|
Посни јадења |
Внеси реплика | страница <1 1011121314> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Посна тортиља Потребно: - 2 чаши бело брашно - 1 чаша интегрално брашно (јас користев ржано) - 2 лажички сода бикарбона - 1 рамно лажиче сол - 4 лажици масло - по потреба жешка вода Се замесува тесто од наведените состојки, се замесуваат 8-9 топчиња и се покриваат со крпа да отстојат десетина минути. Се расукува секое топче што е можно потенко и се става во подмачкано тавче со зејтин. Секоја страна се пече околу 2 минути. Направените тортиљи се завиткуваат во мокра крпа да отстојат. Полнењето може да биде различно - јас избрав марула, ајвар и печурки. Може да се додадат маслинки, посен мајонез, растителен кашкавал (кој го конзумира), домати, краставици.... |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Посни ванилици 2 филџанчиња вода 4 филџанчиња масло- се ставаат заедно во тенџере да зовријат.Потоа се додава 1 прашак за пециво да запени и веднаш се тргнува од оган.Се додава и ванилин шекер и брашно ,се меша а потоа се меси.Брашно се става од прилика,во зависност од тоа колкави биле филџаните со кои сте мереле.Треба да се добие меко тесто.Се зема од тестото топче колку орев ,се сплеснува со раце,во средина се става малку мармалад и се собира од сите страни за да се затвори.Ванилиците се редат во ненамастено тавче и се печат само колку да заруменат.Кога се печени се вакаат во шекер во прав. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Посни кокос кифлички ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 грама Шеќер 1 кесичка/ки Прашак за печиво 30 милилитри Масло 1 Кора од лимон 50 грама Кокосово брашно 200 милилитри Вода 500 грама Брашно Време за подготовка: 20 мин. Време за готвење: 40 мин. ПОДГОТОВКА: Од сите состојки замесете тесто, со тоа што вода ќе додадете онолку колку што ќе ви биде потребно за да добиете хомогено тесто.Кинете парчиња тесто, правете топчиња, па од нив кифлички.Редете ги на плех, кој сте го обложиле со алуминиумска фолија.Печете на 180 степени, околу 20-ина минути.Кога кифлите ќе заруменат извадете ги.Додека се топли потопете ги во сируп зовриен на рингла од 200 мл. вода и 250 гр. шеќер.Потоа кифличките валкајте ги во кокос и послужете. Изменето од Valerija - 05.Декември.2014 во 14:06 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Посни соленки ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 Шекер лажичка/ки малку Сусам 2 лажица/ци Сол 15 лажица/ци Масло 1 мала лажица ким 1 Квасец 500 милилитри Вода 1 килограм/и Брашно малку Афион Време за подготовка: 15 мин. Време за готвење: 30 мин ПОДГОТОВКА: Квасецот со малку шеќер, брашно и вода се остава да стаса на стандарден начин.Брашното (околу 1 кг.) ставете го во длабок сад и направете влдабнување па додадете ги квасецот, маслото, солта, шеќер и водата.Замесете средно тврдо тесто.Убаво измесете го и оставете да стасува.Откако тестото ќе го удвои волуменот премесете го и расукајте тенка кора.Од тестото земајте и правете долгнавести форми.Намачкајте ги со малку масло и посипете со сусам, афион или ким. Изменето од Valerija - 05.Декември.2014 во 14:06 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Топчиња од јаболка ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 грама Шеќер малку Цимет 200 грама Портокал 50 грама Кокосово брашно 200 милилитри Вода 50 грама Бадеми 1000 грама Јаболки Време за подготовка: 30 мин. Време за готвење: 30 мин. ПОДГОТОВКА: Шеќерот ставете го во сад и варете го додека сирупот не почне да се згуснува.Излупените и исчистени јаболка додадете ги во сирупот, промешајте, исцедете сок од портокалот и додадете ја неговата претходно иструганата кора.Непрекинато мешајте, сè додека масата не се згусне.Тогаш тргнете од огнот и вмешајте ги исецканите бадеми.Правете топчиња, па секое извалкајте го во кокосовото брашно измешано со цимет.Ставајте ги на кујнска хартија, а кога ќе се оладат веднаш послужете. Изменето од Valerija - 05.Декември.2014 во 14:07 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Посни гевречиња ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 Шекер лажичка/ки малку Сол 200 милилитри Масло 1 Квасец 500 милилитри Вода 500 грама Брашно Време за подготовка: 20 мин. Време за готвење: 30 мин. ПОДГОТОВКА: Откако квасецот ќе стаса со другите состојки се замесува средно меко тесто. Се кинат парчиња и се прават гевречиња. Секое геврече се става во топла вода, па во сусам, се остава да стаса и потоа се пече. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Полнети тиквиња Подготовка: Тиквињата се лупат и со лажица им се вади средишниот дел (семките). Се посолуваат внатре и надвор и се полнат со филот. Филот се состои од: сојата, оризот, кромидот, ѓувечот, ренданот домат, сол, вегета, црвен пипер, црн пипер, маслото. Се заедно се меша и се полнат тиквичките. ПНа секое тикве им се става по еден филџан вода и се затвораат со половика домат. Другиот домат се сече на тркалца, а исто и пиперката и се ставаат од страна во тавата. Од страна, се додава водата, маслото, повторно уште една лаж. црвен пипер и се покрива со фолија. Се пече во рерна на 200 степени околу 50 минути, без да се вади фолијата. Потоа секое тикве се полева со по 2 лаж. бело вино (за да не се кршат и да не разлеат од високата температура), се вади фолијата и се остава уште 40 минути за горе да поруменат. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Посна торта со јаболки -како мерка се зема една чаша за млеко (200 или 250 мл.): -1 чаша зејтин -1 чаша сецкани ореви -2 чаши шеќер -2.5 чаши брашно -Се` се меша и се пече на 250 степени (со чепкалка се проверува кога е готова тортата, тестото да не се лепи на чепкалката). По желба може одозгора да се стави и прав шеќер. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Соја со праз и печурки
Потребно: 1/2 пакетче соја топчиња, една главица кромид, лук по вкус, 2 -3 ловорови листови, 2 стебла праз, 500гр. свежи шампињони, 5-6 поголеми компири, 100мл. бело вино, 100мл. вода, масло, сол, црн пипер, вегета, босилек, 1/3 маргарин кристал, соја сос. Подготовка:Сојата се става во вода да зоврие во која се става кромидот, лукот, ловоровите листови. Се остава да врие околу 15 минути, се со цел да се отстрани специфичниот мирис на сојата. Се процедува и се остава да лади. Потоа се цеди со рака, за да нема многу вода во себе. Кромидот, лукот, листовите не се потребни и можат да се исфрлат. (*Сојата може да се приготви и ден претходно, за да не одзема многу време.) Празот се сецка ситно и се пропржува само малку само да омекне. Се сецкаат на листови шампињоните и се пропржуваат 5-7 минути колку да го испуштат сокот од себе. Сојата се зачинува со вегета, црн пипер и босилек и исто малку се пропржува во тава настрана. Компирите се сечат на коцкички и се ставаат во подлабока тава или плех. Се додаваат шампињоните, празот и маргаринот. Во тавата се додава виното, водата, маслото и се зачинува по вкус. Се става во рерна да се динста. Кога половина од течноста испари, тогаш се додава сојата. Сојата се додава на половина од готвењето за да не прима во себе течност вишок течност. По вкус ставете соја сос. Изменето од Valerija - 05.Декември.2014 во 14:16 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како да направите фантастични посни сарми за Свети Никола?Има милион рецепти за посни сарми кои може да ги пробате оваа зима, но ако сакате да послужите совршени сарми за Свети Никола, ова е единствениот рецепт кој ви треба.
Во поголем сад ставете масло со дебелина од 1 прст. На маслото пропржете го кромидот со празот. Оризот потопете го во вода. Лукот ситно исечкајте го, морковот, целерот и магдоносот крупно изрендајте ги и додадете ги сите зеленчуци во пропржениот кромид и праз. Потоа додајте го процедениот ориз и динстајте 10тина минути. Тргнете ја мешавината од рингла и зачинете, па додадете го изренданиот компир и 1 рамна лажица брашно. Одвојте ги листовите од зелка и започнете да ги мотате сармите. Прелијте ги со вода, покријте ги со неколку цели листови зелка и печете. Најдобро е да ги печете во земјен сад кој ќе го покриете со фолија. Оставете ги сармите 4 часа на 150 степени. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гурабии (посни)Состојки
Во длабок сад ставете ги сите состојки за тестото освен брашното и бадемите. Иако маргаринот е студен и така потешко се замесува тестото, не препорачувам да се затопли. Со текот на многубројните подготовки на овие колачи, увидов дека тие се поровки и повкусни ако се замесени со студен маргарин. Додајте околу 400 гр.од подготвеното брашно,месете додека се изедначи смесата,потоа постапно додајте уште 350 гр. од брашното.Откако утште еднаш ќе измесите изедначено тесто, ќе увидите дали има потреба да се додава уште брашно,бидејќи зависно од видот на брашното, може да се случи и тоа количество од 750 гр. да биде доволно. Тестото замотано во пластична фолија оставете го околу половина час во фрижидер, а потоа додајте му ги и бадемите и размесето го за да се изедначи смесата. Меѓу двата слоја пластична фолија ставете дел од тестото, рассукајте го на дебелина која ви одговара (јас обично кората ја правам околу 5-6мм дебела)и со калапчиња за колачи или со чаша,исечете разни форми. Печете на тава со хартија за печење во претходно загреана рерна на 175 степени околу 15 минути.Кога малку ќе се оладат, извалкајте ги во шеќер во прав. |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во последен момент за Свети Никола: Посни црно-бели кифлички готови за 20 минутиАко ви фали уште нешто на трпезата за вечерашната слава, овие кифлички ќе ви завршат голема работа. Лесни и едноставни, само со неколку состојки, може да направите несекојдневни кифлички само за 20 минути.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Посни гурманлуци за Св. НиколаПравославните верници денес одбележуваат голем празник, слава на св. Никола. Како што наложуваат правилата на верата, празникот се прославува со посни јадења. Потребни состојки:
За сосот:
Подготовка: Потребни состојки:
Подготовка: Потребни состојки:
Подготовка: Потребни состојки:
Подготовка: |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Посен рецепт за неодоливите ишлериВелигденскиот пост е во полн ек, па оние кои се одлучиле на ваквиот режим на исхрана постојано бараат рецепти кои не содржат намирници од животинско потекло. Затоа ние сме тука за вас, со овој посен рецепт на омилените колачиња ишлери, во кои можат да уживаат и оние кои не се на пост. Потребни состојки:
За глазура:
Подготовка: |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 1011121314> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |