IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Медиуми
  Активни теми Активни теми RSS - Легендарниот  Игор  Џамбазов
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Легендарниот Игор Џамбазов

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Легендарниот Игор Џамбазов
    Испратена: 08.Март.2014 во 11:25

01 copy
Неговите добро познати и легендарни цитати...

Во еден чуден полусон размислував за утре. А обично не размислувам за утре. Мојот концепт за животот не е таков. Каков е ни јас не сум сигурен. Ама, таков не е. Што има да размислувам за утре. Утре е дури утре.“

„Некои луѓе премногу често си дозволуваат да ја стават љубовта во секоја реченица. Понекогаш и без врска. Ќе ја спомнат љубовта во некој контекст, кој воопшто не е соодветен и мислат дека со тоа завршиле работа. Грешка, луѓе мои. Љубовта не е збор за во прости реченици. Љубовта е простопроширена.“

„Тино ме познава како својот џеб. Понекогаш ме нервира тоа што ме познава подобро од мене. Вреди да имаш таков човек во животот. Барем имаш некого што ќе ти каже што се случува. Тогаш кога ти самиот не знаеш.“

Еднаш се живее, ама два пати се умира.“

„Ама пријателе мој, и ти сигурно знаеш дека мајката не го карала синот кога игра комар, туку кога сака да се извади.“

И кога сите бродови ќе ти потонат, најди едно поле. Поле широко. Па, затвори очи, исклучи уши, растерај мисли и… диши длабоко. И обиди се да научиш нешто од сопствените грешки. Да научиш нешто од себе. Она што веќе си го искусил.“

„Читателу мој скап, запомни го ова. Лошите критики можат добро да делуваат на тебе. Добрите можат лошо. Затоа добрите критики не секогаш се добронамерни. Особено, ако им ја препознаеш намерата. Ако знаеш дека се од оние што или се болно љубоморни или се од оние другите. Тоа се оние кои никогаш нема да кажат дека си добар, тогаш кога и самиот знаеш дека си навистина добар. Има и такви кои ќе ти кажат дека си добар, дури и тогаш кога си лош. За да бидеш што полош. Каква перверзија. Јас ги обожувам оние третите кои ми викаат дека сум лош, дури и тогаш кога сум по малку брилијантен. Тие се моите срцки. За нив живеам и творам.“

„Кога губиш пари, бараш пари. Кога добиваш пари, ти бараат пари. Секако си зијан. И тоа не само пари. Подоцна, кога е веќе доцна, сфаќаш дека не си изгубил само пари. Туку нешто многу повеќе.“

„Во рулет-сексот оргазмот трае со часови и ти го опседнува и телото и духот. И тоа од аналниот отвор до малиот мозок. И не ти е потребен партнер. Самиот си партнер. Мастурбираш пред луѓе. Пред преполно казино. Само што кога ќе свршиш, задоволството не ти припаѓа тебе. Уживањето е нивно.“

„И додека стрпливо чекав полусонот да се претвори во сон, помислив на мојата Ики. Секогаш кога ти е тешко помислуваш не некој свој, нели пријателе мој? Некој ептен близок. Тоа помага. Барем малку.“

„Не е доволно само да си признаеш. Не е доволна искреноста само кон себе. Поважна е искреноста кон другите.“

„Не можат тие толку да ме изнервираат, колку што јас можам да истрпам. Забораваат една важна работа. За разлика од сите други, јас немам што да загубам. Удавено магаре од мечка не се плаши.“

„Вистинскиот пријател нема да дозволи да се брукаш за две-три заостанати сметки, да се криеш од шефицата на дисконтот, или да се нервираш што не можеш да почестиш ни едно кафе во пицеријата каде што со години го убивате слободното време и го менувате светот. Пријателот не позајмува. Пријателот дава. Ти земаш, затоа што немаш. А кога ќе имаш, ќе вратиш. Без датуми, без противуслуги и што е најважно без камати. Пријателот не сака камати. А оној што сака, не ти е пријател.“

Колку и да се обидувам да го растерам од моите мисли сето она што како грев сум ѝ го „подарил“, сфаќам дека тоа едноставно е невозможно. На неа мислам постојано. На неа мислам и кога мислам дека не мислам.“

„Пријателе мој, никогаш немој да ги лажеш оние што те сакаат. Правиш погрешна работа. Викни некогаш, налути се понекогаш и ветувај засекогаш. Само немој да лажеш. Оти на лагата и се кратки нозете, а знаат да акнат и по некојa клоца. Една од десетте божји заповеди би требало да гласи: „Не лажи. Бакнувај.“

„Моето оружје пријателе, е меморијата. Сè уште. Сè уште ми работи бојлерчето. Имав и други ефикасни оружја кои сега ми се застарени од неактивност. Глумата, блузот, стиховите, вицовите. Оружје ми се пријателите. Оние малкумина што ми останаа. Со нив, во овој момент се чувствувам како да сум дел од непобедлива војска. Како дел од некој специјален одред.“

Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро.“

„Пијаните мајмуни се смешни до солзи. Пијаните луѓе се тажни до солзи. Сите заедно седиме во алкохолниот кафез на животот и им правиме циркузи на оние кои нè гледаат. Мајмуните што излегуваат од нас кога сме заробени под алкохолот се смешни и тажни истовремено. Знаат и да гризат понекогаш. И да удираат и да викаат. Пцуењето се подразбира. Знаат и да плукаат. И физички и умствено.“

Луѓе мои. Каква тажна приказна за оние што премногу сериозно си го сфатиле животот. Животот е несигурна појава. Тој може да биде страшна трагедија за сите оние кои чувствуваат и супер комедија за сите оние кои мислат. Или мислат дека мислат.

„Од денес, мора да почнам да мислам и за утре. Оти, еве го кај е утре. Утре ќе дојде за миг. Нема веќе заебанција со утре.“


Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2014 во 12:33
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2014 во 09:52


Изменето од емил - 10.Март.2014 во 14:28
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2014 во 22:38
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2014 во 11:47
„Во еден чуден полусон размислував за утре. А обично не размислувам за утре. Мојот концепт за животот не е таков. Каков е, ни јас не сум сигурен. Ама, таков не е. Што има да размислувам за утре. Утре е дури утре.“ - Игор Џамбазов

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 08:12
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 16:56
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2014 во 00:54
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2014 во 23:35
covl6kmv

Се подготвува голема блуз рок турнеја која ќе ги опфати сите градови низ Македонија и на која ќе настапуваат двајцата  блузерот Игор и рокерот Влатче. Дали на концертите ќе им се придружи и некој од бендовите и музичарите со кои соработува Сале Рокер човекот кој ги организираше настапите на Рибља Чорба, Дивље Јагоде, Бајага… останува да видиме на крајот на преговорите....

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2014 во 23:19
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2014 во 18:38
Скопјанец на ова нема да се налути...
Со извинување малку вулгарно е,за оние кои не израснале во Скопје ама глумат Скопје-шема.
И да му ојте сигурно интересно ќе биди.
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2014 во 22:19

 ИГОР ЏАМБАЗОВ: ВРЕДАМ КОЛКУ ДВЕ ПИЦИ И ЕДНО ПИВО

Како е да живееш со Маестро, а како е да си внук на Манданата, која е Џеси што од дете го направила во маж, а каква страст доживеал со "Мирна из Ниш". Уште многу скриени скопски, македонски и балкански легенди, актерски, музички, градски, за кои никогаш или ретко јавно зборувал, се дел од новата книга на Игор Џамбазов, "Облечен човек".

Во кафе-барот "Форца" во Скопје беше тутма. Џамбазов даде јавна покана за промоција на четвртата книга. За потпис се туркаа, главно, млади, кои се родиле во времето кога тој бил на турнеја со Стериино позорје, но дојдоа и многу негови пријатели. Меѓу нив, и хрватскиот актер со светска кариера, Раде Шербеџија. Малкумина го забележаа, седеше на маса со Игор и со издавачите од "Три", но Игор го најави во свој стил.

"'Ослободувањето на Скопје' се снима до петок, а Раде ми измисли една улога зашто ми е другар, колку да не се лутам. Тој одвои време да дојде и покрај сиот метеж околу снимањето. И да ви кажам, во овој филм цела Битола е исплатена", се шегуваше Џамбазов. "Во моите поранешни книги, го нареков Раде Шербеџиев, тој беше единствениот без прекар. Самиот си го бараше, и сега навистина стана Шербеџиев. Ќе се покаеш за таа одлука, пријателе мој, ама ќе биде доцна", додаде Игор низ смеа.

Актерот и шоумен ги насмеа гостите пресметувајќи колку вреди.

"Книгата се продава по цена од 450 денари. Немој да сте ми кажале дека тоа е многу. Пресметав, јас и мојата книга вредиме колку две пици и едно пиво во популарните скопски пицерии. Едно пиво, луѓе, со тие пари, второ не добиваш. Ако јас и мојот живот не вредиме барем толку, тогаш ќе се самозапалам", е математиката на Џамбазов. 
Актерот додаде дека му е драго што младите луѓе, кои во претходните свои книги ги учел како не треба, се на промоцијата во најголем број.

"Писател е оној што има што да каже. Четвртата книга на Игор ги поместува границите на литературата", беа дел од зборовите на издавачот Винка Саздова за "Облечен човек". Издавачкиот центар "Три" годинава слави 15-годишен јубилеј. 

М. Џаровска
Фото: Д. Перковски

Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2015 во 23:42
Игор Џамбазов не доживеал инфаркт
Му посакуваме што поскоро опоравување.
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (2) Благодарам(2)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2015 во 16:41
Се надевам дека наскоро ќе биде добар...


Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,173 секунди.