|
Вистина или фарса - Реформите во здравството |
Внеси реплика | страница <1 5051525354 55> |
Автор | |
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Togash zoshto i go uskratuvaat pravoto? |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Guilty
Сениор Регистриран: 04.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 411 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
-rASformirano e , ami kako:
|
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Додека институциите на системот се натегаа и договараа како да се соберат пари и организираат, почина деветгодишната Тамара од Велес, девојчето со деформиран рбет, што требаше да се оперира во странство.
Бог ќе им наплати на неодговорните подигрувачи со човечки судбини... ПОЧИВАЈ ВО МИР ДЕВОЈЧЕ |
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Важне е да се фатат докторите што спијат на дежурство и сестрите што пушат... овие работи како во текстот подоле не се важни....
Документите за малата Тамара Димовска здравствените власти ги побарале утрово само неколку часа откако почина 9-годишното девојче. Срцето на девојчето не го издржа притисокот на искривениот рбет врз градниот кош. Семејството е во шок и неверување. „Синока си легна доцна, ми рече „мамо лошо ми е “. Ј а болеше срцето, како и многу пати до сега ја масиравме. Градниот кош и кривината на рбетот ја притискаа на срцето, не можеше да дише. Утринава во 6 часот итно ја однесовме во болница, ја реанимираа, но безуспешно, ќерка ми почина“, со солзи и неверување раскажува Жаклина Димовска, мајаката на малата Тамара. Состојбата на малата Тамара почна да се влошува, а Фондот и Министерството за здравство ја одолговлекуваа процедурата за нејзина операција. Институциите не можеа да се договорат дали и каде ќе се лекува деветгодишната Тамара , која имаше тежок деформитет на рбетниот столб. Министерството, Фондот за здравство и Комисијата во Фондот излегуваа со контрадикторни информации. Последната информација беше дека биле на разговор во Фондот за здравство и дека чекаат да се врати лекарот од САД што им го препорачале надлежните. Дури потоа да почне процесот на закажување на операцијата и лекувањето. „Дури после 8-ми февруари ќе знам повеќе детали“, изјави за НОВА на 25 јануари мајката на Тамара, Жаклина. Тамара не го дочека тој ден, почина ноќта меѓу 8-ми и 9-ти февруари во својата чекајќи „чичковците“ од фондот и Министерството да се договорат каде и како ќе лекува девојчето. |
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хуманитарнатабакција за прибирање на сретствва за лекување била прекината во ноември, кога онаа беда од Министер ветил дека државата ќе се погрижи за операцијата, тука или во странство.
Инаку за неупатените, се работело за 30 000 мочани евра....речиси колку што земала Бонева за патни трошоци...или премиерот зема 50 000 за душевна болка па пак е неизлечен...или се дадоа тешки милиони за стиропор и останати глупавштини. Читаам по социјалните мрежи како се бара оставка на Тодоров и онаа директорката на Фондот...не се тие за оставка, јас лично би ги однел во Африка и би им ги дал поклон на оние шлакнатите БокобХарам |
|
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зошто да се дадат 30000 евра за лекување во странство кога можи да останат тие пари во државата и да се трошат на патни налози. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ааааа ете се можело и експресно кога се сака. Поточно, кога јавноста силно ќе притисне и кога ќе се случат вакви трагедии како со девојчето кое почина. Да не се чека никогаш повеќе да се случи такво нешто, ако не сакате да имате црни петна, не само во биографиите туку пред се на душите ви и на совеста! Фондот експресно даде решенија за лекувањето на Мартина и Стефанија од Струмица |
|
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ништо нема да ги испери од одговорноста за смртта на девојчето , бидејки граѓаните ги даваат парите за тој фонд,а некој ги краде и прави проценка колку вреди еден живот ,дали 15000 евра ,18000 или пак 30000 евра.
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...sega ke se javi "platenikot" i ke kaze deka nasekade vo svetot a najizrazeno e vo razvienite i demokratski drzavi da se slucuvaat vakvi "propusti".
Sram da ni e.
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес на ФБ се појави една фискална од Аџибадем Систина каде е извршена наплата во вкупен промет од 20610 ден но во фискалната вкупно ДДВ стои 0 денари.
Ослободени се Систина од плакање на ДДВ во државата ?? |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не ме држи за збор, кога полагав за државен службеник (пред некоја год) знам дека имаше ослободување од ддв на здравствени услуги. Дали има селекција на услуги или не, не знам.
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па уште треба и да ја жалиме....бесчуствително суштество....каде и беа емоциите кога требало да потпише лекување од 30 000 мочани евра Директорката на Фондот за здравство си поднесе оставкаДиректорката на Фондот за здравстевно осигурување, Маја Парнаџиева Змејкова, си поднесе оставка од функцијата, поради како што вели лични човечки причини. - Човек сум, воспитан да помагам на другите, не сум ладен бирократ. Денес објавувам дека од човечки причини решив да се повлечам од функцијата директор на ФЗОМ, рече Парнаџиева Змејкова. Парнаџиева објасни дека сите процедури за случајот на малата Тамара биле испочитувани во врска со работата на Фондот за здравство, а рече дека само чекала да стаса и обдукцискиот наод, па да ја соопшти својата одлука. http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=20479
|
|
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еvangeline: Не ме држи за збор, кога полагав за државен службеник (пред некоја годхи, хи...) знам дека имаше ослободување од ддв на здравствени услуги. Дали има селекција на услуги или не, не знам.
_____________________________________________________________________ Имам посетено приватни установи и кај сите до сега за услугата сум добил фискална со вкалкулирано ДДВ. Систина можно е да се привилегирани бидејки во мафијашка држава, некој можи да не плаќа ДДВ,но некој дукан и за 10 денари ке плати казна од неколку илјади евра. |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Богами не знам. Не сум го смислила јас
Член 23 Се ослободуваат од данок на додадена вредност: 1. Прометот на станбени згради и станови, во оној дел, во кој истите се користат за станбени цели, со исклучок на првиот промет, кој ќе се изврши во период до пет години по изградбата; 2. Изнајмување на станбени објекти и станови, доколку истите се користат за станбени цели; 3. Прометот на поштенски и таксени марки по нивната номинална вредност, на коверти, поштенски картички и други поштенски вредносници на кои се втиснати поштенски марки, како и на контролни маркици (бандероли); 4. Поштенски услуги од страна на Македонската пошта; 5. Банкарски и финансиски промет и тоа: а) прометот, вклучувајќи го посредувањето, во врска со девизи, банкноти и монети кои служат како законско платежно средство, со исклучок на банкноти и монети кои не се користат како законско платежно средство, или кои имаат нумизматичка вредност, б) прометот, вклучувајќи го посредувањето, во врска со акции, удели во претпријатија или здруженија, обврзници и други хартии од вредност, освен чувањето и управувањето со хартии од вредност, в) управувањето со фондови за социјално осигурување и со специјални инвестициони фондови, г) одобрувањето и посредувањето на кредити, како и управувањето со нив од страна на кредитодавачот, д) прометот, вклучувајќи го посредувањето во врска со работењето со тековни сметки, депозити, штедни влогови, плаќања, вирмани, меници, чекови, жиро сметки, кредитни карти, дознаки, со исклучок на наплатата на туѓи побарувања и ѓ) превземањето кредитни гаранции или други обезбедувања, посредувањето со нив, како и управувањето со кредитни гаранции од страна на кредитодавачот; 6. Услуги на осигурување и реосигурување, вклучувајќи ги со нив поврзаните услуги на осигурителни брокери и агенти; 7. Игри на среќа и забавни игри, чие изведување е регулирано со Законот за игрите на среќа и за забавните игри; 8. Прометот од установите што вршат дејност од областа на културата со непрофитна цел за културните услуги и добра непосредно поврзани со тие услуги во согласност со прописите од областа на културата и прометот од ботанички градини, животински паркови, паркови, архиви и документациони центри; 8-а) Влезници за јавни настани кои се од национален интерес од областа на културата, а кои јавни настани како такви се утврдени и се финансираат преку годишната програма за остварување на националниот интерес во културата за годината во која се одржува јавниот настан донесена од Министерството за култура. За примена на ослободувањето даночниот обврзник е потребно, пред да започне со прометот на влезниците, да обезбеди документ од Министерството за култура со кој се потврдува дека јавниот настан за кој се бара даночно ослободување е утврден во годишната програма за остварување на националниот интерес во културата; 9. Услуги на радио-дифузни и телевизиски станици, освен комерцијалните дејности; 10. Здравствени услуги од страна на болници, клиники, здравствени домови, медицински и хемиски лаборатории за дијагностика, центри за рехабилитација и слични установи; 11. Услуги и промет на добра од страна на установи за социјална грижа и заштита, вклучувајќи ги услугите на домови за хоспитализирање, нега и лекување на стари лица; 12. Услуги во рамките на згрижување и надзор на деца и младинци, како и со нив тесно поврзан промет на добра; 13. Услуги во рамките на сместување на деца и младинци со цел нивно воспитување, образование или дообразување, како и со нив тесно поврзан промет на добра; 14. Услуги во рамките на професионалната дејност на доктори, стоматолози и забни техничари, или на други медицински професии кои пружаат медицинска здравствена заштита, како и испорака на забни протези од страна на стоматолози и забни техничари, освен: а) услуги од козметички салони и салони за масажа, б) услуги од лица кои применуваат нетрадиционални методи на лекување и в) ветеринарни услуги; 15. Превозни услуги на болни и повредени лица со возила специјално наменети за такви цели; 16. Прометот на човечка крв, мајчино млеко, човечки органи, клетки и ткива; 17. Образовни услуги, и тоа: а) образование и воспитување на деца и младинци и б) услуги на оквалификување, доквалификување и преквалификување, како и услуги на училишта и центри за изучување на странски јазици; 18. Услуги на погребални институции и крематориуми, како и прометот на добра поврзан со ваквите услуги; 19. Меѓународен превоз на патници; 19-а. Употреба на јавен пат, негов дел или објект од патот (патарина); 19-б. Употреба на јавните патишта за моторни и приклучни возила (патна такса) и 20. Промет на добра, како и користење на истите во смисла на член 6 став 3 точка 1 од овој закон, за кои било исклучено правото на одбивка на претходните даноци при нивната набавка, нивното производство или нивниот увоз според член 35. Ова не важи за прометот, кој е исклучен од даночното ослободување според точка 1 на овој член. Ова можеш да го провериш ако си ја земеш сметката за радио дифузна, ќе видиш дека нема данок, за разлика од вода, струја, парно..
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Внеси реплика | страница <1 5051525354 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |