IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 119120121122123 157>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2014 во 18:20

САМО ЗА ЖЕНИ: ХОРОСКОП СПОРЕД КРВНАТА ГРУПА

4

Ние денес нема да се занимаваме со астрологија туку ќе ви укажеме на еден друг тип на медицински хороскоп, кој не е научно докажан, но во многу земји луѓето веруваат и се носат според него, а тоа е крвниот хороскоп или хороскоп според крвните групи. Денеска ќе посветиме внимание на крвниот хороскоп за жени, а во наредното продолжение на статијата ќе обрнеме внимание и за крвниот хороскоп за мажи. Ужвајте!

0 позитив (0+)

Жените од оваа категорија добро се согласуваат со мажите кои се од крвната група А+, 0+ и 0-. Бидејќи факт е дека А+ мажи имаат највисоко его, за да опстанете во врска со маж од оваа категорија морате да бидете многу цврсти и да имате некој издувнен вентил. Жените кои припаѓаат на крвната група 0, се многу дружељубиви, можат да бидат гостопримливи и добри домаќинки, но се ова додека имаат пари, жените од оваа група имаат голема страст за пари. Жените од оваа категорија имаат проблем кога ќе дојдат во финансиска криза, постануваат арогантни и не можат да се носат со проблемот.

А позитив (А+)

Жените од оваа категорија најмногу се погодуваат со мажите од истата крвна група А+ и А-. Сепак жените од оваа категорија често паѓаат во замка поставени од мажите кои се АБ крвна група, па со оваа крвна група тие најчесто имаат секс за една вечер. Сумирано за А+, жени најдобар избор е А+ и АБ+ маж, нормално ако помеѓу нив се создаде хемија. Овие жени не се многу романтични, но се многу угледни и праведни, тие ретко го изневеруваат партнерот, го почитуваат и сакаат да создадат хармонија. Жените од оваа категорија го сакаат својот партнер исто како и на почетокот и после долгогодишен брак. Овие жени тешко се борат со стресот, горди се и тврдоглави.

Б позитив (Б+)

Тоа се луѓе родени за движење, во себе развиваат еднаква способност за борба и снаодливост во непредвидени ситуации, како и способност на соживот во мали групи. Поради својата мобилностне се врзуваат за ништо, па им одговара стил на живеење на патник, било да тоа им е во дел на работата, или пак да се наоѓаат во таква средина. Да се смени местото на живеење за нив е најлесна работа. Тие се прави истражувачи сакаат се што е ново и непознато. Психолошки гледано, жените од оваа крвна група се најинтересни. Наизглед се интровертни, делуваат повлечено и воздржано, но имаат јасно изграден став за своите желби и вредности.
Во професионалниот живот жените од оваа крвна група кариерата ја градат врз основа на докажани лични квалитети и напори и никогаш не го истакнуваат такмичарскиот дух. Функционираат претежно во тесен круг на свои проверени пријатели на кои се верни.

АБ позитив (АБ+)

На овие жени им е важна забавата, и само забавата. Тие не сакаат да се врзуваат, сакаат авантури за една вечер и живот полн со авантури. На овие жени им одговараат сите мажи кои се позитивен RH фактор. Овие жени се многу толерантни, не земаат ништо за сериозно и ретко можат да ви се налутат. Ако сте жена од оваа крвна група значи дека сакате слични мажи на вас со доста авантуристички дух, сакате иновации и истражувања.

0 негатив (0-)

Тие имаат најмали шанси да останат бремени, а шансите тоа да се случи се најголеми со мажите кои исто така се од 0- група. Најдобар партнер е 0- партнер тие се специфични и бараат специфични партнери, со својата група 0- партнери најдобро се согласуваат. Сепак кога жената која е 0- ќе ја најде својата сродна душа односно ќе се вљуби нивната љубов е многу силна, по сила од било која друга крвна група. Овие жени не го душат партнерот во љубомора и други обврзувања тие едноставно го почитуваат и му веруваат. Жените од оваа група се многу поразлични тие имаат изразито свој став.

А негатив (А-)

Оваа група најмногу се согласува со мажи кои исто така се А-, но може и со АБ-, тука може да се спомене и 0- крвна група, но тие овие мажи можат да ги доживуваат како наметливи. Овие жени се многу чувствителни, помалку се љубоморни и сакаат да се врзуваат. Овие жени би можеле многу полесно да се заљубат од било која друга крвна група. Овие жени се многу верни кога еднаш ќе пронајдат партнер прават се од себе да го задржат и многу ретко се причина за раскинување во врската. Сепак партнер кој најмногу им одговара е партнер кој носи потполно иста крвна група.

Б негатив (Б-)

Оваа крвна група одговара со скоро секоја, особено негативните. Од сите крвни групи се смета дека Б-, одговара најмногу со АБ-. Овие жени се кариеристи и најдобро би им одговарал исто таков маж. Тие се вредни и посветени на кариерата и го разбираат парнерот кој исто така е посветен на кариерата. Tие се логичарки и ладнокрвни, но знаат да бидат и многу големи љубовџики доколку ја најдат својата сродна душа.

АБ негатив (АБ-)

Толеранцијата е нивниот заштитен знак. Слични се како предходниот најмногу си одговараат со Б-. Сепак тие не се критично настроени, ги сакаат и почитуваат сите што им помагаат, толерантни се кон сите од кои би можеле да имаат некаква корист. Овие жени се смета дека имаат најмал проблем да пронајдат сродна душа. Тие немаат проблем да се заљубат, многу се емотивни, креативни и романтични.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2014 во 18:35

КОИ СЕ “НАЈДОБРИТЕ ДУШИ“ ВО ЗОДИЈАКОТ?

12

Во внатрешниот свет на човекот добрината е сонцето – рекол Виктор Иго. И ние тотално се согласуваме со него, макар да ни е јасно дека во секој од нас се крие и по едно ѓаволче, кое само чека повод да се покаже.
А сега ви ги претставуваме трите знаци од Зодијакот со најширока душа:
Риби
Овој знак е вистинско олицетворение на зборот – емоции. Бидејќи се безкрајно чувствителни и ранливи, Рибите секогаш се обидуваат да бараат хармонија дури и таму каде нема никаква веројатност да постои.
Се разбира тоа си има и лоша страна. Претставниците на овој знак често живеат во измислен утопичен свет, при што остануваат отсечени поради тоа од реалниот.
И сепак ова е знакот кој до последни сили се обидува да го зачува добриот тон и хармоничните односи помеѓу луѓето, дури тоа да ги чини нивниот внатрешен мир.
Вага
Вечно љубезниот и ведар карактер на овој знак понекогаш крие немир и внатрешни бури кои ги преживува.
Вагите во никој случај не сакаат да ги разочараат и повредат своите блиски, пријатели и познаници. Токму затоа ако се стигне до судар на интереси, овие добродушни суштества ќе изберат да се повлечат.
Силно развиеното чувство за правда ги потикнува цел живот да се стремат кон благородни постапки и сочувство за сите, без разлика дали некој заслужил, или пак не.
Рак
Слично како Рибите, овој воден знак е преполн со емоции и чувства. Од целиот Зодијак Ракот има најсилно развиен копнеж за семејна топлина, мир и хармонија.
Всушност целиот свет на Ракот се врти околу семејството. Тие се спремни на секакви жртви во името на луѓето кои ги сакаат.
Бидејќи се доста ориентирани кон духовното, тие веруваат во доброто, кое се крие во секој човек, што ги прави безкрајно милосрдни.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2014 во 14:08

ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ВАШИТЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ СЕ ЕДЕН ЗА ДРУГ

Daily-Horoscope-for-Windows-8_1

Овен и Овен

Кога ќе се сретнат два огнени знака, често доаѓа до експлозија. Врската меѓу два Овна може да биде незгодна ако дозволат постојано да се бодат со роговите. Но, ако дозволите импулсивноста на партнерот да ве инспирира, тогаш вашиот однос може да биде функционален.

Бик и Бик

Овој пар може да биде сосема компатибилен, затоа што двајцата се почесто домашни типови. Оваа земна комбинација на хороскопски знаци претставува стабилност кога се заедно. Ако се караат, тоа е сигурно поради пари.

Близнаци и Близнаци

Односот меѓу два Близнака може да биде исклучително бурен и возбудлив. Сепак, двајца Близнаци не можат долго да издржат заедно.

Рак и Рак

Два рака може да функционираат единствено ако секој од нив прифати покрај себе да има чувствителна личност.

Лав и Лав

Врската меѓу два Лава тешко може да успее затоа што едниот од нив секогаш ќе чувствува потреба да биде главен. Рамнотежата може да се постави некое време, но целосна еднаквост е речиси невозможна.

Девица и Девица

Две Девици може да имаат совршена врска. Секој од двајцата има високи очекувања од другата страна. Тоа понекогаш доведува до недоразбирање, но почесто доведува и до тоа еден од двајцата да му помага на другиот за да стане подобра личност.

Вага и Вага

Ваквата комбинација е можна само ако двајцата партнери сфатат за што вреди, а за што не, да се расправаат. Секој од нив сака хармонија и почесто ќе попушта, отколку што ќе сака да се кара за некоја ситница. Компатибилноста зависи од тоа колку се свесни двете страни.

Скорпија и Скорпија

Иако за две Скорпии важи тоа дека може да остварат добра комуникација и длабока поврзаност во ситуации кога доаѓа до поголема караница или несогласување, може и да се свртат еден против друг, наместо да ја смират ситуацијата .

Стрелец и Стрелец

Тешко е два Стрелца да остварат стабилна врска затоа што двајцата сакаат да се натпреваруваат и имаат страв дека другиот ќе почне да му ја ограничува слободата. За среќа, двајцата се искрени еден пред друг, што може да ја ублажи природната неспоивост.

Јарец и Јарец

Врската меѓу два Јарца може долго да трае бидејќи се свесни дека на другиот му е потребен живот и надвор од врската. Со оглед на тоа што го почитуваат времето на партнерот и неговата работа, во состојба се полека да ја зацврстат врската во која делат заеднички интереси.

Водолија и Водолија

Иако може да бидат одлични пријатели кои се охрабруваат меѓусебно, ги водат внатрешните пориви и токму тоа може да биде пречка за емоционална врска.

Риби и Риби

На прв поглед може да изгледаат како складен пар. Заедно ги планираат своите соништа, но не ги остваруваат и тоа станува камен од кој се сопнуваат. Важно им е да не се жртвуваат себе за да не станат огорчени и инертни.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2014 во 14:09

КАКО ЗАВЕДУВААТ ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ

Yearly-horoscope-2013

Овен

Овенот поседува авантуристички дух и долга листа на работи кои сака да ги искуси во животот, а секое нешто во него предизвикува огромна љубопитност.

Ако Овенот ја исполне сета таа природна енергија и виталност тогаш станува исклучително привлечен за луѓето.

Бик

Со Бикот владее Венера и токму поради тоа тој е навистина сензуален. Важи за голем хедонист и сака сите негови сетила да бидат максимално задоволени. Кога има вкусна храна во негова близина Бикот станува безгрижен и секако, неодолив за луѓето околу себе.

Близнаци

Близнаците се сексипилни додека учат, прекрасни кога читаат и неодоливи кога изнесуваат аргументи. Она што ги прави особено привлечни е нивниот интелект кој се разликува од другите. Сепак, и во покажувањето на интелигенцијата и интелектот не треба да се претерува и да се тврди дека човек знае се’.

Тоа ни малку не е привлечно за луѓето од опкружувањето.

Рак

Најголемиот проблем кај Ракот е неговата претерана сензбилност, тој мора да научи своите чувства да ги искажува на позитивен начин.

Презема чекори само тогаш кога чувствата ги држи под контрола бидејќи емоциите него го збунуваат. Затоа се препорачува Ракот кога ќе чувствува емоции, да ги изрази преку некоја уметничка форма. Ракот е особено креативен и резултатите на неговата работа го прават атрактивни за другите.

Лав

За Лавот е важно во својот настап да има малку театралност и истакнување на сопствените квалитети. Таа самоувереност Лавот природно ја поседува, па како таква ја прифаќаат и останатите. Важно е само да има мерка и да не ги покажува сите предности наеднаш.

Девица

За Девицата да стане привлечна кај луѓето и своето опкружување, мора да ја победи својата ранливост. За неа е важно да сфати дека не мора да биде совршена за некој да ја прифати. Маните не се слаби точки кои треба да се сокријат.

Вага

За Вагата најважно е да воспостави внатрешна рамнотежа. Кога го следи тоа внатрешно чувство и подеднакво ги задоволува своите потреби и потребите на другите, станува вистински магнет за луѓето.

Ако ги занемари своите интереси, тогаш губи интерес.

Шкорпија

Шкорпијата поседува талент со кој заводувањето го претвора во уметност.

За освојување на наклонетоста кај другите луѓе потребна е софистицираност, несебичност и трпение со кои околу себе прави мистерија.

Личностите во знакот на Шкорпијата се раѓаат со овие вештини, и тие се предодредени за заводници и откривање на нови димензии во љубовните односи.

Стрелец

За Стрелецот најважно е да биде активен, ментално и физички. Тој секогаш мора да го шири своето знаење. Впрочем, тоа е неговиот начин на живот.

Без разлика дали учи зумба или е во некоја хуманитарна организација или едноставно размислува за работите околу себе, Стрелецот секоја активност ја прави со смиреност, толерантност и љубов. Кога е таков, тој ги привлекува луѓето околу себе.

Јарец

Јарецот мора да ја остави неодлучноста на страна. Кога ќе сфати што сака, треба да има доверба дека тоа може да го исполни.

Тоа не значи дека секогаш мора да го преземи првиот чекор, меѓутоа добро би било кога од време навреме покаже дека умее да застане на цврсти нозе. Тогаш, Јарецот ги привлекува луѓето.

Водолија

Водолијата треба да се опушти и да заборави на своето его и впечатокот кој го остава на другите луѓе.

Танцувањето, готвењето и смеењето се работи со кои Водолијата ги исполнува своите страсти. Тоа ја прави моќна и привлечна.

Риби

Рибите повремено треба да заборават на своите чувства и да се насочат кон другите луѓе. Поседуваат дар на луѓето да им се вовлечат под кожа. Кога ќе обрне внимание на другите, тие чувствуваат неверојатно разбирање и возвраќаат со истата мерка.

Токму ова ги прави посебни и неодоливи.



Изменето од Valerija - 17.Ноември.2014 во 14:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2014 во 14:10

СПОРЕД ХОРОСКОПОТ: АКО МУ ЗГРЕШИШ, ДАЛИ ЌЕ ТИ ПРОСТИ?

33

Овен
Вие сте голем лутко и не ви треба многу за да се налутите и да се почувствувате навредени, или прозвани. Многу често влегувате во конфликти и затоа е најдобро другите да избегнуваат провокации кога сте вие во прашање, особено ако ви е погодена суетата – вие сте фолем егоист и веднаш завземате борбен став. Но, ако навредата ја доживеете од драга личност, истиот момент ќе се „изладите“ и ќе простите. Совет – поработете на тоа во некои ситуации да не пламнете, бидејќи не се луѓето виновни што сте толкав егоист и сметате дека сте нападнати во секоја ситуација.

Бик
Вие сте големо злопамтило. Подготвени сте да простите, но никогаш не заборавате. Слаба точка ви е семејството, домот и гордоста, па ако тука ве погодат вие сте вистински разлутен Бик. Многу сте своеглави и тешко правите компромиси, па воглавно другите вам ви простуваат. И ако некому простите, тоа ќе биде на вам исклучително важни личности, родителите и пријателите. Тоа е убаво, но сепак и другите луѓе заслужуваат да им се даде шанса.

Близнаци
Не сте така едноставни како што се чини на прв поглед. Ако почувствувате дека не ве почитуваат во мерка во која тоа го заслужувате, ќе се оддалечите од тие луѓе и ќе ја сведете комуникацијата со нив на минимум. Иако не сте осветољубиви, астрологијата на вашиот знак говори дека станувате сурово практични кон оние кои сакаат да ги осуеатат вашите планови. Некои тоа го сметаат за користољубие и дволичност, а вие ќе се смешкате, иако во себе чувствувате бес.

Рак
Вие сте исклучително емотивни и чувствителни, но ако некој удри по вашето его, во состојба сте целиот живот да помните што ви рекла таа личност и да ковате планови за да се одмаздите. Не простувате лесно, особено на драгите личности кои нема да бидат покрај вас кога ви се најпотребни. Вашата изразена емотивност дополнително влијае на фактот тешко да простувате, бидејќи сè сфаќате лично.

Лав
Ако не сте во центарот на внимание, ако ве игнорираат, или омаловажуваат, такво нешто нема да заборавите, а камоли да простите. Дури и ќе направите сцена и целото сценарио ќе мораат да го слушаат другите и тоа со часови, можеби и со денови.. Не простувате ако верноста и приврзаноста не се возвратат со иста мерка, било да е во прашање партнерот, или пријателите. Затоа, сепак обидете се да бидете пореални, не се врти сè во животот околу вас.

Девица
Подготвени сте да ги истрпите навредите, но нема да простите ако некој не е директен со вас, бидејќи не поднесувате озборувања. Не сакате порази и изненадувања особено на деловно поле и тоа е нешто што може да ве погоди. Не толерирате и не простувате вулгарно, непристојно и недоделкано однесување, тоа е нешто што навистина ве вади од такт. Не сте ситничави, па лутината бргу ви поминува.

Вага
Вие не толерирате неправда и уживате да бидете забележани и да блескате во друштвото. Ќе бидете длабоко навредени ако некој ве занемари – уживате во комплименти и ласкање. Кога е љубовта во прашање подготвени сте да простите ако ја добиете наклонетоста која ви е потребна од саканата личност. Тоа може да биде симпатично, но не е реална причина за лутење.

Скорпија
Астрологијата зборува дека вие сте најосветољубивиот знак на Зодијакот. Не поднесувате измами во било кој облик и многу тешко простувате. Иако сте емотивни и приврзани кон оние што ги сакате, ако почувствувате измама на своја кожа, ќе подготвите отровна освета. Но, ако за возврат добиете исто онолку колку што давате, другите во вас ќе најдат најдобар пријател и верен партнер.

Стрелец
Иако делувате како многу сурови, вие само немате такт во некои ситуаџции. Ако ви е загрозена професионалната или социјаната позиција станувате исклучително осветољубиви и заборавате што значи да се прости. Во љубовта сте сепак подготвени на компромиси – ако партенрот ги толерира вашите излети ќе бидете толерантни кон него и ќе бидете подготвени да простувате.

Јарец
Ако некогаш во минатото сте биле навредени или потценети, ќе го потиснувате тоа чувство на бес со години, сè додека не ви се укаже можност да вратите дупло. Астрологијата на вашиот знак кажува дека за вас е најважно да добиете признание, било во љубовта или во работата. Тешко простувате предавство, или неверство, бидејќи сте свесни дека луѓето околу вас може да се ослонат на вас – ако некој тоа го изневери, ќе бидете огорчени бидејќи секогаш се трудите да дадете максимум.

Водолија
Не сте злопамтило, но нема да простите ако откриете дека пријателите ве лажат или се обидуваат да ве искористат. Социјалниот дел од животот ви е многу важен баш затоа што ви е слаба точка. Бидејќи во љубовниот живот како и во сите други подрачја, ја сакате слободата и независноста, ќе бидете подготвени многу нешта да му простите на партнерот кој поради својата толеранција кон вас, тоа и ќе го очекува.

Риби
Астрологијата на вашиот знак укажува на вашата потреба да се инатите со другите и тоа често пати на своја штета. Поради вашата нагласена емотивност, долго ги помните навредите и не сте во состојба лесно да простите, бидејќи тешките зборови искрено ве заболеле. Во љубовта сте подготвени на отстапки, дури и на понижувања кои стигнуваат од саканата личност, но кога еднаш ќе одлучите да го нашуштите партнерот, враќањето и простувањето не постојат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2014 во 20:47

КАКОВ ЗНАК СТЕ ВО КИНЕСКИ ХОРОСКОП И ШТО ВЕ ОЧЕКУВА ВО 2015 ГОДИНА

2

Источните хороскопски знаци зависат од годината во која сте родини, па најпрво проверете на кој знак припаѓате според таблицата во продолжение:

Любовен китайски хороскоп за Годината на коня

А еве и што ќе се случува на љубовно поле за секој од 12-те знаци во 2015 година или годината на Овенот:

Глушец

Ова сигурно нема да биде вашата среќна година. мажите имаат помали шанси да ја сретнат љубовта на својот живот оваа година. како и да е, и двата пола треба да вложат доста труд и да научат да си го контролираат карактерот. Да избегнуваат караници со луѓето до себе бидејќи така привлекувате лоша карма. Тоа исто ќе ви пречи и на љубовен план. Ако сеуште сте сингл, ви препорачуваме да трошите повеќе време и пари на вашиот социјален живот.

Бик или Крава

Нема да останете сами во 2015 година. дури е возможно да ја најдете љубовта на вашиот живот. Но имајте во предвид дека врските започнати оваа година ќе бидат бележани со доста солзи и болка. Ако сте во врска ќе се соочите со проблеми како недоверба, критики и сл. дефинитивно треба да се обидете да бидете потолерантни за да ви биде годината добра.

Тигар

На љубовно поле ве очекуваат месеци исполнети со среќа. Ќе биде идеално, ако вашиот партнер е куче. Ако веќе имате врска, сега е моментот да ја продлабочите. Евентуални проблеми очекувајте од трета стана – завидливи и љубоморни пријатели. Откријте кој сака да ви ја уништи врската и бидете внимателни! Но не вадете нокти веднаш. Спонтаната и не разумна реакција може да го направат третиот човек победник.

Зајак

2014 не ви одеше добро на љубовно поле, но новата година ќе биде сосема поинаква – исполнета со среќа и романтика. Социјалниот живот ќе ви биде прекрасен. Луѓето ќе ви посветуваат многу повеќе внимание и ќе ве сакаат. Ќе бидат восхитени од вашата убавина и харизма. Тоа е добра претпоставка за започнување на нова врска. 2015 година е добра за решителен чекор – веридба, свадба, дете…

Змеј

Подобро фокусирајте се на важните за вас работи бидејќи 2015 нема да биде особено романтична за вас. Ако барате љубов ќе треба да се вооружите со трпение – тешко дека ќе ја открите наредниве месеци. Сепак имате некакви шанси во март, август, септември и ноември. Ако имате сериозна врска не се обидувајте да ја продлабочите токму сега. Важно е да ја зачувате врската.

Змија

За змиите Годината на коњот е една прекрасна љубовна година. нема потреба да одиме до детали – осамените ќе си најдат парнер, вљубените ќе изградат стабилни врски, а големи се шансите за брак и деца. Судбината нема да ви биде наклонета само во еден случај – ако се обидувате да седите на два стола!

Коњ

И покрај тоа што оваа година е една од вашите среќни години, нема големи изненадувања на љубовно поле. Но затоа пак ве очекува успех во кариерата како и одличен социјален живот. Ако се обидувате да ја продлабочите започнатата врска премногу брзо, другиот може да побегне. Навистина е подобро да се фокусирате на работата и социјалниот живот, наместо да вршите притисок на љубовно поле.

Коза (Овен)

Ова е вашата година и очекувајте исполнување на вашите најдлабоки желби. Ве очекува плодна година на љубовен план, особено ако сте жена. Ако до сега сте имале проблеми со партнерот, оваа година се ќе се среди. Шансите во 2015 да го сретнете идеалниот партнер се големи. За целта бидете отворени кон нови запознанства и излегувајте почесто.

Мајмун

Ништо посебно нема да се случува на љубовен план. Возможна е кратка афера, но од тоа нема да излезе ништо сериозно. Ако сеуште ја барате љубовта, помислете дали најпрво не треба да ја смените средината, луѓето и начинот на живот. На тоа место, со тие луѓе никогаш нема да го најдете идеалниот партнер.

Петел

Ако до сега сте немале сериозна врска, оваа година дефинитивно ќе имате среќа во љубовта. Шансите да го сретнете човекот на вашиот живот годинава се навистина големи. Ќе имате и активен социјален живот со што шансите за запознавање на вистинскиот човек се дуплираат. Затоа не пропуштајте прилика и кога ќе ве викнат да излезете не двоумете се.

Куче

Ве очекува многу добра година на љубовен план. Се очекува жените од овој знак да станат невести годинава. Но ќе имате конК*ренција, па затоа проверете ги вашите пријатели и дознајте кој од нив заслужува да се нарече пријател. Ако врската започнала пред 2014 или Годината на Коњот, но до сега не била доволно сериозна, времето е соодветно за продлабочување. Оние кои се во брак ќе уживаат во многу љубов, слога и романтика.

Прасе

Ако сте слободни оваа година ќе имате големи шанси да го најдете идеалниот партнер. За целта ќе морате да се потрудите да надминете некои лоши црти од карактерот – обидете се појасно да ја покажувате вашата нежна и емотивна страна. Не судете за луѓето од прв поглед. Научете да ги покажувате и вашите силни страни пред луѓето кои ве подценуваат. Ако сте во врска, оваа година вашата љубов ќе цвета. Уживајте и не грижете се за ништо. Коцките во вашиот живот почнуваат да се подредуваат конечно како што заслужувате.



Изменето од Valerija - 18.Ноември.2014 во 20:49
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2014 во 20:48

ЖИВОТ, ЉУБОВ И КАРИЕРА ЗА СЕКОЈ ЗНАК ОД ЗОДИЈАКОТ ЗА 2015


6

Проверете како ќе изгледа новата 2015 година според вашиот хороскопски знак во поглед на љубовта, општо за животот и во поглед на кариерата. Сето тоа е опишано само во неколку реченици.

ОВЕН

Живот: Среќата ќе биде на ваша страна, посебно последните три месеци од годината. Не плашете се да ризикувате, бидејќи максимално ќе профитирате.

Љубов: Вашата главна цел е да откриете што всушност сакате и ви треба од врската. Време е за малку интроспекција.

Кариера: Вашата креативност е на врвот. Не се ограничувајте и вашите најдобри идеи предложете ги на вашиот надреден, кој за возврат ќе го препознае вашиот огромен потенцијал.

БИК

Живот: Вие сте реални и сакате се да планирате однапред, но, оваа година ќе ве обвие желба за нови спонтани искуства.

Љубов: Ситуацијата ќе биде малку хаотична, ама бидете трпеливи, се ќе тргне на подобро кон крајот на годината.

Кариера: Ќе бидете незадоволни на работа. Започнете да барате нови можности, но, не давајте отказ додека не одлучите што понатаму.

РАК

Живот: Во годината што измина доста работевте на себе, а оваа година ќе уживате во плодовите на вашиот труд- без разлика дали се работи за кариерата, финансиската состојба или љубовниот живот.

Љубов:Уморни од играњето игри, вие ќе бидете искрени спрема луѓето, а новиот пристап ќе ви помогне да го пронајдете вашиот господин Совршен.

Кариера: Поставивте нови цели, но, не се осмелувате да го направите првиот чекор. Поттикнете се самите себе си и работите ќе си доаѓаат сами по себе.


БЛИЗНАЦИ

Живот: Оваа година пријателите ќе играат голема улога во вашиот живот. Некои ќе ве инспирираат да испробате нови работи, а други ќе ви помогнат да ги преминете тешките препреки.

Љубов: Ве привлекуваат лошите момци, но оваа година ќе запознаете дел од оние добрите кои ќе направат да го ревидирате вашиот вкус за мажи.

Кариера: Забавата и работата држете ги разделени. Верувајте има време за се.

ЛАВ

Живот: Следните 12 месеци вашиот живот ќе се врти околу забава. Дружењето и смеењето со пријателите ќе ви ја подобрат енергијата и ќе ви го разубават животот.

Љубов: Во средината на годината очекувајте го вашиот страстен период. Ќе бидете вљубени како никогаш и ќе уживате во страстен секс.

Кариера: Некои луѓе ќе се сомневаат во вашите способности. Докажете дека погрешно ве процениле и потрудете се како никогаш досега.

ДЕВИЦА

Живот: Ќе имате премногу енергија, и повеќе одошто ви е потребно. Искористете ја таа енергија како би ги завршиле работите кои долго време ги одложувавте.

Љубов: Фокусирајте се само на она што ви одговара и решете се од се она што ве нервира.

Кариера:Ќе имате повеќе работа и ќе ви биде понапорно одошто сте се навикнале. Но, сфатете го ова како прилика да ги докажете своите способности.

ВАГА

Живот: Ќе влезете во фаза во која ќе посакате вашата куќа да ја претворите во дом. Создадете удобно гнездо за романтика и дружење.

Љубов: Оваа година ќе се впуштите во спонтан флерт, не размислувајќи за иднината. Живејте во моментот!

Кариера: Во следните шест месеци очекувајте големо напредување на работа.

ШКОРПИЈА

Живот: Прилично сте екстравертни, но оваа година ќе се разбуди вашата интровертна страна.

Љубов: Покажете го вашето вистинско лице на личноста која ви се допаѓа.

Кариера: Шефот ќе ве обожува. Искористете го тоа!

СТРЕЛЕЦ

Живот: Толку многу бевте сконцентрирани на својот живот, што ги запоставивте вашите пријатели. Оваа година е време да преземете нешто околу тоа.

Љубов: Доколку чезнеете за момче кое нема да се плаши од посветеност и интимност, добрата вест за вас е дека ќе го пронајдете.

Кариера: Го дадовте својот максимум на работното место, сега е време да го успорите темпото и да уживате.

ЈАРЕЦ

Живот: Животот ќе ви приреди ситуации, кои ќе морате да ги пребродите.

Љубов: Оваа година ќе размислувате за посериозни љубовни чекори.

Кариера: Добро размислете кому му ги доверувате вашите доверливи бизнис информации.

ВОДОЛИЈА

Живот: Честитаме. Оваа година за вас ќе биде неверојатно успешна и ќе бидете прилично задоволни.

Љубов: Доколку имате потешкотии и проблеми, не се двоумете да побарате помош од вашите пријателки.

Кариера: Ќе сфатите дека не сте доволно платени. Не се двоумите да го побарате заслуженото.

РИБИ

Живот: Преполни со енергија и ентузијазам. Оваа година небото ќе биде вашата граница.

Љубов: Оваа година ќе бидете посебно сентиментални.

Кариера: Ќе морате да му покажете на вашиот шеф за што се сте способни, а најдобро време за тоа ќе биде в лето и есен.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2014 во 20:50

КАКО ДА ЗАВЕДЕТЕ ОДРЕДЕН ХОРОСКОПСКИ ЗНАК

23

Овен

Кога се работи за мување, Овенот сака да му пријдете отворено. Не прашувајте го за дозвола да го бакнете, само сака да го направите тоа веднаш штом ви се пружи прилика. Колку подиректно пристапите, толку подобро. Овните паѓаат и на комлименти, бидејќи сакаат да слушнат дека се најатрактивната личност во просторијата.

Бик

Со Биковите мора бавно и умерено. Појавете се на првиот состанок со некој мал симболичен подарок, бидејќи тие обожаваат подароци. Малку сензуален парфем ќе влијае на него како магнет, бидејќи овој знак многу реагира на ваков стимуланс.

Близнаци

Најбрзиот пат до креветот на Близнаците води преку мозокот. Тој сака да зборува за интелектуални работи. Близнаците многу сакаат стручњаци во некоја област, а колку е темата на разговор покомплицирана, толку подобро. Ако Близнаците го споменат своето најново хоби, прашајте ги дали може да им се придружите, бидејќи најмногу се возбудуваат кога може некому да покажат нешто што знаат.

Рак

Овие месечеви деца имаат меко срце. Ако сакате да влезете во нивниот живот, покажете им ги своите чувства. Покажете ја вашата заинтересираност за добротворни организации, особено за оние кои се поврзани со деца. Раковите сакаат кога постапувате со нив како со деца, па подгответе ручек и викнете го да дојде.

Лав

Ако сакате да го заведете Лавот, фокусирајте се на него како ласер. Давајте му комплименти во врска со сè. Давајте му секогаш сè најдобро, без разлика дали се работи за столот во средината од луксузен ресторан или на пикникот среде парк. Кога светлата ќе се пригушат, поминете со прстите нив неговата коса и шепотете му безобразни зборови на уво… тоа што ќе следува после ќе биде експлозивно.

Девица

Педантноста е особина која мора да ја покажете кога ја заведувате Девицата. Задолжително треба облеката и постелнината да ви бидат чисти, а добро би било и самите да сте беспрекорно средени. Ништо не ја возбудува Девицата повеќе од мирисот на чисто, на сапун или купка.

Вага

Кога треба да ја заведете софистицираната Вага, треба тоа да биде на висок стил, со шампањ и елегантна облека. Вагите сакаат музика, па одењето на концерт би била добра предигра.

Шкорпија

Заведувањето на таинствената Шкорпија е голем предизвик, бидејќи тешко е да ги прочитате нејзините знаци. Немојте да се збуните ако на вашите постапки одговара со шармантна насмевка. А како би требало да изгледа првиот чекор? Земете ја за рака во мрачната кино-сала и поминете со врвовите на прстите преку линијата на нејзините дланки. Водете љубов без зборови и оставете го вашето тело да зборува.

Стрелец

Стрелецот паѓа на духовитост. Смислете нови шеги, кажувајте му вицеви, прераскажувајте му за смешни случувања и оставајте му блескави пораки. Можноста на водење љубов надвор секогаш ќе го возбуди.

Јарец

Достоинствениот Јарец може да биде застрашувачки кога се работи за сексот, но овој секс го заслужува вашиот труд. Постепеното заведување најдобро функционира ка ј Јарците. Ограничете го првиот состанок на долг бакнеж. На вториот милувајте го по грбот, вратот и рамењата. Стратешки повлечете се кога ќе почне да ве моли да го довршите тоа што сте го почнале. Длабоко во себе, тој знае дека за најдобрите работи во животот вреди да се чека.

Водолија

Ако сакате да го заведете овој знак, немојте да зборувате со него на конвенционален начин. Кажете му дека спроведувате сексуално истражување за клиника и дека ви е потребна неговата помош за експериментот. Кажете му дека не сте заинтересирани за физичка врска, но би сакате да сте пријатели. Колку ви е пристапот необичен, толку попривлечни ќе сте за нив. Предизвикајте го да ве бакне.

Риби

Ако сакате да ја заведете Рибата, однесете ја во друг свет. Викнете ја заедно да гледате низ телескоп или гледајте во нивниот аквариум. Откако ќе се задлабочи во тоа што го правите, направете го својот чекот. Брзиот бакнеж во вратот ќе доведе и до поголеми работи. Рибите имаат многу ерогени зони, а стапалата им се особено осетливи.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2014 во 08:51

Довербата и хороскопските знаци: Дали лесно верувате?


Довербата е предност и маана во исто време. Таа постои во пријателството, емотивните врски, семејството, во работата... За жал, тешко е да ја добиете, но многу лесно е да ја изгубите.

doverbata-i-horoskopskite-znaci-dali-lesno-veruvate-01.jpg

Со оглед на тоа, знаците во хороскопот се делат на оние кои лесно ја подаруваат својата доверба и оние кои се тврди како орев.

Во која група спаѓате вие?

Овен

За Овните, довербата е неопходна потреба во животот. Без разлика дали се работи за доверба помеѓу партнерите или пријателите, тие веруваат. Овните секогаш се трудат да ја одржат на високо ниво и да не ја изгубат заради некоја безначајна ситница.


Бик

Биковите потполно се согласуваат дека довербата е неопходна и во секој критичен момент потребна им е барем една личност на која може да и веруваат. Довербата на Бикот се стекнува малку потешко, но сепак е возможна.


Близнаци

Близнаците попрво се здобиваат со доверба, пред да ја дадат својата. Познати се како личности кои со своите вербални способности знаат да ја изнудат истата. За жал, знаат често да ги изиграат луѓето кои им се довериле.


Рак

Раковите важат за најдоверливи луѓе. Во семејството, во пријателството или во љубовта, никогаш нема да ја коцкаат довербата која им е дадена. Верни се и сакаат цврсто да се држат до луѓето на кои им веруваат.


Лав

За Лавовите довербата е работа која многу тешко се дава, но лесно се стекнува. Само големите среќници ја имаат можноста да изградат доверба кај Лавовите. Сепак, кога ќе допрат до скриеното срце на Лавот, подобро е да останат таму.


Девица

Девиците не само што се скептични, туку и тешко ја поднесуваат довербата. Кога Девиците решаваат да ја подарат својата доверба, значи дека личноста била ставена на безброј тестови, процени и анализи кои несвесно успешно ги поминала.

doverbata-i-horoskopskite-znaci-dali-lesno-veruvate-02.jpg

Вага

Вагите сакаат кога постои доверба во врската. Тие постојано ја истакнуваат важноста на довербата, иако многу веројатно е дека Вагите први ќе скршнат од овој пат. Сепак, тоа го прават тајно и тешко дека некогаш ќе откриете дали ја изневерила вашата доверба.


Скорпија

Скорпиите се вистински тврди ореви кога се работи за довербата. Ќе мора да се потрудите со натприродни моќи за да ја добиете нивната доверба и уште повеќе за да не ја загубите. Затоа, подобро е да не ги изигрувате Скорпиите.


Стрелец

Стрелците се оптимисти кои се свесни дека не се луѓе за доверба, па често не сакаат да ја подаруваат ниту својата. Многу почесто тие добиваат доверба, но ја сметаат за обврска и одговорност, па се трудат вешто да ја избегнуваат.


Јарец

Јарецот тешко ја споделува довербата, без разлика за кого се работи. За нивната наклонетост ќе треба да се потрудите многу повеќе, а кога ќе ја добиете, обидете се да ја сочувате. Јарците не се добро друштво за луѓе кои лесно се откажуваат, па затоа само најупорните може да очекуваат доверба од нив.


Водолија

Водолиите веруваат во пријателите и тие им се најсветлата точка во животот. Ако Водолијата ја изгуби довербата во пријателите, се чувствува како да изгубила дел од себе. Исто така посебно ја ценат довербата која ја добиваат.


Риби

Рибите за жал се најлесно доверливи, па најчесто се и разочарани. Сакаат да веруваат во добрината на луѓето, па не си даваат време за реална проценка. Затоа Риби, нареден пат внимавајте на кого се потпирате!

Колку лесно ја подарувате довербата?



Изменето од Valerija - 19.Ноември.2014 во 08:52
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2014 во 16:28

КОЈ Е НАЈДОМИНАНТНИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК?

16

Жена Лав

Лавиците можете да ги пронајдете на популарни места.Тие се оние кои уживаат на сонце, арогантно доминирајќи во кругот на пријателите, замислувајќи го амбиентот на ресторанот како театарска сцена на која нивната улога е најважна. Да, тоа се жените Лавови, за нив животот е сериозна игра.

Тие се родени лидери и господари на останатите луѓе, но тоа го прават на навистина посебен начин, така што никогаш нема незадоволни во нивната околина.

Природата богато ги надарила, па во нив има толку многу енергија, памет, убавина и сексапил, што е доволно и за неколку луѓе. Ако имате комплекс на помала вредност, избегнувајте ги овие жени во поширокиот хоризонт. Овие жени може да ве дотолчат со својата нарцисоидност.

Лавицата не може да живее без публика и потребно ѝ е воодушевувањето од другите. Не бидете љубоморни на нејзината склоност да биде во центарот на вниманието во просторија полна со занесни фраери. Секогаш ќе се вртат глави по неа, каде и да се појави. Често ќе кокетира, но тоа е начинот на кој го прикрива чудниот страв дека не е толку посакувана.

Внимавајте! Премногу се горди и достоинствени за да губат време на бесмислици, затоа сфатете ги нивните потреби за време и однесување во согласност со нив.

Маж Лав

Со задоволство оди на различни прослави каде најчесто е во центарот на вниманието, но тој не е тип кој глуми кловн во друштвото. Тоа е само негова маска, за да привлече публика.

Без оглед на изгледот, нема никакви несоодветни или глупави движења во неговото однесување. Тој точно знае што сака, а тоа обично и го добива.

Лавот сака да се занимава со некој спорт, а како што станува повозрасен и навлегува во зрелите години, така се намалува и неговиот порив за спортски активности. Меката фотелја станува негов омилен спорт. Чудно, но вистинито, лавовите ретко имаат големи семејства. Се заљубуваат во убави жени со одличен вкус и стил за облекување.

Тие се особено трпеливи и толерантни, но под нивниот кралски углед е скриено е големото его и арогантното однесување кое секогаш може да излезе на површина. Секогаш се спремни за напад  ако некој им противречи.

Најмногу од сè, Лавот мрази жени со слаба интелигенција и образование. Сентиментално се чувствителни на сите комплименти кои се упатени на нивниот изглед или интелигенција и тоа толку многу, што дури се подготвени за нив да направат нешто и на своја штета.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2014 во 16:30

КАКОВ Е ВАШИОТ ТЕМПЕРАМЕНТ ВО ЗАВИСНОСТ ОД ХОРОСКОПСКИОТ ЗНАК?

10

Сите знаеме дека хороскопските знаци се делат на 4 групи – огнени, водени, воздушни и земни. Според експертите секој еден карактер одговара на соодветниот природен елемент. Каков е вашиот темперамент во зависност од хороскопскиот знак, дознајте сега:

Оган – Овен, Лав и Стрелец

Огнените луѓе се спонтани, енергични и секогаш полни со елан. Тие не сакаат да се задржуваат долго на едно место и не треба да го прават тоа. Родени се да спознаваат нови хоризонти и да победуваат. Она што најмногу ги иритира е досадата, монотонијата и застојот. Во љубовта не поднесуваат златна средина. Огнените луѓе горат до крај, макар и понекогаш да испепелуваат се пред себе по патот. Поседуваат висок дух, самодоверба, ентузијазам, како и огромен стремеж кон слобода. Никогаш не правете ја грешката да ги спречувате или да ги принудувате да прават нешто што не сакаат – ќе пострадате!

Земја – Бик, Девица, Јарец

Стабилно стоејќи на земјата, овие луѓе прават шеми и планови додека останатите само сонуваат. И ако останатите се впуштиле во очај и се чувствуваат безпомошни проголтани од финансиската криза, земните знаци никогаш не паѓаат на грб и секогаш наоѓаат излез од ситуацијата. Таквите луѓе ретко мечтаат, тие сакаат реални резултати и поседуваат доволно трпение и сили за да ги постигнат. Се одликуваат со вродено разбирање за светот и тешко се плашат од било што. Не паѓаат духовно и се борат со сите сили до крај, за да го добијат своето.

Воздух – Близнаци, Вага, Водолија

Тие се секогаш над ситуацијата. Не сакаат да се мешаат во животот на другите, но не дозволуваат ни другите да се мешаат во нивниот. Не даваат совети и не сакаат совети. Силно се уверени во тоа дека на овој свет никој на никого не е должен. Не се ситничави, туку напротив. Воздушните знаци се опишани како отворени луѓе со широки погледи кон светот што ги заобиколува. Ете зошто тешко би ги трогнале со солзи и лични драми. Ќе ви помогнат сигурно, но тешко дека ќе ви сочувствуваат.

Вода – Рак, Шкорпија, Риби

Овие луѓе се целосно предадени на сетилата. Имаат неверојатно шесто чуло и понекогаш знаат да плашат со дарбата за предвидување. Не чудете се како го прават тоа, тие едноставно умеат. За себе ретко зборуваат и малку откриваат. Можеби мислите дека добро ги познавате, во моментите кога се емоционално нестабилни, но тоа е заблуда. Но ако сакате да знаете што е вистинска љубов, насочете се кон воден знак но понесете и спасителен појас зошто постои ризик да се удавите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2014 во 11:11

ПОМЕЃУ КОИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ПОСТОИ МАГИЧНА ПРИВЛЕЧНОСТ ОД ПРВ ПОГЛЕД?

15

Кај спротивните астролошки знаци, постои една моќна меѓусебна привлечност уште од самиот почеток, но исто така тие се соочуваат и со моќни предизвици во врската, кои доаѓаат до израз поради нивните целосно спротивставени карактери.
Како што се привлекуваат плусот и минусот кај батериите, така и помеѓу знаците кои се наоѓаат на спротивните страни на хороскопското тркало, се создаваат искри кои можат да прераснат во страсна љубовна врска. Но, поминувањето многу време со некој кој има целосно различен поглед кон животот од вашиот, може да биде многу измачувачки, па после некое време батеријата во вашата врска ќе мора да биде променета. Дознајте како вие и вашиот спротивен знак во хороскопот можете да ја вратите искрата во вашата врска која ве споила на почетокот.

 

 

  • Овен и Вага

Кога овен и вага се запознаваат, помеѓу нив инстантно почнува да се разгорува една страсна искра, благодарение на енергичноста и нескротливиот сексапил на овенот и нежниот шарм и суптилноста на вагата. Но, со тек на време, искрата може да се разгори во нетрпеливост помеѓу нив, бидејќи на овенот може да му досади од префинетите манири на вагата, а таа пак може да почне да се моли овенот некогаш да научи да се однесува поцивилизирано. Доколку сакате во вашата врска да продолжат да пулсираат искри на страст, наместо искри на гнев, престанете да војувате еден со друг и заедничката енергија употребете ја за да створите нешто реално – започнете бизнис, изградете куќа или едноставно заеднички згответе вечера. Кога вашите комплементарни вештини ќе ги ставите во игра, ќе се потсетите дека вие сте еден одличен пар.

 

 

  • Бик и Шкорпија

Оваа љубовна комбинација е „жешка“ уште на самиот почеток на врската. Кога лекомислениот, сензуален бик ќе се судри со неодоливата страст на скорпијата, кај овие партнери еруптира нескротлива сексуална желба. Но, со тек на време на бикот може да му досади од напнатоста на скорпијата, а таа пак може да смета дека бикот е честопати опуштен повеќе отколку што треба. Можеби ќе звучи иронично, но за да ја одржите искрата во вашата врска, вие треба да излезете од спалната соба и да поминете попладне дружејќи се со пријателите или да отидете на концерт, на журка или на кое било место каде ќе бидете опкружени со многу луѓе. Социјализирањето ќе ви помогне да внесете свежина во вашата врска и ќе ви создаде чувство на сексуална жед еден за друг, во ситуација во која ќе можете само да се гледате.

 

  • Близнаци и Стрелец

Во моментот кога интелектуалниот, ведар близнак ќе се запознае со мудриот, филозофски настроен стрелец, помеѓу нив веднаш се создава магична привлечност и меѓусебна почит. Но, вашите тотално спротивни погледи кон животот, можат да ве одведат до фрустрирачки чувства. Близнакот ќе почне да се нервира од ставот на стрелецот „Јас знам сè“, а него пак може да почне да го иритира постојаното брборење и желбата за озборување на близнакот. За да не се случуваат вакви напнати ситуации, обидете се да ја пренасочите вашата тензија во романтични прошетки во царството на природата и имагинацијата. Отидете заедно на пливање, на егзотичен остров, на планинарење или едноставно поминете попладне заеднички уживајќи во добра музика, гледајќи интересен филм или разгледувајќи уметнички дела на некоја изложба. Ослободувањето на вашите мисли од секојдневните обврски, може да ја врати страста во вашата врска и да ви даде нови, возбудливи теми на муабет.

 

 

  • Рак и Јарец

Кога емотивниот рак, на кој му е потребен стабилен љубовен живот, ќе се запознае со сериозниот, силен и тивок јарец, инстантно се создава обострана привлечност. Оваа е од оние класични љубовни врски, во која ракот е нежниот партнер, кој секогаш дава поддршка и утеха, а јарецот е посилниот партнер, кој го носи лебот во куќата. Но, со тек на време ракот може да се почувствува игнорирано од страна на јарецот, а тој од своја страна, може да смета дека ракот понекогаш е премногу наметлив. За да спречите да се оладат односите во вашата врска, вие двајца треба да запомните дека не сте само партнери, туку и љубовници. Следете го примерот на љубовните парови во старите филмови и излезете од куќата (ако имате деца оставете ги кај бабата и дедото) и почестете се со еден вистински старомоден љубовен состанок. Отидете во ексклузивен ресторан, напијте се шампањско, разменете си романтични подароци, а кога ќе се вратите дома, облечете ја најпровокативната долна облека што ја имате и лизнете се под чаршавите.

 

 

  • Лав и Водолија

Помеѓу овие двајца партнери експлодира сексуална привлечност, во истиот момент кога самоуверениот лав, кој се однесува како крал/кралица ќе се запознае со непристојната водолија. Фактот што водолијата одбива да се „поклонува“ пред лавот, него го возбудува и фасцинира. Таа пак, му се восхитува на способноста на лавот, да ја „маѓепса“ секоја просторија во која ќе влезе со неговиот неодолив шарм и харизма. Како и да е, со тек на време, на водолијата може да ù здодее од непоправливата потреба на лавот за внимание, а тој може да се мурти доколку водолијата не го почитува вообичаеното социјално однесување. Кога ќе решите да ја закопате секирата во мед, одвлечете се еден со друг до спалната соба. Заеднички поминатото време, подалеку од гужви и уживањето во физичката страна на вашата врска е најсигурниот начин да го најдете вашиот заеднички јазик и да ја вратите сексуалната енергија.

 

  • Девица и Риби

Девицата е пред сè организирана и практична личност, а рибата го живее животот вешто одбегнувајќи ги секојдневните рутини кои и ја ограничуваат слободата. Кога претставници на овие два знака стапуваат во љубовна врска, тие се возбудени и стимулирани од можноста меѓусебно да си помогнат да станат подобри личности. Така, дисциплинираната девица може да и помогне на рибата организирано да си ги завршува обврските, а таа пак може да и покаже на девицата како да се релаксира и да почне повеќе да го живее животот. Со тек на време, девицата може да почне да ја иритира непостојаноста на рибата, а на неа може да почне да и пречи тенденцијата на девицата кон преголемо критикување и контролирање.
Клучот за повторно враќање на страста во вашата врска, е во редовното менување на амбиентот во вашата врска. Тоа ќе го постигнете доколку практикувате патување во некоја земја која ја немате посетено, заедно се запишете на К*рс по странски јазик или доколку едноставно отидете во некој нов ресторан надвор од градот. На девицата добро ќе и дојде било каква промена во рутинското секојдневие, а рибата ќе ја цени способноста на девицата одлично да го испланира патувањето, да се сети да резервира маса во ресторанот или да „впие“ голем број нови зборови на К*рсот по странски јазик.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2014 во 16:10

ХОРОСКОПСКИ КОМБИНАЦИИ КОИ НАЈЧЕСТО ЗАВРШУВААТ СО БРАК

???????????????????????????????

Германецот Гинтер Сакс, кој е математичар, спортист, филозоф, економист, претприемач, фотограф и режисер, решил да ги обработи и систематизира информациите за Хороскопските знаци на базата на емпириски податоци.

Целта на Германецот била да докаже дека во астрологијата постојат природни законитости, кои не се мит и не се базираат единствено на совпаѓања.

Обработените податоци биле собрани од бироата за попис на населението во Швајцарија, бидејќи оваа европска земја собира детални информации за луѓето.

Секоја картичка го покажувала датумот и точното време на раѓање на човекот. Оваа информација била систематизирана според Хороскопските знаци.

На крајот студијата утврдила дека од астролошката литература заинтересирани се првенствено претставниците на знаците Шкорпија, Рак, Стрелец, Водолија и Риби.

Во спротивниот крај од скалата се наоѓале знаците Овен, Бик, Близнаци, Лав и Девица кои ретко посегнуваат по книги со астролошка тематика.

Собраните податоци покажале дека постојат Хороскопски комбинации, кои се со силна атракција едни за други.
Така на пример е утврдено дека Хороскопските знаци Јарец, Водолија, Овен, Девица и Стрелец често склучуваат брак со неговиот Хороскопски знак.

Голем процент од браковите биле склучени меѓу мажи Бикови и жени Вага, Шкорпија мажи и жени Риби, мажи Риби и жени Шкорпија, Стрелец мажи и жени Овен.

Знаците кои најретко стигнуваат до олтарот, се мажите Водолија и жените Бик, мажите Водолија и жените Шкорпија, мажите Лав и жените Водолија.

Силна некомпатибилност покажале и знаците Овен и Рак, Вага и Јарец, Вага и Бик, Вага и Лав, Шкорпија и Водолија, Шкорпија и Близнаци, Шкорпија и Девица, Стрелец и Риби.

Истражувањето покажало и дека претставниците на знаците Стрелец и Шкорпија пројавуваат најслаба желба за брак кај мажите, а кај жените Стрелците и Близнаците најчесто бегаат од женидба. Најмногу силна желба за задомување пројавуваат Раковите и Лавовите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2014 во 16:12

СПОРЕД ХОРОСКОПОТ: КАКО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО БОЛНО РАСКИНУВАЊЕ?

15
Знаците во хороскопот се поделени во четири категории кои носат посебни заеднички карактеристики. Погледнете на која категорија што и` треба после разделбата.

Огнени знаци: Овен, Лав и Стрелец
Покажувањето на вашиот бес и тага, како и непрекината физичка и ментална активност се клуч за успех кон патот за залечување на вашето скршено срце. Доколку сте лути поради начинот на кој завршила вашата врска, задолжително разговарајте со вашите пријатели или со некој експерт за тоа.

Чувањето на насобран бес во себе, може да ви создаде само дополнителни проблеми во вашите идни врски. Вежбањето исто така е клучно за целиот овој процес, затоа бидете активни што е можно повеќе.
Земјени знаци: Бик, Девица и Јарец
Луѓето родени во овие знаци се склони да си ги задржуваат емоциите во себе, па затоа многу е важно да ги насочите во правење на нешто креативно. Земјените знаци се многу практични луѓе, затоа направете рестарт на својот живот и смислете нови планови и идеи кои ќе ја оживеат вашата кариера и финансиска ситуација. На овој начин ќе ја осигурате финансиската стабилност во овие тешки времиња, а истовремено ќе се потсетите себеси дека постојат и други работи кои го заслужуваат вашето време и енергија, покрај љубовните врски.
Воздушни знаци: Близнаци, Вага и Водолија
Комуникацијата со другите луѓе е најважната работа која можете да ја практикувате за заздравување после тешко раскинување на врска. Ова е одлична прилика да сфатите кои луѓе во животот ви се важни, бидејќи тие во овие тешки ситуации ќе ви бидат од неизмерна помош. Многу е важно да го чуете мислењето на луѓето на кои сте им важни, во врска со вашето раскинување на врската, бидејќи токму тоа „второ мислење“ ќе ви помогне да ги ставите работите во перспектива. Конечно, обновувањето на другарствата на кои не сте им обрнувале доволно внимание за време на врската, се  работа на која треба да ѝ се посветите.
Водени знаци: Рак, Шкорпија и Риби
Водените знаци се познати по својата чувствителност, затоа многу е важно да не штедите на солзи и да ја исплачете сета тага од себе. Направете пауза и земете си колку што ви е потребно време за да продолжите кога ќе бидете сигурни дека сте ја прежалиле пропаднатата врска. Покрај тоа, секогаш можете да си допуштите нешто за „своја душа и тело“, како на пример викенд во спа-центар или доколку сте куси со пари, бања со миризлива купка во вашиот дом. За разлика од воздушните знаци, на водените знаци им треба што поограничен контакт со луѓе и дружење само со оние најблиските. Не дозволувајте никој да ве става под притисок што побрзо да се вратите во „нормала“, пред вие да бидете спремни за тоа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 119120121122123 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.