IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Магијата на Африка
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Магијата на Африка

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Магијата на Африка
    Испратена: 07.Април.2012 во 12:51

Јужноафриканската Република, нарекувана уште и Јужна Африка, е република лоцирана на јужниот крај на Африка. Се граничи со Намибија, Боцвана, Зимбабве, Мозамбик и Свазиленд. Лесото е независна територија, целосно опкружена со територијата на Јужна Африка.

Јужна Африка има најбројно население од европско потекло во Африка, најбројно индиско население надвор од Азија, како и најбројна обоена (од мешано европско и африканско потекло) заедница во Африка, што ја прави една од најшарените земји во етничка смисла на континентот. Расните и етничките борби помеѓу мнозинството на црнците и малцинството на белците играле голема улога во историјата иполитиката на земјата. Националната партија ја воведува политиката на апартхејд по победата на изборите во 1948, но истата партија под водството на Ф.В. де Клерк ќе започне да ја напушта таа политика во 1990, по долга борба со мнозинството црнци, како и многу белци, обоени и Индијци од Јужна Африка.

Земјата е една од ретките во Африка што никогаш не доживеала државен удар и редовни и демократски избори се одржуваат од 1994, што ја прават регионална сила и една од најстабилните либерални демократии во Африка. Економијата на Јужна Африка е најголема и најразвиена на целиот африкански континент, со модерна инфраструктура низ целата земја.

 

Јужноафриканската Република е поделена во девет провинции:

  1. Западен Кејп (Кејптаун)
  2. Северен Кејп (Кимберли)
  3. Источен Кејп (Бишо)
  4. Натал (Питермарицбург)
  5. Фристејт (Блумфонтејн)
  6. Северозападот (Мафекинг)
  7. Гаутенг (Јоханесбург)
  8. Мпумаланга (Нелспруит)
  9. Лимпопо (Полокване)

Население:

  • од 0 до 14 години: 28.9% (мажи 7 093 328; жени 7 061 579)
  • од 15 до 64 години: 65.8% (мажи 16 275 424; жени 15 984 181)
  • над 65: 5.4% (мажи 1 075 117; жени 1 562 860)

 

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2012 во 12:52

Tekstovite vo prodolzenie se sopstvenost na sajtot Stipka

 
Јужна Африка: Garden Route
 

Јужна Африка е една од најразновидните и волшебни земји во светот.

Претставува една голема егзотична комбинација од пејсажи, луѓе, историја и култура, која што на туристите и патниците им нуди уникатни и инспиративни искуства. Таа преставува мешавина од култура на таканаречениот ’трети‘ и ’прв‘ свет, во која меѓу другото се наоѓаат и најубавите и воедно најненаселени и преполнети со луѓе плажи во светот. Затоа ние од денес ќе отвориме еден мал серијал во кој ќе ги претставуваме убавините на оваа најјужна држава на црниот континент. А ќе започнеме со:


Garden Route



Garden Route претставува крајбрежен коридор на западниот брег на Јужноафриканската република, исполнет со древни шуми, реки, мочуришта, песочни дини, километарски долги плажи, езера, планински врвови, кои сите заедно споени во хармонија каква што само природата може да ја создаде.

Ова е линија на земјата каква што буквално не постои на ниедно друго место во светот, во смисла на убавина, природни атракции и уникатна флора и фауна и од таму и доаѓа и името, што во превод би му дошло „Патот Градина“. Три од највисоките врвови во Јужна Африка се наоѓаат овде – The Otter Trail, Tsitsikama и Dolphin Trails се гребените поктај самиот океан, каде што ретко стапнува човечко стапало и благодарение на тоа се скоро комплетно неизменети со векови, па и милениуми наназад.

Garden Route е вистински рај за љубителите на екологијата, оние кои обожаваат да посматраат птици и трагачите по осаменост. Воопшто, ова е еден од најубавите предели на делот од земјата познат како Western Cape. Се наоѓа како во сендвич помеѓу планините Outeniqua и Атлантскиот Океан и од таму е незаобиколна точка на маршутата на сите туристи кои имаат обичај да одат подалеку од вообичаените дестинации. Помеѓу домашното население на Јужна Африка, Garden Route е популарна дестинација за одмор,за време на празниците во лето и место за комплетен мир каде што можете да се ’скриете‘ и да ги наполните батериите за време на зимскиот период (да, инаку и во Јужна Африка има зимо). Токму така, обете сезони се подеднакво убави и посетени, благодарение на медитеранската клима која преовладува овде.

Бидејќи знаеме дека шансите за посета на ова место на обичен смртник од Македонија се помали од добивање на истовремена понуда за брак од Monica Bellucci и Jessica Alba во исто време кај мажите и Brad Pitt и Johnny Depp кај жените, ние ви припремивме убава галерија со фотографии за кои сме сигурни дека ќе ви се допаднат!







Изменето од evangeline - 07.Декември.2014 во 13:35
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2012 во 12:54
Атракциите на Cape Town
 

Во вториот дел од запознавањето со Јужноафриканската република, ќе ви го претставиме градот кој е втор по големина и значајност во оваа држава, за која што, како што веќе кажавме во претходниот дел, е една од најубавите на Африканскиот континент.

Точно е дека Cape Town исто така важи и за едно од најопасните урбани места на светот, поради стапката на криминал која што овде се манифестира со астрономски амплитуди, но сепак тоа не е причина да му се оспоруваат убавите страни кои ги поседува во изобилие. Впрочем, како прилог на тоа оди и фасцинантната бројка од над еден и половина милион туристи кои годишно го посетуваат. Но да започнеме по ред...

Со волшебната Table Mountain која што се издига на задниот дел од градот, Cape Town со години наназад редовно е набројуван помеѓу топ најубавите градови во светот. Оваа метропола претставува хармоничната мешавина од архитектонски стилови кои што го рефлектираат вкусот кој што бил диктиран во минатото, во комбинација со пофункционалните потреби на современата градба. Помеѓу високите облакодери во кои се сместени бизнис центрите, се наоѓаат градбите кои го носат предзнакот Edwardian-ски и Victorian-ски, кои се методично презервирани, заедно со многу други примери на холандската архитектура кои што можат да се најдат во овој дел. Тесни, камено поплочени улички (калдрми – што би се рекло по нашки), со силно влијателен Исламски амбиент на населбата со име Bo - Kaap, сведочат за космополитскиот карактер на градот.

Шопингот во Cape Town е покана за доживување на ’слатки маки‘. Елегантните шопинг центри како Victoria Wharf во делот на градот познат како V&A Waterfront, продавници за антиквитети, занаетчиски работилници, отворени пазари (по доста карактеристики слични на нашите) и уметнички галерии, сево ова ви нуди можност да ги задоволите сите ваши шопингохоличарски потреби. Бутици специјализирани за невообичаени предмети кои не може да се најдат на некое друго место во светот, ги маѓепсуваат минувачите со своите заводливо накитени излози. Додека гурманите и љубителите на вино имаат огромен избор во продавниците, да се почестат себе си со автентични вина од Јужна Африка, произведени во некоја од бројните винарии, кои што важат за едни од најдобрите на светот, а кои ќе ви ги претставиме наредниот пат. Храната е исто така разновидна, од традиционални африкански рецепти, па истите во комбинација со европскиот колонијален шмек, па се до извонредни морски специјалитети.

Се што ви треба за почеток се некои 1 500 евра за повратна карта, а за другото, па доколку веќе стигнете овде, сигурно ќе се најде нешто и за џепарац. Во меѓувреме уживајте во галеријата од Cape Town која што ви ја подготвивме.

Една од најзначајните градби од времето на владеењето на холандскиот крал Edward

Концертната зграда на филхармонијата





Изменето од evangeline - 07.Декември.2014 во 13:46
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2012 во 12:55
Винариите Cape
 
 

Во претходниот дел за Cape Town ви спомнавме дека овде се произведуваат и пијат едни од најдобрите вина во светот. Овој пат ќе се задржиме конкретно на местото во близина на Cape Town, каде што се одвива овој процес.

Плодните зелени долини на пределот познат како Cape Winelands, се ’опколени‘ со високи планини кои како богови на виното го чуваат својот имот. Во малите градови и селата се наоѓаат фарми и имоти со историско и монументално значење за целиот континент и каде што овошни расадници можат да бидат видени слично како и на многу места низ светот. Медитеранската клима и зимските дождови на југозападен Cape, се заслужни за производството на најдобрите вина во земјата.

Богатата и плодна почва во долината на реката Breede и посебно областите на Somerset West, Paarl, Stellenbosch и Franschhoek, со години наназад се познати низ цел свет помеѓу винските синеасти, по нивните бели, црвени, розе вина, како и по производството на Шери и Коњак. Ова е навистина место кое што е сон за секој еснаф љубител на добрата капка, кој што овде би го пронашол своето светилиште и вечно пребивалиште. Видете за што ви говориме:





Изменето од evangeline - 07.Декември.2014 во 13:52
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2012 во 12:56
Johannesburg
 
 
 

Во нашето патешествие низ прекрасната Јужна Африка, денешново патување не носи кон престолнината, Johannesburg. Град кој што го карактеризираат контрадикторности и комбинација од изразени и непремостливи разлики. Најголемиот град во Јужноафриканската република е исто и најбогатиот и без сомнеж насилниот економски мотор на целиот африкански континент.

Johannesburg е мегалополис кој функционира како жив организам во кој постојано нешто се случува, со нагласена активност и концентрација кон економските деланија – без разлика дали тоа се случува на берзите или на самите улици – и тоа е така уште кога за прв пат беа откриени најголемите светски наоѓалишта на злато, во 1880 – тите години.

Посетителот кој што за прв пат ќе се најде во Johannesburg, или Jozi, како што го нарекуваат локалците , може да се почувствува заплашен и тоа најмногу поради некоректните интерпретации во медиумите на некои настани како вистински воени зони и битки. Секако дека овде постои криминал, но кога еднаш ќе ги посетите и почувствувате вибрациите на Jozi, ќе посакате повторно да се вратите овде.

alt

Johannesburg се наоѓа во друштвото на 50-те најголеми градови во светот, а најголем град во светот кој што не е лоциран на река, езеро или покрај брег. Стариот и строго градски дел на градот брои над 1, 6 милиони жители, додека целата градска област е близу 4 милиони. Додека широката област на градот, во која се вклучени и малите гратчиња околу него, кои циркулираат во неговата линија на виталност, брои скоро 7 милиони.

Внатрешниот дел, или Johannesburg Inner City, како што го нарекуваат пред извесен период има доживеано своевиден бизнис егзодус, со тоа што главните економски движења се имаат преместено во областа Sandton (која моментално е најбогата во целата област). Па така годиниве, во овој дел од градот се среќаваат единствено најупорните (die hard) туристи. Делот во близина на градското собрание, познат како Newtown Cultural Precinct е комплетно трансформирана од област која што порано била големо пазариште, во срцевина на урбаното живеење, па така благодарение на тоа, Johannesburg Inner City се уште останал дел во кој што се вработени најголем број на луѓе во целата држава.

Една карактеристика со која се гордее градот е дека низ него е распространето зеленило, кое официјално брои 6 милиони дрва. Така да доколку огладните при прошетката низ Johannesburg во текот на летните горештини и се решите да седнете во ресторан, веднаш знајте дека ручекот ќе ви биди под дебела сенка. Логично и следствено на ова, градот изобилува со голем број паркови и природни резервати во самите урбани средини, како што се Emmarentia Dam или пак Walter Sisulu National Botanical Garden; кој што и тоа како вредат да се посетат. Но сега за сега, уживајте во галеријата на фотографии кои што ние ја подготвивме.

alt

alt

alt

alt

alt

alt

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2012 во 12:58
Mpumalanga
 
 

Mpumalanga е една од топ туристичките дестинации на Јужноафриканската Република...

Исто така позната и како „Земјата на рајот“, многу малку региони во светот може да се споредат со оваа во секој поглед вонредна убавина на натурална естетика од флора и фауна, во која човекот за среќа не успеал многу да измени. Mpumalanga покрива скоро 80 000 km², од високи и извиени планини и гребени, до возвишени пасишта и бујни мочуришта.

Туристичките власти на Mpumalanga имаат создадено и одбележао неколку региони со посебно означени стази и патишта, со кои што ги канат посетителите во спектакуларната провинција Mpumalanga, на незаборавно патување низ седумте области и атракции кои што мора да се видат и доживеат. Видете за што станува збор...

alt

alt

alt

alt

alt

alt

alt

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2014 во 06:32

12 РАБОТИ КОИ НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ ЗА ЈУЖНА АФРИКА

Туристите знаат многу работи за Јужна Африка, но има и работи кои сигурни сме дека не ги знаат. Јужна Африка стана популарна дестинација по Светското првенство во фудбал во 2010 година.

Таа е со големина на Германија, Франција и Италија заедно. Деветте провинции во земјата се многу различни, што се однесува до вегетацијата, климата и дивата природа. Во Јужна Африка живеат околу 51 милиони луѓе, а годишно ја посетуваат околу 8.5 милиони туристи.

Според владиниот план до 2020 година се очекува 15 милиони туристи да ја посетуваат земјата годишно. Туристи од целиот свет доаѓаат за да видат еден од најубавите градови во светот - Кејптаун, како и Националниот парк Кругер, кој е еден од најголемите резервати во Африка. Сепак постојат неколку работи што не секој ги знае за Јужна Африка.

1. Водопадот Tugela има 948 метри и тој е втор по височина водопади во светот. Највисокиот е Angel Falls во Венецуела, висок 979 метри.

2. Во Јужна Африка има околу 20 000 домашни растителни видови (околу десет проценти од сите растителни видови во светот). 80 проценти од нив се јужноафрикански.

3. Во пасиштата на Јужна Африка има 30 различни растителни и животински видови на квадратен километар - тоа е поголема разновидност отколку во тропските шуми.

4. Во Јужна Африка се наоѓа најголемиот во светот "кратер", предизвикан од метеорит, до реката Ваал при Parys. Пред околу две милијарди години таму паднал метеорит - уште пред да имало дури кислород и многоклеточни животни на Земјата.

5. Камените формации околу Барбертон во провинцијата Бумаланга припаѓаат меѓу најстарите во светот - тие имаат повеќе од три милијарди години. Тие се лесно достапни за научниците од НАСА, кои собираат знаење за развојот на животот на далечните планети.

6. Терапсидите се предци на цицачите и живееле пред повеќе од 200 милиони години, многу пред диносаурусите. Најголемиот број фосили на терапсиди се наоѓа во Кару. Денес овој дел е полу-пустинскиот.

7. Во Јужна Африка се наоѓа дијамантскиот рудник "Кимберли", која се смета за најголемата дупка, ископана од човечка рака.

8. Јужна Африка е дом на најмалите сукулентни растенија (помали од 10 милиметри), како и на најголемото дрво, Баобаб.

9. Опсерваторијата Садарленд во северен Кејп е едно од најпознатите геолошки места на Земјата, иако има вулкан таму, кој официјално се уште е активен.

10. Езерото Funduzi веројатно е единственото езеро со свежа вода, создадено од лизгање на земјиштето.

11. Во Јужна Африка се наоѓа најдолгиот пат за вино во светот: вински пат R62.

12. Јужна Африка е втора по големина светски производител на макадамија. Снегулките, како и нивните масла се извезуваат на целиот свет.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2014 во 06:34

ТОЈ МАГИЧЕН СВЕТ – ЈУЖНА АФРИКА :))))


Африка е огромен континент полн со прекрасни места. Да се одберат 10-те најубави места во Африка е навистина тешко, но доколку мора да изберете една држава која треба да ја посетите тоа сигурно мора да биде Јужна Африка. Ви ја предлагаме оваа листа на дестинации доколку се решите да го посетите „црниот континент“ и прекрасната Јужна Африка.

1a

1b

1c

1. Планината Тејбл е планина која има уникатен рамен врв и буквално изгледа како маса. Оваа уникатна планина ќе ве воодушеви со прекрасните глетки и својата единственост.

2a

2b

2c

2. Масаи Мара нуди прекрасни пространи савани и недопрена дивина која ќе ве остави без здив. Таму се наоѓа прекрасниот резерват кој ви нуди незаборавно садари патување. Освен со џип, убавините на Масаи Мара може да ги доживеете и со воздушен балон.

3a

3b

3c

3. Гарден Рут (Патот на градините) е пат кој се простира покрај прекрасно крајбрежје. Долг е околу 200 км, а започива во гратчето Витсанд и завршува кај планината Тстисикама, која изгледа како шума од бајките. Долж целиот пат сте опкружени со прекрасни растенија, дрва и цвеќиња,  како и езера, реки и прекрасни песочни плажи крај океанот.

4a

4b

4c

4. Националниот парк Кругер е резерват кој нуди доживување на вистинските квалитети на Африка. Недопрената природа и непредвидливоста на дивината ви нудат незаборавно искуство. Овој национален парк е најголем во Јужна Африка, а во светски рамки е признат како една од најдобрите локации за сафари.

5a

5b

5c

5. Гратчето Кнусна, кое се наоѓа долж Гарден Рут, е опкружено со прекрасни езера, огромни шуми и преубави плажи. Овој град е најдобриот туристички град во Јужна Африка, заради одличните ресторани и врвната услуга на локалите.

6a

6b

6c

6. Викториините водопади се едно од најубавите чуда на природата. Со своите импресивни 1708 метри, Викториините водопади се најголемите водопади на светот. Доколку имате можност да ги посетите, ќе останете маѓепсани од прекрасната глетка.

7a

7b

7c

7. Кејп Таун е еден од најубавите градови во светот, каде ќе најдете преубаво крајбрежје со песочни плажи, винарии и лозови насади, но и град на културата измешана од повеќе народи. Кејп Таун е интересна туристичка дестинација, со топли лета и умерени зими.

8a

8b

8c

8. Стеленбош е втор по ред најстар град во Јужна Африка, а најголемата атранција која че ја најдете е огромната винарија со 44 винарски визби, каде со произведуваат многу типови на вино.

9a

9b

9c

9. Дурбан е град со тропска клима, кој се наоѓа на источниот брег на Јужна Африка. Градот е всушност долж прекрасна песочна плажа, каде ќе сретнете луѓе од секаков калибар. Во Дурбан се наоѓа и едниствениот музеј за сурфање во Африка, како и неколку клубови за луксузни јахти.

10a

10b

10c

10. Планините Дракенсберг се протегаат неверојатни 400 км, а исто така се познати под името „Планини на Змејот“. Овој планински масив се смета за едно од најважните туристички атракции во Јужна Африка. На овој планински масив се наоѓаат неколку национални резервати, а највисоките врвови се изигнуваат дури до 3000 метри.

 

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2014 во 06:48
Егзотичната страна на Танзанија




Прошатајте низ Танзанија:










Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2014 во 07:04
Национален парк Килиманџаро














Фотографиите се дел од приватна колекција и забрането е копирање и употреба во други цели.


Изменето од evangeline - 16.Ноември.2014 во 07:04
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2014 во 07:39
Mwanza - Танзанија

Mwanza е град населен со околу 700.000 жители и е втор по големина после Dar es Salaam. Распослан по брегот на езерото Викторија овој град е рај за риболовците. 
Просечната температура се движи околу 29 степени преку целата година а поради обилните врнежи од ноември до април, не се препорачува за туристички посети..
Инаку иако е втор по големина, луѓето се прилично сиромашни и условите за живот се на доста ниско ниво.

















И за крај, најнормална работа при возење во Танзанија е да ти скокне некој мајмун на кола и оди мрдни да те видамголема насмевка



Фотографиите се дел од приватна колекција и забрането е копирање и употреба во други цели.




Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2014 во 13:21

Јужна Африка

Јужна Африка 2

Јужна Африка 3

south-africa-4

Јужна Африка 5

Јужна Африка 5

Јужна Африка 7

Јужна Африка 8

Јужна Африка 9

Јужна Африка 10

Јужна Африка 11

Јужна Африка 12

Јужна Африка 13

Јужна Африка 14

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2014 во 13:22

Ретко кој од нас би можел да каже дека имал можност и среќа да ја посети Африка. Но, не зборуваме за Сахара, Египет и Пирамидите или за Мароко и Казабланка. Зборуваме за онаа дива Африка, чија што убавина се уште е неоткриена од страна на комерцијалниот туризам. Уживајте во фотографиите.

Africa-1

Africa-2

Africa-3

Africa-4

Africa-5

Africa-6

Africa-7

Africa-8

Africa-9

Africa-10

Africa-11

Africa-12

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,137 секунди.