Астролозите тврдат дека постои голема разлика меѓу хороскопските знаци и типовите на пороци на кои секој од нив е најчесто потпаѓа. Еве што имаат да кажат за вашиот знак:
|
Хороскоп |
Внеси реплика | страница <1 118119120121122 157> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
АСТРО ПОРОЦИ: ОД ШТО Е ЗАВИСЕН ВАШИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАКАстролозите тврдат дека постои голема разлика меѓу хороскопските знаци и типовите на пороци на кои секој од нив е најчесто потпаѓа. Еве што имаат да кажат за вашиот знак:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КОЕ Е ВАШЕТО ТАЈНО ОРУЖЈЕ: ШКОРПИИТЕ ИМААТ НЕОДОЛИВ ШАРМ, БИКОВИТЕ СЕ ФАТАЛНИ...Овен Жената Овен е огнена освојувачка која сака да биде во центарот на вниманието и тоа го прави со крајно сексапилна облека. Сака да се “стегне“ но тоа го прави со цел да ја истакне силата на својата личност. Припадниците на знакот имаат интересно и впечатливо лице, спонтани се во комуникацијата и страсни. Бик Жените Бикови го менуваат својот пристап од невина девојка од соседството до фатална жена. обично имаат убави гради, нешто поширока карлица и силен карактер. Еротски се и сакаат да допираат за време на комуникација. Близнаци Таа е вечно дете со сто лица. Припадниците на овој знак се крајно шармантни, брзо мислат и се комуникативни. Омилени се во друштвото, обично се со посветла коса и очи, и потемен тен. Сакаат да се трансформираат и својот начин на заведување го менуваат во зависност од целта, односно типот на маж. Рак Жените Рак се нежни и чувствителни. Обично имаат облини, го сакаат семејството и мажите ги сметаат за добар избор. Крајно се женствени и сакаат мажот да биде џентлмен и да им посветува доволно внимание. Лав Лавиците се доминантни, итри, и како останатите огнени знаци, сакаат да бидат во центарот на вниманието. Сакаат впечатлив накит, обично имаат бујна коса, гласни се и авторитетни. Своите мани ги претвараат во предности. Девица Девиците имаат латентна сексуалност. Во секојдневниот живот се педантни и организирани, а такви се и кога освојуваат. Обично играат на картата добро девојче, имаат префинети црти на лицето и романтичен стил на облекување. Вага Вагата има одлични заводнички методи и доста внимава на својот изглед. Знаат добро да се облечат за секоја ситуација, внимателно се средуваат, и умеат во голема мера да заведуваат со својот стајлинг. Фризурата секогаш им е одлична, а шминката перфектна. Шкорпија Ова се опасни заводници. Имаат невиден шарм, природни се и обично имаат лукав и сензуален глас. Освојуваат без проблем, но знаат да бидат посесивни. Кога заведуваат играат топло-ладно, па на тој начин ќе ви го свртат паметот. Стрелец Жените Стрелци се недопирливи. Обично имаат спортски стил, но сакаат и накит. Ги красат убави нозе, но немаат изразени облини, што лукаво знаат да го претворат во своја предност. Доколку имаат недостатоци, вешто ќе ги прикријат со заразната насмевка. Јарец Жената Јарец е ледена кралица и така и освојува. Тие изгледаат како моќни и непокорни жени и обично напаѓаат послаби партнери. Имаат убави нозе и убаво тело, а знаат да ги истакнат своите атрибути со соодветна облека. Водолија Водолиите делуваат незаинтересирано за впечатокот што го оставаат на мажите. Припадниците на овој знак се интересираат од духовното ниво, мошне се модерни, храбри и неоптеретени. Сакаат живи бои и умеат да изгледаат секси дури и во патики. Воглавно негуваат природен изглед. Риби Рибите се нежни и чувствителни. Но тоа е само трик на златните риби кои демек несвесно ќе се заплеткаат во мрежата на својот ловец. Тие имаат грациозна телесна градба, нежни и убаво обликувани нозе, магичен поглед, но без проблем ќе ја искористат својата карта – дама во невоља. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најлошите љубовни комбинации според хороскопотБлизнаците не би смееле да бидат во врска со Биковите, Раковите и Рибите, додека на Лавот не му одговараат Близнаците и Јарците. Кој е вашиот несуден партнер според хороскопот? Припадниците на овој знак се секогаш отворени за љубов и нови искуства, а често пати влегуваат во љубовни врски пред добро да го запознаат партнерот. Не сакаат луѓе кои глумат и претерано се жалат, затоа што сакаат самоуверен настап. Најлоша љубовна врска имаат со Рибите кои се пречувствителни, со Близнаците кои постојано се караат и со Девиците кои се претерано комплицирани за нив.
Припадниците на овој знак се одлични во долги врски, но додека го запознаат вистинскиот партнер, сакаат да уживаат во кратки, безначајни афери. Ги одбиваат трачевите и оние кои се плеткаат во туѓи животи. Најлоша љубовна комбинација за Биковите се слободните Стрелци кои си ја сакаат независноста. Лош избор се и Близнаците, кои се премногу немирни и Овните кои постојано запаѓаат во објаснувања и расправии.
Припадниците на овој знак се лесно заљубливи, но подеднакво брзо се разочаруваат и го напуштаат партнерот. Ги одбиваат луѓе со кои немаат многу заеднички теми и оние кои се лесно предвидливи. За Близнаците најлош партнер е Бикот, кој не ги цени доволно туѓите потреби. Исто така, Ракот е премногу стабилен и предвидлив за Близнаците, додека емоциите на Рибите претерано ги гушат.
За Раковите љубовта е најубавиот животен момент, па затоа бараат партнер кој е способен да се труди. Ги одбиваат егоистични партнери кои не покажуваат доволно почит за нив. Раковите најлошо се сложуваат со Стрелците заради несигурноста, љубомората и расправиите кои се јавуваат со текот на времето. Лоша комбинација се и со Близнаците кои се нестабилни, како и Овните кои се сконцентрирани само на себе.
Припадниците на овој знак тежнеат кон сигурност во љубовната врска, па посебно сакаат да се приоритет кај партнерот. Ги одбиваат луѓето кои претерано се грижат и пренесуваат негативна атмосфера, како и луѓе кои се склони кон манипулација. Најлош љубовен пар се со Близнаците кои се малку изгубени за нив, но и со Рибите кои ненамерно ќе ги повредат. Лоша комбинација се и со Јарците кои сакаат да доминираат исто како и Лавовите.
Девиците со голема сигурност ги одбираат своите љубовни партнери. Сепак, тешко ја донесуваат одлуката за кој ќе се врзат трајно, а ги одбиваат пасивни луѓе кои постојано се грижат само за себе. Најлоша комбинација се со Овните кои кон нив се поставуваат шефовски, како и со Вагите кои не ја разбираат критичноста на Девиците. Тешки љубовни ситуации имаат и со Водолиите заради постојаните кавги. Припадниците на овој знак го ценат мирот и сигурноста, па невозвратената љубов знае лесно да ги изнервира. Ги одбиваат партнери кои лажат и во кои немаат доверба. Затоа лоша комбинација се со комплицираните Девици, како и Скорпиите кои по природа се песимисти. Нема да се сложат добро и со Раковите, затоа што имаат премногу традиционални мислења за нив.
Скорпиите се полни со страст за животот, па сакаат врски кои ќе ги исполнат и ќе им до надополнат карактерот. Одбиваат агресивни поединци кои сакаат да се истакнат. Скорпиите се лоша комбинација со темпераментните Овни, но и Близнаците кои сакаат да предизвикуваат љубомора. Со Стрелците никогаш нема да се чувствуваат сигурно, па затоа ги избегнуваат љубовните врски со овој знак.
За Стрелците важи правилото сè или ништо, а во недефинираните односи сакаат да си играат со чувствата. Ги одбиваат луѓе склони кон меланхолија и кои не знаат што сакаат со себе. Стрелците се најлоша љубовна комбинација со Биковите кои се премногу посесивни, како и со Раковите на кои им недостасува спонтаност. Ништо подобар пар не се ни со Девиците кои претерано многу критикуваат.
Јарците се тешат со тоа дека љубовта не им е важна, но тоа им е само одбранбен механизам. На состаноците се однесуваат како детективи, а ги одбиваат партнери кои немаат самоконтрола. За Јарците лоша комбинација се Овните кои се нестрпливи и доверливи, како и Близнаците кои немаат идеали. Ништо подобра комбинација не се ни Стрелците, кои се потполна спротивност на Јарците.
На Водолиите не им е проблем да се заљубат, проблемот настанува кога ќе се почувствуваат дека ја губат својата слобода. Ги одбиваат неморални и предвидливи лица. За Водолиите лоши љубовни партнери се Биковите кои не нудат стабилност, како и Раковите кои се по малку здодевни. Водолиите не успеваат ни со Девици кои вообичаено сакаат да воспостават ред во туѓиот живот.
Припадниците на овој знак се во потрага по идеален партнер кој ќе им овозможи љубов од соништата, но често пати одбираат партнер кој се однесува неразумно и детски. Ги иритираат површните погледи на животот. За Рибите најлоши партнери се Овните кои се агресивни, исто како и Близнаците кои немаат доволно разбирање. Не се сложуваат добро ни со Лавовите кои ќе се обидат да манипулираат. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ГОДИШЕН ХОРОСКОП ЗА 2015 ГОДИНАЗа два месеци ќе настапи новата 2015-та година, а секогаш е добро предвреме да знаеме некои работи. Така, ви го претставуваме вашиот годишен хороскоп за 2015-та година. ОВЕН: За овните ова ќе биде една од најдобрите години досега. За оние кои бараат работа, конечно ќе ја најдат и ќе имаат подобра плата. А оние кои веќе имаат работа или се занимаваат со некој приватен бизнис, ќе имаат промени, но само на подобро. Исто така, ако планирате да купите нов автомобил, да си купите стан или нешто крупно, тоа и ќе се исполни. Едноставно оваа година се ќе ви тргне од рака. Дури и некои проблеми или парници кои досега ве оптеретувале, веќе од првата половина од годината ќе бидат средени и разрешени. Покрај успехот на работен план и подобрувањето во финансиска смисла, ве очекува и наклонетост на вашите блиски личности. Покрај тоа, во оваа година во однос на претходната повеќе ќе се забавувате и повеќе ќе работите на она што вистински ве исполнува. Од таа причина ќе бидете задоволни и на љубовно поле, без разлика дали веќе се во врска или барате нова романса. Здравјето ќе ве служи, но повремено одете на контрола од превентивни причини. БИК: Ова ќе биде година во која Биковите ќе бидат на помали или поголеми искушенија и ќе бидат изложени на рани предизвици, кои ќе ги наоѓаат речиси секој месец. Она што е охрабрувачко за сите родени во овој знак е дека поголемиот дел од тие пречки и препреки успешно ќе ги совладуваат. Секој следен работен и животен успех поради тоа ќе и биде помил, бидејќи ќе бидат свесни колку се бореле за да успеат. На љубовен план, за Биковите 2015-та година ќе биде многу интересна. Оние кои се во долги врски, би можеле конечно да стапат во брак. Оние кои веќе се во брак има голема шанса да се поправат некои односи и да живеете посреќен заеднички живот. За оние Бикови кои се сами, може да се каже дека овој период е поволен за почеток на нова врска, па затоа немојте да седите со скрстени раце. Покрај малите настинки кон почетокот на годината, Вашето здравје ќе биде најчесто добро. БЛИЗНАЦИ: Ако ве мачело некое имотно прашање за време на 2014-та година, во новата би требало тие работи конечно да ги разрешите во ваша корист, само е потребно бидете упорни и да имате верба дека на крајот се ќе биде во ред. Во прилог ви оди фактот дека во 2015-та година имате многу поголеми изгледи повеќе да патувате, за разлика од претходните. Тоа ќе донесе повеќе задоволство, среќа и позитивна енергија. Ако имате разрушени семејни односи во овој период би требало да преземете нешто по тоа прашање и да се обидете да ги поправите истите, бидејќи мирот во семејството е еден од најважните фактори за вашата среќа. На љубовно поле обидете се да не се мешате во туѓите врски или бракови, бидејќи тоа може скапо да ве чини. Обидувајте се да гледате на сопствениот живот и да веќе немате, обидете се да најдете личност која ќе ви значи и посветете и се. РАК: Во оваа година на поголемиот дел од Ракови ќе им биде потребна дополнителна помош за да ги исполнат нивните замисли или да преминат низ тежок период кој е пред нив. Ако родителите ви се во можност да ви помогнат, немојте да ја одбиете нивната помош. Исто така, ако сакаат и пријателите да ви излезат во пресрет, не би требало ни нив да ги одбиете, бидејќи годинава ќе ви треба помош од луѓето кои ве сакаат. На љубовен план работите ќе бидат доста подобри, ќе почнат да ви се јавуваат луѓе кои се повеќе се интересираат за вас. Затоа бидете подготвени на љубовни изненадувања, романси и авантури. Она што е важно да се напомене е дека ова е одлична година за правење на дете, па затоа ако имате таква желба, 2015-та е вистинскиот период за вас. ЛАВ: Проблемите кои се предизвикани од влегувањето во долгови, кредити и лошата финансиска состојба, оваа година конечно би можеле да се решат во ваша корист. Ситуацијата секако нема да биде сјајна, и нема многу работи да одат на подобро, но сепак ќе излезете од оние навидум безизлезни ситуации и конечно ќе застанете на нозе. Кога ти е финансиски проблеми ќе ги пребродите во првиот дел од годината, ќе бидете во добра позиција да можете дури и да се почестите и со нов автомобил или да одите на некое патување за кое долго време сте сонувале и сте го посакувале. Состојбата на работа ќе ви се поправи од месец во месец. Ако со партнерот сте во брак и немате деца, оваа година ќе биде пресудна за да го сторите тоа. Оние лавови кои се сами, имаат добра шанса годинава да влезат во вистинска сериозна врска која на крајот на годинат може да резултира со брак. ДЕВИЦА: Конечно дојдоа вашите пет минути, или уште подобро цела година, особено на работно поле. Ако сте невработени, веќе на почетокот на годината можете да очекувате дека ќе се вработите. А ако веќе работите нешто, конечно ќе излезете во преден план и ќе доминирате во вашата работа. Ако имате деца, односот со нив ќе биде хармоничен, како и со вашиот партнер. Ако сте сингл, може да се случи да отпатувате во странство или дури да прифатите некоја возбудлива работа, која подоцна ќе резултира со нови романси. Ве чека навистина возбудлив период и искористете го на најдобар можен начин она што ви претстои, бидејќи ќе ве следи добра среќа буквално со што и да се занимавате и речиси на секое поле. Опуштете се и уживајте бидејќи конечно дојде вашето време. ВАГА: Во овој период можно е поголемиот број ваги да купат недвижен имот. Ако сте имале семејни проблеми, веќе на почетокот на годината работите би требало да се средат и повторно да бидете во добри односи и без многу стрес. Исто така на работен план работите би требало да се нормализираат и од средината на годината да бидете во стабилен период во животот. Во овој период многу е важно да бидете трпеливи, да не донесувате непромислени одлуки и никако да не бидете арогантни и полни со себе. Ако успеете да го сторите тоа, ве чека голем успех на работен план бидејќи ќе остварите нови значајни контакти кои доста ќе ви значат во иднина. На љубовно поле без некои промени. Оние кои биле во брак, така и ќе остане, а оние кои се сами, мали се шансите оваа година да ја најдат сродната душа. Можни се кратко трајни романси. СКОРПИЈА: За Скорпиите 2015-та е една од најдобрите години во последно време. Се очекува дека лицата родени во овој знак ќе остварат големи парични приходи, особено кон крајот на првата половина од годината. На работен план навистина ќе ви цветаат ружи, а и вашите соработници и колегите ќе ве почитуваат. Ако сте имале проблеми со трачарење од страна на луѓето од вашата околина, тие приказни би можеле во голема мера да се намалат оваа година. За сите кои долго се во врска со партнерот, ова е одлучувачка година за да стапите во брак, па можете без плашење да се одлучите на овој потег. Оние кои се сингл имаат убва шанса за време на средината на оваа година, да ја најдат личноста која ќе им одговара и прво од авантура, тоа да премине во нешто посериозно што на крајот од годината може да заврши со брак. Генерално гледано ова е многу добра година за вас и искористете го на најдобар можен начин. СТРЕЛЕЦ: Годината поголемиот број Стрелци ги чекаат многу изненадувања и важни случувања. Добро подгответе се за тоа и немојте да потклекнете пред првиот проблем кој ќе се најде пред вас. Имате добри изгледи да склопите важни работи кои ќе ви донесат многу пари и кончна стабилизација на финансиски план. Иако кризата е се поголема, вие би можеле да бидете во добра позиција, само ако верувате во себе и сте упорни. Односите во вашето семејство би требало да бидат добри, па нема потреба да се грижите на тоа поле. А што се однесува на љубовта, ве очекува нестабилна година. На почетокот на годината би можеле да влезете во некоја сериозна врска, додека преку летото има големи шанси за краткотрајна романса. Сепак, секако ќе ви биде возбудливо и ако долго сте сами, годинава тоа ќе се промени, а колку ќе биде тоа така, останува на вас. ЈАРЕЦ: На работно и финансиско поле оваа е година на Јарците. За што и да се фатите, ќе ви појде од рака и тоа со неверојатна леснотија. Ако барате работа веќе подолго време, конечно ќе ја најдете и ќе се вработите. А ако веќе работите или развивате некој бизнис, работите ќе одат по нагорна линија. За разлика од финансиската ситуациј, на љубовно и семејно поле ќе биде малку нестабилно. Избегнувајте бурни кавги со партнерот, особено околу првата четвртина на годината. Обидете се да го одржите мирот во куќата и убаво да се согласувате со вашите домашни. Разбирањето и трпението ви е важно, а и со подобрувањето на финансиската состојба се ќе оди полесно. ВОДОЛИЈА: Ако имате желба да одите во странство, 2015-та година е годината за тоа, за сите припадници на овој знак. Немојте да чекате, едноставно следете ги вашите желби и веруваме дека нема да згрешите. Ќе ви се укажат добри работни прилики, па добро размислете и одберете ја онаа која најмногу ви се допаѓа и која ви изгледа напаметно. Следете ја вашата интуиција и верувајте во себе. Во овој период релативно добро ќе се согласувате со домашните. За Водолиите кои се сами, љубовниот хороскоп за оваа година е наклонет бидејќи постои голема можност конечно да влезете во сериозна и долга врска. Најголеми изгледи за тоа има за време на пролетта. Кон крајот на годината чувајте се од караници и несогласувања како со партнерот, така и со своите блиски луѓе и семејството. РИБИ: Конечно дојде време да ги преземете работите во ваши раце и повеќе да не живеете во страв. Животот е преполн со можности и време е да почнете да се борите за себе, за подобро работно место, за подобра плата и за подобри животни услови. Ако не сте задоволни со работното место и платата, борете се тоа да го промените на подобро. Ако немате работа, време е да почнете да работите нешто приватно, бидејќи работата не паѓа од небото. Што се однесува на љубовта, Рибите кои се сами имаат добра прилика кон крајот на годината 2015-та да си ја најдат сродната душа и да остварат хармонична врска. Додека оние кои веќе се во врска или брак, треба да внимаваат и да им обрнат внимание на своите партнери или во спротивност може да дојде до разидување. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Каква жена си според месецот во кој си родена?Јануари Јануарските дами се сериозни и конзервативни, но и многу амбициозни. Многу сакаат да критикуваат. Ретко се вадат од кожа, но ако тоа се случи, гледај да не им си пред очи. Не сакаат да си ги покажуваат чувствата, па затоа не очекувајте да ви се умилкуваат како мачки. Тие дозволуваат да им се приближат само луѓе за кои сметаат дека се на нивното интелектуално ниво и кои ги споделуваат нивните погледи на животот. Фебруари Овие жени имаат апстрактен начин на размислување. Не секој може да ги разбере. Често го менуваат расположението, што значи дека треба да се однесувате кон нив со трпение. Но затоа се страшно романтични! За саканиот човек би направиле се. Важно е тој да им врати со иста мера. Луѓето што ќе ја изневерат, нема повеќе да ја видат. Март Тие се многу симпатични, додека не ги налутиш. Тогаш се во состојба да парчосаат се пред себе. Иначе се посветени и верни. Да живееш со ваква жена е вистинско задоволство. Само вистинскиот маж ќе го согледа тоа. Типично за нив е силна харизма и шарм со кој магепсуваат, веднаш штом ги погледнеш. Само што тешко се вљубуваат. Кај нив не поминуваат машките трикови како кај другите жени. Април Овие жени се дипломати. Со нив лесно се комуницира, но понекогаш знаат да се самосожалуваат. Затоа треба да им посветувате поголемо внимание. Во повеќето од нив се крие страшно голема љубомора, која штом избувне, парчосува се околу себе. Но ако ја спечалите довербата на априлската девојка, таа ќе ве направи најсреќниот маж на планетата. Не ја отвара душата пред сите, само пред оние кои заслужуваат. Мај Многу упорни и верни до крај на своите принципи. Дамите родени во мај се многу убави, во физичка смисла. Но во комбинација со тешкиот карактер, стануваат опасни за секој маж, кој ќе се вљуби во нив. Овие жени, мажите додека се живи ќе ги паметат. Јуни Мошне љубопитни девојки. Многу креативни и комуникативни. Само што немаат влакна на јазикот и често ги повредуваат останатите. Но тие сметаат дека така е правилно – подобро вистината во очи, отколку зад грб. Нема да е лошо да научат пред да зборуваат, прво да мислат. Во љубовта се многу опасни играчи. Мажите се пластелин во нивните раце. Јули Лујските девојки се многу мистериозни. Не дозволуваат секој да им се приближи. Освен тоа се многу поштени, ретко ќе ги видите да се фалат и да се перчат, без разлика што се многу интелигентни, убави и на повисоко ниво од останатите. Не сакаат конфликти и се љубезни со сите. Често страдаат по минатото. Ако оваа жена се вљуби во вас, најголемата грешка ќе ви биде ако ја изневерите. Ќе тагувате по неа, но ќе ја изгубите засекогаш. Август Уникатна комбинација од големо срце и …егоизам! Не си играјте со овие дами, зошто порано или подоцна таа ќе ве победи. И покрај тоа што се весели и со неверојатно чувство за хумор, тие не дозволуваат никој да им се качи на глава. Ако тоа се случи, така ќе ве суредат, што нема да знаете што ве снашло. Сакаат да бидат во центарот на вниманието. Никогаш не страдаат од недостаток на машко внимание. Мажите губат глава во нивно присуство. Септември Тие се мили, дисциплинирани, прекрасни девојки. Но никогаш не простуваат на оној што ќе ги изневери. Затоа внимавајте да не ги повредите, бидејќи гадно ќе ви се одмаздат. Нема да знаете што ве снашло. Септемвриските девојки сакаат долги врски. Тие не се девојки за една ноќ. Од друга страна се многу критични кон партнерот и бараат од него да ги исполнува сите нивни барања. Мажот што ќе се докаже, тој ќе ја освои. Умот не и дозволува да направи грешка, дури и кога срцето сака. Октомври Жените родени во октомври имаат железен карактер, демонстрираат сила и независност. Но од друга страна се многу емоционални . Ретко плачат пред други луѓе, но кога се сами, си ја отвараат душата и она што го кријат од светот. Тие се ултра интелигентни и знаат дека не е добро да си ја разголиш душата пред сите, знаејќи дека луѓето знаат да злоупотребат со тоа. Овие жени можат да ги покорат и најсилните карактери. Другите жени често ги мразат бидејќи им завидуваат. Ноември Ноемвриската дама секогаш е еден чекор напред пред сите останати. Знаат да ве прочитаат веднаш и ја препознаваат лагата од километри. Не можеш и не треба да си играш со овие жени. На крај, ќе го изедеш подебелиот крај. Штом го покорат срцето на некој маж, засекогаш оставаат трага и белег во него. Важна работа што треба да ја знаете за овие жени – ако не сте подготвени да ја слушнете вистината, никогаш не ги прашувајте за мислење. Декември Нетрпеливи, премногу брзи, но пак родени со многу среќа. Овие девојки секогаш наоѓаат начин како да излезат од било која ситуација како победници. Со нив е многу забавно. Знаат како да ви го подигнат расположението. Обично, потребни се само неколку минути за да ве освојат. Нивното срце е големо, луѓето понекогаш ги повредуваат, но затоа Господ е на страната на овие жени и на крај секој го добива заслуженото. Тежок карактер... Знаев дека нешто хороскопот е крив |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БЛИЗНАЦИТЕ ГИ ИМААТ НАЈВЕСЕЛИТЕ ОЧИ ВО ЗОДИЈАКОТ, ДЕВИЦАТА ПЛЕНИ СО НЕЖНИТЕ ЦРТИ, ЈАРЦИТЕ СЕ ЕЛЕГАНТНИ, НО КОЈ Е НАЈУБАВИОТ?
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
АСТРО СКЕНЕР: ЖЕНАТА БИК Е УПОРНА И МОЌНА, ЛАВИЦАТА ШАРМАНТНА, ДЕВИЦАТА ЗНАЕ ДА ПРОСТИ...Жена Овен: Родена лидерка Припадничките на овој знак ги краси убава кожа, длабоко всадени и истакнати очи, како и јаболкца на лицето. Нивното мото е: придвижи се“, а познати се по својот ентузијазам и желба за акција. Често се „предводнички на стадото“, се залагаат за правата на другите и харизматични се. Во меѓучовечките односи се страсни, па другите или ги сакаат, или ги мразат. Мана им е што не се тактични, па подобро е да им се тргнете од патот кога ќе имаат „жолта минута“. Можат да изненадат со љубомора и посесивност, но имаат искрено и добро срце. Жена Бик: Упорна и силна Тркалезно лице со топол израз, големи тркалезни очи и добра фигура се најчестиот опис за жените родени во овој знак. Нивното мото е: „тивка река, брег рони“, а под овој пријатен и пристоен оклоп се крие силен темперамент. Познати се по својата упорност, а во животните кризи покажуваат неверојатна издржливост и сила. Мана им е што во силната желба за сигурност и сите да бидат добри, самите можат да пропуштат многу спонтани уживања, а понекогаш можат да бидат и вистински „конзерви“. Жена Близнаци: Сите ја сакаат Тие се обично повисоки од просекот, имаат тесни и тркалезни лица, тенок нос и високо поставени јаболкца. Ако долго не сте ја виделе, голема е веројатноста сосема да го променила својот изглед, зашто тоа често го прават. Интелигентни се и обожаваат да расправаат за се’. Исклучително се љубопитни, а во друштво се забавни. Недостаток им е што започнуваат многу работи одеднаш, а ретко нешто завршуваат и можат да бидат многу површни. Не поднесуваат здодевност и тогаш ќе направат се’, вклучувајќи и екстремни акции за да „живнат“. Во работата се мудри. Жена Рак: Интуитивна и грижлива Тркалезно лице, полни усни, очи со истакната боја и заоблена фигура се карактеристики на припадничките на овој знак. Тие се мудри, чувствителни и страсни. Многу се импулсивни и интуитивни, но со оние што им значат се исклучително грижливи, топли и нежни. Тие се одлични готвачки и добро владеат со финансиите. За недостаток може да им се смета тоа што се пречувствителни, особено на критика и често песимистични. Потребно им е да често да им се говори дека се сакани, за да можат успешно да се носат со животните предизвици. Жена Лав: Шармантна Косата е препознатлив белег на припадничките на овој знак, а често ги красат и привлечни гради, тркалезно лице и големи очи. За да можат да живеат, потребни им се внимание, почитување и восхит. Понекогаш можат да бидат арогантни, горделиви и драматични, но сето тоа брзо ќе го заборавите покрај нивниот вроден шарм и топлината со која зрачат. Не се трудат да ги импресионираат другите, не трчаат по пари, но сакаат да бидат опкружени со убави работи. Интелигентни се и креативни, а мана им е суетата. Критика никако не поднесуваат. Жена Девица: Интелигентна Вити и со впечатлив, нежен изглед, Девиците ги одликува тркалезен облик на лицето, убаво обликувана уста и долг врат. Жените родени во овој знак се многу шармантни и обдарени со говорнички талент. Одлично ги проценуваат луѓето и точно знаат како кому да му пристапат. На сите што ќе ги пуштат близу до себе, ќе се обидат да им „коригираат“ во однесувањето. По својата природа се критичарки, имаат рутина до која се придржуваат и план за секој ден. И покрај се’, способни се многу да простуваат. Мана им е што понекогаш се премногу егоистични и користољубиви. Жена Терезија: Природен магнет Убава насмевка, елегантни раце, долг врат, добра фигура и елегантни движења ги красат припадничките на овој знак. Имаат изразена дарба за комуникација, рационални се и природно привлекуваат се’ околу себе. Многу им е важно да бидат сакани, а по можност партнерот повеќе да ги сака нив, за да се чувствуваат сигурно и надмоќно. Можат да бидат големи кокети, а како пријателки и членови на семејството, многу се посветени. Недостаток им е што се разгалени, каприциозни и можат д а бидат многу егоцентрични. Жена Скорпија: Бестрашна Силни коски, високо чело и изразена вилица, но и магнетизирачки поглед се вистинскиот опис на овие заводливи припаднички на Зодијакот. Иако се многу верни и доверливи, се плашат од блискост и интимност, па тешко се отвораат пред другите. Зрачат со силна самодоверба, а во животните предизвици се бестрашни и оптимисти. Недостаток им е што сакаат да ги контролираат другите, па покажуваат и љубомора. Но тоа го прават како начин за изразување љубов. Таинствени се, па понекогаш е тешко да се одгатне што воопшто мислат. Жена Стрелец: Полна со енергија Силно и долгнавесто лице, силни коски, но и нешто необично во нивниот изглед ги краси жените родени во знакот на Стрелец. Иако не се класични убавици, токму по некоја мана ги прави посебни. Имаат голем апетит за животот, како и неограничени резерви енергија, кои се главни адути на нивниот карактер. Независни се и интелигентни, обожаваат слобода, а во одлучувањето често превладуваат чувствата пред разумот. Љубопитни се и најмногу од се’ ја ценат вистината. Најголема мана им се склоноста кон „солење памет“ и пресметливо однесување. Жена Јарец: Посветена Убава кожа и елегантен врат, како и витки екстремитети се типични за припадничките на овој знак. Изразот на лицето им е најчесто сериозен. Исклучително се посветени, тврдоглави и амбициозни. Овие жени се бестрашни во остварувањето на своите цели. Способни се да сторат се’ за семејството и за оние луѓе што ја оправдале нивната доверба. Интелигенцијата и практичноста на дамите од знакот Јарец доаѓаат до израз во работата. Недостаток им е што умеат толку добро да ги скријат сопствените чувства, што често се збунуваат и себеси, а инсистираат дека проблемот никогаш не е во нив. Жена Водолија: Пријателка Жените родени во овој знак често може да се опишат како згодни, со живописни очи и посебен моден стил. Тие се големи пријатели, хумани и сакаат друштво. Интелигентни се, женствени и нежни, но не на типичен начин. Не сакаат да се однесуваат онака како што се очекува од нив, туку секогаш стремат кон оригиналност. Во љубовните односи се тешки но верни. Мана им е што светот го кројат според сопствените очекувања, па често ги разочаруваат луѓето околу себе. Жена Риби: Генератор на љубов Големи и тркалезни очи, сензуални усни, како и мали заби и стапала ги карактеризираат припадничките на овој знак. Нивниот сонувачки дух, големата креативност и желбата светот околу себе да го направат поубаво место се нивниот двигател. Имаат заштитнички став спрема оние што ги сакаат и способни се сосема да се предадат во љубовните сценарија. Одлични организаторки се и многу се емпатични. Недостаток им е што во односите со другите се поставуваат како оние што ќе прифатат се’, но всушност страдаат и се „јадат“. Најголем страв им е дека луѓето ќе ја изневерат нивната доверба. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тибетски хороскоп: Кој е вашиот пат до мудроста?Секој знак во тибетскиот хороскоп носи одредена мудрост. Дознајте што ви порачува знакот во кој сте родени... Тибетскиот хороскоп се базира на верување во 12 патишта до мудроста, а секој човек, според својата дата на раѓање има свој пат на мудроста, своја цел и своја карма.
Овенот во животниот циклус го означува минатиот живот. Тој е херојски змеј кој се бори против внатрешните демони и надворешните искушенија. Овој знак бега од монотонија и размислувања. На припадниците во овој знак им се препорачуваат социјални активност низ кои ќе можат да се подобрат себеси.
Бикот претставува разбирање на мудроста. Создава сигурност, бидејќи има искуство од минатите животи, но создавањето на дух му овозможува да комуницира со внатрешниот живот.
Близнаците се социјални, внимателни, љубопитни, интелигентни, знаат добро да лажат, имаат добра меморија, но не чувствуваат потреба за духовен развој, поради што никогаш не го наоѓаат својот мир.
За да се заштити, Ракот држи сѐ во себе, но му треба многу трпение и време за да сфати каде се наоѓа. Премногу верува во надреалното и посакува никогаш да не порасне, бара внимание и верност.
Лавот ја претставува врската помеѓу свеста и реалноста. Тој учествува во материјалниот свет, го сака успехот и цело време бара начни да се докаже како водич.
Девицата посакува да се врати во детството. Со текот на годините, кај припадниците на овој знак се развива критички дух, кој никогаш не е задоволен. Вагата е во постојана потрага помеѓу материјалното и духот. Таа поседува мирен темперамент, активна е и никогаш не претерува.
Сака да ужива во земските страсти, но најмногу ја привлекуваат духовните висини. Може лесно да се изгуби во неконтролираните телесни импулси, а помислата на смртта ја застрашува.
Сака да поседува материјални добра и ужива во успехот на Земјата. Стрелецот ја претставува победата помеѓу духот и материјата.
Успехот доаѓа од искушението. Јарецот самиот си ја знае целта на својот животен пат, тој работи во тишина и самотија.
Кај Водолијата не постои илузија и таа не може да ги затвори очите пред стварноста. Припадниците на овој знак секогаш се свртени кон другите и ја преземаат сета одговорност.
Рибите ја претставуваат синтезата на повторното раѓање. 12-тиот знак е симбол на смртта, односно Рибите се деца на морето и живеат во океанот, а самата вода го симболизира крајот на физичкото дишење и почеток на нов дух. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СЕКОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК ДАВА НЕСВЕСНИ ЗНАЦИ ДЕКА Е ВЉУБЕНСекој хороскопски знак има едноставни, можеби несвесни показатели… Па, погледнете кои се тие знаци… Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ХОРОСКОПОТ И НЕВЕРНИТЕ ЖЕНИ |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЉУБОВЕН КИНЕСКИ ХОРОСКОПСтаорец (родени во 1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008) Бивол (родени во 1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009) Тигар (родени во 1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010) Зајак (родени во 1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011) Змеј (родени во 1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) Змија (родени во 1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) Коњ (родени во 1918, 1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002) Овца (родени во 1919, 1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003) Мајмун (родени во 1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004) Петел (родени во 1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981,1993, 2005) Куче (родени во 1922, 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006) Свиња (родени во 1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007) |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КОЈ АНГЕЛ ВЛАДЕЕ СО ТВОЈОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК?Овен Во него живее Демонот на омразата и егоизмот. И Ангелот на искреноста и мислоста. Демонот буди во Овенот гнев, нетрпение, неспособност да си ја признае грешката и желба да ги повредува другите. Во исто време ангелот го тера да им помага на сите оние кои имаат потреба, но тоа не му пречи да лаже. Овните многу тешко можат да ги скријат своите вистински мисли! Бик Во Бикот живее Демонот на алчноста и гневот. И Ангелот на лојалноста и добродушноста. Тоа е причината навидум бавниот и смирен Бик да се преобрази во незапирлив звер, кога е предизвикан. Неговиот Ангел го прави многу добар и верен пријател, но Демонот го тера да се одликува со огромна љубов, но кон материјалното. И покрај тоа, овој знак обично успева да ги натера Ангелот и Демонот во него да живеат во заедница и кој да доминира колку што е потребно во дадена ситуација. Близнаци Тука се борат Ангелот на веселбата и Демонот на лицемерието. Ангелот го прави Близнакот да биде супер забавен, оптимист, и невиден освојувач. Да те извади од дупка во која си паднал, да ти даде сили за нов живот. И токму кога целосно ќе му се отвориш, Демонот може да го натера да те предаде. Зад ведрото расположение и умешнота да комуницира често пати се кријат задни мисли. Рак Во Ракот живее Демонот на лагите и Ангелот на сочувството. По природа претставниците на овој знак се чувствителни кон болката на другите и имаат желба да помагаат. Добронамерни се и мили. Всушност тие искрено го презираат својот Демон, но понекогаш не се силни да го победат. Лав Овде се борат Демонот на ароганцијата и Ангелот на милосрдието. За Лавот е исклучително тешко да избере страна, затоа и реакциите обично се продиктувани од односот на останатите. Ако имате деликатен пристап, тогаш ќе го сретнете неговиот Ангел – мил, добар, полн со љубов, праведен и емотивен. Но ако пристапите агресивно и непријателски, ќе бидете покосени во моментот од силата на егото и умешноста негова само со зборови да ве натера да се чувствувате мизерно. Девица Во овој знак живее Демонот на завистта и незадоволството. Тој буквално може да ја изеде душата на Девицата. Да ја направи одмаздољубива и сомничава дури и кон луѓето кои до вчера ги љубела безумно. Од друга страна нејзиниот Ангел – се обидува да ја направи силен карактер, добар пријател и човек на кого можеш секогаш и за се да се потпреш. Вага На едно рамо му стои Ангелот на правдата, на другото е Демонот на искушението и манипулацијата. Демонот ги тера Вагите да си поигруваат со чувствата на другите, да бараат од сите да играат како што им свират, правејќи се загрижени и наивни. Ангелот е оној кој ги прави благородни, грижливи, полни со разбирање, луѓе што знаат да ги видат истовремено двете лица на монетата. Вагите можат да ви помогнат ако имате проблем, кој до сега никој не успеал да го реши. Шкорпија Во неговата душа се борат Демонот на сомнежот и презирот. И Ангелот на вистината. Демонот го тера Скорпионот постојано да е наштрек и да мисли дека некој го лаже. Или да го натера да мисли дека е светлосни години пред сите останати. Ги осудува жестоко постапките на другите, ако не се согласуваат со неговите ставови. Тоа може да доведе Шкорпијата да се уништи сама себе, ако Ангелот на вистината не му посочи кој е правилниот пат и не го натера да зачекори по него. Стрелец Овде живее Демонот на гордоста и Ангелот на добрината. Демонот не му дозволува да трпи никаква критика, и го тера да ја бара вината насекаде, но не и во себе си. Ангелот го прави неверојатно добра личност, која не умее да завидува и која постојано ги заштитува незаштитените. Дури и да ве повредил, бидете сигурни дека во никој случај не сакал да го направи тоа. Јарец Тој е под влијание на Ангелот на силата и континуитетот. Но и под влијание на Демонот на ладнокрвноста и егоцентризмот. Неговиот Ангел го прави полн со надеж, лојален, упорен и стабилен. А Демонот настапува единствено кога Јарецот ќе биде злоупотребен, предаден или разочаран. И тогаш неговата душа поцрнува, а срцето станува како камен. Водолија Овде живее Демонот на предавството и Ангелот на пријателството. Водолијата е многу верен пријател, и обожува да биде со своите пријатели. Достапна е на сечиј повик за помош, подржува и советува. Но секогаш ќе се постави себе си на прво место, и ако треба да избере дали да пропадне или да предаде пријател, неговиот Демон ќе го насочи кон второто. Можеби затоа на љубовно поле Водолијата е студена и ги отфрла сите кои ќе пројават интерес. За на крај да ги повреди опасно! Риби Во Рибите живее Ангелот на љубовта и Демонот на пороците. Нивниот ангел ги прави безкрајно емотивни, мили, посветени, луѓе кои знаат да сакаат од дното на душата. Но итриот Демон ја тера вљубената до крајни граници Риба да забега во флерт со друг. Или да бара извори на сомнителни задоволства во алкохол или наркотици. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СПЕЦИЈАЛЕН ХОРОСКОП СОЗДАДЕН САМО ЗА ЖЕНИЖена овен Таа има одличен карактер и сака сѐ што е чисто, јасно и прецизно. Брзо и активно реагира на сѐ што се случува околу неа. Вообичаено повеќе значење ѝ придава на акцијата, отколку на размислувањето. Грижите ја обземаат само моментално и не оставаат некои длабоки траги во неа. Не се обесхрабрува лесно, ниту ја обзема песимизам, има самодоверба, храбра е и е во состојба да оди чекор по чекор за да ги оствари своите животни цели. Презема и одредени ризици за да не залута во лавиринтот на неодлучност. Нејзиниот ентузијазам и динамичност се доволен двигател да ги преброди сите тешкотии во животот. Честопати презема иницијатива и кога ќе се најде во дилема, сепак бргу донесува одлука. Жена бик Таа стои цврсто на земја и сака сѐ што е постојано и опипливо. За неа мечтаењето претставува само душевен мир, но никогаш не се задоволува со лажни ветувања и слатки илузии. Жена близнаци Динамичноста е нејзина најважна карактерна особина. Бескрајно ја цени слободата и независноста и не му дозволува никому да господари со неа или да ѝ ја наметнува својата волја. Многу е интелигентна, но не и прониклива. Погрешно суди за луѓето што ѝ мислат добро, па е во состојба и да ги навреди. Исто така погрешно ги проценува намерите на оние кои не ѝ мислат добро, па тоа ѝ се удира од глава, иако не е свесна за тоа. Амбициозна е, но не премногу и во работата може да го пронајде најдобриот начин кон успехот. Кога работи сака луѓето да го ценат тоа, но очекува и материјален ефект за својот напредок и никогаш нема да прифати работа која нема да ѝ донесе и материјална корист. Парите лесно ги троши. Жена рак Многу е чувствителна, сензибилна и емотивна личност, но за да се заштити себеси се труди да ги скрие своите чувства. За да се чувствува среќна, се сокрива во својот свет заграден со високи ѕидови, во кој е тешко да се влезе. Во детството се чувствувала безбедно во родителскиот дом, а подоцна се обидува да создаде свој свет во кој ќе владее спокојство, мир и сигурност. Жена лав Таа е јака жена која не се препушта лесно да ја понесат брановите на судбината. Нејзината виталност, волја и авторитет ѝ овозможуваат да биде доминантна жена. Тешко ѝ е да остане на едно место, да мечтае и ништо да не работи, бидејќи сака акција и движење, а не поднесува мрзеливост. Гордоста, а понекогаш и суетата, играат голема улога во постигнувањето успех скоро по секоја цена. Претпазлива е и скоро ништо не препушта на случајноста. Жена девица Сѐ што се случува околу неа, таа го прима со аналитички поглед и има отпор кон сето она што е диктирано од инстинкт. Кон луѓето не покажува спонтаност, премногу воодушевување и силна желба за пријателство, бидејќи по природа е резервирана и срамежлива. Жена вага Жената вага не е ниту енергична, ниту одлучна личност и во донесувањето одлуки никако не може да го пронајде вистинско решение. Не е особено амбициозна и секогаш ѝ е потребен некој на кој со задоволство ќе му препушти дел од обврските. Во сѐ што прави сака целосно да се внесе и посвети, но тоа не ѝ поаѓа секогаш од рака, па тогаш кога ѝ се чини дека не може да ги совлада препреките, се повлекува и се помирува со судбината. Жена скорпија Жената скорпија не е мирна, пасивна и кротка жена. Таа има импулсивна, избувлива и страсна природа. Во животот ништо не прави половично и не сака неодлучност. Неуспехот и разочарувањето длабоко ја погодуваат. Во сите сегменти од нејзиниот живот доминира инстинктот, па затоа и најдобрите одлуки се диктирани токму од нејзината интуиција, а првиот впечаток за луѓето и нештата најчесто се точни и прецизни. Таа не прави тактички и психолошки грешки. Жена стрелец Нејзиниот карактер ја води оваа жена кон два спротивставени животни правци. Првиот ја води кон мирен живот, а другата страна на нејзиниот карактер е сосема поинаква. Таа е храбра, независна, сака да ги прескокнува вообичаените бариери и да се впушта во ризици. Многу е амбициозна и не пропушта ништо што би можело да го зголеми нејзиниот углед. Има истенчено чувство за сите животни вредности, и не сака збрка и анархија. Нејзиниот карактер е брз, експанзивен, нескротлив и тој секогаш ја турка напред, а нејзината виталност која е несфатлива за околината мора секогаш да се искаже. Жена јарец Жената јарец има реален однос кон животот и ја сака постојаноста. Ги цени само оние луѓе кои имаат одредени вредности што се во склад со нејзините сфаќања. Во животот не сака да губи време на несериозни или невредни ситуации и ги презира лежерните и неконструктивни разговори. Оваа жена умее точно да го процени редоследот на одредени случувања и е одличен организатор. Жена водолија Жената водолија понекогаш зазема ироничен став, но тој е резултат на нејзината несигурност и недоволно самодоверба. Таа живее во својот свет на соништата и нема храброст да се соочи со целосната вистина, а нејзините сфаќања за светот се идеалистички. На оваа жена лесно може да се влијае и таа е свесна за тоа, па се обидува да се брани ставајќи на себе маска на ироничност, а понекогаш и цинизам. Жена риби Нејзиниот карактер е полн со спротивставености и можеби не е доволно свесна за тоа, но за повеќето луѓе таа е чудна и несфатлива. Честопати го менува своето расположение и наоѓа задоволство во тоа да биде завиена со некој вид магла на која не ѝ дозволува во потполност да се растргне. Нејзината склоност кон мечтаење и недефинирани ситуации, наведува на тоа дека е преголем фантазер и дека нема чувство за реалност. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО МРАЧНАТА СТРАНА НА ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 118119120121122 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |