IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 120121122123124 157>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2014 во 09:03

7 карактеристики кои го прават секој хороскопски знак посебен


Лавот секогаш знае како да ве насмее, Девицата е некој на кој секогаш може да сметате, Стрелецот ќе влее оптимизам во животот, а Јарецот ве поттикнува да бидете секогаш подобри...

7-karakteristiki-koi-go-pravat-sekoj-horoskopski-znak-poseben-01.jpg

Зошто го сакаме секој хороскопски знак? Што го прави посебен и единствен?

Овен

1. Го прави животот возбудлив.

2. Секој момент е важен во нивниот живот, а тој став го пренесуваат и на другите.

3. Ако ви треба храбар партнер за луди авантури - тука е за вас.

4. Со Овенот можете да се искарате, но за 5 минути кавгата се заборава.

5. Скокаат од среќа кога ќе направите нешто добро за нив.

6. Ако имате некој проблем или сте лути, Овенот ќе има големо разбирање за вас.

7. Брзо и жестоко се вљубуваат, па нивните љубовни партнери имаат незаборавно искуство.



Бик

1. Огромна маза.

2. Предани се и доверливи, па затоа се одлични пријатели.

3. Бикот не може да се преправа, може само да биде искрен.

4. Ако се чувствувате виновни затоа што изедовте цело чоколадо, Бикот ќе ве увери дека тоа е заслужено и ќе ви донесе чаша млеко за да наздравите.

5. Во домот на Бикот секогаш сте добредојдени.

6. Помагаат во реализацијата на туѓите идеи.

7. Затоа што сакаат да уживаат само во најдоброто, така и нивните пријатели ги имаат истите привилегии.



Близнаци

1. Ако сакате партнер за анализирање и објаснување - Близнаците се идеален избор.

2. Обожаваат нови ситуации и можности и максимално ги користат новоотворените хоризонти.

3. Секојдневно се менуваат, па затоа лесно трпат критики.

4. Паметни се и начитани, па затоа добри се во сите друштвени игри и загатки.

5. Заради нивната отвореност лесно склучуваат нови пријателства.

6. На сите околу нив влијаат позитивно и ги поттикнуваат да бидат поактивни.

7. Ако некогаш ви недостасува друштво за излегување - прво треба да се јавите кај Близнаците.



Рак

1. Од нив извира нежност и интересирање за другите луѓе.

2. Секогаш се трудат да создадат пријатна атмосфера за луѓето кои им значат.

3. Имаат неверојатен инстинкт да проценат што не е во ред со вас - дали сте тажни, лути, нервозни...

4. Раковите се едни од ретките кои искрено го поставуваат прашањето „Како си?“ и навистина сакаат да го слушнат одговорот.  

5. Неговата смисла за хумор е посебна.

6. Ракот има способност да ги натера сите да се чувствуваат сигурно во негова близина.

7. Искрено покажуваат чувства и гласно кажуваат кога ве сакаат.



Лав

1. Зависник од адреналин и забава.

2. Ентузијазмот на Лавовите е заразен.

3. Романтичар кој ги цени сите ситници и изјави на љубов.

4. Секогаш е заштитнички настроен кон луѓето кои му значат.

5. Шармот му помага да се извлече од сите непријатни ситуации.

6. Ако Лавот се заљуби во вас, ќе се чувствувате како најпосакуваното суштество на планетава.

7. Лавовите се секогаш чудно, симпатично мистериозни.



Девица

1. Припадниците на овој знак имаат силни емоции, но и развиено чувство за разумно реагирање.

2. Во моментите кога имате потреба од потпора - Девиците се тука уште пред да им се јавите.

3. Сакаат кога го расчистуваат туѓиот неред и тоа им е забавно.

4. Девиците никогаш нема да ги чекате - тие секогаш се појавуваат барем 5 минути порано.

5. Кога сте хаотични и под стрес, јавете и се на некоја Девица. Нејзината организираност има смирувачко дејство.

6. Девицата сака да биде известена за сè што се случува.

7. Девиците секогаш имаат план - што ги прави посебно забавни.

7-karakteristiki-koi-go-pravat-sekoj-horoskopski-znak-poseben-02.jpg

Вага

1. Шират добри вибрации, па така дури во најнепријатната ситуација внесуваат спокој.

2. Вагите се најсреќни кога другите се среќни.

3. Речиси е невозможно да не се заљубите во вагите. Тие поседуваат детски, неодолив шарм.

4. Вагата има посебен талент за решавање на сите конфликти.

5. Ја ценат убавината и сакаат да ја внесуваат во туѓите животи.

6. Вагата редовно ги потсетува другите на нивните добри особини.

7. Професионалци се за опуштање и уживање, затоа вреди да имате барем еден пријател во овој знак.



Скорпија

1. Ако еднаш се зближите - тука се за цел живот. Скорпиите се најпосветените луѓе кои ќе ги запознаете.

2. Најдобри се за доверување на проблемите кои никој не ги разбира.

3. Со нив смислувањето на шеги и предизвици е секогаш забавно.

4. Скорпиите забележуваат секакви детали - од фризура, до облека и сакаат кога делат комплименти.

5. Ја ценат и паметат секоја убава работа која сте ја направиле за нив.

6. Со нив можете да разговарате за секс без да се чувствувате непријатно.

7. Имаат толку силна енергија што мислат дека можат да го променат светот.



Стрелец

1. Животот со нив е авантура без крај.

2. Дарежливи се и секогаш даваат без да очекуваат нешто за возврат.

3. Одлични се за друштво на секоја забава - весели се, друштвени и симпатични.

4. Секогаш имаат цврст став и не се плашат да се борат за своите уверувања.

5. Одлични се како рамо за плачење.

6. Со нив секогаш ќе знаете на што сте и што тие мислат за вас.

7. Обожаваат кога ги споделуваат своите знаења и искуства со другите.



Јарец

1. Предодредени се за успех во животот.

2. Едни од најдобрите домаќини во Зодијакот.

3. Силни се и имаат силна самодоверба, па така влијаат на сите околу нив.

4. Ако сте им вистински пријатели, нема нешто што не би направиле за вас.

5. Нивната љубов обично е материјално поврзана, од подготовка на вечера, до бројни подароци.

6. Амбициозни се и насочени кон своите цели.

7. Секогаш се тука да ве спуштат на земја и да ви кажат како реално стојат работите.



Водолија

1. Нивната оригиналност и фантазија е на далеку прочуена.

2. Објективни се и затоа се секогаш добар извор за совети.

3. Благодарение на личните способности, знаат да пронајдат заеднички јазик со сите.

4. Одлично е да имате пријател Водолија, затоа што тие ја создаваат најдобрата забава.

5. Тие не ги следат другите, туку ги мотивираат да го следат својот пат.

6. Големи борци за правда.

7. Ако се грижат за вас - ќе направат сè за да бидете среќни.



Риби

1. Секогаш се достоинствени, но и енергични.

2. Лесно прават планови, но и се приспособуваат на туѓите.

3. Имаат одлична интуиција и делат фантастични совети.

4. Не се површни и не ги гледаат луѓето низ призма на парите или статусот.

5. Имаат разбирања за сите околу себе и сакаат кога луѓето им се доверуваат.

6. Нивната смирувачка енергија често пати е заразна.

7. Нивната спонтаност е легендарна и со неа ги инспирираат сите околу себе.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2014 во 09:07

КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ПЛАЧКОВЦИ ПОМЕЃУ ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ?

2

Нормално дека сите сме различни, не секој сака да покаже слабост пред другите луѓе и веднаш да почне да плаче, некои од нас во себе ја чуваат својата тага, нервоза, но и солзите. Солзите не се знак на слабост кај еден човек, туку дека тој можеби и премногу долго бил силен во себе.

Најдобар начин да се ослободиме од стресот и напнатоста, можеби е понекогаш да пуштиме по некоја солза, велат тоа е здраво за нас. Кои знаци од хороскопот најмногу плачат? Кои се највисоко на листата на плачковци?

1.Рак – важат за многу емотивни знаци, нив може да ги расплаче и најмала ситница. Постојано можете да ги видите дека плачат, тие не ги кријат солзите од другите. За нив најдобар начин да се ослободат од стресот е да пуштат по некоја солза.

2. Лав – иако можеби ова не е верно за вас, лавовите и премногу често плачат. Можеби тие и долго време се прават силни пред другите, но факт е дека целиот стрес и болка, ги исфрлаат преку солзите. За нив солзите не се знак на слабост пред другите.

3. Близнаци – тие се многу емотивни знаци, се нешто знае да ги расплаче. Плачат и на филм дури, плачат кога ќе видат несреќни луѓе, мали деца и сл.

4. Водолија – премногу осетлив знак, емоција во секој чекор. Незнаат како да се помират со одредени нешта во животот, па најлесно им е да плачат, но не пред другите, тие плачат сами со себе, за нив солзите се знак на слабост.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2014 во 21:52

ЗА БЛИЗНАКОТ ЉУБОВТА Е САМО ИГРА, РАКОТ ЌЕ ЖРТВУВА СЕ ЗА ЉУБОВТА, ЛАВОТ СО ДОСТОИНСТВО ЌЕ ТИ КАЖЕ “ЗБОГУМ“...

27

Секој хороскопски знак на свој начин ја доживува љубовта, секој од нив ја изразува само на себе својствен начин. Емоциите кај едните се подлабоки, кај другите површни. Едните ќе ви дадат втора шанса, другите без компромис ќе ви кажат Збогум и ќе ви го скршат срцето…

Овен

Овните се немирни и љубопитни, имаат постојана потреба за освојување и игри. Брзо го губат интересот за оние кои до крај им се отворат, па затоа често го подаруваат своето внимание на таинствените,понекогаш и неискрени личности. По мила им е слободата отколку компромисот, посебно во младоста, не се флексибилни и за раскинување на врската одлучуваат наеднаш, често без зборови. Доколку сакате да го задржите, заборавете на надмудрувањето и контролирањето на неговите постапки или пак на монотоното, речиси досадно однесување.

Бик

Бикот е стабилен и цврст, обожава сигурност, блискост и доверба. Доста се издржливи, но доколку ја преминете одредената граница, реагира како вулкан, што ни сам не го очекува. Бикот сака сериозна и јасно дефинирана врска. Верни се и очекуваат верност од партнерот. Овој знак се задоволува со едноставни работи во врската. Многу тешко се отвара пред други луѓе, но ако еднаш го натерате да прозбори, тогаш на муабетот му нема крај. Не ја сакаат несигурноста, неизвесноста, па дури и најмал сомнеж дека можат да бидат оставени. Заминуваат тивко, со жалење,после долго размислување. Кога еднаш одлучат, не постои начин, а ни личност поради кои ќе се предомислат.

Близнаци

Близнаците се ведри и насмеани. За нив љубовта е предизвик, игра, ама ретко трајна, бидејќи слободата им е помила од се. Раскинуваат поради досада, љубопитност, за да видат што ќе се случи, поради потребата за слобода или ако се заинтересираат за некој друг. Ама секогаш убедливо, толку многу да и самите поверуваат во тоа. Шармот ги спасува од бесот на оставениот партнер, кој најчесто се сеќава со одредени симпатии на него. Ако одлучат да останат во врска, партнерот е вистински среќник, па може да им прави што ќе посака.

Рак

Раковите се емотивни и чувствителни, спремни се на најголема жртва како би ја задржале саканата личност покрај нив, дури и кога е лоша и исцрпувачка. Раскинуваат со солзи и спремни на компромис. Единствено може да ги натера засекогаш да си заминат е лошиот однос на партнерот кон неговото семејство или одбивањето на заеднички живот. Кога дојде до крајот, и покрај болката и лутењето, во сеќавање им остануваат само добри спомени. Ретко се случува да зборуваат за својата врска, а ако нешто кажат, тоа ќе биде само најдоброто.

Лав

Лавовите се достоинствени и горделиви и не дозволуваат никој да им се спротистави. Раскинуваат кога им е повредено егото, не дозволуваат никој да ги остави бидејќи за нив тоа значи понижување и отфрленост. Први се во се, па така и во проценувањето и конечниот потег кога треба да остават некој. Обожаваат да бидат во центарот на вниманието, тие се центарот на Универзумот и не дозволуваат конечното “збогум” да помине незабележливо. Кај нив се е драматично, па така и самото раскинување, кое ги наведува на непочитување на правилата и неодобрување на постапки.

Девица

Најчесто Девиците се тие кои се оставени. Но кога се одлучат на тој пресуден чекор, тоа е поради чувството на инфериорност. Ако не се случи некоја траума, преферираат мирно и разумно раскинување отколку правење сцени пред другите. Помеѓу љубовта и обврските секогаш ги избираат обврските, бидејќи материјалната состојба им е важна. Во љубовта се искрени, па настојуваат да бидат такви и при раскинувањето. Ќе се повлечат без многу зборување, на што ги наведува неорганизираниот начин на живот на партнерот, неговата склоност кон драми и потенцијални проблеми.

Вага

Вагите се хармонични, убави и друштвени, тие не прифаќаат услови, ограничувања, нетолерантност, па често освен губењето на емоции и блискост, да стават крај ги наведува и несогласувањето со вашите постапки. Пред да ви каже збогум, ќе ви даде уште една шанса и ќе проба да ги среди односите, најчесто партнерот да свати дека врската нема перспектива, па Вагите да се ослободат од непријатната одговорност за објаснување. Раскинуваат културно и тактично, како што и доликува на нивниот знак,со ризик дека тоа другиот нема да го доживее како искреност туку како извлекување.

Шкорпија

Шкорипиите се таинствени, мистични и деструктивни, не оставаат, тие просто уништуваат се пред себе. Дури и кога тоа не е потребно. Нивната сила често е нивниот најголем непријател. Стравовите, сомнежите, посесивноста и љубомората неизбежно ги доведува до точка кога љубовта престанува. Очекуваат бескрајна посветеност и верност, па доколку ги изневерите спремни се да се осветат. Доколку причината за крај е недостатокот на сексуалност,привлечност или премалку предизвици, тие едноставно исчезнуваат, бидејќи не доликува на нивниот карактер пристојно и трезвено да се разјасни целата ситуација и да се разделат во мир.

Стрелец

Стрелците се жешки, променливи и желни за авантура и предизвици. Многу тешко се врзуваат само за една личност на подолго врее, посебно во младоста. Себеси се сметаат за космополит и прават се за да бидат над се што припаѓа на секојдневието. Ако партнерот повеќе не го стимулира на нови предизвици,многу лесно продолжуваат понатаму. Реагираат доста импулсивно и заминуваат без многу објаснувања. Кога ќе се смират работите, се враќаа на “местото на злосторството”, спремни да разговараат разумно и сталожено.

Јарец

Овој знак тешко донесува одлуки како за крај, така и за почеток на врската. Кога еднаш се најдат во озбилна љубовна врска, со цела своја сила,трпение и чувства вложуваат во неа. Но спремни се и да се откажат кога почувствуваат потреба да бидат сами или пак кога мора да се одлучат помеѓу љубовта и кариерата, која им е најважна. Бидејќи по темперамент не се склони кон отворање на срцето и признавање на најдлабоките чувства, повеќе заминуваат тивко и без објаснувања. Тоа не значи дека ќе исчезнат, туку дека своите намери ги покажуваат индиректно преку одсутноста и нервозата.

Водолија

Модерна,бунтовна и револуционерна, Водолијата го живее секој миг различно од другите околу себе. За крај е доволно да се разбудат едно утро и да заклучат дека врската во која се наоѓаат повеќе нема смисла. Но на тоа се одлучуваат кога ќе осетат притисок и обврски на кои не се спремни. Раскинуваат директно или прифаќаат работни понуди поради кои ќе мораат да се иселат. Дури и кога ќе паднат тешки зборови, ќе пробаат разумно да ги објаснат своите причини со намера да останат во пријателски контакт. Идеален крај за нив е разговор во кој ништо нема да остане нерешено.

Риби

Вечните сонувачи, идеалисти и емотивци. Живеат за други, да сакаат и да патат. Се впуштаат во се со срцето, па воопшто не изненадува што раскинувањето го доживуваат многу емотивно, дури и трагично и тогаш кога не би требало. За нив раскинувањето е лични пораз, драма во која ја губат сигурноста која толку многу ја сакаат и со цело срце ја градат. Фантазиите и соновите ги доведуваат до разочарување и до горката вистина дека нивниот партнер не е идеален. За раскинување ги наведува нетолеранцијата спрема нивната склоност кон фантазирањето и барањата да се спуштат на земја, како и ставање на чувствата во втор план, кои за нив се најважни на светот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2014 во 11:38

ХОРОСКОП: ЉУБОВНИ КОМБИНАЦИИ ОД ПЕКОЛОТ

5

Овен и Рак

Имаат различни приоритети и тоа ќе доведе до фрустрирачка врска.

Рак и Водолија

На Водолијата брзо ќе и здосади оваа многу емотивна врска и ќе дојде до неверство.

Лав и Бик

Лавовите сакаат богатство и слава, а Биковите сигирност и стабилност.

Скорпија и Овен

Постојано ќе имаат кавги поради независната природа. Овенот сака да флертува а Скопријата е љубоморна.

Близнаци и Рак

Заборавете на оваа врска! Исходот нема да биде добар. Ракот е многу емотивен а Близнакот бесчусвтвителен.

Девица и Лав

Лавовите сакаат да трошат пари а Девицата да штеди.

Вага и Јарец

Јарецот сака се да биде по негово и често ја искористува Вагата. Овој пар е многу различен.

Бик и Водолија

Осудени на неуспех уште на самиот почеток. Бикот сака стабилност а Водолијата секаде да биде.

Риби и Лав

Рибите се фантазери и се спротивни од Лавот.

Стрелец и Јарец

Стрелецот сака да се смее и да се забавува. Додека Јарците се приземјени и понекогаш меланхонични.

Водолија и Шкорпија

Авантуристички настроени Водолиии и секогаш во потрага по возбудување и нешто ново во животот, додека Шкорпијата сака посветеност и сигурност.

Риби и Близнаци

На Близнаците им е потребна целосна слобода. Немојте да ги спречувате. На Рибите им треба стабилност а Близнаците тоа не можат да им го пружат.

Девица и Близнаци

Девиците имаат поинаков поглед на свет од Близнаците.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2014 во 08:52

КОИ ЗОДИЈАЧКИ ЗНАЦИ СЕ НАЈСЕНТИМЕНТАЛНИ, ШТО МОЖЕ ДА ГИ ТРОГНЕ И ДА ИМ ГО СКРШИ СРЦЕТО?

4

Според поделбата на елементи, за најемотивни се сметаат припадниците на водената група, односно Ракот, Рибата и Шкорпијата.

Како дефинитивно најголем сентименталист во целиот Зодијак може да се издвои Ракот, преку чија симболика е претставена мајката, татковината, родното место. За да сфатите до колкав степен оди неговата сентименталност, ќе се обидеме да објасниме илустративно.

Ракот за разлика од другите знаци има речиси постојана потреба од убави спомени од минатото. Може да се каже дека живее од нив и за нив!

Веднаш зад него се Рибите, кои имаат тенденција да го доживуваат светот и луѓето поубави отколку што навистина се. Како знак на жртвувањето и несебичноста (христијанството како религија настанува токму во ерата на Рибите), Рибата има тенденција да заборави на лошите нешта од минатото и селективно да се сеќава само на убавите моменти, особено на оние кога помогнала некому или некој пак нејзе и подал рака во тешка животна ситуација.

Шкорпијата на прв поглед можеби делува студено и неемотивно, но би се изненадиле да знаете колку овој знак може да биде сентиментален за убавите случувања. Умее дури и да заплаче! Но, ги памети и сите неправди, критики или малициозност, не заборава и не простува, и кога-тогаш ќе ви врати двојно (во зависност од тоа во каков спомен сте и останале).

Преминуваме на земјените знаци кои се по природа меланхолични. Емоциите и чувствата им се постојани и длабоки, но ретко ги искажуваат. Така е и со сентименталноста. Дури и кога се сентиментални, ретко кој од нивната околина ќе умее да го забележи тоа.

Бикот е по природа посесивен и со сите сили се бори да го стекне и задржи тоа што му е драго. Во смисла на сентименталноста, тука спаѓаат семејните спомени. Традиционалист е, го сака семејството повеќе од се, а во таа сентименталност може дури и се занесат, преувеличувајќи ги деталите во приказните за своите познати и славни претци!

Никој не може да дознае што се случува во душата на Девицата. Таа може да делува мирно, прибрано и трезвено, а одвнатре во неа да се одвива вистинска емоционална драма. Во суштина не е сентиментална, но кога тоа ќе се случи, во ретки моменти, умее да жали по нешто што веќе се случило, или некоја пропуштена прилика од нејзина страна (без оглед дали се работи за љубов или кариера).

Со строгиот Јарец владее Сатурн, планетата на дисциплината и одговорноста. Ни тие не се претерано сентиментални, а дури и кога се, најпрвин ќе се присетат на лошите мигови и животни случувања. Детството ретко кога им останува во добри спомени, па затоа не сакаат ни да ги евоцираат истите. Како што стареат, умеат да се опуштат малку и да се присетат на убавите нешта, но во принцип не сакаат да се навратуваат на минатото.

Следат огнените знаци, кои емоциите ги доживуваат силно, бурно и долготрајно. Нивните спомени се исто такви. И покрај тоа што на прв поглед делуваат постојано среќни и шират позитивна енегрија, умеат да бидат сентиментални, во позитивна или негативна смисла, зависи за што се работи.

Воинствениот и импулсивен Овен ретко за што умее да се разнежни. Но, неговата слаба точка е минатото, поточно семејните албуми, дружења и случувања. Бидејќи повеќе од се сакаат дружба и весела атмосфера, недостатокот од истата тешко им паѓа и умеат да се трогнат при помислата колку убаво им било во друштво на саканите личности.

Стрелецот не е наклонет кон патетична сентименталност, туку се сеќава на минатите настани со примеси на среќа. Не се држи слепо за минатото, но и кога го прави тоа, има цел да одржи контакт со битните луѓе во животот. За тоа најдобро му служат мејлови и телефонски повици, преку кои умее да ги оживее убавите спомени со поширокото семејство и пријателите.

Лавот умее да биде мошне сентиментален, со тоа што исто како и повеќето огнени знаци, ќе се сеќава само на убавите моменти, а лошите селективно ќе ги заборави. Гледајте да бидете на неговата листа на прифатливи спомени, бидејќи во спротивно, ќе ве избрише и од сегашноста и од иднината.

Воздушните знаци живеат во светот на интелектот, разумот и информациите, каде што емоциите ретко кога продираат. Но, ништо не е така како што се чини на прв поглед, па така, Близнаците, Вагата и Водолијата умеат да ве изненадат со степенот на емоции и сентименталност. Чувствата им се силни, но не траат долго како кај огнената група, туку симултано на сцена стапува интелектот и разумот.

Водолијата умее да делува хаотично, на моменти дури и загубена во некој свој свет. Се ориентира повеќе кон разумот, отколку кон чувствата, но можете да бидете сигурни дека е исклучително верна и приврзана кон семејството и луѓето кои ги доживува за блиски. Според тоа, може да се пофали со одлична меморија кога се работи за сентименталноста и спомените, без оглед на тоа даи се во прашање позитивни или негативни случувања.

Вагата е роден дипломат, кој умее да најде излез од секој конфликт на шармантен и општоприфатлив начин. Со неа владее Венера, па затоа и кога е сентиментална, избира да се сеќава само на среќните спомени, а лошите да ги потисне. Сепак, потиснатото не значи и заборавено. Ако не сте и во добар спомен, бидете благодарни што само ќе ве одмине. Нема да помисли да се одмаздува, за разлика од Шкорпијата, бидејќи одмаздата е под нејзино ниво.

Близнаците се најголеми дрдорковци кои сите можни информации ги вртат околу малиот прст. И додека ви кажуваат најразновидни новости, не можете а да не се запрашате каде им се емоциите, и дали воопшто нешто умее емоционално да ги погоди? Исто како и Овенот, и Близнаците во моменти на сентименталност умеат да се затворат дома, да прелистуваат албуми или да дискутираат за спомените. Да, тоа е оној другиот Близнак, кој само најблиските луѓе имаат прилика да го видат и запознаат на вистински начин.










Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2014 во 00:59

Каков злосторник сте според хороскопскиот знак?

Ова е листа подготвена од експерти, која ни ги покажува престапните страни на секој знак. Податоците се поткрепени со историски примери и статистики од апсењата на хороскопски знаци.
 

ОВЕН
Атентатори

Криминални склоности: Најдобри се како атентатори и тепачи.

Овни за пример: Адолф Хитлер, поранешниот претседател на Република Српска Радован Караџиќ (обвинет во Хаг за околу 200 илјади. загинати, но има други стотици илјади, кои сеуште го величаат како херој), Сара Џесика Паркер и Винсент ван Гог.

Вие сте безмилосни фанатици. Егоцентрични, себични и без капка мисла за тие околу вас. Судејќи според најистакнатиот претставник на вашиот хороскопски знак (знаете за кого зборуваме), Овни изгледа дека сте излегле од пеколот.

Место според број на апсења: Од 12 хороскопски знаци, Овните се на 4-то место.

БИК
Перење на пари

Криминални склоности: Опасни и влијателни. Обично ги фаќаат за перење на пари.

Бикови за пример: Владимир Илич Ленин , Ким Џонг-ил (меѓу 600 илјади. и 1 милион. умираат од глад за време на неговото владеење). Садам Хусеин (повеќе од 100 000 убиени К*рди при етничко чистење).

Од вас на човек може да му се исправи косата. Вие сте вториот најопасен хороскопски знак според податоците на ФБИ. Зошто втор? Веројатно поради вродената мрзеливост.

Место според апсењата: 2.

БЛИЗНАЦИ

Најмалку апсени во цел Зодијак

Криминални склоности:  измамници, фалсификатори, крадци – воопшто арамии од класа. Ништо чудно што повеќето ретко ги фаќаат. Всушност тие речиси никогаш не се зафаќаат со тешки злосторства – да се извалкаат со крв не им е по вкусот.

Истакнати Близнаци: Маркиз де Сад, Че Гевара, Хју Лори, Ајман ал-Завахири, десната рака на Бин Ладен. За кој од нив има податоци за жртви?

Вие сте Дракула на дрога. Монструозно сте паметни и тактични, затоа и ретко оставате траги.

Место според апсењата: 12-то, последно.

РАК
Крволочни животни

Криминални склоности: Ова е Хороскопски знак на криминално досие. По затворите лежат најмногу претставници на овој знак.

Истакнати Ракови: екс-претседателот на САД, Џорџ Буш помладиот, кралот Хенри VIII (оној со 6-те жени), овцата Доли (првата клонирана – родена е на 5-ти јули) и Мајк Тајсон (кој ги гризе противниците за ушите).

Преосетливи и нестабилни, тие се сторители на најжестоките злосторства. Обично вршат убиства од страст, не се задоволуваат само со еден труп и до жртвите остават некаков карактеристичен знак.

Место според апсењата: 1-во!

ЛАВ
Колат од осветољубивост

Криминални склоности: Многу опасни, вршат кривични дела од осветољубивост.

Истакнати Лавови: Италијанскиот Хитлер – Бенито Мусолини (на неговата совест лежат 30 илјади. Етиопјани, убиени за време на италијанската окупација и околу 400 000 Италијанци, загинале во Втората светска војна), Слободан Милошевиќ (230 000 жртви), монахот Григориј Разпутин , легендарната шпионка Мата Хари и Наполеон Бонапарта.

Хиперсексуални и суетни развратници кои се лакомат за слава.

Место според апсењата: 10-то.

ДЕВИЦА
Хакерски напади

Криминални склоности: Нивна специјалност се провална кражба и хакерските напади. Никогаш не одат на објектот невооружени. На скриено место во сефот често имаат складиран цел арсенал.

Истакнати Девици: Лидерот на палестинската автономија Јасер Арафат, пејачот Бери Вајт, рускиот цар Иван Грозни (кој бил нетипична Девица), Ејми Вајнхаус, Брус Спрингстин и Роалд Дал.

Сакате да си го пикајте носот во туѓите работи, нели? Оттука и страста кон пенетрација во странски имот- кражба. Хакерство – исто така.

Место според апсењата: 6-тото.

ВАГА
Корупција и шверц

Криминални склоности: Корупција, шверц и други “чисти злосторства”. Но понекогаш стануваат добри сериски убијци.

Истакнати Ваги: Серискиот убиец Чикатило, ака Ростовски канибал (убил и силувал 53-ца, од кои повеќето деца), филозофот Ниче (главно влијание над Хитлер), Ли Харви Освалд (убиецот на Џ. Ф. Кенеди), албанскиот диктатор Енвер Хоџа (нема точни податоци за жртвите на режимот ). А исто така и Снуп Дог и Џон Ленон.

Меѓу воздушните знаци Вагата има најмногу криминалните. Тие се вооружени и страшно опасни.

Место според апсењата: 7-мо.

СКОРПИЈА
Садистички убијци

Криминални склоности: садизам, злосторства на страста, но често стануваат и атентатори.

Истакнати Скорпии: Марија Антоанета (онаа со пастите), Јозеф Гебелс (министер на пропагандата во нацистичка Германија, благодарение на него и Фирерот, во Втората светска војна загинуваат 46 милиони. луѓе само во Европа) и Мики Маус (неговиот роденден според “Волт Дизни “е 18-ти ноември).

Во соседството исчезнуваат кучиња? Смирете се, сигурно во сенките демнат некои Скорпии. Тие лесно губат контрола. Во состојба се да ликвидираат човек само затоа ги налутил.

Место според апсењата: 9-то.

СТРЕЛЕЦ
Арамии

Криминални склоности: Измамници, крадци и арамија. Обично не ги повредуваат своите жртви. Криминалниот свет е полн со претставници на овој сончев знак, но ретко ги фаќаат.

Истакнати Стрелци: Јосиф Висарионович Сталин (му припишуваат  вина за 20 милиони., Од нив 14,5 милиони. Умреле од глад, повеќе од милион егзекутирани “непријатели на народот”, 9,5 милиони. испратени во камп), чилеански диктатор Аугусто Пиноче (3197 убиени по воениот преврат 1973 година), колумбискиот наркобарон Пабло Ескобар.

Најголеми злосторници се од огнените знаци, но и најтешки за фаќање.

Место според апсења: 3-то.

ЈАРЕЦ
Организиран криминал

Криминални склоности: Крадат, убиваат, учествуваат во шверц на дрога. Но најмногу се вклучени во организиран криминал. Главно како шефови.

Истакнати Јарци: Угандискиот диктатор Оди Амин, познат како Африканскиот месар (околу 300 илјади. жртви), Мао Це Тунг, Мистер Бин – актерот Роуан Еткинсон, Дејвид Боуви и Елвис Присли (и двајцата се родени на 8 јануари).

Поголеми садисти се дури и од Скорпиите, Целиот живот им е една теорија на заговор.

Место според апсењата: 5-тото место.

ВОДОЛИЈА
“Ало” -измамници

Криминални склоности: Повеќето бандити од овој знак се хакери, арамии, “Ало” -измамници и манипулатори.

Водолија за пример: Серискиот убиец Неделко Димитров-Девојката (20 жртви), Николае Чаушеску (5 илјади. Убиени само при соборувањето на неговиот режим, веројатно стотици илјади изумреле од глад), Ким Џонг-ил.

Честитки! Вие сте член на горда армија од тврдоглави и инатливи суштества. Злопамтила сте и злобни сте. Тешко на обвинителот, кој би ве испратил зад решетки!

Место според апсењата: 11-то.

РИБИ
Дрога и убиства

Криминални склоности: наркодилери, убијци, секакви кривични дела поврзани со употребата на забранети супстанции.

Риби за пример: Осама бин Ладен, Џастин Бибер (стотици милиони жртви), ген. Ратко Младиќ (8100 муслимани убиени само кај етничката чистка во Сребреница).

Обично Рибите се мрзливи наркомани, без врска со реалниот свет. Понекогаш се вовлекуваат во религиозниот екстремизам. Има и по некој ситен сериски убиец.

Место според апсењата: 8-о

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2014 во 01:03
Колат од осветољубивост

Криминални склоности: Многу опасни, вршат кривични дела од осветољубивост.

Хиперсексуални и суетни развратници кои се лакомат за слава.


Абе аман изненадувањеизненадувањеизненадување

Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2014 во 01:05

Од вас на човек може да му се исправи косата. Вие сте вториот најопасен хороскопски знак според податоците на ФБИ. Зошто втор? Веројатно поради вродената мрзеливост.

Аууууу изненадување  мрзлива криминалка изненадување

Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2014 во 01:06
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:


Од вас на човек може да му се исправи косата. Вие сте вториот најопасен хороскопски знак според податоците на ФБИ. Зошто втор? Веројатно поради вродената мрзеливост.

Аууууу изненадување  мрзлива криминалка изненадување



газење од смеење Не си опасна ти големо гушкање
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2014 во 18:59
Какви луѓе го водат форумов


Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2014 во 22:43
Originally posted by Орка Орка напиша:

Какви луѓе го водат форумов


да бе, све хитлерки и сталинки голема насмевка
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2014 во 22:47
А што членови имаме изненадување

Има и по некој ситен сериски убиец грицкање ноктизагриженостплазење
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2014 во 22:53
Originally posted by Gabriela_S Gabriela_S напиша:

А што членови имаме изненадување

Има и по некој ситен сериски убиец грицкање ноктизагриженостплазење
ќути не издавај среќа
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2014 во 17:35
Јас немам врска со реалниот свет,што сакате правете.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 120121122123124 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.