IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Духови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Духови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 404142
Автор
Порака
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2014 во 18:39
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 17:10

Приказните по кои ќе поверувате во духови!?


Комедијантката Џенифер Сондерс призна дека верува во духови и детално го опиша прикажувањето на нејзината покојна баба. Исто така, таа верува дека и други луѓе гледаат духови, но дека тие не сакаат да признаат. 

По ова нејзино споделување со јавноста, уште пет писателки признаваат за нивни слични настани.

Помрднување на предмети во хотел – Тамасин Деј-Левис

Едно лето во далечната 1970-та година, морав да патувам од работа во еден бар, кој го посетувавме со моето семејство секоја година за време на одмор.



Заедно со уште неколку девојки, кои работеа како келнерки, престојувавме во хотелот, каде што се наоѓа барот. Денеска тоа е само едно напуштено место кое нема услови за живот, но тогаш бевме млади и желни за работа. Но, она што го видовме таму сѐ уште живее во нас и постојано се потсетуваме на таа случка. 

Во хотелот имаше соба која постојано ја држеа под клуч, но таа година ја отклучија специјално за една девојка по име Ен. Една вечер кога се враќавме од работа со уште три, четири девојки слушнавме звуци и поместување на мебел. Кога се приближивме до собата, видовме дека Ен спие. Од тогаш постојано се случуваа чудни работи, кои не можевме да си ги објасниме.

Ен, пред да си легне, секогаш го оставаше својот рачен часовник во фиока, но наутро го наоѓаше на тоалетната маса. Една вечер се разбуди и виде дека и гори едната ногавица од пижамите. Тоа не се случуваше само една вечер. Некогаш и преку ден се слушаа различни звуци – и покрај тоа што немаше никој во собата. 

По некое време, Ен ја смени собата, но не веруваше во духови и мислеше дека ние се шегуваме со неа. Подоцна мене ми ја доделија таа соба и јас сѐ уште паметам што се случуваше во неа. Чашата ја оставав на едно место, ја наоѓав на сосема друго место. И го паметам мирисот на влага што никогаш порано не сум го помирисала. 

Повикав една жена што порано работела таму. Таа беше вџашена кога и кажавме дека таа соба ја отвориле и не советуваше да му кажеме на сопственикот повторно да ја заклучи. По една недела се преместив во друга соба, а таа соба ја заклучија повторно и никогаш не ја отворија.

Мојата куќа опседната од духови – Хана Бетс

Се сметам себеси за скептичен атеист, сепак со она што го искусивме јас и моето семејство, духовите ме натераа да не го игнорирам нивното постоење.



Во 1987 година имав 16 години, кога кланот Бетс, мајка ми, татко ми, двајца браќа и сестри, се преселивме во голема вила на три ката со шест спални во преградието на Бирмингам. Според еден локален жител, нашиот нов дом бил опседнат од тројца духови: жена која трчала низ ходник, постар доктор кој се качувал по скали за да го види неговиот покоен внук и жртва на соочување која завршила со убиство. Постоеше и црвена дамка од крв на скалите, која никако не можеше да се извади, но ја покривме со тепих. 

Ах, како само се потсмеваа со нас. Врати се трескаа на сред ноќ и се слушаа чекори. Секоја вечер во точно 4 часот по полноќ, некој или нешто чкрипеше по скалите, тропаше ужасно и отвараше врати во секоја можна соба сѐ дури не стигне до главната спална соба. Кога не бевме дома и кога се враќавме ги наоѓавме чешмите пуштени до крај, а ринглите на шпоретот пуштени на најсилен оган. 

Една вечер, се отвори каминот кој беше како плочка на ѕидот во мојата соба. Зад него во пукнатините беа набиени стари весници кои го опишуваа убиството кое се случило во куќата. Мајка ми почна да се однесува чудно. По некое време призна дека навечер не можела да спие и дека го видела мртвото тело на детето што било убиено. Во најстрашната соба престојуваше мојот најмал брат. Тоа лето, тој занеми и му се појавија големи подочници. Од тогаш спиеше во собата на мајка ми, а во неговата соба се пресели баба ми, но само на кратко и потоа одбиваше и да влезе таму.

Потоа мајка ми се охрабри. Ја заклучи собата, одбивајќи да признае дека духовите ја опседнале куќата и кажа дека сѐ било до времето. 

Таа соба сѐ уште е заклучена. Не ја употребуваме до ден денешен. По некое време настаните се стивнаа..или пак ние се прилагодивме на нив.

Од секогаш гледам духови – Санта Монтефиоре



Уште од дете почнав да гледам духови. Моите првични сеќавања се како гледам сенки кои се движат низ мојата соба навечер. Беа потемни од темнината и изгледаа несвесно или пак незаинтересирани за мене. Ги гледав вџашено, срцето силно ми биеше, сѐ додека не соберам доволно храброст за да вклучам светло. Во тој момент исчезнуваа.

Никогаш не им кажав на родителите за овие вечерни појави. Мислев дека сите ги гледаат – но со тек на време сфатив дека јас сум единствената во фамилијата која ги гледала. Куќата каде што живеевме не беше опседната. Верувам дека сите сме опкружени со духови постојано. Гледам духови и во новите куќи, исто како што ги гледам и во старите.

Неодамна, Мигуел, еден мој пријател од Аргентина, почина во Буенос Ариес од тумор на мозокот. Вечерта кога ги слушнав вестите, решив да медитирам – не за да стапам во контакт со него, туку бев многу тажна и сакав да пронајдам некој мир. Со мислите потонав длабоко и заминав далеку. Наеднаш, пред мене стоеја три фигури. Едната беше Натали, прва братучеда на Мигуел, која беше убиена пред 20 години, втората беше Мигуел и третата претпоставувам дека беше неговиот татко, иако никогаш не го запознав.

Фигурите сјаеја, смеејќи ми се. Ги држев таму долго време, собирајќи го чувството на среќа кои ми го даваа. Потоа во мојата глава, му кажав на Мигуел дека сакам да споделам со неговата мајка дека тој е среќен, безбеден и со луѓето кои ги сака, а тој само се насмеа и рече дека таа веќе знае.

Следното утро, решив да се јавам на неколку места за да видам дали тоа навистина се случило. Му се јавив на мојот кум, кој веќе зборувал со мајката на Мигуел, која му кажала дека е среќна што нејзиниот син е заедно со Натали и татко му.

Верувам дека тие тројца дојдоа кај мене да го потврдат нејзиното верување. Таа порака беше за неа. И денес гледам духови, навечер и кога медитирам. Веќе не се плашам од нив.

Посета од починат љубовник – Венди Лејг

Никогаш не верував во духови, но пред три години имав еден запрепастувачки момент, кога ми се појави духот на мојот починат љубовник. Тој се викаше Ричард, беше висок 1.80см, имаше светло сини очи, темна коса и насмевка која можеше да го стопли и најладното место. За жал, почина ненадејно од срцев удар на само 66 години. Ми беше голема љубов во моите 20-ти години, но околностите не разделија. По чудни и дрматични игри на судбината, повторно се сретнавме преку работа.



Покрај привлечноста која сѐ уште ја чувствувавме меѓу нас, реалноста беше против нас. Тој беше женет, додека јас бев верна на друг. Но, имавме афера. Неколку убави, тајни средби, полни со љубов, сензуалност и мир, кои продолжуваа до тој трагичен ден кога слушнав за неговата смрт.

Скршена, се заклучив во канцеларијата и со пенкалото кое тој ми го подари за роденден постојано го испишував неговото име. По некое време, заѕвони телефонот во дневната соба и јас престанав со пишување, па го оставив пенкалото на работната маса и отидов да се јавам. По интензивен 20-минутен разговор со блиска пријателка, која знаеше за мојата афера со Ричард, решив да се прошетам. Но, само што ја затворив влезната врата, го слушнав гласот на Ричард како ми вика да се вратам во канцеларијата.

Бидејќи бев во транс, се вратив. Го видов пенкалото како се разлеало, а ламбите наеднаш испукаа. И во таа темнина го слушнав гласот на Ричард: Те сакам и благодарам што беше моето најубаво лето. Никогаш не мислев дека ова ќе ми се случи.

Ни јас не помислив дека некогаш ќе ме прогонува нечиј дух.

Привидение на предсмртна постела – Иси Фокс

Како писателка на Викторијански романи, која ја дефинира готската изопаченост, честопати ме прашувале дали сум имала средба со дух, како што опишувам во книгите. Сум искусила нешто што можеби се смета за натприродна моќ, но навистина не знам да кажам дали било вистинска сила или внатрешна манифестација на силни емоции.



Но, постои еден настан, кој совршено го паметам од часот на смртта на мојот очув – човекот кој ме сакаше како свое дете и кон кој чувствував огрмона наклонетост. Кога почина, имав 28 години и иако не бев со него кога умираше, го посетив неговото тело подоцна тој ден, кога лежеше во капела. Телото лежеше во задимена соба со само една запалена свеќа. Сестра ми и јас седнавме на краевите од креветот, додека сопругот стоеше на крајот.

Она што го видов следно е тешко да се опише. Тоа беше еден момент на загуба и морам да признаам дека бев шокирана, но наеднаш станав свесна за сјајната аура на светлина што кружеше околу главата на мојот очув.

Воопшто не се чувствував чудно – всушност беше сосема задоволувачко – но не мислев на никој ништо да му кажам. Кога се враќавме назад со автомобилот, сестра ми проговори: Знам дека ќе ви звучам налудничаво, но дали ја видовте белата светлина над главата на тато? На што мојот сопруг одговори НЕ! Но, почувстував такво олеснување што знаев дека не сум си го замислила тоа осветлување. 

Ова е една лична приказна. Сепак, ме интересира дали некој друг го искусил овој феномен. Малку истражував и читав од некои документи од болница од медицински сестри кои го гледале истиот тој круг над глава во моментот кога пациентите умирале. Навистина се прашувам дали науката има објаснување за ова – да одговори дали таа светлина е физичка или хемиска реакџија, поради темнината и задименоста во капелата. 

Како и да е, тоа беше неверојатно. Мојот очув беше навистина добар човек. Ако некој заслужува ореол тогаш сигурно е тој!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2014 во 18:07
Во овој хостел бил забележан дух на дадилка која се каела поради смртта на едно дете?!

Духот од дадилка исполнет со вина, бидејќи детето кое го чувала паднало од дрво и починало, е забележан на прозорец од хостел, кој наводно го опседнала... Барем така тврди Мишел која е ловец на духови.

Застрашувачката фотографија на прозорецот од хостелот ја снимила Мишел Морис во Оксфорд, за кој тврди дека за време на фотографирањето бил празен, пренесува „Mirror”.

Се верува дека фигурата која се појавила на прозорецот е дадилка која чувствува вина, откако починало дете кое било под нејзин надзор. Имено, детето паднало од дрво во текот на периодот околу Втората светска војна.


Мишел Морис, која студира форензична психологија, ја видела дадилката додека била на лов на духови во Оксфорд. „Бев надвор со група гости и го разгледувавме тој имот на хостелот. Кога погледнав нагоре, имав и што да видам! Тогаш почнав да фотографирам и знаев дека се случува нешто паранормално“, раскажала таа.

Спорната куќа била изградена во 1924-та година и постојат некои известувања за паранормални активности во неа. Тоа сега е мал хостел во кој доаѓаат гости. „Неколку од гостите виделе малечко момче во облека каква што се носела порано, поминувало во ходникот на првиот кат“, било напишано на страницата од хостелот.

„Некои виделе воен офицер како стои покрај нивниот кревет, задлабочен во своите мисли. Колку и да е тоа необично, никој никогаш не се почувствувал непријатно. „Во случај да постои дух во овој хостел, очигледно е бенигна личност која толку ја сака куќата, што нема намера да се отсели“, велат од хостелот.

Мишел била на првиот кат и кажала дека почувствувала изненадувачки пад на температурата и слушнала необични звуци.

Џон Вилијамс кој ја води канцеларијата за лов на духови, вели дека таму слушнал како дете му шепнало на уво ‘Паднав од дрво’, а јас мислам дека тоа бил духот на дадилката која се чувствува виновна поради тоа“, вели Мишел која учествува во ловот на духови во последнава година и учествувала во 12 истраги.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2015 во 21:34
Снимил страшна фотографија во природа: „Оттогаш имам чувство како нешто да ме прогонува”

Еден маж кој бил во шумската област во Квинсленд, снимил фотографија од која би ги полазиле морници и најхрабрите.

На неа откако ја развил забележал нешто што личи на дух во човечки облик, а тоа не би го шокирало толку ако цело време немал чувство како некој таму да го набљудува, пишува Daily Mail.

Фотографијата на Фејсбук ја објавила група која се занимава со „лов на духови“, ’Toowoomba Ghost Chasers’, а нејзините членови наведуваат дека се чини дека магловитиот облик е проќелав маж со кратка брада, а на себе носи црвен џемпер и стои крај големиот куп гранки.


„Ова со нас го сподели член кој бил во мочурливата област која е позната по самоубиства“, напоменуваат од групата и велат дека тој им раскажал дека на тоа место „добил ужасно чувство дека некој го набљудува“.

„После тоа ги проверивме сите фотографии кои таму ги снимил и наидовме на оваа глетка“, раскажуваат.



Членовите на групата која се занимава со барање на присуство на духови, велат дека планинарите често наминуваат во оваа област, но дека е необично таму да се најде некој облечен во црвено. Исто така, членот кој ја снимил фотографијата вели дека „има чувство како нешто да го прогонува“.

„Од тој ден неколку пати го почувствував тоа морничаво чувство, на пример кога одам по улица имам чувство дека нешто ме следи и дека секој момент ќе ми скокне зад дрвата“, пренесува Daily Mail. На објавата има коментари од многумина кои веруваат дека станува збор за дух, а некои претпоставуваат дека станува збор за личност која си го одзела својот живот во оваа област.


Изменето од Valerija - 24.Август.2015 во 21:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2016 во 20:53

13 страшни приказни за жени духови

Верувате ли во духови? Според легендите, духовите се души на покојници кои умреле од насилна, неочекувана смрт, или пак се закопани на несоодветно место и не можат да се упокојат сѐ додека не се реши мистеријата. Во оваа листа се вброени приказни за жени духови кои ги тревожеле локалните жители.

1. Безглавата калуѓерка

duh01

Датирајќи се во почетокот на 18. век, оваа приказна раскажува за една француска благородничка која била пратена во Канада да се закалуѓери, но по пат ја изгубила главата…буквално. Велат дека нејзиниот дух сега скита по шумите околу Френч Форт Ков барајќи ја својата глава.

2. Белата дама

duh02

Ова е еден од најпопуларните призраци „видени“ од стотици луѓе со текот на годините. Се верува дека дух на девојка која си го одзела животот и сега скита по патиштата како предзнак за смрт на тие кои ќе ја видат.

3. Олива Томас

duh03

Оваа девојка починала на 25-годишна возраст откако случајно испила живин бихлорид наменет како лек за сифилисот на нејзиниот сопруг. Сега наводно го опседнува театарот Њу Амстердам во Њујорк, флертувајќи со мажи за веднаш потоа да исчезне. Нејзината приказна до таа мера станала дел од театарот што сценските работници пред да ги изгаснат светлата и да си заминат, го изведуваат суеверниот ритуал велејќи „до видување, Олива“.

4. Сивата дама

duh04

Во Велика Британија се раскажуваат приказни за сив дух на жена кој кружи насекаде низ земјата. Спомната е дури и во серијата филмови со Хари Потер. Неодамна е снимена фотографија на која наводно е снимена во замокот Дадли во Англија.

5. Кафеавата дама од Рејнам Хол

duh05

Дамата Дороти Валпол живеела маченички живот со нејзиниот насилен сопруг. Кога тој дознал дека таа има љубовна врска, тој ја заклучил во нивниот дом кадешто таа на крајот умрела од големи сипаници. Луѓе кои подоцна го посетиле домот тврделе дека го виделе нејзиниот дух како скита наоколу. Во 1936 еден наводно успеал да ја слика како се симнува од скалите, иако многумина велат дека сликата е лажна.

6. Врискачката Џени

duh06

Џени била сиромашна жена која живеела во колиба близу железницата во еден град во Западна Вирџинија, САД. Една ноќ, додека се топлела крај огнот, ѝ се запалило здолништетот и не успеала да ги изгасне пламените. Врискајќи се стрчала по шините кога наеднаш ја удрил воз. Оттогаш на секоја годишнина од нејзината смрт се појавува како огнена топка која вриска.

7. Ан Болелин

duh07

Како и повеќето жени на кралот Хенри VII, и животот на Ан завршил со обезглавување кога не успеала да му роди машко дете кое ќе го наследи. Почнувајќи веднаш по нејзината смрт во 1536, многу луѓе тврделе дека го виделе нејзиниот дух како скита по Лондонската кула.

8. Беловата вештерка

duh08

Оваа туристичка атракција од Тенеси, САД е именувана според семејството кое наводно го измачувала. Измачителот бил духот на жената по име Кејт Бетс. Кога била жива, таа имала земјишен спор со Џон Бел и по нејзината смрт нивните сметки сѐ уште не биле расчистени. Една ноќ децата на Џон биле нападнати од невидливи раце, а потоа Џон бил отруен, за потоа за време на погребот да се чуе непознат глас како пее песни за пиење.

9. Мадам Мери Делфин Лалори

duh09

Се смета дека таа била еден од првите сериски убијци во САД. Еден ден нејзиниот дом бил зафатен од пожар и се открило дека зад една заклучена врата се скриени телата на неколку робови кои таа ги измачувала до смрт. Гонета од бесната толпа, успеала да избега во Париз, но многумина веруваат дека нејзиниот дух е осуден на вечно скитање во нејзиниот бивш дом. Според кажувањата, често била видувана врз бебиња и деца со камшик во рацете.

10. Крвавата Мери

duh10

Според познатата легенда, кога во темница ќе застанете пред огледало држејќи една запалена свеќа и три пати ќе изговорите „крвава Мери“, ќе се појави нејзиното лице. Потеклото на оваа легенда е непознато, но според некои теории се работи за дух на жена судена за вештерство во Салем, според други е духот на кралицата Марија I кој е казнет на вечно скитање поради нејзиното гонење на протестантите, а според трети е анонимна жртва на злобен убиец.

11. Сината дама

duh11

Посетители на Мос Бич Дистилери Кафѐ во Калифорнија тврдат дека биле сведоци на појавата на призрак во син фустан од времето на прохибицијата. Според кажувањата, духот е на омажена жена која работела како пијанист во локалот и била убиена додека шетала на плажата со нејзиниот љубовник. Оттогаш вработените и посетителите го забележувале нејзиниот дух како го бара изгубениот љубовник, како крева предмети во воздухот и прави мистериозни телефонски повици.

12. Кучисаке Она

duh12

Името на оваа урбана легенда на јапонски значи „жената со расечена уста“. Приказната почнала да кружи во седумдесеттите и во неа се раскажува за жена дух чиешта сепороди о лице било расечено од уво до уво. Според кажувањата, кога ќе начекала само дете, ја вадела хируршката маска прашувајќи дали е убава. Ако детето одговорело со „не“, го убивала, а ако одговорело потврдно, ќе направела да изгледа како неа.

13. Црната Аги

duh13

Оваа морничава статуа е поставена над гробовите на генералот Феликс Ангус и неговата сопруга на гробиштата Друид Риџ во Мериленд, САД. Според кажувањата, ноќе често се забележуваат призраци со светкави очи, што дури довело до тоа гробот да биде откопан.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
marchi.be Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 08.Март.2016
Статус: Офлајн
Поени: 30
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marchi.be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2016 во 14:28
a sto vrska imat posledniov komentar so temava duhovi?????
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2016 во 14:36
Хахахаголема насмевкаголема насмевка
Моја грешка,ја утнав тематасреќа
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
marchi.be Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 08.Март.2016
Статус: Офлајн
Поени: 30
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marchi.be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2016 во 14:38
Originally posted by Valerija Valerija напиша:

Хахахаголема насмевкаголема насмевка
Моја грешка,ја утнав тематасреќа

jas sekako si go procitav postot - horoskopot samo ajde rekov da reagiram.
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2016 во 19:42


Изменето од Kastro - 29.Март.2016 во 19:43
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Суада Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Април.2015
Статус: Офлајн
Поени: 311
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Суада Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2016 во 01:27
Постојат духови, постојат... Сега да излезиш во ова време... Низ Скопје пуно духови на нозе, се шетаат... ќе види и слушне човек...
Сенки, повраќаници, смеење, музика, пиење, плачење... И така.
Доаѓам тука-себеси се брукам...
Ми идИ во глава да си пукам
Хехе
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 404142
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.