|
Прилеп |
Внеси реплика | страница <1 122123124125126 131> |
Автор | |
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве да видите како вистински градоначалник се жртвува за градот
http://prilep.gov.mk/news/mk/gradonacalnikot-risteski-i-americkiot-ambasador-volers-letaa-so-paraglajderi-na-prilep-open-2014/ |
|
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|
karaoglu
Сениор Регистриран: 25.Март.2014 Статус: Офлајн Поени: 244 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најумрен град..... после моето село.....
|
|
xereras
Сениор Регистриран: 15.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 151 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прилеп ги завршува подготовките за пречекот на Новата Година на градскиот плоштад „Методија Андонов Ченто“. Според градоначалникот Марјан Ристески, 2014 е во знак на милениумскиот роденден на Прилеп и затоа за новогодишната ноќ се ангажирани уметници од градот. За граѓаните ќе има изненадувања и наградни игри, а и милениумска роденденска торта. - Прилепските слаткари подготвија голема роденденска торта за Прилеп со логото „1000 години Прилеп“, а за сите присутни на плоштадот ќе биде послужена на 31 декември напладне. А ноќта ќе има и голем огномет, рече Ристески на денешната прес-конференција. За наградната игра на Нова година ќе се делат талони по симболични десет денари, а за добитниците ќе има вредни награди. Парите се за хумани цели и ќе бидат наменети за доизградба на црквата „Света Петка“ во населбата Точила. Како што информира Снежана Ристеска, советник за култура во локалната самоуправа, според искуството, се очекува голем број прилепчани заедно на плоштадот да ја пречекаат Новата година. - 2014 година изминува во знакот на илјадагодишнината од постоењето на Прилеп што се одбележа со низа манифестации: научни трибини, концерти, милениумска вечер и она што треба да се истакне е дека активно се вклучија сите граѓани, научници, уметници, музичари, стопанственици. Сето тоа ќе кулминира со новогодишната прослава, изјави Ристеска. Програмата започнува на 31 декември со програмата за најмладите од 11:00 до 13:30 часот. - Во овој период ќе настапат Хигх Старт, Христијан Тодороски – Кико и Ален Хасановиќ. Се разбира присутен ќе биде и Дедо Мраз, рече Ристеска. На новогодишната ноќ програмата ќе почне во 21 часот, а ќе настапат Денис Димоски, Давид Нешкоски Трио, Тhе hounds, Македонски синови, Бен Хур, Крос роуд блуз бенд, Блага Pетреска, Стефан и Лидер бенд и Милена Јованоска. На пречекот на новата година ќе биде промовирана и химната на градот. - За Прилеп се сними и песна во аранжман на Кристијан Габроски, а ја исполнуваат прилепски естрадни уметници, вели Ристеска. |
|
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ете, и тоа бидна. Ко на прикаската, баждар на гробишта
Срамота, срамота...За плачење сме Голем револт кај прилепчани, им се наплаќа влез на градските гробишта !фев 09, 2015 Македонија Граѓаните на општина Прилеп овие неколку денови бесно реагираат поради тоа што на градските гробишта им се наплаѓа влез по цена од 59 денари. Прилепчани прашуваат за што плаќаат, што се гробиштата и со кое право ни земаат по 59 денари за влезница? Што се гробиштата, автопат ли се па за да плаќаме патарина, што е ова
паркинг ли е да плаќаме за партинг место, уште малку кај и да е ќе ни
земаат пари како за влезница во золошка градина, срамно и бедно
коментира една револтирана прилепчанка. |
|
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Така е КОЛА во градски гробишта не БАЖДАРЕНА не влегува,ТОЈ и МАЛ број на цаки, Прилепчани ги добијаа со добиената власт оваа пеколна овчарска партија,тоа е изум на марјан-градоначалникот и неговиот фамозен брачед џекчето инаку директор на комуналното предузеќе,газди кои го малтретираат градот.Тие се со Посебни умови(че рече некој,ум на арамии,мафијаши),и не е далеку од вистината.Измислија Пајак служба.наводно че воведеле во саобрајчајот прилепски, ред и поредок,а ваму не се знае ни кој пие ни кој плајча, поготово,крај кафаните кои се од газди блиски до власта,таму коли паркирано не можеш да поминеш,ама Пајак не ги гиба.
Паркингот кој го измислија со наплата наместо центарот да е ослободен за пешачење,тие направија уште поголема гужва,се вели Небезбедност,нормално нема каде да се пожалиш. Има и други работи,но мислев за она фалбине од Погоре, Тоа се вели Мижи Асан да ти Баам, или не умри којну до зелена трева.Тие ништо не направија од овдешните газди што му продадоа места,ништо не направија досега,а не пак некој да дојдел и да правел фабрики,Му ги продадоа парцелите по едно (1) евро квадрат,а комуналии им земаат 50 евра,па самите велат немаме есап да прајме. Така во центарот од -кам- газдата кој го купи местото ќе правеше трговачки центар,арно ама ко му побарале рушвет од кај марјан од локалната се скапал од бегајне,ене сега местото е дувло на наркомани,нужници и што не други работи.Такви места има уште во Прилапон наш. Инаку за Филип Морис,да ја купи фабрикана,ама колку че избрка од работа,(со нож под грло),тоа го рачунаат како придобивка,а лујџено че саделе тутун,а ваму нивнава влада шо си ја избраа се залага за Здрав живот,ама Цигари че си прајме ,исто како преди 150 години,кога ВМРО на чело со Тодор Алекснадров- ВРховистот,кога го арачувале населението . Има уште прикаски,ама че излеза сите по полека,сега е најинтересно со прислушкувањето,да видиме кој и шо се кодошел. Ај создравје.
|
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Eбаго не су ја,да не се излажи некој милионер су станал и су дошол Прилеп да о вида.
Сигурно и форумов го прислушуваат некои странски служби,во приватна порака пишав како Субрата Рој Прилеп че идам. |
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Го немав видено ова,Немам обичај да ги почитувам Паганските обичаи(доста ги познавам,сум ги проучувал),сепак сум Православен Христијанин,
благодарам за информацијата, но ова ја покажува само неписменоста,неукоста и дволичноста на раководните луѓе кои се наместени во оваа замја, ова е за жалење,не за Подсмев,ај што не знае ништо Од Христијанска традиција,инаку само бара пари за подигање на храмови во градот,ова ја покажува неговата раскалашаност,која тлее некаде во неговата смрдена душа,а со тоа го заразува и неговото семејство(добро и за женаму знаеме како дотурка од општинска службеничка ,до факултетски професор,на Мудбак факлутетот во Прилеп,инаку родена Гаштанка). Така да овде само преовладува Паганизмот,а Христијанско нема ни со мирис,а камоли со чест. На крај да завршиме со Иронија,во чест на тој пагански празник,Прочка,кога крвниците(Мечкарите излегуваат со тапани и се опиваат за да побараат прошка за Убиенита стока) неговите ВМРО-овци се подсмевале зошто пуштил брада,затоа што изгубил добар бизнис во Австралија,инвестиција од Крадените пари од Прилеп,но неговиот брат сето го препишал на Снаата,па сега кога се развеле,не само што му земала половина пари,им го зела и Бизнисот.На здравје.
|
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прилапон наш со ушче едно чудо,на градоначаоникот мајран и брачед му џекчето-директоро на комуналното,работа шо не можат да ја решат,а за резил јет.
Отишле лујџето преди некој ден од мака,што и стасало да го погребат ближниот им,и шо че видат од гробо вода извират,јали се црпело јали се копало,ете ти пак маки за Прилапонци. Поплава наместо погреб во Прилеп |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Редно беше ПРИЛЕПЧАНИ да дознаат кој раководи со нив во градот и кој НАводно потекнува од Прилеп, а воопшто него засега за Прилеп,туку е само се од лични интереси.
После бербатењето на миле копиљот(исказ на ставрески),Прилепчани му пишаа писмо на милета П.С.Допуна,миле не е Прилепчанец,тие се по порекло ПОРЕЧАНИ - ЛОШ СОЈ.
Изменето од Gorazd777 - 07.Март.2015 во 01:39 |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве како Милета вчера го залепија на дучаните Прилапонски
http://libertas.mk/прилеп-облепен-со-ленти-миле-ј-во-при/ Изменето од Gorazd777 - 15.Март.2015 во 13:00 |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
и читам погоре дека се наплаќало паркин за коли ВНАТРЕ ВО КРУГОТ НА ГРОБИШТАТА. не треба да се наплаќа, ама и нетреба да се влегува со коли во гробишта. Си има надвор паркин.
|
|
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со едно читање можеш да разбереш со какви копуци на власт си имаме работа. Значи се што се донесува од јавен карактер ,а е преку локалната самоуправа,и јавните претпријатија,треба да оди за корист на граѓаните,а не да се офајдуваат марјан и неговиот братучед или до нив блиските полтрони. Сите знаеме колкава е парцелата на градските гробишта(тие не се селски),во времето кога почна да работи,а тоа е времето на блиските роднини на марјан и компанија(комунистите),сеуште немаше многу искористеност и тоа одеше постапно.Знаеме,како се делеа парцелите по блискост и далечина. Од тука произлегува,денес таа површина е зголемена со погребани луѓе и нивните роднини имаат право да одат подалеку и да влегуваат со автомобилите.Но тоа не значи дека компанија и марјан треба да се офајдуваат од маката на луѓето. Значи сега е време на демократија и време кога треба да се слушнат и повеќе мислења,не само да се работи ПОПИЛИСТИЧКИ и ПОЛТРОНСКИ,впрочем,како да зборуваме за разум кога ја знаеме генезата од каде потекнуваат и чија школа се ,нели повторно од нивните претходници,комунистите. |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Всушност, ако има паркинг надвор од гробиштата, која е потребата да се паркираш на гробишта?!
Во Скопје, во Бутел на влезот од кај капела никогаш не ми дозволиле да влезам со автомобил внатре на гробишта, има надвор паркинг и надвор си се паркираат луѓето. Гробиштата Бутел се огромни, од најблискиот влез да влезеш, 20 минути можеби ќе пешачиш и пак нема да стигнеш кај што си тргнал... Од другата страна сите влегуваат со коли, до сега не сум видела некој да наплаќа. Со тоа се создава невиден хаос особено за Задушница, патчињата се и онака претесни и кога ќе паркираш кола по крајот ако некој е подлабоко навлезен, а сака да излезе, треба да чека со саати за тој некој што решил да се паркира, да ја тргне колата. На Камник пак, ни душманот да не го закопаш. Ако веќе мораш да одиш, можеш да влезеш со кола, односно е препорачливо да влезеш со кола особено ако врне, затоа што инаку ќе пропаднеш во кал над колена. Во Ѓорче фала му на Бога не сум имала потреба да одам. Вака од страна гледано, не ви смета да плаќате паркинг во градот ако сакате со кола да шетате, а ви смета неколку пати во годината на гробишта да платите паркинг? Па и на плоштад тротоарот е јавна површина, па ви наплаќаат паркинг. Да се разбереме, јас не викам дека мора да се наплаќа паркинг, туку јавното претпријатие за погребни услуги решило дека треба да си го зголеми буџетот и на свој терен си наплаќа, не наплаќа на некое трето место. Плус велите дека има паркинг и надвор... А нели правеа нова капела? Па ете требаат пари
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Внеси реплика | страница <1 122123124125126 131> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |