IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 118119120121122 157>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2014 во 08:28

АСТРО ПОРОЦИ: ОД ШТО Е ЗАВИСЕН ВАШИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК

10

Астролозите тврдат дека постои голема разлика меѓу хороскопските знаци и типовите на пороци на кои секој од нив е најчесто потпаѓа. Еве што имаат да кажат за вашиот знак:

Овен – Овенот е индивидуалец кој владее со огнот, па често до искушение го доведуваат цигарите и алкохолот. Кога еднаш ќе се навлече, тешко дека некогаш ќе престане, а тоа е резултат на неговата тврдоглавост. Овните сметаат дека со пушењето се ослободуваат од стресот, а љубовта кон цигарите не може да ја откаже од проста причина – верува дека со цигара изгледа гламурозно.

Бик – Стабилен знак, но не секогаш свесен за себе и своите постапки кога станува збор за храна и пијалаци. Биковите претеруваат со храната. Доколку се сексуално фрустрирани, овие личности ќе пијат и јадат или ќе се однесуваат агресивно.

Близнаци – Овој знак најчесто го менува расположението и се обидува своето патење да го ублажи со разни пороци. Познати се по љубовта кон цигарите, но исто така лесно можат да се навлечат на адреналински спортови. Не ретко се и сексуални зависници.

Рак – Раковите се водени од Месечината, па така често го менуваат расположението. Не е необично за овој знак да во одредена фаза на расположение се препушти на таблети или алкохол. А кога ракот е лут, бесот го смирува со храна.

Лав – Бидејќи лавовите за себе мислат дека се бесмртни, својот живот го надополнуваат со малку од секој порок. Така, често знаат да бидат коцкари, неверници, пушачи, а и алкохолот им годи. Кога е неверноста во прашање, Лавовите се препуштаат само тогаш кога чувствуваат емотивна нестабилност.

Девица – Девиците се големи работници, всушност тие се зависници од работа. Често се опсесивно компулсивни и можат лесно да се вознемират ако нешто не им оди според планираното. Обично го користат алкохолот за да ја смират нервозата.

Вага – Знак кој идеализира, а кога нешто ќе скршне од планираното, тогаш Вагите се препуштаат на алкохолот. Вагите знаат да изневерат само тогаш кога се пренатрупани со обврски и почнуваат да се чувствуваат несигурно и непријатно. Кога сакаат да се ослободат од негативната енергија знаат да бидат и зависници од теретана.

Шкорпија – Најголемите секс зависници во Зодијакот. Шкорпиите обожаваат секс и алкохол, фрлаат многу пари на облека и фенси ресторани само за да го импресионираат партнерот. Не сакаат луѓе кои не пратат мода, често пушат цигари за да изгледаат гламурозно.

Стрелец – Единствено што би можело да ги банкротира овие луѓе е зависноста од патување. Бидејќи по природа се немирни, индивидуални, нема некој кој може да ги сопре. Неверноста и сексуалната зависност често им претставува проблем. Овој знак е еден во Зодијакот кој верува во бесмртност, затоа и пушат и пијат и прават ужасни работи на своето тело.

Јарец – Овој знак е единствениот во Зодијакот кој може да се пофали со најмала зависност од сите останати. Јарците се внимателни со своите тела, зависни се само од вежбање. Постои голем ризик од анорексија или булимија само за да изгледаат слабо и убаво.

Водолија – Овој знак сака да истражува нови начини на размислување и да проба различни перцепции па често луѓето под овој знак можете да ги пронајдете меѓу вегетаријанците, или меѓу “хемичарите” во теретана. Она што ги одликува Водолиите е истрајноста.

Риби – Рибите се зависни од романтика. Сакаат да пијат за да заборават на болката и стварноста. Рибите треба да внимаваат на своето емоционално здравје бидејќи запаѓаат во тешки психички моменти кои ги поттикнуваат да се препуштат на алкохолот.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2014 во 09:15

КОЕ Е ВАШЕТО ТАЈНО ОРУЖЈЕ: ШКОРПИИТЕ ИМААТ НЕОДОЛИВ ШАРМ, БИКОВИТЕ СЕ ФАТАЛНИ...

5

Овен

Жената Овен е огнена освојувачка која сака да биде во центарот на вниманието и тоа го прави со крајно сексапилна облека. Сака да се “стегне“ но тоа го прави со цел да ја истакне силата на својата личност. Припадниците на знакот имаат интересно и впечатливо лице, спонтани се во комуникацијата и страсни.

Бик

Жените Бикови го менуваат својот пристап од невина девојка од соседството до фатална жена. обично имаат убави гради, нешто поширока карлица и силен карактер. Еротски се и сакаат да допираат за време на комуникација.

Близнаци

Таа е вечно дете со сто лица. Припадниците на овој знак се крајно шармантни, брзо мислат и се комуникативни. Омилени се во друштвото, обично се со посветла коса и очи, и потемен тен. Сакаат да се трансформираат и својот начин на заведување го менуваат во зависност од целта, односно типот на маж.

Рак

Жените Рак се нежни и чувствителни. Обично имаат облини, го сакаат семејството и мажите ги сметаат за добар избор. Крајно се женствени и сакаат мажот да биде џентлмен и да им посветува доволно внимание.

Лав

Лавиците се доминантни, итри, и како останатите огнени знаци, сакаат да бидат во центарот на вниманието. Сакаат впечатлив накит, обично имаат бујна коса, гласни се и авторитетни. Своите мани ги претвараат во предности.

Девица

Девиците имаат латентна сексуалност. Во секојдневниот живот се педантни и организирани, а такви се и кога освојуваат. Обично играат на картата добро девојче, имаат префинети црти на лицето и романтичен стил на облекување.

Вага

Вагата има одлични заводнички методи и доста внимава на својот изглед. Знаат добро да се облечат за секоја ситуација, внимателно се средуваат, и умеат во голема мера да заведуваат со својот стајлинг. Фризурата секогаш им е одлична, а шминката перфектна.

Шкорпија

Ова се опасни заводници. Имаат невиден шарм, природни се и обично имаат лукав и сензуален глас. Освојуваат без проблем, но знаат да бидат посесивни. Кога заведуваат играат топло-ладно, па на тој начин ќе ви го свртат паметот.

Стрелец

Жените Стрелци се недопирливи. Обично имаат спортски стил, но сакаат и накит. Ги красат убави нозе, но немаат изразени облини, што лукаво знаат да го претворат во своја предност. Доколку имаат недостатоци, вешто ќе ги прикријат со заразната насмевка.

Јарец

Жената Јарец е ледена кралица и така и освојува. Тие изгледаат како моќни и непокорни жени и обично напаѓаат послаби партнери. Имаат убави нозе и убаво тело, а знаат да ги истакнат своите атрибути со соодветна облека.

Водолија

Водолиите делуваат незаинтересирано за впечатокот што го оставаат на мажите. Припадниците на овој знак се интересираат од духовното ниво, мошне се модерни, храбри и неоптеретени. Сакаат живи бои и умеат да изгледаат секси дури и во патики. Воглавно негуваат природен изглед.

Риби

Рибите се нежни и чувствителни. Но тоа е само трик на златните риби кои демек несвесно ќе се заплеткаат во мрежата на својот ловец. Тие имаат грациозна телесна градба, нежни и убаво обликувани нозе, магичен поглед, но без проблем ќе ја искористат својата карта – дама во невоља.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2014 во 08:46

Најлошите љубовни комбинации според хороскопот


Близнаците не би смееле да бидат во врска со Биковите, Раковите и Рибите, додека на Лавот не му одговараат Близнаците и Јарците.

najlosite-ljubovni-kombinacii-spored-horoskopot-01.jpg

Кој е вашиот несуден партнер според хороскопот?

На Овните не им одговараат Близнаците, Рибите и Девиците

Припадниците на овој знак се секогаш отворени за љубов и нови искуства, а често пати влегуваат во љубовни врски пред добро да го запознаат партнерот. Не сакаат луѓе кои глумат и претерано се жалат, затоа што сакаат самоуверен настап. Најлоша љубовна врска имаат со Рибите кои се пречувствителни, со Близнаците кои постојано се караат и со Девиците кои се претерано комплицирани за нив.


Бикот не се согласува со Овенот, Стрелецот и Близнаците

Припадниците на овој знак се одлични во долги врски, но додека го запознаат вистинскиот партнер, сакаат да уживаат во кратки, безначајни афери. Ги одбиваат трачевите и оние кои се плеткаат во туѓи животи. Најлоша љубовна комбинација за Биковите се слободните Стрелци кои си ја сакаат независноста. Лош избор се и Близнаците, кои се премногу немирни и Овните кои постојано запаѓаат во објаснувања и расправии.


За Близнаците најлоши партнери се Биковите, Раковите и Рибите

Припадниците на овој знак се лесно заљубливи, но подеднакво брзо се разочаруваат и го напуштаат партнерот. Ги одбиваат луѓе со кои немаат многу заеднички теми и оние кои се лесно предвидливи. За Близнаците најлош партнер е Бикот, кој не ги цени доволно туѓите потреби. Исто така, Ракот е премногу стабилен и предвидлив за Близнаците, додека емоциите на Рибите претерано ги гушат.


Ракот е лоша комбинација со Овен, Близнак и Стрелец

За Раковите љубовта е најубавиот животен момент, па затоа бараат партнер кој е способен да се труди. Ги одбиваат егоистични партнери кои не покажуваат доволно почит за нив. Раковите најлошо се сложуваат со Стрелците заради несигурноста, љубомората и расправиите кои се јавуваат со текот на времето. Лоша комбинација се и со Близнаците кои се нестабилни, како и Овните кои се сконцентрирани само на себе.


На Лавот не му одговараат Близнаци, Јарци и Риби

Припадниците на овој знак тежнеат кон сигурност во љубовната врска, па посебно сакаат да се приоритет кај партнерот. Ги одбиваат луѓето кои претерано се грижат и пренесуваат негативна атмосфера, како и луѓе кои се склони кон манипулација. Најлош љубовен пар се со Близнаците кои се малку изгубени за нив, но и со Рибите кои ненамерно ќе ги повредат. Лоша комбинација се и со Јарците кои сакаат да доминираат исто како и Лавовите.


За Девицата лоши се Овните, Вагата и Водолијата

Девиците со голема сигурност ги одбираат своите љубовни партнери. Сепак, тешко ја донесуваат одлуката за кој ќе се врзат трајно, а ги одбиваат пасивни луѓе кои постојано се грижат само за себе. Најлоша комбинација се со Овните кои кон нив се поставуваат шефовски, како и со Вагите кои не ја разбираат критичноста на Девиците. Тешки љубовни ситуации имаат и со Водолиите заради постојаните кавги.

najlosite-ljubovni-kombinacii-spored-horoskopot-02.jpg

На Вагите не им одговараат Девици, Скорпии и Ракови

Припадниците на овој знак го ценат мирот и сигурноста, па невозвратената љубов знае лесно да ги изнервира. Ги одбиваат партнери кои лажат и во кои немаат доверба. Затоа лоша комбинација се со комплицираните Девици, како и Скорпиите кои по природа се песимисти. Нема да се сложат добро и со Раковите, затоа што имаат премногу традиционални мислења за нив.


Скорпиите се лоша комбинација со Овенот, Стрелецот и Близнакот

Скорпиите се полни со страст за животот, па сакаат врски кои ќе ги исполнат и ќе им до надополнат карактерот. Одбиваат агресивни поединци кои сакаат да се истакнат. Скорпиите се лоша комбинација со темпераментните Овни, но и Близнаците кои сакаат да предизвикуваат љубомора. Со Стрелците никогаш нема да се чувствуваат сигурно, па затоа ги избегнуваат љубовните врски со овој знак.


За Стрелците најлоша е врската со Бик, Рак и Девица

За Стрелците важи правилото сè или ништо, а во недефинираните односи сакаат да си играат со чувствата. Ги одбиваат луѓе склони кон меланхолија и кои не знаат што сакаат со себе. Стрелците се најлоша љубовна комбинација со Биковите кои се премногу посесивни, како и со Раковите на кои им недостасува спонтаност. Ништо подобар пар не се ни со Девиците кои претерано многу критикуваат.


На Јарците не им одговараат Овни, Бикови и Стрелци

Јарците се тешат со тоа дека љубовта не им е важна, но тоа им е само одбранбен механизам. На состаноците се однесуваат како детективи, а ги одбиваат партнери кои немаат самоконтрола. За Јарците лоша комбинација се Овните кои се нестрпливи и доверливи, како и Близнаците кои немаат идеали. Ништо подобра комбинација не се ни Стрелците, кои се потполна спротивност на Јарците.


Водолиите не си одговараат со Биковите, Раковите и Девиците

На Водолиите не им е проблем да се заљубат, проблемот настанува кога ќе се почувствуваат дека ја губат својата слобода. Ги одбиваат неморални и предвидливи лица. За Водолиите лоши љубовни партнери се  Биковите кои не нудат стабилност, како и Раковите кои се по малку здодевни. Водолиите не успеваат ни со Девици кои вообичаено сакаат да воспостават ред во туѓиот живот.


Рибите се најлоша комбинација со Овенот, Лавот и Близнакот

Припадниците на овој знак се во потрага по идеален партнер кој ќе им овозможи љубов од соништата, но често пати одбираат партнер кој се однесува неразумно и детски. Ги иритираат површните погледи на животот. За Рибите најлоши партнери се Овните кои се агресивни, исто како и Близнаците кои немаат доволно разбирање. Не се сложуваат добро ни со Лавовите кои ќе се обидат да манипулираат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2014 во 16:46

ГОДИШЕН ХОРОСКОП ЗА 2015 ГОДИНА

7

За два месеци ќе настапи новата 2015-та година, а секогаш е добро предвреме да знаеме некои работи. Така, ви го претставуваме вашиот годишен хороскоп за 2015-та година.

ОВЕН: За овните ова ќе биде една од најдобрите години досега. За оние кои бараат работа, конечно ќе ја најдат и ќе имаат подобра плата. А оние кои веќе имаат работа или се занимаваат со некој приватен бизнис, ќе имаат промени, но само на подобро. Исто така, ако планирате да купите нов автомобил, да си купите стан или нешто крупно, тоа и ќе се исполни. Едноставно оваа година се ќе ви тргне од рака. Дури и некои проблеми или парници кои досега ве оптеретувале, веќе од првата половина од годината ќе бидат средени и разрешени. Покрај успехот на работен план и подобрувањето во финансиска смисла, ве очекува и наклонетост на вашите блиски личности. Покрај тоа, во оваа година во однос на претходната повеќе ќе се забавувате и повеќе ќе работите на она што вистински ве исполнува. Од таа причина ќе бидете задоволни и на љубовно поле, без разлика дали веќе се во врска или барате нова романса. Здравјето ќе ве служи, но повремено одете на контрола од превентивни причини.

БИК: Ова ќе биде година во која Биковите ќе бидат на помали или поголеми искушенија и ќе бидат изложени на рани предизвици, кои ќе ги наоѓаат речиси секој месец. Она што е охрабрувачко за сите родени во овој знак е дека поголемиот дел од тие пречки и препреки успешно ќе ги совладуваат. Секој следен работен и животен успех поради тоа ќе и биде помил, бидејќи ќе бидат свесни колку се бореле за да успеат. На љубовен план, за Биковите 2015-та година ќе биде многу интересна. Оние кои се во долги врски, би можеле конечно да стапат во брак. Оние кои веќе се во брак има голема шанса да се поправат некои односи и да живеете посреќен заеднички живот. За оние Бикови кои се сами, може да се каже дека овој период е поволен за почеток на нова врска, па затоа немојте да седите со скрстени раце. Покрај малите настинки кон почетокот на годината, Вашето здравје ќе биде најчесто добро.

БЛИЗНАЦИ: Ако ве мачело некое имотно прашање за време на 2014-та година, во новата би требало тие работи конечно да ги разрешите во ваша корист, само е потребно бидете упорни и да имате верба дека на крајот се ќе биде во ред. Во прилог ви оди фактот дека во 2015-та година имате многу поголеми изгледи повеќе да патувате, за разлика од претходните. Тоа ќе донесе повеќе задоволство, среќа и позитивна енергија. Ако имате разрушени семејни односи во овој период би требало да преземете нешто по тоа прашање и да се обидете да ги поправите истите, бидејќи мирот во семејството е еден од најважните фактори за вашата среќа. На љубовно поле обидете се да не се мешате во туѓите врски или бракови, бидејќи тоа може скапо да ве чини. Обидувајте се да гледате на сопствениот живот и да веќе немате, обидете се да најдете личност која ќе ви значи и посветете и се.

РАК: Во оваа година на поголемиот дел од Ракови ќе им биде потребна дополнителна помош за да ги исполнат нивните замисли или да преминат низ тежок период кој е пред нив. Ако родителите ви се во можност да ви помогнат, немојте да ја одбиете нивната помош. Исто така, ако сакаат и пријателите да ви излезат во пресрет, не би требало ни нив да ги одбиете, бидејќи годинава ќе ви треба помош од луѓето кои ве сакаат. На љубовен план работите ќе бидат доста подобри, ќе почнат да ви се јавуваат луѓе кои се повеќе се интересираат за вас. Затоа бидете подготвени на љубовни изненадувања, романси и авантури. Она што е важно да се напомене е дека ова е одлична година за правење на дете, па затоа ако имате таква желба, 2015-та е вистинскиот период за вас.

ЛАВ: Проблемите кои се предизвикани од влегувањето во долгови, кредити и лошата финансиска состојба, оваа година конечно би можеле да се решат во ваша корист. Ситуацијата секако нема да биде сјајна, и нема многу работи да одат на подобро, но сепак ќе излезете од оние навидум безизлезни ситуации и конечно ќе застанете на нозе. Кога ти е финансиски проблеми ќе ги пребродите во првиот дел од годината, ќе бидете во добра позиција да можете дури и да се почестите и со нов автомобил или да одите на некое патување за кое долго време сте сонувале и сте го посакувале. Состојбата на работа ќе ви се поправи од месец во месец. Ако со партнерот сте во брак и немате деца, оваа година ќе биде пресудна за да го сторите тоа. Оние лавови кои се сами, имаат добра шанса годинава да влезат во вистинска сериозна врска која на крајот на годинат може да резултира со брак.

ДЕВИЦА: Конечно дојдоа вашите пет минути, или уште подобро цела година, особено на работно поле. Ако сте невработени, веќе на почетокот на годината можете да очекувате дека ќе се вработите. А ако веќе работите нешто, конечно ќе излезете во преден план и ќе доминирате во вашата работа. Ако имате деца, односот со нив ќе биде хармоничен, како и со вашиот партнер. Ако сте сингл, може да се случи да отпатувате во странство или дури да прифатите некоја возбудлива работа, која подоцна ќе резултира со нови романси. Ве чека навистина возбудлив период и искористете го на најдобар можен начин она што ви претстои, бидејќи ќе ве следи добра среќа буквално со што и да се занимавате и речиси на секое поле. Опуштете се и уживајте бидејќи конечно дојде вашето време.

ВАГА: Во овој период можно е поголемиот број ваги да купат недвижен имот. Ако сте имале семејни проблеми, веќе на почетокот на годината работите би требало да се средат и повторно да бидете во добри односи и без многу стрес. Исто така на работен план работите би требало да се нормализираат и од средината на годината да бидете во стабилен период во животот. Во овој период многу е важно да бидете трпеливи, да не донесувате непромислени одлуки и никако да не бидете арогантни и полни со себе. Ако успеете да го сторите тоа, ве чека голем успех на работен план бидејќи ќе остварите нови значајни контакти кои доста ќе ви значат во иднина. На љубовно поле без некои промени. Оние кои биле во брак, така и ќе остане, а оние кои се сами, мали се шансите оваа година да ја најдат сродната душа. Можни се кратко трајни романси.

СКОРПИЈА: За Скорпиите 2015-та е една од најдобрите години во последно време. Се очекува дека лицата родени во овој знак ќе остварат големи парични приходи, особено кон крајот на првата половина од годината. На работен план навистина ќе ви цветаат ружи, а и вашите соработници и колегите ќе ве почитуваат. Ако сте имале проблеми со трачарење од страна на луѓето од вашата околина, тие приказни би можеле во голема мера да се намалат оваа година. За сите кои долго се во врска со партнерот, ова е одлучувачка година за да стапите во брак, па можете без плашење да се одлучите на овој потег. Оние кои се сингл имаат убва шанса за време на средината на оваа година, да ја најдат личноста која ќе им одговара и прво од авантура, тоа да премине во нешто посериозно што на крајот од годината може да заврши со брак. Генерално гледано ова е многу добра година за вас и искористете го на најдобар можен начин.

СТРЕЛЕЦ: Годината поголемиот број Стрелци ги чекаат многу изненадувања и важни случувања. Добро подгответе се за тоа и немојте да потклекнете пред првиот проблем кој ќе се најде пред вас. Имате добри изгледи да склопите важни работи кои ќе ви донесат многу пари и кончна стабилизација на финансиски план. Иако кризата е се поголема, вие би можеле да бидете во добра позиција, само ако верувате во себе и сте упорни. Односите во вашето семејство би требало да бидат добри, па нема потреба да се грижите на тоа поле. А што се однесува на љубовта, ве очекува нестабилна година. На почетокот на годината би можеле да влезете во некоја сериозна врска, додека преку летото има големи шанси за краткотрајна романса. Сепак, секако ќе ви биде возбудливо и ако долго сте сами, годинава тоа ќе се промени, а колку ќе биде тоа така, останува на вас.

ЈАРЕЦ: На работно и финансиско поле оваа е година на Јарците. За што и да се фатите, ќе ви појде од рака и тоа со неверојатна леснотија. Ако барате работа веќе подолго време, конечно ќе ја најдете и ќе се вработите. А ако веќе работите или развивате некој бизнис, работите ќе одат по нагорна линија. За разлика од финансиската ситуациј, на љубовно и семејно поле ќе биде малку нестабилно. Избегнувајте бурни кавги со партнерот, особено околу првата четвртина на годината. Обидете се да го одржите мирот во куќата и убаво да се согласувате со вашите домашни. Разбирањето и трпението ви е важно, а и со подобрувањето на финансиската состојба се ќе оди полесно.

ВОДОЛИЈА: Ако имате желба да одите во странство, 2015-та година е годината за тоа, за сите припадници на овој знак. Немојте да чекате, едноставно следете ги вашите желби и веруваме дека нема да згрешите. Ќе ви се укажат добри работни прилики, па добро размислете и одберете ја онаа која најмногу ви се допаѓа и која ви изгледа напаметно. Следете ја вашата интуиција и верувајте во себе. Во овој период релативно добро ќе се согласувате со домашните. За Водолиите кои се сами, љубовниот хороскоп за оваа година е наклонет бидејќи постои голема можност конечно да влезете во сериозна и долга врска. Најголеми изгледи за тоа има за време на пролетта. Кон крајот на годината чувајте се од караници и несогласувања како со партнерот, така и со своите блиски луѓе и семејството.

РИБИ: Конечно дојде време да ги преземете работите во ваши раце и повеќе да не живеете во страв. Животот е преполн со можности и време е да почнете да се борите за себе, за подобро работно место, за подобра плата и за подобри животни услови. Ако не сте задоволни со работното место и платата, борете се тоа да го промените на подобро. Ако немате работа, време е да почнете да работите нешто приватно, бидејќи работата не паѓа од небото. Што се однесува на љубовта, Рибите кои се сами имаат добра прилика кон крајот на годината 2015-та да си ја најдат сродната душа и да остварат хармонична врска. Додека оние кои веќе се во врска или брак, треба да внимаваат и да им обрнат внимание на своите партнери или во спротивност може да дојде до разидување.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2014 во 09:22

Каква жена си според месецот во кој си родена?


Јануари

Јануарските дами се сериозни и конзервативни, но и многу амбициозни. Многу сакаат да критикуваат. Ретко се вадат од кожа, но ако тоа се случи, гледај да не им си пред очи. Не сакаат да си ги покажуваат чувствата, па затоа не очекувајте да ви се умилкуваат како мачки. Тие дозволуваат да им се приближат само луѓе за кои сметаат дека се на нивното интелектуално ниво и кои ги споделуваат нивните погледи на животот.

Фебруари

Овие жени имаат апстрактен начин на размислување. Не секој може да ги разбере. Често го менуваат расположението, што значи дека треба да се однесувате кон нив со трпение. Но затоа се страшно романтични! За саканиот човек би направиле се. Важно е тој да им врати со иста мера. Луѓето што ќе ја изневерат, нема повеќе да ја видат.

Март

Тие се многу симпатични, додека не ги налутиш. Тогаш се во состојба да парчосаат се пред себе. Иначе се посветени и верни. Да живееш со ваква жена е вистинско задоволство. Само вистинскиот маж ќе го согледа тоа. Типично за нив е силна харизма и шарм со кој магепсуваат, веднаш штом ги погледнеш. Само што тешко се вљубуваат. Кај нив не поминуваат машките трикови како кај другите жени.

Април

Овие жени се дипломати. Со нив лесно се комуницира, но понекогаш знаат да се самосожалуваат. Затоа треба да им посветувате поголемо внимание. Во повеќето од нив се крие страшно голема љубомора, која штом избувне, парчосува се околу себе. Но ако ја спечалите довербата на априлската девојка, таа ќе ве направи најсреќниот маж на планетата. Не ја отвара душата пред сите, само пред оние кои заслужуваат.

Мај

Многу упорни и верни до крај на своите принципи. Дамите родени во мај се многу убави, во физичка смисла. Но во комбинација со тешкиот карактер, стануваат опасни за секој маж, кој ќе се вљуби во нив. Овие жени, мажите додека се живи ќе ги паметат.

Јуни

Мошне љубопитни девојки. Многу креативни и комуникативни. Само што немаат влакна на јазикот и често ги повредуваат останатите. Но тие сметаат дека така е правилно – подобро вистината во очи, отколку зад грб. Нема да е лошо да научат пред да зборуваат, прво да мислат. Во љубовта се многу опасни играчи. Мажите се пластелин во нивните раце.

Јули

Лујските девојки се многу мистериозни. Не дозволуваат секој да им се приближи. Освен тоа се многу поштени, ретко ќе ги видите да се фалат и да се перчат, без разлика што се многу интелигентни, убави и на повисоко ниво од останатите. Не сакаат конфликти и се љубезни со сите. Често страдаат по минатото. Ако оваа жена се вљуби во вас, најголемата грешка ќе ви биде ако ја изневерите. Ќе тагувате по неа, но ќе ја изгубите засекогаш.

Август

Уникатна комбинација од големо срце и …егоизам! Не си играјте со овие дами, зошто порано или подоцна таа ќе ве победи. И покрај тоа што се весели и со неверојатно чувство за хумор, тие не дозволуваат никој да им се качи на глава. Ако тоа се случи, така ќе ве суредат, што нема да знаете што ве снашло. Сакаат да бидат во центарот на вниманието. Никогаш не страдаат од недостаток на машко внимание. Мажите губат глава во нивно присуство.

Септември

Тие се мили, дисциплинирани, прекрасни девојки. Но никогаш не простуваат на оној што ќе ги изневери. Затоа внимавајте да не ги повредите, бидејќи гадно ќе ви се одмаздат. Нема да знаете што ве снашло. Септемвриските девојки сакаат долги врски. Тие не се девојки за една ноќ. Од друга страна се многу критични кон партнерот и бараат од него да ги исполнува сите нивни барања. Мажот што ќе се докаже, тој ќе ја освои. Умот не и дозволува да направи грешка, дури и кога срцето сака.

Октомври

Жените родени во октомври имаат железен карактер, демонстрираат сила и независност. Но од друга страна се многу емоционални . Ретко плачат пред други луѓе, но кога се сами, си ја отвараат душата и она што го кријат од светот. Тие се ултра интелигентни и знаат дека не е добро да си ја разголиш душата пред сите, знаејќи дека луѓето знаат да злоупотребат со тоа. Овие жени можат да ги покорат и најсилните карактери. Другите жени често ги мразат бидејќи им завидуваат.

Ноември

Ноемвриската дама секогаш е еден чекор напред пред сите останати. Знаат да ве прочитаат веднаш и ја препознаваат лагата од километри. Не можеш и не треба да си играш со овие жени. На крај, ќе го изедеш подебелиот крај. Штом го покорат срцето на некој маж, засекогаш оставаат трага и белег во него. Важна работа што треба да ја знаете за овие жени – ако не сте подготвени да ја слушнете вистината, никогаш не ги прашувајте за мислење.

Декември

Нетрпеливи, премногу брзи, но пак родени со многу среќа. Овие девојки секогаш наоѓаат начин како да излезат од било која ситуација како победници. Со нив е многу забавно. Знаат како да ви го подигнат расположението. Обично, потребни се само неколку минути за да ве освојат. Нивното срце е големо, луѓето понекогаш ги повредуваат, но затоа Господ е на страната на овие жени и на крај секој го добива заслуженото.


Тежок карактер... Знаев дека нешто хороскопот е крив хи, хи...


Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2014 во 16:24

БЛИЗНАЦИТЕ ГИ ИМААТ НАЈВЕСЕЛИТЕ ОЧИ ВО ЗОДИЈАКОТ, ДЕВИЦАТА ПЛЕНИ СО НЕЖНИТЕ ЦРТИ, ЈАРЦИТЕ СЕ ЕЛЕГАНТНИ, НО КОЈ Е НАЈУБАВИОТ?

18

Секој хороскопски знак си има своја убавина…Дознајте кои се вашите најмоќни адути и добро искористете ги…

Овен – снажно тело и изразени црти на лицето

Со средна до цврста градба, припадниците на овој знак се обично спортски градени, а нивните мускули се видливи дури и кога имаат вишок килограми. Најчесто имаат потемен тен, права и густа коса, а некои претставници имаат и црвена коса. Со нивниот изглед оставаат впечаток на енергични и снажни личности. Овните не се склони кон гоење. Најчесто се облекуваат опуштено и спортски, а кога треба да облечат свечена облека за некоја прилика, преферираат црвена боја.

Бик – симетрично лице и полни усни

Физички гледано, припадниците на овој знак имаат најправилно симетрично лице. Повеќето од нив имаат полни усни и сјаен тен. Телото им е обично пропорционално градено, па ако се здебелат, се пополнуваат насекаде по малку. Нивниот изглед оддава впечаток на мека, но истовремено силна личност. Биковите се облекуваат елегантно, а најдобро им стојат зелена и крем боја.

Близнаци – весели очи и насмеано лице

Припадниците на овој знак се секогаш во движење. Лицето им е многу експресивно, секогаш делуваат полни си млад дух, а очите им се доста изразени. Најчесто имаат прилично долги раце и нозе, витко тело и висока градба, поради што делуваат грациозно, и покрај тоа што немаат истакнати мускули. Струкот најчесто не им е многу изразен. Лесно се пронаоѓаат во различни стилови на облекување, а омилени бои им се жолта и сребрена.

Рак – изразен нос и високо чело

Припадниците на овој знак обично имаат кружно лице со истакнати јаготки, но и впечатлив нос кој не мора да значи дека е голем, туку со малку необичен облик. Брадата им е кружна, градниот кош широк, а косата темна и не многу густа. Иако се младолики и витки, голем број од нив почнуваат да се гојат после 30-тата година од животот. Вратот им е краток и најчесто имаат чувствителна кожа. Целиот нивен изглед оддава впечаток на мека и суптилна личност, а омилени бои им се црната и белата.

Лав – широко чело и густа коса

Родените во знакот лав лесно се препознаваат по „гривата“. Густата и сјајна коса им е заштитен симбол, а ако почне да им опаѓа или белее стануваат многу загрижени. Нив ги краси широко чело, широка вилица и убаво обликуван нос. Мускулатурата им е изразено силна, а омилени бои им се жолтата и портокаловата. Сакаат тренди облека.

Девица – витка градба и нежни црти

Машките и женските припадници на овој знак се прилично витки, а доколку почнат да ја зголемуваат својата маса, обично се им се собира во рацете и стомакот. Телото им е симетрично, а на лицето имаат убави, нежни црти. Имаат истакнати јаготки и веѓи, а најчесто одбираат неутрални и елегантни комбинации на облека, кои се ненападни. Омилени бои им се сината и зелената.

Вага – овално и шармантно лице

Припадниците на овој знак најчесто имаат овално лице со правилни црти. Најчесто се повисоки од просекот, изгледаат софистицирано и имаат впечатлива боја на очи. Долниот дел од телото им е појак од горниот, а градниот кош и струкот потесни. Обожаваат да се дотеруваат и да го истакнуваат својот изглед, а омилени бои им се сината и црвената.

Скорпија – широки рамена и магнетски очи

Тие имаат прилично цврста физичка конструкција, па дури и кога се многу слаби делуваат силно. Имаат пошироки рамена од повеќето луѓе, лицето им е впечатливо, со сензуални усни, продорни очи и неправилен нос. Косата најчесто им е густа и со боја на лешник. Сакаат да изгледаат убаво, но не сакаат ништо што е нападно. Омилени бои им се црвената и црната.

Стрелец – најдобра фигура во целиот зодијак

Најчесто имаат просечна или нешто малку надпросечна висина и се спортски градени, состојба која можат самите да си ја уништат со претерано уживање и јадење. Најчесто имаат долгнавесто лице, заоблено чело и изразени сини или зелени очи. Кај нив често се случува да имаат проблем со опаѓање на косата. Сакаат спортски и опуштен изглед, а омилени им се светлите бои.

Јарец – елегантен и долг врат и ковчести рамена

Иако изгледот на припадниците на овој знак делува помалку неутрално, сепак тие се издвојуваат по тоа што се прилично ковчести. Најчесто се ниски или со средна висина, а очите им се големи и изразени. Лицето им е заоблено, со вовлечена брада, впечатливи заби и убава насмевка. Сакаат убава облека, но не и вулгарен изглед. Најдраги бои им се зелената и костенливата.

Водолија – средна висина и склоност кон дебелеење

Припадниците на овој знак најчесто се со средна висина или нешто под просекот, имаат полно лице и светол тен. Килограмите им се голем проблем по триесеттата година. Имаат мали дланки и стапала, но прекрасни нозе. Имаат убави очи и големи, меки усни. За нив облеката не игра некоја голема улога, а омилени бои им се виолетовата и сината.

Риби – привлечни, со убава кожа

Одличен тен, мека кожа и убави црти на лицето ги красат припадниците на овој знак. Лицето најчесто им е заоблено или овално, а косата јака и густа. Горниот дел од телото им е обично потенок од долниот, кој им е заоблен и широк. Очите им се најубав дел на рибите, имаат широка и срдечна насмевка на која ретко кој останува рамнодушен. Омилени бои им се зелената и црвената.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2014 во 16:26

АСТРО СКЕНЕР: ЖЕНАТА БИК Е УПОРНА И МОЌНА, ЛАВИЦАТА ШАРМАНТНА, ДЕВИЦАТА ЗНАЕ ДА ПРОСТИ...

8

Жена Овен: Родена лидерка

Припадничките на овој знак ги краси убава кожа, длабоко всадени и истакнати очи, како и јаболкца на лицето. Нивното мото е: придвижи се“, а познати се по својот ентузијазам и желба за акција. Често се „предводнички на стадото“, се залагаат за правата на другите и харизматични се. Во меѓучовечките односи се страсни, па другите или ги сакаат, или ги мразат. Мана им е што не се тактични, па подобро е да им се тргнете од патот кога ќе имаат „жолта минута“. Можат да изненадат со љубомора и посесивност, но имаат искрено и добро срце.

Жена Бик: Упорна и силна

Тркалезно лице со топол израз, големи тркалезни очи и добра фигура се најчестиот опис за жените родени во овој знак. Нивното мото е: „тивка река, брег рони“, а под овој пријатен и пристоен оклоп се крие силен темперамент. Познати се по својата упорност, а во животните кризи покажуваат неверојатна издржливост и сила. Мана им е што во силната желба за сигурност и сите да бидат добри, самите можат да пропуштат многу спонтани уживања, а понекогаш можат да бидат и вистински „конзерви“.

Жена Близнаци: Сите ја сакаат

Тие се обично повисоки од просекот, имаат тесни и тркалезни лица, тенок нос и високо поставени јаболкца. Ако долго не сте ја виделе, голема е веројатноста сосема да го променила својот изглед, зашто тоа често го прават. Интелигентни се и обожаваат да расправаат за се’. Исклучително се љубопитни, а во друштво се забавни. Недостаток им е што започнуваат многу работи одеднаш, а ретко нешто завршуваат и можат да бидат многу површни. Не поднесуваат здодевност и тогаш ќе направат се’, вклучувајќи и екстремни акции за да „живнат“. Во работата се мудри.

Жена Рак: Интуитивна и грижлива

Тркалезно лице, полни усни, очи со истакната боја и заоблена фигура се карактеристики на припадничките на овој знак. Тие се мудри, чувствителни и страсни. Многу се импулсивни и интуитивни, но со оние што им значат се исклучително грижливи, топли и нежни. Тие се одлични готвачки и добро владеат со финансиите. За недостаток може да им се смета тоа што се пречувствителни, особено на критика и често песимистични. Потребно им е да често да им се говори дека се сакани, за да можат успешно да се носат со животните предизвици.

Жена Лав: Шармантна

Косата е препознатлив белег на припадничките на овој знак, а често ги красат и привлечни гради, тркалезно лице и големи очи. За да можат да живеат, потребни им се внимание, почитување и восхит. Понекогаш можат да бидат арогантни, горделиви и драматични, но сето тоа брзо ќе го заборавите покрај нивниот вроден шарм и топлината со која зрачат. Не се трудат да ги импресионираат другите, не трчаат по пари, но сакаат да бидат опкружени со убави работи. Интелигентни се и креативни, а мана им е суетата. Критика никако не поднесуваат.

Жена Девица: Интелигентна

Вити и со впечатлив, нежен изглед, Девиците ги одликува тркалезен облик на лицето, убаво обликувана уста и долг врат. Жените родени во овој знак се многу шармантни и обдарени со говорнички талент. Одлично ги проценуваат луѓето и точно знаат како кому да му пристапат. На сите што ќе ги пуштат близу до себе, ќе се обидат да им „коригираат“ во однесувањето. По својата природа се критичарки, имаат рутина до која се придржуваат и план за секој ден. И покрај се’, способни се многу да простуваат. Мана им е што понекогаш се премногу егоистични и користољубиви.

Жена Терезија: Природен магнет

Убава насмевка, елегантни раце, долг врат, добра фигура и елегантни движења ги красат припадничките на овој знак. Имаат изразена дарба за комуникација, рационални се и природно привлекуваат се’ околу себе. Многу им е важно да бидат сакани, а по можност партнерот повеќе да ги сака нив, за да се чувствуваат сигурно и надмоќно. Можат да бидат големи кокети, а како пријателки и членови на семејството, многу се посветени. Недостаток им е што се разгалени, каприциозни и можат д а бидат многу егоцентрични.

Жена Скорпија: Бестрашна

Силни коски, високо чело и изразена вилица, но и магнетизирачки поглед се вистинскиот опис на овие заводливи припаднички на Зодијакот. Иако се многу верни и доверливи, се плашат од блискост и интимност, па тешко се отвораат пред другите. Зрачат со силна самодоверба, а во животните предизвици се бестрашни и оптимисти. Недостаток им е што сакаат да ги контролираат другите, па покажуваат и љубомора. Но тоа го прават како начин за изразување љубов. Таинствени се, па понекогаш е тешко да се одгатне што воопшто мислат.

Жена Стрелец: Полна со енергија

Силно и долгнавесто лице, силни коски, но и нешто необично во нивниот изглед ги краси жените родени во знакот на Стрелец. Иако не се класични убавици, токму по некоја мана ги прави посебни. Имаат голем апетит за животот, како и неограничени резерви енергија, кои се главни адути на нивниот карактер. Независни се и интелигентни, обожаваат слобода, а во одлучувањето често превладуваат чувствата пред разумот. Љубопитни се и најмногу од се’ ја ценат вистината. Најголема мана им се склоноста кон „солење памет“ и пресметливо однесување.

Жена Јарец: Посветена

Убава кожа и елегантен врат, како и витки екстремитети се типични за припадничките на овој знак. Изразот на лицето им е најчесто сериозен. Исклучително се посветени, тврдоглави и амбициозни. Овие жени се бестрашни во остварувањето на своите цели. Способни се да сторат се’ за семејството и за оние луѓе што ја оправдале нивната доверба. Интелигенцијата и практичноста на дамите од знакот Јарец доаѓаат до израз во работата. Недостаток им е што умеат толку добро да ги скријат сопствените чувства, што често се збунуваат и себеси, а инсистираат дека проблемот никогаш не е во нив.

Жена Водолија: Пријателка

Жените родени во овој знак често може да се опишат како згодни, со живописни очи и посебен моден стил. Тие се големи пријатели, хумани и сакаат друштво. Интелигентни се, женствени и нежни, но не на типичен начин. Не сакаат да се однесуваат онака како што се очекува од нив, туку секогаш стремат кон оригиналност. Во љубовните односи се тешки но верни. Мана им е што светот го кројат според сопствените очекувања, па често ги разочаруваат луѓето околу себе.

Жена Риби: Генератор на љубов

Големи и тркалезни очи, сензуални усни, како и мали заби и стапала ги карактеризираат припадничките на овој знак. Нивниот сонувачки дух, големата креативност и желбата светот околу себе да го направат поубаво место се нивниот двигател. Имаат заштитнички став спрема оние што ги сакаат и способни се сосема да се предадат во љубовните сценарија. Одлични организаторки се и многу се емпатични. Недостаток им е што во односите со другите се поставуваат како оние што ќе прифатат се’, но всушност страдаат и се „јадат“. Најголем страв им е дека луѓето ќе ја изневерат нивната доверба.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2014 во 08:40

Тибетски хороскоп: Кој е вашиот пат до мудроста?


Секој знак во тибетскиот хороскоп носи одредена мудрост. Дознајте што ви порачува знакот во кој сте родени...

tibetski-horoskop-koj-e-vasiot-pat-do-mudrosta-01.jpg

Тибетскиот хороскоп се базира на верување во 12 патишта до мудроста, а секој човек, според својата дата на раѓање има свој пат на мудроста, своја цел и своја карма.


Овен - реинкарнација

Овенот во животниот циклус го означува минатиот живот. Тој е херојски змеј кој се бори против внатрешните демони и надворешните искушенија. Овој знак бега од монотонија и размислувања. На припадниците во овој знак им се препорачуваат социјални активност низ кои ќе можат да се подобрат себеси.

Карма: Треба да се живее во сегашноста, да се согледа својот внатрешен живот, да се медитира, да се пронајде радоста и да се поднесе животот тогаш кога не е розов. Треба да се заборави на неуспесите и да се гледа напред. Само така Овенот ќе го открие тајниот клуч на мирот.


Бик - создавање на дух

Бикот претставува разбирање на мудроста. Создава сигурност, бидејќи има искуство од минатите животи, но создавањето на дух му овозможува да комуницира со внатрешниот живот.

Карма: Акцијата не зависи од работата, туку од психата. Бикот не го мотивира сигурноста, туку сомневањето. Тој го победува конзерватизмот со тоа што ја контролира својата енергија. Само така ја пронаоѓа својата внатрешна сигурност.


Близнаци - психичка и духовна еволуција

Близнаците се социјални, внимателни, љубопитни, интелигентни, знаат добро да лажат, имаат добра меморија, но не чувствуваат потреба за духовен развој, поради што никогаш не го наоѓаат својот мир.

Карма: Припадниците на овој знак се нестабилни и го менуваат своето расположение. Потребна им е медитација и брзо носење на одлуки, за да сфатат дека решението на проблемите е многу поблиску отколку што изгледа.


Рак - раѓањето на човекот

За да се заштити, Ракот држи сѐ во себе, но му треба многу трпение и време за да сфати каде се наоѓа. Премногу верува во надреалното и посакува никогаш да не порасне, бара внимание и верност.

Карма: Посесивен е и секогаш сака да биде во центар на вниманието. Никој не сака да биде во друштвото на Рак кој е премногу авторитативен.


Лав - универзална свест

Лавот ја претставува врската помеѓу свеста и реалноста. Тој учествува во материјалниот свет, го сака успехот и цело време бара начни да се докаже како водич.

Карма: Се чувствува како центар на светот. Ако не управува добро со својата енергија може да претера со егоизмот. Кога тоа ќе се случи, потребно е да се учи од останатите.


Девица - работа и физички свет

Девицата посакува да се врати во детството. Со текот на годините, кај припадниците на овој знак се развива критички дух, кој никогаш не е задоволен.

Карма: Ако сака да созрее духовно, Девицата треба да престане да се занимава со себе и да започне да се грижи за другите.

tibetski-horoskop-koj-e-vasiot-pat-do-mudrosta-02.JPG

Вага - чувствителна експанзија

Вагата е во постојана потрага помеѓу материјалното и духот. Таа поседува мирен темперамент, активна е и никогаш не претерува.

Карма: Вагата е нестабилен знак во Зодијакот, бидејќи е премногу чувствителна. Рамнотежата се состои во: Да не дозволи да се затвори во себе, туку да ризикува и да ја вознемири својата внатрешност.


Скорпија - желба за вечен живот

Сака да ужива во земските страсти, но најмногу ја привлекуваат духовните висини. Може лесно да се изгуби во неконтролираните телесни импулси, а помислата на смртта ја застрашува.

Карма: Скорпијата треба да научи да ја штеди својата енергија и да управува со страстите. Негативните Скорпии можат да се уништат самите себе.


Стрелец - етапа на созревање

Сака да поседува материјални добра и ужива во успехот на Земјата. Стрелецот ја претставува победата помеѓу духот и материјата.

Карма: Не треба да се обидува да се дознае сѐ по било која цена. Внатрешниот мир ќе го постигне со смиреност и со штедење на енергијата.


Јарец - познавање на супериорно знаење

Успехот доаѓа од искушението. Јарецот самиот си ја знае целта на својот животен пат, тој работи во тишина и самотија.

Карма: Сака да се наметнува, а за да се развие мора да контактира со луѓето.


Водолија - свест на избор

Кај Водолијата не постои илузија и таа не може да ги затвори очите пред стварноста. Припадниците на овој знак секогаш се свртени кон другите и ја преземаат сета одговорност.

Карма: Има во себе огромно богатство од љубов, а секогаш живее во страв дека сите ќе ја напуштат. Големината на Водлијата ретко кој може да ја разбере.


Риби - враќање на светлината

Рибите ја претставуваат синтезата на повторното раѓање. 12-тиот знак е симбол на смртта, односно Рибите се деца на морето и живеат во океанот, а самата вода го симболизира крајот на физичкото дишење и почеток на нов дух.

Карма: Треба да се препуштите на морето за да стигнете на врвот од бранот. Припадниците на овој знак комплетната емоционална обнова ја добиваат само од љубовта.


Се пронајдовте? Кој е вашиот пат до мудроста?


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2014 во 16:54

СЕКОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК ДАВА НЕСВЕСНИ ЗНАЦИ ДЕКА Е ВЉУБЕН

4

Секој хороскопски знак има едноставни, можеби несвесни показатели…
…со кои се обидува да ви даде до знаење дека сте во игра.

Па, погледнете кои се тие знаци…

Овен
Овните не сакаат многу да тактизираат, па ако им се допаѓате, веројатно отворено ќе ви кажат. Меѓутоа ако играат на картата таинственост, тогаш обрнете внимание на нервозните движења. Тоа не се показатели дека повеќе би сакале да бидат на друго место, туку дека сакаат да бидат со вас.

Бик
Биковите се главно традиционалисти, конвенционални типови, па ако им се допаѓате, тој или таа ќе ви се додворува на старомоден начин. Прашањата за омилена боја, храна или цвеќе – значат дека планираат да ве заведат и дека се обидуваат да смислат совршен состанок.

Близнаци
Близнаците се флертувачи чии умови се вечно будни и активни, а сакаат да разговараат со сите што ќе ги запознаат и тоа за најразлични теми. Затоа е малку потешко да препознаете дали во вас гледаат нешто повеќе од незадоложителен флерт. Најдобар знак за тоа е ако, покрај вообичаената конверзација, почнат да ви поставуваат лични прашања.

Рак
Раковите се главно ориентирани кон семејството, па ако кон вас почнат да се однесуваат емпатично, тоа е добар знак дека им се допаѓате. Ако се постават заштитнички, тоа е чекор понапред, а ако ве повикаат да го запознаете нивното семејство, тоа е сигурен знак дека ве гледаат како партнер.

Лав
Лавовите сакаат да „драмат“ па тешко е да се заклучи дали зад нивниот спектакуларен настап стојат искрени чувства или само позирање. Но, сигурно им се допаѓате ако се откажат од тоа да бидат во центар на внимание и ако ве пуштат вие самите да уживате во тоа.

Девица
Логични и практични, Девиците нема на сите ѕвона да ја покажат својата љубов со некој голем гест. Ако пронајдат време и ве прашаат за вашите чувства и се релаксираат во вашето друштво, тоа е добар знак дека постои нешто повеќе.

Вага
Животот на Вагите е балансиран и искрен и тие кон тоа имаат позитивен став. Па како тогаш да дознаете дали се само пристојни или навистина им се допаѓате? Најдобар показател е ако ве пуштат во нивниот свет и ако ве повикаат на романтично дружење.

Скорпија
Ќе знаете дека Скорпијата ве забележала ако таа упорно гледа во вас од другата страна на просторијата. Нивниот интензивен поглед ќе направи да се почувствувате како да сте сами во просторијата. Скорпијата може да ви се причини „студена“ на почетокот, но нема да троши време на безвезни разговори со некого за кого сериозно не се заинтересирани.

Стрелец
Стрелецот е друштвен и отворен, па неговото претерано пријателско однесување лесно ќе го замени за нешто повеќе. Времето кое го поминува во друштво му е многу драгоцено, па ако се најде со вас повеќе пати во неделата, тоа е добар знак дека сте го освоиле.

Јарец
Јарецот никогаш не ги отвора картите, но ако неговиот строг став се ублажи во ваше присуство и ако краде време, на пример од работата, за да ве стави во својот пренатрупан распоред, веројатно во вашата врска гледа романтичен потенцијал.

Водолија
Водолиите размислуваат надвор од вообичаените рамки, па со нафрлање на традиционални идеи можете единствено да бидете исфрлени низ прозорец. Ако и се допаѓате на една Водолија, таа во еден момент ќе ве провоцира и ќе се шегува со вас, а во следниот момент ќе започне интелектуален разговор. Нивното ексцентрично однесување значи дека ве одмеруваат и дека се обидуваат да сфатат дали можете да се вклопите во нивниот необичен свет.

Риби
Добра вест е тоа што Рибите не е тешко да се прочитаат, а уште подобра е дека кога еднаш ќе им се допаднете на Рибите, ќе ви возвратат со внимание и нежности. Сосема е можно да добиете рачно напишана песна или портрет, што доволно ќе ви каже за нејзините чувства.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2014 во 16:55

ХОРОСКОПОТ И НЕВЕРНИТЕ ЖЕНИ

21

Овен – Тие се обидуваат да се воздржат од неверство, но колку и да се трудат, на крајот сепак попуштаат под притисок. Тие вршат неверство во оној момент кога во врската ќе завладее монотонијата, но исто така лесно се откриваат. Овните се нескротливи, и како такви треба да ги прифатите.

Бик – Биковите кои сакаат секс, стануваат зависни од него. Или се страсни или се целосно незаинтересирани. Поголемиот број од нив изневеруваат кога целосно ќе созреат. Сепак, во споредба со другите, Биковите се најверни и со нив сте најсигурни.

Близнаци – Скоро никој не е способен успешно да изврши неверство како Близнаците. Тие внимаваат на секој детал и секој чекор, на секој момент, за да не ги откријат. Лесно се впуштаат во неверство, а најчесто во тој нивни чин ги вплеткуваат и своите пријатели кои ги прикриваат. Ретко кој успева да ги издвои емоциите и страста како Близнаците.

Рак – Луѓето родени во овој знак, едноставно обожаваат пари. Па така, се додека имате пари, можете да бидете сигурни во верноста на партнерот. Тие се грижат само за нив, а единствено што сакаат повеќе од себе се децата.

Лав – Огнениот знак Лав поседува силна сексуалност. Врската или бракот нема да ги смири, без разлика на партнерот или љубовта која владее. Нив едноставно ги привлекува помислата на опасноста од неверство. Тие не можат да го контролираат адреналинот, па едноставно се препуштаат на страста.

Девица – Верноста им е поважна од се, но доколку се незадоволни од врската, може да извршат неверство. Сепак, лесно можат да се откријат, бидејќи постојано ќе го критикуваат партнерот. Тие не остануваат само на едно неверство и на еден партнер.

Вага – Вагите го обожаваат флертот и постојано флертуваат. Се забележува дека изневеруваат кога драстично ќе започнат да го менуваат мислењето и вниманието околу својот изглед. Неверството нема да го признаат.

Шкорпија – Шкорпиите се обидуваат да се контролираат, но кога на другата страна стои силна и убава личност, сета нивна сила паѓа во вода. Тие не го поднесуваат неверството, па поради тоа тешко се носат и со своето и имаат грижа на совест.

Стрелец – За нив сексуалноста е како рекреација. Во ништо не постојат ограничувања и граници, па ако некој им ги наметне, таа личност станува минато. Сакаат се што е забрането, а кога љубовта ќе ја снема, не се трудат многу да ја вратат.

Јарец – Не се склони кон авантури и неверства, туку на големо заговараат верност. Сепак, во случај на алкохол, може да дојде до изневерување на партнерот.

Водолија – Никако не смеете да дозволите во нивниот живот да навлезе монотонијата. Сакаат да се забавуваат, имаат слободен дух и секој околу себе го сметаат за пријател. Авантурата е составен дел од животот, а доколку Водолијата покрај вас е мирна и тивка, тоа значи дека повеќе не сте интересни и за брзо време ќе тргне во авантура.

Риби – Тие сакаат да изневеруваат во тајност. Се претставуваат како невини и чисти, но длабоко во себе се неверни. Ни самите не знаат што им треба и што сакаат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2014 во 16:57

ЉУБОВЕН КИНЕСКИ ХОРОСКОП

14

Стаорец (родени во 1924, 1936,  1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)
Вие сте страсни, внимателни и отворено ги покажувате вашите чувства. На почетокот од врската сте секогаш полетни, но доколку осетите дека љубовта не ви е возвратена со иста мерка, станувате гневни. Вашиот кинески хороскоп укажува на вашата желба да бидете центар на светот за вашиот партнер, па ако се почувствувате занемарено, станувате ситничави до бесвест. Вам пред се ви е потребно да почувствувате сигурност за да станете внимателни. За тоа е потребно време, но кога ќе го пронајдете оној кој ви ја дава потребната сигурност и љубов, станувате посветен и верен партнер.

Бивол (родени во 1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009)
Нежни сте и отворени кога сте со вистинскиот партнер, а вашата поддршка дава цврста потпора на врската. Важно е да бидете внимателни кога е во прашање изборот на партнер, бидејќи сте многу осетливи и ризикувате да бидете повредени. Од партнерот очекувате да биде праведен, нежен и ентузијаста до одредена мерка – сакате да ви приближи некои нови интереси, но да не ја загрози вашата сигурност. Со негова поддршка, ќе заборавите на сите грижи и ќе уживате. Вашиот кинески хороскоп покажува дека сте толерантни кон саканата личност и дека не ви е тешко да простувате.

Тигар (родени во 1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)
Вие сте со слободен авантуристички дух и сакате да одите од една врска во друга. Уживате во романтиката и возбудувањата кои ги носи секоја нова љубов, но веќе по првото чувство на заситеност, подготвени сте да ги раширите крилјата и да одлетате на некој друг цвет. Вашиот кинески хороскоп покажува дека ве привлекуваат личности кои што имаат независен авантуристички карактер, баш како и вие. На таквиот партнер искрено му ги покажувате своите чувства, но сепак сте непостојани и изневерувате. Затоа ви е потребен некој кој што е сталожен, прибран и кој што може да го разбере вашиот слободен дух.

Зајак (родени во 1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011)
Од партнерот барате нежност, доверба и сигурност. Верни сте и не сонувате за паралелни врски и љубовни пресврти. Но, доволно е само малку за да почнете да се сомневате во вашиот партнер, а кога тоа ќе се случи, искажете ги вашите сомнежи и ќе видите дека се неосновани. Кога ќе ја пронајдете вистинската личност, љубовта ќе ви биде возвратена со иста мерка, повеќе ќе простувате и ќе бидете помалку сомничави. Вашиот кинески хороскоп зборува дека ви треба повеќе време за да пронајдете сродна душа. Но, кога еднаш во тоа ќе успеете, ќе биде за цел живот.

Змеј (родени во 1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)
Исклучително сте атрактивни и шармантни, а бројни се и оние кои ги привлекува вашата појава. Влегувате од една во друга романса и тешко ви е да се смирите со една личност. Штом ќе почувствувате слабост кај вашиот партнер, го напуштате и барате нов предизвик. Поради вашата доминантност многумина не успеваат да ве следат. Вие бргу ги заборавате, но немојте да бидете сигурни дека и тие ве заборавиле вас. Вашиот кинески хороскоп укажува на фактот дека ви е потребен некој кој што ќе ви даде повеќе простор, но кој сепак ќе биде активен како и вие, бидејќи единствено таква личност не би била заплашена од вашата сила.

Змија (родени во 1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013)
Многу сте заводливи, а кога ви се допаѓа некој, не се откажувате од желбата да го освоите. Другите ги привлекувате со вашата романтичност и хумор. Но, не сакате туку така да бидете фатени и вешто ги избегнувате љубовните замки. Вашиот кинески хороскоп зборува дека сакате да ја сочувате вашата слобода и да откривате нови видици. Кога сте во врска со личност која навистина ја сакате, станувате многу внимателни, но сепак ви е потребно време за на партнерот да му ги откриете вашите стравови и слабости.

Коњ (родени во 1918, 1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002)
По природа сте непоправлив романтик, а врските во кои што стапувате се многу бурни.  Тешко ви е да одберете само еден партнер, но би морале да одлучите и да ги преземете вашите обврски. Вашиот кинески хороскоп укажува дека ви е потребен некој кој ќе се грижи за вас, но воедно и кој ви дава слободата која ви е потребна. Иако можеби на другите им делувате несериозно, во длабочина на душата вие сте еден од оние кои што сакаат да пронајдат вистинска личност со која што ќе ги поминат најубавите моменти.

Овца (родени во 1919, 1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003)
Вам од се најважно ви е чувството на сигурност. По природа сте многу емотивни, лесно се расплакувате, но ви недостасува самодоверба за да ги изразите своите емоции. Вашиот кинески хороскоп зборува дека често делувате отсутно и дека тешко создавате нови познанства. Истовремено сте нежни, романтични, креативни, но вашата неодлучност е нешто што би можело да му пречи на вашиот партнер. Меѓутоа, тој тоа ќе ви прости ако е вистинскиот, бидејќи ќе знае дека во душата вие сте прекрасна личност.

Мајмун (родени во 1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004)
Ве привлекуваат возбудувања и со сигурност може да се рече дека имате многу бурен љубовен живот. Другите ги привлекувате со вашиот хумор, отвореност и необичните интереси. Меѓутоа, вашиот кинески хороскоп укажува на фактот дека не барате авантури кога еднаш ќе ја најдете вистинската личност за себе. Кога вашиот партнер ќе направи и најмала грешка, вие ќе се најдете навредени, но на партнерот кој навистина ви одговара нема да му биде тешко да ве смири. Кога вашата врска ќе стане постојана, ќе станете доверлив и прилагодлив партнер, секогаш подготвен да помогне.

Петел (родени во 1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981,1993, 2005)
Вие уживате во додворувањето, шармантното друштво и добрата атмосфера. Се гордеете со својот изглед и настап, а кога ситуацијата тоа го бара од вас, умеете да го импресионирате соговорникот со своите ставови. Она што може да ве одбие од потенцијалниот партнер е можноста однапред да го предвидите неговиот нареден чекор. Вашиот кинески хороскоп зборува за вашата независност која секогаш ве тера да одите напред, но и во вас постои доза на љубомора која се обидувате да ја сокриете. Кога ќе ја најдете вистинската личност, заборавате на талкањата – вие сте верен партнер и во состојба сте потполно да и се посветите на саканата личност.

Куче (родени во 1922, 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006)
Многу сте повлечени кога станува збор за вашите чувства и потребно ви е охрабрување. Уживате во друштвото на некој кој е верен и поседува авантуристички дух кој вам ви недостасува. Меѓутоа умеете да го слушате партнерот и да го поттикнете со вас да ги подели проблемите. Вашиот кинески хороскоп укажува дека сте верни, нежни и дека ви е важно вашата доверба да биде возвратена. Ако некој ве повреди или издаде, потребно е многу време таа доверба да се поврати. За вас е идеално најпрвин да создадете пријателство од кое подоцна ќе градите врска.

Свиња (родени во 1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007)
И кога ќе пронајдете партнер имате потреба да го тестирате за да се уверите дека тој е вистинскиот избор. Довербата која што ја внесувате во врската би можела да ви се удри од глава, бидејќи има и такви кои може да ја злоупотребат, но вие сте подготвени бргу да почнете од почеток. Вашиот кинески хороскоп покажува дека умеете да бидете многу затворени, но пред се, вие сте толерантни и му давате на партнерот иста слобода каква што и самите барате. Кога врската ќе се зацврсти, љубовта која што ја давате ви се возвраќа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2014 во 16:58

КОЈ АНГЕЛ ВЛАДЕЕ СО ТВОЈОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК?

24

Овен

Во него живее Демонот на омразата и егоизмот. И Ангелот на искреноста и мислоста. Демонот буди во Овенот гнев, нетрпение, неспособност да си ја признае грешката и желба да ги повредува другите. Во исто време ангелот го тера да им помага на сите оние кои имаат потреба, но тоа не му пречи да лаже. Овните многу тешко можат да ги скријат своите вистински мисли!

Бик

Во Бикот живее Демонот на алчноста и гневот. И Ангелот на лојалноста и добродушноста. Тоа е причината навидум бавниот и смирен Бик да се преобрази во незапирлив звер, кога е предизвикан. Неговиот Ангел го прави многу добар и верен пријател, но Демонот го тера да се одликува со огромна љубов, но кон материјалното. И покрај тоа, овој знак обично успева да ги натера Ангелот и Демонот во него да живеат во заедница и кој да доминира колку што е потребно во дадена ситуација.

Близнаци

Тука се борат Ангелот на веселбата и Демонот на лицемерието. Ангелот го прави Близнакот да биде супер забавен, оптимист, и невиден освојувач. Да те извади од дупка во која си паднал, да ти даде сили за нов живот. И токму кога целосно ќе му се отвориш, Демонот може да го натера да те предаде. Зад ведрото расположение и умешнота да комуницира често пати се кријат задни мисли.

Рак

Во Ракот живее Демонот на лагите и Ангелот на сочувството. По природа претставниците на овој знак се чувствителни кон болката на другите и имаат желба да помагаат. Добронамерни се и мили. Всушност тие искрено го презираат својот Демон, но понекогаш не се силни да го победат.

Лав

Овде се борат Демонот на ароганцијата и Ангелот на милосрдието. За Лавот е исклучително тешко да избере страна, затоа и реакциите обично се продиктувани од односот на останатите. Ако имате деликатен пристап, тогаш ќе го сретнете неговиот Ангел – мил, добар, полн со љубов, праведен и емотивен. Но ако пристапите агресивно и непријателски, ќе бидете покосени во моментот од силата на егото и умешноста негова само со зборови да ве натера да се чувствувате мизерно.

Девица

Во овој знак живее Демонот на завистта и незадоволството. Тој буквално може да ја изеде душата на Девицата. Да ја направи одмаздољубива и сомничава дури и кон луѓето кои до вчера ги љубела безумно. Од друга страна нејзиниот Ангел – се обидува да ја направи силен карактер, добар пријател и човек на кого можеш секогаш и за се да се потпреш.

Вага

На едно рамо му стои Ангелот на правдата, на другото е Демонот на искушението и манипулацијата. Демонот ги тера Вагите да си поигруваат со чувствата на другите, да бараат од сите да играат како што им свират, правејќи се загрижени и наивни. Ангелот е оној кој ги прави благородни, грижливи, полни со разбирање, луѓе што знаат да ги видат истовремено двете лица на монетата. Вагите можат да ви помогнат ако имате проблем, кој до сега никој не успеал да го реши.

Шкорпија

Во неговата душа се борат Демонот на сомнежот и презирот. И Ангелот на вистината. Демонот го тера Скорпионот постојано да е наштрек и да мисли дека некој го лаже. Или да го натера да мисли дека е светлосни години пред сите останати. Ги осудува жестоко постапките на другите, ако не се согласуваат со неговите ставови. Тоа може да доведе Шкорпијата да се уништи сама себе, ако Ангелот на вистината не му посочи кој е правилниот пат и не го натера да зачекори по него.

Стрелец

Овде живее Демонот на гордоста и Ангелот на добрината. Демонот не му дозволува да трпи никаква критика, и го тера да ја бара вината насекаде, но не и во себе си. Ангелот го прави неверојатно добра личност, која не умее да завидува и која постојано ги заштитува незаштитените. Дури и да ве повредил, бидете сигурни дека во никој случај не сакал да го направи тоа.

Јарец

Тој е под влијание на Ангелот на силата и континуитетот. Но и под влијание на Демонот на ладнокрвноста и егоцентризмот. Неговиот Ангел го прави полн со надеж, лојален, упорен и стабилен. А Демонот настапува единствено кога Јарецот ќе биде злоупотребен, предаден или разочаран. И тогаш неговата душа поцрнува, а срцето станува како камен.

Водолија

Овде живее Демонот на предавството и Ангелот на пријателството. Водолијата е многу верен пријател, и обожува да биде со своите пријатели. Достапна е на сечиј повик за помош, подржува и советува. Но секогаш ќе се постави себе си на прво место, и ако треба да избере дали да пропадне или да предаде пријател, неговиот Демон ќе го насочи кон второто. Можеби затоа на љубовно поле Водолијата е студена и ги отфрла сите кои ќе пројават интерес. За на крај да ги повреди опасно!

Риби

Во Рибите живее Ангелот на љубовта и Демонот на пороците. Нивниот ангел ги прави безкрајно емотивни, мили, посветени, луѓе кои знаат да сакаат од дното на душата. Но итриот Демон ја тера вљубената до крајни граници Риба да забега во флерт со друг. Или да бара извори на сомнителни задоволства во алкохол или наркотици.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2014 во 18:12

СПЕЦИЈАЛЕН ХОРОСКОП СОЗДАДЕН САМО ЗА ЖЕНИ

23

Жена овен

Таа има одличен карактер и сака сѐ што е чисто, јасно и прецизно. Брзо и активно реагира на сѐ што се случува околу неа. Вообичаено повеќе значење ѝ придава на акцијата, отколку на размислувањето. Грижите ја обземаат само моментално и не оставаат некои длабоки траги во неа. Не се обесхрабрува лесно, ниту ја обзема песимизам, има самодоверба, храбра е и е во состојба да оди чекор по чекор за да ги оствари своите животни цели. Презема и одредени ризици за да не залута во лавиринтот на неодлучност. Нејзиниот ентузијазам и динамичност се доволен двигател да ги преброди сите тешкотии во животот. Честопати презема иницијатива и кога ќе се најде во дилема, сепак бргу донесува одлука.
Жената која е во хороскоп овен не поднесува компликувани ситуации и не ги сака луѓето што наоѓаат задоволство во конфузни приказни и случки. Се однесува ноншалантно и директно, а со своите импулсивни реакции, понекогаш се случува некого грубо да повреди, иако немала таква намера. Нејзиниот карактер има големо влијание и во однесувањето во љубовта. Таа никако не може да се вброи во типот на жена–робинка, бидејќи е премногу независна за да може да поднесе некој да ја стави во „кафез“, па макар тој бил и златен. Очекува и бара взаемна доверба со нејзиниот партнер, за да обезбеди заеднички живот без сцени и сомнежи.
Љубоморна е и тоа го покажува и бара јасни одговори на прашањата. На нејзиниот партнер нема да му биде лесно ако почне да ја избегнува и запоставува. Ако партнерот ја изневери, нејзината гордост и самопочит ќе бидат повредени и таа сигурно нема лесно да помине преку тоа. Во сѐ сака да има своја улога и во секоја прилика сака да се слушне и нејзиниот збор. Ако наиде на личност која е послаба од нејзе, постои опасност да ја потчини, но таквата ситуација нема да ѝ се допадне, бидејќи во длабочината на својата душа таа не сака таква врска. Идеален маж за неа, е оној кој има јак карактер. Нејзината смелост, спонтаност и ентузијазам ќе играат голема улога во нејзините емотивни врски. Кон партнерот може јавно да покажува нежност, но и од него ќе бара да ги покаже своите чувства кон неа. Во љубовта како и во животот, таа бара полна ангажираност. Таа дава сѐ или ништо – понекогаш е бескрајно дарежлива, а понекогаш покажува знаци на егоизам. Не ги сака лагите и измамите.

Жена бик

Таа стои цврсто на земја и сака сѐ што е постојано и опипливо. За неа мечтаењето претставува само душевен мир, но никогаш не се задоволува со лажни ветувања и слатки илузии.
Кон пријателите покажува лојалност и посветеност, но истото го бара и од спротивната страна. Ако некој ја изневери таа нема бурно да реагира, бидејќи нејзините реакции се бавни и не толку видливи, но затоа бескрајно длабоки и обично трајни. Доколку се увери дека некој лошо постапил со неа или ја повредил нејзината добронамерност, тоа никогаш нема да му го прости. Не ги сака промените и пресвртите и сѐ она што може да го промени нејзиниот вообичаен тек на живот. Ги почитува принципите и концизните идеи. И покрај тоа што има јак карактер, во него има и некои слабости. Во нејзиниот живот понекогаш се јавува мрзеливост и пасивност, бега од грижи и проблеми и не сака компликации.
Љубовта игра голема улога во нејзиниот живот. Таа не е синоним за страст, бурни емоции и романтика, туку за нежност и уживање. Кај мажите ја привлекува нивниот физички изглед, а што се крие зад нивната надворешност, на почетокот не ја интересира многу. Кога ќе запознае личност што ѝ се допаѓа, сака на секој начин да го привлече неговото внимание, но пред да се реши за трајна врска сака да биде сигурна дека тој е оној вистинскиот. Жената бик не се врзува лесно, бидејќи љубовта во нејзиното срце бавно созрева и чувствата постепено се развиваат. Не поднесува присуство на друга жена, па дури ни колешката на нејзиниот партнер и ќе направи сѐ за да го задржи само за себе. Ако открие неверство, спремна е да врати со иста мерка.

Жена близнаци

Динамичноста е нејзина најважна карактерна особина. Бескрајно ја цени слободата и независноста и не му дозволува никому да господари со неа или да ѝ ја наметнува својата волја. Многу е интелигентна, но не и прониклива. Погрешно суди за луѓето што ѝ мислат добро, па е во состојба и да ги навреди. Исто така погрешно ги проценува намерите на оние кои не ѝ мислат добро, па тоа ѝ се удира од глава, иако не е свесна за тоа. Амбициозна е, но не премногу и во работата може да го пронајде најдобриот начин кон успехот. Кога работи сака луѓето да го ценат тоа, но очекува и материјален ефект за својот напредок и никогаш нема да прифати работа која нема да ѝ донесе и материјална корист. Парите лесно ги троши.
Исто како и во животот, така и во љубовта важна ѝ е слободата, па и кога ќе засака некого се плаши да не се врзе премногу за него. Во љубовта и во бракот е верна, а доколку се случи да се разведе, никогаш нема да го заборави тој човек. Не е љубоморна и е приврзаник на современите обичаи и навики. Неверството може да го прости, но може да биде и сосема категорична. Во љубовта е особено динамична, а чувствата не ги покажува јавно.
Сака да се дружи, но притоа и да се покаже како комуникативна личност која има широк круг на пријатели, па затоа никако не може да се сложи со партнер кој не е динамичен. Во потрагата по нови познанства нема секогаш да успее, па се случува да е повеќе сама дури и кога е опкружена со друштво. Можеби никогаш нема докрај да разбере, дека понекогаш е подобро да имаш малку, но одбрани и верни пријатели, отколку многу неискрени кои умеат добро да глумат.

Жена рак

Многу е чувствителна, сензибилна и емотивна личност, но за да се заштити себеси се труди да ги скрие своите чувства. За да се чувствува среќна, се сокрива во својот свет заграден со високи ѕидови, во кој е тешко да се влезе. Во детството се чувствувала безбедно во родителскиот дом, а подоцна се обидува да создаде свој свет во кој ќе владее спокојство, мир и сигурност.
Жената рак не е премногу ни борбена, ни реална, ни активна, бидејќи стравот од непознатото ја попречува да оди напред и да ги совладува препреките. Таа е задоволна онаква каква што е, и не сака многу да се менува. Тоа бегање од непознатото е потполно разбирливо бидејќи често се судира со непријатности, грижи и неизвесност. Нејзината чувствителна природа брзо реагира на секаков вид агресивно однесување. Кога ќе се соочи со некој сериозен проблем умее да се претвори во „жена змеј“ која ќе се жртвува до крај.
Умее да „сонува“, но сака и логично да размислува, но на неа многу лесно може да се влијае, па ако тоа не можат да го постигнат оние кои не ѝ се многу блиски, тоа многу лесно ќе им успее на сите оние кои таа ги сака. Љубовта во животот ѝ значи сѐ и таа ѝ е најважна во животот. Таа бара човек кој ќе ѝ овозможи сигурност и поддршка, но и бескрајна нежност. Таа е многу чувствителна и романтична личност и сонува за бескрајно романтична љубов и страст на две сродни души. Нејзината глад за идеална љубов е тешко да се задоволи, бидејќи постои разлика помеѓу реалноста и убавите соништа, а токму тоа и најмногу ја плаши.

Жена лав

Таа е јака жена која не се препушта лесно да ја понесат брановите на судбината. Нејзината виталност, волја и авторитет ѝ овозможуваат да биде доминантна жена. Тешко ѝ е да остане на едно место, да мечтае и ништо да не работи, бидејќи сака акција и движење, а не поднесува мрзеливост. Гордоста, а понекогаш и суетата, играат голема улога во постигнувањето успех скоро по секоја цена. Претпазлива е и скоро ништо не препушта на случајноста.
Таа има премногу високо мислење за себе за да може да се задоволи со моменталната состојба. Млаки и недефинирани чувства ја доведуваат до очај, а нејзиниот карактер е таков што тешко се прилагодува кон луѓе кои се воздржани. Искрена е, а понекогаш сака и да се шегува. Нејзините ситни грижи умее да ги прикаже како големи за да го привлече вниманието на другите. Кај неа постои една контрадикторност. Среќна е и великодушна кога може на другите да им причини радост, меѓутоа понекогаш е премногу егоцентрична, па пред да помисли на друг, таа прво помислува на себе.
Нејзина најголема доблест е верноста. Има цврст карактер и затоа не поднесува туѓи влијанија. Кај другите луѓе не трпи каприци и извештаченост. Ако ѝ се допадне некој маж, таа тоа отворено ќе му го даде до знаење. Кога сака некого, потполно им се препушта на чувствата и во љубовта не поднесува да остане ништо нејасно и недокажано.

Жена девица

Сѐ што се случува околу неа, таа го прима со аналитички поглед и има отпор кон сето она што е диктирано од инстинкт. Кон луѓето не покажува спонтаност, премногу воодушевување и силна желба за пријателство, бидејќи по природа е резервирана и срамежлива.
Кога ќе сретне маж кој ѝ се допаѓа, а и таа му се допаѓа нему, тешко е веројатно дека ќе му се фрли во прегратка, пред сѐ затоа што и самата не е сигурна во своите чувства. Секогаш ќе се прашува дали е тоа вистинска љубов или тоа се само минливи чувства. За да ја разјасни оваа дилема, најпрво себеси ќе се преиспита, а потоа и личноста која ѝ се допаѓа. Причината поради која се двоуми потполно да им се предаде на чувствата, е нејзиниот паничен страв да не направи грешка.
Таа е приврзана кон своите навики и верува дека живее во удобно гнездо кое сама го создала, па се прашува дали личноста која влегла во нејзиниот живот може да го смени и расипе тоа. Еден ден кога ќе го победи својот страв, сигурно е дека на мажот што ќе го одбере ќе му биде посветена до крајност. Жената девица е многу верна и лојална личност, која е дискретна и внимателна во сѐ што прави. За да можете вистински да ја запознаете, треба да имате на ум дека за нејзиниот карактер многу поголемо значење има тоа што е скриено во неа, отколку она што е очигледно.

Жена вага

Жената вага не е ниту енергична, ниту одлучна личност и во донесувањето одлуки никако не може да го пронајде вистинско решение. Не е особено амбициозна и секогаш ѝ е потребен некој на кој со задоволство ќе му препушти дел од обврските. Во сѐ што прави сака целосно да се внесе и посвети, но тоа не ѝ поаѓа секогаш од рака, па тогаш кога ѝ се чини дека не може да ги совлада препреките, се повлекува и се помирува со судбината.
Сака да им се допадне на другите, друштвена е и сака да излегува. Во неа постојат две личности. Едната е таа што им ја покажува на другите, а другата е онаа која никогаш не ја покажува и која ретко кој може да ја открие, бидејќи љубоморно ја чува. Тоа што го покажува понекогаш е мирна и кротка личност, а понекогаш избувлива и експлозивна. Поради стравот да не биде откриена таа се прикажува поинаква, честопати ставајќи на себе маска на љубезност и насмевка. Таа е одличен актер, дури и кон најблиските.
Не сака бурни сцени и караници, но сепак често ѝ се случуваат, а при тоа дури не е ни свесна дека всушност сама ги предизвикала со своето провокативно однесување. Поседува исклучителен шарм, страсна е и чувствителна. Луѓето во неа гледаат нешто симпатично, пријатно и таинствено. Жените ваги се исклучително интелигентни. Многу ваги можат да погрешат во изборот на партнерот. Тие сметаат дека партнерот треба да им биде главна потпора во животот но, се случува да се врзат за некој кој станува вистински тиранин штом ја почувствува нивната слабост. Нив најмногу им одговара маж кој ќе знае да ги цени нивните квалитети и нема постојано да ги критикува поради недостатокот на енергија да ги издржат тешкотиите. На жената вага ѝ е потребен партнер со јак карактер, но воедно да биде и исклучително нежен и внимателен. Таа не е склона кон промени во љубовта.

Жена скорпија

Жената скорпија не е мирна, пасивна и кротка жена. Таа има импулсивна, избувлива и страсна природа. Во животот ништо не прави половично и не сака неодлучност. Неуспехот и разочарувањето длабоко ја погодуваат. Во сите сегменти од нејзиниот живот доминира инстинктот, па затоа и најдобрите одлуки се диктирани токму од нејзината интуиција, а првиот впечаток за луѓето и нештата најчесто се точни и прецизни. Таа не прави тактички и психолошки грешки.
Некои жени бараат мир, но тоа не е случај со скорпиите, бидејќи нејзините чувства се како зовриен вулкан. Дали некој ѝ е симпатичен или не веднаш се забележува. Жената скорпија не спаѓа во категоријата на студени жени, а нејзините реакции во љубовта се непосредни. Физичката љубов за неа има големо значење, а нејзината страст и енергичност ја вбројуваат во категоријата жени кои имаат моќ на заведување.
Многу жени родени во овој знак и покрај тоа што не се видни убавици, фасцинантно и магично делуваат на мажите. Би можело да се помисли дека за неа љубовта е само игра, но тоа не е вистина. Таа е многу сензибилна и е спремна да се предаде до крај, а нејзиниот партнер станува центар на нејзиното живеење.
И тогаш кога ќе се омажи, таа не запловила во мирни води, бидејќи сака акција, движење и обновување. Љубовта за неа не претставува само страст, туку и вечна борба со животните предизвици. Жената скорпија потсвесно сака да доминира над луѓето и случувањата, па ни нејзиниот партнер не може тоа да го избегне тоа, бидејќи секогаш ќе сака на некој начин да му ја наметне својата волја.

Жена стрелец

Нејзиниот карактер ја води оваа жена кон два спротивставени животни правци. Првиот ја води кон мирен живот, а другата страна на нејзиниот карактер е сосема поинаква. Таа е храбра, независна, сака да ги прескокнува вообичаените бариери и да се впушта во ризици. Многу е амбициозна и не пропушта ништо што би можело да го зголеми нејзиниот углед. Има истенчено чувство за сите животни вредности, и не сака збрка и анархија. Нејзиниот карактер е брз, експанзивен, нескротлив и тој секогаш ја турка напред, а нејзината виталност која е несфатлива за околината мора секогаш да се искаже.
И покрај тоа што понекогаш ѝ се јавува желба да биде сама, таа сепак е личност која сака да биде во друштво. Омразата не може да ја поднесе, а нејзината природна веселост и смисла за хумор играат огромна улога во односите со луѓето. Таа е отворена и лојална личност. Во љубовта основна желба ѝ е да сретне маж кој ќе ѝ се восхитува и кој без ни малку колебање ќе може да им го претстави на своите пријатели. Таа нема да се задоволи со било кој маж, бидејќи ги презира просечните вредности. За неа љубовта значи восхитување, па затоа нејзиниот партнер мора да биде човек со јак карактер. Оваа жена не ги сака луѓето кои срамежливо ги покажуваат своите чувства и затоа човекот на нејзиниот живот мора отворено да ја искажува својата љубов и на секој начин да ја докажува. Жената стрелец не е премногу љубоморна, но неверството никогаш нема да го прости.

Жена јарец

Жената јарец има реален однос кон животот и ја сака постојаноста. Ги цени само оние луѓе кои имаат одредени вредности што се во склад со нејзините сфаќања. Во животот не сака да губи време на несериозни или невредни ситуации и ги презира лежерните и неконструктивни разговори. Оваа жена умее точно да го процени редоследот на одредени случувања и е одличен организатор.
Во работата, исто како и во животот не сака на секој начин да го привлече вниманието на другите. Таа работи дискретно и вредно како мравка, а понекогаш сака да биде сама, бидејќи тишината е нејзино прибежиште. За оваа жена не би можело да се каже дека е голем оптимист. За нејзе животот е нешто многу сериозно, но од него не очекува многу радост, ниту верува во какви било чуда.
Кога ќе добие некаква сатисфакција, ја доживува како вистински дар од Бога. Жената јарец не е лесно да се освои, а љубовта кај неа не може да дојде како гром од ведро небо. Женските претставници на овој знак ретко доживуваат голема љубов, но кога сакаат или поточно кога ќе решат тоа да си го признаат, обично тоа се случува после долго познанство со некој маж.
Кај нив љубовта бавно се раѓа, но кога ќе се врзат за некого, тоа е за цел живот, па ни времето што поминува, ниту долгите разделби не можат да ја нарушат нејзината љубов. Нејзиниот партнер треба да биде исклучително трпелив. Многу припаднички на овој знак остануваат немажени до крајот на животот, а некои пак се мажат кога се веќе во зрели години и тоа повеќе според налог на разумот, отколку по занес на срцето.

 Жена водолија

Жената водолија понекогаш зазема ироничен став, но тој е резултат на нејзината несигурност и недоволно самодоверба. Таа живее во својот свет на соништата и нема храброст да се соочи со целосната вистина, а нејзините сфаќања за светот се идеалистички. На оваа жена лесно може да се влијае и таа е свесна за тоа, па се обидува да се брани ставајќи на себе маска на ироничност, а понекогаш и цинизам.
Секој човек детално го анализира и се труди добро да го разбере, но тоа не го прави од љубопитност, туку поради желбата да им се приближи на луѓето. Не е човек од акција, но во работата лесно напредува. Многу е чувствителна и поседува ширина на духот. Сака патувања и промени, но поради неодлучност ретко ја остварува оваа желба.
Оваа жена е многу заводлива и го привлекува вниманието на мажите. Долго време го одбира својот партнер, но кога еднаш ќе се вљуби, тоа е за цел живот. Во љубовта е великодушна и на саканата личност ќе ѝ ги поклони сите свои чувства. Таа не сака лаги и извештачени луѓе, а маж-тиранин не може да поднесе. На жената од овој знак ѝ е потребен партнер со јак карактер, а кој воедно ќе биде и поголем реалист од неа.

Жена риби

Нејзиниот карактер е полн со спротивставености и можеби не е доволно свесна за тоа, но за повеќето луѓе таа е чудна и несфатлива. Честопати го менува своето расположение и наоѓа задоволство во тоа да биде завиена со некој вид магла на која не ѝ дозволува во потполност да се растргне. Нејзината склоност кон мечтаење и недефинирани ситуации, наведува на тоа дека е преголем фантазер и дека нема чувство за реалност.
Грубите зборови, критиката и злобата можат многу да ја повредат и да ѝ предизвикаат голема емотивна болка. Таа нема енергија да се бори, ниту да ги надминува препреките на животниот пат и дозволува другите да ја водат. Сепак не е сосема без иницијатива и доколку наиде на искрена поддршка, таа храбро ќе оди напред. Оваа жена е непоправлив идеалист и фантазер. Многу е интуитивна и комплексна личност, а спрема другите луѓе е толерантна до крајност.
Љубовта ја збунува уште од првиот момент и ако почувствува наклоност кон некого таа не е сигурна во себеси, па затоа и не ја открива. Се плаши дека ќе биде изневерена, отфрлена и напуштена, а страдањето е нешто што мисли дека не може да го поднесе. Таа секогаш балансира помеѓу желбата и воздржаноста и таа рамнотежа ја смирува.
Во љубовта бара нежност, такт и таинственост, а нејзиниот партнер мора да ги одбира зборовите за да не ја повреди. Мечтаењето ѝ е неопходно на оваа личност, но тоа воопшто нема да му пречи на нејзиниот реален живот со нејзиниот партнер. Сепак љубовта која неа ќе ја врзе за еден човек, нема да биде воопшто едноставна, бидејќи нејзините чувства секогаш ќе бидат полни со вртлози.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2014 во 18:18

ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО МРАЧНАТА СТРАНА НА ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ

5

Овен
Бидејќи отсекогаш сакал да биде херој на улицата, овој грабливец најчесто сака работи со кои ќе ја воодушевува својата околина. Агресивниот Овен верува дека ќе стане предмет на обожавање на целата населба доколку секоја ноќ под прозорците на соседите им прави бучава со својот мотор. Уплашените соседи со ноќи ќе го гаѓаат со разноразни предмети и ќе го налеваат со вода, се додека по неколку месеци не сфати дека е несакан и навреден не си замине.
Што најмногу го привлекува младиот Овен? Ќе го забележите како во дворот ги малтретира сите деца околу себе и им ги зема играчките, особено пластичните пиштоли или некоја друга играчка-оружје. Постарите Овни се највештите шверцери. Најчесто тргуваат со делови од автомобили или со цели автомобили, а оние најекстремните и со оружје.

Бик
Ова се грабливци што не се ни трудат да се променат. Во потрага по богатството, оди со исплазен јазик, зацрвенето лице и со тресливи раце. Доколку открие дека поседувате нешто што тој го нема, ќе ве озборува, мрази и бескрајно ќе пати.
Што најмногу го привлекува? Сонот на секој Бик е да поседува неколку илјади хектари земјиште на кое ќе расте жито и овошје, односно по кое безгрижно ќе трча со овците и кравите, а кои сите еден ден на мира ќе може да ги изеде. Урбаните Бикови повеќе се концентрирани на фрижидерите и замрзнувачите, кои ги чуваат во спалната соба наместо во оставата. Покрај тоа, познати се како колекционери на уметнички дела.

Близнаци
Близнаците најмногу од се ја сакаат славата. Сакаат да делат автограми и слики, а доколку случајно влезат во некој телевизиски кадар, прават гримаси и си играат со рацете. Повеќето од нив длабоко веруваат дека се навистина славни и тоа без никаква основа.
Што најмногу го привлекува? Во очекување на славата, Близнаците времето го поминуваат играјќи некоја игра на компјутер или праќајќи му е-маил на некој од многубројните пријатели или, пак, бесно ќе свират на некој од своите музички инструменти од кои набрзо оглувуваат. На постари години ќе ги видите во некој парк, како им ги земаат играчките на децата или, пак, играат фудбал со нив.

Рак
Неговиот скромен, тивок и безнадежен изглед со ништо не ја оддава неговата мегаломанска природа. Но, сепак, Ракот никогаш нема да биде целосно среќен доколку не поседува неколку куќи, по некоја викендичка, чамец итн.
Што најмногу го привлекува? Најлошиот сопственик во зодијакот. Животна желба му е сам да живее во висококатница или можеби во скривница или во милитантни бункери во цветни градини. Лош е и како потстанар. Тешко можете да го избркате, а ништо нема да биде чудно по неколку месеци тој да ве избрка вас.

Лав
Овие се најголемите грабливци во зодијакот, а лесно се прикриваат зад честа и големодушноста. Се сретнуваат по раскошни забави, а ќе ги препознаете по зажарениот поглед, кој е насочен кон вашиот златен накит. Секако дека и тој е накитен како вас. При погледот на вашиот прстен неконтролирано ќе почне да си ги лиже усните, а најекстремните ќе се обидат да ви го украдат или барем ќе ви го побараат да го поносат некое време.
Што најмногу го привлекува? Лавот сака да има многу и најмногу. Освен на златото, овие луѓе паѓаат и на крзна. Во секој пес или мачка гледаат потенцијална бунда или крзнени ракавици. Лавиците се познати колекционерки на долги и кратки бунди, додека машките, наместо тепих, во дневната соба со задоволство ќе стават кожа од мечка.

Девица
Иако нејзините желби можат да изгледаат безначајно или можеби бизарно, една активна граблива Девица може да му нанесе многу штета на друштвото во целина, како и на поединци. Не паѓајте на нејзиниот незаинтересиран израз на лицето. Девиците се термити, кои чистат се пред себе.
Што најмногу го привлекува? Ако нема пари да купи, ќе се обиде да украде компјутер, калкулатор, лупа, прибор за техничко цртање, мерни и оптички инструменти, фасцикли и с$ што е поврзано за канцеларијата. Оние најекстремните најмногу се палат на правосмукалки. Не & верувајте ако некоја од овие работи ја позајми и ви вети дека набрзо ќе ја врати. Уште повеќе ако имате некој расипан апарат, па ви се нафати да го поправи. Бидете сигурни дека на вашиот апарат ќе му недостига дел што никаде не може да се најде.

Вага
Ова се главните шминкери во Зодијакот, кои постојано се незадоволни од својата гардероба. Со широко отворени очи со часови се џарат во модните излози. Редовно ги посетуваат модните ревии на кои љубоморно ги озборуваат манекенките и моделите што ги носат. Кога излегувате со нив мора да внимавате при облекувањето, бидејќи ако нешто од облеката што ја носите им падне во очи, ќе ве соблечат до гола кожа.
Што најмногу ги привлекува: освен по облека, Вагите полудуваат и по шминка и парфеми. Никако не смеете да ги оставите во продавници без надзор, бидејќи тие ќе купат нешто што и вие имате. Покрај тоа, Вагите не се имуни ни на слики и скулптури. Потајно се надеваат дека еден ден кипот на слободата ќе заврши во нивниот двор.

Скорпија
Ова е еден од најнепредвидливите грабливци во Зодијакот. Во моментите на голема желба се шушкаат, шепотат и обилно се потат. Во крајни случаи не се при свест.
Што најмногу ги привлекува: Скорпионската жед најчесто е насочена кон трупање големи количества заводничка долна облека, а во екстремни случаи разновидни секс-помагала. По маркетите се познати како крадци на тантелести килоти, додека во видео клубовите секојдневно бараат некои нови порно филмови. Жетта за богатство не му е силна страна.

Стрелец
Снобовскиот Стрелец најмногу страда за статусни симболи. На помислата за палто од Армани, италијански чевли или некој расен пес, незадржливо течат лиги. На разгледниците се потпишува исклучиво со проф., д-р., или барем со инг. и тоа најчесто сосема неоснована.
Што најмногу ги привлекува: додека малиот Стрелец сака да поседува некој елитен коњ или барем пони на кој славно би јавал по градот, кога ќе потпорасне сонува по јапонски автомобили, гаража полна со велосипеди, синџир ресторани и кафулиња, бунди, накит и костуми од Шанел. Повеќето од нив сепак собираат само љубовници, чии имиња грижливо ги оставаат над креветот.

Јарец
Бескрајно грабливо суштество, кое оперира по системот молчи и земај. Не е претерано нападен, но лесно може да го препознаете по тоа што често се чеша по дланките. Никогаш не му е доволно.
Што најмногу го привлекува: Најомилената играчка на малиот Јарец отсекогаш била голема до врв наполнета касичка. Големите Јарци обожаваат дебели паричници, се разбира полни со пари и кредитни картички кои обично не ги носат во својот џеб, туку ги крадат од туѓ. Покажуваат необична наклонетост кон часовниците и будилниците. Сепак, најмногу од се сакаат да чекаат на ред во банка за да вложат пари на своите банкови сметки. Може да се каже дека тогаш се безгранично среќни и во целост исполнети.

Водолија
Уверливо најнезабележлив грабач во Зодијакот, со наивен изглед во некоја хуманитарна организација. Немојте да се излажете, тој најмногу сака технички апарати во својата куќа, од најобичен миксер, па до 3Д телевизор. Немојте да му давате на услуга фотоапарат, камера или нешто слично. Многу лесно ќе ви го отуѓи.
Што најмногу го привлекува: наместо слика, Водолијата со задоволство на ѕидот би ставила најсовремен телевизор. Секако дека мора да поседува многу силно домашно кино кој цел ден би трештело. Во таа оаза на среќа, со задоволство на лицето постојано ќе ги менува програмите со помош на едно од десетината далечински управувачи. Најекстремните Водолии тајно посакуваат да станат астронаути.

Риби
Во моментите кога Рибите нешто силно сакаат изгледаат многу збунети. Кога ќе видат нешто што им причинува задоволство почнуваат потешко да дишат и тоа може да го слушне околината, а и да се види на нивниот образ, бидејќи целата крв тогаш им се концентрира во главата. Се смируваат дури тогаш кога предметот што го сакаат ќе стане нивен.
Што најмногу ги привлекува: Рибите се страв и трепет во сите продавници за рибарска опрема. Доаѓаат секој ден и купуваат најразлични прачки за риболов, јадици или некоја друга опрема поврзана со водата. Доколку немаат доволно пари клекнуваат пред продавачот и го молат за попуст. Освен тоа познати се и како консумери и колекционери за алкохолни пијалаци. Најмногу ја сакат вотката и најчесто од неа прават колекција. Често им се случува и в кревет да легнат со шише вотка и со неа да заспијат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 118119120121122 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.