|
Тапети |
Внеси реплика | страница <1234 7> |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Наједноставниот и најбрз начин за додатна свежина во вашиот дом се токму тапетите. Не е ни чудо што се едни од најчестите декорации во речиси секој дом. Шарени или еднобојни, светли или темни – сеедно, можете да ги вклопите во секој дел од домот. Одберете впечатливи облоги за ѕидот доколку на просторијата и треба детаљ кој ќе го одвлече вниманието. Најдобар избор за тоа е само еден ѕид во дневната соба или пак детската соба. Еднобојните и двобојните тапети се интересен детаљ во просторија во која нема премногу бои и шаренило, како на пример работна соба, ходник или целосно обложена дневна соба. Погледнете неколку идеи колку модерно би можел да изгледа вашиот дом со мала промена. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ѕидовите треба да бидат израз на личниот стил на сопствениците, а внимателно одбран дизајн треба да го краси секој модерен дом. Ова се неколку прекрасни тапети кои се комбинација на инспирација, искуство и талент во три преубави шаблони. Креирани се од Абигејл Едвардс, а се произведуваат во една ретка традиционална печатница за тапети во Ланкшир. Оригиналните илустрации имаат уникатни детали, подобрени со посебни методи на производство, а печатени се со рачно мешано водено мастило. Абигејл Едвардс студирала уметност во Вимблдонскатата школа за уметност во Лондон и на „Екол дес Беаукс“ во Париз, така го собрала искуството во дизајнирањето ентериери, дизајни и декорации. Нејзините изработки одат чекор понапред во дизајнот, експериментира со различни стилови и идеи. Нејзините фантастични тапети вклучуваат морски пејзажи во летни и зимски верзии, бувови од сребро и злато и слично. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лепливи тапети за соба која отвора нови световиМебелот и декорација на собата може да биде или забавен и интересен проект или вистински кошмар. Доколку немате идеи или време, тогаш можете да одберете нешто по ваш вкус. Овие позадини можат да ве однесат во Африка или во Париз, да се искачите во текот на ноќта на зграда Њујорк, или дури и да го отворите просторот. Според производителот овие позадини не формираат набори додека ги лепите, па нема да имате проблеми со гужвање. Нивното одржување е многу едноставно, бидејќи тие имаат солидна леплива основа. Прекрасно! Изменето од Valerija - 01.Февруари.2018 во 17:16 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Самото враќање на тапетите во мода ги натера производителите, покрај класичните дезени, на пазарот да понудат и покреативни ѕидни облоги. Тапетите можат да бидат наједноставниот начин да внесете разиграност и оптимизам во домот. Поради големиот избор на тапети и различните начини на нивно поставување, лесно се вклопуваат во просторот и даваат чувство на префинетост. Со тапетите не мора да ја обложите целата просторија, напротив. Вашата соба ќе изгледа идеално доколку тапетите ги залепите само на еден ѕид или столб, посебно доколку сте љубители на цветните дезени. Исто така, тапетите можете да ги поставите хоризонтално до половина од ѕидот, а потоа да продолжите со тапети во различна боја, со кои би делувале усогласено. Вистинското прашање е какви тапети да изберете за декорирање на вашиот дом? Според повеќето дизајнери на ентериер, ѕидот од страната на прозорецот треба да биде покриен со тапети во различен дезен од остатокот на просторијата. Ова е непишано правило, посебно во простори каде што има мали прозорци кои не заземаат голем дел од ѕидот. Тука најмногу одговараат тапети со светли шари за дополнително осветлување на собата. Во просториите каде што има многу агли и ниски тавани, како собите на поткровје, најдобро одговараат тапети со вертикални шари, кои би придонеле за создавање на илузија на повисок и поголем простор. Тапетите во црвена, жолта и портокалова боја обезбедуваат чувство на топлина, па така овие нијанси се вистински избор за темни простории и соби свртени кон север. Но, и тука постојат исклучоци од правилата – дизајнерите препорачуваат одбегнување на премногу светли нијанси во просториите во кои го поминуваме поголемиот дел од денот бидејќи поттикнуваат чувство на нервоза. Од друга страна, детските соби се најпогодни за ваквите бои, па нема да погрешите доколку во детската соба ставите тапети во весели бои и дезени. Кога се работи за спалната соба, најдобри се тапетите во пастелни бои. Одберете бледо жолти, лаванда или светло сини нијанси, кои би придонеле за подобар сон. Одбегнувајте ја црвената боја поради нејзиниот стимулативен ефект кој често предизвикува несоница. Генерално, во малите соби од домот не е препорачливо да се поставуваат тапети во темни нијанси, кои визуелно би го намалиле просторот. За да се добие она чувство на комфор во домот, најдобри се тапетите во зелени нијанси, додека за постигнување на драматичност и модерен изглед, одличен избор се впечатливи и живописни тапети, кои се поставуваат само на едниот ѕид од просторот. |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Цветни тапети за топло „добредојде“ на пролетта во домот!Гардероберот го средивте, облеката ја променивте, направивте пролетно чистење, но сè уште нешто ви недостасува за да ја дочекате пролетта подготвени? Одберете цветен дезен, и тоа во облик на ѕиден тапет. Сконцентрирајте се на боите кои сакате да преовладуваат во собата и внимателно одберете. Во дневната соба, трпезаријата и кујната поставете тапети со раскошни и крупни цветови, во силни и весели бои, додека во спалната соба потсмирете ја атмосферата со пастелни бои и ситен, цветен дезен. Експериментирајте и обложете еден ѕид во бањата или пак ходникот. Купете уште неколку ситни сувенири со сличен дезен и направете една среќна целина. Рајската градина сега може да се пресели и во вашиот дом. Постапката е брза и едноставна, а резултатот извонреден: Изменето од Valerija - 21.Октомври.2018 во 15:51 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Внеси реплика | страница <1234 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |