|
Напиши љубовен текст (дневник на вашата душа)... |
Внеси реплика | страница <1 5051525354 58> |
Автор | |
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Беше како спарна есен со статичен израз на лицето, како да ѝ беше нурнат носот во облаци. Чекореше како летен пороен дожд кога така ќе ѝ текнеше, само затоа што така сакаше. Сакаше да ги мачи луѓето кога ѝ се восхитуваа на убавината. Правеше терор кога ќе ѝ здосадеше и кога сакаше да зграпчи сосила внимание за неколку секунди. Сакаше да им плесне за инает, на рандом луѓе, нешто во фаца, како да им фрлила врело кафе врз боси нозе, колку само да си се испразни од бесот, да си поигра. Знаеше да тапка тивко со предниот дел од штиклата и да превртува очи со прекрстени раце, чекајќи во маркет на ред. Со погледот без зборови ги пцуеше тие околу неа и ги тераше понизно да веднат глава. Колку беше по злобна, толку повеќе знаеше да наметне завист на оние околу неа. Со неколку слатки зборови знаеше да ги натера да ѝ јадат од рака. Да ѝ лазат понизно под нозете. И сето тоа го научи по потешкиот пат, веројатно кога си го затвори срцето еднаш одамна.
На моменти беше ангел, а на моменти погледот ѝ гниеше од надмена омраза. Имаше две лица кои ѝ натежнуваа како демони на двете рамења. Ѝ ги заплеткуваа мислите, ја давеа во претпоставки и натегања. Две лица ја распаруваа во борба со самата себе одвнатре. Едно кое моли за љубов и друго кое ветува дека никогаш повеќе нема да се заљуби.... J.M
|
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Nikada nisam želio otići od tebe, ali sam morao. Osjećao sam da me dovoljno ne voliš. Udaljio sam se od tebe. Onda sam postao jako grub, ma znaš i sama. Svi su me pitali zašto sam to napravio, znali su kako jako sam te želio. Tada, u tome trenu, mislio sam da je lakše vrijeđati te. Ponižavati pred drugima, tako sam želio stvoriti lošu sliku o tebi. Nadao sam se da bi me drugi shvatili. Ali malena nisu. Znali su da si ti predobra, da bi sve dala za druge. Tada su mene počeli gledati kao smeće. Onda sam malo po malo nalazio nove cure. Mislio sam, ako nađem drugu da ću te manje voljeti. Bio sam s mnogo njih. Neke su bile lake, neke su bile jeftine. Neke su se smijale kao ti. Neke su zvučale kao ti.. Ali znaš, nijedna nije bila kao ti. Mnogo puta sam prolazio s njima kraj tebe. Nisam te imao obraza pogledati. Znao sam šta sam ti sve radio. Pokušao sam malena, vjeruj mi da sam pokušao da te zaboravim. Mnogo puta sam se napio. Svaka pjesma uz koju bi pio, podsjetila bi me na tebe. Onda sam sebi lagao da su to samo sjećanja. Sjećanja na tebe i što si napravila od mene. Zadnja cura s kojom sam bio, rekla mi je da sam bezosjećajni gad. Znao sam da mi ti to nikada ne bi rekla. Sve one su se kunile u ljubav, a ljubav nisam dobivao. Od njih sam dobivao samo požudu i kontakt. Neka je imala tvoj osmijeh. Neka je imala tvoj glas. Neka je mirisala kao ti. Ali na kraju dana, kada bih legao sa svakom od njih u krevet, sjetio bih se tebe, tvog nježnog dodira i milog pogleda, na trenutak bi bio sretan. Shvatio sam da sam te odbacio jer sam tražio nešto bolje, a boljeg’ od tebe za mene nema. Jesam se zabavio, ali sam ostao sam. Sasvim sam. Sjeti se svih problema koje smo morali proći da bih se našli. Znam da sam rekao da nisi vrijedila. Ali molim te vjeruj mi da jesi. Vrijedila si više nego sve one. Dok sam bio s tobom, bio sam stvarno sretan. Smirio sam se. I ne znam zašto sam ono napravio. Mislio sam da moram uživati u životu, a zapravo. Uživao bih s tobom. Da te imam svaki dan. I sada to znam. Sam sam. Niti jedna od njih mi ništa ne vrijedi. Ne vole one mene. Dobar sam im kada moram izaći s njima u grad, kada ih treba pokazati pred društvom. Ali niti jedna od njih neće sjediti samnom i tješiti me kada mi je najgore. Onda si mi ti pala na pamet. Kako bi me grlila, poljubila u čelo i sve bi bilo jednostavno bolje. Kada mi je bilo najgore, samo sam trebao pomisliti na tebe i odmah bi imao razlog da budem sretan. Znaš, bio sam kukavica. Slobodno mi to reci. Nisam se znao boriti za osobu koja me je jedina voljela. Ovakvog kakav jesam. Nisi me željela promijeniti, a jesi. Uz tebe sam naučio kako su malene stvari važne. Molim te, reci mi nešto. Reci mi da mi vjeruješ. Reci mi da te nisam izgubio
|
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Таква беше таа, наивна, кревка, убава, со големо срце, со отворена душа, со очи кои не умееа да го препознаат злото во другите… Веруваше во искреност, нежен допир и чиста насмевка, без лаги. Живееше во розов свет, кој подоцна се претвори во црна темнина каде не можеше да види ништо освен избледнетата боја на нејзините црвени ливчиња. Утрото се измиваше во капките на розата и ја капеше давајќи ѝ сјај и убавина какви што никој не видел досега. Таа беше убава роза, со црвени ливчиња, висока тенка дршка и се разликуваше од другите рози. Никој не можеше да забележи зошто, но едноставно беше различна. Се насмевнуваше на секој што ќе ја погледнеше и мамеше насмевка од сечие лице. Некои од нив ќе ја погалеа, некои ќе пробаа да ја скинат, но нејзината дршка беше толку цврста што сите се чудеја како една толку убава, кревка ружа има толку силна дршка и не дозволува човечките раце и сила да ја уништат. Розата немаше боцки. Ќе беше полесно да имаше. Но, немаше. Можеби тоа беше тоа што ја правеше различна, а никој не забележуваше. Секој ден таа стануваше се посилна и поубава. Учеше како да го живее животот на земјата, се додека еден проколнат ден не се појави рака што успеа да ја скине. Да, ја скина, неговата сила беше поразлична од силата на останатите. Ја зеде во рацете и ја однесе дома. Вазната полна со вода како да ја чекаше само неа цело време. Ја стави во водата. Нејзината дршка почна да трепери. Почна да се тресе, но со време се навикна на температурата. Нејзината убавина остануваше иста, но таа знаеше дека еден ден ќе овене. Тоа ќе биде за брзо, затоа мора да смисли план. План како да избега од вазната и повторно да се врати во градината каде сите и се восхитуваа. Кутрата таа, не знаеше дека кога еднаш ќе ја сечеш дршката на розата, таа никогаш повеќе нема да биде истата, од проста причина што сечената дршка не се лепи повторно за коренот. Размислуваше и размислуваше секој ден. На крајот сфати и се помири со вистината. Таа нема да преживее. Ќе умре. Но, знаеше дека мора да ја прифати својата смрт. Знаеше дека еден ден повторно ќе се роди. Нејзините ливчиња почнаа да овенуваат. На крајот паднаа и таа умре давејќи се во водата од вазната. Раката на човекот посегна по неа и ја фрли во дворот, не сеќавајќи се на нејзината убавина пред да ја скине без потреба. Розата повторно се роди. Полека, полека изникна од од тврдата земја. Но, овој пат знаете ли како? Не беше различна, имаше боцки. И планираше да раскрвари сечија рака што ќе се обиде да ја скине. |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Немој да допуштиш утре да те боли помислата дека си можела...а не си сакала.
Дека си сакала,а не си смеела...Дека си го одбрала вистинскиот пат, ама други ти го украле компасот. Дека си била спремна да полеташ и се ослободиш од кафезот во кој си била... ама сепак си немала храброст... НЕМОЈ... Се што е за денес не го оставај за утре...Се што е твое зграпчи го цврсто !!!!!
.....по којзнае кој пат......
|
|
Devojcence
Сениор Регистриран: 28.Март.2015 Локација: Skopje Статус: Офлајн Поени: 497 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Podobro tuka da pisuvam mesto na tebe da ti kazuvam deka mi ja izgore disata srceto i teloto. Me boli sekoja pomisla na tebe i se sto mi napravi me boli zivotot sudbinata me bolish ti i tvoite postapkii tvoeto ne sakanje ne vnimanie ne pocituvanje, sekoj den sr povekje me bolish. Se nadevam ke mi pomine eden ubav soncev deni kako vo spn ke se razbudam ko nisto da ne bilo i povtorno ke sum srekna kako sto bev ko dete.
|
|
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Штом други очи ќе не гледаат
со лажни насмевки а длабок презир во мислата, дека сме случајни и премали за да ни испрати таков дар за нас судбината. Не сакам да знам (Kалиопи - Кога проклето ти тре**м)
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Млада девојка низ гробишта оди, не знае патот каде ја води, во раката таа цвеќе носи, а утринскиот дожд почнува да роси. На еден гроб виде позната слика и одеднаш почна гласно да вика: "Проклет да си боже, што него ми го зема, за мене повеќе живот нема, но зошто мораше да заврши вака, не знаев дека толку ме сака." Чудни мисли и се вртеа во глава, но таа не сакаше слабост да дава. Со крв остави напишани неколку збора: ЗБОГУМ ЉУБОВ .......ДА ОДАМ СЕГА МОРАМ... |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Оваа песна ја имам читано некаде на интернет....Збогум Љубов, мислам и е насловот |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кој беше тој и од каде толку многу да ми значи кога не го ни познавав ?
Сега се прашувам истото кога после се низ што минавме, повторно стигнав до истиот степен .... да ми значи многу, а да не го познавам......
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Собата бавно се губи низ коридорите на мојот ум, и се повеќе исчезнува од мојот видик.
Наеднаш сум кај вилата која се наоѓа над ѕвездите! Тука дрвјата со портокали се живи и се смеат. Развиорено танцуваат под закрила на вечниот венец на пролетта, не потпирајќи се на вољата од ветерот за да ги придвижи. И ете ме и мене, посакувам, и почнувам да јавам по Рајските падини на еднорог! Јавам, вдишувајќи ја разиграната светла прашинка која лебди во етерот. Прашинка која ми го замаглува видикот, и жестоко ми ги дразни капиларите во носот. Па, се ставам во улога на ткаач, креатор, тишина...Царувам секаде и чинам дека можам се!..Знам дека не постои просторија во која не можам да влезам, не постои лимит до кој не можам да продрам. Тука горе со раскрварени штикли стојам гордо и кога сите ме повикуваат долу. ,,Не можам...Реалноста ми е душманка'' Им велам.. И само кога би можела да бирам, вечно би останала во млечниот свиок за да парам блесоци во глувата ноќ. Љ.П.
|
|
Mazak
Сениор Регистриран: 24.Мај.2015 Локација: YesImSupercool Статус: Офлајн Поени: 629 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ох, каде љубовта оди кога умира...само небото знае.
|
|
“Be content with what you have. You have enough to live a happy life.”
|
|
Devojcence
Сениор Регистриран: 28.Март.2015 Локација: Skopje Статус: Офлајн Поени: 497 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kolku sakam da zapoznaam ljubov. Nekoj sto ke me pravi sreknja. Ali ne veruvam deka postoi takov posto mi e izgorena dusata i go izgubiv osetot za ljubov.
|
|
Devojcence
Сениор Регистриран: 28.Март.2015 Локација: Skopje Статус: Офлајн Поени: 497 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Koga te nema
Koga te nema sum tapa, posto ti si mojata mapa Koga te nema jas ne sum cigra koja non stop vrti igra Koga te nema i zivotot nema smisol posto ti si mojot najgolem misol Koga te nema ni neboto nema boj. Ti si smislata moja Koga te nema sum mnogu tazna a pred tebe se pravam mnogu vazna ah koga te nema |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Последниот пат кога бев во кино, се со цел да уживам во филмската уметност, нај филмски во цела таа работа беше купувањето на влезница, чекањето и моментот за да влезеш кога одеднаш вратата ќе се отвори.
Стрчеше само празнина, бедно сценарио и актери...и се! Како да се заинтересираш за една плитка љубовна приказна, во која ништо не се случува, ништо не се доживува и каде што ни актерите не се отсликуваат со некоја лична карактеристика...дури ни по убавина. Само ситни возбудувања... Нозете, сами по себе не може да бидат возбудливи....можеби за тинејџери. А филмот, драма љубовна, како и сите љубови... Некој губи, некој добива...како компромис од кој никој не е задоволен во себе, ама глуми задоволство од истиот јавно и пред други...сепак поважно е што ќе рече другиот. А чувствата наши? Па не се важни тие, важно е што другиот мисли за нас. А ние? Е ние ќе си трпиме...јаки сме. Пцуење, мавање, викање...ме боли глава од галама Лево од мене, три - четири редови напред, некои се гушкаат...изгледа за тоа само дошле. Добро е, ќе се спасат од филмскиот терор, од глупостите и клишеата... Ќе се спасат од извртените вредности на љубовта. Додуша може ја имаат, кој ги знае...за љубовта мислам. Страст имаа, тоа е сигурно, зошто ми гледаше дека ќе се изедат...веројатно после филмот кој не го гледаат, ќе бараат место и причина...во зависност од полот нормално. Филмот си тера, на јазик неразбирлив за мене, само преводот, покрај пцуењето, викањето и мавањето, ми кажува дека за некаква си љубов се работи....окинувач ќе да е во случајов само страста, само физичкото...или не? Љубов со пцуење постои ли, за мене не! Крај! Излегувам со другите. Се обидувам да го анализирам гледаното, и Љубовта во него, но побрзо ќе анализираш Сарма во лист од Лозница отколку ова. Љубовта, токму тука, е премногу сведена на тело...на желба телесна. Ама ако е ова некоја чаура, ајде да те видам излези од неа... А филмот, заборавив и како му беше името. Ќе го крстам Три Глупави Суштества Првите глупаци се целата актерска екипа на филмот, заедно со режисерот и сите останати кои учествувале во него. Вторите глупаци се заљубените...вистина има нешто романтично во одењето во кино и стискањето на столиците во полу темнина, ама појдете дома да му се плукнам, не бидете идиоти. Третиот глупак сум јас, барем тогаш мислев така, затоа што го гледав филмот...од денешна гледа точка, сум погрешил можда, а може и не, не знам....повеќе ми останаа во сеќавање заљубените отколку филмот...филмот испадна само повод за напишаново. Само повод за љубовен текст...дневник паметник, за или во душата Сеедно де. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Внеси реплика | страница <1 5051525354 58> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |