![]() |
|
Акција “ПУЧ“ и бомбите на Заев |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2021222324 69> |
Автор | ||
Buggyman ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Спасов: Јанкулоска нека не се прави на Тошо, во Собрание се поднесува интерпелација
Објавеново 17:53 11 март 2015| Во Собранието се поднесува интерпелација за разрешување на министер и се гласа за тоа, а оставка може да побара секој граѓанин, одговори Ѓорѓи Спасов на изјавата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска дека барањето за оставка оди преку Собранието. „Барање за оставка од министер може да поднесе јавно секој граѓанин кој смета дека министерот или министерката забегале и се однесуваат неморално.Оставката е морален чин и способност за признавање вина. Во Собранието се поднесува интерпелација за разрешување на министер и се гласа за тоа. Така е според Уставот и законите. Нека не ни се прави на Тошо министерката“, напиша Ѓорѓи Спасов на неговиот профил на Фејсбук. Министерката Гордана Јанкулоска денеска изјави дека опозицијата секогаш има легитимно право да бара оставка од Владата и од поедини функционери, меѓутоа постапката за барање оставка е институционална и таа оди преку Собранието. |
||
Homo homini lupus est...
|
||
![]() |
||
Zeksi71 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
ти како модератор би требало да внимаваш на речникот, не сме паселе овци заедно па да ми се обраќаш така... (патем за малку ќе паднев од столчево од смеење кога прочитав дека си модератор ) а за содржината на снимкиве ќе ти кажам... ама ти очигледно не си прочитал што сум напишал претходно, пак ќе повторам не ми е тешко... содржината на снимките е тешка гола вода, се трудев да најдам некој криминал, корупција ама ништо од тоа... обични маалски муабети меѓу сопартијци, колеги, пријатели и сл. со еден збор беспослен поп и јариња крсти... ![]() ![]() ![]() единствено што ми падна во очи е посветеноста и борбата за секој глас на вмровциве... права машина се... секоја чест до нив и затоа и не ме чудат резултатите од изборите и огромната разлика што ја прават... го гледав обраќањето на врлите комуњари во универзална... каква еуфорија без основа, просто не ми се веруваше... се изгледаше како некој завршен митинг пред избори... дефинитивно се без компас... со оглед на тоа дека обраќањето на зајко беше во типичен гебелсовски манир со јако изразена нервоза измиксана со злоба а кого потполно го разбирам... можеби и јас би бил таков доколку би се соочувал со долгогодишна затворска казна... еве би ги прашал комуњариве тука на форумов нели бомбите беа околу нелегалното прислушкување на опозицијата!!! за кое прислушкување се работи??? јас не слушнав муабет на опозицијата!!! само на 5-6 луѓе од власта, се едно исто се врти... не знам што се случило во Германија по објавувањето дека Меркелица била прислушкувана од американците, дали некој од нивните челници на безбедносните органи бил сменет или одговарал поради таков пропуст ама дефинитивно кај нас Мијалков и Гоца треба да бидат сменети и да одговараат бидејќи не спречиле неовластено прислушкување од страна на поединци или организации... |
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
![]() |
||
Alekxandar ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Кражба на изборни списоци ,договарање на фалсификување лични исправи,притисок и уцена врз вработени.....
Вчера и денес ги читам коментарите во странските весници,Ал Џезира ,Ириб,Асошиетед Прес...и сите укажуваат на гушење на Демократијата во Македонија,корупцијата и анархијата во судството,повреда на уставот.Изгледа затоа власта толку упорно не убедува дека не треба да влезиме во ЕУ,дека тие само не лажат и условуваат ,туку подобро ни е вака да си тераме бидејки апашите кои се на власт се комфорни и мирно ја разнебитуваат државата. http://hosted.ap.org/dynamic/stories/E/EU_MACEDONIA_POLITICS?SITE=AP&SECTION=HOME&TEMPLATE=DEFAULT |
||
![]() |
||
Kali ![]() Сениор ![]() ![]() Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Нормално, за луѓе со ниска свест што се спремни на секакви дубари и валканици, за луѓе без морал, совест, солидарност и основна пристојност, содржините се ништо.
За нив е се тоа нормално. Само народов се повеќе и повеќе нема волја да дозволува веќе вакви луѓе да бидат оние кои одлучуваат......луѓето кои си ја продадоа интелигенцијата, интегритетот и здравиот разум треба да се симнат од секаква битна позиција, а уште помалку треба исти такви и бетер, да бидат на чело на држава. Изменето од Kali - 12.Март.2015 во 17:08 |
||
![]() |
||
laki_bu ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ќе ги смени Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Зоран Ставрески, Миле Јанакиески и Мартин Протогер, а обвинителот Марко Зврлевски ќе поднесе оставка. Реконструираната влада Груевски ќе ја нарече „преодна“ и ќе се обиде да ги убеди странците дека со тоа се задоволени речиси сите барања на опозицијата на чело со Заев. За својот план премиерот очекува поддршка од коалицискиот партнер Али Ахмети, но и од меѓународниот фактор, пишува утрешен „Слободен печат“, пренесува Плусинфо.
Весникот прецизира дека планот за реконструкција на кабинетот Груевски ќе и го соопшти на германската канцеларка Ангела Меркел на средбата закажана за 23 март. |
||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
||
![]() |
||
laki_bu ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Bomba " 9 "
|
||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
||
![]() |
||
Alekxandar ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Сега да се навратиме малку на студентските протести !!
Замислете овие криминалци,дилетанти...неписмена маса сакаат да воведат реформи во образованието со цел тие или нивните роднини кои завршија факултети да го валоризираат знаењето на среднистите и академците. Цела држава ја уништија и врв на сето тоа е со излегуваето на премиерот и држењето на беседа за импакт факторот во научни списанија. Да... ние ке имаме највисок импакт фактор кога ке објавиме во научни списанија како се крадеше државата Македонија,како се копаше злато и артефакти и се продаваа по државите,како се уништуваа државните капацитети бидејки ги водеа прости партиски војници,како македонците работеа за 140 евра во квази индустриски зони во кој има парола Поевтини сме од Кина.... Но најдобрите научни трудови можи да се напишат кога хоштаплеријадата ке почни да се гони и затвара. Изменето од Alekxandar - 13.Март.2015 во 00:06 |
||
![]() |
||
evangeline ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Дечки (Zeksi и Kali),
Не си трошете зборови за меѓусебни навреди. Кој колку го користи мозокот за расудување, се гледа.. Држете се до темата. Од друга страна, многу ме интересира дали ти Zeksi имаш проблеми со слухот, видот или расудувањето?! Прислушувани разговори за кражба на изборни списоци, местење на избори, наоѓање на гласачи, саботирање лифтови, бугарски воз итн.. Војниците МОРАЛЕ да гласаат за ВМРО инаку немало повеќе да бидат војници? Зошто бе? Ова само еден дел од муабетите, зарем ништо од тоа не ти изгледа погрешно?! Не се сите само наивни другарски муабети! Мене не ми е гајле дали се на легален или нелегален начин набавени снимките, мене ме боли како ги местат вработувањата, како ги терале војниците да гласаат, како местат избори.. Како бе не те засега тоа? А знам како! Во Канада не владее ниту Бранко, ниту Зајко, ниту Грујо! Затоа можеш да ги поддржуваш нелегалните дејства на актуелнава влада. Затоа што твоето работно место не зависи од Грујо и Зајко, твојот живот не зависи од апсолутно ништо во Македонија. |
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Модератор ![]() ![]() Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
...и како што и кажав, ако Заев е најголем криминалец во земјава, апсете го, слободно, мене не ми треба како и да е... целава работа трае, колку? два месеци? досега пола македонија ќе беше испоапсена... ама на вас ви одговара вакво безвезно трошење на време изгледа, од кои мотиви и причини, не се ни замарам да размислувам зашто и онака све е у мајчину отидено... и како што кажав и претходно, мене не ме интересира целава ситуација толку, колку што ми е забавно да гледам како се распалуваат по социјални мрежи и останати медиуми, сите оние кои што мислеле дека со лепење на плакати се просперира у животот и дека ако лижнале еден задник, дека сите се испод нив...
Изменето од zabegan - 13.Март.2015 во 02:34 |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
![]() |
||
Kali ![]() Сениор ![]() ![]() Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ааааааа, во тоа била фората !!! Сега ми е се многу појасно ! Нема потреба од повеќе муабет ! Познавам многу наши иселеници кои вистински си ја сакаат земјата, кои умеат реално да согледаат и реално здраворазумски да коментираат, и со тоа да придонесат позитивно за својата татковина. Ама има и онакви, кои најверојатно искуството кое го имале во Македонија пред да заминат + носталгијата, им става тешки драпери пред очи, и чија носталгија е тешко злоупотребена од танакаречениве антички патриоти. П.С. Се надевам дека опозицијата нема да прифати преодна влада со Грујо на чело.....Тоа е недозволиво !
|
||
![]() |
||
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Единствено место каде Грујо заслужува да е на чело е машкото затворено одделение во КПД Идризово.... |
||
![]() |
||
Zeksi71 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
а бе вие подржувачите на комуњарската партија или противници на власта, знаете да одговорите на прашања кои ви се поставуваат тука на форумот!!!
|
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
![]() |
||
Ninja 35 ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
А што тоа прашувате Вие, следбениците на ариевската раса во Македонија ?
|
||
![]() |
||
Kali ![]() Сениор ![]() ![]() Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Следбениците на ариевската раса бараат одговори од комуњарите. Бидејќи немаат капацитет да сфатат дека граѓанска критика на власта е само тоа - граѓанска критика на власта, и ништо повеќе. Тие како заљубени во своите партиски идоли, не можат да сфатат дека може да почитуваш или критикуваш некои политики без да бидеш партиски заљубен во позиција или во опозиција.
Јас не сум комуњарка, така да нема што да одговарам, инаку немам проблем да одговорам на тоа прашање.
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2021222324 69> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |