|
Легендарниот Игор Џамбазов |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 08.Март.2014 во 11:25 |
Неговите добро познати и легендарни цитати... Во еден чуден полусон размислував за утре. А обично не размислувам за утре. Мојот концепт за животот не е таков. Каков е ни јас не сум сигурен. Ама, таков не е. Што има да размислувам за утре. Утре е дури утре.“ „Некои луѓе премногу често си дозволуваат да ја стават љубовта во секоја реченица. Понекогаш и без врска. Ќе ја спомнат љубовта во некој контекст, кој воопшто не е соодветен и мислат дека со тоа завршиле работа. Грешка, луѓе мои. Љубовта не е збор за во прости реченици. Љубовта е простопроширена.“ „Тино ме познава како својот џеб. Понекогаш ме нервира тоа што ме познава подобро од мене. Вреди да имаш таков човек во животот. Барем имаш некого што ќе ти каже што се случува. Тогаш кога ти самиот не знаеш.“ „Еднаш се живее, ама два пати се умира.“ „Ама пријателе мој, и ти сигурно знаеш дека мајката не го карала синот кога игра комар, туку кога сака да се извади.“ „И кога сите бродови ќе ти потонат, најди едно поле. Поле широко. Па, затвори очи, исклучи уши, растерај мисли и… диши длабоко. И обиди се да научиш нешто од сопствените грешки. Да научиш нешто од себе. Она што веќе си го искусил.“ „Читателу мој скап, запомни го ова. Лошите критики можат добро да делуваат на тебе. Добрите можат лошо. Затоа добрите критики не секогаш се добронамерни. Особено, ако им ја препознаеш намерата. Ако знаеш дека се од оние што или се болно љубоморни или се од оние другите. Тоа се оние кои никогаш нема да кажат дека си добар, тогаш кога и самиот знаеш дека си навистина добар. Има и такви кои ќе ти кажат дека си добар, дури и тогаш кога си лош. За да бидеш што полош. Каква перверзија. Јас ги обожувам оние третите кои ми викаат дека сум лош, дури и тогаш кога сум по малку брилијантен. Тие се моите срцки. За нив живеам и творам.“ „Кога губиш пари, бараш пари. Кога добиваш пари, ти бараат пари. Секако си зијан. И тоа не само пари. Подоцна, кога е веќе доцна, сфаќаш дека не си изгубил само пари. Туку нешто многу повеќе.“ „Во рулет-сексот оргазмот трае со часови и ти го опседнува и телото и духот. И тоа од аналниот отвор до малиот мозок. И не ти е потребен партнер. Самиот си партнер. Мастурбираш пред луѓе. Пред преполно казино. Само што кога ќе свршиш, задоволството не ти припаѓа тебе. Уживањето е нивно.“ „И додека стрпливо чекав полусонот да се претвори во сон, помислив на мојата Ики. Секогаш кога ти е тешко помислуваш не некој свој, нели пријателе мој? Некој ептен близок. Тоа помага. Барем малку.“ „Не е доволно само да си признаеш. Не е доволна искреноста само кон себе. Поважна е искреноста кон другите.“ „Не можат тие толку да ме изнервираат, колку што јас можам да истрпам. Забораваат една важна работа. За разлика од сите други, јас немам што да загубам. Удавено магаре од мечка не се плаши.“ „Вистинскиот пријател нема да дозволи да се брукаш за две-три заостанати сметки, да се криеш од шефицата на дисконтот, или да се нервираш што не можеш да почестиш ни едно кафе во пицеријата каде што со години го убивате слободното време и го менувате светот. Пријателот не позајмува. Пријателот дава. Ти земаш, затоа што немаш. А кога ќе имаш, ќе вратиш. Без датуми, без противуслуги и што е најважно без камати. Пријателот не сака камати. А оној што сака, не ти е пријател.“ „Колку и да се обидувам да го растерам од моите мисли сето она што како грев сум ѝ го „подарил“, сфаќам дека тоа едноставно е невозможно. На неа мислам постојано. На неа мислам и кога мислам дека не мислам.“ „Пријателе мој, никогаш немој да ги лажеш оние што те сакаат. Правиш погрешна работа. Викни некогаш, налути се понекогаш и ветувај засекогаш. Само немој да лажеш. Оти на лагата и се кратки нозете, а знаат да акнат и по некојa клоца. Една од десетте божји заповеди би требало да гласи: „Не лажи. Бакнувај.“ „Моето оружје пријателе, е меморијата. Сè уште. Сè уште ми работи бојлерчето. Имав и други ефикасни оружја кои сега ми се застарени од неактивност. Глумата, блузот, стиховите, вицовите. Оружје ми се пријателите. Оние малкумина што ми останаа. Со нив, во овој момент се чувствувам како да сум дел од непобедлива војска. Како дел од некој специјален одред.“ „Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро.“ „Пијаните мајмуни се смешни до солзи. Пијаните луѓе се тажни до солзи. Сите заедно седиме во алкохолниот кафез на животот и им правиме циркузи на оние кои нè гледаат. Мајмуните што излегуваат од нас кога сме заробени под алкохолот се смешни и тажни истовремено. Знаат и да гризат понекогаш. И да удираат и да викаат. Пцуењето се подразбира. Знаат и да плукаат. И физички и умствено.“ „Луѓе мои. Каква тажна приказна за оние што премногу сериозно си го сфатиле животот. Животот е несигурна појава. Тој може да биде страшна трагедија за сите оние кои чувствуваат и супер комедија за сите оние кои мислат. Или мислат дека мислат.“ „Од денес, мора да почнам да мислам и за утре. Оти, еве го кај е утре. Утре ќе дојде за миг. Нема веќе заебанција со утре.“ |
|
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од емил - 10.Март.2014 во 14:28 |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Во еден чуден полусон размислував за утре. А обично не размислувам за утре. Мојот концепт за животот не е таков. Каков е, ни јас не сум сигурен. Ама, таков не е. Што има да размислувам за утре. Утре е дури утре.“ - Игор Џамбазов
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се подготвува голема блуз рок турнеја која ќе ги опфати сите градови низ Македонија и на која ќе настапуваат двајцата блузерот Игор и рокерот Влатче. Дали на концертите ќе им се придружи и некој од бендовите и музичарите со кои соработува Сале Рокер човекот кој ги организираше настапите на Рибља Чорба, Дивље Јагоде, Бајага… останува да видиме на крајот на преговорите.... |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Скопјанец на ова нема да се налути...
Со извинување малку вулгарно е,за оние кои не израснале во Скопје ама глумат Скопје-шема. И да му ојте сигурно интересно ќе биди. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ИГОР ЏАМБАЗОВ: ВРЕДАМ КОЛКУ ДВЕ ПИЦИ И ЕДНО ПИВО Како е да живееш со Маестро, а како е да си внук на Манданата, која е Џеси што од дете го направила во маж, а каква страст доживеал со "Мирна из Ниш". Уште многу скриени скопски, македонски и балкански легенди, актерски, музички, градски, за кои никогаш или ретко јавно зборувал, се дел од новата книга на Игор Џамбазов, "Облечен човек". Во кафе-барот "Форца" во Скопје беше тутма. Џамбазов даде јавна покана за промоција на четвртата книга. За потпис се туркаа, главно, млади, кои се родиле во времето кога тој бил на турнеја со Стериино позорје, но дојдоа и многу негови пријатели. Меѓу нив, и хрватскиот актер со светска кариера, Раде Шербеџија. Малкумина го забележаа, седеше на маса со Игор и со издавачите од "Три", но Игор го најави во свој стил. "'Ослободувањето на Скопје' се снима до петок, а Раде ми измисли една улога зашто ми е другар, колку да не се лутам. Тој одвои време да дојде и покрај сиот метеж околу снимањето. И да ви кажам, во овој филм цела Битола е исплатена", се шегуваше Џамбазов. "Во моите поранешни книги, го нареков Раде Шербеџиев, тој беше единствениот без прекар. Самиот си го бараше, и сега навистина стана Шербеџиев. Ќе се покаеш за таа одлука, пријателе мој, ама ќе биде доцна", додаде Игор низ смеа. Актерот и шоумен ги насмеа гостите пресметувајќи колку вреди. "Книгата се продава по цена од 450 денари. Немој да сте ми кажале дека тоа е многу. Пресметав, јас и мојата книга вредиме колку две пици и едно пиво во популарните скопски пицерии. Едно пиво, луѓе, со тие пари, второ не добиваш. Ако јас и мојот живот не вредиме барем толку, тогаш ќе се самозапалам", е математиката на Џамбазов. "Писател е оној што има што да каже. Четвртата книга на Игор ги поместува границите на литературата", беа дел од зборовите на издавачот Винка Саздова за "Облечен човек". Издавачкиот центар "Три" годинава слави 15-годишен јубилеј. |
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Игор Џамбазов не доживеал инфаркт
Му посакуваме што поскоро опоравување.
|
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(2)
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |