IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Акција “ПУЧ“ и бомбите на Заев
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Акција “ПУЧ“ и бомбите на Заев

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5859606162 69>
Автор
Порака Обратен редослед
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2015 во 17:00
Originally posted by Gorazd777 Gorazd777 напиша:

Очигледно ТИ не ги разбираш работиве,чисто и јасно е кажано против кого се поднесени кривични Пријави,тука се и доказите,тоа ќе го цени Јавното обвинителство,освен ако не одат по нардната , Кадија те суди,Кадија те тужи.
Вистината излезе на Видело,постапката е таа што ќе ги изнесува Доказите,ако се спроведува во Правниот систем.
За почеток од експертите,само ова ,за да се спроведе вакво прислушкување,покрај Софистицираната опрема(што ја има мвро-то и неговата УДБА-ДБК,а е набавена од Израел ,да следи веднаш 20.000 разговри),соучесник треба да е и Операторот-телекомуникациски,во случајот Т-мобиле и Вип,едниот е од Гертмански газда,а другиот Австриски,кои имаат броевите што ги издале на корисниците.Единствено тие можеби ВЕ бунат,како странски служби,ама и во тој случај ,пошто се во Македонија,пак некој ги викнал за Соработка.
Интересно е што сакаш да го амнестираш Груевски онака Наивно,се знае тоа кон што води,нема потреба да се правиме нешто што сака оваа власт сите да ги направи,а веројатно им успеа на Полтроните кои слепо ја поддржуваат.

Gorazd777, безброј пати сме повториле да се коментира за коментарите, а не за коментаторите. Колку што се сеќавам никогаш не сум те анализирал јавно на форумот, а ти упорно го правиш тоа со своите соговорници. Те опоменувам уште еднаш да се рестриктираш од таквата навика и тоа не само кога другите не го споделуваат твоето мислење.

Сега, за прашањето и одговорот

… од оноа што си го напишал разбирам дека нема доказ кој ги направил објавените разговори. На страна од тоа што тие (доколку ги земеме за автентични) не даваат никакви бомбастични информации од аспект на сигурноста за државата, освен приватни размислувања за личности и случки кои и онака ги слушаме по кафаните и пријателските седенки, од досега говореното може да се заклучи дека:

Некој снимал телефонски разговори и сега јавно се објавуваат.

Тоа наведува на следниве заклучоци:

1. Снимано е од страна на државата

2. Снимано e од страна на надворешна известувачка служба

3. Заев во договор со некоја организација или приватни лица дошол до овие материјали и јавно ги обелоденува


Не навлегувајќи во автентичноста и содржината на снимките, од заклучоците следува:

1. Една од работите на државните служби за обезбедување е следење, регистрирање и аудио-видео снимање на организации и приватни лица доколку постои сомнение дека работат против сигурноста и интересите на државата. Така е во сите држави, така било од секогаш, така е сега и така ќе биде и во иднина. Би требало сите да не загрижи доколку нашата држава (било која влада) не го прави тоа. Од тој аспект покажувањето со прст кон државните служби дека прислушкуваат е беспредметно. Прашањето дали тоа е легално не прави многу логика бидеjќи легалноста ја одредува и дава државата. Единствено држи вода прашањето дали тоа следење е потребно во ситe случаи. 

2. Снимањето од странска известувачка служба, како што неколку пати наведе Заев за овој случај, не само што е нелегално, туку е непријателски акт кон нашата држава. Законот тука е јасен и секој оној кој што влегол во таква нелегална и противдржавна активност подлегнува под тој закон. Така е во сите држави на светов и никакво евентуално тврдење дека истото се прави за нивно добро не се зема како одобрување и оправдување.

3. Објавувањето на тонски и видео снимки направени без знаење на сниманите и без добиена дозвола од нив, како и легална дозвола од државата за објавување на истите, претставува кривичнo дело. 

Тоа се фактите кои ги имаме во аферата "Пуч". 

Од нив следува следното:

- Доколку се докажи дека снимките се направени од државните служби тие треба да докажат дека биле легално направени. 

- Доколку се докажи дека снимките се направени од странска известувачка служба истите ќе бидат употребени како доказен материјал за непријателска активност против државата.

Во врска со објавените снимки, дури и да се докажи преку секое сомнение дека некоја снимка е направена од државните служби, не може никогаш да се докажи, преку секое сомнение, дека истите не се подоцна манипулирани со монтажи и дека меѓу објавените снимки нема и фалсифицирани снимки направени од странска известувачка служба за интересите на нејзината држава.

Во секој случај, од до сега изнесеното јасно е оти вака понудената бомба повеќе наликува на димна бомба отколку на атомска која би срушила било каква влада. Од неа ќе се заматат некои очи и ќе се закашлаат некои луѓе, но очигледно е дека правно најмногу ќе бидат афектирани токму оние кои ја фрлиле затоа што на ним паѓа тежината на докажувањето на понудените материјали и оправдувањето за нивната акција која е во спротивност co Законот на државата.  

Целава работа мèне ми изгледа или како слабо пресметан очајнички обид на Заев да се задржи на својата позиција (што одговара на неговиот досегашен профил) или како негово наместено лизнување за да се реализира  враќањето на Бранко Црвенковски кој ќе се претстави како спасител на опозицијата и државата. 














Изменето од Messenger - 11.Февруари.2015 во 17:19
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2015 во 14:45

Нема нова епизода од серијата овие 2 дена?
Зошто е оваа пауза... за пазарење?

А и овие од Владата, со молчење ќе се бранат?
збунетост


Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2015 во 12:46
Очигледно ТИ не ги разбираш работиве,чисто и јасно е кажано против кого се поднесени кривични Пријави,тука се и доказите,тоа ќе го цени Јавното обвинителство,освен ако не одат по нардната , Кадија те суди,Кадија те тужи.
Вистината излезе на Видело,постапката е таа што ќе ги изнесува Доказите,ако се спроведува во Правниот систем.
За почеток од експертите,само ова ,за да се спроведе вакво прислушкување,покрај Софистицираната опрема(што ја има мвро-то и неговата УДБА-ДБК,а е набавена од Израел ,да следи веднаш 20.000 разговри),соучесник треба да е и Операторот-телекомуникациски,во случајот Т-мобиле и Вип,едниот е од Гертмански газда,а другиот Австриски,кои имаат броевите што ги издале на корисниците.Единствено тие можеби ВЕ бунат,како странски служби,ама и во тој случај ,пошто се во Македонија,пак некој ги викнал за Соработка.
Интересно е што сакаш да го амнестираш Груевски онака Наивно,се знае тоа кон што води,нема потреба да се правиме нешто што сака оваа власт сите да ги направи,а веројатно им успеа на Полтроните кои слепо ја поддржуваат.
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2015 во 02:42
Originally posted by Gorazd777 Gorazd777 напиша:

Еве ти доказ
и тоа како се лути едниот ,а како другиот е тажен, на страната имаш и Аудио снимка,а со МАтеријалеите имаш и ЦД, ќе се достави до Обвинителство.
И нормално сега можете да се задоволите од Гнасотилаците претставени преку овие двајцата(ако ја слушнете снимката,само 15 минути е не боли).
Но препорачлива е за Полтроните и оние кои веруваат во празно,што им нуди овој систем,кој самиот со себе се Прислушкува.
Бедно.


Очигледно не си ме разбрал што прашувам, па ќе повторам уште еднаш:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

… Постои ли доказ кој ги прислушкувал и снимал овие разговори? Дали е тоа направено по наредба на Груевски или е сторено од страна на некоја шпијунска организација? 






Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2015 во 01:25
Еве ти доказ
и тоа како се лути едниот ,а како другиот е тажен, на страната имаш и Аудио снимка,а со МАтеријалеите имаш и ЦД, ќе се достави до Обвинителство.
И нормално сега можете да се задоволите од Гнасотилаците претставени преку овие двајцата(ако ја слушнете снимката,само 15 минути е не боли).
Но препорачлива е за Полтроните и оние кои веруваат во празно,што им нуди овој систем,кој самиот со себе се Прислушкува.
Бедно.


Изменето од Gorazd777 - 11.Февруари.2015 во 01:28
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2015 во 22:06
Originally posted by Buggyman Buggyman напиша:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Кога пред некој ден напишав "Good night and good luck" тоа беше најава за подолго отсуствување од оваа тема за која претходно дадов свое мислење, а го дополнив со коментар на пдф Свет. 

Забележувајќи го емотивниот интензитет на коментарите по повод објавените снимки без никаков доказ за нивниот извор (за автентичноста не би говорел бидејќи за тоа порано сум коментирал), би поставил едно прашање. Без обзир на веродостојноста на објавениот материјал...

Постои ли доказ кој ги прислушкувал и снимал овие разговори? Дали е тоа направено по наредба на Груевски или е сторено од страна на некоја шпијунска организација? 










ДОКАЗ е аудио снимката и таа постои дека некој прислушкувал и неизбежно е...!!!!. "Шпијунската организација" (ако алудираш надворешна за да се задоволат наводните патриоти со модринки на градите а најповеќе по џебот) може да е од луѓе на кои и е преку ... од стегата на 2 ...... кои држат 2 милиона народ во државата како ке им се допадне "времето и надворешната температура"!

Не се залажувај а воедно и останатите дека ни дошле "вонземјани" и ни ги доставиле снимките бидејќи не е прв пат да се прислушкуваат телефонските повици во Македонија. Ваква случка имаше и во времето на Бранко Црвенкоски (АХА ... ќе речеш сега....ама и тој прислушкувал.... но тогаш немало вонземјани туку по наредба на Бране... типично...)

Престани како слеп за стап да се држиш позади зборовите на грешниците..... Think about it!!!

Прашав многу едноставно: Има или нема доказ?

Гледам нашироко реплицираш на моето прашање, а не даваш никаков одговор.

Think about it!!!





Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2015 во 22:02
Да постои доказ,во прес конференцијата ,кога се излагаа прислушкувањата,евидентни показатели,за еден Тоталитарен режим,беа изнесени главните имиња на груевски и братучед му негов,активен во КОС,сашомијалков,сега директор на ДБК,а тука се поднесени како кон нив двајцата,така и кон одредени снимачи,шпијун-снимачи од тајната полиција на дбк(мвр-ото),а истите ќе бидат познати ,како докази,при јавното обвинителство на нашата држава,е сега дали тие ќе ви ги посочат на вас гладните за правдина че видиме,затоа што јавниот обвинитељ се изјаснил дека до него сеуште немет стигнато ништо,пошто поштата во РМ од град во град оди за Една недела,а таму им треба уште една да ги распоредат,тогаш тоа че потрае,инаку ако оди преку архива ,ако им текнало за тоа,доказите ќе бидат разгледани и достапни веројатно побрзо.
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2015 во 20:27
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Кога пред некој ден напишав "Good night and good luck" тоа беше најава за подолго отсуствување од оваа тема за која претходно дадов свое мислење, а го дополнив со коментар на пдф Свет. 

Забележувајќи го емотивниот интензитет на коментарите по повод објавените снимки без никаков доказ за нивниот извор (за автентичноста не би говорел бидејќи за тоа порано сум коментирал), би поставил едно прашање. Без обзир на веродостојноста на објавениот материјал...

Постои ли доказ кој ги прислушкувал и снимал овие разговори? Дали е тоа направено по наредба на Груевски или е сторено од страна на некоја шпијунска организација? 










ДОКАЗ е аудио снимката и таа постои дека некој прислушкувал и неизбежно е...!!!!. "Шпијунската организација" (ако алудираш надворешна за да се задоволат наводните патриоти со модринки на градите а најповеќе по џебот) може да е од луѓе на кои и е преку ... од стегата на 2 ...... кои држат 2 милиона народ во државата како ке им се допадне "времето и надворешната температура"!

Не се залажувај а воедно и останатите дека ни дошле "вонземјани" и ни ги доставиле снимките бидејќи не е прв пат да се прислушкуваат телефонските повици во Македонија. Ваква случка имаше и во времето на Бранко Црвенкоски (АХА ... ќе речеш сега....ама и тој прислушкувал.... но тогаш немало вонземјани туку по наредба на Бране... типично...)

Престани како слеп за стап да се држиш позади зборовите на грешниците..... Think about it!!!


Изменето од Buggyman - 10.Февруари.2015 во 20:29
Homo homini lupus est...
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2015 во 20:11
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Кога пред некој ден напишав "Good night and good luck" тоа беше најава за подолго отсуствување од оваа тема за која претходно дадов свое мислење, а го дополнив со коментар на пдф Свет. 

Забележувајќи го емотивниот интензитет на коментарите по повод објавените снимки без никаков доказ за нивниот извор (за автентичноста не би говорел бидејќи за тоа порано сум коментирал), би поставил едно прашање. Без обзир на веродостојноста на објавениот материјал...

Постои ли доказ кој ги прислушкувал и снимал овие разговори? Дали е тоа направено по наредба на Груевски или е сторено од страна на некоја шпијунска организација? 










Sve ce to jednog dana neko propjevati....намигнување
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2015 во 16:50
Кога пред некој ден напишав "Good night and good luck" тоа беше најава за подолго отсуствување од оваа тема за која претходно дадов свое мислење, а го дополнив со коментар на пдф Свет. 

Забележувајќи го емотивниот интензитет на коментарите по повод објавените снимки без никаков доказ за нивниот извор (за автентичноста не би говорел бидејќи за тоа порано сум коментирал), би поставил едно прашање. Без обзир на веродостојноста на објавениот материјал...

Постои ли доказ кој ги прислушкувал и снимал овие разговори? Дали е тоа направено по наредба на Груевски или е сторено од страна на некоја шпијунска организација? 






Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2015 во 16:20
Или пак поинтересно од Пуќ-от ,кој почна да ги открива работите е ова

ќе се здомат 3000 полтрони ,кои ја милувале оваа власт и таа незе,

или ,пак интересно но доста жално,во контекст на Ветувањата,но жално реков оти не е Остварено,значи ветено ,а неостварено

http://libertas.mk/видео-малата-тамара-не-го-дочека-оства/ тука нашиот вожд е во видео ветување,
и на крај,или само сегмент од некаков крај,а воедно Буууди ,доста сомнежи е и ова
 е овие се некои од работите,што скренуваат внимание,за  она што ни се случува деновие,а ние како нормален свет во ова општество(затоа што оние што ги вработуваат партиски,се избрани)немаме право на такви вработувања,но затоа мора да ја изнесеме Вистината,да се бориме за неа,па ако не дочекаме ќе дочекаат идни генерации,ама сите припадници на ова општество,а не само поделените од партијата на власт.


Изменето од Gorazd777 - 10.Февруари.2015 во 16:21
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2015 во 15:27
Originally posted by Gorazd777 Gorazd777 напиша:

Интересно,еве на некој(николче,кога не беше премиер),како исто му се гадело,преди одреден период кога неговата сопартијка Доста,како полицајка,го прислушкувала,а како тој реагирал,па не знаеме  како и што и направија, како таа заврши:
Инаку не само гадливо,туку е и непријатно чувство,тоа си произлегува од целосната ситуација во нашето општество,искажано секогаш со народната ,Караванот си тера,кучињата си лаат.
Тоа е од Изместените Вреднсоти,за нормален живот.Кога ќе почнат да се почитуваат тие вредности најгоре од Системот,па се по редослед во сите сфери на општеството,тогаш ќе се создаде и друга мисла и друг начин на почитување на животот.
Мислам дека сме означени како полициска држава или одреден вид на диктатура.Тоа почнува од Врвот и од неговиот апарат за контрола МВР,кога имаше предлог да се формира собраниска комисија за контрола за работа на ова министерство,сето помина како шега.Тоа е само еден сегмент од нормалното функционирање во западните демократии.
Од тука произлегуваат изместените реботи,па се случува често да имаме ваков начин на вработување(дознаено од телефонските разговори)
Значи никој од младата популација не верува во нормално вработување и нормален нашин на живеење од овој сегмент.
Или пак ќе имаме ваков национален сервис(мрт),кој треба сите да го плаќаме,а тој се знае за која партија работи и како известува
http://libertas.mk/видео-мрт-не-смее-ни-да-ги-спомне-груев/.Затоа работава ,многу повеќе е од Гадна,па се повторува веќе 20 години,до кога,се дотогаш додека не се крене свеста на повисоко ниво,а не само мене ми е гајле ,јас ќе се снајдам,туку ,вредностите кога ќе се изградат и почитуваат,тогаш веројатно ќе тргнеме и во некоја нормална насока.
Вака само се вртиме во круг и само се докажуваме,а се разбира оној кој секогаш е во златната фотелја на власт,во таквите општества,сето тоа ќе го користи и грчевито ќе сака да остане на истото место.


E taa marija bese clen na forumov i clen na chatot na idividi...
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2015 во 13:26
Интересно,еве на некој(николче,кога не беше премиер),како исто му се гадело,преди одреден период кога неговата сопартијка Доста,како полицајка,го прислушкувала,а како тој реагирал,па не знаеме  како и што и направија, како таа заврши:
Инаку не само гадливо,туку е и непријатно чувство,тоа си произлегува од целосната ситуација во нашето општество,искажано секогаш со народната ,Караванот си тера,кучињата си лаат.
Тоа е од Изместените Вреднсоти,за нормален живот.Кога ќе почнат да се почитуваат тие вредности најгоре од Системот,па се по редослед во сите сфери на општеството,тогаш ќе се создаде и друга мисла и друг начин на почитување на животот.
Мислам дека сме означени како полициска држава или одреден вид на диктатура.Тоа почнува од Врвот и од неговиот апарат за контрола МВР,кога имаше предлог да се формира собраниска комисија за контрола за работа на ова министерство,сето помина како шега.Тоа е само еден сегмент од нормалното функционирање во западните демократии.
Од тука произлегуваат изместените реботи,па се случува често да имаме ваков начин на вработување(дознаено од телефонските разговори)
Значи никој од младата популација не верува во нормално вработување и нормален нашин на живеење од овој сегмент.
Или пак ќе имаме ваков национален сервис(мрт),кој треба сите да го плаќаме,а тој се знае за која партија работи и како известува
http://libertas.mk/видео-мрт-не-смее-ни-да-ги-спомне-груев/.Затоа работава ,многу повеќе е од Гадна,па се повторува веќе 20 години,до кога,се дотогаш додека не се крене свеста на повисоко ниво,а не само мене ми е гајле ,јас ќе се снајдам,туку ,вредностите кога ќе се изградат и почитуваат,тогаш веројатно ќе тргнеме и во некоја нормална насока.
Вака само се вртиме во круг и само се докажуваме,а се разбира оној кој секогаш е во златната фотелја на власт,во таквите општества,сето тоа ќе го користи и грчевито ќе сака да остане на истото место.

ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2015 во 12:52

Ужас!
Се отвори Пандорината кутија и сега веќе не се знае какви се' зла ќе излезат од неа. Страв ми е само, како во митот, да не остане надежта заробена внатре во кутијата. Има ли надеж да се спаси ова болно општество?! тага

Се изнаслушавме мислења и “експертизи“ од разноразни експерти и експертутки (така некои од нив самите се нарекоа), а луѓето збунети. Или веруваат кому сакаат или воопшто веќе во ништо не веруваат. Ситуацијата се релативизира до лудило! Едните велат: Баш ми е гајле ако Заев роработувал со странски разузнавачки служби, мене ме интересира само каков криминал правел криминалецот Груевски. Другите велат: Баш ми е гајле мене за криминалите на Груевски, мене ме интересира само дали предавникот Заев соработувал со странски служби.

А каде е вистината? Којзнае каде е, можеби е некаде помеѓу нив двајцата, можеби кај некој што манипулира со нив? Наивни се оние што мислат дека ова е чиста борба за вистина, слобода и демократија. Јас кај едниот гледам грчевита борба да се остане што подолго на власт, а кај другиот, истата таа грчевита борба за да се докопа до таа пуста власт. И сето тоа на грбот и секако, во име на граѓаните. Со валкани средства, со валкан долен веш, со ниски удари!

Имаше ли потреба од целиот овој циркус, со кој и се нанесува огромен срам на државата и пред се на граѓаните? Воајеризам и манијачење приватни животи! Никој нив не ги прашал дали сакаат да им бидат прислушкувани приватните разговори, како што никој веројатно ни сега не ги прашал дали сакаат да им се изнесуваат истите разговори во јавност и да им бидат спомнувани имињатѕа на ваков начин?

Мене ми се гади од она што го видов и слушнав вчера. Ми се згади и од снимката Заев-Груевски, седнати таму комотни и интимни, како да се ценкаат за од татковците им имотот, а не за државата! Ми се згади и од сите тие експертутки, кои јавно, за пари и лични интереси фаќаат страна, па едни бранат она што не може да се одбрани, други напаѓаат она што не смее да се напаѓа, трети па мудро си молчат, се кријат во сенка и чекаат исход од бокс-мечот, за потоа мудро да фатат нова страна, секако победничка...

А народот збунет. Во очекување на нова епизода од турската серија, наречена ZokiLeaks или GrujoLeaks, сеедно...

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5859606162 69>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.