|
Замоци |
Внеси реплика | страница <1 45678> |
Автор | ||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Најубавите дворци на светотУживајте во преубавите фотографии од некои од најубавите дворци во светот. Изграден на крајот од 7-от век, овој замок претставува еден од најраните примери на исламската архитектура во регионот. Поради ограничувањето со снабдување со вода, дворецот Казр Карана се користел повремено, а се смета дека бил место за состанок на Бедуините. Дворецот Конви е изграден меѓу 1283 и 1289 година, за време на воените походи на кралот Едвард I во северен Велс. Шест години подоцна дворецот го опседнал последниот принц од Велс. Опсадата траела неколку месеци кога снемале залихи од храна, така што дворецот и градот не биле освоени. Проценето е дека на изградба да дворецот и на одбраната на градот се потрошени околу 15.000 фунти (што денес би изнесувало 162 милиони). Сместен во Романија, дворецот Бран обично се нарекува „дворецот на Дракула“, иако Влад Цепеш никогаш не го сметал за свој дом. Дворецот првпат е користен во 1378 година во борба против Отоманското царство, а подоцна станал царинарница меѓу Трансилванија и Валахија. Влад Цепеш, историска личност искористена во романот на Брам Стокер, всушност никогаш не живеел во Бран, но поминал два дена заклучен во темница во кулата кога Трансилванија била под Турците. Дворецот се наоѓа во ридовите северно од Хајделберг, на висина од 80 метри, од каде има поглед кон стариот дел на германскиот град. Рушевините од замокот се вбројуваат меѓу најважните ренесансни градби северно од Алпите, а нивната историја била бурна откако е изграден првиот замок во 13-от век. За време на Триесетгодишната војна во 17-от век Французите сосема го уништиле, а во 1764 година во дворецот удрил гром, па неговиот камен е користен за градење нови куќи во Хајделберг. Благодарение на многубројните градби и на реновирањето, денес дворецот се одликува со различни архитектонски стилови што му дава посебен шарм. Дворецот Високиот Кенигсберг е сместен на стратешка положба на високото брдо од каде се гледа рамнината Алсатиан во планините Вогези во Франција. Користен е од средниот век, па до Триесетгодишната војна, кога шведските војници го запалиле и го ограбиле дворецот по опсадата од 52 дена. Потоа неколку стотина години бил запуштен. Во 1899 година германскиот цар Вилхелм II го вратил во првобитната состојба, а Франција го запленила дворецот по Првата светска војна. Сместен на преубаво место меѓу брегот на Женевското езеро и Алпите, дворецот Шијон е најпосетен историски споменик. Замокот се состои од 100 посебни градби кои постепено се поврзувани и сега прават целина. Во средината на 12-от век во дворецот живеел грофот од Савоја, а за време на 13-век замокот значително бил проширен. Дворецот никогаш не бил под опсада, но сменил многу сопственици. Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 10:31 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Француски дворец – олицетворение на аристократија и на луксуз
Луксузот се огледува на сите страни. Од големиот салон, како и од многуте други простории, има поглед кон раскошната градина, која француската влада ја реставрира и ја отвора за јавноста 6 пати годишно. Декорацијата на ѕидот е богата, а орнаментите ги врамуваат прозорците и вратите. Во таканаречениот Кинески салон може да се видат оригинално насликани ѕидни панели од 18-от век, кои прикажуваат сцени од животот во Кина, онака како што го замислувале од Западот. Главната трпезарија е формална, а ѕидовите се во розова-пинк боја. Помалата трпезарија е украсена со таписерии од 17-от век и витрина од дрво од роза, како и англиска маса од 19-от век со столчиња во стилот на Луј XVI. Кориган во кујната ги задржал оригиналните елементи, како што е каминот од гранит, а ѕидовите ги украсил со бакарни садови и порцелански чинии. Лустерите во ентериерот се многу раскошни и повеќето датираат од 19-от век. Уметничките дела, како што се сликите и скулптурите, исто така датираат од 18-ти и од 19-ти век. Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 10:09 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Alcazar Caste in Segovia, SpainИзменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 10:31 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Нојшванштајн - замок во Минхен кој ќе ве остави без зборовиНојшванштајн во превод „нова лебедова карпа“ е замок во Минхен кој воодушевува со својата инфраструктура и внатрешен ентериер. Во замокот не било дозволено да влегуваат посетители, но после смртта на неговиот сопственик кралот Лудвиг во 1886, тој бил отворен за јавноста. Оттогаш до денес замокот бил посетен од над 50 милиони луѓе. Денес дворецот е во сопственост на покраината Баварија. Дворецот се состои од стражарница, пергола, витешки дом со квадратна кула, и утврден замок со две кули на западниот крај. Целата композиција има театрален ефект, како од надворешноста, така и во внатрешноста. Влијанието на кралот е насекаде очигледно, особено бидејќи бил силно заинтересиран и зел активно учество во дизајнот и украсувањето. Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 10:32 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
The Swallow's Nest, Украина Овој мал декоративен дворец е сместен на југот на Украина меѓу Јалта и Алупко,а изграден е на карпа на височина од 130 метри. Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 10:32 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 10:31 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Бајките во реалноста: Најубавите дворци во светотДворците се едни од најважните историски градби во светот, а со сигурност спаѓаат и во категориите на најубави и најимпресивни. Овие дворци послужиле како инспирација за многу бајки, приказни, легенди и истите биле предмет на дискусии со векови токму заради нивниот имагинативен изглед. Погледнете ги најубавите дворци во светот:
На врвот на самиот рид, се наоѓа еден од најпрекрасните дворци на светот Нојшваншајн, кој изгледа како да е излезен од бајка. Овој дворец вил изграден по заповед на кралот Лудвиг II, кој наредил истиот да биде срушен после неговата смрт, но за среќа тоа не се случило. Светот добил уште една градба за восхит, а Волт Дизни токму од овој дворец добил инспирација за дворецот на „Заспаната убавица”.
На 200 километри јужно од Парис, во природна оаза се наоѓа прекрасниот дворец „Chateau de Chaumont”. Овој дворец е изграден уште во 10-тиот век, а имало повеќе наредби за негово рушење, но за среќа до денес останал недопрен.
Дворецот е изграден во далечната 1096 година, а неговата цел била да ја заштити северната граница на Англија од Шкотска. Овој дворец променил неколку сопственици, а на крај дошол во рацете на познатото семејство Перси.
Станува збор за средновековен дворец кој се наоѓа во стариот шпански град Сеговиа, а изграден е во 2-от век пред новата ера. Сигурно ќе се согласите дека токму овој дворец е како излезен од бајките.
Средновековен дворец како од приказните за принцези, се наоѓа во градот Бојнице во Словачка. Денеска е најпосетениот самостоен музеј кој годишно е посетен од 200.000 туристи.
Дворецот Хлубока е еден од најпознатите и најубавите дворци во Чешка. Изграден е во градот Хлубока во Чешка. Неговиот денешен изглед е инспиран од дворецот „Windsor” во Англија.
На крајот од прекрасната шумска патека, на врвот на гребенот во Карпатите, се наоѓа прекрасниот нео-ренесансен дворец Пелеш. Овој дворец е еден од најпознатите и најубавите во државата, а неговото формално отворање било одржано во 1883 година.
Дворецот Балморал е шкотска резиденција на кралската фамилија уште кога принцот Алберт го купил истиот за кралицата Викторија во 1852 година. После смртта на кралицата, Едвард VII го наследил дворецот, а заради неговата големина и убавина, кралицата Викторија го нарекувала „прекрасен рај”
Дворецот Росенборг се наоѓа во Копенхаген во Данска, а првобитно е изграден во 1606 година како летниковец. Овој ренесансен дворец денес се смета за еден од најдобрите примери на многу архитектонски проекти.
Станува збор за редок дворец, кој и понатаму дава едно средновековно доживување на воената архитектура. Неговиот најдобар и наједноставен опис е: „Дворецот Конви, по сите стандарди е еден од највеличенствените потврди на средновековна Европа.” |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
„Castelul Peles”, Романија
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Изменето од Valerija - 27.Април.2015 во 14:34 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Замокот Beloeil во Белгија
Изменето од Valerija - 27.Април.2015 во 14:35 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Изменето од Valerija - 27.Април.2015 во 14:34 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Палатата Frederiksborg во Данска |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Замокот Fagaras во Романија
Изменето од Valerija - 27.Април.2015 во 14:36 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Внеси реплика | страница <1 45678> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |