IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 117118119120121 157>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2014 во 08:32

Емотивните потреби на секој хороскопски знак


На земјените знаци најважна им е сигурноста, водните знаци се жедни за љубов и прифаќање, огнените сакаат да се истакнат, додека воздушните сакаат љубовни предизвици.

emotivnite-potrebi-na-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Кои се емотивните потреби на вашиот хороскопски знак?

Овните имаат потреба за движење и предизвици

Припадниците на овој огнен знак имаат потреба од активности исто колку и од воздух. Тие се изразуваат низ акциите, а предизвиците за нив се секогаш добредојдени. Ако не се први, а напорно се трудат, се чувствуваат поразено и фрустрирано. Не се емотивно најзрели, па нивните емоции знаат да се променат зависно од денот или моментот. Не поднесуваат кога партнерот се меша во нивните лични одлуки.

На Бикот му е потребна сигурност, а не само зборови

Припадниците на овој земјен знак најмногу се сконцентрирани на материјалниот сегмент од животот, па затоа не сакаат ментални игри, туку директни и искрени односи. Нивната најголема емоционална потреба е сигурноста, па ги ценат стабилните личности. Ги сакаат рутините и не сакаат кога плановите се распаѓаат. Конкретните дела им се поважни од бакнежите и нежноста во врската.

На Близнаците им е здодевно ако не се случуваат барем две работи истовремено

За припадниците на овој знак е типично тешко да се снаоѓаат со сопствените емоции, па многу време минуваат анализирајќи ги. Затоа што се најпроменливиот знак во зодијакот, најдобро функционираат ако околу нив се случуваат повеќе работи. За разлика од Биковите, Близнаците се вадат од кожа кога ќе почувствуваат дека љубовната врска западнала во рутина.

emotivnite-potrebi-na-sekoj-horoskopski-znak-02.jpg

Ракот се чувствува најдобро кога се грижи за некој

Овој хороскопски знак е најемотивниот, па неговите припадници е најлесно да ги повредите. Кога се повредени, тие не знаат и не планираат да ги кријат чувствата. Сакаат допири, комплименти и пофалби, а најдобро се чувствуваат во хармоничните врски и семејното опкружување. Важно им е да имаат некој за кого ќе се грижат, затоа што се жедни за блискост.

На Лавот му е важно да привлече внимание

Припадниците на овој знак имаат потреба да го привлечат вниманието. Често претеруваат во изразувањето на емоции, а за да бидат среќни потребни им се незаборавни забави. Стануваат великодушни ако чувствуваат дека се ценети, а најдобро се чувствуваат кога ќе забележат дека се незаменливи.

Девиците се задоволни кога ќе постигнат нешто големо

Припадниците на овој знак се големи работници и сакаат да им угодуваат на другите, а најзадоволни се ако околината е свесна за нивната вредност. Секогаш им е потребно нешто за што деноноќно ќе размислуваат и анализираат, затоа што во спротивно ќе им стане здодевно. не сакаат претерано искажување на емоции, па своите солзи и среќата често ги кријат од сите. Очајно посакуваат да се чувствуваат корисно.

emotivnite-potrebi-na-sekoj-horoskopski-znak-03.jpg

Вагите ја презираат самотијата и неопходни и се други луѓе

Вагите се неверојатно друштвен знак, а затоа што никогаш не се чувствуваат добро кога се сами, се во вечна потрага по публика. За да не се досадуваат, ќе се оптоварат со работа, ќе ја пуштат музиката погласно или ќе зборуваат со некој по телефон. За љубовна врска бараат човек кој ќе знае да ги сослуша и посоветува, а многу ја ценат и тимската работа и групното анализирање на работите.

На Скорпиите им е неопходно да ја искажат страста

Припадниците на овој воден знак се опишуваат како резервирани и таинствени, а тоа е нивниот единствен начин за справување со емоциите. Тие не го поднесуваат просечниот живот, па не сакаат да се вклопат во масата. Во постојана потрага се по новитети преку кои ќе можат да ја реализираат внатрешната енергија. Не се врзуваат лесно, но најголем кошмар им се разделбите со долгогодишен партнер на кој конечно започнале да му веруваат.

На Стрелецот неопходни му се излегувањата, интересните хобија и дружењето

Како и на Овните, така и на овој знак му се потребни активности и предизвици кои ќе го одржат заинтересира. Без оглед на тоа дали се едуцираат, дружат или вежбаат, на Стрелците им е потребно да се ослободат од вишокот емоционална енергија која ја носат во себе. Затоа што понекогаш се претерано самоуверени, потребен им е партнер кој ќе ги врати на земја. Иако им е убаво дома, најпријатно се чувствуваат надвор, на слобода.

emotivnite-potrebi-na-sekoj-horoskopski-znak-04.jpg

На Јарецот му е најважно почитувањето и воодушевувањето од другите

Припадниците на овој знак имаат вродена потреба за контрола, како и потреба од доминација во љубовните врски. Често се вели дека Јарците се најмалку емотивни од сите знаци, а причината за тоа е ограничувањето на истите. Покрај тоа, знаат често да ги анализираат сопствените чувства. Уживаат кога другите ги поддржуваат и ги ценат, а посебно кога сите се придржуваат до нивните правила.

Водолијата најдобро се чувствува кога создава нешто

Водолиите се борци за еднаквост. Имаат изградени уверувања кои ретко ги менуваат и заради тоа на нивните емоции често пати им недостасува искреност и спонтаност. Потребно им е да се занимаваат со различни активности и да создаваат нови нешта, а претераните разговори за емоциите знаат да ги задушат. Во емоционалните врски важно им е да се со личност која не бара многу од нив.

Рибите имаат потреба од разбирање

Припадниците на овој знак се најсензуалниот знак во зодијакот. Неверојатно се чувствителни на надворешни влијанија, а имаат голема потреба од одобрување, разбирање и љубов. Најдобро се чувствуваат кога имаат една цел и работат на нејзиното остварување, а затоа им е потребна голема сигурност и поддршка. За успешна љубовна врска потребна им е личност која не е претерано емоционално воздржана.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2014 во 14:11

Кој хороскопски знак најдобро чува тајни?


Внимавајте на кој хороскопски знак се доверувате! Рибите ќе заборават дека сте им откриле тајна, Вагите ненамерно ќе ја раскажат на најблиските, а Скорпиите со намера ќе ве издадат.

koj-horoskopski-znak-najdobro-cuva-tajni-01

Овен

Ако на Овенот сте му довериле тајна, внимавајте да не ги изнервирате, затоа што во моментот има големи шанси импулсивно да ја раскажe вашата приказна. Тоа нема да го направи со намера да ве издаде, туку затоа што е склон најпрво кон дејствување, па потоа размислување.

Бик

Стабилни се и упорни, но на Биковите доверувајте им се само ако знаете дека се сложуваат со тоа што сте им го откриле. Во сите останати случаи, тајните задржете ги за себе. Има голема шанса за возврат да добиете лекција за тоа како си го комплицирате животот. Најдобро е да започнете со „што мислиш за...” па, потоа тајна!

Близнаци

Овој знак е брбливец без престан, па затоа никогаш не му се доверувајте. Дури и да нема потреба да ја раскаже вашата тајна, ќе му излета сосема случајно, додека го пие кафето со локалното инфо-биро, односно со личноста која сака да разгласува приказни.

Рак

Доверлив и лојален, Ракот секогаш е добар избор за чување на тајни. Ќе ви понуди рамо за плачење, утеха, прегратка, чај... само за да ви помогне. Раковите се можеби најсигурните луѓе на кои можете да им ја откриете вашата најтемна тајна, па вреди да имате барем еден пријател во овој знак.

Лав

Тајните кои Лавот може да го доведат до пофалби или да му помогнат да се докаже, подобро зачувајте ги за себе. Ако се работи за неговиот конК*рент или личност која му е антипатична, постои голема веројатност без размислување да ја открие тајната.

Девица

Дискретната Девица ќе ги чува доверливите информации за себе, до моментот додека сте блиски. Потоа, ако случајно се оддалечите, ќе започнат да се шират информациите. Што значи, ако не планирате да се предадете потполно на некоја Девица, не ја откривајте вашата темна страна.

Вага

Тие се прекрасни пријатели, но доколку ги изневерите, бидете претпазливи! Зад нивниот шарм се крие доза на лицемерие, имајте го тоа на ум. Тие сакаат да ги издаваат тајните кои ги имаат другите, но на крајот ќе ве убедуваат дека тоа е со добра намера и однапред замислена цел.

Скорпија

Тајна која чекори е второто име на Скорпиите. Тие најдобро ги разбираат тајните затоа што и самите ги имаат во огромни количини. А, кога нешто јавно ќе се издаде или дознае, свесни се дека ја губи вредноста. Затоа, слободно доверувајте им ги тајните или плановите кои ги имате, тие безрезервно ќе ви го чуваат грбот!

Стрелец

Да не се родени зборлести, Стрелците би биле сјајни пријатели. Посебно ако тајните им се откријат покрај чашка алкохол, на приказната нема да и се гледа крајот. Често пати се претрупани со информации, па не се свесни каде треба да молчат, а каде да зборуваат. Постои голема шанса од невнимание да ја издадат вашата најтемна страна која не сакате никој да ја дознае.

Јарец

Можеби ќе звучи грубо, но Јарците не сакаат да им се доверуваат, па затоа ја користат секоја шанса да го откријат она што го знаат. Покрај тоа, сакаат кога имаат корист од чувањето на тајни, затоа што во замена за нивната дискреција ќе треба да понудите многу.

Водолија

Ако сакате Водолијата да ви ја сочува тајната, ќе мора да и откриете нешто сензационално и крајно ексцентрично. Во спротивно, тоа за неа ќе биде сосема обична, глупава информација која може да ја издаде во било кој момент, случајно.

Риби

Со Рибите тајната ви е сигурна. Постои голема шанса дури и да го заборават она што сте им го кажале, но ако ја запаметат, ќе ја чуваат до крај. Тие се таинствени личности кои разбираат што значи да имаш нешто скриено од другите. Но, никогаш не им доверувајте нешто што се коси со нивните емоции. Последиците може да бидат фатални, без намера.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
д4 б3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1206
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај д4  б3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2014 во 13:01
Стрелец

Днес сигурно ще ви се струва, че всички около вас са полудели. Замислете се дали проблемът е във тях или вие сте в твърде особено настроение.

е луди са
е тоа не само денес
old d4b3
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2014 во 14:05

ФАТАЛНИ ХОРОСКОПСКИ КОМБИНАЦИИ

9

Астрологијата потврдува дека спротивностите се привлекуваат и тие врски обично ги следи силна хемија, но доаѓа и до конфликт на карактерите.

Oвен-Вага

Веќе при првата средба ови два знака можат да почувствуваат силна искра. Хемијата ќе ја зголеми сировата енергија и сексуалноста на Овенот и суптилниот шарм и префинетост на Вагата. Односот ќе претставува предизвик на кој тешко ќе може да се оддолее, но проблемите се јавуваат затоа што пристојното однесување и животот по правила го нервираат Овенот, додека Вагата ќе очајува за да го цивилизира. За да успее врската, потребни се заеднички проекти или активности, затоа што таму нивните особини кои се надополнуваат ќе ги потсетат дека би можеле да функционираат.

Бик-Шкорпија

Ова е многу врела комбинација од самиот почеток. Штом сензуалниот и опуштен Бик ќе се отвори пред Шкорпијата и ќе ја види неговата страст за животот, доаѓа до голема сексуална желба. Ако се спојат, нема да можат да се заситат еден од друг, а конфликтите стануваат неизбежни. На Бикот ќе му здосади да го следи темпото на Шкорпијата смета дека Бикот е премногу опуштен и пасивен. Работите можат да се поправат ако својата страст ја изнесете од спалната соба и да се насочите во заеднички дружења со пријателите.

Близнаци-Стрелец

Нивната привлечност не е само физичка, оваа комбинација се привлекува и на ментално ниво. Љубопитните Близнаци и филозофско настроените Стрелци лесно се фасцинираат, па се во состојба да поминуваат часови и часови во меѓусебни разговори и духовити провокации. Сепак, проблемите настануваат кога на Близнаците почне да им оди на нерви ставот на Стрелецот дека се најдобро знае, додека на Стрелците ќе им пречи што Близнаците површно зборуваат и што сакаат да озборуваат. Повторно ги спојуваат меѓусебните авантури- излет во природа, патувања..

Рак-Јарец

После тоа што чувствителниот Рак кој е насочен на чувство на сигурност го запознае силниот и доминантен Јарец, се создава класична привлечна врска помеѓу овие два знака. Сепак, тој привлечен однос може брзо да го изгуби својот шарм затоа што Ракот чувствува дека Јарецот го игнорира, додека на Јарецот ќе му пречи самостојноста и чувствителноста на Ракот. За да опстане врската, тие треба да се присетат дека не се само партнери туку и љубовници.  Со разбудувањето на еротскиот дух таа комбинација повторно ќе има смисла.

Лав-Водолија

Привлечноста скоро експлодира кога кралот на својат вселена-Лавот, ќе ја запозне единствената Водолија која не се покорува на ниту еден авторитет. Таа бунтовност го фасцинира Лавот, додека Водолијата се восхитува на неговата способност да ги освои сите луѓе околу себе со харизма. Сепак, Водолијата ќе почне да ја нервира потребата на Лавот за внимание, додека Лавот ќе го нервира тоа што Водолијата се противи на друштвените конвенции. Врската ќе опстане ако и двајцата бидат заинтересирани за страствени помирувања во креветот и повремено заедничко повлекување од друштвото.

Девица-Риби

Практичните Девици кои сакаат се во животот да има свој ред и распоред и Рибите кои пливаат низ животот така да се противат на грозната рутина, прават прилично фатален спој. Нивниот љубовен однос го доживуваат како можност за преуредување на својот живот- Девицата да помогне на Рибите во организацијата, а Рибите да им покажат како да се опуштат. Со текот на времето Девицата замерува на несигурноста на партнерот, а Рибите на тенденцијата на Девицата да контролира и критикува. Односот може да се опушти со голема и секојдневна прилагодливост и чести разговори.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2014 во 18:20

ТРИ ОСНОВНИ ЉУБОВНИ ПРАВИЛА ЗА ВАШИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК

21

Се прашувате како да откриете дали вашата половина е среќна и задоволна? Астрологијата има одговор на ова прашање.

Ако сакате да ја направите среќна личноста во која сте вљубени, постојат најмалку 3 начини да го остварите тоа.

Според хороскопот, еве кои се идеалните:

Овен

1. Покажете восхитеност и ентузијазам за нивните интереси, хобија, идеи…

2. Дозволете им да мислат дека сè што направиле било нивна идеја.

3. Менувајте ја својата рутина колку е можно почесто за работите да изгледаат нови и свежи.

Бик

1. Размазете ги со масажи и физичко внимание.

2. Направете да се чувствуваат сигурно и удобно во ваше друштво.

3. Дозволете им да си ја одржат независноста во врската. Не ги терајте да се чувствуваат заробено.

Близнаци

1. Секогаш одржувајте ја комуникацијата.

2. Пронајдете начин работите да ги одржите весели и разиграни, дури и во тешките времиња.

3. Сакајте ги нивните пријатели и поддржувајте го нивниот активен социјален живот.

Рак

1. Поминувајте повеќе квалитетно време со нив, тие би требало да ви бидат најважни.

2. Усовршувајте ја уметноста на мазење.

3. Дајте сè од себе за да ги разберете и прифатите нивните промени на расположението.

Лав

1. Секојдневно преплавувајте ги со љубов, внимание и пофалби.

2. Поддржете ги нивните страсти и креативни идеи.

3. Дозволете им да водат на секое можно поле.

Девица

1. Бидете искрени и отворени со нив, не кријте ништо.

2. Одржувајте ја куќата секогаш чиста.

3. Помогнете им да се отворат и да ви раскажат зошто се лути, загрижени или нервозни.

Вага

1. Размазете ги и дозволете им да ве размазат.

2. Бидете дарежливи со комплиментите и пофалбите.

3. Не започнувајте големи расправии – научете како да ги одржите мирот и хармонијата.

Скорпија

1. Бидете емотивно и физички интимни.

2. Обврзете се и уверете ги колку длабоко сте им посветени.

3. Бидете страствени за сè во животот, посебно во вашата врска.

Стрелец

1. Што почесто водете интелектуални разговори и внимателно слушајте ги нивните идеи.

2. Дајте им слобода да водат живот каков што сакаат.

3. Поддржете го нивниот авантуристички дух и придружете им се во авантурите кога и да можете.

Јарец

1. Пронајдете начин секогаш да ја искажувате посветеноста кон нив и вашата врска.

2. Соочете се со реалноста – не сонувајте.

3. Засмејте ги и задржете ги заинтересирани со вашата интелигенција.

Водолија

1. Не плашете се од нивниот богат живот и не бидете љубоморни. Обидете се да се вклопите во него.

2. Дајте им слобода да прават што ќе посакаат.

3. Бидете свесни за системот на вредности кои ги имате и секогаш делувајте во согласност со нив.

Риби

1. Одржувајте ја атмосферата романтична и сензуална.

2. Поддржете ги кога се чувствуваат несигурно.

3. Ценете ги нивните ставови и не ги предомислувајте во тоа што ќе го одлучат со помош на интуицијата.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2014 во 16:39

Женски хороскоп: Што бараат, очекуваат и не поднесуваат кај мажите?


Еден од најинтересните сегменти на хороскопот, пред здравјето и отисокот на работната иднина, без сомневање е оној кој го опишува однесувањето во врска и однос спрема љубовта. Откако дознавме какви се мажите во светот на романтиката, донесуваме и женски астролошки особини во љубовта.

Овен

Иако се чувствителни, жените имаат многу мала толеранција со несигурните мажи. Тие бараат херој кој ќе може сам да ги совлада сите потешкотии, а она што прво ќе ги привлече кај мажите е самодовербата и конзистентност. Сакаат предизвици и авантури, но имаат и романтична страна која бара класично заведување. Кога ќе се заљуби жената е верна, внимателна и дарежлива.

Sto baraat 2

Бик

Тие се женствени. Сакаат да бидат мазени и пазени, а најмногу паѓаат на мажите со кои се чувствуваат сакано и убаво. За жените Бикови клише не постои, затоа секое изненадување и знак на внимание во нејзините очи е голем плус. Бара стабилност и љубов и не се склони на неверства, но истото го очекуваат и од партнерот. Сака елегантни и шармантни мажи со стил кој знаат што сакаат и како тоа да го остварат.

Sto baraat 3

Близнаци

Жените Близнаци толку се живи и сестрани што единственото што им е важно кај партнерот да успее да го прати нејзиното темпо. Сака да биде заљубена и тогаш е спремна на партнерот да му даде баш се. Иако сакаат да кокетираат и уживаат во машко друштво, кога ќе го пронајдат правиот партнер, жените Близнаци не размислуваат за други мажи ниту на неверство. Многу им е важно партнерот да ги разбира, а довербата им е една од најважните сегменти на врската. Желни се за знаење, имаат фантастичен смисол за хумор и обожаваат луѓе и друштво.

Sto baraat 4

Рак

Многу се чувствителни и интуитивни души. Жените Ракови ќе ги привлече чувствителни и романтични мажи. Припадниците на овој знак ги прати честа промена на расположението. Сакаат стабилност и ги привлекуваат самосвесни мажи. Со овој знак владее срцето и баш поради тоа се многу внимателни и многу споро влегуваат во сериозна врска. Но, кога еднаш мажот ќе влезе во нејзиниот свет, стануваат верни и врската ја сметаат најважна. Врзани се за семејството и од партнерот го очекуваат истото.

Sto baraat 5

Лав

Каде и да се појават, жените Лавови пленат со внимание. Тие зрачат со енергија и топлина што ги привлекува мажите, посебно оние поимотните и моќните. Живи се и позитивни, Лавиците обожуваат да бидат заљубени и уживаат кога партнерот ќе ги опсипе со поклони и изненадувања. Во работата и животот тежнеат за стабилност, но во љубовта се спремни на се. Додека верува во љубовта на партнерот тие ќе дадат се, но веќе кај првите знаци на несигурност во партнерот, жените Лавови се спремни за нови вложувања.

Sto baraat 6

Девица

Перкценионисти кои од партнерот очекуваат да прифати ваква изразена особина. Нивната еднакво моќна особина е и чувствителноста. Кога ќе се заљубат, жените Девици на својот партнер му даваат буквално се. Тие ги памтат годишниците и значајните моменти и сакаат да припремаат мали и слатки изненадувања. Многу се интелигентни и стојат за своето мислење и многу е тешко да ги уверите во спротивно. Сакаат различни типови на мажи, а главна особина им е во љубовта да не влегуваат само со срце, туку и со главата.

Sto baraat  7

Вага

Првиот впечаток кои жените Ваги го оставаат на мажите е беспрекорниот изглед кој се памти. Иако можеби за првпат се арогантни и кога се во прашање мажите се пребирливи, овие жени имаат толку бистар ум да истото го очекуваат и од мажите. Еднаш кога ќе се поврзат, спремни се на партнерот да му понудат права љубовна авантура. Сакаат да зборуваат и уживаат во расправиите и во се бараат убавина и квалитет. ТРие се романтични идеали кои се во потрага по својот принц, а знаат и да скршат по некое срце.

Sto baraat 8

Шкорпија

Да ја запознаете жената шкорпија во потполност не е мала работа. Тие го сакаат својот мир и многу тешко пуштаат некој маж во својот простор. Иако се зависни од љубовта, се плашат од разочарување и неуспех. Жените од овој знак во врската влегуваат полека и сигурно, а кога ќе пронајдат прав партнер многу се верни, а кога е во прашање интимата, многу се страствени. Партнерот кој ја цени и ја прави среќна ќе биде среќен до крајот на животот, но неверството е нешто што овој знак го претвора во вистинска војна.

Sto baraat  9

Стрелец

Имаат големи животни апетити кои го очекуваат и од својот партнер. Интелигентни и силни, жените Стрелци што и да допрат внесуваат страст, поради кој мажите ги привлекува особината која тие ја немаат – приземност и реалност. Тие сакаат згодни и привлечни мажи. Искрени се во поглед кога ќе ја пронајдат правата љубов, спремни за стабилна и долга врска.

Sto baraat 10

 Јарец

Односот на овие жени спрема животот е реален. Сакаат постојаност и ги ценат само оние луѓе кои имаат одредени вредности во склад со нивните сваќања. Жените Јарци не се лесно да се освојат. Кај нив љубовта не може да наиде како гром од ведро небо. Ретко доживуваат голема љубов и попрво ќе остане сама отколку да има површинска врска. Но кога ќе засакаат или подобро кажано, кога ќе одлучат да признаат, тоа може да трае засекогаш. Кога ќе се решат со некого да се врзат, тоа е за цел живот.

Sto baraat  11

Водолија

Позади нивниот понекогашен ироничен став, сепак се крие несигурност и недоволна самодоверба. Тие сакаат мажи кои ги исполнуваат ментално и тоа им е поважно од физичкиот изглед. Овој знак нема физички критериуми кај мажите бидејки секој пат може да г привлече нешто сосема друго. Многу се забавни и креативни, и пријателството како со партнерот така и со најблиските им е на прво место. Иако се спремни да сакаат, тешко ќе признаат дека се заљубени што може да доведе до опасни триења во врската.

Sto baraat 12

Риби

Сините и големи очи како океан се обележување на жените родени во овој хороскопски знак. Романтични и чувствителни, Рибите сакаат да бидат заљубени – дури и во теорија. Како со нив владее Нептун,планетата која управува со соништата и идеалите, повеќе од се сакаат да бидат соборени од нога. Како се и самите имагинативни, женските Риби сакаат секој момент да го направат посебен и магичен. Нивната креативност, нежност и емотивност ги прави посакувани партнерки, но поради тие квалитети можат да го однесат и сопствениот свет кој нема никаква врска со реалноста. Исто така, може да ги привлечат неконвенционални мажи, токму оние кои имаат изразена мрачна страна.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2014 во 18:36

КАКВА ХАРИЗМА ГО КРАСИ ТВОЈОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК?

9

Секој човек има своја единствена харизма која го прави различен од останатите. Но, астролозите велат дека луѓето кои припаѓаат на ист хороскопски знак имаат слична харизма.

ОВЕН
Овните се искрени и спонтани, а исто така и многу доминантни. Таков е и првиот впечаток кој го оставаат – бучен и впечатлив. Сепак, во нивната детска искреност и наивност, тој прв впечаток најчесто е многу мил и придонесува луѓето лесно да ги засакаат.

БИК
Биковите секогаш сакаат да остават добар впечаток. Но, ретко преземаат иницијатива, па можно е на прв поглед да изгледаат резервирано и строго.

БЛИЗНАЦИ
Одлично се снаоѓаат со контролата врз емоциите, а од друга страна се непресушен извор на забава. На нивниот шарм и духовитост тешко е да се одолее, а емоционалната резервираност создава мистерија за секого.

РАК
Раковите се многу чувствителни и многу често го менуваат расположението, па поради тоа може да остават прв впечаток на неискрени личности. Сепак, со тек на време овој впечаток не е тешко да се поправи, бидејќи воопшто не се такви какви што изгледаат на прв поглед.

ЛАВ
Генерално, Лавовите се одбивни при првата средба поради нивната претерана самодоверба и фалење. Сепак, нивната искреност и детска наивност, исто како и Овенот, лесно ќе направи да ви се вовлечат под кожа.

ДЕВИЦА
Девиците се перфекционисти, па првиот впечаток за нив е дека се строги, што и не е далеку од вистината. Но, кога искрено љубат некого, тоа го прават со цело срце, па нивната строгост е во втор план.

ВАГА
Вагите мислат дека се совршени и мошне лесно можат да залажат некого дека се токму такви – но, само за кратко време.

СКОРПИЈА
Скорпиите се големи заводници. Кај истиот пол најчесто оставаат негативен прв впечаток поради нивната доминантност, но пак, за спротивниот пол се вистински магнет бидејќи се многу силни личности. Сепак, кога некој ќе ги повреди, одмаздата е неизбежна.

СТРЕЛЕЦ
Стрелците се енергични и храбри знаци полни со самодоверба, но не и со егоизам, што ги прави едни од омилените во друштвото. Тие се подготвени да ризикуваат, но кога навистина ќе се заљубат, партнерот го чуваат подобро од сопствените очи.

ЈАРЕЦ
Јарецот е уште еден строг знак кој не се оддава лесно на емоциите, а првиот впечаток за него најчесто е негативен. Кога подобро ќе го запознаете, ќе сфатите зошто е таков и кои му се приоритетите во животот, а кога ќе одвои време за вас уште повеќе ќе го цените.

ВОДОЛИЈА
Водолиите се ексцентрични и провокативни, а во исто време весели, што ги прави многу привлечни и шармантни. Со нив никогаш нема да ви е здодевно и секогаш ќе ви недостасува нивното друштво.

РИБИ
Рибите се многу емотивни, а ако ги фатите во таквите моменти, може да бидат многу здодевни. Но, кога ќе ве засакаат, лесно ќе најдат начин за да ви влезат под кожа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2014 во 20:13

Кое е вашето идеално место за живот според астрологијата?


Близнаците обожаваат градови кои никогаш не спијат, Шкорпиите сакаат да откриваат егзотични дестинации, на Стрелците им одговара спој на модерното и традиционалното…

Овен

Вашиот немирен дух ве влече кон градови со богат ноќен живот, како што е Буенос Аирес. Но, ви одговараат и градови во кои се одржуваат големи спортски манифестации, фудбалски натпревари, автомобилски трки, тениски турнири, Париз, Лондон, Њујорк, Мелбурн.

Бик

Иако сте голем љубител на природата и селото, ве привлекува и Ориентот, Истанбул, Каиро, Александрија. Поради добрата храна и добрата забава, ве воодушевуваат и Барселона и Лос Анџелес.

Близнаци

Обожавате градови кои никогаш не спијат, Њујорк, Копенхаген, Милано, Стокхолм, но и приморски места во кои никогаш не може да ви биде досадно, како Херцег Нови, Ница, Венеција.

Рак

Сакате да престојувате покрај некоја вода, море, езеро или река. Затоа вашиот вистински избор се Цирих и Женева, но и космополитскиот Сиднеј.

Лав

Ве привлекуваат градови домаќини на големи спортски првенства, но и фестивали на пиво. Како љубители на раскошот и гламурот, ви одговараат места со добра забава, како Монте Карло, Париз, Ница, Барселона, Лас Вегас и Њујорк.

Девица

Добро се чувствувате во Краков, древната Атина, раскошниот Париз и преубавата Будимпешта, каде во некој ресторан во центарот на градот прелистувате весници, пиете кафе и уживате во десертите.

Вага

Најмногу ви одговараат градови на море во кои се одржуваат големи уметнички манифестации, музички и филмски фестивали, модни ревии, изложби – Рим, Венеција, Милано, Ница, Кан, како и Пекинг.

Шкорпија

Секогаш сте подготвени да запознаете некоја нова култура или егзотична дестинација. Ви одговараат шпанските и италијанските градови, посебно Сицилија, но ве привлекуваат и Чикаго, Њујорк и Рио де Жанеиро.

Стрелец

Ниедно место не ви одговара во потполност, бидејќи сакате промени. Ви одговара спој на модерното и традиционалното, градови со раскошна архитектура во кои има богати културни и спортски настани, како Мадрид, Рим, Барселона, Палма де Мајорка.

Јарец

Љубител сте на историјата и почитувач на традицијата, па освен вашето родно место ви одговараат и Лондон, Единбург, Кардиф, градови во кои можете да уживате во разгледување на средновековните замоци.

Водолија

На вашиот сензибилитет му одговараат модерни градови во кои се живее брзо, како Амстердам, Њујорк, Париз, Берлин, Санкт Петербург.

Риби

Ви одговара близина до води, најмногу оние големите, океанските. Сакате помали градови, без многу гужви, како Валета на Малта, гратчиња во Сардинија, Малдавите, Азурните брегови, Куба, но и големи градови како Сиднеј.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2014 во 08:29

Особините на хороскопските знаци: Кој е најдобар, кој најлош?


Сигурни сме дека нема сите да се согласите, но ако ги собереме општите карактеристики и особини на секој хороскопски знак и ги подредиме во една листа, најверојатно таа би изгледала вака.

osobinite-na-horoskopskite-znaci-koj-e-najdobar-a-koj-najlos-01.jpg

Кој знак е прв, кој е просечен, а кој последен? Откријте во продолжение:

1. Лав - Доверлив, лојален, амбициозен, дарежлив и горд.

osobinite-na-horoskopskite-znaci-koj-e-najdobar-a-koj-najlos-05.jpg



2. Вага
 - Смирен, благодарен, идеалист, соработник.

osobinite-na-horoskopskite-znaci-koj-e-najdobar-a-koj-najlos-12.jpg



3. Девица 
- Логичар, организиран, зависен, добар заштитник од проблеми.

osobinite-na-horoskopskite-znaci-koj-e-najdobar-a-koj-najlos-07.jpg



4. Рак
 - Поддржувач, семеен тип, добро расположен, креативен.

osobinite-na-horoskopskite-znaci-koj-e-najdobar-a-koj-najlos-06.jpg



5. Овен
 - Оптимист, импулсивен, агресивен, понекогаш себичен.

osobinite-na-horoskopskite-znaci-koj-e-najdobar-a-koj-najlos-10.jpg



6. Стрелец
 - Охрабрувач, независен, авантурист, дистанциран.

osobinite-na-horoskopskite-znaci-koj-e-najdobar-a-koj-najlos-04.jpg


7. Водолија - Визионер, инвентивен, бунтовен, нечувствителен.

osobinite-na-horoskopskite-znaci-koj-e-najdobar-a-koj-najlos-11.jpg



8. Близнаци
 - Креативен, адаптибилен, бистар, неодлучен.

osobinite-na-horoskopskite-znaci-koj-e-najdobar-a-koj-najlos-09.jpg



9. Скорпија 
- Страствен, динамичен, опсесивен, манипулатор.

osobinite-na-horoskopskite-znaci-koj-e-najdobar-a-koj-najlos-03.jpg


10. Бик
 - Трпелив, упорен, посесивен, емотивен.

osobinite-na-horoskopskite-znaci-koj-e-najdobar-a-koj-najlos-13.jpg



11. Јарец
 - Одговорен, снаодлив, зависник од контрола, лојален.

osobinite-na-horoskopskite-znaci-koj-e-najdobar-a-koj-najlos-02.jpg



12. Риби
 - Чувствителен, уметник, самосожалувач, сочувствителен.

osobinite-na-horoskopskite-znaci-koj-e-najdobar-a-koj-najlos-08.jpg

Како вие би ја распоредиле листата?


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2014 во 08:31

ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ ВО НОЌЕН БАР

10

Како да ги препознаете и заведете хороскопските знаци во ноќните барови: Јарецот истовремено разговара и прислушкува, Вагата им го наметнува на другите своето расположение, Скорпијата контролира сѐ околу неа.

Овенот е најгласен
Кога се пренесува некоја утакмица, најгласниот во кафе барот е Овен. Тој обично носи црвена боја или нешто впечатливо, околу себе има голема група на луѓе, во која тој е нагласен. Делува агресивно и самобендисано, а ако сакате да му пријдете, најдобро е да бидете директни. Тој ќе ја цени вашата храброст, а нема да го одбие понудениот пијалак.

Бикот тивко се смешка
Припадниците на овој знак се оние кои седат сами, посматраат сѐ што се случува околу нив и тоа најчесто го прават со насмевка на лицето. Со тоа покажуват дека им е забавно и дека се чувствуваат пријатно, а ако тоа престане да биде така, веднаш ќе си отидат дома. Ако сакате да ги освоите, подобро е да почекате тие да го направат првиот чекор. Претходно мора да им дадете јасен знак, гледајќи во нив подолго време. Предложете им дружење на вечера.

Близнаците им дофрлуваат на келнерите
Луѓето кои во кафе барот ви изгледаат како постојано да им е забавно се Близнаци. Освен тоа, тие се секогаш забавни за своето друштво. Ги познаваат сите келнери, кои ги забавуваат со своите приказни и шеги и се „инвентар“ во кафулињата во кои тие работат. Нивното внимание може да го привлечете со таинственост, но ако дојде до разговор, немојте да бидете молчеливи – зборувајте колку е можно повеќе и побргу, а тие ќе ве следат.

Ракот се однесува како да е домаќин
Ракот седнува на пијачка со група луѓе, а многу ретко седнува некаде сам. Се однесува пристојно, се грижи сите да бидат послужени и се обидува сите да ги вклучи во заедничкиот разговор. Ако сакате да го освоите, прво набљудувајте го и смешкајте му се, а потоа одглумете дека ви треба некаква помош од него.

Лавот наздравува
Припадниците на овој знак се однесуваат како дома, особено ако целото внимание е насочено кон нив. Иницијатори се за средба и добра забава. Невозможно е да не ги забележите бидејќи се дотерани, нашминкани и носат накит. Весело наздравуваат со омилениот пијалак и ги поттикнуваат другите да се опуштат. Најдобар начин да им пријдете е да се смеете на нивните шеги, а ќе ви помогне и некој комплимент.

Девицата разговара со сите
Девицата многу лесно ќе ја препознаете во кафетерија – седи исправена, не се потпира со лактите на маса и ја држи чашата како што доликува според бон-тон. Разговорите ги води со пристојност, секому посветува внимание и го поттикнува на комуникација, па затоа изгледа многу љубезно и весело. Пред да ѝ пријдете, повремено погледнувајте ја, а штом се сретнат вашите погледи, поткренете ја чашата како да наздравувате. Потоа малку игнорирајте ја, па повторно погледнете ја. Девицата ги сака ваквите игри.

Вагата го наметнува своето расположение
Вагата е пожелна во друштвото, а многу лесно ќе ја препознаете бидејќи секогаш си носи нешто за јадење со себе. Таа го наметнува своето расположение – ако е добро расположена, сите ќе се забавуваат, а ако не е може да делува лошо на целата атмосфера. Можете да ја освоите со својот хумор, но тоа мора да биде пристојно, бидејќи ги одбива вулгарност.

Скорпијата е набљудувач
Овој знак најчесто седи на место каде има добар поглед на целиот локал. Невозможно е да влезете во кафе барот и тие да не ве забележат. Изгледаат како да се тајни агенти на задача. Обожаваат да ги набљудуваат другите луѓе, па понекогаш е проблем да бидете со нив во друштво и да го задржите нивното внимание. Ако сакате да им пријдете, најдобро е да дознаете нешто за нив и да започнете разговор. Тие сакаат да филозофираат, па искористете го тоа.

Стрелецот зборува без престан
Најголемиот „брбливко“ кој можете да го забележите во кафе бар е токму Стрелецот. Исто како Близнаците и Скорпијата, и тој не се срами да се пошегува со келнерите или некои непознати лица. Алкохолот само ќе му помогне да се „отвори“. Најдобар начин да му пријдете е на некој начин да го предизвикате, бидејќи го сака чувството на натпреварувачки дух.

Јарецот прислушкува
Традиционално, тој посетува 3-4 кафе барови во кои оди бидејќи таму се чувствува најдобро и во состојба е да го однесе целото свое друштво. Обично седи на иста маса, а таа рутина прави да се чувствува опуштено. Сака да го поминува своето време на кафе само ако друштвото му е интересно, а способен е истовремено да разговара со вас и да ги прислушкува разговорите на соседната маса. Пријдете му директно, бидејќи колку сте похрабри, толку повеќе ќе го иморесионирате.

Водолијата се смее гласно
Водолијата го апсорбира расположението на сите присутни, па нивниот израз на лице е мешавина на забавување, чудење и збунетост. Ќе ја препознаете по гласната смеа со која ги шармираат луѓето. Со неа треба да бидете спонтани и многу оригинални ако сакате да ја освоите.

Рибата е умерена
Рибата изгледа повлечена и умерена, а соговорниците ги гледа директно во очи и им посветува многу внимание. Делува тивко, но сѐ што кажува звучи промислено, логично и интелигентно. Има одлична смисла за хумор, иако не се истакнува до таа мера сите да ја слушнат, туку само оние до неа. Пријдете им со романтичен гест или коментар.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2014 во 08:33

КОЈ ОД ЗОДИЈАЧКИТЕ ЗНАЦИ ИЗНЕВЕРУВА, А КОЈ ИСКРЕНО ЉУБИ?

Погледнете кој знак е подложен кон изневерување, кој сака секс во лифт, а кој порно филмови. Запознавте нов дечко/девојка, а сакате да знаете каков е во сексот? Дознајте го неговиот хороскопски знак, а сѐ останато прочитајте во текстот.

Овен

 Овенот сака груб секс. Тој/таа сакаат да го почуствуваат партнерот. Тоа што никако не сакаат е да чекаат. Не го завлекувајте Овнот – ако ви се допаша, слободно поминете на дело, и тој нема да ви замери. Припадниците на овој знак се секогаш спремни за експертиментирање, но пуштете ги тие да ја водат играта. Воглавно се верни, освен ако личноста со која се во врска, не е во состојба да одговори на нивната сексуална енергија. Во спротивно – не влегувајте во било какви односи со нив, бидејќи Овновите не можат да бидат во врска со оние кои не можат доследно да ги пратат.

Бик

Биковите се сензуални, сакаат нежен секс, а најдобра предигра за нив е чаша вино, топло чоколадо, добро и вкусно јадење. Битно им е сѐ да оди полека, без брзање. Биковите сакаат и добро избран долен веш, жените носат подвезици, а во кревет доаѓаат нашминкани. Биковите се големи хедонисти, но сепак се верни, освен ако не им стане досадно со партнерите. Тогаш им нема помош. Биковите не се промискуитетни, а квалитетот го ставаат пред квантитетот.

 

Близнаци

 Близнаците летаат во сѐ, па и во сексот. Добриот разговор за нив е вистински афродизијак. Ако не успеете да ги заведете со зборови, не се обидувајте со други методи. Тие сакаат еротски приказни, но и униформи, престорување во нешто друго. Не ги менуваат партнерите така лесно, но, ако не најдат сродна душа, тие не запираат во потрагата по вистинскиот. Не брзаат, но, сепак не оддаваат со посебна стабилност и доверба.

 

Рак

 Овие личности најлесно ќе ги заведете на нивен терен, во нивниот дом. Подгответе им го омиленото јадење, но не брзајте, бидејќи Раковите сакаат сѐ да оди полека. Битни им се чувствата, дури побитни и од сексот, но не може да се каже дека се најверните од сите зодијачки знаци. Не се перверзни, но сакаат секс во вода.

 

Лав

Лавовите сакаат луксуз, сјај. Додворувајте им се на убави и интересни места, но и во природа. Пригушеното светло, добро вино, малку ласкање и кралот на животните ќе ви јаде од раце. Но не брзајте. Лавовите знаат што сакаат, затоа не вреди да ги терате во нешто со сила. Сакаат да доминираат. Гледаат порно филмови, но ретко заедно со својот партнер, сакаат да учат, да бидат во тек со новитетите кога е во прашање сексот. Не се промискуитетни, но не остануваат во врска во која нема емоции и љубов.

 

Девица

 Девиците тешко се опуштат. Во тоа им помага убав долен веш, притаено светло. Сакаат внимание, но и ситни подароци и гестови. Тие се еден од најверните знаци во зодијакот. Наоружајте се со трпение и ќе уживате. Притоа, бидете максимално педантни. Девиците сакаат се, само не неред.

 

Вага

 Вагите сакаат се оди полека, да биде едноставно и убаво. Сакаат секс, секојдневно, но може да се воздржат. На нив чувствата им се на прво место. Не им е битно каде ќе водат љубов, односно, тоа може да биде на отворено, во кујна, на подот. Лесно се прилагодливи.

 

Шкорпија

 Шкорпиите се едни од најперверзините знаци. Знаат како да привлечат внимание кога ќе посакаат, но знаат и како да одбијат. Сакаат порно филмови и секс во најразлични пози. Ним им е потребен добар љубовник кој ќе се посвети максимално на тој чин. Не изневеруваат, освен ако нешто озбилно не е во ред со врската или бракот.

 

Стрелец

 Стрелците се авантуристи кои сакаат сѐ да пробаат и да знаат. Тие знаат дека искуството не може да се стекне само со еден партнер, па затоа често и менуваат. Гледаат да бидат отворени према сѐ и сешто, сакаат униформи, слобода во сексот, и ако партнерот не го поддржува во тоа и нема енергија, нема да останат долго во нечиј живот. Сексот им е битен и за нив, само тој чин е показател дали сѐ е добро во врската во која се наоѓаат.

 

Јарец

 Јарецот е највоздржаниот знак, но и најиздржливиот во секс. Верен. Може со часови да измислува пози, да угодува на партнерот, но само ако сака. Доколку не се труди, треба да знаете дека ништо не чувствува кон вас. Тој е трпелив, но кога ќе дојде до сексуалниот чин, ќе сфатите дека вредело да се чека.

 

Водолија

 Тие сакаат сѐ да пробаат, да експериментираат, перверзни се. Не скаат да чекаат за секс, но никогаш нема да го притискаат партнерот. Ако сакате секс во лифт, автомобил, на плажа… Тогаш барајте ги Водолиите. На нив ништо не им е страно. Еротските филмови им се омилен жанр.

 

Риби

Сензуалните Риби сакаат секс со музика во позадина, добро вино. Квалитетнат храна е одличен афродизијак за нив. Не се оптеретуваат со бројот на партнерите. Лесно губат интерес, а подложни се на паралелни врски, пред сѐ, исклучиво поради секс.


Изменето од Valerija - 15.Октомври.2014 во 08:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2014 во 20:34

ШТО ВЕЛАТ ЅВЕЗДИТЕ ЗА ВАШИОТ СЕКСУАЛЕН ЖИВОТ: СО КОГО ТРЕБА ДА БИДЕТЕ САМО ПРИЈАТЕЛИ, СО КОГА ДА ОДИТЕ НА ВЕЧЕРА, А СО КОГО ДА ИМАТЕ ИНТИМНИ ОДНОСИ...

5

Прочитајте што велат ѕвездите за вашиот сексуален живот. Со кого треба да бидете само пријатели, со кога да одите на вечера, а со кого да имате интимни односи.

ОВЕН
Овен со овен? Може, само доколку сакате жежок секс после жестоки кавги. Бик ќе ви носи појадок во кревет, а со Рак можете да одите на романтични прошетки. Вагата ќе ја сакате до крај.

БИК
Ракот сака да се мази, Девицата Ви е здодевна, Скорпијата е само за една ноќ. Со Бикот ќе ви биде генијално, по цел ден и ноќ во кревет. Само, кој од вас двајца ќе се сети да ја смени постелнината?

БЛИЗНАЦИ
Вие и Стрелец сте како две puzzle парчиња – совршен пар. Само кога не би била таа Водолија која потполно ќе Ви го заврти умот. Со Овен можете да имате огнени страсти, ама за жал со краток рок на траење.

РАК
Лавот експресно ќе ја подигне вашата самодоверба, а потоа ќе предизвика вистинска бура од чувствата. Со Скорпија може да имате жешка афера и она што се вели “забране овошје”, но Јарецот ќе биде оној вистинскиот.

ЛАВ
Секако дека сакате оган и страст, но Овенот за вас е преексплозивен. Со Лав ќе бидете вистинско дуо за игри без граници, а Девица привлекува но и нервира, истовремено. Совет – соочување со Водолија!

ДЕВИЦА
Овенот е само за една ноќ. Со Близнаци ќе имате најдобар секс во животот, Рибите се симпатични, но некомпетентни. Единствен кој навечер ќе ве одведе на опера, а наутро до оргазам е Водолијата.

ВАГА
Со Лав можете да бидете среќни само ако тој заборави на своите мачо манири и го намали апетитот. Скорпијата има премногу желби за ваш вкус, Бикот е супер другар, ама ништо од пеперутките во стомакот. Но, затоа Водолијата е ветена земја.

СКОРПИЈА
Бикот е фасцинантен, меѓутоа неговата опсесија и страст можат да бидат опасни. Ракот е неодолив како бајадера, само и од него, може да се разболите. Овенот е одличен, ама неверодостоен, а Лавот е на ваше ниво.

СТРЕЛЕЦ
Сексот со Скорпија е идеален за подигнување на егото, Рибите ќе ве гушат со својата сентименталност. Со Стрелец ќе бидете најгламурозен пар во градот, но Вагата ви е судена.

ЈАРЕЦ
Овенот ви е драг и ви дава слобода. Што би сакале повеќе? Со Бик сте на седмо небо. Стрелецот ќе ви раскажува бајки кои тешко дека ќе ги реализира, а Рибите ви се откритие на годината – заиграни и возбудливи како вас.

ВОДОЛИЈА
Со Близнаците можете да експериментирате во кревет колку што ви душа сака. Ракот знае да ве утеши, ама нема да знае да ве сака. Лавот избегнувајте го колку што можете, а со Водолија можете да бидете на седмо небо.

РИБИ
Лавот ве гледа како секси божица/бог, со Скорпијата снимате трилери. со Стрелец можете да го освоите светот, само не заборавајте дека треба и да дишете. А, во Јарецот можете да откриете и пријател и љубовник.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2014 во 21:09

Близнаци

Обожавате градови кои никогаш не спијат.....но и приморски места во кои никогаш не може да ви биде досадно.....

Tochno 1000% голема насмевка
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2014 во 08:53

КОИ СЕ НАЈВЕРНИТЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ?

2

Ако сакаш среќна и стабилна врска, секогаш треба да тргуваш со презумпцијата за доверба и верност. Зошто неверството е нешто кое тешко се простува. Но дури и да најдеш сили, скршеното си останува скршено. Моногамијата зависи од моралот и погледите на секој поединец. Но од гледна точка на астрологијата на некои хороскопски знаци им е внатрешно всадено да бидат верни. Односно, ако се однесувате добро со таков партнер и му обезбедите блискост и разбирање, шансите да забега на страна се минимални.

Бик

Бикот сака комфорт и мир. Тие успеваат благодарение на стабилноста, која ги прави лојални и надежни партнери. За да изневери, Бикот треба да се чувствува исклучително неразбран и недоволно ценет во врската.

Рак

Од сите знаци Ракот е најзагрижен за стабилноста на врската со саканиот човек. Го сака семејството и е најсреќен кога има длабока, емоционална врска. би изневерил само и единствено ако неговиот партнер се однесува студено и не покажува љубов.

Девица

Девиците се чувствителни но и многу претенциозни. Затоа ако се обврзат сериозно, тоа категорично значи дека се сигурни во својот избор. Што пак е претпоставка дека нема потреба да гледаат на страна. Само многу големо разочарување би ја натерало Девата да изневери.

Вага

Вагите бараат хармонија и баланс. Само така се чувствуваат удобно и исполнето. Едно неверство би го нарушило драстично нивниот баланс и тие претпочитаат да не го прават тоа. Ако пак се случи, бидете сигурни дека Вагата сосема набрзо ќе ве напушти.

Јарец

Овој знак исто така многу го цени семејството и својот партнер. Дури понекогаш и да ви изгледа дека не е така, ви гарантираме дека грешите. Јарците сакаат да ја насочат својата енергија и во кариерата и финансиската стабилност, наместо да прават глупости и да се кријат по хотелите.

Зошто на останатите знаци им е тешко да бидат верни?

Овенот делува импулсивно и ретко мисли за последиците. Близнаците пак постојано имаат потреба од нова искра и ако таа изчезне, тргнуваат да бараат нова. Лавот обожава да флертува и да е заобиколен постојано со внимание и едноставно не може да одолее. Стрелецот пак мрази правила и поставување во рамки, како така некој ќе го ограничува и ќе му кажува што да прави.

Шкорпијата од своја страна е страствен знак, но одмаздољубив и тоа многу, па ако со нешто го засегнете, ништо чудно да изневери, за да ве казни. Водолиите се не особено уравнотежени и секогаш имаат стремеж кон нешто ново и различно. А во Рибите вријат толку многу емоции кои заедно со огромната потреба од романтика ги прават склони кон можеби непромислено неверство.

Тоа се разбира се само нијанси на карактерот, продиктувани од хороскопскиот знак. И не значи ако имате партнер Близнак дека тој задолжително ќе ве изневери. Или пак ако живеете со Девица дека ќе ви биде верна до гроб. Но дефинитивно е добро да имате едно на ум со оваа информација.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 117118119120121 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,330 секунди.