![]() |
|
(Дали) Македонија мора да се дели ? |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 789 |
Автор | ||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
И си ја истераа, вака-така. Ова мора да е некој Шкотски вирус. Изгледа дојде денот да се отворат картите. Колку и да звучи несериозно, мене повеќе ме плаши тоа што го Македонците се караат помеѓу себе, се требат едни со други и мижат пред она што им случува во дворот. Невзат Халили решил утре да ја прогласи република Илирида и предлага конфедерација со „ПЈРМ“Изменето од Анастеа - 18.Септември.2014 во 14:11 |
||
![]() |
||
Buggyman ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
"Тресла се гора, родио се миш"... http://alsat.mk/index.php/vesti/od_zemjata/10732-%D1%85%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%BB%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D1%83%D0%BC-%D0%B7%D0%B0-%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%80%D0%B8%D0%B4%D0%B0.html Територијата на Република Илирида, ја опфаќа историската територија на Албанците, од Битола до Куманово. Главниот град на Илирида бил Скопје, рече Невзат Халили кој од институциите на Македонија побара да ја одобрат одлуката, за која вели дека израз на волја на народот. Побара од спикерот на Собранието, Трајко Велјановски и премиерот Груевски да распишат референдум за да ги прашаат граѓаните дали сакаат да живеат во новата конфедерација. „Ако овие наши барања не бидат прифатени, ако се игнорираат или му се наштети на некој активист од институциите на Република Илирида, да знаат дека сите ние ќе одговориме како народ, обединет како едно, без насилство, ама со силата на правото на самоопределување кое што го имале и го имаат сите народи на светот“, рече Невзат Халили. Атмосферата и орнаментите кои го красеа плоштадот беа во духот на албанската традиција. Иако поканети, на чинот на прогласувањето на Република Илирида и покрај поканата, не дојде ниту еден од лидерите на политичките партии, ниту амбасадорите на САД и на ОБСЕ. --------------------------------------------------------------------------------- По оваа изјава на Невзат Халили се јавије многумина кој веќе ги "чистат пушките", како што прочитав: Мишко Талески · Интердисциплинарни студии по новинарство - Правен Факултет, Скопје · 109 followers Oвој Тутанкамон балсамираниов го фатил Паркинсон. На запад ова завршува на електрична столица. А, таму е нели најразвиената демократија. Reply · · 2 · September 17 at 12:13pm Dragan Dimitrovski · Top Commenter · Works at Macedonia and the European Union ne mu pridavajte znachenje....................tuku pushkite vo raka,i da gi reshime veke ednash Reply · · 1 · September 17 at 12:21pm Boris Angelovski Ne mi se veruva ako stvarno e toa to e vojna Reply · · September 17 at 12:30pm Petar Jovanovski Petar Jovanovski · Top Commenter koj e za niv miren pat,ajde vojna vijna jebiga ednas treba sa se resi Reply · · 2 · September 17 at 6:52am ------------------------- Електрична столица наведува Мишко Талески (новинар, бог да чува), треба веднаш војна да се расчисти (пак бог да чува), некој не верува на прогласувањето на таканаречена илирида, ако не тоа било војна (господе) и на крај некој вели ајде конечно да се реши ова прашање со војна (господе, подели малку ум).... Колку ли се само "набилдани" момциве и спремни на војна како да некој од нив ке чека да дојде некој да го отепа...:)... што се не трпи ова интернетот! Шала на страна, ова јас го гледам само како припрема пред некаква си промена или некаков си договор со некој или нешто. Големиот дел на Албанците не се ни поместија да го дополнат просторот на плоштадот Скендербег а не камоли да паничам за војна. И така за 20-на години ќе се мнозинство во Р.М. бидејќи наталитетот ни опаѓа и никој не го боли свиралото за тоа туку се палат на изјава на некојси Албански ЉуБчо Ѓеорѓиевски кој што исто така повторно сака поделби на Македонските територии. За изјавата на ЉуБчо никој не споменува војна, електрична столица, туку неовата изјава е како "прохујало вихором" и ниту има тешки зборови, клетви. Ова ми личи како изјавата на Слобо, "вас србе не сме нико тучи, само српска полиција"! Тука треба да се проверат работите подобро, подетално и да се види ТОЈ Невзат со кого на маса споделува идеологии и дали е со некој од македонскиот блок. Дали некому му оди во прилог да имаме константно внатрешен непријател и да го држиме народот под страв од некого и нешто? Паранојата им помага на поединците да ги обликуваат и да ги одржуваат автократските системи. На автократите исто така им е потребен непријател, секогаш внатрешен непријател и понекогаш надворешен непријател, за да ја оправдаат принудата и да предизвикаат приврзаност и покорност, моќта и паранојата се опасна комбинација. Да се вратам на темата, ако некој ја подели Македонија тоа може само Македонецот да го направи од една проста причина, од неспособност да се сноси со ситуацијата во својата земја, од егоизам, искористување на позициите кои ги имаат и воедно уништување на економијата. Многу Македонци избегаа од татковината, се намалува населението покрај намалување на наталитетот сите би сакале да им обезбедат пред време на децата а не се спремни ни една обична врска да сочуваат. Премногу се соживеани си благодетите на животот и немаат време за создавање на брачна заедница. Не би сакал негативно да делувам, кога стапив во брак со сопругата немавме буквални НИШТО, со труд и без алчност, постепено (и со мал ризик) успеавме да ги обезбедиме сите услови за живеење за себе и своите деца. Едното дете оваа година запиша факултет (не бев против ниту занает да учи), второто е во средно а третото сеуште си е основно. Додека се забавувавме со сопругата имавме можност да ги уживаме благодетите на животот, со самиот брак ја разбравме и обврската кон бракот и кон децата, се жртвувавме низа години и сега повторно дојдовме до претходниот момент кога пак уживаме во животот со многу поголеми искуства. Жртвувајте се и вие малку и имајте деца, секое дете си има своја ѕвезда. Останатите "гладни" за позиција во некоја административна област и нема намера да се впрегне и да прифати и физичка работа. Погрешната политика е исто така фактор кој што ќе ја подели Македонија ако не и целата да ја земат пак ќе сме си ние виновни. Малку забегав и се возбудив со пишувањето, еднаш за секогаш да почнеме да си се преиспитаме кој ни е крив, дали самите сме си виновни или не? |
||
Homo homini lupus est...
|
||
![]() |
||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Хммм,ако мислиш на изјавата на Љубчо за размена на територии и поделба на државата, јас колку што се сеќавам предизвика бурни реакции кај Македонците. Многумина се оградија од неа и ја осудија. Од ваквата “Илирида“ не видов дали се огради некој од албанските политичари и да ја осуди? Како и да е, јас не сакам да сум во право на вакви теми. И драго ми е дека не сум во право, дека наместо орел, се роди “миш“. Нема потреба да брзаат со никакви Илириди, а ти убаво ја образложи и причината. Шала на страна, и јас ова го гледам како некоја позадинска игра за притисок или некаква промена:
|
||
![]() |
||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Не се сеќавам баш најдобро (а сега не ми се ни’ бара по нетов), но нели порано (пред неколку години) веќе беше прогласена Илирида?
![]() Зошто сега повторно? ![]() И, до која „мајка“ треба да се прогласува? До трета „мајка“?! ![]() |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
![]() |
||
Орка ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Се додека Бившите-Македонци си го плаќаат рекетот за удобно да си тераат,
ќе се лажеме дека се е ОК. Е кога ќе снема во кесето алтани,може да си подигнат кредит ОК. ![]() |
||
![]() |
||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Мислам дека ова е трета Илирида. А зошто трета - не знам. Можеби е надградена и проширена. Или дека (освен мене ![]() |
||
![]() |
||
којсумјас ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Халили...
не е тука за да го сфатат сериозно... повеќе ми личи на еден... од оние кои деновиве... праќаат пораки... не за Илирида... да не е друго...?
![]() |
||
![]() |
||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Или притисок за името или ги понесе шкотскиот вирус... |
||
![]() |
||
којсумјас ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
дека ниту еден Албанец... нема да каже ништо, па ни глупост... ако чичко Сем... или некоја негова братучетка постара дама... не му одобри... ете... така јас некако си мислам... и можеби си грешам... ![]() |
||
![]() |
||
Орка ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 789 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |