![]() |
|
Акција “ПУЧ“ и бомбите на Заев |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1718192021 69> |
Автор | |
Buggyman ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Уште еден "неформален разговор"...
СДСМ на денешната прес -конференција објави и телефонски разговор меѓу, како што посочија, Протуѓер со ликвидации се заканува дека претседателот на Фудбалската федерација ќе ги најде во ендек жената и децата -Ќе ги најде жена му и децата во ендек, наводно му вели Протуѓер на министерот Јанакиески. Оваа закана следува откако претседателот на фудбалската репрезентација не сакал да пушти гратиси за некој натпревар, кој требало да се одржи ден пред изборите, а требало да послужи за пропагандни цели. Разговор на Миле Јанакиески со Мартин Протогер МЈ: Ало? МП: Ало? МЈ: Молам МП: Овој мајмунов од Фудбалска федерација намерно не пушта карти за утакмицава, за да не се напуни стадионов. МЈ: Му кажав на тој шо му е чоеко, денес за тоа праев муабет..ако не објават до понеделник... МП: Ако не објават до понеделник, кажи му дека он, жената, децата, све у ендек ќе ги најдат...Мајката да им ја е**м јас нивна комунистичка нивна..педерска... МЈ: Ај чао.. МП:Ај... |
|
Homo homini lupus est...
|
|
![]() |
|
Gorazd777 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
http://www.slobodnaevropa.mk/media/video/26886029.html
Заев - Груевски победува на местени изборизначи вака мажињата ги добивале изборите,тоа ли е победа ГРЛАТИ ,а ? или овој е мафијашкиот начин, прдлиња со парите од даноците на сите ќе делите субвенции,за што? не срамете се бедни души,еве и вистината за ПОПИСОТ ќе излезе,битен елемент за изведување на ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ,како во паметните земји.и да не мешајте странски служби во ова ,ве прочитаа оние кои повеќе ја знаат вистината,та ви е ефтина игра,јас велев и пак повторувам,за неверниците ВИЕ сте дојдени со помош на странски служби,тоа се КОС и УДБА и крајно за оние кои се плашеа овде на форумов или пошироко дека се плашеле од некои дискутанти,пак ќе речам не плашете се од дискусија од РАЗУМ плашете се од овој во вашите редови,столбот на ВРХОВИЗМОТ (ВИДЕО) Заев: Протуѓер се заканува дека жената и децата на претседателот на ФФМ ќе се најдат во ендек е овој е психопатот,тој раководи со дел од тие гнасотии,од него плашете се!
Изменето од Gorazd777 - 07.Март.2015 во 01:42 |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
![]() |
|
Kali ![]() Сениор ![]() ![]() Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Зекси, те паметам од 2011 година, кога последен пат напишав некој збор на форумов....се сетив денеска, ете да видам што се случува, и оп налетувам на тебе.........4 години поминале, а ти сеуште со истите размислувања..... Што имаш Зекси од оваа власт, па што им го чуваш грбот на овој начин? Искрено, не можам да ве разберам вие кои можете да поддржувате нешто што по ниедна здрава логика не се поддржува. Што и да имаш, всушност ништо немаш, дали ти е тоа јасно? Кога системот е лош, тој е лош за сите ! Кога поддржуваш нешто нечесно, криминално, ниско, има големи шанси во некоја прилика да се најдеш во ситуација таа неправда на грб да ја осетиш! Пример, баш би сакала еден ден да ги видам Латас и Миленко еден спроти друг, со сопствените оружја ! Дали ти е јасно дека сите вие кои заљубено зјаете во нив и го браните секој нивни идиотски чекор, ним ништо не им значите? За нив сте само гласови, бројки, како што би рекла министерката “човечиња“! Се согласувам со тебе дека Заев е дечко од село .... ама овие сељаци кои ги слушаме ја имаат целата дрскост, злоба, простотија, да бидат на власт цели 9 години ! ДОСТА Е !!! ![]() Messenger...........и тебе те паметам секако.....последниот пат дебатиравме по изборите 2011 година...малку ми беа чудни твоите коментари, бидејќи имав вака убаво мислење за интелигентноста на твоите форумски зборови. Сега те читам, и јасно ми е колку бил саатот. Едно само ќе кажам : ПРЕУБАВИ се зафрканциите кои моментално се случуваат во Мк, на тема прислушување на 20000 луѓе ( новинари, судии, опозиција, позиција ) од странски служби, на тема ПУЧ врз Македонија од странски служби ..... Ако немаме легитимна власт, бар хуморот за се што ни се случува е ВРВ, забавува, инспирира луцидноста, креативноста, интелигентноста, ВИСТИНИТОСТА И РЕАЛНОСТА ![]() Изменето од Kali - 07.Март.2015 во 10:12 |
|
![]() |
|
Zeksi71 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
со какви размислувања да бидам??? да се променам??? не!!! не можам да го променам мислењето преку ноќ, не се вртам ко сончоглед... премногу добро паметам во комуњарско што се случуваше и да не даде Господ повторно истото... со таа разлика што во тоа време бранко владееше, но беше градски човек, со вакви грозотилаци немаше на памет да му текне да се служи, не дека не прислушкувале во тоа време ама вака ко што го прави ова сељачево струмичко ни на сон немаше да му текне... а камоли да изјавеше дека соработува со странски служби... Заев вика дека власта прислушкувала... па изгледа дека ова е најмалоумната власт у свет сама себе да се прислушкува... извини Кали ама не сум малоумен за да неможам да сватам што се случува... точно дека ја подржувам оваа власт, и јас и цела фамилија, не оти е е идеална, безгрешна, туку заради тоа што не би сакал земјата повторно низ пекол да поминува со комуњарите... доста беше од нив... видовме колку и што направија.... како така со овие е многу подобро...
|
|
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|
![]() |
|
Gorazd777 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
http://fokus.mk/koga-nikola-sakashe-ohridskoto-ezero-da-go-napravi-more/
ете уште една потврда кој е на власт,еден мал ПиколоМини ди гуги. како он царува,а поданиците слепи му веруваат,дека така требало,дека од инат,оние другите не чинат,ама сега че прават тие што се тука се дури и НЕзаконски работи,дејанија,блиски не на мафијашки ,туку на општества кои не беа хумани НАЦИСТИЧКИ,ФАШИСТИЧКИ. Е дојде време навистина сето тоа да се сотри, и ќе се сотри од разумниот човек,за повеќе вакви абдали,неписмени кецароши,б,гарски дипломци,оние со купени дипломи да не владеат повеќе и кој и да вреди да победи правичноста,законитоста ,можностите за сите,а не само за психопатите,убијците,корумпираните. |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
![]() |
|
Орка ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ви текнува овие што им стана битно кој прислушкувал
дека пред некој месец донесоа закон и казна се разбира ако не го пријавиш насилството во комшии... Колку лицемерно е сега кога им ги извадија на тапет сите валканици врз сопствениот народ да плачат ко дебело дете за шеќерна волна. Кое дно,не би коментирал само ако ги прави среќни ќе констатирам оти се далку од криминалци или мафијаши Бог да чува фамилија... Не би си ја труел душата со потрошено време и копање по она инстиктивното плукање на злото. Само ќе цитирам еден лик,кој бил сето она што тие се замислуваат... "Те прави да се чувствуваш добро убивањето на мајка и нејзините деца. Те прави да се чувствуваш голем. Како демек си голем човек. Епа eби се...Look at you now." Тони Монтана Еднаш згрешив,кога ми дојдоа преку глава валканиците на СДСДМ отидов и гласав за ДПМНЕ.Би било лудо од моја страна да истата грешка повторно ја направам.Оти Зајко се само искреен не е во целава циркузијада. Само дај Боже спас од оваа проклетија... |
|
![]() |
|
ansasho ![]() Сениор ![]() Регистриран: 08.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 127 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Болест да се дојде до власт од страна на опозицијата.
|
|
![]() |
|
Kali ![]() Сениор ![]() ![]() Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Океј е Зекси, секој си е одговорен за сопственото мислење и делување. Јасно ми е, нема нешто што ќе ти кажам, не постои аргумент кој ќе те замисли, камоли пак да ти го промени мислењето. Јасно ми е, заљубените луѓе тоа го прават: предметот на нивната љубов е безгрешна. Жените кои се жртва на семејно насилство, често кажуваат дека ги сакаат и поддржуваат своите сопрузи кои ги млатат. Така да, во ред е, јасно ми е. Заев прислушувал заедно со странски служби, кои се мн заинтересирани за тоа што прават муабет опозиција, новинари, власт, судии, сите. Цели 4 години, за да ја уништат државата, македонското да го уништат. Тоа што државата во последниве 9 години стана приватна сопственост на шака луѓе, тоа што тие одлучуваат кој може да живее и работи, а кој не; се е дело на странските служби и Заев. Тоа што вмро функционира со контрола, уцена, притисок на се и сешто, па оттука и на своите, и тоа е од странските служби. Значи во ред е, сега ми е појасно. Ни јас не бев задоволна од сдс, во 2006 гласав за вмро. А поголем ужас и пекол од овој немам видено ни доживеано. Ама изгледа јас и ти живееме во различни димензии. Така да, во ред е. Терај си
![]() Изменето од Kali - 07.Март.2015 во 19:53 |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Последниот пост е сокриен. Ве молам, БЕЗ ЛИЧНИ НАВРЕДИ, др'жте се за темата. ![]() Јас да си ја поздравам Кали. ![]() Почнав да и пишувам осмомартовска честитка на Горде Министерката. Пишував, пишував... и на крај се запрашав: Горде ма, ти дали воопшто си ЖЕНА? Оти вака кога те слушам на снимките (чија вистинитост сеуште не си ја негирала), мене повеќе ми личиш на партиска машина за сплетки, интриги и оговарање. Покажуваш една расипана, бесчувствителна, ладна, бескрупулозна, арогантна, дрска, пресметлива, реваншистичка и не знам уште каква душа, што и не е баш многу женствено. Такво потсмевање, надменост и презир кон “човечињата“ и будалетинките кои впрочем гласале за тебе и за твоите сопартијци, не знам дали ќе можат да ти го простат оние кои ги нарекуваш циркузанти и ќе ги тегнеш за уши. Се фалиш дека министерството со кое раководиш си го претворила во партиски Call Center односно во Министерство за Вмровски Работи. Тоа за фалење и за смеење ли е ма Горде? Тебе те ставија таму за да бидеш ПРВА ПОЛИЦАЈКА и да ги штитиш интересите на граѓаните (па и на тие што не се за твојата партија, ако ти се верува) или да се понашаш како ПРВА КАУБОЈКА или поточно ШЕРИФКА, која по телефон ги решава судбините на луѓето? Толку ти удрила власта во глава, што си умислуваш дека си некаква Богиња на правдата? Си заборавила како е да бидеш обичен, мал човек со голема душа или ти тоа никогаш и не си била? За мене Горде, кога ќе заврши целиов спектакл, ќе си останеш најголемиот циркузант од Циркусот Медрано кој го спомнуваш. Од сите гадотии што досега ги слушнавме, најмногу ме изиритира твоето безобразно церекање. Во спротивното можеш да ме убедиш само со ОСТАВКА. ![]() |
|
![]() |
|
evangeline ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
![]() |
|
Kali ![]() Сениор ![]() ![]() Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Едно знам: последниве месеци станавме свесни за жени кои ја понесоа одговорноста за менување на нештата, жени тука и сега меѓу нас, на кои сум горда и ќе ги спомнам на денешниов ден, на денешнава тема, бидејќи сум убедена дека позитивна женска енергија ќе не извади од ова во што сме влезени. Тоа се жени студентки, професорки, новинарки, активистки, кои донесуваат нова, свежа, убава, позитивна, достоинствена и сплотувачка енергија со својата вистинољубивост, гордост и интелигенција: Наташа Габер Дамјановска, Синоличка Трпкова, Гордана Попсимонова, Ениса Еминовска, Ирена Цветковиќ, Мери Јордановска, Јасминка Аневска, Искра Гешоска, Јадранка Костова, Оливера Трајковска, една девојка симбол на студентскиот протест Марија Грубор, и многу многу други ..... Шеќеринска да, тоа е жена која сеуште не ме разочарала како политичар, пу пу да не ја урочам, бидејќи лесно се разочарувам од политичари ( изгледа многу очекувам од нив !!! ) Бомбите доаѓаат од Заев, ама жените ќе ’’направат разлика’’ ! ![]() |
|
![]() |
|
Alekxandar ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Циркусот Medrano е поим за вештина ,техника и традиција. Министерката и министерството се Freak Show,па затоа се дрски,бесК*рпулозни,арогантни,пресметливи... бидејки се тотално искомплексирани. Всушност надменост и презир над нив има нормалната популација. |
|
![]() |
|
Gorazd777 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Во интерес на вистината,а да биде појасно кој е Јорадан Мијалков ,кој е неговиот син Мијалков Сашо(двајцата офицери во КОС,од ЈНА,значи странски служби)кои се инфилтрираат во Македонија,Кодошат и работат прво за туѓи интереси ,а потоа и за сопствени ,за да дојдат до она што направија од Македонија и сме севдоци за денешните случувања,
но во овој напис се пишува како Јордан Мијалков,како тогашен функционер донесува решение да го прислушкуваат Мане јаковлевски еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ,Од ова се заклучува и станува се појасно кој е сега на власт и од каде му е потеклото,односно со какви мерки се служат за да владеат
|
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
![]() |
|
laki_bu ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1718192021 69> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |