|
Македонски литературен јазик |
Внеси реплика | страница <1 43444546> |
Автор | |||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да бе...навистина... И она меѓународното бодигард ќе му дојде како чувар на телото... Можеби има врска со бугарскиот јазик...кај нив Обезбедување се вика Охрана... |
|||
д4 б3
Сениор Регистриран: 17.Јули.2014 Статус: Офлајн Поени: 1206 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
old d4b3
|
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Убаво е што имаш желба да учиш македонски. Но, грешка си во следново: - зборот „зборува“ како и зборот „говори“ се македонски зборови. И, иако во поново време* грешно се поистоветуваат, сепак тие два збора имаат сосема различно значење. Зборот „зборува“, „зборување“ се користи за вообичаена комуникација меѓу луѓето. Примери: „Луѓето зборуваат помеѓу себе.“ или „Во Македонија се зборува на македонски јазик.“ Додека зборот „говор“, „говори“ е во смисла кога некој зборува т.е. се обраќа кон одредена група луѓе т.е. кога држи говор. Пример: „Милиот ни’ Премиер држеше говор по повод 8-ми Септември.“ Зборот „збори“ во никој случај не треба да се користи во македонскиот литературен јазик (освен, ајде, во поезијата, каде се е дозволено), бидејќи тој е извитоперен, скратен и е жаргон кој кај нас најчесто се користи во скопското говорно подрачје, како и во јужните делови на Србија (Врање, Лесковац ...) Срби не „зборувају“ српски, они „причају“. Или „Они „говоре“ пред народом.“ Значи, гледаме дека зборот „зборува“ не е српски, туку зборот „говор“ е заеднички и во двата јазика, впрочем како и многу други зборови. (Дали и зборот „вода“ е српски, бидејќи нели и тие го користат!?) Понатаму:
Правилно е „пишуваат“ (со две букви „а“). Наставката „се“ не треба воопшто да стои. * - Поистоветувањето на овие два збора дојде до израз после емисијата „Говорете македонски“, каде некои наши недоучени лингвисти (ако воопшто можат да се наречат така) сакајќи да направат нешто кон заштита на македонскио јазик, предизвикаа сосема спротивен ефект, учејќи ги новите генерации на погрешни работи., |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Или Џек Стомакосек. |
|||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А кога во македонскиот се користи зборот ’’ сиот ’’ и кога зборот ’’ целиот ’’ ?
|
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не само зборот „сиот“ туку и зборовите „сето“, „сета“ се синоними на зборовите „целиот“, „целото“ и „целата“. Исто како и зборовите „врат“ и „шија“.
„Митра сета се вцрви од срам кога разбра дека ... “ „Македонија за сиот овој период од осамосојувањето не виде чесен политчар!“ (Оно, и пред тоа немаше, ама ... ај!) „Златникот сето свое време го потроши во објаснување дека во македонскиот јазик предметите и поимите немора да имаат само по 1 збор со кој ќе се објаснат (опишат). |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Аха . Јасно
А иста ли е работава со зборовите ’’дека ’’ и ’’каде’’ . И сељачки ли е да се обратиш кон некој со дека ?
|
|||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не е сељачки, ама не е литературно. Тоа е источномакедонски дијалект.
@Златник Немора се пишува одвоено - не мора. Мислам дека форумот е последно место каде треба да тераме литературен јазик. |
|||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А која е работава со зборовите ’’камата’’ и ’’жиранти’’ ? Синоними ли се и камата српски збор ли е ?
Изменето од емил - 20.Септември.2014 во 15:15 |
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да, точно! Јас често пати знам да ја правам оваа грешка. Исто и кај зборовите „не треба“, „не знам“... Ех, каму среќа сите овака да ги прифаќаме и да си признаваме за сопствените грешки!
Зборот „дека“ не знам ( ) каков збор е во граматичка смисла, но се користи во следниов случај: „Точно е што ти одговори LiDivio, дека тоа не е сељачки* збор, туку дека тоа е дијалект од источна Македонија.“
Е со ова не се согласувам. Барем не во целост. Од повеќе причини треба во секоја ситуација да се трудиме да зборуваме литературно. 1. Што би било ако секој од нас, овде на форуимов, почне да си зборува (т.е. пишува) на својот дијалект? Не дека нема да се разбере суштината, но за тоа ќе ни’ треба време, напрегање, нерви и речник. Замисли кумановец, гевгеличанец, стумичанец, тетовец, беровчанец ... си „писнат“ по свое! 2. Со тоа го заштитуваме нашиот јазик, но истовремено и го пренесеме и на следните генерации, за тие правилно да го научат и да го пренесат на тие после нив. 3. Афирмирање на македонскиот јазик кај „немакедонците“ (пр. членови на форуумов како Емил, потоа некои дипломатски или трговски претставници ...) * - Има разлика во значењето на зборовите „сељачки“ и „селски“ т.е. „селанец“ и „сељак“. Селанец е човек што се родил во село, а сељак ... е, тоа е ова: Или ако сакаш споредба: |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Овие зборови се пишуваат слеано - најубаво, најпаметно, најдобро... Не за друго, само го афирмирам македонскиот литературен јазик кај немакедонците. Изменето од LiDivio - 22.Септември.2014 во 14:32 |
|||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Добар си!
Така треба. Во таа моја еуфорија, во тој мој занес на прифаќање на твојата сугестија (дека „Не треба“ не треба да се пишува „Нетреба“, туку „Не треба“ (), си ја „писнав“ и по другите (двосложни!?) зборови. Кога сме кај овие зборови со префикси, често пати се случува при употребата на префиксот „над“ да прочитаме: Надкрили, надпише, надтрча, надцени ... 102,3% сум сигурен (нешто што ми останало во сеќавање од Чколијата) дека овие зборови треба да бидат: Наткрили, натпиша, наттрча, натцени ... Но, никогаш не сфатив кое е правилото некогаш буквата „д“ (од префиксот „над“) да се менува во „т“, а некогаш да не се менува! Примери за неменување на „д“ во „т“: надвисна, надрипа, наддаде, надитри ... Р.Ѕ. Не е лошо, за да се потсетиме на некои работи, малку да прелистаме по чичко Блажета! |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Вака сега, ако си слушнал за ЕДНАЧЕЊЕ ПО ЗВУЧНОСТ, се` ќе ти биде јасно.
Значи, звучната согласка преминува во безвучна кога пред неа има безвучна согласка: надтрча - наттрча, безпарица - беспарица (ако го пишуваш во контекст: „Тој е без пари веќе подолго време“, не се користи едначењето по звучност.) д преминала во т, а з во с. Во случајот „надвисна“ пред д стои звучната согласка в и затоа д-то не се менува. Изменето од LiDivio - 23.Септември.2014 во 15:59 |
|||
Внеси реплика | страница <1 43444546> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |