IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 127128129130131 157>
Автор
Порака
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 23:51

ОвенОвен
 21.03-20.04

ЉубовРаботаЗдравје
544

20 до 26 април 2015

Љубов: Ќе уживате во пар, во мир и тишина на познати меса. Нема да бидете видени на друштвени собири, повеќе ќе сакате да одите во природа или да седите дома. Оние кои сè уште бараат сродна душа исто така нема многу да излегуваат, па најверојатно ќе останат сами.

Работа: Сè што е процедура сега ви пречи. Ќе бидете во позиција да се прилагодувате на нови програми и тоа најчесто на оние кои ги смислиле вашите шефови. Немојте да негодувате, бидете дипломат. Поинаку сега за сега нема да може.

Здравје и совет: Подобро истражете ги своите способности.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 23:52

БикБик
 21.04-20.05

ЉубовРаботаЗдравје
544

20 до 26 април 2015

Љубов: Вашите емоции нема да бидат помали од порано, но ќе се засили потребата за сигурност и љубов. Од време на време ќе бидете во борба со самите себе бидејќи зголемените емоции ќе тежнеат кон драматизирање на состојбата. Од друга страна, потребата за сигурност ќе ве тера да се повлечете. Најдете ја златната средина.

Работа: Ќе ви се чини дека другите манипулираат со вас и со вашите блиски соработници. Што е најлошо ќе бидете во право. Во овој момент вие не можете многу да делувате на работите, но тоа не значи дека подоцна нема да можете. Затоа не вреди да се нервирате.

Здравје и совет: Верувајте дека можете подобро и повеќе.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 23:52

БлизнациБлизнаци
 21.05-20.06

ЉубовРаботаЗдравје
544

20 до 26 април 2015

Љубов: Првиот дел од седмицата ќе ви донесе убави љубовни случувања, а од средината на седмицата работите ќе спласнат. Вашето љубовно расположение ќе биде помало, приликите за познанства ќе бидат помали и поретки, а оние што се во врска малку ќе се дистанцираат еден од друг.

Работа: Некои ќе започнат со домашни поправки и ќе земат слободни денови за да ги завршат. Ќе се покаже дека тоа е полн погодок. Оние кои остануваат на работното место ќе мора да завршат некои заостанати работи или мали иновации кои чекале вистински момент. Ништо особено.

Здравје и совет: Батериите ќе ги наполните со хоби.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 23:52

РакРак
 21.06-20.07

ЉубовРаботаЗдравје
544

20 до 26 април 2015

Љубов: Ако сè уште барате сродна душа, обрнете внимание на личностите кои ги среќавате на работа. Некој веќе одредено време ве набљудува и малку копнее по вас. Ако сте во врска, вашиот однос ќе биде стабилен, а двете страни ќе тежнеат кон заеднички живот.

Работа: Ќе функционирате како спортист кој своите тренинзи лесно ги одработува. Многумина на својата работа ќе надоврзуваат нови вештини и ќе откриваат детали на професијата. Тоа ќе биде уште една фаза на учење и напредување. Исто така добро ќе соработувате со другите.

Здравје и совет: Обрнете внимание на критериумите за убавина.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 23:53

ЛавЛав
 21.07-21.08

ЉубовРаботаЗдравје
544

20 до 26 април 2015

Љубов: Оние што сакаат, ќе сакаат со полно срце, а другата страна ќе им возвраќа со помал интензитет. Сепак нека го прифатат она што го имаат, не сме сите секогаш во иста фаза. Деновите се добри за љубов и социјален живот.

Работа: Сè повеќе ќе се интересирате за новините во професијата. Некои ќе се поврзат со луѓе кои се на прагот од интересни откритија кои можат да ги сменат работите. Тоа ќе биде ваш мотив, на кој тешко ќе можете да му одолеете. Впивајте ги информациите.

Здравје и совет: Повеќе останувајте на воздух.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 23:55

ДевицаДевица
 21.08-22.09

ЉубовРаботаЗдравје
544

20 до 26 април 2015

Љубов: Комуникативноста и отвореноста ќе бидат вашите адути за заведување личности од спротивниот пол. Сепак, предајте му се на оној кој го сакате, за подоцна да не зажалите. Љубовта е можеби блиску, но вие сте далеку.

Работа: Новата енергија која интензивно ја чувствувате ќе ве поттикне и на нови деловни чекори. Ќе бидете вешти, конструктивни, отворени и желни за предизвици. Лесно ќе се поврзувате со другите, особено со оние со кои не работите на исто место.

Здравје и совет: Уживајте во животот.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 23:57

ВагаВага
 23.09-22.10

ЉубовРаботаЗдравје
544

20 до 26 април 2015

Љубов: Овие денови веројатно ќе имате добар ветер во грб кога станува збор за љубовта. Ќе ви се отворат многу врати полесно од вообичаено, ќе бидете повикани на интересни собири и уште поинтересни места. Ако сте сами прифатете ги повиците и отидете меѓу луѓе.

Работа: Кога ви се чини дека сите губат илузии, вие сте доволно „луди“ да не подлегнете на тоа. Овие денови тоа ќе се покаже и докаже. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го на дело без да скршнете од патот. Вашите идеи се одлични и ќе донесат резултати.

Здравје и совет: Можете добро да се забавувате.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 23:58

СкорпијаСкорпија
 23.10-22.11

ЉубовРаботаЗдравје
544

20 до 26 април 2015

Љубов: Од време на време ќе почувствувате мали незадоволства или краткотрајни пречки за љубов. Издржете, само со истрајност ќе видите колку имате сила и колку сакате. Со време сè ќе се стопи само од себе, ќе остане само она што е добро.

Работа: Брзината со која ќе делувате на работното место ќе биде преголема за другите да можат да ве следат. Тоа е последица што вие однапред можете да видите каде треба да се интервенира, па не губите време. Сепак, нешто треба да им се објасни на соработниците.

Здравје и совет: Два пара очи гледаат подобро од еден.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 23:58

СтрелецСтрелец
 22.11-21.12

ЉубовРаботаЗдравје
544

20 до 26 април 2015

Љубов: Ослободете се од преголемите љубовни очекувања, сега е подобро да се биде реалист отколку идеалист. Одолејте им на искушенијата за надмудрување. Бидете толерантни и духовити колку што можете. Ако партнерот ве испровоцира, немојте тоа да го земете при срце. Тоа ќе помине.

Работа: За да го подобрите она што го работите, мора да се отворите и повеќе да соработувате со другите. Ставот дека некој не е добар, особено ако тоа се однесува за вас, не е добар. Поработете на сопствената анализа и сè ќе ви биде појасно, па и полесно.

Здравје и совет: Добро е да се биде во природа, таа освежува.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2015 во 00:01

ЈарецЈарец
 21.12-19.01

ЉубовРаботаЗдравје
544

20 до 26 април 2015

Љубов: Додека вие размислувате за своето љубовно минато, вашата љубовна сегашност полека ќе ви бега. Можно е да пропуштите некоја љубовна прилика затоа што спиете. Оние што се во врска сепак ќе најдат заеднички јазик со саканата личност.

Работа: Оние кои искрено се преиспитале, знаат што треба да направат и ќе тргнат во таа насока. Оние кои сè уште не размислиле за себе, ќе се соочат со последиците од сопствената амбиција и сега ќе видат каде згрешиле. Потоа ќе продолжат напред.

Здравје и совет: Бидете пољубезни и поотворени.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2015 во 00:01

ВодолијаВодолија
 20.01-18.02

ЉубовРаботаЗдравје
544

20 до 26 април 2015

Љубов: Ќе им бидете интересни на другите, заводливи, шармантни и елоквентни. Сите тие се особини со кои можете да остварите пријатни познанства, а можеби и многу повеќе. Немојте да самувате бидејќи ова се денови кога имате зголемени шанси за љубов.

Работа: Немојте да инсистирате на своите идеи. Иако некои врати се малку отворени, сè уште не е време да се експонирате. Работете во тишина и според правилата на игра. Трпеливо чекајте ги своите пет минути. Тие ќе дојдат. Кога ви е тешко, најдете ведри луѓе.

Здравје и совет: Човек за човека е лек.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2015 во 00:02

РибиРиби
 19.02-20.03

ЉубовРаботаЗдравје
544

20 до 26 април 2015

Љубов: Ако се додворувате некому, бидете подискретни. Ако сте во врска, занемарете ги приговорите од страна на партнерот. Како што ќе одминува седмицата, љубовните прилики ќе се подобруваат. Затоа одете чекор по чекор, па и резултатите ќе бидат потрајни.

Работа: Многумина ќе одат на сигурно,  неодамнешните искуства и искушенија ќе им говорат така да направат. Сепак, понекогаш можете и да ризикувате. Не е сè така тешко како што ви се чини. Од некаде ќе се појави поддршка на која воопшто не сте се надевале.

Здравје и совет: Сепак напредувате.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2015 во 00:03

Главни журкаџии: Овие 5 хороскопски знаци се родени за забава


Некои луѓе сакаат луди журки, некои пак сакаат мирни седенки. Верувале или не, и тука голема улога има вашиот хороскопски знак.


glavni-zurkadzii-ovie-5-horoskopski-znaci-se-rodeni-za-zabava-001.jpg

Проверете дали сте помеѓу 5-те знаци за кои забавата никогаш не престанува:

Стрелец

Вистинската забава не започнува додека не дојде Стрелецот. Лицата во овој хороскопски знак се природно предодредени да бидат социјално - екстровертни типови. Ако има потреба од вжештување на атмосферата, секогаш може да сметате на нив. Огнен знак се, што значи дека генерално сакаат да се во движење, па кога се излезени обожаваат да танцуваат.


Лав

Уште еден хороскопски знак кој знае како да ја подигне атмосферата. Лавовите сакаат да бидат видени и сакаат сите да им се воодушевуваат. Со таа цел, ќе заиграат во секоја прилика, а она што посебно ги радува е театралното влегување на забавата.


Риби

Иако Рибите се далеку позатворени типови од Лавовите и Стрелците, заради своите зависнички карактеристики се идеални партнери кои никогаш нема да ве напуштат кога забавата ќе започне. Само треба да им се даде прилика и да им се погоди друштвото за да се опуштат. После тоа веројатно ќе имате проблем да ги вратите дома.


Овен

Овните сериозно си ја разбираат забавата, колку и да звучи контрадикторно. Тие се грижат за гостите и друштвото и често проверуваат дали на некој му недостасува пијалак. Немаат одреден тип на луѓе за забава, па затоа лесно се вклопуваат секаде. И многу често додека се излезени планираат нови излегувања во текот на месецот, па затоа никогаш не им е здодевно.


Водолија

Водолијата сака да биде опкружена со луѓе. Спонтани и оригинални, Водолиите ветуваат возбудливи забави. Иако можеби нема да бидат во центарот на подиумот, тие вешто знаат да направат муабет со старите пријатели, но и со странците кои штотуку ги запознале. Плус, алкохолот е нивен чест сојузник кој со задоволство го делат со останатите.

glavni-zurkadzii-ovie-5-horoskopski-znaci-se-rodeni-za-zabava-02.gif

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2015 во 11:27

На кој хороскопски знак сте слаби: Љубовните врски помеѓу овие знаци се неизбежни


Во Зодијакот постојат повеќе љубовни комбинации кои се олицетворение на страст и големи емоции, па токму таквите привлечности се неизбежни.

na-koj-horoskopski-znak-ste-slabi-ljubovnite-vrski-pomegu-ovie-znaci-se-neizbezni-01.jpg

Дознајте на кој хороскопски знак сте слаби и барем еднаш во животот ќе го имате за партнер.

1. Овен и Вага

Веќе при првото среќавање на овие знаци се појавуваат искри. Енергијата и сексуалноста на Овенот и шармот и префинетоста на Вагата создаваат силна хемија. Оваа љубовна врска е голем предизвик за двете страни, па тешко дека ќе одолеат да не се пробаат како пар.

Проблемите во односот може да настанат кога пристојното однесување и начин на живот на Вагата ќе започнат да го нервираат Овенот. Вагата од друга страна пак, ќе се обиде да го направи Овенот попристоен.

За врската да успее, потребно е овие два знаци својата природа да ја спојат во заеднички активности, наместо да се препираат.


2. Бик и Скорпија

Кога нежниот Бик ќе се отвори пред Скорпијата и во неа ја види страста која ја носи, доаѓа до огромна сексуална поврзаност. Кога ќе влезат во врска не можат да се заситат еден од друг, но кавгите се исто така неизбежни.

Бикот се изморува од темпото на Скорпијата, додека на Скорпијата и пречи пасивноста на Бикот.

Само ако страста од спалната соба може да се пренасочи кон заедничко дружење, работите може да се подобрат.


3. Близнаци и Стрелец

Привлечноста меѓу овие два знака не е само физичка, туку се одразува и на ментално ниво. Љубопитните Близнаци и Стрелците кои вечно филозофираат, ги обожаваат меѓусебните разговори.

Близнаците може да ги изнервира само ставот дека Стрелецот сè знае најдобро, додека Стрелецот може да му замери на партнерот за повремената незаинтересираност и склоноста кон озборување.

Решението е во заедничките патувања.

na-koj-horoskopski-znak-ste-slabi-ljubovnite-vrski-pomegu-ovie-znaci-se-neizbezni-02.jpg

4. Рак и Јарец

Чувствителноста на Ракот и моќта на Јарецот претставуваат совршен спој.

Страста може да биде кратко попречена од емоциите на Ракот, а Јарецот повремено да го игнорира, додека на Јарецот може да му здодее неодлучноста и несамостојноста од другата страна.

Задолжително мора да се потсетуваат дека не се само партнери, туку и љубовници, ако сакаат да успеат.


5. Лав и Водолија

Кралот на светот не може да и одолее на слободната Водолија која го признава само својот авторитет. Бунтовничкиот дух е освежување за Лавот, додека за Водолиите најпривлечна е харизмата на Лавот.

Преголемата потреба за внимание на Лавот и противењето на Водолиите може да доведе до сериозни проблеми.

Спасот мора да го најдат во креветот, далеку од сите луѓе и познаници.


6. Девица и Риби

Девицата сака ред, а Рибите ги одбива рутината, па затоа ова е доволно спротивно за да се привлечат. Врската ја гледаат како единствен начин да си го променат животот, па Девицата обожава да ја научи Рибата на ред, додека Рибата ја учи Девицата како да се опушти.

Во одреден момент несериозноста на Рибите може да и попречи на Девицата, а потребата за контрола на Девицата да биде препрека за другата страна.

Подготвеноста на компромис може да ја спаси врската.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 127128129130131 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.