IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - МАКЕДОНИЈА...и се е можно!?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МАКЕДОНИЈА...и се е можно!?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5354555657 63>
Автор
Порака
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2014 во 15:34

текстот е малку подолг ама морав да го ставам во целост....
само уште еден показател за тоа како работат нововерците што ни ја водат државата....додека цело време држат тензична атмосфера во државата со полни усти со измет против се што не размислува како нив, во позадина вредно и упорно како мравки работат на целосно узурпирање на секоја педа во секоја област во државата....


Нова медиумска жетва во владиниот рекламен комбајн

Откако владата ги стави под контрола големите телевизии, редот им дојде на малите. Само во еден ден, тројца скопски бизнисмени купуваат шест регионални телевизии, во кои веднаш почнува - не да капе, ами да истура од владини реклами
Ајде да те видам соголи се до коска, ајде да те чујам како одлучуваш без твојата омилена телевизија. Ова е стих од песната „Stripped“, која за првпат ја испеа британската поп-група „Депеш мод“ уште во 1986 година. Нивната порака беше јасна, тие ги советуваа фановите да мислат со своја глава и да не носат заклучоци само врз основа на телевизиските прилози. 

Точно 28 години подоцна, телевизијата сè уште е првиот извор на информации за македонските граѓани.

Анкетата на Агенцијата за медиуми од јуни 2014 година покажува дека нешто повеќе од 82 отсто од испитаниците секој ден се информираат преку телевизија. Секој трет Македонец „киснел“ пред телевизорот повеќе од четири часа дневно, а од сите што гледаат телевизија, над 80 проценти најчесто седнуваат пред малиот екран кога има вести.

Истражувањето покажало дека од тројца љубители на вести, двајца секогаш следат МТВ, Сител, Канал 5 и Алфа ТВ, медиуми кои се под директна контрола на владата и на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Идејата на нашето истражување беше да откриеме кој ги контролира новите телевизии, кои заедно ќе ја покриваат цела Македонија, а вам ви останува да одлучите дали ќе ги послушате „Депеш мод“!

Компјутерџија од МЕПСО - газда на струмичка и на дебарска ТВ

Во Македонија работат 27 регионални телевизии, кои може да ги следат гледачите од повеќе општини, меѓутоа шест од нив се посебна, но и многу слична приказна. Без никаква помпа и без јавна промоција, тројца анонимни скопјани лани на ист ден формирале по една фирма. Десет дена подоцна, повторно на ист ден, секој од овие бизнисмени купува по две телевизии. 

Сите овие новокупени медиуми се раштркани во сосема различни градови од земјава.

< width="640" height="480" ="https://www.vis.occrp.org/Geo/view/a90125523f2cadba30eca4717b481b12" border="0" scrolling="no" webkitallowfullscreen="" mozallowfullscreen="" allowfullscreen="" style="font-family: 'Lucida Grande', Tahoma, Verdana, Arial, sans-serif; font-size: 14px; letter-spacing: 0.116667002439499px; line-height: 19.6000003814697px; : rgba0, 0, 0, 0.85098;">

Дебарската телевизија Канал три и ТВ ВТВ од Валандово од минатата година добија нов сопственик. Зад двете телевизии стои скопската фирма „Емперијан визион“, која е формирана на 17 мај 2013 година и нејзин сопственик е 48-годишниот скопјанец Емил Парнаџиски.

Емил Парнаџиски работи во државната компанија за пренос на струја МЕПСО. Неговите обврски таму се поврзани со компјутерите. Му се јавивме на мобилниот телефон и побаравме средба во четири очи, меѓутоа тој сакаше прво да види со какви новинари има работа и затоа побара да му пратиме прашања по електронска пошта. Откако инсистиравме на состанок, Парнаџиски ни рече:

„Јас ви тре**м, вие барате интервју од мене. Јас не барам ништо од вас!“

Прашањата веднаш му ги пративме. Знаеме дека ги добил прашањата, бидејќи користевме посебен софтвер, кој известува дали и кога е отворена пораката, но одговор не добивме. 

Она што сакавме да го знаеме е како го стекнал капиталот, за колку пари ги купил двете телевизии, кое е неговото искуство во медиумскиот бизнис и кои му се идните планови. А, пред сè, прашањата се однесуваа на неговите мотиви – зошто бизнисмен од Скопје би купил делчевска телевизија со шестмина вработени и валандовска телевизија со само еден вработен, како што говорат податоците од Агенцијата за медиуми.

Документите од Централниот регистар откриваат дека Парнаџиски платил 19.000 евра за ТВ ВТВ на валандовчаните Тони Донев и Димче Балески, додека за дебарската Канал три платил 16.000 евра, и тоа на Јасер и Арслан Елезовски, од село Мал Папрадник.

Арслан Елезовски не сакаше да зборува за зделката во која ја продал Канал три и љубезно го прекина кусиот телефонски разговор.

Во меѓувреме, валандовската ТВ ВТВ почнува да се развива. Таа добива ново име - Телекабел А1 и се сели во Струмица - една од четирите општини во Македонија, каде што власта е во рацете на опозицијата. 

Струмичката Телекабел А1 од скоро може да се пофали со нова, ултрамодерна опрема, како и со престижни камери од марката „сони“, а како што јави локалниот сајт, „Струмица денес“ телевизијата е сместена во простор од 180 квадрати и во етер ќе зрачи во најквалитетна резолуција.



Човекот што ја води целата операција во новата струмичка телевизија е Петар Трајков. На позицијата главен и одговорен уредник во Телеканал А1 доаѓа од струмичкиот затвор, каде што работел како службеник кој прибележувал кој доаѓал да одлежи казна, а кој заминува на слобода. Претходно, Трајков повеќе години работел како полициски службеник во Секторот за аналитика. Член е и активист во владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, а во доцните 1990-ти бил дел од партијата Демократска алтернатива основана од Васил Тупурковски. Во моментов е актуелен како дел од тимот што го изработи документарниот филм за балканската пророчица Баба Ванѓа во продукција на националната телевизија Канал 5, а со средства од македонската влада. 

Од директор во „Лотарија“, преку ФК Вардар до газда на две телевизии

На истиот ден, 28 мај 2013 година, нов газда добиваат и делчевската Д1 телевизија и ТВ Боем од Кичево. Првата телевизија, според податоците од Агенцијата за медиуми, има петмина вработени, а втората само двајца. Зад двете телевизии сега стои скопската фирма „ГМ трејд солушнс“, која е формирана десет дена пред склучувањето на купопродажниот договор и нејзин сопственик е 46-годишниот скопјанец Горан Митев.

Горан Митев од 2009 до 2012 година работел во Државната лотарија, каде што одредено време му бил заменик на директорот Дане Кузмановски, инаку познат скопски бизнисмен. Од Државната лотарија заминува на позицијата извршен директор на фудбалскиот клуб Вардар, каде што останува сѐ до февруари 2014 година. 

Во моментов, Митев е директор на младинските школи во фудбалскиот клуб Вардар. Од почетокот на оваа година клубот е во рацете на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко.

И Митев, како и неговиот „медиумски близнак“ Парнаџиски избегна средба со нас. При првиот контакт прифати состанок, меѓутоа подоцна престана да одговора на нашите телефонски повици и пораки. 

Идентично како кај Парнаџиски, и кај Горан Митев нè интересираше како го стекнал капиталот, за колку пари ги купил двете телевизии, кое е неговото искуство во медиумскиот бизнис и кои му се идните планови.

Според официјалните документи, Митев за ТВ Боем му платил 21.000 евра на кичевецот Слободан Меноски, додека Телевизија Д1 ја пазарил за 15.000 евра од делчевецот Слободан Дамјанов.

Дамјанов во кусиот телефонски разговор ни посочи:

„Приватен живот е тоа, исто како да Ве прашам Вас зошто вчера, на пример, сте направиле некаква трансакција преку Комерцијална банка!“

Неговиот истоименик од Кичево, Слободан Меноски, поранешниот газда на ТВ Боем, само коментираше дека „уште не се завршени работите“.

ТВ Боем, под новото име ХДТВ мега, ќе емитува програма од Битола, додека ТВ Д1, под новото имеХДТВ канал плус, ќе зрачи од Штип.

Седиштето на оваа нова штипска телевизија, според нашите информации, е во просториите на поранешната текстилна фабрика „Македонка“. И таму, како во претходниот случај се зборува за големи вложувања во модерни камери и најнова опрема.

Уште еден фудбалски функционер дел од новата медиумска слика

Лани на 17 мај , исто како „Емперијан визион“ и „ГМ трејд солушнс“, формирана e уште една компанија во Скопје, која по десет дена, на 28 мај 2013 станува сопственик на две телевизии од различни градови во Македонија. Станува збор за компанијата „ДМТ продакшн“, каде што како сопственик се јавува 48-годишниот скопјанец Драган Митковски.

Тој сега е газда на охридската Независна ТВ (со еден вработен) и на тетовската Менада ТВ (со четворица вработени). 

Драган Митковски е основач на сметководственото биро „Митковски ММ“ и е прв човек на Комората на сметководители во склоп на Сојузот на стопански комори. Тој бил потпретседател на фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров, а сега е претседател на комисијата за финансиско работење на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Митковски прифати да разговара со нас, меѓутоа кога требаше да ја договориме средбата, телефонот му беше исклучен цел ден.

Драган Митковски, за охридската Независна ТВ, му платил 22.000 евра на поранешниот сопственикЗоран Стефановски и вкупно 25.000 евра за тетовската ТВ Менада на поранешните газди Тошо Маркоски и Дарко Ристовски.

Поранешниот сопственик на охридската Независна ТВ, по ново О2, Зоран Стефановски не беше расположен за муабет, меѓутоа позборлив беше тетовецот, Тошо Маркоски, кој беше доминантниот сопственик во ТВ Менада.

„Како сè на планетава што се продава, така се продаваат и медиумите. Тоа е деловна тајна. Сè е транспарентно, можете да видите во Централниот регистар и сè е направено според закон“.

По продажбата, почнуваат да се трупаат и владините реклами

Тројцата нови газди платиле 118.000 евра за да ги купат шесте регионални телевизии за кои се најавуваат амбициозни планови и затоа прашање е колку пари ќе се потрошат пред телевизиите да проработат во полн сјај. Клучното прашање е зошто новите и старите газди на овие медиуми не сакаат да говорат за своите зделки?

Емил Парнаџиски, Горан Митев и Драган Митковски не сакаа да ја одгатнат ниту мистеријата како тоа, сите тројца формирале фирма на ист ден и точно десет дена подоцна си купиле по две телевизии од внатрешноста.

Колку и дали тројцата скопјани се случајни играчи во овој медиумски бизнис? Не пронајдовме докази за поврзаност на Митев, Парнаџиски и Митковски со медиумските центри на моќ, но затоа тука се владините реклами и кампањи да нè потсетат за симпатиите на власта кон одредени медиуми, кога станува збор за раздавањето буџетски пари.

Владата никогаш не кажа колку пари дава на секој медиум одделно за одредена владина реклама. Но, направи барем еден чекор напред, па на владината веб-страница објави која кампања по колку пати се емитувала на секој медиум. Она што може да се забележи е дека до 2014 година, владините реклами биле рамномерно распоредувани по локалните и по регионалните телевизии.

Но, во 2014 година, овие шест телевизии нагло почнуваат да добиваат стотици реклами повеќе отколку другите медиуми.

Колку за илустрација, во 2012 година, владата ја спроведуваше кампањата за „подигање на свесноста на граѓаните за поттикнување на иновативниот дух и креативната мисла во Република Македонија“. Сите регионални и локални телевизии во Македонија имале ист број емитувања - по 260. 
 
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=22&vest=18582

Буквално истата статистика може да се види и за владината кампања за „информирање и запознавање на граѓаните за нивните права што се овозможуваат со реформите во функционирањето на судскиот систем во Република Македонија“. Локалните и регионалните телевизии имале од 46 до 104 емитувања, освен гореспоменатите телевизии. Сите до една имаат по точно 1.039 емитувања на оваа владината кампања. 

Колку пари се слеале на нивните сметки од контото на буџетот останува нејасно. Од Владата не одговорија на нашите барања за пристап до информации од јавен карактер за тоа колку пари се слеале во секој медиум одделно, за секоја кампања.


Изменето од Ninja 35 - 05.Декември.2014 во 15:34
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2015 во 20:56
текстот го преземав од еден портал....сепак се работи за бројки кои се јавни и може лесно да се проверат...
нормално...за подржувачи на власта ова не е ништо, само тресење глупости кое ќе го игнорираат како и секоја криминална активност во која се вклучени вмровски функционери.
 

Силвана за 11 месеци поминала 600.000 километри!

Ако се точни информациите дека според внатрешниот правилник на Собранието пратениците на име на патни трошоци добиваат по 30 прoценти од цената на литар бензин за поминат километар, испаѓа дека ако народниот претставник се вози во автомобил кој троши 10 литри на сто километри на отворен пат треба за единаесет месеци да помине 600.000 километри за да лапне од собраниското буџетче 23.000 евра ( околу 4 евра на 100 километри). Тоа значи дека госпоѓата Силванева доаѓајќи на работа и прибирајки се во Струмица, за единаесет месеци поминала пат кој е еднаков на петнаесет обиколки околу земјината топка!

Тоа, прво, значи дека Струмица, сепак, е малку подалеку и, второ, дека женската секој ден минувала по околу 2.000 километри односно ако и се одбие седењето во собраниските клупи и времето за спиење, за секс и за купување на нови станови за децата и утре, дај боже, за внуците, се возела со брзина од околу 800 километри на час, што значи дека користела некој од побрзите автомобили.

Веројатно “Ербас” 320! Е, сега како е сето тоа покриено со белешки од наплатните рампи на автопатот ” Александар Велики”, тоа можат да одговорат само во фабриката во Тулуз!

Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2015 во 13:04
http://libertas.mk/кабелските-ќе-мора-да-ги-исклучат-fox-24-kitchen-sport-klu/

Можеви ова се надоврзува ,како терен за претходно кажаното,па сега и потполно ќе има мафијашка пропаганда на секое ниво.

следен веројатно ќе биде интернетот.

а што плаќаме радиодифузна такса ,за онаа мочана дпмне-овчарска телевизија да емитува пропаганда?
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2015 во 20:19
Ако и ова се случи би било интересно во прсрет на новите настани,зашто ни е преку тасета од бранителите на Македонија,ај малку и подруго мислење,ама од нивните редови..
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2015 во 13:45


Да не речете само по невработеност, сиромаштија и неубави работи сме прваци во разно-разни класификации, еве и пари сме имале. Додуша, само на неколку приватни сметки, ама не е тоа тема на муабетот.

Ем лидери сме биле во регионот. Машала, што се можело да се направи со толку пари...
изненадување

Република Македонија е лидер меѓу земјите на Балканот и поранешна Југославија во однос на сумите пари испрани преку швајцарскиот дел на британската ХСБЦ банка.

Поединци од нашата земја, преку оваа банка, испрале 164 милиони долари. Македонија е на 89 место на оваа ранг-листа. Во извештајот на Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи (ICIJ) пишува дека девет клиенти од  Македонија отвориле 15 банкарски сметки во филијалата на ХСБЦ. Податоците се однесуваат на период до 2007 година.



Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2015 во 20:45
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:



Да не речете само по невработеност, сиромаштија и неубави работи сме прваци во разно-разни класификации, еве и пари сме имале. Додуша, само на неколку приватни сметки, ама не е тоа тема на муабетот.

Ем лидери сме биле во регионот. Машала, што се можело да се направи со толку пари...
изненадување

Република Македонија е лидер меѓу земјите на Балканот и поранешна Југославија во однос на сумите пари испрани преку швајцарскиот дел на британската ХСБЦ банка.

Поединци од нашата земја, преку оваа банка, испрале 164 милиони долари. Македонија е на 89 место на оваа ранг-листа. Во извештајот на Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи (ICIJ) пишува дека девет клиенти од  Македонија отвориле 15 банкарски сметки во филијалата на ХСБЦ. Податоците се однесуваат на период до 2007 година.




пс

Само да (ја) на-дополнам „импресијата„ за нашата земја ЛИДЕР на Балканот:
Парите , а кои овде се споменуваат биле депонирани во ХСБЦ банка-та во периодот пред 2007 година.

ппс

Тој момент (мене) ми укажува на (можно) „селење„ на валканите пари од „бизнисмени-те„ од матичната земја , директно во Швајцарската филијала на ХСБЦ банка.
Поради ....„промената„ на владеачката гарнитура во 2006 година.
намигнување
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2015 во 19:55
http://a1on.mk/wordpress/archives/451004

(ВИДЕО) Хрватска ТВ Нова: Македонија на работ на диктатура 


Немојте да ја браните Диктатурата и на ВАС еден ден ќе ви удри од глава.
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2015 во 07:43
 АФЕРАТА ЗА НЕПЛАЌАЊЕ ДАНОК!?

Британската банка ХСБЦ се извини на клиентите

намигнување

пс

Помагале на БОГАТИ КЛИЕНТИ ??
А кој клиенти биле БОГАТИ во МК....во 2005 година?
Имаше ли тогаш афера со претепување на сега покојниот г. Никола Младенов..
За пишувањето во Фокус за т.н. Швајцарски сметки?.
тага


Изменето од novace - 16.Февруари.2015 во 07:52
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2015 во 08:04
">И ЗА ГРУЕВСКИ И ЗА ЦРВЕНКОВСКИ ВЕЧЕР ИМА ИСТ ПРИНЦИП, А ТОА Е ЗАКОНОТ ПРЕД СЕ 

намигнување



http://vecer.mk/makedonija/kade-beshe-sdsm-vo-sluchajot-shvajcarski-smetki-na-branko-i-hari


Изменето од novace - 16.Февруари.2015 во 08:07
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2015 во 22:44
 
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
д4 б3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1206
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај д4  б3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2015 во 18:17
http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/983925/index.html

Имајте на ум дека нашиот регион е во центарот на еден прстен од оган. Ние ја имаме Украина на север, Блискиот Исток на исток, Либија на југоисток.

брееее
old d4b3
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2015 во 23:27
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2015 во 00:00
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
ansasho Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ansasho Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2015 во 09:12
hi hi ... ha ha ...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5354555657 63>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.