|
El clasico |
Внеси реплика | страница <1 345 |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ел Класико“ ќе ја решава титулата на 21 април од 20 часотШпанското „ел класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид, кое може да го даде идниот нов владетел во Ла Лига ќе се игра на 21 април во сабота во најубавиот термин од 20 часот, објави шпанската фудбалска федерација (РФЕФ). Барселона ќе го пречека „кралскиот клуб“ пред своите гледачи на стадионот „Ноу Камп“ за десет дена и тоа во период кога и двата тима дербито ќе им биде помеѓу двата настапи во полуфиналето на Лигата на шампионите. Тоа ќе биде дуел од 35 коло, и до крајот ќе останат уште три кола, па титулата би можела практично да се реши во Каталонија. Реал моментно има четири бода предност пред Барса, но утре игра градско дерби со Атлетико Мадрид на „Висенте Калдерон“ и не смее да киксне, за да не влезе во предност од само една победа, со која би и овозможил на каталонската гордост да ги прескокне на табелата со нов триумф (Барселона доминира во меѓусебните дуели). До тоа дерби и двата тима ги очекува по два меча, Реал кај Атлетико, Барса дома со Гетафе, а веќе викендов, Каталонците гостуваат кај сензацијата Леванте, додека „кралевите“ се домаќини на Спортинг Хихон. Реал во Каталонија ќе дојде со императив да не загуби без разлика со каква предност ќе допатува, но ако загуби, многу е веројатно дека во период на набиен и згуснат распоред и поради ЛШ, шансата во последните 270 минути да се лизне уште еднаш би биле поголеми Изменето од емил - 10.Април.2012 во 14:10 |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вечерва 217 „Ел Класико“Двата најдобри шпански клуба Реал Мадрид и Барселона, вечерва (22 часот) повторно ќе бидат во фокусот на светската јавност, но и на македонската, во отсуство на настапи на европските шампионати на репрезентациите во ракомет и ватерполо.
Реал против Барселона е ново поглавје во кое како и во изминатите две сезони, се сведува на битка на Меси со Роналдо, Чави со Чаби Алонсо, Касиљас со Валдес… Ништо ново, ништо поразлично нема да понудат двата тима, освен спектакл, и за навивачите на „кралскиот клуб“ конечно победа. Барселона во последните три сезони е доминантна, а Реал по секоја цена се обидува да ги преземе трофеите од својот најлут ривал. Досега скорот е 8-3-1 за Барселона. Сезонава Реал и Барса играа трипати, победи Барса со 3-1 во Првенството, ремизираше 2-2 и победи 3-2 во Суперкупот. До крајот на сезоната можни се максимум уште четири дуели, сигурниот реванш во Купот, вториот првенствен меч, но и можноста за двомеч во Лигата на шампионите. Во пресрет на мечот, нема непознаници меѓу двата тима, па 271 „Ел Класико“ во рамките од четврт-финалето на Кралскиот куп, на Пиринеите ви го презентираме низ призма на бројките, кои отсликуваат едно од најголемите светски дербија со речиси стогодишна традиција. Изменето од емил - 21.Април.2012 во 12:23 |
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Коефициенти:
Барселона - Реал 1 1,70 Х 3,80 2 4,80
Ееее, Реал на што спадна... 4,80 за двојка... ooserssss ...
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лудило во Мадрид: Седум гола, три пенали, едно исклучување и многу контроверзии...
Барселона во еден неверојатно драматичен и возбудлив натпревар славеше на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид со 4-3. Лионел Меси со хет-трик го покори „Сантијаго Бернабеу“ и стана најдобриот стрелец на „Ел Класико“ натпреварите со вкупно 21 гол. Аргентинецот два погодоци постигна од пенал (64-та и 84-та) и еден од игра во 42-ра минута.Резултатот на вечерашниот натпревар беше отворен по само осум минути игра. Меси го проигра Иниеста, одбраната на Реал „заспа“ за момент, а Иниеста со прецизен удар од левата страна погоди во спротивниот агол на Диего Лопез за 1-0. Само неколку минути подоцна Бензема промаши одлична шанса, но веќе во 20-та минута ја исправи грешката и погоди за 1-1. Ди Мариа центрираше од левата страна, Бензема беше највисок во шеснаесетникот на Барса, биеше со глава и го совлада Валдес за израмнување на резултатот. Четири минути подоцна Реал доаѓа во водство! Марсело нафрли од левата страна, Бензема одлично ја прими топката и одлично шутираше. Валдес немаше никакви шанси. Продолжи налетот на Реал, а три минути подоцна Бензема биеше, меѓутоа фудбалерите на Барса ја извадија топката од самата гол-линија. Во 42 минута Меси израмни на 2-2 после одличната акција во која што учевствуваа Аргентинецот, Фабрегас и асистентот Нејмар. Во вториот дел по само девет минути игра Реал повторно поведе. Стрелец беше Роналдо од белата точка. Дани Алвес го собори Португалецот, но фаулот беше надвор од казнениот простор, меѓутоа Маљенко секако покажа на белата точка. Десетина минути подоцна нова контроверзија, Рамос го собори Нејмар во казнениот простор на Реал и заработи директен црвен картон, а Меси беше сигурен од белата точка за 3-3. На пет минути до крајот Иниеста беше соборен во казнениот простор, Маљенко повторно покажа на белата точка, а Меси со својот хет-трик ја запечати судбината на Реал за голема победа на Барселона со 4-3 на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид и враќање на неизвесноста во трката за титулата во Примера. |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Искрено го мразам маркетиншкиот термин на „Ел Класико“ но се се врти околу парите нели?
Вчера Реал Мадрид - Барселона 3:1 23 години Реал не ја победил Барселона ако таа поведе, вчера ја прекинаа таа низа. По голот на Неимар во 3’ се знеше дека ќе биде добар натпревар. Во 35’ Кики од пенал изедначи и така заврши првото полувреме. Пепе во 50’ и Бензема во 61’ му донесоа победа на Реал и нови три бода кои го доближија на само еден бод разлика од водечката Барселона во Примера. Меси, Неимар, Пике ( кој заборави дека не е голман ) и Иниеста завршија со жолти картони од редовите на Барселона. А Карвахал и Роналдо ( во 90’) „пожолтеа“ од редовите на Реал.
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Супер натпревар, само не ми се исполни желбата Барселона да прими уште некој гол.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Барем примија ..... неколку ....
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па добро, тројка е супер, али јас сакав Петарда
Ај наредното Ел Класико
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Внеси реплика | страница <1 345 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |