|
МАКЕДОНИЈА...и се е можно!? |
Внеси реплика | страница <1 5354555657 63> |
Автор | |
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
текстот е малку подолг ама морав да го ставам во целост.... само уште еден показател за тоа како работат нововерците што ни ја водат државата....додека цело време држат тензична атмосфера во државата со полни усти со измет против се што не размислува како нив, во позадина вредно и упорно како мравки работат на целосно узурпирање на секоја педа во секоја област во државата.... Нова медиумска жетва во владиниот рекламен комбајнАјде да те видам соголи се до коска, ајде да те чујам како одлучуваш без твојата омилена телевизија. Ова е стих од песната „Stripped“, која за првпат ја испеа британската поп-група Точно 28 години подоцна, телевизијата сè уште е првиот извор на информации за македонските граѓани. Анкетата на Агенцијата за медиуми од јуни 2014 година покажува дека нешто повеќе од 82 отсто од испитаниците секој ден се информираат преку телевизија. Секој трет Македонец „киснел“ пред телевизорот повеќе од четири часа дневно, а од сите што гледаат телевизија, над 80 проценти најчесто седнуваат пред малиот екран кога има вести. Истражувањето покажало дека од тројца љубители на вести, двајца секогаш следат МТВ, Сител, Канал 5 и Алфа ТВ, медиуми кои се под директна контрола на владата и на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Идејата на нашето истражување беше да откриеме кој ги контролира новите телевизии, кои заедно ќе ја покриваат цела Македонија, а вам ви останува да одлучите дали ќе ги послушате „Депеш мод“! Во Македонија работат 27 регионални телевизии, кои може да ги следат гледачите од повеќе општини, меѓутоа шест од нив се посебна, но и многу слична приказна. Без никаква помпа и без јавна промоција, тројца анонимни скопјани лани на ист ден формирале по една фирма. Десет дена подоцна, повторно на ист ден, секој од овие бизнисмени купува по две телевизии. Сите овие новокупени медиуми се раштркани во сосема различни градови од земјава. < width="640" height="480" ="https://www.vis.occrp.org/Geo/view/a90125523f2cadba30eca4717b481b12" border="0" scrolling="no" webkitallowfullscreen="" mozallowfullscreen="" allowfullscreen="" style="font-family: 'Lucida Grande', Tahoma, Verdana, Arial, sans-serif; font-size: 14px; letter-spacing: 0.116667002439499px; line-height: 19.6000003814697px; : rgba0, 0, 0, 0.85098;"> Дебарската телевизија Емил Парнаџиски работи во државната компанија за пренос на струја „Јас ви тре**м, вие барате интервју од мене. Јас не барам ништо од вас!“ Прашањата веднаш му ги пративме. Знаеме дека ги добил прашањата, бидејќи користевме посебен софтвер, кој известува дали и кога е отворена пораката, но одговор не добивме. Она што сакавме да го знаеме е како го стекнал капиталот, за колку пари ги купил двете телевизии, кое е неговото искуство во медиумскиот бизнис и кои му се идните планови. А, пред сè, прашањата се однесуваа на неговите мотиви – зошто бизнисмен од Скопје би купил делчевска телевизија со шестмина вработени и валандовска телевизија со само еден вработен, како што говорат податоците од Агенцијата за медиуми. Документите од Централниот регистар откриваат дека Парнаџиски платил 19.000 евра за ТВ ВТВ на валандовчаните Арслан Елезовски не сакаше да зборува за зделката во која ја продал Канал три и љубезно го прекина кусиот телефонски разговор. Во меѓувреме, валандовската ТВ ВТВ почнува да се развива. Таа добива ново име - Струмичката Телекабел А1 од скоро може да се пофали со нова, ултрамодерна опрема, како и со престижни камери од марката „сони“, а како што јави локалниот сајт, „Струмица денес“ телевизијата е сместена во простор од 180 квадрати и во етер ќе зрачи во најквалитетна резолуција. Човекот што ја води целата операција во новата струмичка телевизија е На истиот ден, 28 мај 2013 година, нов газда добиваат и делчевската Горан Митев од 2009 до 2012 година работел во Државната лотарија, каде што одредено време му бил заменик на директорот Во моментов, Митев е директор на младинските школи во фудбалскиот клуб Вардар. Од почетокот на оваа година клубот е во рацете на рускиот бизнисмен И Митев, како и неговиот „медиумски близнак“ Парнаџиски избегна средба со нас. При првиот контакт прифати состанок, меѓутоа подоцна престана да одговора на нашите телефонски повици и пораки. Идентично како кај Парнаџиски, и кај Горан Митев нè интересираше како го стекнал капиталот, за колку пари ги купил двете телевизии, кое е неговото искуство во медиумскиот бизнис и кои му се идните планови. Според официјалните документи, Митев за ТВ Боем му платил 21.000 евра на кичевецот Дамјанов во кусиот телефонски разговор ни посочи: „Приватен живот е тоа, исто како да Ве прашам Вас зошто вчера, на пример, сте направиле некаква трансакција преку Комерцијална банка!“ Неговиот истоименик од Кичево, Слободан Меноски, поранешниот газда на ТВ Боем, само коментираше дека „уште не се завршени работите“. ТВ Боем, под новото име Седиштето на оваа нова штипска телевизија, според нашите информации, е во просториите на поранешната текстилна фабрика „Македонка“. И таму, како во претходниот случај се зборува за големи вложувања во модерни камери и најнова опрема. Лани на 17 мај , исто како „Емперијан визион“ и „ГМ трејд солушнс“, формирана e уште една компанија во Скопје, која по десет дена, на 28 мај 2013 станува сопственик на две телевизии од различни градови во Македонија. Станува збор за компанијата Тој сега е газда на охридската Независна ТВ (со еден вработен) и на тетовската Менада ТВ (со четворица вработени). Драган Митковски е основач на сметководственото биро „Митковски ММ“ и е прв човек на Комората на сметководители во склоп на Сојузот на стопански комори. Тој бил потпретседател на фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров, а сега е претседател на комисијата за финансиско работење на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Митковски прифати да разговара со нас, меѓутоа кога требаше да ја договориме средбата, телефонот му беше исклучен цел ден. Драган Митковски, за охридската Независна ТВ, му платил 22.000 евра на поранешниот сопственик Поранешниот сопственик на охридската Независна ТВ, по ново О2, „Како сè на планетава што се продава, така се продаваат и медиумите. Тоа е деловна тајна. Сè е транспарентно, можете да видите во Централниот регистар и сè е направено според закон“. Тројцата нови газди платиле 118.000 евра за да ги купат шесте регионални телевизии за кои се најавуваат амбициозни планови и затоа прашање е колку пари ќе се потрошат пред телевизиите да проработат во полн сјај. Клучното прашање е зошто новите и старите газди на овие медиуми не сакаат да говорат за своите зделки? Емил Парнаџиски, Горан Митев и Драган Митковски не сакаа да ја одгатнат ниту мистеријата како тоа, сите тројца формирале фирма на ист ден и точно десет дена подоцна си купиле по две телевизии од внатрешноста. Колку и дали тројцата скопјани се случајни играчи во овој медиумски бизнис? Не пронајдовме докази за поврзаност на Митев, Парнаџиски и Митковски со медиумските центри на моќ, но затоа тука се владините реклами и кампањи да нè потсетат за симпатиите на власта кон одредени медиуми, кога станува збор за раздавањето буџетски пари. Владата никогаш не кажа колку пари дава на секој медиум одделно за одредена владина реклама. Но, направи барем еден чекор напред, па на владината веб-страница објави која кампања по колку пати се емитувала на секој медиум. Она што може да се забележи е дека до 2014 година, владините реклами биле рамномерно распоредувани по локалните и по регионалните телевизии. Но, во 2014 година, овие шест телевизии нагло почнуваат да добиваат стотици реклами повеќе отколку другите медиуми. Колку за илустрација, во 2012 година, владата ја спроведуваше кампањата за „подигање на свесноста на граѓаните за поттикнување на иновативниот дух и креативната мисла во Република Македонија“. Сите регионални и локални телевизии во Македонија имале ист број емитувања - по 260. http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=22&vest=18582
Буквално истата статистика може да се види и за владината кампања за „информирање и запознавање на граѓаните за нивните права што се овозможуваат со реформите во функционирањето на судскиот систем во Република Македонија“. Локалните и регионалните телевизии имале од 46 до 104 емитувања, освен гореспоменатите телевизии. Сите до една имаат по точно 1.039 емитувања на оваа владината кампања. Колку пари се слеале на нивните сметки од контото на буџетот останува нејасно. Од Владата не одговорија на нашите барања за пристап до информации од јавен карактер за тоа колку пари се слеале во секој медиум одделно, за секоја кампања. Изменето од Ninja 35 - 05.Декември.2014 во 15:34 |
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
текстот го преземав од еден портал....сепак се работи за бројки кои се јавни и може лесно да се проверат...
нормално...за подржувачи на власта ова не е ништо, само тресење глупости кое ќе го игнорираат како и секоја криминална активност во која се вклучени вмровски функционери.
Силвана за 11 месеци поминала 600.000 километри!Ако се точни информациите дека според внатрешниот правилник на Собранието пратениците на име на патни трошоци добиваат по 30 прoценти од цената на литар бензин за поминат километар, испаѓа дека ако народниот претставник се вози во автомобил кој троши 10 литри на сто километри на отворен пат треба за единаесет месеци да помине 600.000 километри за да лапне од собраниското буџетче 23.000 евра ( околу 4 евра на 100 километри). Тоа значи дека госпоѓата Силванева доаѓајќи на работа и прибирајки се во Струмица, за единаесет месеци поминала пат кој е еднаков на петнаесет обиколки околу земјината топка! Тоа, прво, значи дека Струмица, сепак, е малку подалеку и, второ, дека женската секој ден минувала по околу 2.000 километри односно ако и се одбие седењето во собраниските клупи и времето за спиење, за секс и за купување на нови станови за децата и утре, дај боже, за внуците, се возела со брзина од околу 800 километри на час, што значи дека користела некој од побрзите автомобили. Веројатно “Ербас” 320! Е, сега како е сето тоа покриено со белешки од наплатните рампи на автопатот ” Александар Велики”, тоа можат да одговорат само во фабриката во Тулуз! |
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://libertas.mk/кабелските-ќе-мора-да-ги-исклучат-fox-24-kitchen-sport-klu/
Можеви ова се надоврзува ,како терен за претходно кажаното,па сега и потполно ќе има мафијашка пропаганда на секое ниво. следен веројатно ќе биде интернетот. а што плаќаме радиодифузна такса ,за онаа мочана дпмне-овчарска телевизија да емитува пропаганда?
|
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако и ова се случи би било интересно во прсрет на новите настани,зашто ни е преку тасета од бранителите на Македонија,ај малку и подруго мислење,ама од нивните редови..
|
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да не речете само по невработеност, сиромаштија и неубави работи сме прваци во разно-разни класификации, еве и пари сме имале. Додуша, само на неколку приватни сметки, ама не е тоа тема на муабетот. Ем лидери сме биле во регионот. Машала, што се можело да се направи со толку пари... Република Македонија е лидер меѓу земјите на Балканот и поранешна Југославија во однос на сумите пари испрани преку швајцарскиот дел на британската ХСБЦ банка. Поединци од нашата земја, преку оваа банка, испрале 164 милиони долари. Македонија е на 89 место на оваа ранг-листа. Во извештајот на Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи (ICIJ) пишува дека девет клиенти од Македонија отвориле 15 банкарски сметки во филијалата на ХСБЦ. Податоците се однесуваат на период до 2007 година. |
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
пс Само да (ја) на-дополнам „импресијата„ за нашата земја ЛИДЕР на Балканот: Парите , а кои овде се споменуваат биле депонирани во ХСБЦ банка-та во периодот пред 2007 година. ппс Тој момент (мене) ми укажува на (можно) „селење„ на валканите пари од „бизнисмени-те„ од матичната земја , директно во Швајцарската филијала на ХСБЦ банка. Поради ....„промената„ на владеачката гарнитура во 2006 година. |
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://a1on.mk/wordpress/archives/451004
(ВИДЕО) Хрватска ТВ Нова: Македонија на работ на диктатураНемојте да ја браните Диктатурата и на ВАС еден ден ќе ви удри од глава.
|
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
АФЕРАТА ЗА НЕПЛАЌАЊЕ ДАНОК!?
Британската банка ХСБЦ се извини на клиентитепс Помагале на БОГАТИ КЛИЕНТИ ?? А кој клиенти биле БОГАТИ во МК....во 2005 година? Имаше ли тогаш афера со претепување на сега покојниот г. Никола Младенов.. За пишувањето во Фокус за т.н. Швајцарски сметки?. Изменето од novace - 16.Февруари.2015 во 07:52 |
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
">И ЗА ГРУЕВСКИ И ЗА ЦРВЕНКОВСКИ ВЕЧЕР ИМА ИСТ ПРИНЦИП, А ТОА Е ЗАКОНОТ ПРЕД СЕ
http://vecer.mk/makedonija/kade-beshe-sdsm-vo-sluchajot-shvajcarski-smetki-na-branko-i-hari
Изменето од novace - 16.Февруари.2015 во 08:07 |
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
д4 б3
Сениор Регистриран: 17.Јули.2014 Статус: Офлајн Поени: 1206 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/983925/index.html
Имајте на ум дека нашиот регион е во центарот на еден прстен од оган. Ние ја имаме Украина на север, Блискиот Исток на исток, Либија на југоисток. брееее |
|
old d4b3
|
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
ansasho
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 127 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
hi hi ... ha ha ...
|
|
Внеси реплика | страница <1 5354555657 63> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |