IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Мистерии и урбани легенди
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мистерии и урбани легенди

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2015 во 15:34
За ова науката нема објаснување: 10 мистерии кои го опседнуваат светот

Ниеден научник не може да претпостави како замрзнатата девојка оживеала, каде исчезнало цело езеро во Патагонија, или што се случило со екипажот од бродот "Керол А. Диринг".

Современата наука многу напредувала и им го олеснила животот на луѓето, но постојат случаи за кои едноставно нема објаснување. Еве некои од најпознатите.

1. Замрзнатата девојка од Минесота - Џин Хилијард го преживеала најтешкиот случај на замрзнување и тоа на најелегантен можен начин. Со нејзиниот случај се занимавал секој познат американски научник, а секој од нив имал еден одговор - чудо. Џин имала 19 години кога соседот ја нашол на пат - целосно замрзната. Нејзиниот автомобил се расипал, па тргнала дома пешки.

Тоа била зимска ноќ и температурата се спуштила на -25 степени. Таа целосно замрзнала и не постоеле теоретски шанси да преживее. Единственото логично нешто што можело да се случи е нејзините клетки да испукаат, бидејќи кога водата во човековите клетки се смрзнува, тие се шират. Тоа предизвикува сериозни оштетувања на мозокот и ампутација на рацете и нозете. Сепак, ништо од тоа не се случило. По 45 дена Џин била сосема здрава. Науката не може да објасни како преживеала. Таа и денес живее среќно и задоволно. 


2. Железниот столб во Њу Делхи - Столбот стои како што бил поставен веќе 1.600 години, а иако е од железо, воопшто не кородира. Научниците велат дека мислат дека откриле зошто е тоа така, и се чека на нивниот збор, но луѓето сепак се прашуваат зошто им било потребно толку многу време за да откријат нешто што нашите предци очигледно го знаеле пред речиси 2 милениуми.


3. Проколнатиот брод "Керол А. Диринг" - Бродот "Керол А. Диринг" бил пронајден на 31-ви јануари во 1921-та година покрај брегот на американската сојузна држава Северна Каролина. Меѓутоа, во него немало никој. Сите работи биле на место и на број, храната за следниот ден била подготвена, но од екипажот ни трага ни глас. Немало знаци на насилство - луѓето како да испариле. Случајот бил прогласен за натприроден.


4. Хачинсоновиот ефект - Тоа не е само еден случај, туку цела низа појави. Џон Хачинсон експериментирал со брановите на Тесла, па видел дека дрвото и металот, два сосема различни материјали, заедно ја менуваат состојбата за да станат целосно идентични. Зошто? Тоа се прашуваат и научниците. Некои се обиделе да одговорат, но тоа биле само обиди.

5. Лицата од Белмезе - На ѕидовите и подовите на куќата на семејството Переира во Белмезе во Шпанија, мистериозно се појавуваат и исчезнуваат лица од непознати луѓе. Многу научници се обиделе да ја решат оваа мистерија, но единственото нешто што го утврдиле е дека куќата била изградена на место кое некогаш било гробница. Посмртните останки биле ископани и преместени, но тоа не ги спречува лицата да се враќаат.


6. Езерото кое исчезнува - Во 2007-та година, во Патагонија постоело езеро со површина од околу 48.000 метри квадратни. Така барем било во мај, бидејќи два месеци подоцна на местото каде што се наоѓало тоа езеро, се гледала само сува земја преку која течел мал поток. Геолозите велат дека тоа може да се објасни само со делување на земјотрес, но докази дека таму некогаш имало земјотрес - нема.


7. Дожд од слуз во Оуквил - На седми август 1994-тата година, жителите на канадскиот град Оуквил забележале дека врне чуден дожд. Прво мислеле дека станува збор за камчиња, но кога погледнале подобро сфатиле дека станува збор за проѕирна желатинска супстанца. Во рок од три седмици овој дожд врнел шест пати. Луѓето почнале да се разболуваат, а симптомите биле слични на грип и траеле три месеци. Животните кои доаѓале во допир со таа супстанца умирале. По тестирањето на примероците било утврдено дека дождот се состои од бели крвни зрнца. Никој нема одговор зошто било тоа така.


8. Црниот хеликоптер - Сите велат дека тоа е повеќе американска легенда за НЛО, отколку вистински хеликоптер. Многумина велат дека ги следел црн хеликоптер, а два случаи се издвојувале како автентични. Првиот случај е со тинејџер, кој бил следен од хеликоптерот цели 45 минути. Кога детето повеќе немало каде да оди, екипажот излегол со пушки, но решиле да го ослободат. Другиот случај се случил една седмица подоцна во Вашингтон, кога истиот хеликоптер следел еден автомобил.


9. Животните во камен - Во голем број на случаи на скршени камења биле откривани мали животни. Некои луѓе во шумите често наоѓале фосили од жаби во камењата. Како успевале да влезат внатре никој не знае. Исто така, во камењата немало дупка.


10. Човекот кој привлекува дожд - Дони Декер е Американец од Пенсилванија, кој може да привлече дожд. Тој раскажал дека таа моќ ја добил на погребот на својот дедо, кога бил нападнат од неговиот дух. Подоцна посетил еден од своите пријатели, а од плафонот почнала да тече вода. Прво помислиле дека нешто не е во ред со кровот, но се воспоставило дека дожд паѓа само каде што е Дони. Во еден дел од животот Дони завршил во затвор, но дождот и таму го следел. Никој не знае зошто.



Изменето од Valerija - 14.Април.2015 во 15:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2015 во 17:31

Двајца мексиканци видоа вештерка во ноќта

Без разлика дали верувате или не во вештерки и духови, да ви се случи нешто вакво ќе се преплашите.




Колку е вистина проценете сами, сега за сега останува нерешена мистерија
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2015 во 17:31

12 чудни приказни кои ќе ве убедат дека вистинскиот живот е пострашен од било кој филм

Филмовите понекогаш можат да бидат морничави и многу страшни, но барем можете да најдете утеха во фактот дека тие вообичаено се плод на фантазијата и чиста измислица. Дури и филмовите со назнака „засновано врз вистинит случај“ не ветуваат некоја голема точност.

Но, не грижете се, има мноштво морничави приказни кои се жива вистина. Еве некои такви примери.

1. Кога деца од основното училиште Ривервуд во Австралија еден ден отишле на одмор, откриле дека во нивната куќичка во шумата има 1.5 литар човечка крв…

hr01

Според количеството крв, сосема е јасно дека жртвата не можела да стане и да си замине. ДНК тестовите не успеале да ја поврзат крвта со било кого.

2. Бројот 0888-888-888 бил укинат поради многу мрачна причина…

SONY DSC

Секој човек кој го поседувал обој телефонски број умрел за помалку од десет години откако го добил. Две од жртвите биле мафијашки шефови на кои главата секако им била в торба, но телефонските компании сепак не сакаат да ги бие лош глас.

3. Кога Џорџ Бојер бил дете, тој не сакал да биде атлетичар или рок ѕвезда кога ќе порасне. Наместо тоа, тој сакал да биде едноног. Кога наполнил шеесет и осум години, желбата му се исполнила.

hr03

Бојер се застрелал во ногата. Докторите во болницата му кажале дека можат да му ја спасат, но Бојер ги убедил да му ја ампутираат без оглед на тоа. До крајот на својот живот, Бојер среќно си живеел со една нога. Ете, гледате што сѐ држи оваа земја.

4. Во 1885. година, еден човек во поштенското сандаче добил писмо од неговиот брат. Проблемот бил во тоа што неговиот брат бил мртов веќе 13 години…

hr04

Во писмото пишувало дека брат му умствено се пореметил и наскоро ќе го посети. Кога човекот го ископал гробот на брат му, тој бил празен.

5. Во 1837 година, Едгар Алан По го објавил романот „Авантурите на Гордон Пим“. Приказната била за три морнари кои морале да го изедат нивниот пријател за да преживеат бродолом. Едгар Алан По немал поим дека неколку години подоцна приказната ќе се обистини…

hr05

Во 1884 тројца морнари доживеале бродолом и морале да го изедат нивниот другар, кој се викал – Ричард Паркер, сосема исто како во приказната на Едгар Алан По.

6. Едвард Мордрејк се родил со две лица. Второто лице не можело да зборува, но можело да се смее и плаче независно од неговите чувства…

hr06

Едвард ова лице го нарекол „ѓаволски близнак“. Се убил на 23-годишна возраст откако докторите одбиле да го отстранат од неговиот череп.

7. Локалните жители ги предупредувале советските археолози дека ако го земат черепот на Тимур, еден од најголемите монголски освојувачи, тоа ќе доведе до војна, но тие сепак го однеле…

hr07

Следниот ден, на 22. јуни 1941, се случила операцијата Барбароса, нацистичката инвазија на Советскиот Сојуз. Во текот на следните неколку недели загинале илјадници Руси.

8. Во 1848. на брегот на Индонезија стигнал чуден и вознемирувачки повик од бродот СС Уранг. Еден од гласовите велел: „Сите офицери вклучително и капетанот се мртви, лежат во кабината и на мостот. Веројатно целиот екипаж е мртов…“

hr08

Брод кој се наоѓал во близина наскоро добил порака со Морзеовата азбука. Гласела: „Умирам“. Кога друг брод го нашол Уранг, сите членови на екипажот биле мртви, со очи широко отворени и лица свртени кон небото..

9. Во 1997 Рита Свифт развила фотографска лента која ја нашла на земјата. Шеснаесет од фотографиите биле од 1969, но три биле од многу порано…

hr09

Трите фотографии биле направени со примитивна камера, на кои биле прикажани луѓе во индијанска облека од деветнаесеттиот век.

10. Еден човек од Јапонија поставил безбедносна камера бидејќи се сомневал дека некој краде од неговата кујна. Помислил дека можеби е животно, но кога ја видел снимката…

hr10

Се испоставило дека е жена којашто секоја ноќ излегувала од неговиот шкаф, јадела од неговата храна, па дури и си се туширала. Цела година живеела во неговиот дом без воопшто да ја забележи.

11. Во 1669. кралот Луј XIV пратил човек во затвор без никакво судење. Човекот бил присилен цело време да носи грозна маска. Што сторил човекот за да биде затворен…?

hr11

Никој не знае. До денешен ден, идентитетот на човакот останал непознат. Што и да му згрешил овој човек на кралот, мора многу да му згрешил. Неговото име умрело засекогаш кога умрел и кралот.

12. Ноќта пред 15. април, 1865, денот кога бил застрелан Линколн, тој сонил сон кој можеби ја предвидел неговата судбина…

hr12

Во неговиот сон, Линколн видел војник како стои до ковчег. Кога го прашал војникот кој умрел, војникот одговорил – претседателот.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2015 во 23:54

Огромно непознато џиновско морско чудовиште на брегот на Камбоџа

Дел од научниците тврдат дека се работи за некој вид на кит, но дел тврдат дека вакво нешто не виделе до сега.


Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 00:06

Научниците не можат да објаснат од каде доаѓаат овие 5 страшни звуци

И покрај впечатливата научна моќ на човештвото, сепак има толку многу нешта коишто нѐ збунуваат, па дури и нѐ плашат. На пример, сѐ уште немаме објаснување за некои звучни феномени коишто се случваат на нашата планета. Овие звуци се слушаат од океанот, на копно па дури и на небото. Некои од нив се слушнати од милиони луѓе, а сепак не може да се најде објаснување за нив.

1. Блуп



Нека не ве залажува детинското име, бидејќи „Блуп“ може да биде нешто навистина страшно. Изгледајте го следното видео за да слушнете како звучи, како и да слушнете некои шпекулации за неговото потекло.


                                         2. Неботреси


Ова видео е малку долго, но дури и само минута од овие ужасни звуци е доволно да ве полазат морници.

3. Upsweep




Овој звук за првпат бил откриен во 1991 од страна на Пацифичката морска лабораторија, и сѐ уште може да се слушне и денес. Од 1991, звукот постепено ја намалува својата силина, но тоа не го прави помалку морничав. Звучи како саундтрак за филм со вонземјани.

4. Квакање




о зенитот на студената војна, подводните екипи на Антарктикот почнале да слушаат чудни нешта под вода кои звучат како квакање на патки. Отпрвин се мислело дека потекнува од некој организам, но до ден денес е сѐ уште необјаснето. Истражувачите денес сугерираат дека звукот можеби го прават остроклуни китови.

5. Шум




Од седумдесеттите навака, постојано се случува луѓе да се жалат на шум со ниска фреквенција кој само тие можат да го слушнат. Ова се случува кај луѓе од целиот свет. Уште пострашно е тоа што медицински било докажано дека луѓето навистина го слушаат тоа. Но, не постои објаснување зошто некои можат да го слушнат, а други не.
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 00:25

25 случки низ историјата кои изгледаат премногу чудни за да бидат вистинити

Дали верувате во случајности? Или верувате дека постои некој поголем, можеби злокобен механизам кој прави да се случуваат чудни нешта? Што и да верувате, било во судбина, околности или чисти случајности, еве 25 од најчудните совпаѓања кои се случиле во текот на поновата историја.

1. Смртта на близнаците

sl01

Во 2002, еден човек од Финска бил прегазен додека се обидувал да го премине патот 8 на неговиот велосипед. Два часа подоцна, неговиот брат близнак се обидел да премине на истиот пат, но 1.5 километри подалеку. И тој завршил трагично исто така.

2. Стрпливиот К*ршум

sl02

Кога неговата сестра извршила самоубиство по пропадната врска, нејзиниот брат се заколнал дека ќе му се одмазди на Хенри Зигланд, човекот кој ѝ го скршил срцето. Пукал во Зигланд, но промашил, и К*ршумот се забил во блиското дрво. Години подоцна, Хенри го расчистувал истото тоа земјиште и употребил динамит за да го отстрани дрвото. К*ршумот излетал со значителна сила директно во Зигланд и го убил.

3. Музички соседи

sl03

Кога не би била временската разлика од 200 години, Џими Хендрикс и Џорџ Хендел би биле соседи. Живееле на улицата Брук бр. 23 и 25 во Лондон.

4, Г-н Брајсон се пријавува два пати

sl04

Извесен Џорџ Д. Брајсон се пријавил во хотелот Браун во Луисвил, Кентаки, САД, дознавајќи дека претходниот гостин исто така се викал Џорџ Д. Брајсон.

5. Првата и последната жртва на браната Хувер

sl05

Првиот работник кој загинал при изградбата на браната Хувер се викал Џ. Џ. Тиерни, и загинал на 20. декември, 1922. Последниот човек кој загинал таму бил неговиот син, кој загинал на 20. декември 1935 година.

6. Не се шегувал

sl06

На 20. јуни, 1940 година, советските археолои ја откопале гробницата на Тимур (познат уште и како Тамерлан), потомок на Џингис Кан. На гробницата стоел злокобен предупредувачки натпис кој гласел: „Тој кој ќе ја отвори мојата гробница ќе си навлече окупатор поужасен и од мене.“ Тие сепак ја отвориле. Два дена подоцна, Германија го нападнала Советскиот Сојуз.

7. Регистарска табличка која имала поголемо значење отколку што било кој си помислил

sl07

Регистарската табличка на автомобилот во кој бил застрелан Франц Фердинанд била III118. Официјалниот крај на Првата светска војна бил на Денот на примирјето, на 11. 11. (19)18 година.

8. Огромната бркотница на маскирани бродови

sl08

За време на Првата светска војна, британската армија го преправиле патничкиот брод РМС Карманија во воен брод, маскирајќи го да изгледа како друг патнички брод, германскиот СМС Трафалгар. Маскираниот брод во 1914 година потопил еден германски брод во близина на Бразил. Потопениот брод бил вистинскиот Трафалгар, кој Германците го маскирале да изгледа како британскиот брод Карманија.

9. Не носи ја и неа на крстарење

sl09

Виолета Џесоп била одечки лош знак. Била на ХМС Олимпик кога се судрил со ХМС Хок, била на ХМХС Британик кога бил удрен од мина, и се разбира, била и на Титаник. Џесоп била стјуардеса и медицинска сестра и работата на брод била дел од нејзината професија. Подоцна станала позната како „Госпоѓата непотонлива“. Сите три несреќни бродови биле и „сестрински“ бродови.

10. Баксузен патник

sl10

Во 1975, еден човек бил прегазен од такси на Бермудските острови. Несреќниот патник бил сведок на несреќата. Една година подоцна, истиот такси возач го возел истиот патник кога го прегазил братот на првата жртва.

11. Држете го тоа бебе понастрана од прозорецот

sl11

Во текот на триесеттите на минатиот век, еден човек по име Џосеф Фиглок се стаписал кога бебе му паднало на рамениците. Истиот ден следната година, истото бебе паднало врз него на истото место. Ниту бебето, ниту Фиглог не биле повредени.

12. Животот на Марк Твен означен со комета

sl12

Халеевата комета минува крај Земјата на секои 76 години, со што има изгледи нечиј живот да биде обележан помеѓу две такви појавувања. Така се случило со животот на Марк Твен, кој се родил за време на минувањето на кометата во 1835 година, а починал на денот на нејзиното појавување во 1910. Дури и го предвидел тоа во 1909.

13. Се прашуваме какво било нивното осигурување

sl13

Во 1895 година во Охајо, САД, имало само два автомобили. Само два, во целата држава. И тие два автомобили налетале еден на друг. И потоа веќе немало автомобили до догледно време.

15. И пак умирачка на близнаци

sl14

На 22. јуни 1975, близнаците Џон и Артур Моуфорт и двајцата претрпеле срцев удар. Живеејќи 120 километри еден од друг, тие биле примени во различни болници и не биле свесни за состојбата на другиот. Набргу и двајцата починале.

15. Историјата се повторува

sl15

Хитлер бил роден 129 години по Наполеон. На моќ дошол 129 години после Наполеон, ја нападнал Русија 129 години после Наполеон, и бил поразен 129 години после Наполеон.

16. Кога треба да се послуша сопствениот совет

sl16

Јужноафриканскиот астроном Дени ду Тоа држел предавање за тоа како смртта може да ве погоди во секој миг. На крајот на предавањето, во устата си пикнал бонбона со малку премногу жестина, се задавил и умрел.

17. Можеби има нешто во водата

sl17

Сталин, Хитлер и Франц Јозеф, кои сите заедно се виновни за смртта на 80 милиони луѓе, живееле во Виена во исто време.

18. И пак чудни близнаци

sl18

Раздвоени веднаш по раѓањето, еден пар близнаци од Охајо пораснале не знаејќи ништо за еден друг. И двајцата од нивните посвоители биле наречени со името Џемс, и двајцата станале полицајци и се ожениле со жена по име Линда. И двајцата добиле синови, кои и двајцата биле крстени со името Џемс Алан. И двајцата имале куче кое го нарекле Тој. И двајцата се развеле, и потоа се ожениле со жени кои и двете се викале Бети.

19. Вечни соседи

sl19

Првиот британски војник кој загинал во Втората свтска војна е закопан неколку метри подалеку од последниот британски војник кој загинал во Втората светска војна. Ова не било намерно.

20. Името кое го означило почетокот и крајот на Римската империја

sl20

Според легендата, Рим бил основан од Ромул, кој бил одгледан од волчица заедно со неговиот брат Рем. Последниот император на Рим бил Ромул Август.

21. Чиста случајност

sl21

Кога ја дизајнирале сценографијрата за видео играта Deus Ex, еден од уметниците испуштиле значајно обележје на Њујорк: кулите близначки. За да го покријат пропустот, дизајнерите на играта смислиле нешто во врска со терористички напад. Играта била издадена во 2000 година.

22. Неочекуван подарок

sl22

Американската писателка Ен Периш ја нашла книгата со бајки „Џек Фрост и други приказни“ и веднаш му кажала на нејзиниот сопруг колку многу ја сакала таа книга како дете. Кога ја отворила, на внатрешната страна од корицата пишувало: „Ен Периш, 209 Н, ул. Вебер, Колорадо“.

23. Именски комбинации

sl23

Се раскажува дека во дваесеттите се сретнале тројца Англичани во еден воз во Перу. Првиот се викал Бингам, вториот Пауел, а третиот Бингам-Пауел.

24. Судбински близнаци

sl24

Италијанскиот крал Умберто I се запрепастил кога вечерајќи дознал дека сопственикот на ресторанот во кој јадел бил роден на истиот ден како и тој и во истиот град, и дека и двајцата се ожениле со жена по име Маргарита. На 29. јули 1900, кралот дознал дека сопственикот на ресторанот бил застрелан на улица. Подоцна истиот ден, врз кралот бил извршен атентат.

25. Книгата која се обистинила

sl25

Единствениот роман на Едгар Алан По, „Доживувањата на Гордон Пим“ раскажува за злосреќно патување преку Антарктикот. Бродоломот го преживуваат четворица. Во еден момент, тројца од нив решаваат да го изедат Ричард Паркер, прислужник на бродот, за да преживеат. Во 1884, бродот Мињонет потонал, при што преживеале само четворица патници. Тие исто така решиле да го изедат прислужникот, кој исто така се викал Ричард Паркер.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 21:45

10 видеа од кои ќе имате ноќни мори

На интернет кружат најразлични видеа со слатки животни кои ќе ви го направат расположението како благо пролетно време – но, можеби сте од тие кои сакаат хорор филмови.

За среќа, интернетот има нешто и за вас. Еве колекција од најстрашните и најморничавите видеа кои ќе ви го кренат адреналинот.

1. Дух на девојка кој плаче



Видеово започнува со човек кој слуша како плаче некоја девојка, а завршува со…па…видете самите што ќе се случи кога повторно ќе влезе во собата.


2. Фатална несреќа при нуркање



Последното нуркање на Јуриј Липски, кој загина длабоко во морските води кај Дахаб, Египет.

3. Снимката во лифтот со Елиза Лам




Во 2013 година беше најдено телото на младата Елиза Лам како плута во водната кула на врвот на хотелот „Сесил“ во Лос Анџелес. На оваа снимка снимена од камерата во хотелскиот лифт се снимени последните моменти од нејзиниот живот. Изгледа како да се крие од нешто, но од што? Причината за нејзината смрт никогаш не била утврдена.

4. Рикардо Лопез, манијакот кој ја демнеше Бјорк




Оваа серија клипови ни даваат шокантен увид во умот на демначот Рикардо Лопез, кој за цел на својата опсесија со славни личности ја избрал арт рок пејачката Бјорк.

5. Чудовишта под креветот




Краток филм на кој се гледа како мајка ја убедува својата ќерка дека нема духови под нејзиниот кревет…но чудовиштата ја убедуваат дека сепак постојат.


Изменето од Omar - 20.Април.2015 во 21:46
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 21:56

6. Снежен дух


Ова најверојатно е лажно видео, но сепак е забавно да исплашите другари кои не се надеваат на вакво нешто.

7. Манекени




Кружат гласини дека ова видео е направено од сериски убиец кој куклите ги облекувал со облеката на неговите жртви.

8. Повици за помош од јужната кула




Кевин Косгроув бил заробен во една од кулите близначки во моментот на нејзиното рушење, и тој брзо повикал 911. Смрзнувачкиот телефонски повик ги содржи неговите последни мометни во живот

9. Морничава вечера




Злокобна кукла седи спроти вас на масата, а зад неа се гледаат пламени. Сцена како од хорор филм со некој психопат.

10. Неочекувана гостинка

Овој човек забележал дека му ја снемува храната и поставил камера да види што се случува. Се испоставило дека во домот му се вовлекла жена која без негово знаење кај него живеела цела година, јадела од неговата храна и ја користела неговата бања.



Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2015 во 11:38

Куќата на мистеријата на Винчестер, Сан Хозе, Калифорнија, САД

t13

Во 1862, една жена по име Сара Винчестер била погодена од страшна трагедија кога и нејзиното шестмесечно бебе и нејзиниот сопруг починале за многу кратко време. Таа се косултирала со видовит, кој ѝ кажал да се пресели на запад и да изгради куќа толку комплицирана, што и злите сили кои ја прогонувале би се збуниле во неа.

t14

И така била изградена мистериозната куќа на Винчестер. Во палатата има 13 крила, со по 13 прозорци и 13 лустери. Кон тунелите под палатата можело да се пристапи преку неколку скалила со по – погодувате – 13 скали.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2015 во 11:39

Убиствениот хотел на Х.Х. Холмс, Чикаго, Илиноис, САД

t05

Еден од најозлогласените сериски убијци од САД бил особено ефикасен во неговите техники на убивање. За работата да му оди мазно, тој сите убиства ги извршувал во хотел кој самиот си го дизајнирал, опремен со мрежа од гас комори и лизгалки за телата. Кога ќе се пријавиле гости во неговиот хотел, тој прво ќе ги отруел со гас, потоа нивните тела ќе ги пуштел низ лизгалките преку тунели во подземна просторија, во која лично ги сечел и потоа ги продавал нивните органи и коски.

t06

Кога се открило сето тоа, неговиот ужасен хотел бил урнат и на тоа место била изградена пошта. Вработенитте во поштата се плашат од мистериозните тунели под неа.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2015 во 11:41

Според легендата, оваа озлогласена книга била напишана од самиот ѓавол лично

Во средновековната европска историја навистина нема недостаток од морничави книги, но познатата книга Codex Gigas, напишана во раниот тринаесетти век можеби е најмрачната од сите нив.

Се раскажува дека била напишана лично од раката на Сатаната. Никој со сигурност не го знае името на монахот кој бил задолжен да го напише овој стар ракопис, но според легендата, тој склучил договор со паднатиот ангел Луцифер за да ја заврши. Затоа понекогаш оваа книга се нарекува и Библијата на ѓаволот.

dj01

Кодекс Гигас е висока 91 сантиметри, широка 50 сантиметри и тежи 75 килограми, што ја прави најголемата книга од средновековието која воопшто е најдена. Истражувањата покажуваат дека текстот бил напишен од еден писател, и вчудоневидувачки, ракописот е постојан низ сите нејзини 320 страници, не покажувајќи ни најмал траг на замор.

dj02

Како е можно тоа? Можеби навистина овде имаме Фаустовска ситуација.

Според легендата, монах од Бенедиктинскиот манастир во Бохемија ја прекршил неговата заклетва и бил осуден да биде заѕидан жив. Единствениот начин да избега од оваа судбина бил да успее да го запише сето човечко знаење во една книга која би можела да го воздигне манастирот. За тоа му дале време една ноќ.

dj03

Околу полноќ, монахот увидел дека нема да може да ја заврши целата историја на сите познати нешта во една ноќ, па така решил да се помоли, но не на Бог, туку на ѓаволот. Сатаната се согласил да му помогне. Сѐ што барал за возврат било – неговата душа. Монахот го нацртал овој цртеж на Луцифер како чин на оддавање на почест на неговиот спасител.

Експерти од Шведската народна библиотека, кадешто се чува книгата денес, проценуваат дека без наводната помош од страна на ѓаволот, за да се заврши книгата веројатно ќе биле потребни дваесеттина години. Па така, или на старешините на манастирот им се смачило постојано да преуредуваат и да ги бојадисуваат ѕидовите секогаш кога некој монах ќе ја прекршел својата заклетва, или ѓаволот навистина тука ги вмешал своите прсти.

Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2015 во 12:59
http://www.world-mysteries.com/
Многу интересен сајт за феномени,мистерии,наука...
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2015 во 21:13
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2015 во 08:58

ЦРНА УБАВИЦА ГИ МАЃЕПСУВА ВОЗАЧИТЕ, ИМ ВЛЕГУВА ВО АВТОМОБИЛ И ИСЧЕЗНУВА!

Црна убавица ги маѓепсува возачите, им влегува во автомобил и исчезнува!

Стои покрај патот за тунелот Учка во Хрватска. Чека автомобили во кои има само возач. Подигнува палец… На нејзината убавина и долга црна коса никој не може да одолее. Штом седне во автомобил, младата убавица во знак на благодарност им гата на дланка на возачите. Магијата трае колку и возењето низ тунелот. Штом би дошле во Истра, убавицата би исчезнала од затворениот автомобил кој и натаму се движел.

Под тмурната планина, која поголем дел од времето е прекриена со магла, на пат околу кој се издигнуваат клисури и густа шума, таква случка никого не би оставила рамнодушен. Легендата е родена. Не се знае кај кого прв пат седнала во автомобил, но приказната за црната убавица се раширила како пожар.

Полицијата од 1988. добива повици за црната убавица

Се` започнало 1988. година. Полицијата добивала се` повеќе повици за млада жена. Биле зголемени контролите на тоа место, но никој не ја видел убавицата, освен осамените возачи во ноќта.

Некои тврдат дека се работи за девојка која избегала од психијатриска болница, а други дека тоа е дух на жена која загинала при изградбата на тунелот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.