|
Како потона Титаник?? |
Внеси реплика | страница <1 567 |
Автор | |
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со години не убедуваат дека Титаник потонал, а тоа е лага
За најголемиот брод на светот Титаник многумина говореа дека не е можно да потонал. Сепак, на 15 април пред 100 години се докажало спротивното. Титаник удрил во лед и потонал, при што во големата трагедија животот го загубиле 1.517 лица. Сепак, изгледа не е се онака како што знаеме со години. Писателот Робин Гарднер објави нова книга за најголемата бродска трагедија во која тврди дека на дното на Атлантикот не лежи Титаник. Неговата книга говори за теориите на завера и тој вели дека се се совпаѓа со тоа дека Титаник не можел да потоне. - Преживеаните опишале дека шетале по палубата на бродот. Сепак, на тоа место според нацртите требало да има кабина. Тоа е така бидејќи ништо од ова не се одвивало на бродот. Тој вели дека патниците всушност биле на друг брод и вели дека замената на бродовите останала мистерија. Олимпик бил сестрински брод на Титаник, па затоа и било многу тешко да се воочи разликата меѓу нив. |
|
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Постојат повеке теории на заговор за потонувањето на Титаник но според една бродот е намерно потонат под палката на банкарските манипулатори од тоа време со цел да се елиминираат некои луѓе кои отворено им се спротиставија на нивните манипулаторни политики а "случајно" се наоѓаа на тој брод.
На времето се правеа диверзии на бродови ,возови...денес се ништат цели држави. |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Имав 25 минути да се спасамРоуз Амели Икард е една од 745-те луѓе кои успеале да го преживеат страшниот бродолом. Починала во 1964 година, како Французинка која најдолго живеела од сите преживеани Французи од бродот Титаник. Нејзиното семејство ги продала нејзините писма на аукција и така нејзините зборови за прв пат достигнале до јавноста.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Контроверзниот чамец за спасување „Бр. 1“ од Титаник криел тајнаРеткото мени од Титаник со списокот на јадења сервирани пред самото потонување на бродот, би можело на аукцијата кон крајот на септември да достигне цена до 70.000 долари. Менито го преживеало потонувањето на бродот во џебот на богат патник кој се спасил. Менито на копното стигна со патникот од првата класа Абрахам Линколн Саломон, кој ја преживеал трагедијата во контроверзниот чамец за спасување „Бр1“ познат како „чамец за пари“. На чамецот се спуштиле само 12 лица, богаташи и покрај тоа што неговиот капацитет изнесувал 40 лица. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 567 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |