или Тесла (а такви луѓе еднаш се раѓаат).

– Инаку е добар домаќин, со одмерено однесување и темперамент. Емотивен е и хиперсензибилен и лесно се навредува , но не покажува дека е повреден или дека нешто му пречи.

– Често имаат поетска и уметничка душа.

– Недостатоци: Лесно се навредуваат, склони кон пороци, преемотивни, а понекогаш и заборавени.

 

 

Лав

 – Ниту еден Лав или Овен не истуркал далеку во животот, без да го отсакаат блиските или без да изврши самоубиство (Хитлер, Наполеон).

– Како вистински диктатор, не ги признава своите грешки бидејќи тој е секогаш во право. Доколку е надвладеан или доколку се наоѓа во околина која интелектуално (или на некое друго поле) е над него, се повлекува. Може да биде и добар дипломат, но тоа поретко се случува.

– Доколку моќта е во негови раце, околината дефинитивно ќе настрада.

– Најдобро е да му го нахраните егото и да му оставите негов простор за да не ги тиранизира оние околу него.

 

 

Девица

 – И девицата е малку дуален знак, добар во речиси сè што прави, самокритичен, а понекогаш своеглав и мрзелив.

– Аналитичен е, материјалист како и Бикот, има променлив нарав, добар по природа и импулсивен.

– Доколку изреагира премногу нагло, може да ја упропасти ситуацијата, па тогаш ги повикува пријателите на помош.

– Има боемска црта што подразбира карти, алкохол и секс (Толстој).

 

 

 

 

 

Вага

 – Единствениот воздушен знак со вистински емоции, но прилично несреден.

– Склони се кон убави и ретки работи (Моника Белучи), добри декоратери се и добри пријатели.

– Жените ваги не се оптоварени со конзервативни правила во љубовта.

– Недостатоци: многу трошат, хировити се, не знаат што сакаат од животот и често се невротични.

 

 

 

 

 

Скорпија

 – Депресивен и многу мистериозен знак.

– Често се крие под маската на зафркант, успешен е во работите кои бараат динамика – маркетинг, промотер, префесионален возач и тн.

– Ги сакаат пороците, особено алкохолот и дрогата.

– Многу се љубоморни, импулсивни и одмаздољубиви.

– Во комбинација со Бик достигнуваат 100% страст.

– Склони се кон деструкција на самите себе и на останатите.

– Позната Скорпија: Антонио Бандерас.

 

 

 

 

Стрелец

 – Филозофи полни со среќа, луди возачи, а често и коцкари.

– Кога нешто ќе намислат нема шанси да се откажат, а доколку не успеат, никогаш нема да признаат за тоа, слично како лавовите.

– Нивниот збор мора да биде последен, иако некогаш знаат и мудро да молчат.

– Не сакаат стеги и конзервативизам, отворени се максимално и склони кон дебати. Со нив може да се соработува.

– Воглавно се атеисти и агностици.

 

 

 

Јарец

– Материјалисти се, знаат да бидат мрзеливи и тврдокорни. Може да израснат во математичари или програмери, но воглавно не успеваат да стигнат предалеку.

– Доколку се нафатат на некоја работа, ќе ја направат до перфекција.

– Прифаќаат единствено „бетонски“ докази за било што, особено за духовноста, но не е чудо и тогаш да пронајдат некоја замерка.

– Цинизмот и ароганцијата не им се непознати, а некогаш знаат и да си препишуваат туѓ успех. Но, воглавно не се лоши луѓе по природа.

– Жените Јарци се исклучително „на цена“.

 

 

 

Водолија

– Знак чие владеење е во тек.

– Има променлива природа и плитки емоции, многу се паметни, понекогаш се и генијални, прилично се сестрани.

– Добри пријатели се, но заради искреноста и отвореноста, луѓето знаат да им замерат.

– Сакаат да се зафркаваат, но знаат да бидат и хумани.

– Сакаат да учествуваат во оргии, склони се кон консумација на големи количини на алкохол и швалерисување.

– Препорака: Избегнувајте подолго дружење со нив.

 

 

 

Риби

– Сите знаци се обединети во овој знак, што никако не е добро.

– Често имаат криза на идентитетот, дивергентност која предизвикува поделеност на сите страни, контрадикторност и изразена променливост на расположението – особини кои во никој случај не се за пофалба.

– Ова може да биде личност која ладнокрвно ќе ви ја откине главата, или пак, да се расплаче како мало дете доколку и’ ја погодите точката.

– Припадници на овој знак биле многу генијалци, како Нострадамус, Мојсеј, Леонардо да Винчи, Микеланџело и Коперник.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2015 во 22:28

ОВИЕ 3 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ СЕ КАКО СОЗДАДЕНИ ЗА БРАК И ПРВИ ЌЕ СТАПНАТ НА ЛУДИОТ КАМЕН

4

Секој знак од Зодијакот различно реагира на врската и бракот. Во зависност од астролошките карактеристики постојат оние кои бракот го избегнуваат од далеку и сакаат да останат во соло улога до крајот на животот.

Другите пак, се водени од непобедливиот оптимизам и вербата во љубовта, ја бараат сродната душа и веднаш прифаќаат брак во кој остануваат до крајот на животот.

Овие 3 хороскопски знаци се како создадени за брак и први ќе стапнат на лудиот камен:

Бик

Припадниците на овој хороскопски знак обожаваат емотивен комфор и уживаат времето да го поминуваат со семејството. Биковите важат за многу стабилни, верни и лојални сопружници на кои семејството им е на прво место. Често имаат долги врски кои ги крунисуваат со брак. Многу Бикови ова лето би можеле да завршат со веридба или брак. Страстите дополнително се загреваат кон крајот на август, а припадниците на овој знак би можеле да ја пронајдат својата сродна душа меѓу Вагите или Девиците.

Девица

Сензитивниот карактер и силните емоции на Девиците прават лесно да се заљубуваат и да посакуваат брак. Припадниците на овој знак се познати како верни пријатели, но и сјајни љубовници, а кога еднаш ќе ја најдат личноста со која можат да се поврзат, остануваат со неа до крајот на животот.

Девиците би можеле таквата личност да ја пронајдат ова лето, а оние кои се во подолга романтична врска кон крајот на јули или август би можеле да почнат да прават сериозни планови во правец на брак.

Рак

Најверни меѓу сите астролошки знаци се Раковите. Доколку вашиот партнер со кој планирате брак и семејство е Рак, може да сметате дека сте добиле премија. Раковите обожаваат романтика, сигурност и семејство. Уживаат да се грижат за некого и да му угодуваат.

Иако на многу Ракови ова лето ќе им започне прилично монотоно, тоа би можело драстично да се промени кон средината на август, кога Марс влегува во знакот на Скорпија што на припадниците на овој знак ќе им донесе страст, љубов и неочекувани животни изненадувања.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2015 во 08:14

Секој хороскопски знак како што има некои одлики во однос на карактерот, така има и одредени црти кои се карактеристични за неговиот изглед.

izgled-spored-horoskopot-strelecot-e-najzgoden-lavot-najdoteran-01.jpg

Ако ги знаете главните одлики на секој знак лесно ќе препознаете и некој непознат што е во хороскоп, само по цртите на лицето или градбата на телото.

Овен

Овните имаат спортска градба и мускули и покрај вишокот килограми. Делуваат силно и имаат изразени црти на лицето. Неретко имаат темен тен и рамна, густа, понекогаш црвена коса. Нивниот изглед е во согласност со силата и енергијата на личностите кои се карактеристични за овој знак. Не се склони на дебелеење, а најчесто се облекуваат спортски и едноставно.


Бик

На пријатното и симетрично лице на Бикот се истакнуваат капаците, топчестиот нос, полните усни и блескавиот тен. Припадниците на овој знак обично имаат складна фигура и пропорционално тело, така и тежината рамномерно се распоредува кога ќе се здебелат. Делуваат многу пријатно на око, истовремено и силно и кревко. Сакаат да се облекуваат идеално.


Близнаци

Секогаш се подготвени за акција. Изразеното лице неретко делува помладо отколку што е, а очите им се многу впечатливи. Имаат доста долги раце и нозе, обично се витки и високи, па делуваат грациозно и елегантно. Припадниците на овој знак немаат толку истакнати мускули, ниту струк. Сакаат да носат различни стилови.


Рак

Раковите обично имаат округло лице и истакнати јаболчници, но ги краси впечатлив нос, кој не мора да биде голем, но со специфичен облик. Брадата им е заоблена, а косата темна и по малку ретка. Иако во младоста се витки, повеќето Ракови посебно се здебелуваат после триесеттите. Вратот им е обично пократок и најчесто имаат чувствителна кожа. Со изгледот оставаат впечаток на нежни и суптилни личности.


Лав

Лавовите се познати по гривите, па густата и сјајна коса е заштитен знак за припадниците на овој знак. Освен тоа, Лавовите имаат и широко чело и широка вилица, како и убаво обликуван нос. Обично имаат цврста мускулатура. Сакаат да се облекуваат модерно и да се дотеруваат.


Девица

Девиците, без разлика дали се мажи или жени, поприлично се витки, а вишокот килограми обично им се таложат на рацете и стомакот. Складни им се градбата и цртите на лицето поради што се сврстуваат во убавите хороскопски знаци. Имаат нагласени јаболчници и веѓи. Сакаат да носат облека во неутрални бои и да се облекуваат елегантно.

astro-izgled-strelecot-e-najzgoden-lavot-najdoteran-1.jpg

Вага

Вагите имаат многу пријатно лице со овален облик. Често се повисоки од просекот, а како појава делуваат многу софистицирано. Обично имаат многу впечатлива боја на очи. Долниот дел на телото им е посилен од горниот, затоа градите и струкот им се потесни од остатокот на телото. Вагите обожаваат да се дотеруваат и да го негуваат својот изглед.


Скорпија

Дури и кога се слаби Скорпиите имаат прилично силна телесна конституција. Имаат пошироки рамена, впечатливо лице со сензуални усни и продорни очи, но и неправилен нос. Припадниците на овој знак имаат смеѓа и густа коса. Скорпиите сакаат да се средуваат, но не сакаат да изгледаат премногу нападно.


Стрелец

Ова е најзгодниот знак во цел Зодијак. Имаат просечна висина, спортска градба, но таа природна дарба може лесно да се расипе со прекумерното уживање во храната. Има малку подолгнавесто лице и заоблено чело и изразени светли очи. Сакаат да се облекуваат спортски и едноставно.


Јарец

Делуваат невпечатливо, но се истакнуваат по тоа што се прилично ковчести. Имаат елегантен и долг врат, како и ковчести рамени. Најчесто се ниски или со средна висина, а очите им се крупни и впечатливи. Имаат вовлечена брада, впечатливи заби и убава насмевка. Јарците сакаат убава облека, но не сакаат да се облекуваат вулгарно.


Водолија

Обично се со средна висина или ниски. Имаат полно лице и светол тен. Кога се здебелуваат често добиваат подбрадок, а по триесеттата може да имаат проблем со тежината. Обично имаат мали дланки и стапала, но убави нозе. Очите им се убави и топли, а усните крупни. Припадниците на овој знак не придаваат големо значење на облеката.


Риби

Ги краси убавиот тен, меката кожа и убавите црти на лицето, кои најчесто се со округол или овален облик. Имаат цврста и густа коса, додека очите им се најубави на лицето. Горниот дел на телото им е обично потенок од долниот кој е заоблен и широк.



Изменето од Valerija - 10.Јуни.2015 во 08:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2015 во 07:35

НАЈСОВРШЕНИТЕ ХОРОСКОПСКИ ПАРОВИ СПОРЕД ЗОДИЈАКОТ

10

Никогаш не можеме да знаеме дали човекот до нас е човекот ЗА нас.

Сакаме да ја предвидиме иднината уште на самиот почеток и не ни се чека воопшто. Сепак постои начин донекаде да разбереме дали со човекот крај нас ќе имаме долга врска.

1. Бик – Девица

Овие знаци се одлична двојка, бидејќи биковите се познати по тоа што се радуваат на едноставните работи во животот. Тоа е голем плус за типичните претставници на Хороскопскиот знак Девица, кои исто како биковите се нежни и ја сакаат природата. И двата ѕвездени знаци се практични, до одреден степен материјалисти и секогаш постојани. Тие копнеат за семејство и стабилна врска.

Couple-heart-love-620x349

2. Риби – Рак

Бидејќи Ракот е воден знак, претставниците на зодијачкиот знак се едни од најпознатите емотивци меѓу сите останати Хороскопски знаци. Секогаш знаат кога да се повлечат, имаат страшно добро развиена интуиција. Истото важи и за знакот Риби, иако на рибите им е малку потешко да се поврзат. Раковите им делуваат смирувачки и ги тераат да почувствуваат стабилност, што е добредојдено за нив.

instagram

3. Стрелец – Овен

Тврдењето дека ако си играш со оган, може да се изгориш, важи со полна сила за овој пар. Но овој оган за нив е добредојден, додека тие откриваат и испитуваат, споделуваат и покоруваат. Општи карактеристики се оптимизмот, решителноста и авантуристичкиот, безгрижен дух. Стрелците секогаш сакаат да знаат што следува, додека претставниците на Хороскопски знак Овен се малку помирни и секогаш се подготвени да водат. Расправиите помеѓу нив може да ескалираат многу лошо, но додека гледаат во една насока и се разбираат, сè ќе биде прекрасно.

cute-couple-heart-ballon-Favim.com-804233

4. Водолија – Близнаци

Тоа се воздушни знаци, што значи дека додека ветрот не почне да дува премногу силно, се разбираат одлично. Се верува дека во знакот на Водолија спаѓаат оние кои го менуваат светот, бидејќи тие се насочени кон совршеност и се стремат да остават своја трага. Близнаците се мултилатерални и нивната љубопитност и вештина да комуницираат со луѓето им овозможува да се прилагодат на секакви ситуации. Овде „разноврсноста“ е клучен збор и  двајцата се дополнуваат многу добро.

couple-cute-hot-kiss-Favim.com-1304072

5. Вага – Лав

Претставниците на овие два хороскопски знаци во зодијакот се топли и социјални Вагите се познати по нивниот шарм и вештината да им се допаѓаат на луѓето, тие често се душата на друштвото. Кога сето тоа е сместено до силното и доминантно присуство на претставниците на Хороскопскиот знак Лав, се добива пар создаден во рајот! Вагата, иако е социјална, не сака да води жестоки расправии. Лавовите, исто како сонцето, не можат да бидат игнорирани- нивниот животен карактер и енергија секогаш се присутни и ако некогаш видите човек кој се обидува да биде во центарот на вниманието, можете да бидете 100% сигурни дека е Лав. Кога ќе ги ставите двајцата заедно, добивате топлина и возбуда. Се е одлично, додека работите меѓу нив не се вжештени премногу.

Couple-3

6. Јарец – Скорпија

Двајцата имаат многу различни енергии- Јарецот е земен, а Скорпијата-воден знак. Тоа значи дека во комбинација, стануваат сила, со која никој не може да се мери. За Јарците често е важна одговорноста, тие често водат таинствен живот. Ова многупати е во спротивност со некои од квалитетите на Скорпиите – тие се познати по тоа дека се многу злобни.

couples-3-love-17909710-500-347

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2015 во 15:09

ШТО ИМ НОСИ ОВА ЛЕТО НА ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ?

6

Летото е период од годината кој најчесто носи пресврт во животот на секој хороскопски знак, поради започување нова врска, поради летна авантура која ќе се памети долго, поради крај на врска после заедничко летување, поради ново работно место и слично.

Овен

Ова лето ќе ви донесе многу љубов, но можеби и бебе. Очекувајте многу љубов и хармонија, која може да се круниса со брак.

Бик

Постои можност да потрошите многу енергија во купувањето на нов дом.

Близнаци

Времето ќе го поминете со луѓе и во активности заедно со вашиот партнер. Ако ви е преку глава од работата, време е да си пронајдете друга, која ќе ви се допадне многу повеќе.

Рак

Оваа сезона е погодна за нов почеток – астролозите ги советуваат претставниците на зодијачкиот знак да имаат повеќе самодоверба и да вложат повеќе грижа за своето здравје.

Лав

Ќе се насочите кон нова работа, но ако сте мудри, ќе започнете да го правите она во кое што сте навистина талентирани.

Девица

Релаксирање и уметност е вашето идеално лето. Време е да ги вратите старите пријателства и да ја разбудите креативната страна во вас.

Вага

Летото е време за нови пријателства кои ќе се останат и во иднина. Морате да размислувате и за развој на талентот, како и да комуницирате со повеќе луѓе.

Скорпија

Триумф во љубовта, доколку не се плашите од нешто, или имате ниско ниво на самодоверба. Главата горе и во нови освојувања!

Стрелец

Нема да престанете да патувате во текот на целата сезона. Вашите ризични потфати ќе завршат со голем успех.

Јарец

Креативен почеток на летото. Оваа сезона ќе ви биде насочена повеќе кон духовни искуства како цртање и медитација, отколку во практичните дела кои што им се својствени.

Водолија

Водолиите ќе живеат во знакот на љубовта цело лето – романтиката и чувствата ќе ги придружуваат за време на сезоната, а на есен може да бидат и сериозно врзани.

Риби

Не љубовта, туку парите ќе бидат на секој чекор во летните месеци. Дури и да му помогнат несебично на некого, Рибите ќе добијат надоместок за тоа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2015 во 15:10

ТРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ШТО ЌЕ СЕ ВЕРАТ ГОДИНАВА

7

Сите сонуваме да се сретнеме со оној човек кој ќе заслужи да му се предадеме за целиот живот. Чекаме, го бараме, додека еден ден тој не се појави и не направи целосен пресврт во нашето секојдневие.

Ова се 3-те хороскопски  знаци кои можат да очекуваат или понудат предлог за брак уште оваа година, со оглед на наклонетоста на ѕвездите во нивното љубовно поле.

Бик

Couples-in-Love-love-stories-15142653-500-356

Врската ви е доволно силна и стабилна и човекот до вас знае дека е време да го поминете остатокот од животот заедно. Партнерот навистина ве сака, а убаво е да дознаете дека судбината не ве запознала случајно и допрва престојат убавите моменти меѓу вас.

Рак

Couples-love-17846582-500-333

Внатрешно чувство дека човекот до вас е човекот ЗА вас. Доверете и се на интуицијата и не чекајте повеќе. Бракот е за оние кои се сигурни во своите чувства, а вие дури и не можете да го замислите животот еден без друг.

Скорпија

couple-happy-love-skirt-Favim.com-117153_large

Чекањето за вас заврши, конечно сонот ќе се оствари. Толку долго сте биле во потрага по вистинскиот човек што на моменти уште не можете да сфатите дека навистина сте го пронашле. Радувајте и се на среќата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2015 во 15:12

tРИТЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ КОИ СПРОТИВНИОТ ПОЛ ГО ОСТАВААТ БЕЗ ЗДИВ

12

Одредени хороскопски знаци се вистински заводници. Тие имаат талент за флертување и нив тоа лесно им оди. Проверете кои се трите знаци на кои малкумина можат да им одолеат. Дали сте меѓу нив?

Бик

Бикот спаѓа во врвните заводници иако не е свесен за својата сензуалност. Клучен адут му е спонтаноста, а во кревет ги познава сите пози од Камасутра иако никогаш не ја прочитал. Умее да создаде вистинска атмосфера и да направи партнерот да се почувствува многу посебно. Биковите имаат природна топлина во очите и понекогаш несвесно ги привлекуваат дури и оние кои не би сакале. Нивните усни просто секого го примамуваат.

Близнаци

Близнаците се кралеви на шармот. Нив просто не може да им се одолее. Тие уживаат во игри на заведување и комуникација. Обично се надарени со добра физиономија, а нивниот адут е немирниот и недофатлив поглед. Тие освојуваат со комуникација и со интелект. Нивниот позитивен став ги привлекува луѓето и со нив времето секогаш е пријатно исполнето, толку што посакувате постојано да се покрај вас.

Скорпија

Со Скорпијата владее фаталната планета Плутон. Овој знак е тешко да не го забележите. Нејзиниот заводлив поглед и манири со кои како да ве повикува на блуд не можат да ве остават рамнодушни. Ова е знак кој длабоко чувствува и нејзината интуиција е изразена до таа мера што во секој момент ги знае вашите потреби. А со оглед на тоа дека во емоционална смисла е многу посветена, ќе ужива да ве задоволи до максимални граници. Нејзините вештини во водење љубов се незаборавни.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2015 во 14:35

МИСЛИТЕ ДЕКА ГО ПОЗНАВАТЕ ПАРТНЕРОТ И НЕГОВИТЕ МАНИ?

Машки хороскоп: Кои се нивните маани?


Мислите дека го познавате својот партнер и неговите маани? Погледнете што вели астрологијата за тоа.

Овен - во љубовта може да биде мошне непредвидлив особено кога љубомората ќе настапи на сцена. Склон е кон пасивна агресија, па ако нешто не му е по волја ќе најде илјадници начини како да ви го пререче тоа. 

Бик – овој маж не ретко ја мачи својата партнерка глумејќи дека сè e во ред. Секоја расправија завршува со терање инает, па ако не му признаете дека е во право тогаш подгответе се бескрајна дискусија за тоа кој бил во право, а кој не.

Близнаци – најлошата особина кај овие мажи е што не ретко се фокусираат само на себе си и очекуваат сите околу нив да го прават истото. Намерно провоцираат љубомора затоа што така им е поинтересно. 

Ракови – лесно се навредуваат за глупости, па потоа им се одмаздуваат на луѓето. Опседнати се со мислењето на околината и на тоа што ќе кажат другите за нив. 

Лав – секогаш ќе најде оправдување за себе и за своите хирови. Мудро ги анализираат слабостите на партнерот и во прва прилика кога ќе се најдат загрозени ги искористуваат за да би изгледале подобро од него.

Девица – често посесивни машките девици критикуваат и кога треба и кога не треба. Ако нешто не е онака како што тие си го замислиле следуваат низа коментари и создавање на негативна атмосфера. 

Вага – една од мааните на овие мажи е што со нив не знаете на што сте бидејќи за ситници го менуваат својот став и расположение. Сметаат дека партнерката треба да ги слуша за многу работи и затоа си даваат право редовно да попуваат. 

Скорпија – непостојани во љубовта скорпиите се склони на флерт и авантура. Уживаат да манипулираат како би дошле до својата цел, а не ретко тоа го прават преку напаѓање на самодовербата на партнерот.

Стрелец – ќе се заколне на вечна љубов, но ќе прави како што нему му одговара и ќе ја сврти ситуацијата во своја корист. Доколку погрешите ќе ви се прави паметен, но во обратната ситуација ќе реагира како да сте го навредиле. 

Јарец- мажот јарец може да ве излуди со своите очекувања . Лесно ги кријат своите чувства и инсистираат на тоа дека проблемот никогаш не е во нив.

Водолија – водолиите тешко стануваат посветени партнери. Толку се горди со својата индивидуалност што околу нив ретко кој се чувствува потполно сакан. Не покажуваат кога се повредени, но враќаат мило за драго кога ќе им се укаже прилика. 

Риби – своите стравови ги кријат со критики. Свесни се за својата несебичност во љубовта, па затоа постојано се плашат дека нема да им биде возвратено со иста мера. Постојно ја тестираат љубовта на партнерот и се љубоморни без причина.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2015 во 22:37

Безобразен секси хороскоп: Кој лаже, кој доминира, а кој е за тројка?


Во само неколку зборчиња ќе успееме да откриеме која е вашата безобрана страна. Кој е лажго, кој им повеќе љубовници, а кој обожава да доминира?

bezobrazen-seksi-horoskop-koj-laze-koj-dominira-a-koj-e-za-trojka-01.jpg

Овен - лажгo/a

Сака да излегува. Мил е и спонтан. Само не се закачајте со него. Еротичен. Смешен. Кога сте во кревет ќе ве однесе на седмо небо. Се бакнува фантастично. Сака долги врски. Гласен е. Предизвикува зависност.


Бик - евтин/a и лесен/а

Агресивен. Настран во кревет. Ретко се пронаоѓа. Сака да биде во долги врски. Жестоко се бори за она што го сака. Духовит. Најсексапилен партнер. Пружа бакнежи кои се паметат.


Близнаци - тројката им е средно име

Љубовници кои ако им стапнете на нерв ќе ве онесвестат. Одлични во кревет. Вечно среќни. Гласни. Комуникативни. Сакаат излегувања. Простуваат. Неодоливи се.

bezobrazen-seksi-horoskop-koj-laze-koj-dominira-a-koj-e-za-trojka-03.jpg

Рак - сладок

Сексапилни до болка. Чиста петка во кревет. Романтични и грижливи. Креативни. Целосно непредвидливи и горди на тоа. Спонтани. Луѓе кои вреди да ги имате покрај себе.


Лав - богови на љубовта

Бакнежи, кревет и страст - со нив ќе потрошите многу презервативи и ќе заборавите дека постои храна и вода. Опуштени. Знаат да се забавуваат. Непредвидливи и полни со љубов. Привлечни. Сакаат кога нивното е последно. Тешки за да ги задржите.


Девица - доминантна

Секогаш доминира. Тотално луда во кревет, но грижлива. Интелигентна. Верна. Тешка за заборавање. Верува во љубов на прв поглед. Се што некогаш сте посакувале.

bezobrazen-seksi-horoskop-koj-laze-koj-dominira-a-koj-e-za-trojka-02.jpg

Вага - досадни љубовници

Убави и романтични. Откачени, забавни и привлечни. Имаат уникатен сексапил. Неодоливи, но мрзеливи во кревет. Ако вие немате идеја, тешко дека Вагата ќе ви ја даде.


Скорпија - зависник од секс

Понекогаш злобни. Полни со енергија. Еротиката зрачи од нив. По првата доза, секогаш се враќаат по уште една. Ставот им е „пријателе, се е лесно и возможно“. Она што ќе го добиете од нив, не можете ни да го замислите.


Стрелец - секси

Спонтани и запалени фрикови во кревет. Ретко се наоѓаат. Супер во долги врски. Незаборавни во кревет. Се што сакаат - добиваат. Си имаат свои начини. Кажавме дека се одлични во кревет? НАЈДОБРИ.

bezobrazen-seksi-horoskop-koj-laze-koj-dominira-a-koj-e-za-trojka-04.jpg

Јарец - страствени

Сакаат да се фалат. Често пати дрски. Интелигентни. Неодоливи. Секогаш го добиваат тоа што го сакаат. Сакаат да се шегуваат. Сакаат да се први во се, посебно во сексот. Паметни.


Водолија - сака во вода

Може да им се верува. Секси и одлично се бакнуваат. Сакаат долги врски. Ги надминуваат и најпозитивните очекувања. Ако влезете во вода со нив - ќе зовриете и ќе излезете воодушевени.


Риби - претерано згодни

Грижливи и фини. Во центар на вниманието. Забави. Неисцрпен извор на сексуална енергија. Феноменална смисла за хумор. Партнери за цел живот. Популарни благодарение на доброто тело.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2015 во 22:44
Бре бре ќе почнам да се преценувам.
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2015 во 22:50
кој ли стои позади тебе?

хороскоп де..
едно е - не се две
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 129130131132133 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.